Тиват Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tivat/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 08:53:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тиват Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tivat/ 32 32 Драмски театар од Тиват се врати со колективната награда „Актерска бравура“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-od-tivat-se-vrati-so-kolektivnata-nagrada-akterska-bravura/ Mon, 02 Sep 2024 08:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=812183

Претставата „Мојот маж” на Драмскиот театар од Скопје, работена по раскази на Румена Бужаровска, а драматизација Викторија Рангелова-Петровска, а во режија на Нела Витошевиќ, ја доби наградата за „Актерска бравура” на овогодинашниот театарски фестивал „Пургаторије 2024” кој се одржува во Тиват, Црна Гора.

Натпреварувачкиот дел на 19-тото издание на Медитеранскиот театарски фестивал, според изборот на селекторот и режисер Борис Лијешевиќ, го сочинуваат десетте најдобри театарски продукции од регионот.

Во соопштението на жири комисијата на фестивалот стои:

Наградата за актерска бравура едногласно се доделува на колективот на претставата „Мојот маж„ Драмски театар од Скопје, Македонија.

Дека актерската уметност сепак има свој автентичен простор во однос на режисерско-драматуршкиот концепт е неспорна работа, но дека актерската подела во едно претстава функционира како еден организам, еден комплексен ум, една добро организирана машинерија, која умее во целина темелно да ја разбере и преболи современата сурова стварност, меѓучовечката бездна што се отвора меѓу најблиските, е врвно мајсторство што се гледа сѐ помалку и помалку во театарот денес. Актерите во оваа претстава се сами по себе доволна критична маса за одличен театар, свесно поврзани со сопственота психолошка слоевитост, наелектризирани од личните неволји, подготвени да се поништат и повторно да се преродат одвнатре, откривајќи му ја на гледачот старо-новата терапевтска вистина за човечката совест.

Претставата „Мојот маж” е драматуршки колаж од расказите на нашата реномирана писателка Румена Бужаровска и авторски монолози на членовите во екипата. Во претставата играат: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Сања Арсовска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева Велиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ.

Претставата досега оствари четири гостувања во рамки на меѓународната фестивалска мрежа “Рута” во Словенија, Србија, Црна Гора и Хрватска каде беше испратена со стоечки овации и аплаузи.

Ова е прв натпреварувачки меѓународен фестивал за претставата и прва меѓународна награда. „Мојот маж” на Драмски театар освои и 4 награди на Македонскиот театарски фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп.

The post Драмски театар од Тиват се врати со колективната награда „Актерска бравура“ appeared first on Република.

]]>

Претставата „Мојот маж” на Драмскиот театар од Скопје, работена по раскази на Румена Бужаровска, а драматизација Викторија Рангелова-Петровска, а во режија на Нела Витошевиќ, ја доби наградата за „Актерска бравура” на овогодинашниот театарски фестивал „Пургаторије 2024” кој се одржува во Тиват, Црна Гора. Натпреварувачкиот дел на 19-тото издание на Медитеранскиот театарски фестивал, според изборот на селекторот и режисер Борис Лијешевиќ, го сочинуваат десетте најдобри театарски продукции од регионот. Во соопштението на жири комисијата на фестивалот стои: Наградата за актерска бравура едногласно се доделува на колективот на претставата „Мојот маж„ Драмски театар од Скопје, Македонија.
Дека актерската уметност сепак има свој автентичен простор во однос на режисерско-драматуршкиот концепт е неспорна работа, но дека актерската подела во едно претстава функционира како еден организам, еден комплексен ум, една добро организирана машинерија, која умее во целина темелно да ја разбере и преболи современата сурова стварност, меѓучовечката бездна што се отвора меѓу најблиските, е врвно мајсторство што се гледа сѐ помалку и помалку во театарот денес. Актерите во оваа претстава се сами по себе доволна критична маса за одличен театар, свесно поврзани со сопственота психолошка слоевитост, наелектризирани од личните неволји, подготвени да се поништат и повторно да се преродат одвнатре, откривајќи му ја на гледачот старо-новата терапевтска вистина за човечката совест.
Претставата „Мојот маж” е драматуршки колаж од расказите на нашата реномирана писателка Румена Бужаровска и авторски монолози на членовите во екипата. Во претставата играат: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Сања Арсовска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева Велиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ. Претставата досега оствари четири гостувања во рамки на меѓународната фестивалска мрежа “Рута” во Словенија, Србија, Црна Гора и Хрватска каде беше испратена со стоечки овации и аплаузи. Ова е прв натпреварувачки меѓународен фестивал за претставата и прва меѓународна награда. „Мојот маж” на Драмски театар освои и 4 награди на Македонскиот театарски фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп.

