Тито и Сталин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tito-i-stalin/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Feb 2024 20:24:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тито и Сталин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tito-i-stalin/ 32 32 Обелоденето писмото на Тито за Сталин: На Черчил и Англичаните не можеме да сметаме за помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/obelodeneto-pismoto-na-tito-za-stalin-na-cherchil-i-anglichanite-ne-mozheme-da-smetame-za-pomosh/ Wed, 07 Feb 2024 20:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=741476

Објавено е писмо од Јосип Броз Тито упатено до Јосиф Сталин на 5 јули 1944 година, во кое тој бара помош за што поскоро решавање на српското прашање за цврсто да ја преземе власта во цела Југославија. Во писмото Тито не ги споменал страдањата на Србите во НДХ и Јасеновац

Една година претходно, на конференцијата во Техеран, Сталин ја подели сферата на влијание во Југославија на половина со британскиот премиер Винстон Черчил. Во средината на јуни 1944 година, тоа доведе до договор меѓу Тито и Иван Шубашиќ, претседателот на југословенската кралска влада во Лондон. Сепак, Броз ја сакаше целата моќ за себе, а неговата главна задача била да го убеди Сталин да му помогне.

https://republika.mk/vesti/balkan/misterija-koja-trae-povekje-od-50-godini-dali-tito-narachal-stalin-da-bide-ubien/

– Ни треба многу повеќе оружје и храна отколку што ни испратија сојузниците досега. Овие потреби растат со растот на нашата армија и уште повеќе затоа што илјадници доброволци чекаат да ги вооружиме, особено во Србија. Со оглед на политиката на Англичаните кон Србија, каде што на секој начин се обидуваат да ги зајакнат позициите на приврзаниците на кралот, односно четниците, и да ја ослабат нашата позиција, не можеме да сметаме на нивната значајна помош. Тука ќе ни треба вашата помош за да можеме што поскоро да го решиме прашањето за Србија, што за нас е многу важно бидејќи од тоа зависи конечниот успех во создавањето на демократска федеративна Југославија - наведува Тито во писмото, кое кај Сталин го однел  шефот на советската воена мисија во Југославија, генерал Николај Корнејев.

The post Обелоденето писмото на Тито за Сталин: На Черчил и Англичаните не можеме да сметаме за помош appeared first on Република.

]]>

Објавено е писмо од Јосип Броз Тито упатено до Јосиф Сталин на 5 јули 1944 година, во кое тој бара помош за што поскоро решавање на српското прашање за цврсто да ја преземе власта во цела Југославија. Во писмото Тито не ги споменал страдањата на Србите во НДХ и Јасеновац Една година претходно, на конференцијата во Техеран, Сталин ја подели сферата на влијание во Југославија на половина со британскиот премиер Винстон Черчил. Во средината на јуни 1944 година, тоа доведе до договор меѓу Тито и Иван Шубашиќ, претседателот на југословенската кралска влада во Лондон. Сепак, Броз ја сакаше целата моќ за себе, а неговата главна задача била да го убеди Сталин да му помогне. https://republika.mk/vesti/balkan/misterija-koja-trae-povekje-od-50-godini-dali-tito-narachal-stalin-da-bide-ubien/
– Ни треба многу повеќе оружје и храна отколку што ни испратија сојузниците досега. Овие потреби растат со растот на нашата армија и уште повеќе затоа што илјадници доброволци чекаат да ги вооружиме, особено во Србија. Со оглед на политиката на Англичаните кон Србија, каде што на секој начин се обидуваат да ги зајакнат позициите на приврзаниците на кралот, односно четниците, и да ја ослабат нашата позиција, не можеме да сметаме на нивната значајна помош. Тука ќе ни треба вашата помош за да можеме што поскоро да го решиме прашањето за Србија, што за нас е многу важно бидејќи од тоа зависи конечниот успех во создавањето на демократска федеративна Југославија - наведува Тито во писмото, кое кај Сталин го однел  шефот на советската воена мисија во Југославија, генерал Николај Корнејев.

The post Обелоденето писмото на Тито за Сталин: На Черчил и Англичаните не можеме да сметаме за помош appeared first on Република.

]]>
Мистерија која трае повеќе од 50 години: Дали Тито нарачал Сталин да биде убиен? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/misterija-koja-trae-povekje-od-50-godini-dali-tito-narachal-stalin-da-bide-ubien/ Thu, 05 May 2022 07:05:17 +0000 https://republika.mk/?p=497811

Кога на 5 март 1953 година почина лидерот на СССР, Јосиф Сталин, во неговата канцеларија беше пронајдено писмо напишано од југословенскиот лидер Јосип Броз Тито. Двајцата водачи беа лути непријатели откако Тито ја искористи Втората светска војна како можност да предизвика револуција и да ја направи Југославија независна од советското влијание.

Комбинацијата на гордост, страв и љубомора го поттикна Сталин да се обиде да го убие Тито - а во годините по војната беа направени дури 22 обиди за атентат. Во писмото на Тито во канцеларијата на Сталин пишуваше:

Престанете да испраќате луѓе да ме убијат. Веќе фативме пет од нив, едниот со бомба, а другиот со пушка... Ако не престанете да испраќате убијци, едниот ќе го испратам во Москва, а другиот нема да морам да го испратам“

Историчарот Јоже Пирјавец во својата книга презентира претежно индиректни докази кои ја поддржуваат теоријата за труење. Најважно, сепак, тој ги користеше архивите на поранешна Југославија што многу историчари ги игнорираа. Тој сугерира дека Тито знаел дека Сталин нема да запре додека обидот за атентат на крајот не биде успешен

The post Мистерија која трае повеќе од 50 години: Дали Тито нарачал Сталин да биде убиен? appeared first on Република.

]]>

Кога на 5 март 1953 година почина лидерот на СССР, Јосиф Сталин, во неговата канцеларија беше пронајдено писмо напишано од југословенскиот лидер Јосип Броз Тито. Двајцата водачи беа лути непријатели откако Тито ја искористи Втората светска војна како можност да предизвика револуција и да ја направи Југославија независна од советското влијание. Комбинацијата на гордост, страв и љубомора го поттикна Сталин да се обиде да го убие Тито - а во годините по војната беа направени дури 22 обиди за атентат. Во писмото на Тито во канцеларијата на Сталин пишуваше: