Титов Врв Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/titov-vrv/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 13:47:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Титов Врв Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/titov-vrv/ 32 32 Стотина жени се искачија на Титов Врв, настан за подигање на свесноста за ракот на дојка https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/stotina-zheni-se-iskachija-na-titov-vrv-nastan-za-podigane-na-svesnosta-za-rakot-na-dojka/ Sun, 20 Oct 2024 13:47:59 +0000 https://republika.mk/?p=829133

Успешно се одржа планинарската тура „Титов Врв со панделка“ наменета само за жени до највисоката точка на Шар Планина, каде се искачија стотина припаднички на понежниот пол, информираат организаторките од планинарскиот клуб Х20 од Скопје и повеќе клубови низ државата.

Оваа акција која се спроведе во саботата, беше организирана по повод месец октомври кога се одбележуваат настани за подигање на свесноста за ракот на дојка. Жените планинарски водичи, на овој начин во нивниот домен, се одлучиле да придонесат за оваа кампања.

Акцијата ја започнавме во услови на намалена видливост и иако во одредени моменти помислувавме дека можеби треба да се откажеме и вратиме, надежта и истрајноста ни покажаа дека кога нешто сакате силно и искрено, целиот универзум се сплотува и соработува во ваша корист. Штом ја надминавме границата од 2.000 м.н.в. не дочека долго очекуваното сонце кое не затопли и ни ги врати ведрината и насмевките и уживањето можеше да започне, изјави Сибел Јакуповиќ планинарски водич од планинарскиот клуб Х20-Скопје.

На турата, највозрасна учесничка била жена на 74 годишна возраст. Меѓу нив имало самохрани мајки, некои мајки биле со нивните бебиња, а имало и ќерки со нивните мајки.

Нашата највозрасна учесничка нè научи дека не постои пречка која не може да се совлада, ни покажа пример за следење и почитување. Особено ни е мило кога некој ќе одлучи за првпат да се искачи на Титов Врв токму на оваа акција и такви жени и овој пат имавме многу. Секоја со своја приказна и секоја со своја мотивација и одлучност да истрае во целта. И целта не беше Титов Врв, целта беше истрајноста низ сите предизвици, низ маглите и темнините кои секоја од нас ги поминала или поминува. Имаше жени кои покрај сите здравствени и животни предизвици извојуваа уште една борба со себе. Имавме жени кои извојувале победа над ракот на дојка, имавме жена која со вештачки колк ни одржа лекција за тоа што значи да си жена и да си борец, посочи Јакуповиќ.

Турата ја организирал тим составен планинарските водичи Сибел Јакуповиќ, Славица Јованоска, Снежана Новаковска, Јасмина Антиќ, Розе Настоска, Билјана Донева, Елена Ванчоска Секулоска, Јасмина Ристовска, Ирена Савевска, Катерина Станковиќ, со логистичка поддршка од Марина Стоиловска и Екатерина Лукарова.

За жал тие што дојдоа да истрчаат трка до врвот (какви што секогаш има) немаат и нема да имаат можност да ги слушнат овие приказни, оние кои се „ладеа“ и немаа трпение да почекаат групата да се собере – исто. Ова го пишуваме со цел да ја подигнеме и свесноста што значи движење во група и каква е целта на оваа наша акција. За сите наши борки огромна благодарност, за сите вас што не се откажавте, за сите вас што покажавте трпение, емпатија, разбирање, за сите што се грижевте за вашите другарки, пријателки, сестри, ќерки, мајки, ви благодариме за учеството. Вие сте ни мотивацијата за овие акции, порача Јакуповиќ.

Акцијата e поддржанa и од Федерацијата за планинарски спортови.

The post Стотина жени се искачија на Титов Врв, настан за подигање на свесноста за ракот на дојка appeared first on Република.