The post Драмски театар од Тиват се врати со колективната награда „Актерска бравура“ appeared first on Република.

]]>
Македонската пејачка Ана Петановска ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/makedonskata-pejachka-ana-petanovska-ke-nastapi-na-festivalot-biser-na-jadranot-2024-vo-tivat/ Sat, 29 Jun 2024 09:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=791769

Македонската пејачка Ана Петановска, денеска ќе настапи на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват.

Помеѓу 25 изведувачи од целиот регион кои се во натпреварувачкиот дел на фестивалот, Петановска ќе настапи со песната насловена „Љубовта секогаш победува“.

Музиката е на Григор Копров, текстот на Душан Бачиќ, додека, за аранжманот се погрижил Стефан Петановски.

По настапот на „Бисер на Јадранот“ следува концерт во чест на композиторот Григор Копров со кој Ана Петановска активно соработува.

Концертот насловен „Најдоброто од Копров“ ќе се одржи на 4 јули во Националната опера и балет и е заокружување на богатото музичко творештво на Копров. Ќе настапат Ана Петановска, Наде Талевска, Горан Наумовски и Владо Јаневски.

Публиката ќе има можност да ги чуе добро познатите рефрени на Лиду ду, Остани во мене, Чаирска романтика, Анушка, Не допирај ме, Усни на усни, Немир и многу други песни кои оставиле траг во македонската музичка историја.

На самиот концерт ќе се одржи и промоција на видео записот за песната „Балада за анѓела“ („Балада за ангелот“) од Григор Копров изведена на „Београдско пролеќе“ 2024 во интерпретација на Ана Петановска.

The post Македонската пејачка Ана Петановска ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват appeared first on Република.

]]>

Македонската пејачка Ана Петановска, денеска ќе настапи на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват. Помеѓу 25 изведувачи од целиот регион кои се во натпреварувачкиот дел на фестивалот, Петановска ќе настапи со песната насловена „Љубовта секогаш победува“. Музиката е на Григор Копров, текстот на Душан Бачиќ, додека, за аранжманот се погрижил Стефан Петановски. По настапот на „Бисер на Јадранот“ следува концерт во чест на композиторот Григор Копров со кој Ана Петановска активно соработува. Концертот насловен „Најдоброто од Копров“ ќе се одржи на 4 јули во Националната опера и балет и е заокружување на богатото музичко творештво на Копров. Ќе настапат Ана Петановска, Наде Талевска, Горан Наумовски и Владо Јаневски. Публиката ќе има можност да ги чуе добро познатите рефрени на Лиду ду, Остани во мене, Чаирска романтика, Анушка, Не допирај ме, Усни на усни, Немир и многу други песни кои оставиле траг во македонската музичка историја. На самиот концерт ќе се одржи и промоција на видео записот за песната „Балада за анѓела“ („Балада за ангелот“) од Григор Копров изведена на „Београдско пролеќе“ 2024 во интерпретација на Ана Петановска.

The post Македонската пејачка Ана Петановска ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват appeared first on Република.

]]>
Елена Ристеска, Мартинијан Кириловски, Ана Петан, учесници од Македонија на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот“ во Тиват https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/elena-risteska-martinijan-kirilovski-ana-petan-uchesnitsi-od-makedonija-na-regionalniot-muzichki-festival-biser-na-jadranot-vo-tivat/ Tue, 28 May 2024 12:23:57 +0000 https://republika.mk/?p=782382

Објавени се имињата на финалистите на првиот фестивал на РМФ „Бисер на Јадранот“.

Од Македонија учествуваат Мартинијан Кириловски и Ана Петан. Меѓу авторите се Елена Ристеска, Ненад Тодоровски (за песната на Мартинијан Кириловски – Змеј), Григор Копров и Стефан Петановски (за песната на Ана Петан „Љубовта секогаш победува“).

