Титаник 2 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/titanik-2/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Mar 2023 09:33:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Титаник 2 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/titanik-2/ 32 32 Застаре делото во случајот „Титаник 2“ за Сашо Мијалков!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zastare-deloto-vo-sluchajot-titanik-2-za-sasho-mijalkov/ Tue, 28 Mar 2023 09:33:54 +0000 https://republika.mk/?p=624583

Како што неславно започна, така уште понеславно привршува предметот „Титаник 2“, кој се однесуваше на прегласувањето во Струмица на изборите во 2013 година, пишува „Плусинфо“, потсетувајќи дека поминаа точно 10 години од телефонскиот разговор меѓу Мијалков и Тачи и со тоа настапи апсолутна застареност на Кривичното дело за кое се гони Мијалков.

Синоќа, околу полноќ истекоа точно десет години од моментот кога, според СЈО, е извршен спорниот разговор на Мијалков, односно од моментот кога е извршено делото, пишува порталот.

Кривичниот законик, кој во Глава 10 ја третира застареноста на делата, во член 107 предвидува дека едно дело за кое е запретена казна затвор над 3 години, не може да се гони доколку поминат 5 години од извршувањето. Овој член е важен, поради тоа што во следниот член 108, кој се однесува на текот и прекинот на застарувањето на кривичното гонење, децидно се вели:

„Застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на кривичното гонење“.

Тоа практично значи дека за ова дело, за кое можноста за кривично гонење застарува за 5 години, апсолутната застареност настапува за 10 години. За Мијалков таа настапила вчера. На Апелациониот суд не му останува ништо друго освен да констатира дека по закон делото за Мијалков е застарено.

Некој во Апелација повторно го злоупотребува угледот на судот и пушта попладневни покани за медиуми, пишува „Плусинфо“.

Вчера доцна попладнето на интернет страницата на Апелациониот суд Скопје, осамна несекојдневно соопштение, во кое што судот ја кани јавноста на јавна седница.

Целата сторија на „Плусинфо

The post Застаре делото во случајот „Титаник 2“ за Сашо Мијалков!? appeared first on Република.

]]>

Како што неславно започна, така уште понеславно привршува предметот „Титаник 2“, кој се однесуваше на прегласувањето во Струмица на изборите во 2013 година, пишува „Плусинфо“, потсетувајќи дека поминаа точно 10 години од телефонскиот разговор меѓу Мијалков и Тачи и со тоа настапи апсолутна застареност на Кривичното дело за кое се гони Мијалков. Синоќа, околу полноќ истекоа точно десет години од моментот кога, според СЈО, е извршен спорниот разговор на Мијалков, односно од моментот кога е извршено делото, пишува порталот. Кривичниот законик, кој во Глава 10 ја третира застареноста на делата, во член 107 предвидува дека едно дело за кое е запретена казна затвор над 3 години, не може да се гони доколку поминат 5 години од извршувањето. Овој член е важен, поради тоа што во следниот член 108, кој се однесува на текот и прекинот на застарувањето на кривичното гонење, децидно се вели:
„Застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на кривичното гонење“.
Тоа практично значи дека за ова дело, за кое можноста за кривично гонење застарува за 5 години, апсолутната застареност настапува за 10 години. За Мијалков таа настапила вчера. На Апелациониот суд не му останува ништо друго освен да констатира дека по закон делото за Мијалков е застарено. Некој во Апелација повторно го злоупотребува угледот на судот и пушта попладневни покани за медиуми, пишува „Плусинфо“. Вчера доцна попладнето на интернет страницата на Апелациониот суд Скопје, осамна несекојдневно соопштение, во кое што судот ја кани јавноста на јавна седница. Целата сторија на „Плусинфо

The post Застаре делото во случајот „Титаник 2“ за Сашо Мијалков!? appeared first on Република.

]]>
Судијата Ставрев ја изготвил пресудата за „Титаник 2“ пред да почине https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudijata-stavrev-ja-izgotvil-presudata-za-titanik-2-pred-da-pochine/ Tue, 14 Feb 2023 14:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=608967

Пресудата за случајот „Титаник 2“ била меѓу последните што ја потпишал судијата Огнен Ставрев, кој по кратко боледување почина на 5 февруари.

