Тини Кокс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tini-koks/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jan 2022 13:39:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тини Кокс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tini-koks/ 32 32 Тини Кокс избран за нов претседател на ПССЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tini-koks-izbran-za-nov-pretsedatel-na-psse/ Mon, 24 Jan 2022 13:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=448789

Холандскиот парламентарец Тини Кокс, од редовите на Европската обединета левица, е избран ѕа нов претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), јави дописникот на МИА.

Тини Кокс освои 164 гласам, додека противкандидатката, Украинката Марија Мезенцева, од Народните партии доби 80 гласови.

Тини Кокс е член на Парламентарното собрание на Советот на Европа од 2003 година. До изборот тој беше шеф на Обединетата европска левичарска група, сојуз кој се состои од европски зелени и левичарски партии. Како шеф на оваа група, тој учествуваше во Претседателскиот комитет, Бирото и Постојаниот комитет на собранието.

Во име на ПССЕ, тој напиша повеќе извештаи за најстарата и најголемата договорна организација во Европа. Кокс, исто така, водеше повеќе мисии како меѓународен изборен набљудувач во Босна (2010, 2014), Русија (2011, 2012), Турција (2015) и Грузија (2020).[12] Во 2021 година, неговите предлози за стратешки приоритети за Советот на Европа беа одобрени од Собранието и презентирани пред Комитетот на министри на Советот на Европа.

Во 2011 година, Собранието го прифати предлогот на Кокс со кој на Палестинскиот законодавен совет му се доделува статус на „партнер на демократијата“, како и да им се додели делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

На 28 септември 2021 година, Кокс беше номиниран од групата УЕЛ за претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа за 2022 и 2023 година, врз основа на договорот за ротација од 2008 година помеѓу петте политички групи во ПССЕ.

ПССЕ истовремено избра и осумнаесет потпретседатели, меѓу кои и македонскиот пратеник Дарко Каевски (СДСМ). Единствено беше побарано посебно гласање за потпретседателското место на рускиот пратеник Пјотр Толстој, за чија кандидатура ќе се гласа утре, ова како што беше речено поради неговите позиции. Имено ПССЕ ги оспори овластувањата на руската парламентарна делегација, чија верификација се очекува во текот на сесијата.

The post Тини Кокс избран за нов претседател на ПССЕ appeared first on Република.

]]>

Холандскиот парламентарец Тини Кокс, од редовите на Европската обединета левица, е избран ѕа нов претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), јави дописникот на МИА. Тини Кокс освои 164 гласам, додека противкандидатката, Украинката Марија Мезенцева, од Народните партии доби 80 гласови. Тини Кокс е член на Парламентарното собрание на Советот на Европа од 2003 година. До изборот тој беше шеф на Обединетата европска левичарска група, сојуз кој се состои од европски зелени и левичарски партии. Како шеф на оваа група, тој учествуваше во Претседателскиот комитет, Бирото и Постојаниот комитет на собранието. Во име на ПССЕ, тој напиша повеќе извештаи за најстарата и најголемата договорна организација во Европа. Кокс, исто така, водеше повеќе мисии како меѓународен изборен набљудувач во Босна (2010, 2014), Русија (2011, 2012), Турција (2015) и Грузија (2020).[12] Во 2021 година, неговите предлози за стратешки приоритети за Советот на Европа беа одобрени од Собранието и презентирани пред Комитетот на министри на Советот на Европа. Во 2011 година, Собранието го прифати предлогот на Кокс со кој на Палестинскиот законодавен совет му се доделува статус на „партнер на демократијата“, како и да им се додели делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа. На 28 септември 2021 година, Кокс беше номиниран од групата УЕЛ за претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа за 2022 и 2023 година, врз основа на договорот за ротација од 2008 година помеѓу петте политички групи во ПССЕ. ПССЕ истовремено избра и осумнаесет потпретседатели, меѓу кои и македонскиот пратеник Дарко Каевски (СДСМ). Единствено беше побарано посебно гласање за потпретседателското место на рускиот пратеник Пјотр Толстој, за чија кандидатура ќе се гласа утре, ова како што беше речено поради неговите позиции. Имено ПССЕ ги оспори овластувањата на руската парламентарна делегација, чија верификација се очекува во текот на сесијата.

The post Тини Кокс избран за нов претседател на ПССЕ appeared first on Република.

]]>