Изборната комисија на фестивалот ја сочинуваат: Слободан Бучевац (директор на фестивалот „Сунчане скале“), Григор Копров (директор на Охридскиот фестивал), Ивица Михаљевиќ (директор на фестивалот „Златна палма“ – Дубровник), Фахрудин Пецикоза (познат босански текстописец, автор на хитови напишани за Хари Мата Хари, Борис Новковиќ, Сања Долежал и други), Александар Филиповиќ (новинар и автор на емисијата „Таблоид“, член на бројни изборни комисии на музички фестивали во регионот и член на стручни жирија), Бранка Калуѓеровиќ (генерален менаџер на фестивалот) и Звонимир Недељковиќ ( ПР на фестивалот), одбрани 25 композиции за финалната вечер на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот“:

Makadam – Palo je sidro u more / CG
Danijel Popović i Džuli (Julija) Popović – Utopija / CG
Mićo Vujović – Gordana / CG
Bane Nedović – Srce razum ne pita / CG
Katarina Bogićević – Kejt / Azurna noć / CG
Stevan Faddy – Dobri ljudi / CG
Jelena Zvicer – Udahni, zažmiri / CG
Jelena Božović – Noć bez sna / CG
Doris Deković – Da volim te / CG
Danijel Milić – Ne lomi mi krila / CG
Filip Sjekloća – Sujeverje / CG
Vanja Radovanović – Zrela smokva / CG
Milorad Mijušković – Studentsko veče / CG
Princ – Čardak / SRB
Petar Wagner – Fantom /Da ljubim te / SRB
Jelena Vukojević – Bivši / SRB
Saša Lazarević – Kudra / Sve po starom / SRB
Ana Stanojević – Ološ / SRB
Igor Cukrov – Ono nešto to si ti / HR
Lorenca Lola Puhar / Gotova je naša priča / HR
Karlo i Mandolinski Orkestar Okruk / Boli me / HR
Ana Petan – Ljubav uvijek pobijedi/ MK
Martinijan Kirilovski / Zmaj / MK
Neno Murić – Ko sam ja / BiH
Euforija / Kako si mogla / BiH

Меѓу натпреварувачите и авторите има учесници и автори на Евровизија од земјите од регионот (Стеван Фади, Елена Ристеска, Данијел Поповиќ, Миа Димшиќ, Данијел Алибабиќ, Игор Цукров, Вања Радовановиќ), како и познати автори (Нено Нинчевиќ, Бојан Маровиќ, Ален Исламовиќ, Марко Прентиќ, Кики Рахимовски, Алек Алексов и други).

Директорот на фестивалот Бојан Делиќ во изјава за медиумите рече:

Многу сум среќен и горд што ги избравме финалистите како целиот фестивалски тим, што воопшто не беше лесно. Жал ми е што голем број колеги не успеаја да се пласираат во финалето, но жирито за избор беше тоа што ги избра песните и чии гласови ги избраа финалистите. Сè помина без проблеми и сега можеме да се свртиме кон понатамошна организација. Ви благодариме на сите, добивме пораки за поддршка и од оние кои не поминаа оваа година. Се надевам дека ќе ги видиме следната година во натпреварувачката програма на фестивалот. Среќно на сите и се гледаме во Тиват.

Фестивалот ќе се одржи на 29 јуни на брегот PINE од 21 часот.

 

The post Елена Ристеска, Мартинијан Кириловски, Ана Петан, учесници од Македонија на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот“ во Тиват appeared first on Република.