Ставрев беше претседател на судечкиот совет во Основниот кривичен суд Скопје кој на 23 јануари годинава во овој предмет изрече двегодишни затворски казни за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешни членови на Државната изборна комисија (ДИК).

Пресудата во моментов е во фаза на доставување до странките.

Судијата постапуваше и како претседател на совет во предметот ’Титаник 2‘, предмет кој е завршен со првостепена пресуда која е писмено изработена и во фаза на достава до странките, велат од судот за „360 степени“.

The post Судијата Ставрев ја изготвил пресудата за „Титаник 2“ пред да почине appeared first on Република.

]]>

Пресудата за случајот „Титаник 2“ била меѓу последните што ја потпишал судијата Огнен Ставрев, кој по кратко боледување почина на 5 февруари. Ставрев беше претседател на судечкиот совет во Основниот кривичен суд Скопје кој на 23 јануари годинава во овој предмет изрече двегодишни затворски казни за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешни членови на Државната изборна комисија (ДИК). Пресудата во моментов е во фаза на доставување до странките.
Судијата постапуваше и како претседател на совет во предметот ’Титаник 2‘, предмет кој е завршен со првостепена пресуда која е писмено изработена и во фаза на достава до странките, велат од судот за „360 степени“.

The post Судијата Ставрев ја изготвил пресудата за „Титаник 2“ пред да почине appeared first on Република.

]]>
Шврговски: Пресудата за Мијалков ќе ја доживее истата судбина како и претходната https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shvrgovski-presudata-za-mijalkov-ke-ja-dozhivee-istata-sudbina-kako-i-prethodnata/ Tue, 24 Jan 2023 00:41:22 +0000 https://republika.mk/?p=600219

Адвокатот на Сашо Мијалков Љупчо Шврговски по новата осудителна пресуда за неговиот клиент со казна затвор од 2 години предвиде дека ќе ја доживее истата судбина како претхдната која беше укината од апелација.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mijalkov-i-tachi-dobija-po-dve-godini-zatvor-za-titanik-2/

Тој смета дека не се испочитувани ниту едно од упатствата дадени од повисокиот суд а кои беа причина предметот да се врати на ново судење.

Законот вика дека одлуката на Управниот суд, правосилната одлука има сила на закон. Како може вие со обвинение да дерогирате одлука на Управен суд, а притоа не сте докажале надвор од разумно сомнение дека одлуката на Управниот суд е сторена со кривично дело од страна на судиите коишто одлучуваат. Ако ја следите хронологијата на настаните ќе видите дека до сега ниту едно единствено рочиште не е одложено по барање на одбраната или одбраната била причина или обвинетите за одлагање на овој предмет. Видете во колку наврати овој предмет е одлаган по 3-4 месеци и од кого е одлаган, дали одбраната е виновна за тоа или некој друг. Сепак ќе треба судскиот совет да го разгледа овој предмет за да види која е причината што овој предмет трае толку долго. Затоа тоа е надвор од памет дека ние сакаме или купуваме време. Тука нема дело. Самата пресуда на Аплеациониот суд јасно кажува дека тука нема дело за ниту еден од обвинетите – вели Шврговски.

Сашо Мијалков е осуден на две годишна затворска казна од страна на кривичнот суд на која обвинитеството нема да се жали.

Оваа казна е за една година помала од претходно изречената.

The post Шврговски: Пресудата за Мијалков ќе ја доживее истата судбина како и претходната appeared first on Република.

