тинејџерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tinejdzerki/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Nov 2023 21:18:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тинејџерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tinejdzerki/ 32 32 Пет тинејџерки излетале со порше, го возела 19-годишна девојка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pet-tinejdherki-izletale-so-porshe-go-vozela-19-godishna-devojka/ Sun, 26 Nov 2023 16:51:17 +0000 https://republika.mk/?p=716424

На 26 ноември во 03.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од ул. Симеон Кавракиров и ул.Венијамин Мачуковски патничко моторно возило порше со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(19) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. и сопатничката С.П.(18), а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички Ј.М.(18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18) сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза и Градската општа болница Св.Наум Охридски.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

The post Пет тинејџерки излетале со порше, го возела 19-годишна девојка appeared first on Република.

]]>

На 26 ноември во 03.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од ул. Симеон Кавракиров и ул.Венијамин Мачуковски патничко моторно возило порше со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(19) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. и сопатничката С.П.(18), а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички Ј.М.(18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18) сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза и Градската општа болница Св.Наум Охридски. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

The post Пет тинејџерки излетале со порше, го возела 19-годишна девојка appeared first on Република.

]]>
Две тинејџерки прегазени на пешачки пред училиште во Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-tinejdherki-pregazeni-na-peshachki-pred-uchilishte-vo-shtip/ Tue, 10 Oct 2023 10:16:41 +0000 https://republika.mk/?p=689839

Две девојчиња на возраст од 16 и 17 години се прегазени на пешачки премин покрај Средното општинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“-Штип.

„Денеска (10.10.2023) околу 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул. „Гоце Делчев“ во Штип, патничко моторно возило „цитроен ц1“ со германски национални ознаки, управувано од Н.Б.(28) од Штип, удрило во две малолетнички на возраст од 16 и 15 години. Во несреќата, 16 – годишната малолетничка се здобила со тешки телесни повреди, а другата со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип“, соопштија од СВР Штип.

Според информациите, едното од девојчињата имало скршеници, додека другото, како што потврдија од Клиничката болница, поминало само со лесни телесни повреди.

 

The post Две тинејџерки прегазени на пешачки пред училиште во Штип appeared first on Република.

]]>

Две девојчиња на возраст од 16 и 17 години се прегазени на пешачки премин покрај Средното општинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“-Штип. „Денеска (10.10.2023) околу 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул. „Гоце Делчев“ во Штип, патничко моторно возило „цитроен ц1“ со германски национални ознаки, управувано од Н.Б.(28) од Штип, удрило во две малолетнички на возраст од 16 и 15 години. Во несреќата, 16 – годишната малолетничка се здобила со тешки телесни повреди, а другата со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип“, соопштија од СВР Штип. Според информациите, едното од девојчињата имало скршеници, додека другото, како што потврдија од Клиничката болница, поминало само со лесни телесни повреди.  

The post Две тинејџерки прегазени на пешачки пред училиште во Штип appeared first on Република.

]]>
Не го користете „оземпик“ на своја рака за слабеење, предупредуваат д-р Миленковиќ и д-р Ахмети https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ne-go-koristete-ozempik-na-svoja-raka-za-slabeene-predupreduvaat-d-r-milenkovik-i-d-r-ahmeti/ Tue, 28 Feb 2023 14:21:26 +0000 https://republika.mk/?p=614285

Лекот „оземпик“ да се користи исклучително по препорака на лекар за третман на дијабетес тип 2, а лицата со дијабетес тип 2 кои го користат по препорака на лекар, да не ја прекинуваат терапијата со овој лек и да ги консултираат докторите кои го препорачале, се наведува во денешното соопштение на проф. д-р Татјана Миленковиќ, претседател на Научното здружение на ендокринолозите и дијабетолозите на Македонија и научниот соработник д-р Ирфан Ахмети, претседател на Националната комисија за дијабетес.

Во соопштението се споменува текстот за лица кои земаат лек за дијабетичари за да слабеат, ризикувајќи си го здравјето.

Како стручно здружение го поздравуваме апелот да не се користи лекот без консултација со лекар, како и информирањето на јавноста дека лекот е наменет за третман на дијабетес тип 2, како надополнување на исхраната и вежбањето, пишува во соопштението.

Оттаму потсетуваат дека лекот е одобрен за употреба од МАЛМЕД, како и од страна на регулаторните агенции во светот, вклучително Европската агенција, Aмериканската агенција.

Лекот во нашата земја се употребува веќе три години кај лица со дијабетес тип 2 и првенствено се пропишува кај оние кои имаат дополнителни кардиоваскуларни настани и зголемена телесна тежина. Овој лек – „оземпик“ не е наменет за третман на прекумерна телесна тежина кај лица кои немаат дијабетес, се нагласува во соопштението.

Во него се додава дека стручната јавност и регулаторните агенции будно ги следат несаканите ефекти од лековите и во случај истите да претставуваат ризик по здравјето и животот на луѓето, соодветно се реагира и се препорачуваат мерки на претпазливост или при сериозен ризик лекот се повлекува од употреба.

