тито петковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tito-petkovski/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Mar 2023 17:26:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тито петковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tito-petkovski/ 32 32 Тито Петковски се надева дека Фатмир Битиќи ќе биде иден премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tito-petkovski-se-nadeva-deka-fatmir-bitiki-ke-bide-iden-premier/ Thu, 16 Mar 2023 17:26:07 +0000 https://republika.mk/?p=620425

Долгогодишниот претседател на НСДП и екс претседател на Собранието, Тито Петковски го искоментира предлогот за премиер Албанец.

Тој се надева дека вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи ќе биде на таа позиција.

„„Читам: „Да!Тој доаѓа” е новиот слоган на ДУИ со кој се најавува првиот премиер Албанец. Се надевам дека мислат на Фатмир Битиќи, заменик на Премиерот за економски прашања. Покомпетентен, постручен, поспособен и поодговорен член на Владата, во овој момент не постои. Освен тоа Албанец е по етничка припадност. Токму онаков каков што бара ДУИ!”, напиша Петковски на Фејсбук.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, деновиве најави дека набргу Албанец ќе биде премиер во земјава, а првиот вицепремиер Артан Груби објасни дека со договорот што е постигнат меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот премиер Зоран Заев во последните 100 дена од мандатот на Владата, функцијата ќе ја извршува Албанец.

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека СДСМ не бега од коалициските договори, ќе има технички премиер Албанец сто дена пред избори.

The post Тито Петковски се надева дека Фатмир Битиќи ќе биде иден премиер appeared first on Република.

]]>

Долгогодишниот претседател на НСДП и екс претседател на Собранието, Тито Петковски го искоментира предлогот за премиер Албанец. Тој се надева дека вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи ќе биде на таа позиција.
„„Читам: „Да!Тој доаѓа” е новиот слоган на ДУИ со кој се најавува првиот премиер Албанец. Се надевам дека мислат на Фатмир Битиќи, заменик на Премиерот за економски прашања. Покомпетентен, постручен, поспособен и поодговорен член на Владата, во овој момент не постои. Освен тоа Албанец е по етничка припадност. Токму онаков каков што бара ДУИ!”, напиша Петковски на Фејсбук.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, деновиве најави дека набргу Албанец ќе биде премиер во земјава, а првиот вицепремиер Артан Груби објасни дека со договорот што е постигнат меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот премиер Зоран Заев во последните 100 дена од мандатот на Владата, функцијата ќе ја извршува Албанец. Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека СДСМ не бега од коалициските договори, ќе има технички премиер Албанец сто дена пред избори.

The post Тито Петковски се надева дека Фатмир Битиќи ќе биде иден премиер appeared first on Република.

]]>
Петковски: Бугарија сега е нашиот отворен и единствен непријател https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovski-bugarija-sega-e-nashiot-otvoren-i-edinstven-neprijatel/ Mon, 06 Mar 2023 07:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=616245

Поранешниот лидер на НСДП и поранешен претседател на Собранието, Тито Петковски смета дека има голем јаз меѓу политичките партии во земјава.

Ние никогаш не сме ставале во преден план за да преговараме за суштествените прашања од интерес за државата. Кога се зборува за промена на Уставот, се создаде една атмосфера која Бугарија ја наметна. Тоа беше агресивен и примитивен настап. Не се кријам да кажам дека Бугарија е сега нашиот отворен и единствен непријател. Не ни го признаваат јазикот, не ни го признаваат, не ни го признаваат етничкото потекло… Оние кои го поддржуваат и СДСМ и ВМРО се доближуваат со ставовите дека не сакаат да се покрене иницијативата за промена на Уставот, рече Петковски синоќа во вестите на Сител.

Според него, бугарските политичари мораат да признаат дека Бугарија во 1941 година беше со „Хитлер и тројниот сојуз, а сега тоа да се негира“.

Тоа треба да се признае и треба извинување, додаде Петковски.

The post Петковски: Бугарија сега е нашиот отворен и единствен непријател appeared first on Република.

Петковски: И Бугарија и Македонија како држави се 100 години зад визиите на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovski-i-bugarija-i-makedonija-kako-drzhavi-se-100-godini-zad-viziite-na-gotse-delchev/ Thu, 02 Feb 2023 12:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=603823

Јас не само што не паметам туку не сум можел ни да замислам една ваква ситуација со Бугарија. И не сум рамнодушен. Роден сум во една друга друга држава во 1945 година, па сега на 78 години се прашувам каде погрешивме и како е можно некој да ми каже дека не постојам? А еве сум, тука сум, на ова место. Политичарите во голем дел им го загорчуваат животот на луѓето, вели Тито Петковски, поранешен претседател на Собранието, во емисијата Студио 10 на ТВ24.

Повеќе од сигурен сум дека ова е долгорочна државна политика. Она што сега се случува во Македонија, што сме толку чувствителни за ликот на Гоце Делчев кој е човек кој ги надминува границите со своите сфаќања, е незамисливо - вели Петковски и додава дека е разбирлива чувствителноста кон негирањето но е зачудува нашата фрагилност кон провокациите од луѓе кои се осудени и од Европскиот парламент за своето фашизоидно однесување.

За Петковски е зачудувачки што еден европарламентарец доаѓа во Македонија, ја негира земјата па дури и повикува на атентат на претседателот, но од друга страна на таквите провокации според Петковски не треба да се одговара.

Тоа е настан што ние го одбележуваме секоја година и нема потреба од тоа да се прави вонредна состојба. Нашата полиција ја контролира целата земја и навистина нема потреба да доаѓа бугарска полиција напомош - вели Петковски.

Тој додава дека тие луѓе кои сега создаваат немир до лани не доаѓаа пред гробот на Гоце Делчев.

И ова сега мислам дека не е случајно туку е за нивна внатрешна бугарска политика. Бугарија е земја на ЕУ која има најмногу проблеми и е најсиромашна. Нивниот претседател е единствен кој има нескриена руска ориентација. Провокации прават само политичари кои немаат добри намери - констатира Петковски.

Петковски посочува дека и бугарските граѓани ги препознаваат лошите политичари и за тоа е пример падот на изборите на радикалните политички партии, иако постојано се појавуваат некои нови.

Мислам дека треба македонските и бугарските историчари да ги отворат сите архиви за Гоце Делчев. И ако Гоце Делчев е оној кој ги спојува двете држави тогаш нека се смета за творец за двете држави - вели Петковски и додава дека мора да се повикуваме на факти.

Петковски посочува дека во бугарските архиви може да се најде говорот на Георги Димитров за последниот завет на Гоце Делчев кој сакал да почива во главниот град на независна Македонија за којашто се борел и залагал и затоа неговите мошти се пренесени во Скопје во времето на Георги Димитров и Јосип Броз.