]]>

Адвокатот на Сашо Мијалков Љупчо Шврговски по новата осудителна пресуда за неговиот клиент со казна затвор од 2 години предвиде дека ќе ја доживее истата судбина како претхдната која беше укината од апелација. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mijalkov-i-tachi-dobija-po-dve-godini-zatvor-za-titanik-2/ Тој смета дека не се испочитувани ниту едно од упатствата дадени од повисокиот суд а кои беа причина предметот да се врати на ново судење.
Законот вика дека одлуката на Управниот суд, правосилната одлука има сила на закон. Како може вие со обвинение да дерогирате одлука на Управен суд, а притоа не сте докажале надвор од разумно сомнение дека одлуката на Управниот суд е сторена со кривично дело од страна на судиите коишто одлучуваат. Ако ја следите хронологијата на настаните ќе видите дека до сега ниту едно единствено рочиште не е одложено по барање на одбраната или одбраната била причина или обвинетите за одлагање на овој предмет. Видете во колку наврати овој предмет е одлаган по 3-4 месеци и од кого е одлаган, дали одбраната е виновна за тоа или некој друг. Сепак ќе треба судскиот совет да го разгледа овој предмет за да види која е причината што овој предмет трае толку долго. Затоа тоа е надвор од памет дека ние сакаме или купуваме време. Тука нема дело. Самата пресуда на Аплеациониот суд јасно кажува дека тука нема дело за ниту еден од обвинетите – вели Шврговски.
Сашо Мијалков е осуден на две годишна затворска казна од страна на кривичнот суд на која обвинитеството нема да се жали. Оваа казна е за една година помала од претходно изречената.

The post Шврговски: Пресудата за Мијалков ќе ја доживее истата судбина како и претходната appeared first on Република.

]]>
Вкупно 12 години затвор за обвинетите во повторената постапка за „Титаник 2“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vkupno-12-godini-zatvor-za-obvinetite-vo-povtorenata-postapka-za-titanik-2/ Mon, 23 Jan 2023 13:50:45 +0000 https://republika.mk/?p=600040

Основниот кривичен суд ги прогласи за виновни и им изрече вкупна казна од 12 години затвор на обвинетите во повторената постапка за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Општина Струмица.

Судијата Огнен Ставрев, во името на граѓаните на Македонија, обвинетите ги прогласи за виновни, порачувајќи дека Судот е на мислење дека „никогаш и никаде не смее и не може неправото да биде над правото и правниот систем и никој поединец или група не смее да биде над правото, законите и Уставот на државата, во спротивно би се работело за т.н. заробена држава“.

Суштината е дека обвинетите направиле директна повреда на изборниот процес, злоупотребувајќи ја демократијата и волјата на граѓаните во интерес на своите партиски интереси, со директна и умислена повреда на правните норми од Изборниот законик, изјави Ставрев.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за стореното кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ судот го осуди на казна затвор во траење од две години, во која се пресметува и времето поминато во притвор.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“ судот го осуди на казна затвор од две години.

На поранешните членови на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, судот за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“, им изрече казна затвор од по две години.

Основниот кривичен суд во Скопје на 8 март 2019 година на обвинетите во случајот „Титаник 2“ им изрече вкупно 19 години и осум месеци казна затвор, но Апелациониот суд Скопје во ноември 2019 година, поради суштествени повреди на постапката, ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно одлучување.

The post Вкупно 12 години затвор за обвинетите во повторената постапка за „Титаник 2“ appeared first on Република.

]]>

Основниот кривичен суд ги прогласи за виновни и им изрече вкупна казна од 12 години затвор на обвинетите во повторената постапка за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Општина Струмица. Судијата Огнен Ставрев, во името на граѓаните на Македонија, обвинетите ги прогласи за виновни, порачувајќи дека Судот е на мислење дека „никогаш и никаде не смее и не може неправото да биде над правото и правниот систем и никој поединец или група не смее да биде над правото, законите и Уставот на државата, во спротивно би се работело за т.н. заробена држава“.
Суштината е дека обвинетите направиле директна повреда на изборниот процес, злоупотребувајќи ја демократијата и волјата на граѓаните во интерес на своите партиски интереси, со директна и умислена повреда на правните норми од Изборниот законик, изјави Ставрев.
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за стореното кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ судот го осуди на казна затвор во траење од две години, во која се пресметува и времето поминато во притвор. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“ судот го осуди на казна затвор од две години. На поранешните членови на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, судот за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“, им изрече казна затвор од по две години. Основниот кривичен суд во Скопје на 8 март 2019 година на обвинетите во случајот „Титаник 2“ им изрече вкупно 19 години и осум месеци казна затвор, но Апелациониот суд Скопје во ноември 2019 година, поради суштествени повреди на постапката, ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно одлучување.

The post Вкупно 12 години затвор за обвинетите во повторената постапка за „Титаник 2“ appeared first on Република.