]]>

Успешно се одржа планинарската тура „Титов Врв со панделка“ наменета само за жени до највисоката точка на Шар Планина, каде се искачија стотина припаднички на понежниот пол, информираат организаторките од планинарскиот клуб Х20 од Скопје и повеќе клубови низ државата. Оваа акција која се спроведе во саботата, беше организирана по повод месец октомври кога се одбележуваат настани за подигање на свесноста за ракот на дојка. Жените планинарски водичи, на овој начин во нивниот домен, се одлучиле да придонесат за оваа кампања.
Акцијата ја започнавме во услови на намалена видливост и иако во одредени моменти помислувавме дека можеби треба да се откажеме и вратиме, надежта и истрајноста ни покажаа дека кога нешто сакате силно и искрено, целиот универзум се сплотува и соработува во ваша корист. Штом ја надминавме границата од 2.000 м.н.в. не дочека долго очекуваното сонце кое не затопли и ни ги врати ведрината и насмевките и уживањето можеше да започне, изјави Сибел Јакуповиќ планинарски водич од планинарскиот клуб Х20-Скопје.
На турата, највозрасна учесничка била жена на 74 годишна возраст. Меѓу нив имало самохрани мајки, некои мајки биле со нивните бебиња, а имало и ќерки со нивните мајки.
Нашата највозрасна учесничка нè научи дека не постои пречка која не може да се совлада, ни покажа пример за следење и почитување. Особено ни е мило кога некој ќе одлучи за првпат да се искачи на Титов Врв токму на оваа акција и такви жени и овој пат имавме многу. Секоја со своја приказна и секоја со своја мотивација и одлучност да истрае во целта. И целта не беше Титов Врв, целта беше истрајноста низ сите предизвици, низ маглите и темнините кои секоја од нас ги поминала или поминува. Имаше жени кои покрај сите здравствени и животни предизвици извојуваа уште една борба со себе. Имавме жени кои извојувале победа над ракот на дојка, имавме жена која со вештачки колк ни одржа лекција за тоа што значи да си жена и да си борец, посочи Јакуповиќ.
Турата ја организирал тим составен планинарските водичи Сибел Јакуповиќ, Славица Јованоска, Снежана Новаковска, Јасмина Антиќ, Розе Настоска, Билјана Донева, Елена Ванчоска Секулоска, Јасмина Ристовска, Ирена Савевска, Катерина Станковиќ, со логистичка поддршка од Марина Стоиловска и Екатерина Лукарова.
За жал тие што дојдоа да истрчаат трка до врвот (какви што секогаш има) немаат и нема да имаат можност да ги слушнат овие приказни, оние кои се „ладеа“ и немаа трпение да почекаат групата да се собере – исто. Ова го пишуваме со цел да ја подигнеме и свесноста што значи движење во група и каква е целта на оваа наша акција. За сите наши борки огромна благодарност, за сите вас што не се откажавте, за сите вас што покажавте трпение, емпатија, разбирање, за сите што се грижевте за вашите другарки, пријателки, сестри, ќерки, мајки, ви благодариме за учеството. Вие сте ни мотивацијата за овие акции, порача Јакуповиќ.
Акцијата e поддржанa и од Федерацијата за планинарски спортови.  

The post Стотина жени се искачија на Титов Врв, настан за подигање на свесноста за ракот на дојка appeared first on Република.

]]>
В недела е традиционалното искачување на Титов врв https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/v-nedela-e-traditsionalnoto-iskachuvane-na-titov-vrv/ Thu, 23 May 2024 10:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=781096

Викендов ќе се одржи дводневната манифестација по повод традиционалното мајско искачување на Титов врв што секоја година го организира планинарскиот клуб Љуботен од Тетово. Во недела 26 мај е искачувањето до највисоката точка на Шар Планина на 2747 метри надморска височина додека ден претходно ќе се одржат пригодни активности.

Во недела од 06:30 часот е предвидено тргнување на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон Титов Врв по „Вакуфска Патека“. Предвидено е околу 11 часот пристигнување на колоната на Титов Врв, а на пладне враќање назад кон Попова Шапка. Во 16:00 часот е очекуваното пристигнување на Попова Шапка, информираше на денешната прес-конференција, Христина Коруновска, член на извршниот одбор на ПК Љуботен.

Од клубот напомнуваат дека поради големата количина на снег, која не е забележана во изминативе 38 години, потребно е сите коишто ќе се пријават и учествуваат на овогодишното искачување, да ја почитуваат програмата на организаторот и да ги почитуваат обврските кои ги имаат како учесници на овој настан.

