тоалети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toaleti/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Sep 2023 09:57:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тоалети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toaleti/ 32 32 Во 40 училишта подобрени се тоалетите и пристапноста за учениците со попреченост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-40-uchilishta-podobreni-se-toaletite-i-pristapnosta-za-uchenitsite-so-poprechenost/ Mon, 18 Sep 2023 09:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=682826

Завршија градежните активности во 40 училишта каде во текот на летниот период се работеше на подобрување на санитетско – хигиенските услови и на пристапноста за учениците и лицата со попреченост. Во најголем дел од објектите кои беа опфатени, се изградија пристапни рампи и се адаптираа тоалети за ученици со посебни потреби. Некаде пак, се реконструираа постојните тоалети, подовите и воопшто внатрешноста на објектите, вклучително и училниците, соопштија од МОН.

Овие училишта се дел од поширок план за унапредување на условите за следење на наставата и за подобрување на пристапноста во вкупно 118 училишни објекти, за што обезбеден е буџет во рамки на проектот за унапредување на основното образование, кој се финансира со средства од Светска банка.

Активностите до целосна реализација на инвестицискиот план ќе продолжат следната календарска година, со рамномерен опфат на училишта од сите општини во државата.

Подобрувањето на инфраструктурните услови, заедно со замената на наставните програми и набавката на нови учебници, како и подигнувањето на мотивацијата на наставнциите за работа преку повисоки лични примања и можности за професионален и кариерен развој се дел од поголема стратегија на МОН за унапредување на квалитетот на основното и средното образование, усвоена преку широка јавна дебата и со согласност од сите засегнати чинители.

 

The post Во 40 училишта подобрени се тоалетите и пристапноста за учениците со попреченост appeared first on Република.

]]>

Завршија градежните активности во 40 училишта каде во текот на летниот период се работеше на подобрување на санитетско – хигиенските услови и на пристапноста за учениците и лицата со попреченост. Во најголем дел од објектите кои беа опфатени, се изградија пристапни рампи и се адаптираа тоалети за ученици со посебни потреби. Некаде пак, се реконструираа постојните тоалети, подовите и воопшто внатрешноста на објектите, вклучително и училниците, соопштија од МОН. Овие училишта се дел од поширок план за унапредување на условите за следење на наставата и за подобрување на пристапноста во вкупно 118 училишни објекти, за што обезбеден е буџет во рамки на проектот за унапредување на основното образование, кој се финансира со средства од Светска банка. Активностите до целосна реализација на инвестицискиот план ќе продолжат следната календарска година, со рамномерен опфат на училишта од сите општини во државата. Подобрувањето на инфраструктурните услови, заедно со замената на наставните програми и набавката на нови учебници, како и подигнувањето на мотивацијата на наставнциите за работа преку повисоки лични примања и можности за професионален и кариерен развој се дел од поголема стратегија на МОН за унапредување на квалитетот на основното и средното образование, усвоена преку широка јавна дебата и со согласност од сите засегнати чинители.  

The post Во 40 училишта подобрени се тоалетите и пристапноста за учениците со попреченост appeared first on Република.

]]>
„Не знаете колку нечовечно беше“: Лавров го навлече бесот на интернетот поради родово-неутралните ВЦ-а https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ne-znaete-kolku-nechovechno-beshe-lavrov-go-navleche-besot-na-internetot-poradi-rodovo-neutralnite-vc-a/ Wed, 07 Dec 2022 18:57:58 +0000 https://republika.mk/?p=583107

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, каде денеска се споделува видео oд неговата шокираност за родово-неутралните тоалети.

Лавров на денешната дипломатска средба во Москва раскажа за своето искуство од состанокот на ОБСЕ минатата година во Шведска.

Рускиот министер пред почетокот на средбата прашал за тоалетот, а бил шокиран кога му била покажана врата на која пишувало „тоалет“, но без знак за машки или женски дел.

Кога Лавров прашал дали тоалетот е машки или женски, му рекле дека е заеднички

Не можев да верувам, но така се случи. Немате поим колку е тоа нечовечки, навистина нехумано, заклучи Лавров.

The post „Не знаете колку нечовечно беше“: Лавров го навлече бесот на интернетот поради родово-неутралните ВЦ-а appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, каде денеска се споделува видео oд неговата шокираност за родово-неутралните тоалети. Лавров на денешната дипломатска средба во Москва раскажа за своето искуство од состанокот на ОБСЕ минатата година во Шведска. Рускиот министер пред почетокот на средбата прашал за тоалетот, а бил шокиран кога му била покажана врата на која пишувало „тоалет“, но без знак за машки или женски дел. Кога Лавров прашал дали тоалетот е машки или женски, му рекле дека е заеднички
Не можев да верувам, но така се случи. Немате поим колку е тоа нечовечки, навистина нехумано, заклучи Лавров.

The post „Не знаете колку нечовечно беше“: Лавров го навлече бесот на интернетот поради родово-неутралните ВЦ-а appeared first on Република.

]]>