ТОАРИЛУЦ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toariluc/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 18:13:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ТОАРИЛУЦ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toariluc/ 32 32 Клековски: Со одговорно и домаќинско работење до повеќе здравствени услуги дома, за значајно помали трошоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/klekovski-so-odgovorno-i-domakinsko-rabotene-do-poveke-zdravstveni-uslugi-doma-za-znachajno-pomali-troshotsi/ Mon, 02 Sep 2024 18:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=812462

Обука во ТОАРИЛУЦ за комплексни операции, пишува на својот фејсбук профил Сашо Клековски.

Центарот за спинална хирургија, при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) ја обнови обуката за лекари и среден персонал. Во рамките на таа обука пет врвни светски хирурзи и професори ќе доаѓаат и заедно со македонските доктори ќе вршат комплексни операции на болести на рбетниот столб. Тоа е подржано од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Деновиве Проф. Д-р Уфук Ајдинли, трауматолог/ортопед од Бурса, Турција и Д-р Бобан Јоксимовиќ, неурофизиолог од Белград, Србија, заедно со македонскиот тим ќе извршат пет операции на рбетен столб. Имав можност и лично да им посакам добредојде, заедно со Д-р Игор Мерџаноски, Проф. Д-р Марија Срцева и Игор Николов. Според Д-р Уфук Ајдинли, со 2-3 години континуирана обука во Скопје би можело да се оперираат најголем дел од комплексните операции, со многу ретки исклучоци.

Обуката има двојна вредност, прво се врши едукација на македонски лекари кои во иднина треба самостојно да вршат комплексни операции, второ веднаш се заштедуваат значајни средства бидејќи овие пациенти би биле упатени на лекување во странство. Овие пет операции во странство би чинеле вкупно околу 250.000 евра, а сега ќе се извршат дома во Македонија за мал дел од тој износ. Со одговорно и домаќинско работење до повеќе здравствени услуги дома, за значајно помали трошоци.

The post Клековски: Со одговорно и домаќинско работење до повеќе здравствени услуги дома, за значајно помали трошоци appeared first on Република.

]]>

Едукација за здравствени работници, соработници и помошно-медицински персонал на ТОАРИЛУЦ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/edukatsija-za-zdravstveni-rabotnitsi-sorabotnitsi-i-pomoshno-meditsinski-personal-na-toariluts/ Sun, 01 Sep 2024 16:54:33 +0000 https://republika.mk/?p=812081

Едукации за здравствени работници, соработници и помошно-медицински персонал на ТОАРИЛУЦ беа организирани во насока на континуирана медицинска едукација во рамките на оваа Клиника.

– Наш императив е унапредување на безбедноста на работниците од една страна, како и унапредување на третманот за пациентите од друга страна. За таа цел над 50 здравствени работници и соработници беа дел од оваа едукација, во рамки на дводневна обука. За нас континуираната медицинска едукација и надградба е од витално значење и како ново раководство се обврзуваме дека посебен фокус ќе ставаме токму на едукативниот аспект, а оваа пракса ќе продолжи и во наредниот период – информираат од Клиниката за ТОАРИЛУЦ, појаснувајќи дека по овој принцип силна заложба е кариерниот развој на сите профили на медицински профили во рамки на оваа Клиника.

The post Едукација за здравствени работници, соработници и помошно-медицински персонал на ТОАРИЛУЦ appeared first on Република.

На ТОАРИЛУЦ нема лифтови, се оперира на сопствен ризик, фирма моли за услови за добиена работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-toariluts-nema-liftovi-se-operira-na-sopstven-rizik-firma-moli-za-uslovi-za-dobiena-rabota/ Sat, 25 May 2024 10:03:06 +0000 https://republika.mk/?p=781605

ДУИ и СДС системски го уништуваат здравството до последен ден! Незапаметен хаос владее на клиниката за хирургија, односно Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ, рече на денешната прес-конференција портпарилот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Ќе набројам три акутни состојби:

1. Цела недела 4 лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали!

2. Цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид. Во меѓувреме, со потпис со лична согласност, луѓе се оперираат на сопствен ризик!? Докази за тоа има во самата Клиника, неколку операции се извршени, дури и една врз дете. А, ако е се во ред, зошто тогаш нема план за операции за од понеделник?

3. Делот КАРИЛ од 15-ти март има тендер од 2 милиони евра за санација, ова е првата страница од тендерот, потпишан на 15-ти март. А, се уште еве веќе трет месец не се создадени услови за да се почне со санацијата, се работи за привремена соба која што треба времено да се сместат пациентите! Фирмата моли, со писма, ова е едно од тие писма испратено до министерството за здравство, да им се овозможи услови да почнат да работат!

Стоилковски потенцираше дека писмото е од 14-ти мај, а сè уште нема ништо.

Санацијата инаку би траела 3 месеци, а веќе трет месец не може да се почне да се работи на самата Клиника. Ова ги надминува сите граници, тоне хирургија, пациенти се оперираат на сопствен ризик, фирмата моли за услови за да сработи добиен тендер, а СДС /ДУИ водат инает со здравјето на луѓето. Тоа што СДС и ДУИ одат во опозиција, не значи дека народот треба да умира по болнички ходници! За ова секако ќе има одговорност, но прашањето е на човечност и етика, и како ќе заминат од здравството, рече Стоилковски.

https://youtu.be/BQqOyMP_ivE?si=D25X5u5_bpS59rFT

The post На ТОАРИЛУЦ нема лифтови, се оперира на сопствен ризик, фирма моли за услови за добиена работа appeared first on Република.

]]>

ДУИ и СДС системски го уништуваат здравството до последен ден! Незапаметен хаос владее на клиниката за хирургија, односно Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ, рече на денешната прес-конференција портпарилот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Ќе набројам три акутни состојби: 1. Цела недела 4 лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали! 2. Цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид. Во меѓувреме, со потпис со лична согласност, луѓе се оперираат на сопствен ризик!? Докази за тоа има во самата Клиника, неколку операции се извршени, дури и една врз дете. А, ако е се во ред, зошто тогаш нема план за операции за од понеделник? 3. Делот КАРИЛ од 15-ти март има тендер од 2 милиони евра за санација, ова е првата страница од тендерот, потпишан на 15-ти март. А, се уште еве веќе трет месец не се создадени услови за да се почне со санацијата, се работи за привремена соба која што треба времено да се сместат пациентите! Фирмата моли, со писма, ова е едно од тие писма испратено до министерството за здравство, да им се овозможи услови да почнат да работат!
Стоилковски потенцираше дека писмото е од 14-ти мај, а сè уште нема ништо.
Санацијата инаку би траела 3 месеци, а веќе трет месец не може да се почне да се работи на самата Клиника. Ова ги надминува сите граници, тоне хирургија, пациенти се оперираат на сопствен ризик, фирмата моли за услови за да сработи добиен тендер, а СДС /ДУИ водат инает со здравјето на луѓето. Тоа што СДС и ДУИ одат во опозиција, не значи дека народот треба да умира по болнички ходници! За ова секако ќе има одговорност, но прашањето е на човечност и етика, и како ќе заминат од здравството, рече Стоилковски.
https://youtu.be/BQqOyMP_ivE?si=D25X5u5_bpS59rFT

The post На ТОАРИЛУЦ нема лифтови, се оперира на сопствен ризик, фирма моли за услови за добиена работа appeared first on Република.

]]>
На ТОАРИЛУЦ извршена коплицирана операција на рака кај 44-годишен маж повреден од огнено оружје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-toariluts-izvrshena-koplitsirana-operatsija-na-raka-kaj-44-godishen-mazh-povreden-od-ogneno-oruzhje/ Wed, 18 Oct 2023 19:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=692612

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ минатата недела е изведен комплициран оперативен зафат - реконструкција на горен екстермитет на 44-годишен маж кој бил повреден со огнено оружје. Како што соопшти Клиниката, направена е трансплантација на подлактица со коскено ткиво од донор.