]]>
Мијалков и Тачи добија по две години затвор за „Титаник 2“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mijalkov-i-tachi-dobija-po-dve-godini-zatvor-za-titanik-2/ Mon, 23 Jan 2023 12:28:59 +0000 https://republika.mk/?p=599988

Мендух Тачи и Сашо Мијалков се виновни за случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности, одлучи денеска Кривичниот суд – Скопје.

Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново го пресудија предметот „Титаник 2“ кој се однесува на изборни нерегуларности сторени на изборите во 2013 година.

Судот ги ценел сите олеснителни и отежителни околности и ги огласи сите осомничени за виновни.

Лидерот на ДПА е осуден на затворска казна во траење од две години, додека пак поранешниот директор на УБК исто така доби две години затвор.

The post Мијалков и Тачи добија по две години затвор за „Титаник 2“ appeared first on Република.

]]>

Мендух Тачи и Сашо Мијалков се виновни за случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности, одлучи денеска Кривичниот суд – Скопје. Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново го пресудија предметот „Титаник 2“ кој се однесува на изборни нерегуларности сторени на изборите во 2013 година. Судот ги ценел сите олеснителни и отежителни околности и ги огласи сите осомничени за виновни. Лидерот на ДПА е осуден на затворска казна во траење од две години, додека пак поранешниот директор на УБК исто така доби две години затвор.

The post Мијалков и Тачи добија по две години затвор за „Титаник 2“ appeared first on Република.

]]>
В понеделник пресуда за „Титаник 2“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/v-ponedelnik-presuda-za-titanik-2/ Tue, 17 Jan 2023 21:50:32 +0000 https://republika.mk/?p=598048

Кривичниот суд – Скопје в понеделник треба да ја објави првостепената пресудата за случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности за кои се обвинети поранешниот директор на УЈБ, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и поранешни членови на Државната изборна комисија.

Ова ќе биде втора првостепена пресуда за „Титаник 2“, откако Кривичниот суд во 2019 година ги осуди обвинетите, но во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

Обвинителот во процесот Гаврил Бубевски на денеѓниот судски процес побара Мијалков, Тачи и поранешните членови на ДИК да бидат прогласени за виновни во случајот „Титаник 2“.

Обвинителот како отежнувачки околности за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ги посочи степенот на кривична одговорност, побудите зошто го сторил кривичното дело, фактот што против него се водат други кривични осуди, како и тоа што има правосилна пресуда, а како олеснителни неговото културно однесување и почитувањето на судот.

За Тачи, Бубевски посочи дека Судот треба да ги цени ако отежнувачка околност директната умисла за поттикнување и околностите во кои е сторено делото, но, од друга страна, треба да се акцентира неговото почитување на Судот и на Обвинителството.

За поранешните членови на ДИК, како олеснителна околност Бубевски посочи дека не се водат други постапки и не се осудувани, а злоупотребата на нивното знаење и незаконитостите што ги правеле пред очите на јавноста, според него, се отежнувачки околности.

Бубевски побара секој од обвинетите да одговара според степенот на кривичното дело.

Адвокатот на Мијалков, Миле Петровски побара неговиот клиент, како и другите обвинети да бидат ослободени од обвинение. Според него, нема никаков доказ дека Мијалков го сторил делото кое му се става на товар, а тврдењето дека тој го користел своето влијание е конструкција, а не факт потврден со докази.


Вториот бранител на Мијалков, Љупчо Шврговски, изјави дека очекувал Бубевски да го повлече обвинението, бидејќи, според него, обвинителот не треба да ја преиспитува работата на судиите.

– Треба да си ја признае грешката и да го повлече обвинението или вие да донесете ослободителна пресуда. Јас мислев дека јавниот обвинител ќе го направи тоа, но сметам дека вие ќе го направите тоа ќе донесете законита одлука, им порача Шврговски на судијата во процесот Огнен Ставрев.

Обвинетите поранешни членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска негираа вина за изборни нерегуларности до 2013 година. Сите во своите завршни зборови посочија дека работеле стручно и непристрасно, а според нив, обвинителот Бубевски не докажал надвор од разумно сомневање дека тие навистина го сториле делото.

Според обвинението, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

The post В понеделник пресуда за „Титаник 2“ appeared first on Република.

