тинејџери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tinejdzeri/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Oct 2024 18:44:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тинејџери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tinejdzeri/ 32 32 Уапсен тинејџер кој ноќва со нож нападна врсник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-tinejdher-koj-nokva-so-nozh-napadna-vrsnik/ Sun, 27 Oct 2024 18:55:10 +0000 https://republika.mk/?p=831463

Рано утрово во 03.30 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Х.(18) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 03.00 часот во Струмица го нападнал со остар предмет Ѓ.Ѓ.(18) од Радовиш, нанесувајќи му повреда.

Ѓ.Ѓ. бил пренесен во Медицински центар Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

М.Х. бил задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

The post Уапсен тинејџер кој ноќва со нож нападна врсник appeared first on Република.

]]>

Рано утрово во 03.30 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Х.(18) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 03.00 часот во Струмица го нападнал со остар предмет Ѓ.Ѓ.(18) од Радовиш, нанесувајќи му повреда.

Ѓ.Ѓ. бил пренесен во Медицински центар Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

М.Х. бил задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

The post Уапсен тинејџер кој ноќва со нож нападна врсник appeared first on Република.

]]>
Продолжен му е притворот: Скопјанецот кој опијани и издрогира четворица тинејџери доби тешко обвинение https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prodolzhen-mu-e-pritvorot-skopjanetsot-koj-opijani-i-izdrogira-chetvoritsa-tinejdheri-dobi-teshko-obvinenie/ Fri, 11 Oct 2024 07:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=825399

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 40-годишен скопјанец за Тешки дела против здравјето на луѓето по член 217 став 1 во врска со член 212 став 1, како и четири кривични дела - Излагање на опасност согласно член 134 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 11 и 12 јули годинава, во неговиот дом во Козле, ставил во промет лекови што се штетни за здравјето и им дал да ги употребуваат на четири деца родени 2006, 2007, 2008 и 2009 година. Тој заедно со децата почнале да конзумираат алкохол првично на летниковец во дворот, а потоа во текот на ноќта и во дневната соба од куќата. Во текот на вечерта обвинетиот од комодата во дневната соба извадил лекови „тергатол 200 мг”, „запира 10 мг” и „дијазепам 5 мг” кои ги користел како ординирана терапија за одвикнување од алкохолизам. Дел во таблети, а дел изронети за да можат да се земат преку шмркнување со носот, им ги понудил на оштетените деца „за подобро расположение“.

Иако бил свесен дека од ваквата комбинација на лекови и алкохол може да настапи штетна последица, тешко им го нарушил здравјето на децата. Кога лековите почнале да делуваат со нивното дејство кое манифестира вртоглавица, нерамнотежа и нарушување на свеста, децата започнале да паѓаат и се здобиле со повеќе телесни повреди.

Полицијата ги пронашла децата паднати на подот во дневната соба со сериозно влошена здравствена состојба. Со возило на итна медицинска помош тие биле префрлени на Клиниката за токсикологија, каде што кај нив било констатирано присуство на бензодијазепини во зголемена концентрација, како и присуство на ‘карбамазепин’, ‘диазепам’, ‘нордазепам’, ‘циталограм’, ‘темапзепам’ и ‘парацетамол’ во крвта.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

The post Продолжен му е притворот: Скопјанецот кој опијани и издрогира четворица тинејџери доби тешко обвинение appeared first on Република.

]]>

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 40-годишен скопјанец за Тешки дела против здравјето на луѓето по член 217 став 1 во врска со член 212 став 1, како и четири кривични дела - Излагање на опасност согласно член 134 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 11 и 12 јули годинава, во неговиот дом во Козле, ставил во промет лекови што се штетни за здравјето и им дал да ги употребуваат на четири деца родени 2006, 2007, 2008 и 2009 година. Тој заедно со децата почнале да конзумираат алкохол првично на летниковец во дворот, а потоа во текот на ноќта и во дневната соба од куќата. Во текот на вечерта обвинетиот од комодата во дневната соба извадил лекови „тергатол 200 мг”, „запира 10 мг” и „дијазепам 5 мг” кои ги користел како ординирана терапија за одвикнување од алкохолизам. Дел во таблети, а дел изронети за да можат да се земат преку шмркнување со носот, им ги понудил на оштетените деца „за подобро расположение“. Иако бил свесен дека од ваквата комбинација на лекови и алкохол може да настапи штетна последица, тешко им го нарушил здравјето на децата. Кога лековите почнале да делуваат со нивното дејство кое манифестира вртоглавица, нерамнотежа и нарушување на свеста, децата започнале да паѓаат и се здобиле со повеќе телесни повреди. Полицијата ги пронашла децата паднати на подот во дневната соба со сериозно влошена здравствена состојба. Со возило на итна медицинска помош тие биле префрлени на Клиниката за токсикологија, каде што кај нив било констатирано присуство на бензодијазепини во зголемена концентрација, како и присуство на ‘карбамазепин’, ‘диазепам’, ‘нордазепам’, ‘циталограм’, ‘темапзепам’ и ‘парацетамол’ во крвта. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