Се работи за склопетарна повреда настаната како последица на истрел од огнено оружје во март 2023 година. Притоа е оштетена една од коските на подлактицата со голем дефект од осум сантиметри. За премостување на дефектот, користена е фибула од починат донор и е фиксирана со плочки и шрафови, објаснува д-р Александар Трајановски, директор на Клиниката за ТОРИЛУЦ и еден од хирурзите кој, заедно со д-р Александар Савески, учествуваше во транспланатацијата.

Клиниката соопшти дека пациентот по операцијата се чувствува добро и го очекува период на рехабилитација и целосно враќање на функцијата на раката.

Ова е трета транспланатција на коскено ткиво од починат донор годинава и 22-ра во последниве три години откако на Клиниката за ортопедија почна да се работи експлантација и трансплнтација на коскени ткива од починат донор, се наведува во соопштението.

The post На ТОАРИЛУЦ извршена коплицирана операција на рака кај 44-годишен маж повреден од огнено оружје appeared first on Република.

Во клиниката ТОУРАЛЕЦ првпат изведена операција на колено со помош на робот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-klinikata-touralets-prvpat-izvedena-operatsija-na-koleno-so-pomosh-na-robot/ Thu, 01 Jun 2023 11:47:31 +0000 https://republika.mk/?p=646815

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) првпат во јавното здравство во земјава, со асистенција на робот успешно е изведена операција на колено.

Станува збор за интервенција врз 70-годишна жена изведена од страна на хирурзи од ТОАРИЛУЦ и хирурзи од клиника во Лариса во Грција, со асистенција на позајмен робот.

Директорот на ТОАРИУЛЦ, д-р Александар Трајановски информира дека операцијата траела околу еден час.

Со огромно задоволство можам да кажам дека испишуваме историја на Клиниката за ортопедски болести. Направена е прва операција со асистенција на робот, што не е мала работа за мала држава како што е нашата, да сме рамо до рамо со сите светски клиники и сите европски и светски стандарди, изјави директорот на клиниката.

Тој нагласи дека на клиниката и понатаму ќе продолжи имплантирањето на тотални протези со оваа нова процедура која овозможува преку асистенција на робот да се минимализира каква било можност за компликација.

Хирургот досега се правеше сам. Сега роботот е асистенција на хирургот, но пак носечки дел е хирургот. Од големо значење е затоа што ги следиме сите светски стандарди и придонесува процентот за грешка да е многу помал, истакна Трајановски.

Тој додаде дека Клиниката има одлична соработка со Клиничката болница во Лариса и изрази благодарност за поддршката од Министерството за здравство, кое, како што рече, создава услови експерти од странство да доаѓаат и да вршат обуки.

Министерот за здравство Фатмир Меџити посочи дека Министерството во иднина ќе се залага за набавување на ваков робот, но дека сепак треба да се земе предвид и буџетот.

Како министер сакам да ја истакнам мојата заложба за што побрзо приближување на реформската агенда, а во исто време барајќи можности за иницирање на промени кои ќе имаат непосредно влијание врз пациентите, нивните семејства и здравствените работници, посочи министерот.

Докторите од Грција оценија дека роботиката е иднината и дека ова е голем чекор за нашата држава.

Во однос на чекањето на термини за интервенции, директорот на Клиниката за ортопедски болести рече дека има голем број на пациенти кои чекаат замена на вештачко колено и колк, но дека се трудат максимално да одговорат на нивните барања, колку што дозволуваат условите.

Наоѓаме простор колку што ни дозволуваат условите, реално имаме три операциони сали, Понекогаш остануваме да работиме и втора смена, со цел да се намали листата на чекање, листата е голема. Но, сепак еве и со консултации и договор со Министерството за здравство ќе најдеме решение за таа листа побрзо да се намалува. Мислам дека нема пациент кој чека повеќе од три до четири месеци, значи не е тоа итна патологија за да мора денес одма да се изведе операција, рече Трајановски.

Одговарајќи на новинарско прашање за нефункционирањето на лифтови на некои клиники, министерот Меџити рече дека ќе иницира да нема заедничка служба која ќе ги одржува лифтовите.