– До искачувањето има уште три дена, во овој период се прогнозираат променливи метеоролошки услови. Но во текот на утрешниот ден и петок, членови на клубот ќе бидат на терен и ќе имаме најточни информации за состојбата со снегот. Во зависност од метеоролошките услови, а пред сè поради безбедност на учесниците, клубот има право да ја промени патеката на искачување до врвот, за што сите благовремено ќе бидат известени. Организаторот има право да донесе одлука и за прекинување на искачувањето, која одлука треба да се почитува од сите учесници на настанот, истакна претседателот на ПК Љуботен, Јован Божиноски.

Во сабота, вообичаено се предвидени и пригодни активности за афирмација на планинарството и заштитата на животната средина. Покрај пречекот на планинарите на Попова Шапка, во хотелот Славија ќе бидат организирани неколку активности, како што базар, проекции на филмови, детска забава и свеченото отворање како и координација на планинарските групи.

Во координација со ЈУ Национален Парк Шар Планина, ќе се изврши чистење на патеката од Титов Врв до Попова Шапка. Вработените од паркот, пред самото тргнување ќе поделат ракавици и вреќи на дел од учесниците кои на симнување од врвот ќе го соберат сиот отпад кој е на патеката. Благодариме на НП Шар Планина во поддршката на овој настан, посочи Божиноски.

Организацијата на оваа планинарска манифестација почнува во 1980 година кога се организира првото тогаш меморијално искачување. По ова прво меморијално искачување одлучено е настанот да влезе во календарот на сите планинарски друштва во тогашна Југославија. Организацијата и масовноста на овој настан е знак на препознавање на П.К. Љуботен. Во текот на изминатите 41 искачувања на Титов Врв евидентирале бројка од 26705 искачени планинари.

The post В недела е традиционалното искачување на Титов врв appeared first on Република.

Планинари на грб носеа стакла за да се обноват оштетените прозорци во кулата на Титов Врв https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/planinari-na-grb-nosea-stakla-za-da-se-obnovat-oshtetenite-prozortsi-vo-kulata-na-titov-vrv/ Wed, 30 Aug 2023 13:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=677278

Планинари на грб носеа плекси-стакла и ги обновија уништените прозорци во планинарската кула на Титов врв на 2.747 метри надморска височина. Оваа обнова следува откако кулата во периодот помеѓу 8 и 18 декември 2022 година беше вандализирана, при што беа оштетени сите прозорци кои беа кршени со употреба на чекани, а сторителите имаа направено и друга штета во внатрешноста на објектот. Во акцијата овој викенд учествувале вкупно 11 планинари, осум планинари од ПК Аргентус Монт, по еден планинар од ПК Х20-Скопје, ПК Тетово и ПК Копанки-Битола.

Дванаесет пластични стакла се обезбедени со донација на Назиф Изаири од Боговиње. Со теренско возило на планинарот Али Ислами од ПК Тетово, стаклата се однесоа од градот до кота 2.445 метри надморска височина. Потоа од таму до врвот ги носевме на грб. Трошоци за други материјали, алати, штрафови, надомест за гориво се од Федерацијата за планинарски спортови“, информираше Зија Јонузовски, секретар во ПК Аргент Монт.

Планинарите по носењето на материјалите, самите ги поставле стаклата на прозорците. Извршена е санација и на дел од рамовите од прозорците, како и други поправки низ кулата.

Поставивме 11 стакла на прозорците, еден остана резерва. Сега се санирани последиците од вандализмот. Искршените делови од патосот на вториот кат се заменети со нова шпер плочи и се поставени и нови алуминиумски фолии. Успешно е поправена и една метална клупа и ставена во употреба додека една метална клупа и металната маса се целосно оштетени и не можат да се поправат. Со претходни акции сите отпадоци од вандализмот се очистени. Преостанува со следни акции да се очистат опожарените и зачадени ѕидови со специјални средства“, потенцира Зија Јонузовски.

Планинарите апелираат во иднина да не се оштетува Кулата, да не се пишуваат графити затоа што веќе е препознатлив објект кај планинарите од цела Европа и се повеќе е користена за засолнување и престој.

Планинарската кула на Титов врв од 2021 година по реновирањето е внесена во Европската електронска мапа на планинарски заслони и лесно се пронаоѓа преку современите мобилни апликации.