]]>

Објавени се имињата на финалистите на првиот фестивал на РМФ „Бисер на Јадранот“. Од Македонија учествуваат Мартинијан Кириловски и Ана Петан. Меѓу авторите се Елена Ристеска, Ненад Тодоровски (за песната на Мартинијан Кириловски – Змеј), Григор Копров и Стефан Петановски (за песната на Ана Петан „Љубовта секогаш победува“). Изборната комисија на фестивалот ја сочинуваат: Слободан Бучевац (директор на фестивалот „Сунчане скале“), Григор Копров (директор на Охридскиот фестивал), Ивица Михаљевиќ (директор на фестивалот „Златна палма“ – Дубровник), Фахрудин Пецикоза (познат босански текстописец, автор на хитови напишани за Хари Мата Хари, Борис Новковиќ, Сања Долежал и други), Александар Филиповиќ (новинар и автор на емисијата „Таблоид“, член на бројни изборни комисии на музички фестивали во регионот и член на стручни жирија), Бранка Калуѓеровиќ (генерален менаџер на фестивалот) и Звонимир Недељковиќ ( ПР на фестивалот), одбрани 25 композиции за финалната вечер на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот“: Makadam – Palo je sidro u more / CG Danijel Popović i Džuli (Julija) Popović – Utopija / CG Mićo Vujović – Gordana / CG Bane Nedović – Srce razum ne pita / CG Katarina Bogićević – Kejt / Azurna noć / CG Stevan Faddy – Dobri ljudi / CG Jelena Zvicer – Udahni, zažmiri / CG Jelena Božović – Noć bez sna / CG Doris Deković – Da volim te / CG Danijel Milić – Ne lomi mi krila / CG Filip Sjekloća – Sujeverje / CG Vanja Radovanović – Zrela smokva / CG Milorad Mijušković – Studentsko veče / CG Princ – Čardak / SRB Petar Wagner – Fantom /Da ljubim te / SRB Jelena Vukojević – Bivši / SRB Saša Lazarević – Kudra / Sve po starom / SRB Ana Stanojević – Ološ / SRB Igor Cukrov – Ono nešto to si ti / HR Lorenca Lola Puhar / Gotova je naša priča / HR Karlo i Mandolinski Orkestar Okruk / Boli me / HR Ana Petan – Ljubav uvijek pobijedi/ MK Martinijan Kirilovski / Zmaj / MK Neno Murić – Ko sam ja / BiH Euforija / Kako si mogla / BiH Меѓу натпреварувачите и авторите има учесници и автори на Евровизија од земјите од регионот (Стеван Фади, Елена Ристеска, Данијел Поповиќ, Миа Димшиќ, Данијел Алибабиќ, Игор Цукров, Вања Радовановиќ), како и познати автори (Нено Нинчевиќ, Бојан Маровиќ, Ален Исламовиќ, Марко Прентиќ, Кики Рахимовски, Алек Алексов и други). Директорот на фестивалот Бојан Делиќ во изјава за медиумите рече:
Многу сум среќен и горд што ги избравме финалистите како целиот фестивалски тим, што воопшто не беше лесно. Жал ми е што голем број колеги не успеаја да се пласираат во финалето, но жирито за избор беше тоа што ги избра песните и чии гласови ги избраа финалистите. Сè помина без проблеми и сега можеме да се свртиме кон понатамошна организација. Ви благодариме на сите, добивме пораки за поддршка и од оние кои не поминаа оваа година. Се надевам дека ќе ги видиме следната година во натпреварувачката програма на фестивалот. Среќно на сите и се гледаме во Тиват.
Фестивалот ќе се одржи на 29 јуни на брегот PINE од 21 часот.  

The post Елена Ристеска, Мартинијан Кириловски, Ана Петан, учесници од Македонија на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот“ во Тиват appeared first on Република.

]]>
Уапсени странци во Тиват, снимале порнофилмови во луксузниот комплекс Порто Монтенегро https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapseni-strantsi-vo-tivat-snimale-pornofilmovi-vo-luksuzniot-kompleks-porto-montenegro/ Tue, 07 Nov 2023 10:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=699102

Црногорската полиција уапси неколку странски државјани во луксузниот комплекс Порто Монтенегро во Тиват под сомнение дека учествувале во трговија со луѓе, се со цел создавање и маркетинг на порнографска содржина.

Како што јавува црногорска Побједа, уапсени се О.Б.(34), државјанин на Украина, Б. трговија со В.Г.(43), државјанин на Соединетите Американски Држави, кој претходно бил лишен од слобода, а на штета на 21-годишна жена, што го потврдила и црногорската полиција.

Станува збор за полициска акција каде полициската управа извршила претрес во седум соби од хотел во Тиват при што биле пронајдени 18 странски државјани на Украина, Белорусија, Русија и Израел, како и 10 странски државјани на Соединетите Американски Држави, Украина, Русија, Белорусија и Грција, каде меѓу другото се пронајдени и одземени пари од различни валути, телефони, лаптопи, камери, фотоапарати и други предмети, а во таа прилика е уапсен В.Г..

„Во понатамошната кривична истрага идентификувани се и горенаведените лица кои учествувале во извршувањето на кривичното дело, кои се сомничат дека креирале порнографска содржина во периодот од 26 до 31 октомври со доведување во заблуда и злоупотреба на довербата на оштетените девојки О.Б., Б.П. и О.Л., се сомнева дека по барање на В.Г., чекирале авионски билети за оштетената девојка, а за други девојки биле задолжени за нивниот превоз од аеродром до местото на живеење, набавка на потребни работи, како и создавање порнографска содржина – фотографирање и снимање“, се вели во соопштението на полицијата.