Мислам дека Бугарија и Македонија како држави сме 100 години зад визиите на Гоце Делчев - вели Петковски

The post Петковски: И Бугарија и Македонија како држави се 100 години зад визиите на Гоце Делчев appeared first on Република.

Петковски: Левица е феномен на политичката сцена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovski-levica-e-fenomen-na-politichkata-scena/ Fri, 18 Nov 2022 07:29:03 +0000 https://republika.mk/?p=575171

Во гостување на Тито Петковски во Само интервју на Канал 5, поранешниот претседател на НСДП истакна дека поголемите политички партии отсекогаш се трудат да ги згазат и ги држат малите политички партии на страна од напредок, но истакна дека Левица е исклучок од тоа.

Левица е феномен на политичката сцена, имаат попрагматичен пристап. Млади луѓе мобилизираат, настапуваат остро и самоуверено, со години се бара алтернатива, сити се луѓето од СДСМ и ВМРО-ПДМНЕ и луѓето сакаат свежина и поинаков речник, практицирање на друга политика.

Се наметнаа со некој интелектуелистички пристап што не беше својствено, прават анализи на нивните настапи, политичкиот маркетинг е близок до менталитетот на напшиот млад човек.

Мислам дека повеќе штета прават на ВМРО-ДПМНЕ, направија идентификација на Левица со ВМРО-ДПМНЕ, жестината со која ја напаѓаат власта иде чекор понатаму од ВМРО-ДПМНЕ, за некои прашања имаат слични ставови. Левица и СДСМ треба да бидат идеолошки поблиски, ама ако ја гледате програмата, тоа е сосема друга партија, која е блиска до Сојузот на комунистите, вели Петровски.

The post Петковски: Левица е феномен на политичката сцена appeared first on Република.

]]>

Во гостување на Тито Петковски во Само интервју на Канал 5, поранешниот претседател на НСДП истакна дека поголемите политички партии отсекогаш се трудат да ги згазат и ги држат малите политички партии на страна од напредок, но истакна дека Левица е исклучок од тоа.
Левица е феномен на политичката сцена, имаат попрагматичен пристап. Млади луѓе мобилизираат, настапуваат остро и самоуверено, со години се бара алтернатива, сити се луѓето од СДСМ и ВМРО-ПДМНЕ и луѓето сакаат свежина и поинаков речник, практицирање на друга политика.   Се наметнаа со некој интелектуелистички пристап што не беше својствено, прават анализи на нивните настапи, политичкиот маркетинг е близок до менталитетот на напшиот млад човек.   Мислам дека повеќе штета прават на ВМРО-ДПМНЕ, направија идентификација на Левица со ВМРО-ДПМНЕ, жестината со која ја напаѓаат власта иде чекор понатаму од ВМРО-ДПМНЕ, за некои прашања имаат слични ставови. Левица и СДСМ треба да бидат идеолошки поблиски, ама ако ја гледате програмата, тоа е сосема друга партија, која е блиска до Сојузот на комунистите, вели Петровски.

The post Петковски: Левица е феномен на политичката сцена appeared first on Република.

]]>
Петковски: Немаме причина сега да ги внесуваме Бугарите во Устав, утре ќе побараат и бугарскиот јазик да биде официјален https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovski-nemame-prichina-sega-da-gi-vnesuvame-bugarite-vo-ustav-utre-kje-pobaraat-i-bugarskiot-jazik-da-bide-oficijalen/ Fri, 18 Nov 2022 07:17:03 +0000 https://republika.mk/?p=575164

Во гостување на Тито Петковски во Само интервју на Канал 5, поранешниот претседател на НСДП истакна дека немаме причина да ги вметнеме Бугарите во Уставот.

Не знам што е целта на Бугарија, ама не случајно и албанските партии заговараат промена на Уставот во делот на Рамковниот договор, ако е албанскиот јазик утре може да биде и бугарскиот јазик официјален јазик, изјави Петковски.

Тој истакна дека е можно Бугарите да ги искористат бугарските пасоши кои ги имаат Македонците за да побараат и бугарскиот јазик да биде официјален јазик во Македонија.

Сепак, Петковски нагласи дека тоа е негова претпоставка, нема конкретни сознанија за оваа ситуација.

The post Петковски: Немаме причина сега да ги внесуваме Бугарите во Устав, утре ќе побараат и бугарскиот јазик да биде официјален appeared first on Република.

]]>

Во гостување на Тито Петковски во Само интервју на Канал 5, поранешниот претседател на НСДП истакна дека немаме причина да ги вметнеме Бугарите во Уставот.
Не знам што е целта на Бугарија, ама не случајно и албанските партии заговараат промена на Уставот во делот на Рамковниот договор, ако е албанскиот јазик утре може да биде и бугарскиот јазик официјален јазик, изјави Петковски.
Тој истакна дека е можно Бугарите да ги искористат бугарските пасоши кои ги имаат Македонците за да побараат и бугарскиот јазик да биде официјален јазик во Македонија. Сепак, Петковски нагласи дека тоа е негова претпоставка, нема конкретни сознанија за оваа ситуација.

The post Петковски: Немаме причина сега да ги внесуваме Бугарите во Устав, утре ќе побараат и бугарскиот јазик да биде официјален appeared first on Република.

]]>
Петковски: Владата ги изневери и разочара Македонците во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovski-vladata-gi-izneveri-i-razochara-makedoncite-vo-bugarija/ Fri, 28 Oct 2022 19:56:57 +0000 https://republika.mk/?p=566993

Нашата Влада ги изневери и разочара Македонците во Бугарија, кои помислија дека конечно дојдоа подобри времиња во кои ќе можат да ги остварат своите човекови права и слободи,за кои со години се борат, пишува поранешниот собраниски спикер и долгогодишен политичар Тито Петковски.

Тој со статус на својот Фејсбук профил го анализира отворањето на македонските и бугарските клубови, непосредно пред отворањето на македонскиот клуб во Благоевград „Никола Вапцаров“.

Петковски ја коментира изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој денеска кажа дека отворањето на вакви клубови им штети на двете заедници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-otvoranjeto-na-nikola-vapcarov-vo-blagoevgrad-ne-e-vo-funkcija-na-dobrososedskite-odnosi/

Конечно, сфаќајќи дека „ваквото отварање на македонски и бугарски клубови им штети и на двете заедници”, министерот за надворешни работи Бујар Османи, практично призна дека на таков начин не се води надворешна политика. И тоа не е никаков грев. Но, само два дена пред отварањето на клубот на Македонците во Благоевград да дознае и јавно да соопшти дека клубот ќе биде финансиран од „антиамерикански и антиевропски структури од Канада“ и дека тоа ќе им штети на односите меѓу двете заедници, најблаго речено е неодговорен однос кон македонската јавност, пишува Петковски.