Има тековни законски процедури кои мора да се почитуваат, но ќе се разрешат, потенцира министерот.

Меџити додаде и дека имало недоразбирање во јавноста за наводно враќање на работа на пензионираните специјалисти и професори, појаснувајќи дека станува збор за задржување на работа на оние лекари на кои законски може да им се одложи пензионирањето, односно за оние од 64 до 67-годишна возраст.

Нема да одат сите во пакет, туку само оние за кои навистина мислиме дека ќе има потреба да дадат придонес со нивното долгогодишно искуство, појасни Меџити.

The post Во клиниката ТОУРАЛЕЦ првпат изведена операција на колено со помош на робот appeared first on Република.

]]>

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) првпат во јавното здравство во земјава, со асистенција на робот успешно е изведена операција на колено. Станува збор за интервенција врз 70-годишна жена изведена од страна на хирурзи од ТОАРИЛУЦ и хирурзи од клиника во Лариса во Грција, со асистенција на позајмен робот. Директорот на ТОАРИУЛЦ, д-р Александар Трајановски информира дека операцијата траела околу еден час.
Со огромно задоволство можам да кажам дека испишуваме историја на Клиниката за ортопедски болести. Направена е прва операција со асистенција на робот, што не е мала работа за мала држава како што е нашата, да сме рамо до рамо со сите светски клиники и сите европски и светски стандарди, изјави директорот на клиниката.
Тој нагласи дека на клиниката и понатаму ќе продолжи имплантирањето на тотални протези со оваа нова процедура која овозможува преку асистенција на робот да се минимализира каква било можност за компликација.
Хирургот досега се правеше сам. Сега роботот е асистенција на хирургот, но пак носечки дел е хирургот. Од големо значење е затоа што ги следиме сите светски стандарди и придонесува процентот за грешка да е многу помал, истакна Трајановски.
Тој додаде дека Клиниката има одлична соработка со Клиничката болница во Лариса и изрази благодарност за поддршката од Министерството за здравство, кое, како што рече, создава услови експерти од странство да доаѓаат и да вршат обуки. Министерот за здравство Фатмир Меџити посочи дека Министерството во иднина ќе се залага за набавување на ваков робот, но дека сепак треба да се земе предвид и буџетот.
Како министер сакам да ја истакнам мојата заложба за што побрзо приближување на реформската агенда, а во исто време барајќи можности за иницирање на промени кои ќе имаат непосредно влијание врз пациентите, нивните семејства и здравствените работници, посочи министерот.
Докторите од Грција оценија дека роботиката е иднината и дека ова е голем чекор за нашата држава. Во однос на чекањето на термини за интервенции, директорот на Клиниката за ортопедски болести рече дека има голем број на пациенти кои чекаат замена на вештачко колено и колк, но дека се трудат максимално да одговорат на нивните барања, колку што дозволуваат условите.
Наоѓаме простор колку што ни дозволуваат условите, реално имаме три операциони сали, Понекогаш остануваме да работиме и втора смена, со цел да се намали листата на чекање, листата е голема. Но, сепак еве и со консултации и договор со Министерството за здравство ќе најдеме решение за таа листа побрзо да се намалува. Мислам дека нема пациент кој чека повеќе од три до четири месеци, значи не е тоа итна патологија за да мора денес одма да се изведе операција, рече Трајановски.
Одговарајќи на новинарско прашање за нефункционирањето на лифтови на некои клиники, министерот Меџити рече дека ќе иницира да нема заедничка служба која ќе ги одржува лифтовите.
Има тековни законски процедури кои мора да се почитуваат, но ќе се разрешат, потенцира министерот.
Меџити додаде и дека имало недоразбирање во јавноста за наводно враќање на работа на пензионираните специјалисти и професори, појаснувајќи дека станува збор за задржување на работа на оние лекари на кои законски може да им се одложи пензионирањето, односно за оние од 64 до 67-годишна возраст. Нема да одат сите во пакет, туку само оние за кои навистина мислиме дека ќе има потреба да дадат придонес со нивното долгогодишно искуство, појасни Меџити.