Такво предупредување или најава за повлекување на лекот од употреба, како што се нагласува, за „оземпик“ не постои, се вели во соопштението.

The post Не го користете „оземпик“ на своја рака за слабеење, предупредуваат д-р Миленковиќ и д-р Ахмети appeared first on Република.

]]>

Лекот „оземпик“ да се користи исклучително по препорака на лекар за третман на дијабетес тип 2, а лицата со дијабетес тип 2 кои го користат по препорака на лекар, да не ја прекинуваат терапијата со овој лек и да ги консултираат докторите кои го препорачале, се наведува во денешното соопштение на проф. д-р Татјана Миленковиќ, претседател на Научното здружение на ендокринолозите и дијабетолозите на Македонија и научниот соработник д-р Ирфан Ахмети, претседател на Националната комисија за дијабетес. Во соопштението се споменува текстот за лица кои земаат лек за дијабетичари за да слабеат, ризикувајќи си го здравјето.
Како стручно здружение го поздравуваме апелот да не се користи лекот без консултација со лекар, како и информирањето на јавноста дека лекот е наменет за третман на дијабетес тип 2, како надополнување на исхраната и вежбањето, пишува во соопштението.
Оттаму потсетуваат дека лекот е одобрен за употреба од МАЛМЕД, како и од страна на регулаторните агенции во светот, вклучително Европската агенција, Aмериканската агенција.
Лекот во нашата земја се употребува веќе три години кај лица со дијабетес тип 2 и првенствено се пропишува кај оние кои имаат дополнителни кардиоваскуларни настани и зголемена телесна тежина. Овој лек – „оземпик“ не е наменет за третман на прекумерна телесна тежина кај лица кои немаат дијабетес, се нагласува во соопштението.
Во него се додава дека стручната јавност и регулаторните агенции будно ги следат несаканите ефекти од лековите и во случај истите да претставуваат ризик по здравјето и животот на луѓето, соодветно се реагира и се препорачуваат мерки на претпазливост или при сериозен ризик лекот се повлекува од употреба.
Такво предупредување или најава за повлекување на лекот од употреба, како што се нагласува, за „оземпик“ не постои, се вели во соопштението.

The post Не го користете „оземпик“ на своја рака за слабеење, предупредуваат д-р Миленковиќ и д-р Ахмети appeared first on Република.

]]>
Oсум тинејџерки до смрт изболе бездомник, се истражува дали го убиле само за се прослават на „Тик ток“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osum-tinejdzerki-do-smrt-izbole-bezdomnik-se-istrazuva-dali-go-ubile-samo-za-se-proslavat-na-tik-tok/ Wed, 21 Dec 2022 11:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=588361

Осум тинејџерки,  на возраст меѓу 13 и 16 години, се обвинети за убиство од небрежност, откако до смрт изболе бездомник на улиците во Торонто, Канада, пишува „Дејли мејл“. Девојките со нож го нападнале 59-годишниот Кени во неделата рано наутро.

Детективот Тери Браун од Полициската единица за убиства во Торонто вели дека девојките не го познавале човекот, туку дека само сакале да украдат шише со алкохол од него.

Очевидец рекол дека во моментот на нападот, кој се случил на раскрсницата на Универзитетската авенија и улицата Јорк, Кени бил во друштво со пријателка.

Тие седеа на клупа, пиеја и пушеа цигара, кога дојдоа тинејџерките и се обидоа да го украдат малото шише со алкохол од Кени. По нападот ги видов како стојат до влезот во метрото, се расправаа и врескаа, раскажал тој.

Еден полицаец им рекол на новинарите дека девојките се однесувале „како диви животни“.

Сите беа многу млади. Го нападнаа човекот како диви животни. Тој се обиде да се одбрани, но тие уште толку му се нафрлија. Тој си ја гледаше својата работа, никому не му пречеше, раскажал тој за кандските емдиуми.

Детективот Браун додал дека дури и полицијата била шокирана од злосторството.

Во полицијата сум речиси 35 години и мислев дека сум видел сè. Некој кој не е шокиран од вакво нешто веројатно веќе кренал раце. Осум млади девојки, не постари од 16 години. Ако тоа не го сметаме за алармантно и шокантно, тогаш сите сме во голема неволја, рече тој.

Некои од девојките правеле проблеми и претходно истата вечер. Тој не сакаше да открие повеќе детали, но потврди дека девојките кои живеат на различни места во градот и одат во различни училишта се запознале преку социјалните мрежи.

Браун вели дека тинејџерките го нападнале како група, но одби да каже дали целиот инцидент е снимен, но додаде дека полицијата истражува дали има слични снимки на интернет.

Можеби овие млади девојки сакаа да станат познати на социјалните мрежи. Сите тие се подеднакво виновни. Нема сомнеж дека тие работеле во група, како еден ентитет, кога решиле да нападнат, вели детективот.

 

The post Oсум тинејџерки до смрт изболе бездомник, се истражува дали го убиле само за се прослават на „Тик ток“ appeared first on Република.