Осомничените се изведени пред државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица.

Во оваа прилика се огласи и министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Сарановиќ, кој рече дека овие апсења се само една во низата победи во безмилосната и трајна борба против криминалот, кој се обидува да ги поткопа темелите на општествениот поредок во Црна Гора.

 

The post Уапсени странци во Тиват, снимале порнофилмови во луксузниот комплекс Порто Монтенегро appeared first on Република.

]]>

Црногорската полиција уапси неколку странски државјани во луксузниот комплекс Порто Монтенегро во Тиват под сомнение дека учествувале во трговија со луѓе, се со цел создавање и маркетинг на порнографска содржина. Како што јавува црногорска Побједа, уапсени се О.Б.(34), државјанин на Украина, Б. трговија со В.Г.(43), државјанин на Соединетите Американски Држави, кој претходно бил лишен од слобода, а на штета на 21-годишна жена, што го потврдила и црногорската полиција. Станува збор за полициска акција каде полициската управа извршила претрес во седум соби од хотел во Тиват при што биле пронајдени 18 странски државјани на Украина, Белорусија, Русија и Израел, како и 10 странски државјани на Соединетите Американски Држави, Украина, Русија, Белорусија и Грција, каде меѓу другото се пронајдени и одземени пари од различни валути, телефони, лаптопи, камери, фотоапарати и други предмети, а во таа прилика е уапсен В.Г.. „Во понатамошната кривична истрага идентификувани се и горенаведените лица кои учествувале во извршувањето на кривичното дело, кои се сомничат дека креирале порнографска содржина во периодот од 26 до 31 октомври со доведување во заблуда и злоупотреба на довербата на оштетените девојки О.Б., Б.П. и О.Л., се сомнева дека по барање на В.Г., чекирале авионски билети за оштетената девојка, а за други девојки биле задолжени за нивниот превоз од аеродром до местото на живеење, набавка на потребни работи, како и создавање порнографска содржина – фотографирање и снимање“, се вели во соопштението на полицијата. Осомничените се изведени пред државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица. Во оваа прилика се огласи и министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Сарановиќ, кој рече дека овие апсења се само една во низата победи во безмилосната и трајна борба против криминалот, кој се обидува да ги поткопа темелите на општествениот поредок во Црна Гора.  

The post Уапсени странци во Тиват, снимале порнофилмови во луксузниот комплекс Порто Монтенегро appeared first on Република.

]]>
„Народен непријател“ на МНТ вечерва гостува на Фестивал во Будва https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-neprijatel-na-mnt-vecherva-gostuva-na-festival-vo-budva/ Sun, 16 Jul 2023 06:43:34 +0000 https://republika.mk/?p=661823

Претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, на Македонскиот народен театар гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора. „Народен непријател„ ќе биде изведена вечерва во 21 часот во рамките на 37. издание на фестивалот „Град театар“ во Будва.

Второто гостување е задутре, во 21.30 часот на 18. Меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ во Тиват. Покрај нашата претстава, во натпреварувачката програма се уште 8 претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

Во „Народен непријател“ играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

 

The post „Народен непријател“ на МНТ вечерва гостува на Фестивал во Будва appeared first on Република.

]]>

Претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, на Македонскиот народен театар гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора. „Народен непријател„ ќе биде изведена вечерва во 21 часот во рамките на 37. издание на фестивалот „Град театар“ во Будва. Второто гостување е задутре, во 21.30 часот на 18. Меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ во Тиват. Покрај нашата претстава, во натпреварувачката програма се уште 8 претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит. Во „Народен непријател“ играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.  

The post „Народен непријател“ на МНТ вечерва гостува на Фестивал во Будва appeared first on Република.

]]>
Српски авион принудно слета во Црна Гора, патниците во паника https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpski-avion-prinudno-sleta-vo-crna-gora-patnicite-vo-panika/ Tue, 16 Aug 2022 18:20:11 +0000 https://republika.mk/?p=541068

Авионот на Ер Србија, Ербас 319 на релација Тиват-Белград, денеска се вратил на аеродромот во Тиват од кој полетал поради технички причини и мерки на претпазливост, потврдија за Танјуг од компанијата.

Како што наведуваат во соопштението од компанијата Ер Србија, безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена и во моментов се прави се за што поскоро обновување на летот.