Планинарите од Аргентус Монт од 2016 година постојано работат на обновување на планинарската кула.

The post Планинари на грб носеа стакла за да се обноват оштетените прозорци во кулата на Титов Врв appeared first on Република.

]]>

Планинари на грб носеа плекси-стакла и ги обновија уништените прозорци во планинарската кула на Титов врв на 2.747 метри надморска височина. Оваа обнова следува откако кулата во периодот помеѓу 8 и 18 декември 2022 година беше вандализирана, при што беа оштетени сите прозорци кои беа кршени со употреба на чекани, а сторителите имаа направено и друга штета во внатрешноста на објектот. Во акцијата овој викенд учествувале вкупно 11 планинари, осум планинари од ПК Аргентус Монт, по еден планинар од ПК Х20-Скопје, ПК Тетово и ПК Копанки-Битола.
Дванаесет пластични стакла се обезбедени со донација на Назиф Изаири од Боговиње. Со теренско возило на планинарот Али Ислами од ПК Тетово, стаклата се однесоа од градот до кота 2.445 метри надморска височина. Потоа од таму до врвот ги носевме на грб. Трошоци за други материјали, алати, штрафови, надомест за гориво се од Федерацијата за планинарски спортови“, информираше Зија Јонузовски, секретар во ПК Аргент Монт.
Планинарите по носењето на материјалите, самите ги поставле стаклата на прозорците. Извршена е санација и на дел од рамовите од прозорците, како и други поправки низ кулата.
Поставивме 11 стакла на прозорците, еден остана резерва. Сега се санирани последиците од вандализмот. Искршените делови од патосот на вториот кат се заменети со нова шпер плочи и се поставени и нови алуминиумски фолии. Успешно е поправена и една метална клупа и ставена во употреба додека една метална клупа и металната маса се целосно оштетени и не можат да се поправат. Со претходни акции сите отпадоци од вандализмот се очистени. Преостанува со следни акции да се очистат опожарените и зачадени ѕидови со специјални средства“, потенцира Зија Јонузовски.
Планинарите апелираат во иднина да не се оштетува Кулата, да не се пишуваат графити затоа што веќе е препознатлив објект кај планинарите од цела Европа и се повеќе е користена за засолнување и престој. Планинарската кула на Титов врв од 2021 година по реновирањето е внесена во Европската електронска мапа на планинарски заслони и лесно се пронаоѓа преку современите мобилни апликации. Планинарите од Аргентус Монт од 2016 година постојано работат на обновување на планинарската кула.  

The post Планинари на грб носеа стакла за да се обноват оштетените прозорци во кулата на Титов Врв appeared first on Република.

]]>
Седумгодишниот Максим Стрезоски најмлад учесник на јубилејното искачување на Титов врв https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sedumgodishniot-maksim-strezoski-najmlad-uchesnik-na-jubilejnoto-iskachuvane-na-titov-vrv/ Sun, 27 Aug 2023 20:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=676477

Планинарските клубови Јелак и Тетекс денеска по јубилеен 15. пат го организираа традиционално летно искачување на Титов врв, највисоката точка на Шар Планина.

Меѓу 50-тината присутни на ова искачување беше и најмладиот учесник, седумгодишниот Максим Стрезоски.

Тој за првпат го искачи највисокиот шарпланински врв, но иако е на возратс од седум години, тој веќе има планинарско искуство со неговите родители.

Ние планинараме и пешачиме често. Претходно бевме на искачување до месноста Лешница и тогаш праша што е следно. Ни беше предизвик и успеавме заедно. За нагоре на неколку места одмаравме и на секое прашуваше кога е следната пауза. Но, најсилна инспирација доби кој ја виде кулата, му дојде сила да ја види близу, да влезе внатре. Кога стигна на Титов врв беше пресреќен и праша дали може да се живее во кулата. Изеде сè што имав земено за јадење, вели неговата мајка Соња, која членува во ПК Тетекс.

Меѓу 50-тина учесници покрај најмладиот, како највозрасeн беше 75 годишниот д-р Реџеп.

Патеката од Попова Шапка до Титов врв е со должина од околу 12километри.

The post Седумгодишниот Максим Стрезоски најмлад учесник на јубилејното искачување на Титов врв appeared first on Република.