The post Продолжен му е притворот: Скопјанецот кој опијани и издрогира четворица тинејџери доби тешко обвинение appeared first on Република.

]]>
Капиштец, Центар 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kapishtets-tsentar-2024-godina/ Thu, 11 Jul 2024 13:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=795833

Фрапантни се снимките од детското игралиште во Капиштец и однесувањето на толпата тинејџери кои кршат и дивеат.

Ова се снимки на кои се гледа деструкција, вандализам и тероризирање на јавниот простор наменет за деца. До нас ги испратија загрижени жители од Капиштец кои го снимиле ноќното дивеење на група млади.
Досега неколкупати реагиравме на загрижувачкото однесување во ноќните часови и побаравме помош од надлежните институции.
Ова е сликата на Центар, да не дозволиме ваквото однесување да продолжи и во поголеми размери, реагира градоначалникот Горан Герасимовски.

The post Капиштец, Центар 2024 година appeared first on Република.

]]>

Фрапантни се снимките од детското игралиште во Капиштец и однесувањето на толпата тинејџери кои кршат и дивеат.
Ова се снимки на кои се гледа деструкција, вандализам и тероризирање на јавниот простор наменет за деца. До нас ги испратија загрижени жители од Капиштец кои го снимиле ноќното дивеење на група млади. Досега неколкупати реагиравме на загрижувачкото однесување во ноќните часови и побаравме помош од надлежните институции. Ова е сликата на Центар, да не дозволиме ваквото однесување да продолжи и во поголеми размери, реагира градоначалникот Горан Герасимовски.

The post Капиштец, Центар 2024 година appeared first on Република.

]]>
Путин им додели ордени на тинејџерите кои спасувале луѓе за време на нападот на Крокус https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-im-dodeli-ordeni-na-tinejdherite-koi-spasuvale-luge-za-vreme-na-napadot-na-krokus/ Thu, 02 May 2024 19:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=773627

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им додели ордени на тројца тинејџери кои учествувале во спасувањето луѓе за време на терористичкиот напад во Крокус Сити Хол.

- За храбри и решителни дејствија при спасување луѓе во екстремни услови им се доделува орден „За спасување на жртвите“ на Артјом Александрович Донсков, Никита Михајлович Иванов, Ислам Бахтерович Халилов, се вели во одлуката објавена на официјалната веб-страница за правни информации.

Средношколците, кои хонорарно работеле како гардеробери во концертната сала, успеале да исфрлат околу стотина луѓе од зградата, а по нив преку истиот излез побегнале уште неколку стотици гледачи.

Во терористичкиот напад на 22 март во Крокус Сити Хол во Красногорск, предградие на Москва, загинаа 145 луѓе.

Рускиот истражен комитет соопшти дека се уапсени 12 лица осомничени за нападот, меѓу кои и четворица државјани на Таџикистан, кои биле директни извршители на терористичкиот напад.

Освен тоа, во Дагестан се приведени четворица странци кои учествувале во финансирање и обезбедување оружје на терористите.

The post Путин им додели ордени на тинејџерите кои спасувале луѓе за време на нападот на Крокус appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им додели ордени на тројца тинејџери кои учествувале во спасувањето луѓе за време на терористичкиот напад во Крокус Сити Хол. - За храбри и решителни дејствија при спасување луѓе во екстремни услови им се доделува орден „За спасување на жртвите“ на Артјом Александрович Донсков, Никита Михајлович Иванов, Ислам Бахтерович Халилов, се вели во одлуката објавена на официјалната веб-страница за правни информации. Средношколците, кои хонорарно работеле како гардеробери во концертната сала, успеале да исфрлат околу стотина луѓе од зградата, а по нив преку истиот излез побегнале уште неколку стотици гледачи. Во терористичкиот напад на 22 март во Крокус Сити Хол во Красногорск, предградие на Москва, загинаа 145 луѓе. Рускиот истражен комитет соопшти дека се уапсени 12 лица осомничени за нападот, меѓу кои и четворица државјани на Таџикистан, кои биле директни извршители на терористичкиот напад. Освен тоа, во Дагестан се приведени четворица странци кои учествувале во финансирање и обезбедување оружје на терористите.