„Ер Србија жали за непријатностите и прави се што е во нејзина моќ за да обезбеди летот да продолжи што е можно поскоро.За повеќе информации, се молат патниците да се јават во Контакт центарот на Ер Србија на 0800 111 528 од Србија, на +381 11 311 21 23 од странство, за да ја посетат нашата веб-страница airserbia.com или нашите страници на социјалните мрежи“, се наведува во најава.

Патниците велат дека летот доцнел 45 минути и дека 5 минути по полетувањето се слушнал силен удар под авионот. „Наликуваше на удар од гром. Околу половина час кружевме над Которскиот залив, а луѓето на копно видоа голем чад од авионот“, рекол еден патник.

The post Српски авион принудно слета во Црна Гора, патниците во паника appeared first on Република.

]]>

Авионот на Ер Србија, Ербас 319 на релација Тиват-Белград, денеска се вратил на аеродромот во Тиват од кој полетал поради технички причини и мерки на претпазливост, потврдија за Танјуг од компанијата. Како што наведуваат во соопштението од компанијата Ер Србија, безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена и во моментов се прави се за што поскоро обновување на летот. „Ер Србија жали за непријатностите и прави се што е во нејзина моќ за да обезбеди летот да продолжи што е можно поскоро.За повеќе информации, се молат патниците да се јават во Контакт центарот на Ер Србија на 0800 111 528 од Србија, на +381 11 311 21 23 од странство, за да ја посетат нашата веб-страница airserbia.com или нашите страници на социјалните мрежи“, се наведува во најава. Патниците велат дека летот доцнел 45 минути и дека 5 минути по полетувањето се слушнал силен удар под авионот. „Наликуваше на удар од гром. Околу половина час кружевме над Которскиот залив, а луѓето на копно видоа голем чад од авионот“, рекол еден патник.

The post Српски авион принудно слета во Црна Гора, патниците во паника appeared first on Република.

]]>
Абрамовиќ си ја спасува суперјахтата со тоа што ја испрати во Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/abramovikj-si-ja-spasuva-superjahtata-so-toa-shto-ja-isprati-vo-crna-gora/ Sat, 12 Mar 2022 22:13:55 +0000 https://republika.mk/?p=471924

Суперјахтата „Соларис“, во сопственост на рускиот олигарх, Роман Абрамовиќ, впловила во црногорското пристаниште Тиват.

Бродод долг 140 метри со преку 11.000 бруто тони, проценет на 600 милиони долари, се усидрил во Тиватскиот Залив, во близина на марината Порто Монтенегро, објави британски „Мирор“, од каде додаваат дека се чини дека на овој начин, богатиотРусин се обидува да го спаси својот имот од санкциите на ЕУ и Велика Британија.

„Соларис“ пристигнал во Тиват од Барселона, од каде што испловил на 8 март, по кратка поправка. „Мирор“ пишува дека Абрамовиќ го направил тоа за да избегне бродот да остане во Западна Европа.

Ширум Европа, деновиве се води невообичаена „игра“ на потрага и скривање меѓу властите на државите кои се придружија на санциите против Русија и руските олигарси на кои им се заканува заплена на имотот, првенствено луксузните и многу скапи суперјахти.

The post Абрамовиќ си ја спасува суперјахтата со тоа што ја испрати во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Суперјахтата „Соларис“, во сопственост на рускиот олигарх, Роман Абрамовиќ, впловила во црногорското пристаниште Тиват. Бродод долг 140 метри со преку 11.000 бруто тони, проценет на 600 милиони долари, се усидрил во Тиватскиот Залив, во близина на марината Порто Монтенегро, објави британски „Мирор“, од каде додаваат дека се чини дека на овој начин, богатиотРусин се обидува да го спаси својот имот од санкциите на ЕУ и Велика Британија. „Соларис“ пристигнал во Тиват од Барселона, од каде што испловил на 8 март, по кратка поправка. „Мирор“ пишува дека Абрамовиќ го направил тоа за да избегне бродот да остане во Западна Европа. Ширум Европа, деновиве се води невообичаена „игра“ на потрага и скривање меѓу властите на државите кои се придружија на санциите против Русија и руските олигарси на кои им се заканува заплена на имотот, првенствено луксузните и многу скапи суперјахти.

The post Абрамовиќ си ја спасува суперјахтата со тоа што ја испрати во Црна Гора appeared first on Република.

]]>