Тој прави споредба со отворањето на бугарските клубови во Македонија, кога повеќе од два месеци македонската јавност, како што пишува, беше постојано бомбардирана со бугарски провокации,и тоа од официјални бугарски кругови во врска со клубовите во Битола и Охрид. Јавноста беше информирана за тоа кој е финансиер на бугарските клубови во Македонија и кој ќе го финансира клубот на Македонците во Благоевград.

Премиерот јавно соопшти дека ќе појде во Благоевград, дури покани и пратеничка од ВМРО заедно да појдат на отварањето на клубот,секако убеден дека тоа ќе се случи,по примерот на бугарскиот државен врв кој дојде во Битола. Нашиот премиер соопшти дека на денот на отварањето,сепак ќе остане во Скопје, бидејќи имал важни државнички обврски. Значи, нашата Влада немаше реална проценка за тоа ,во која насока ќе се одвиваат Македонско-Бугарските односи ,по отварањето на клубовите во Битола и Охрид и можното отварање на клубот на Македонците во Благоевград.Какви ќе бидат реакциите на противниците на идејата за отварање клубови, и во Македонија и во Бугарија. Одговорна влада мора да ја антиципира иднината. Мора да оди во пресрет на сите можни закани по безбедноста на државата, да ги превенира и да ги спречи штетните последици, порачува Петковски.

The post Петковски: Владата ги изневери и разочара Македонците во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Нашата Влада ги изневери и разочара Македонците во Бугарија, кои помислија дека конечно дојдоа подобри времиња во кои ќе можат да ги остварат своите човекови права и слободи,за кои со години се борат, пишува поранешниот собраниски спикер и долгогодишен политичар Тито Петковски. Тој со статус на својот Фејсбук профил го анализира отворањето на македонските и бугарските клубови, непосредно пред отворањето на македонскиот клуб во Благоевград „Никола Вапцаров“. Петковски ја коментира изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој денеска кажа дека отворањето на вакви клубови им штети на двете заедници. https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-otvoranjeto-na-nikola-vapcarov-vo-blagoevgrad-ne-e-vo-funkcija-na-dobrososedskite-odnosi/
Конечно, сфаќајќи дека „ваквото отварање на македонски и бугарски клубови им штети и на двете заедници”, министерот за надворешни работи Бујар Османи, практично призна дека на таков начин не се води надворешна политика. И тоа не е никаков грев. Но, само два дена пред отварањето на клубот на Македонците во Благоевград да дознае и јавно да соопшти дека клубот ќе биде финансиран од „антиамерикански и антиевропски структури од Канада“ и дека тоа ќе им штети на односите меѓу двете заедници, најблаго речено е неодговорен однос кон македонската јавност, пишува Петковски.
Тој прави споредба со отворањето на бугарските клубови во Македонија, кога повеќе од два месеци македонската јавност, како што пишува, беше постојано бомбардирана со бугарски провокации,и тоа од официјални бугарски кругови во врска со клубовите во Битола и Охрид. Јавноста беше информирана за тоа кој е финансиер на бугарските клубови во Македонија и кој ќе го финансира клубот на Македонците во Благоевград.
Премиерот јавно соопшти дека ќе појде во Благоевград, дури покани и пратеничка од ВМРО заедно да појдат на отварањето на клубот,секако убеден дека тоа ќе се случи,по примерот на бугарскиот државен врв кој дојде во Битола. Нашиот премиер соопшти дека на денот на отварањето,сепак ќе остане во Скопје, бидејќи имал важни државнички обврски. Значи, нашата Влада немаше реална проценка за тоа ,во која насока ќе се одвиваат Македонско-Бугарските односи ,по отварањето на клубовите во Битола и Охрид и можното отварање на клубот на Македонците во Благоевград.Какви ќе бидат реакциите на противниците на идејата за отварање клубови, и во Македонија и во Бугарија. Одговорна влада мора да ја антиципира иднината. Мора да оди во пресрет на сите можни закани по безбедноста на државата, да ги превенира и да ги спречи штетните последици, порачува Петковски.

The post Петковски: Владата ги изневери и разочара Македонците во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Петковски: Џафери не е надлежен да цени уставност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovski-dzaferi-ne-e-nadlezen-da-ceni-ustavnost/ Wed, 14 Sep 2022 18:04:31 +0000 https://republika.mk/?p=550817

Претседателот на парламентот Талат Џафери не е надлежен да цени уставност и законитост, тоа е во рацете на Уставниот суд, вели за МКД.мк поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски во врска со одлуката на Џафери да ја отфрли иницијативата на одржување на референдум, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во разговор за МКД.мк Петковски вели дека одлуката по прашањето за референдумската иницијатива треба да биде на Собранието, а не на неговиот претседател.

Претседателот на Собранието е само прв меѓу еднаквите пратеници и тој ги потпишува актите во името на Собранието. Не само од правен и деловнички аспект, туку и од демократски аспект е добро одлучувањето да се постави на седница на Собранието, секако, откако собраниските комисии ќе предложат став за кој потоа на пленарна седница ќе се носи одлука. Многу е битно од демократски аспект пратениците да одлучуваат бидејќи Собранието е местото каде се носат најкрупните одлуки врз основа на политичка дебата. Не треба никој да се става над Собранието, во случајот претседателот. Од формално правен аспект нема пречка барањето да се стави пред Собранието и тоа да се произнесе - вели Петковски.

На прашањето што значи можноста претседателот на Собранието од формален аспект да може да се изјасни за иницијативата, Петковски вели дека тој можел подносителите на иницијативата да ги корегира во однос на „непознатата адреса" со која беше поднесена иницијативата.

Како што видовме од документот, од поднесената иницијатива, таму адресата гласи 'Претседател на Собрание', која можел Џафери да ја протолкува како непозната бидејќи целата адреса гласи 'Претседател на Собрание на Република Македонија'. Џафери можел да ја врати иницијативата и да укаже да биде корегирана адресата. Но во никој случај не може тој да го цени Уставот - нагласува Петковски

Дали сепак иницијативата, како што пишува во Деловникот, треба да оди пред комисиите, Петковски вели дека Џафери се произнесол дека иницијативата е отфрлена, па сега, како што оценува, останува можноста да се оспори неговата одлука пред Уставниот суд.