The post Путин им додели ордени на тинејџерите кои спасувале луѓе за време на нападот на Крокус appeared first on Република.

]]>
Четворица тинејџери во болница откако со „опел“ излетаа од пат на раскрсница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-tinejdheri-vo-bolnitsa-otkako-so-opel-izletaa-od-pat-na-raskrsnitsa/ Sun, 28 Apr 2024 13:47:08 +0000 https://republika.mk/?p=771890

Вчеравечер во 21.32 часот во Полициско одделение Македонска Каменица било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Церска“ со ул.„Тапеѓовска“ во Македонска Каменица, патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(19) од Крива Паланка, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Македонска Каменица и Д.Ц.(18) од Крива Паланка, а со телесни повреди се здобиле уште еден малолетен сопатник и М.Д.(19), двајцата од Крива Паланка, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

 

The post Четворица тинејџери во болница откако со „опел“ излетаа од пат на раскрсница appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 21.32 часот во Полициско одделение Македонска Каменица било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Церска“ со ул.„Тапеѓовска“ во Македонска Каменица, патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(19) од Крива Паланка, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Македонска Каменица и Д.Ц.(18) од Крива Паланка, а со телесни повреди се здобиле уште еден малолетен сопатник и М.Д.(19), двајцата од Крива Паланка, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.  

The post Четворица тинејџери во болница откако со „опел“ излетаа од пат на раскрсница appeared first on Република.

]]>
Пет тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pet-tinejdheri-obvineti-za-terorizam-po-proboduvaneto-so-nozh-vo-tsrkvata-vo-sidnej/ Thu, 25 Apr 2024 06:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=770757

Пет тинејџери се обвинети за терористички дела во тековната истрага за прободувањето со нож на две лица во црква во Сиднеј на 15 април, соопшти денеска австралиската федерална полиција (АФП).

Пет малолетници се обвинети додека Заедничкиот тим за борба против тероризмот (JCTT) Сиднеј продолжува да ги испитува соработниците на наводниот сторител кој го изврши прободувањето со нож во црквата во Вејкли, се вели во соопштението на АФП.

Повеќе од 400 полицајци од државната и федералната полиција синоќа извршија 13 налози за претрес низ Сиднеј. Уапсени се седум млади мажи. Уште пет лица, меѓу кои двајца мажи и тројца тинејџери, и помогнале на полицијата во нивните истраги, се вели во соопштението.

Седумнаесетгодишно момче и 14-годишно момче се обвинети за поседување или контролирање на насилен екстремистички материјал.

Две 16-годишни момчиња се обвинети за заговор да се вклучат во каков било чин во подготовка или планирање на терористички акт, додека друго 17-годишно момче е обвинето за заговор за вклучување во чин во подготовка или планирање терористички чин и поседување нож на јавно место.

Во полициската акција запленети се и голем број предмети, меѓу кои и електронски материјал.

Минатата недела, 16-годишно момче беше обвинето за терористички чин во врска со прободувањето со нож во црквата Christ The Good Shepherd во Вејкли, западен Сиднеј, на 15 април.

Еден 53-годишен маж се здоби со тешки повреди на главата, додека 39-годишен маж се здоби со расекотини и рана на рамото кога се обидел да интервенира.

Уапсено е 16-годишното момче, кое беше совладано од присутните очевидци.

Прогласувањето на кривичното дело за терористички акт ѝ дава на полицијата дополнителни истражни овластувања, да утврди дали некое лице дејствувало самостојно или било дел од поширока мрежа.

The post Пет тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј appeared first on Република.