]]>

Кривичниот суд – Скопје в понеделник треба да ја објави првостепената пресудата за случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности за кои се обвинети поранешниот директор на УЈБ, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и поранешни членови на Државната изборна комисија. Ова ќе биде втора првостепена пресуда за „Титаник 2“, откако Кривичниот суд во 2019 година ги осуди обвинетите, но во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење. Обвинителот во процесот Гаврил Бубевски на денеѓниот судски процес побара Мијалков, Тачи и поранешните членови на ДИК да бидат прогласени за виновни во случајот „Титаник 2“. Обвинителот како отежнувачки околности за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ги посочи степенот на кривична одговорност, побудите зошто го сторил кривичното дело, фактот што против него се водат други кривични осуди, како и тоа што има правосилна пресуда, а како олеснителни неговото културно однесување и почитувањето на судот. За Тачи, Бубевски посочи дека Судот треба да ги цени ако отежнувачка околност директната умисла за поттикнување и околностите во кои е сторено делото, но, од друга страна, треба да се акцентира неговото почитување на Судот и на Обвинителството. За поранешните членови на ДИК, како олеснителна околност Бубевски посочи дека не се водат други постапки и не се осудувани, а злоупотребата на нивното знаење и незаконитостите што ги правеле пред очите на јавноста, според него, се отежнувачки околности. Бубевски побара секој од обвинетите да одговара според степенот на кривичното дело. Адвокатот на Мијалков, Миле Петровски побара неговиот клиент, како и другите обвинети да бидат ослободени од обвинение. Според него, нема никаков доказ дека Мијалков го сторил делото кое му се става на товар, а тврдењето дека тој го користел своето влијание е конструкција, а не факт потврден со докази. Вториот бранител на Мијалков, Љупчо Шврговски, изјави дека очекувал Бубевски да го повлече обвинението, бидејќи, според него, обвинителот не треба да ја преиспитува работата на судиите. – Треба да си ја признае грешката и да го повлече обвинението или вие да донесете ослободителна пресуда. Јас мислев дека јавниот обвинител ќе го направи тоа, но сметам дека вие ќе го направите тоа ќе донесете законита одлука, им порача Шврговски на судијата во процесот Огнен Ставрев. Обвинетите поранешни членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска негираа вина за изборни нерегуларности до 2013 година. Сите во своите завршни зборови посочија дека работеле стручно и непристрасно, а според нив, обвинителот Бубевски не докажал надвор од разумно сомневање дека тие навистина го сториле делото. Според обвинението, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

The post В понеделник пресуда за „Титаник 2“ appeared first on Република.

]]>
Обвинителот Бубевски побара Мијалков и Тачи да бидат прогласени за виновни во „Титаник 2“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/obvinitelot-bubevski-pobara-mijalkov-i-tachi-da-bidat-proglaseni-za-vinovni-vo-titanik-2/ Tue, 17 Jan 2023 16:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=598006

Обвинителот Гаврил Бубевски побара Сашо Мијалков, Мендух Тачи и поранешните членови на Државната изборна комисија да бидат огласени за виновни во случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности.

Како што пренесува А1он, обвинителот посочил отежнувачки и олеснителни околности за секој поединечно. Така, за поранешните членови на ДИК, како олеснителна околност посочил дека не се водат други постапки и не се осудувани, а злоупотребата на нивното знаење и незаконитостите што ги правеле пред очите на јавноста, според него, се отежнувачки околности.

Кај поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како отежнувачки околности Бубевски ги посочил степенот на кривична одговорност, побудите зошто го сторил кривичното дело, фактот што против него се водат други кривични осуди, како и тоа што има правосилна пресуда, а како олеснителни неговото културно однесување и почитувањето на судот.

За Мендух Тачи обвинителот посочил дека Судот треба да цени дека како отежнувачка околност се директната умисла поттикнување и околностите, а, од друга страна, треба да се акцентира неговото почитување на Судот и на Обвинителството.

Обвинителот побарал секој од обвинетите да одговара според степенот на кривичното дело.

Кривичниот суд во 2019 година го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

Според обвинението на СЈО, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Процесот го води судијата Огнен Ставрев. Датумот за пресудата ќе биде објавен по завршните зборови

The post Обвинителот Бубевски побара Мијалков и Тачи да бидат прогласени за виновни во „Титаник 2“ appeared first on Република.