Во секој случај, одлуките на Собранието ги потпишува претседателот, тој може да толкува одредби од Деловникот и во тој контекст да укажува, но не може да каже дали е согласно Уставот или нe - вели Петковски.

Во однос на самата иницијатива, дали е добро срочено референдумското прашање од страна на ВМРО-ДПМНЕ и како тоа евентуално би можело да се постави пред граѓаните, Петковски вели:

Сега ми поставивте политичко прашање. Лично мислам дека ваков референдум за Македонија не е потребен, туку е и штетен, зашто би закочил процеси и обврски на земјава кон ЕУ, а не кон Бугарија. Добивме условен почеток на преговори со ЕУ и рамка за преговори, а со Бугарија имаме само договор. Ако требаше нешто побрзо да се реагира тогаш можеше да се постави прашање во стилот - дали францускиот предлог е прифатлив за граѓаните. Во тој предлог се наброени сите услови. А, поништување на договорот со Бугарија би можело да ѝ штети на земјава во насока на меѓународни односи и околу стабилноста на договорите и спогодби на земјата на меѓународно ниво, бидејќи е битно доследно нивно почитување - вели Петковски.

Тој илустрира: „Како што укажувавме дека Бугарија не смееше преку бугарскиот парламент да го поништи законот потпишан од некогашниот бугарски претседател Ѓорги Димитров со кој на Македонија ѝ беа испорачани моштите на Гоце Делчев. А заради што, меѓу другото, Димитров беше прогласен за предавник на Бугарија".

Целиот текст на МКД.мк

The post Петковски: Џафери не е надлежен да цени уставност appeared first on Република.

]]>

Претседателот на парламентот Талат Џафери не е надлежен да цени уставност и законитост, тоа е во рацете на Уставниот суд, вели за МКД.мк поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски во врска со одлуката на Џафери да ја отфрли иницијативата на одржување на референдум, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ. Во разговор за МКД.мк Петковски вели дека одлуката по прашањето за референдумската иницијатива треба да биде на Собранието, а не на неговиот претседател.
Претседателот на Собранието е само прв меѓу еднаквите пратеници и тој ги потпишува актите во името на Собранието. Не само од правен и деловнички аспект, туку и од демократски аспект е добро одлучувањето да се постави на седница на Собранието, секако, откако собраниските комисии ќе предложат став за кој потоа на пленарна седница ќе се носи одлука. Многу е битно од демократски аспект пратениците да одлучуваат бидејќи Собранието е местото каде се носат најкрупните одлуки врз основа на политичка дебата. Не треба никој да се става над Собранието, во случајот претседателот. Од формално правен аспект нема пречка барањето да се стави пред Собранието и тоа да се произнесе - вели Петковски.
На прашањето што значи можноста претседателот на Собранието од формален аспект да може да се изјасни за иницијативата, Петковски вели дека тој можел подносителите на иницијативата да ги корегира во однос на „непознатата адреса" со која беше поднесена иницијативата.
Како што видовме од документот, од поднесената иницијатива, таму адресата гласи 'Претседател на Собрание', која можел Џафери да ја протолкува како непозната бидејќи целата адреса гласи 'Претседател на Собрание на Република Македонија'. Џафери можел да ја врати иницијативата и да укаже да биде корегирана адресата. Но во никој случај не може тој да го цени Уставот - нагласува Петковски
Дали сепак иницијативата, како што пишува во Деловникот, треба да оди пред комисиите, Петковски вели дека Џафери се произнесол дека иницијативата е отфрлена, па сега, како што оценува, останува можноста да се оспори неговата одлука пред Уставниот суд.
Во секој случај, одлуките на Собранието ги потпишува претседателот, тој може да толкува одредби од Деловникот и во тој контекст да укажува, но не може да каже дали е согласно Уставот или нe - вели Петковски.
Во однос на самата иницијатива, дали е добро срочено референдумското прашање од страна на ВМРО-ДПМНЕ и како тоа евентуално би можело да се постави пред граѓаните, Петковски вели:
Сега ми поставивте политичко прашање. Лично мислам дека ваков референдум за Македонија не е потребен, туку е и штетен, зашто би закочил процеси и обврски на земјава кон ЕУ, а не кон Бугарија. Добивме условен почеток на преговори со ЕУ и рамка за преговори, а со Бугарија имаме само договор. Ако требаше нешто побрзо да се реагира тогаш можеше да се постави прашање во стилот - дали францускиот предлог е прифатлив за граѓаните. Во тој предлог се наброени сите услови. А, поништување на договорот со Бугарија би можело да ѝ штети на земјава во насока на меѓународни односи и околу стабилноста на договорите и спогодби на земјата на меѓународно ниво, бидејќи е битно доследно нивно почитување - вели Петковски.
Тој илустрира: „Како што укажувавме дека Бугарија не смееше преку бугарскиот парламент да го поништи законот потпишан од некогашниот бугарски претседател Ѓорги Димитров со кој на Македонија ѝ беа испорачани моштите на Гоце Делчев. А заради што, меѓу другото, Димитров беше прогласен за предавник на Бугарија". Целиот текст на МКД.мк

The post Петковски: Џафери не е надлежен да цени уставност appeared first on Република.

]]>
Дури и Тито Петковски смета дека Џафери не е надлежен да цени уставност и законитост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/duri-i-tito-petkovski-smeta-deka-dzaferi-ne-e-nadlezen-da-ceni-ustavnost-i-zakonitost/ Wed, 14 Sep 2022 10:31:13 +0000 https://republika.mk/?p=550655

Претседателот на парламентот Талат Џафери не е надлежен да цени уставност и законитост, тоа е во рацете на Уставниот суд, вели за МКД.мк поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски во врска со одлуката на Џафери да ја отфрли иницијативата на одржување на референдум, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Собранието е само прв меѓу еднаквите пратеници и тој ги потпишува актите во името на Собранието. Не само од правен и деловнички аспект, туку и од демократски аспект е добро одлучувањето да се постави на седница на Собранието, секако, откако собраниските комисии ќе предложат став за кој потоа на пленарна седница ќе се носи одлука. Многу е битно од демократски аспект пратениците да одлучуваат бидејќи Собранието е местото каде се носат најкрупните одлуки врз основа на политичка дебата. Не треба никој да се става над Собранието, во случајот претседателот. Од формално правен аспект нема пречка барањето да се стави пред Собранието и тоа да се произнесе", вели Петковски за „МКД.мк“

The post Дури и Тито Петковски смета дека Џафери не е надлежен да цени уставност и законитост appeared first on Република.

Петковски до Ковачевски: Тесно ви е мнозинството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovski-do-kovachevski-tesno-vi-e-mnozinstvoto/ Thu, 30 Jun 2022 17:02:29 +0000 https://republika.mk/?p=521746

Експретседателот на НСДП, Тито Петковски и се обрати на Владата и ѝ порача дека е со тенко мнозинство.