]]>

Планинарските клубови Јелак и Тетекс денеска по јубилеен 15. пат го организираа традиционално летно искачување на Титов врв, највисоката точка на Шар Планина. Меѓу 50-тината присутни на ова искачување беше и најмладиот учесник, седумгодишниот Максим Стрезоски. Тој за првпат го искачи највисокиот шарпланински врв, но иако е на возратс од седум години, тој веќе има планинарско искуство со неговите родители.
Ние планинараме и пешачиме често. Претходно бевме на искачување до месноста Лешница и тогаш праша што е следно. Ни беше предизвик и успеавме заедно. За нагоре на неколку места одмаравме и на секое прашуваше кога е следната пауза. Но, најсилна инспирација доби кој ја виде кулата, му дојде сила да ја види близу, да влезе внатре. Кога стигна на Титов врв беше пресреќен и праша дали може да се живее во кулата. Изеде сè што имав земено за јадење, вели неговата мајка Соња, која членува во ПК Тетекс.
Меѓу 50-тина учесници покрај најмладиот, како највозрасeн беше 75 годишниот д-р Реџеп. Патеката од Попова Шапка до Титов врв е со должина од околу 12километри.

The post Седумгодишниот Максим Стрезоски најмлад учесник на јубилејното искачување на Титов врв appeared first on Република.

]]>
Традиционално искачување на Титов врв https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/traditsionalno-iskachuvane-na-titov-vrv/ Mon, 22 May 2023 12:44:51 +0000 https://republika.mk/?p=643638

Планинарски клуб „Љуботен“ од Тетово в недела на 28 мај по 41-ви пат го организира традиционалното искачување на Титов Врв, највисоката точка на Шар Планина. ПК „Љуботен“ ги кани сите друштва и клубови да учествуваат на искачувањето, а потсетуваат дека пријавувањето трае е до 23 мај.

Искачувањето на Титов врв само по себе низ годините стана препознатлив планинарски бренд во Македонија. Со вакви настани, нашата земја гради традиција која трае и нѐ претставува пред меѓународната јавност, истакнувајќи ја грижата за здравјето, зачувувањето на природата и стремежот кон одржливо живеење и развој, порача Јован Божиноски, претседател на ПК „Љуботен“.

Во сабота на Попова Шапка се предвидени неколку активности како акција за чистење, планинарски базар, квиз на планинско знаење и проекција на планинарски филм.

Тргнувањето во недела 28 мај почнува од 06:30 часот со тргнување на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон Титов Врв по Вакуфска Патека. Очекувано пристигнување на Титов врв е во 11 часот, додека тргнување за назад во 12 часот, информира Божиноски.

Планинарите индивидуално треба да се понесат храна, предвидена за планинарска тура до 10 часа, како и да имаат соодветна планинарска опрема за во зимски услови.

The post Традиционално искачување на Титов врв appeared first on Република.

Демолирана целата внатрешност на планинарската кула на Титов Врв https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/demolirana-celata-vnatreshnost-na-planinarskata-kula-na-titov-vrv/ Sun, 25 Dec 2022 17:18:22 +0000 https://republika.mk/?p=589772

Членови на планинарскиот клуб „Аргентус Монт” објавија дека непознати сторители ја демолирале внатрешноста на планинарската кула на Титов Врв.

На увидот присуствувал и претставник на Комисијата за планинарски домови при Федерацијата за планинарски спортови.

Членовите на овој клуб во изминатите години ги носеле материјалите за опремување на кулата и ја знаат висината на материјалната штета.

Кулата е вандализирана во периодот измеѓу 8 и 18 декември 2022 година. Направена е голема штета од ванадлизирањето, изјави Зија Јонузовски, секретар на клубот.

Убидот покажал дека е запалена една шпер табла, агрегат за струја од 3 киловати, има искршени стакла и рамки за прозори.. Изгорени се материјали и алати, уништени се метална маса и две метални клупи планирани за приземјето во Кулата. Украдена е и батериска бормашина вредна 5 000 денари.

Со насилни удари е оштетена трпезариската маса на вториот кат како и опремата од соларниот панел.

Целосната санација ќе се реализира наредната година во организација на Федерацијата за планинарски спортови.