]]>

Обвинителот Гаврил Бубевски побара Сашо Мијалков, Мендух Тачи и поранешните членови на Државната изборна комисија да бидат огласени за виновни во случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности. Како што пренесува А1он, обвинителот посочил отежнувачки и олеснителни околности за секој поединечно. Така, за поранешните членови на ДИК, како олеснителна околност посочил дека не се водат други постапки и не се осудувани, а злоупотребата на нивното знаење и незаконитостите што ги правеле пред очите на јавноста, според него, се отежнувачки околности. Кај поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како отежнувачки околности Бубевски ги посочил степенот на кривична одговорност, побудите зошто го сторил кривичното дело, фактот што против него се водат други кривични осуди, како и тоа што има правосилна пресуда, а како олеснителни неговото културно однесување и почитувањето на судот. За Мендух Тачи обвинителот посочил дека Судот треба да цени дека како отежнувачка околност се директната умисла поттикнување и околностите, а, од друга страна, треба да се акцентира неговото почитување на Судот и на Обвинителството. Обвинителот побарал секој од обвинетите да одговара според степенот на кривичното дело. Кривичниот суд во 2019 година го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење. Според обвинението на СЈО, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев. Процесот го води судијата Огнен Ставрев. Датумот за пресудата ќе биде објавен по завршните зборови

The post Обвинителот Бубевски побара Мијалков и Тачи да бидат прогласени за виновни во „Титаник 2“ appeared first on Република.

]]>
Кривичен ја објави повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krivichen-ja-objavi-povratnicata-od-dostavata-na-naredba-za-sprovod-od-zatvorot-struga/ Thu, 22 Dec 2022 13:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=588887

Судечкиот совет кој постапува по предметот, на денешната главна расправа, по добивање на информацијата дека обвинетиот не е спроведен од Затворот Струга, пред сите присутни странки и јавноста на судењето ја прикажа Повратницата од достава на наредба за спровод, примена во затворот на 14.12.2022 година, а на која под графата Евиденција (ЕВ) за време е наведен датумот 22.12.2022 година, што е показател за денот кога треба да се изврши спроводот, а која ја објавуваме во прилог на соопштението, информираат од Основниот кривиче суд во Скопје, во однос на денешната одложена расправа за предметот „Титаник 2 “ и неспроводувањето на еден од обвинетите кои издржуваат казна затвор во Затвор Струга.

Од Судот, наведуваат дека од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи датум за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евидентниот број на повратницата која ја добива Затворот.

-Во однос на објаснувањето на Затворот Струга дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година ( кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека Затворот истата ја примил на 14.12.2022 (евидентно од повратницата) па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна. Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од Затворот Струга е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите пристуни се сметаат за уредно повикани, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

За сите овие детали Кривичниот суд ја извести Управата за извршување санкции при Министерството за правда, а со цел одржување на текот на расправата насрочи следно продолжување на 26.12.2022 година.

The post Кривичен ја објави повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга appeared first on Република.

]]>

Судечкиот совет кој постапува по предметот, на денешната главна расправа, по добивање на информацијата дека обвинетиот не е спроведен од Затворот Струга, пред сите присутни странки и јавноста на судењето ја прикажа Повратницата од достава на наредба за спровод, примена во затворот на 14.12.2022 година, а на која под графата Евиденција (ЕВ) за време е наведен датумот 22.12.2022 година, што е показател за денот кога треба да се изврши спроводот, а која ја објавуваме во прилог на соопштението, информираат од Основниот кривиче суд во Скопје, во однос на денешната одложена расправа за предметот „Титаник 2 “ и неспроводувањето на еден од обвинетите кои издржуваат казна затвор во Затвор Струга. Од Судот, наведуваат дека од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи датум за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евидентниот број на повратницата која ја добива Затворот.
-Во однос на објаснувањето на Затворот Струга дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година ( кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека Затворот истата ја примил на 14.12.2022 (евидентно од повратницата) па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна. Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од Затворот Струга е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите пристуни се сметаат за уредно повикани, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.
За сите овие детали Кривичниот суд ја извести Управата за извршување санкции при Министерството за правда, а со цел одржување на текот на расправата насрочи следно продолжување на 26.12.2022 година.

The post Кривичен ја објави повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга appeared first on Република.

]]>