Ваквата реакција следува откако на седница пред два дена беше разрешен директорот на ПУИК, Кристијан Трајковски. Петковски е револтиран од потегот за разрешување на Владата, кој доаѓа откако Трајковски се пријави да биде противкандидат на сегашниот претседател, Горан Мисоски, на внатрепартиските избори. Според Петковски, потегот на Владата не може да се оправда.

„Горан Мисовски е пратеник во Собранието, а Владата е со тенко мнозинство и евентуален конфликт со него би бил на штета на Владата. При тоа, Владата на некоректен начин ги обесхрабрува младите, образовани и успешни кадри. Конечно, крајно некритичниот однос на Владата кон раководствата на партиите што ја поддржуваат, кога станува збор за кадровскиот потенцијал, без сомнение, широко и ја отвара вратата на партократијата наместо на демократијата“, посочува Петковски.

Според него, на новото раководство на НСДП, во кое е Мисовски, не му требаат непријатели, самото ќе си ја растури партијата.

„Првиот потег што го повлече новоизбраното раководство на НСДП на Конгресот од 4 јуни беше барањето упатено до Владата на РСМ за разрешување на Кристијан Трајковски од функцијата генерален директор на Јавното претпријатие за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Не би имало ништо чудно во тој чин, доколку не станува збор за досегашниот генерален секретар на НСДП. Гревот на Кристијан Трајковски е што се јави како противкандидат на Горан Мисовски за претседател на партијата на неодамна одржаниот конгрес на НСДП. При тоа, во предлогот упатен до Владата, не се наведува ниту една причина за негово разрешување, ниту пак некоја забелешка на неговата работа како генерален директор на јавното претпријатие или како генерален секретар на партијата. Лична суета и чист реваншизам. Па, како тоа некој да се дрзне и да му се спротивстави и да му биде конкурент за местото претседател на партијата ,на ‘големиот народен трибун’ Горан Мисовски. За политичката култура и демократскиот капацитет на новоизбраното раководство на НСДП не сакам да говорам и тоа не е најважното во овој момент“, додава Петковски.

Тој е загрижен за штетата што и се прави на партијата.

„Пораката е јасна кој ќе му се спротивстави на претседателот на партија, мора да смета на вакви последици. Иронијата да биде поголема, станува збор за врвен демократски чин, избор на претседател на партија во услови на статутарни обврски за конкуренција, односно повеќе кандидати. Ваква штета на партијата и нема направено ниту една друга партија или друг фактор од надвор. Не е обична флоскула синтагмата – без внатрепартиска демократија, нема парламентарна демократија, ниту пак демократско општество. Иако, за ваквиот потег, новото раководство на партијата нема ниту едно рационално оправдување, уште помалку може да се оправда реакцијата на македонската Влада“, додава експретседателот на НСДП.

The post Петковски до Ковачевски: Тесно ви е мнозинството appeared first on Република.

]]>

Експретседателот на НСДП, Тито Петковски и се обрати на Владата и ѝ порача дека е со тенко мнозинство.
Ваквата реакција следува откако на седница пред два дена беше разрешен директорот на ПУИК, Кристијан Трајковски. Петковски е револтиран од потегот за разрешување на Владата, кој доаѓа откако Трајковски се пријави да биде противкандидат на сегашниот претседател, Горан Мисоски, на внатрепартиските избори. Според Петковски, потегот на Владата не може да се оправда. „Горан Мисовски е пратеник во Собранието, а Владата е со тенко мнозинство и евентуален конфликт со него би бил на штета на Владата. При тоа, Владата на некоректен начин ги обесхрабрува младите, образовани и успешни кадри. Конечно, крајно некритичниот однос на Владата кон раководствата на партиите што ја поддржуваат, кога станува збор за кадровскиот потенцијал, без сомнение, широко и ја отвара вратата на партократијата наместо на демократијата“, посочува Петковски. Според него, на новото раководство на НСДП, во кое е Мисовски, не му требаат непријатели, самото ќе си ја растури партијата. „Првиот потег што го повлече новоизбраното раководство на НСДП на Конгресот од 4 јуни беше барањето упатено до Владата на РСМ за разрешување на Кристијан Трајковски од функцијата генерален директор на Јавното претпријатие за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Не би имало ништо чудно во тој чин, доколку не станува збор за досегашниот генерален секретар на НСДП. Гревот на Кристијан Трајковски е што се јави како противкандидат на Горан Мисовски за претседател на партијата на неодамна одржаниот конгрес на НСДП. При тоа, во предлогот упатен до Владата, не се наведува ниту една причина за негово разрешување, ниту пак некоја забелешка на неговата работа како генерален директор на јавното претпријатие или како генерален секретар на партијата. Лична суета и чист реваншизам. Па, како тоа некој да се дрзне и да му се спротивстави и да му биде конкурент за местото претседател на партијата ,на ‘големиот народен трибун’ Горан Мисовски. За политичката култура и демократскиот капацитет на новоизбраното раководство на НСДП не сакам да говорам и тоа не е најважното во овој момент“, додава Петковски. Тој е загрижен за штетата што и се прави на партијата. „Пораката е јасна кој ќе му се спротивстави на претседателот на партија, мора да смета на вакви последици. Иронијата да биде поголема, станува збор за врвен демократски чин, избор на претседател на партија во услови на статутарни обврски за конкуренција, односно повеќе кандидати. Ваква штета на партијата и нема направено ниту една друга партија или друг фактор од надвор. Не е обична флоскула синтагмата – без внатрепартиска демократија, нема парламентарна демократија, ниту пак демократско општество. Иако, за ваквиот потег, новото раководство на партијата нема ниту едно рационално оправдување, уште помалку може да се оправда реакцијата на македонската Влада“, додава експретседателот на НСДП.                    

The post Петковски до Ковачевски: Тесно ви е мнозинството appeared first on Република.

]]>
Петковски: Со навреди и заклучување врати во Собрание нема демократија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovski-so-navredi-i-zakluchuvanje-vrati-vo-sobranie-nema-demokratija/ Thu, 26 May 2022 21:31:20 +0000 https://republika.mk/?p=507416

Поранешниот собраниски спикер Тито Петковски за Канал 5 вели дека затворањето на вратите во домот кој треба да е симбол на парламентарната демократија за да се пребројат пратениците е недозволиво и ниту еден деловник за работа според него, тоа не го оправдува.

https://youtu.be/E-QSV6YnqoQ

The post Петковски: Со навреди и заклучување врати во Собрание нема демократија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот собраниски спикер Тито Петковски за Канал 5 вели дека затворањето на вратите во домот кој треба да е симбол на парламентарната демократија за да се пребројат пратениците е недозволиво и ниту еден деловник за работа според него, тоа не го оправдува. https://youtu.be/E-QSV6YnqoQ

The post Петковски: Со навреди и заклучување врати во Собрание нема демократија appeared first on Република.

]]>
Горан Мисовски не сака внатрепартиски натпревар, сака само тој да биде претседател на НСДП, вели Петковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/goran-misovski-ne-saka-vnatrepartiski-natprevar-saka-samo-toj-da-bide-pretsedatel-na-nsdp-veli-petkovski/ Thu, 26 May 2022 12:36:24 +0000 https://republika.mk/?p=507257

Тито Петковски, во интервју за „Утрински брифинг“, изјави дека на самиот старт, со отворањето на постапката за избор на нови раководства, групата од десет членови на чело со Горан Мисовски и Соња Мираковска и сите останати функционери што се на листа на НСДП на сите државни функции, зазеле став дека на партијата не и требаат повеќе кандидати, што е спротивно на програмата на партијата.

Тука не станува збор за внатрепартиска демократија и натпревар со програми. Од самиот старт оваа група зазема став дека не треба да има повеќе кандидати и дека Горан Мисовски треба да биде единствен - вели Петковски.

Тој изрази жалење што младите сили на партијата нема да добијат шанса да ја претстават својата програма и ставови.

Според Пњтковски, Мисовски дури и одбил дуел со противкандидатот Кристијан Трајковски, што сега веќе не е можно.

The post Горан Мисовски не сака внатрепартиски натпревар, сака само тој да биде претседател на НСДП, вели Петковски appeared first on Република.

]]>

Тито Петковски, во интервју за „Утрински брифинг“, изјави дека на самиот старт, со отворањето на постапката за избор на нови раководства, групата од десет членови на чело со Горан Мисовски и Соња Мираковска и сите останати функционери што се на листа на НСДП на сите државни функции, зазеле став дека на партијата не и требаат повеќе кандидати, што е спротивно на програмата на партијата.
Тука не станува збор за внатрепартиска демократија и натпревар со програми. Од самиот старт оваа група зазема став дека не треба да има повеќе кандидати и дека Горан Мисовски треба да биде единствен - вели Петковски.
Тој изрази жалење што младите сили на партијата нема да добијат шанса да ја претстават својата програма и ставови. Според Пњтковски, Мисовски дури и одбил дуел со противкандидатот Кристијан Трајковски, што сега веќе не е можно.

The post Горан Мисовски не сака внатрепартиски натпревар, сака само тој да биде претседател на НСДП, вели Петковски appeared first on Република.

]]>
Мисовски смета дека Џафери е подобар и од Тито https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misovski-smeta-deka-dzaferi-e-podobar-i-od-tito/ Fri, 20 May 2022 13:15:43 +0000 https://republika.mk/?p=504837

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски од НСДП, за аудио снимката од која се слуша како собранискиот спикер Талат Џафери вика, пцуе и ги навредува собраниските службеници вели дека е политичка пресметка. Според него Џафери е најдобриот претседател што Собранието го имало досега.  Претседател на собранието беше и неговиот партиски лидер, Тито Петковски, чија позиција треба да ја преземе токму тој.ако еден период на таа функција беше и се` уште актуелниот претседател на неговата партија, Тито Петковски, за чиј наследник се подготвува.

Не се најде политичка партија од власта која го осуди однесувањето на собранискиот спикер. Нема дури ни коментар.

Опозициските партии, кои поведоа постапка во Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и предложија пратеници кои се подготвени да сведочат за однесувањето на Џафери,  денеска излегоа со нови обвинувања дека намерно не се закажува седницата на комисијата која треба да расправа за аудио снимката.

Пренџов тврди дека, за време на случката, во пленарната сала имало повеќе пратеници од власта и ги охрабрува да посведочат и тие за однесувањето на собранискиот претседател. Од  Џафери и неговиот кабинет не ја коментираат иницијативата на опозицијата за дисциплинска постапка против него, која се заснова на кршење на етичкиот кодекс на пратениците. Неколку дена по ред нема збор ниту за аудио снимката.

The post Мисовски смета дека Џафери е подобар и од Тито appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски од НСДП, за аудио снимката од која се слуша како собранискиот спикер Талат Џафери вика, пцуе и ги навредува собраниските службеници вели дека е политичка пресметка. Според него Џафери е најдобриот претседател што Собранието го имало досега.  Претседател на собранието беше и неговиот партиски лидер, Тито Петковски, чија позиција треба да ја преземе токму тој.ако еден период на таа функција беше и се` уште актуелниот претседател на неговата партија, Тито Петковски, за чиј наследник се подготвува. Не се најде политичка партија од власта која го осуди однесувањето на собранискиот спикер. Нема дури ни коментар. Опозициските партии, кои поведоа постапка во Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и предложија пратеници кои се подготвени да сведочат за однесувањето на Џафери,  денеска излегоа со нови обвинувања дека намерно не се закажува седницата на комисијата која треба да расправа за аудио снимката. Пренџов тврди дека, за време на случката, во пленарната сала имало повеќе пратеници од власта и ги охрабрува да посведочат и тие за однесувањето на собранискиот претседател. Од  Џафери и неговиот кабинет не ја коментираат иницијативата на опозицијата за дисциплинска постапка против него, која се заснова на кршење на етичкиот кодекс на пратениците. Неколку дена по ред нема збор ниту за аудио снимката.

The post Мисовски смета дека Џафери е подобар и од Тито appeared first on Република.

]]>
Петковски: Не давам поддршка за еден кандидат и без програма! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovski-ne-davam-poddrshka-za-eden-kandidat-i-bez-programa/ Sat, 14 May 2022 16:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=502270

За еден кандидат не давам поддршка, бидејќи тоа се коси со моите принципи за сфаќања на демократијата и со принципот на конкурентност, вели за Фокус Тито Петковски, се уште актуелен лидер на НСДП, која моментално одржува Централен одбор за утврдување на кандидатурите за нов партиски лидер.

Инаку, единствен кандидат што доставил програма е Кристијан Трајковски, додека 10 членови на Извршниот одбор застанаа зад Горан Мисовски, но, според досегашните информации, тој не доставил програма.

The post Петковски: Не давам поддршка за еден кандидат и без програма! appeared first on Република.