The post Демолирана целата внатрешност на планинарската кула на Титов Врв appeared first on Република.

]]>

Членови на планинарскиот клуб „Аргентус Монт” објавија дека непознати сторители ја демолирале внатрешноста на планинарската кула на Титов Врв. На увидот присуствувал и претставник на Комисијата за планинарски домови при Федерацијата за планинарски спортови. Членовите на овој клуб во изминатите години ги носеле материјалите за опремување на кулата и ја знаат висината на материјалната штета.
Кулата е вандализирана во периодот измеѓу 8 и 18 декември 2022 година. Направена е голема штета од ванадлизирањето, изјави Зија Јонузовски, секретар на клубот.
Убидот покажал дека е запалена една шпер табла, агрегат за струја од 3 киловати, има искршени стакла и рамки за прозори.. Изгорени се материјали и алати, уништени се метална маса и две метални клупи планирани за приземјето во Кулата. Украдена е и батериска бормашина вредна 5 000 денари. Со насилни удари е оштетена трпезариската маса на вториот кат како и опремата од соларниот панел. Целосната санација ќе се реализира наредната година во организација на Федерацијата за планинарски спортови.

The post Демолирана целата внатрешност на планинарската кула на Титов Врв appeared first on Република.

]]>
Почина планинарот паднат во провалијата под Титов Врв https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-planinarot-padnat-vo-provalijata-pod-titov-vrv/ Wed, 09 Nov 2022 09:48:24 +0000 https://republika.mk/?p=571800

Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините од карпа на Шар планина во реонот кај Титoв Врв.

Од страна на раководителот на РЦУК Тетово сме известени дека комаднирот од Специјалната единица на МВР кој во текот на спасувачката акција се здоби со тешки телесни повреди е извлечен од местото на настанот и моментално со возило е упатен Клиничкиот центар.

Второто пронајдено лице е починато и истото сеуште се наоѓа на местото на настанот. За истото да биде пренесено ќе треба претходно да се извршат соодветни процедури, велат од ЦУК.

The post Почина планинарот паднат во провалијата под Титов Врв appeared first on Република.

]]>

Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините од карпа на Шар планина во реонот кај Титoв Врв. Од страна на раководителот на РЦУК Тетово сме известени дека комаднирот од Специјалната единица на МВР кој во текот на спасувачката акција се здоби со тешки телесни повреди е извлечен од местото на настанот и моментално со возило е упатен Клиничкиот центар. Второто пронајдено лице е починато и истото сеуште се наоѓа на местото на настанот. За истото да биде пренесено ќе треба претходно да се извршат соодветни процедури, велат од ЦУК.

The post Почина планинарот паднат во провалијата под Титов Врв appeared first on Република.

]]>
Пронајден планинарот кој падна од карпа кај Титов Врв https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajden-planinarot-koj-padna-od-karpa-kaj-titov-vrv/ Wed, 09 Nov 2022 07:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=571681

Пронајден е планинарот по кој се трагаше од синоќа откако беше пријавено дека паднал од карпа во реонот кај Титов Врв. Синоќа околу 20 часот беше пронајден и планинарот кој извести за несреќата и тој околу три часот ноќеска е пренесен во болница заедно со началникот на СВР Тетово кој исто така се здобил со телесни повреди, информираа изутринава од Центарот за управување со кризи.

Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините на Шарпланина во реонот кај Титив Врв. Едното лице, јавувачот на настанот, е пронајдено некаде по 20 часот и тоа од кај страната на Титов Врв околу три часот е пренесено кон Попова Шапка, а потоа и во болница. Заедно со него во болница е пренесен и началникот на СВР Тетово кој се здобил со телесни повреди. Со цел пронаоѓање на другото лице, екипа од припадници на специјалната единица на МВР беше упатена кон местото на настанот од другата страна односно преку Лешница и по неколку часови успеале да го лоцираат и пронајдат и второто лице кое паднало од карпа, стои во информацијата на фејсбук страницата на ЦУК.

Акцијата за спасување почна синоќа  по добиен повик за итен случај на 112 откако  едниот од планинарите паднал од карпа во провалија

The post Пронајден планинарот кој падна од карпа кај Титов Врв appeared first on Република.