]]>

Осум тинејџерки,  на возраст меѓу 13 и 16 години, се обвинети за убиство од небрежност, откако до смрт изболе бездомник на улиците во Торонто, Канада, пишува „Дејли мејл“. Девојките со нож го нападнале 59-годишниот Кени во неделата рано наутро. Детективот Тери Браун од Полициската единица за убиства во Торонто вели дека девојките не го познавале човекот, туку дека само сакале да украдат шише со алкохол од него. Очевидец рекол дека во моментот на нападот, кој се случил на раскрсницата на Универзитетската авенија и улицата Јорк, Кени бил во друштво со пријателка.

Тие седеа на клупа, пиеја и пушеа цигара, кога дојдоа тинејџерките и се обидоа да го украдат малото шише со алкохол од Кени. По нападот ги видов како стојат до влезот во метрото, се расправаа и врескаа, раскажал тој.

Еден полицаец им рекол на новинарите дека девојките се однесувале „како диви животни“.
Сите беа многу млади. Го нападнаа човекот како диви животни. Тој се обиде да се одбрани, но тие уште толку му се нафрлија. Тој си ја гледаше својата работа, никому не му пречеше, раскажал тој за кандските емдиуми.
Детективот Браун додал дека дури и полицијата била шокирана од злосторството.
Во полицијата сум речиси 35 години и мислев дека сум видел сè. Некој кој не е шокиран од вакво нешто веројатно веќе кренал раце. Осум млади девојки, не постари од 16 години. Ако тоа не го сметаме за алармантно и шокантно, тогаш сите сме во голема неволја, рече тој.
Некои од девојките правеле проблеми и претходно истата вечер. Тој не сакаше да открие повеќе детали, но потврди дека девојките кои живеат на различни места во градот и одат во различни училишта се запознале преку социјалните мрежи. Браун вели дека тинејџерките го нападнале како група, но одби да каже дали целиот инцидент е снимен, но додаде дека полицијата истражува дали има слични снимки на интернет.
Можеби овие млади девојки сакаа да станат познати на социјалните мрежи. Сите тие се подеднакво виновни. Нема сомнеж дека тие работеле во група, како еден ентитет, кога решиле да нападнат, вели детективот.
 

The post Oсум тинејџерки до смрт изболе бездомник, се истражува дали го убиле само за се прослават на „Тик ток“ appeared first on Република.

]]>
Скопски тинејџерки со црнодробни пореметувања завршиле на Токсикологија поради диета со вино, предупредува д-р Беќаровски https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/skopski-tinejdzerki-so-crnodrobni-poremetuvanja-zavrshile-na-toksikologija-poradi-dieta-so-vino-predupreduva-d-r-bekjarovski/ Mon, 19 Dec 2022 21:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=587825

Една стара „диета“ промовирана 1964 година, а ревидирана и популаризирана преку едно светски влијателно женско списание во 2018 година, за жал станува сè попопуларна меѓу скопските тинејџерки, aлармира д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.

Како што објаснува, „диетата“ се состои од 3-5 варени јајца во текот на денот, стек навечер и конзумирање на 750 мл. црвено вино.

Повеќенеделното придржување кон оваа „диета“ може да предизвика сериозни здравствени несакани ефекти и кај возрасни личности, а кај младите тинејџерки со нецелосно развиен C450, СЕРИОЗНИ ЦРНОДРОБНИ ПОРЕМЕТУВАЊА.
Првите вакви случаи веќе се регистрирани на УК токсикологија и УК Гастроентерохепатологија !!
Родители најдете малку време да проверите како се „хранат“ Вашите деца, пред да биде предоцна.
Девојки спортот, пешачењето и здравата умерена исхрана се единствената вистинска диета за убав изглед, порача тој.

The post Скопски тинејџерки со црнодробни пореметувања завршиле на Токсикологија поради диета со вино, предупредува д-р Беќаровски appeared first on Република.

]]>

Една стара „диета“ промовирана 1964 година, а ревидирана и популаризирана преку едно светски влијателно женско списание во 2018 година, за жал станува сè попопуларна меѓу скопските тинејџерки, aлармира д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија. Како што објаснува, „диетата“ се состои од 3-5 варени јајца во текот на денот, стек навечер и конзумирање на 750 мл. црвено вино.
Повеќенеделното придржување кон оваа „диета“ може да предизвика сериозни здравствени несакани ефекти и кај возрасни личности, а кај младите тинејџерки со нецелосно развиен C450, СЕРИОЗНИ ЦРНОДРОБНИ ПОРЕМЕТУВАЊА. Првите вакви случаи веќе се регистрирани на УК токсикологија и УК Гастроентерохепатологија !! Родители најдете малку време да проверите како се „хранат“ Вашите деца, пред да биде предоцна. Девојки спортот, пешачењето и здравата умерена исхрана се единствената вистинска диета за убав изглед, порача тој.

The post Скопски тинејџерки со црнодробни пореметувања завршиле на Токсикологија поради диета со вино, предупредува д-р Беќаровски appeared first on Република.

]]>