]]>

За еден кандидат не давам поддршка, бидејќи тоа се коси со моите принципи за сфаќања на демократијата и со принципот на конкурентност, вели за Фокус Тито Петковски, се уште актуелен лидер на НСДП, која моментално одржува Централен одбор за утврдување на кандидатурите за нов партиски лидер. Инаку, единствен кандидат што доставил програма е Кристијан Трајковски, додека 10 членови на Извршниот одбор застанаа зад Горан Мисовски, но, според досегашните информации, тој не доставил програма.

The post Петковски: Не давам поддршка за еден кандидат и без програма! appeared first on Република.

]]>
Петковски: Изборот на Мисовски е надвор од Статутот, за лидер на НСДП има 10 кандидати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovski-izborot-na-misovski-e-nadvor-od-statutot-za-lider-na-nsdp-ima-10-kandidati/ Thu, 12 May 2022 13:02:55 +0000 https://republika.mk/?p=501530

Одлуката на Одборот за подготовка на петтиот конгрес на Новата социјалдемократска партија (НСДП) на вчерашната седница од која до медиумите беше испратена информација дека единствен кандидат за претседател кој се очекува да биде избран на партискиот конгрес на 4 јуни е Горан Мисовски, е надвор од Статутот и е донесена во мое отсуство, откако јас ја затворив седницата и заминав, вели Тито Петковски за Нова, лидерот на НСДП, кој 17 години ја водеше партијата и неодамна на Централниот одбор најави дека се повлекува од претседателската функција по што почна постапка за избор на нов претседател.

Тој вели дека за лидерската позиција на НСДП од општинските организации пристигнале предлози за десет кандидати и дека на синоќешната седница на одборот за подготовка на конгресот не било договорено Мисовски да биде единствен кандидат. Напротив, расправата требало да продолжи на Централниот одбор, кој е највисок партиски орган и кој треба да одржи седница в сабота.

На седницата на Одборот за подготовка на петтиот конгрес, според Статутот, ние имаме обврска само да предлагаме, но не и да утврдуваме кандидати. Тоа што како информација е испратено од седницата дека Горан Мисовски е единствен кандидат не се случи додека јас бев на седницата. Со оглед на тоа што се разви дебата, се договоривме таа да продолжи во сабота на седницата на Централниот одбор. Изненаден сум од оваа постапка на моите партиски соработници, изјави Петковски.

The post Петковски: Изборот на Мисовски е надвор од Статутот, за лидер на НСДП има 10 кандидати appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Одборот за подготовка на петтиот конгрес на Новата социјалдемократска партија (НСДП) на вчерашната седница од која до медиумите беше испратена информација дека единствен кандидат за претседател кој се очекува да биде избран на партискиот конгрес на 4 јуни е Горан Мисовски, е надвор од Статутот и е донесена во мое отсуство, откако јас ја затворив седницата и заминав, вели Тито Петковски за Нова, лидерот на НСДП, кој 17 години ја водеше партијата и неодамна на Централниот одбор најави дека се повлекува од претседателската функција по што почна постапка за избор на нов претседател. Тој вели дека за лидерската позиција на НСДП од општинските организации пристигнале предлози за десет кандидати и дека на синоќешната седница на одборот за подготовка на конгресот не било договорено Мисовски да биде единствен кандидат. Напротив, расправата требало да продолжи на Централниот одбор, кој е највисок партиски орган и кој треба да одржи седница в сабота.
На седницата на Одборот за подготовка на петтиот конгрес, според Статутот, ние имаме обврска само да предлагаме, но не и да утврдуваме кандидати. Тоа што како информација е испратено од седницата дека Горан Мисовски е единствен кандидат не се случи додека јас бев на седницата. Со оглед на тоа што се разви дебата, се договоривме таа да продолжи во сабота на седницата на Централниот одбор. Изненаден сум од оваа постапка на моите партиски соработници, изјави Петковски.
 
The post Петковски: Изборот на Мисовски е надвор од Статутот, за лидер на НСДП има 10 кандидати appeared first on Република.

]]>
Петковски: Пораката од Битола е јасна – признајте дека сте Бугари, па ќе ви дозволиме да почнете преговори со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovski-porakata-od-bitola-e-jasna-priznajte-deka-ste-bugari-pa-kje-vi-dozvolime-da-pochnete-pregovori-so-eu/ Mon, 18 Apr 2022 06:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=489748

И на најголемите оптимисти веќе им станува јасно дека по реинкарнацијата на фашизмот од страна на бугарскиот државен врв во Битола, Македонија нема да влезе во ЕУ. Може, ама не како Македонци со македонски јазик и не како антифашисти во Втората светска војна. Вака претседателот на НСДП Тито Петковски го коментира отворањето на бугарскиот клуб во Битола.

Бугарија отворено ја уништува нашата и иднината на нашите деца. Подготвен сум да тврдам дека Бугарија води отворена економска војна со Македонија. Од изминатите 16 години откако добивме кандидатски статус, само од првата бугарска блокада до денес, Македонија изгуби над 250 милиони европски пари, по разни основи, кои можеше да се вградат во нашиот развој.
Мора конечно да сфатиме дека државата е соочена со многу моќен непријател, згора и членка на ЕУ. Како не сфаќаме дека пораката од Битола е јасна и недводмислена, признајте дека сте Бугари, па ќе ви дозволиме да почнете преговори со ЕУ. Тие сакаат да преговараме за тоа дали постоијат Македонци и македонски јазик. И воопшто не треба да чекаме да поминат шесте месеци ветени од новиот бугарски премиер. Проблемот може да се реши уште утре, доколку признаеме дека нема Македонци и македонски јазик, вели Петковски.

Навистина не ми е јасно, додаа тој, што уште треба да направиме за да ги почнеме преговорите со ЕУ, со некој кој отворено ти вика дека не постоиш?

Овде не станува збор за некакви европски стандарди, туку класично изживување на земја членка на ЕУ врз друга земја што сака да стане членка на ЕУ.
Зарем се она што ни се случува деновиве не е доволен силен аларм за будење на партиите од безскрупулозната борба за власт.
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да престанат со меѓусебните обвинувања за бугарското вето да седнат како одговорни партии (доколку тоа воопшто се) и да дефинираат државна стратегија како да излеземе од овој ќор сокак, па макар ги прекинале преговорите и се откажале од членство во ЕУ.
Одлуката за стратешките прашања мора да ја донесат заеднички партиите од власта и опозицијата.
Многу е неодговорно, како политички така и човечки, бугарското вето да биде тема со која ќе се добива или губи власта, порача Петковски.

The post Петковски: Пораката од Битола е јасна – признајте дека сте Бугари, па ќе ви дозволиме да почнете преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>

И на најголемите оптимисти веќе им станува јасно дека по реинкарнацијата на фашизмот од страна на бугарскиот државен врв во Битола, Македонија нема да влезе во ЕУ. Може, ама не како Македонци со македонски јазик и не како антифашисти во Втората светска војна. Вака претседателот на НСДП Тито Петковски го коментира отворањето на бугарскиот клуб во Битола.
Бугарија отворено ја уништува нашата и иднината на нашите деца. Подготвен сум да тврдам дека Бугарија води отворена економска војна со Македонија. Од изминатите 16 години откако добивме кандидатски статус, само од првата бугарска блокада до денес, Македонија изгуби над 250 милиони европски пари, по разни основи, кои можеше да се вградат во нашиот развој. Мора конечно да сфатиме дека државата е соочена со многу моќен непријател, згора и членка на ЕУ. Како не сфаќаме дека пораката од Битола е јасна и недводмислена, признајте дека сте Бугари, па ќе ви дозволиме да почнете преговори со ЕУ. Тие сакаат да преговараме за тоа дали постоијат Македонци и македонски јазик. И воопшто не треба да чекаме да поминат шесте месеци ветени од новиот бугарски премиер. Проблемот може да се реши уште утре, доколку признаеме дека нема Македонци и македонски јазик, вели Петковски.
Навистина не ми е јасно, додаа тој, што уште треба да направиме за да ги почнеме преговорите со ЕУ, со некој кој отворено ти вика дека не постоиш?
Овде не станува збор за некакви европски стандарди, туку класично изживување на земја членка на ЕУ врз друга земја што сака да стане членка на ЕУ. Зарем се она што ни се случува деновиве не е доволен силен аларм за будење на партиите од безскрупулозната борба за власт. СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да престанат со меѓусебните обвинувања за бугарското вето да седнат како одговорни партии (доколку тоа воопшто се) и да дефинираат државна стратегија како да излеземе од овој ќор сокак, па макар ги прекинале преговорите и се откажале од членство во ЕУ. Одлуката за стратешките прашања мора да ја донесат заеднички партиите од власта и опозицијата. Многу е неодговорно, како политички така и човечки, бугарското вето да биде тема со која ќе се добива или губи власта, порача Петковски.

The post Петковски: Пораката од Битола е јасна – признајте дека сте Бугари, па ќе ви дозволиме да почнете преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Tито Петковски се повлекува од лидерското место во НСДП, но не и од политиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tito-petkovski-se-povlekuva-od-liderskoto-mesto-vo-nsdp-no-ne-i-od-politikata/ Wed, 13 Apr 2022 18:06:21 +0000 https://republika.mk/?p=488070

Лидерот на НСДП, Тито Петковски попладнево информира дека нема да се кандидира за нов претседателски мандат во партијата.

На 4 јуни е закажан петти редовен Конгрес на партијата, а јас одлучив да не се кандидирам за претседател. Не се повлекувам, рече Петковски во изјава за „Локално“.

Според него, тој остава простор, помладите да ја превземат одговорноста за водење на партијата.

Петковски е поранешен потпретседател на Собранието на РМ во првиот парламентарен состав, пратеник во трите претходни парламентарни состави, а од 1996 година до третите парламентарни избори и претседател на Собранието на РМ.

НСДП во Собранието е претставена од двајца пратеници, Горан Мисовски и Соња Мираковска.

The post Tито Петковски се повлекува од лидерското место во НСДП, но не и од политиката appeared first on Република.

]]>

Лидерот на НСДП, Тито Петковски попладнево информира дека нема да се кандидира за нов претседателски мандат во партијата. На 4 јуни е закажан петти редовен Конгрес на партијата, а јас одлучив да не се кандидирам за претседател. Не се повлекувам, рече Петковски во изјава за „Локално“. Според него, тој остава простор, помладите да ја превземат одговорноста за водење на партијата. Петковски е поранешен потпретседател на Собранието на РМ во првиот парламентарен состав, пратеник во трите претходни парламентарни состави, а од 1996 година до третите парламентарни избори и претседател на Собранието на РМ. НСДП во Собранието е претставена од двајца пратеници, Горан Мисовски и Соња Мираковска.

The post Tито Петковски се повлекува од лидерското место во НСДП, но не и од политиката appeared first on Република.

]]>
Петковски: Сите знаеја дека ќе има војна, само Украина не https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovski-site-znaeja-deka-kje-ima-vojna-samo-ukraina-ne/ Thu, 24 Mar 2022 20:35:17 +0000 https://republika.mk/?p=477965

Никој не може да предвиди колку ќе трае војната. Не знам какви беа плановите на Путин, но претпоставувам не планирал долго да се задржи во Украина, најавувајќи на почетокот кои се целите на руските сили. Дури и сериозна опасна закана упати кон НАТО да не се мешаат. Аналитичарите сметаа дека може да употреби и нуклеарно оружје. Клучно прашање беше Русија да има тампон зона со НАТО и исклучување на Украина од Алијансата, изјави лидерот на НСДП, Тито Петковски во емисијата „Само вистина“.

И ние долго време бевме кандидати за НАТО, изјави меѓу другото Петковски во гостувањето.

Идејата на НАТО за проширување до руските граници е стара. Клучниот проблем за оваа човечка катастрофа се должи и исклучиво на различните сфаќања и теории што е тоа безбедност. Русија мислеше дека безбедноста е да не се дојде до нејзините граници, а НАТО смета дека безбедност за земјите членки е да бидат што поблиску до најголемиот непријател или конкурент. Најтрагично е што САД, ЕУ и Русија знаеја за војната, а само Украина не знаеше.

The post Петковски: Сите знаеја дека ќе има војна, само Украина не appeared first on Република.

Петковски: Бугарија беше и останува голем непријател на Македонија и Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovski-bugarija-beshe-i-ostanuva-golem-neprijatel-na-makedonija-i-makedoncite/ Thu, 06 Jan 2022 15:44:50 +0000 https://republika.mk/?p=441368

Национал-шовинистичките изјави на Румен Радев, на Слави Трифонов и сличните на нив бугарски политичари, само потврдуваат дека Бугарија беше и останува голем и засега единствен отворен непријател на Македонија и Македонците, напиша на „Фејсбук“ лидерот на НСДП, Тито Петковски.

Ако се има во вид дека овие пораки од Бугарија доаѓаат само ден пред најголемиот христијански празник Божиќ, станува јасно дека се работи за луѓе без основни морални скрупули. Ако вака се однесуваат кон „братска Република Cеверна Македонија“, како што вели Румен Радев, како ли се однесуваат кон оние, кои не им се браќа?, напиша Петковски.

The post Петковски: Бугарија беше и останува голем непријател на Македонија и Македонците appeared first on Република.