]]>

Пет тинејџери се обвинети за терористички дела во тековната истрага за прободувањето со нож на две лица во црква во Сиднеј на 15 април, соопшти денеска австралиската федерална полиција (АФП). Пет малолетници се обвинети додека Заедничкиот тим за борба против тероризмот (JCTT) Сиднеј продолжува да ги испитува соработниците на наводниот сторител кој го изврши прободувањето со нож во црквата во Вејкли, се вели во соопштението на АФП. Повеќе од 400 полицајци од државната и федералната полиција синоќа извршија 13 налози за претрес низ Сиднеј. Уапсени се седум млади мажи. Уште пет лица, меѓу кои двајца мажи и тројца тинејџери, и помогнале на полицијата во нивните истраги, се вели во соопштението. Седумнаесетгодишно момче и 14-годишно момче се обвинети за поседување или контролирање на насилен екстремистички материјал. Две 16-годишни момчиња се обвинети за заговор да се вклучат во каков било чин во подготовка или планирање на терористички акт, додека друго 17-годишно момче е обвинето за заговор за вклучување во чин во подготовка или планирање терористички чин и поседување нож на јавно место. Во полициската акција запленети се и голем број предмети, меѓу кои и електронски материјал. Минатата недела, 16-годишно момче беше обвинето за терористички чин во врска со прободувањето со нож во црквата Christ The Good Shepherd во Вејкли, западен Сиднеј, на 15 април. Еден 53-годишен маж се здоби со тешки повреди на главата, додека 39-годишен маж се здоби со расекотини и рана на рамото кога се обидел да интервенира. Уапсено е 16-годишното момче, кое беше совладано од присутните очевидци. Прогласувањето на кривичното дело за терористички акт ѝ дава на полицијата дополнителни истражни овластувања, да утврди дали некое лице дејствувало самостојно или било дел од поширока мрежа.

The post Пет тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј appeared first on Република.

]]>
Двајца тинејџери повредени во сообраќајка во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajtsa-tinejdheri-povredeni-vo-soobrakajka-vo-kumanovo/ Mon, 08 Apr 2024 11:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=763800

На 07.04.2024 во 15.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(19) од Куманово и патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.З.(22) од с.Слупчане, општина Липково.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот сопатник Х.Љ.(19) од Куманово, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

The post Двајца тинејџери повредени во сообраќајка во Куманово appeared first on Република.

]]>

На 07.04.2024 во 15.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(19) од Куманово и патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.З.(22) од с.Слупчане, општина Липково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот сопатник Х.Љ.(19) од Куманово, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.  

The post Двајца тинејџери повредени во сообраќајка во Куманово appeared first on Република.

]]>
Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rekorden-broj-tinejdheri-vo-holandija-imaat-problemi-so-zakonot/ Fri, 16 Feb 2024 10:49:54 +0000 https://republika.mk/?p=744803

Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот, покажуваат податоците на Статистичкиот завод на Холандија.

Како што е наведено, во 2022 година, повеќе од 17.000 малолетници на возраст меѓу 12 и 18 години биле осомничени за кривично дело, од кои 11.000 за првпат.

Во 2022 година, 83 отсто од повеќе од 4.000 осомничени девојки го прекршиле законот за првпат, во споредба со 72 отсто во 2014 година.

Шеесет отсто од речиси 13.000 осомничени момчиња во 2022 година првпат извршиле прекршок, во споредба со 53 отсто во 2014 година.

Тинејџерите кои првпат извршиле кривично дело најмногу се осомничени за кражби, а потоа најсомнителни случаи се напади и јавно насилство.

Три четвртини од осомничените се момчиња и тие претставуваат 96 отсто од вкупниот број малолетници кои повеќе пати го прекршиле законот.

The post Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот appeared first on Република.

]]>

Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот, покажуваат податоците на Статистичкиот завод на Холандија. Како што е наведено, во 2022 година, повеќе од 17.000 малолетници на возраст меѓу 12 и 18 години биле осомничени за кривично дело, од кои 11.000 за првпат. Во 2022 година, 83 отсто од повеќе од 4.000 осомничени девојки го прекршиле законот за првпат, во споредба со 72 отсто во 2014 година. Шеесет отсто од речиси 13.000 осомничени момчиња во 2022 година првпат извршиле прекршок, во споредба со 53 отсто во 2014 година. Тинејџерите кои првпат извршиле кривично дело најмногу се осомничени за кражби, а потоа најсомнителни случаи се напади и јавно насилство. Три четвртини од осомничените се момчиња и тие претставуваат 96 отсто од вкупниот број малолетници кои повеќе пати го прекршиле законот.

The post Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот appeared first on Република.

]]>
ОЈО со постапка против тинејџерска банда, со пиштол им дошле на дечко и девојка кои седеле во Градски парк https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-so-postapka-protiv-tinejdherska-banda-so-pishtol-im-doshle-na-dechko-i-devojka-koi-sedele-vo-gradski-park/ Sat, 25 Nov 2023 19:06:28 +0000 https://republika.mk/?p=716232

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица на возраст од 18-19 години, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело „разбојништво“. Во извршувањето учествувале и три малолетни деца во судир со законот, за кои ќе биде поведена постапка согласно Законот за правда на децата.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, лицата заедно на 23 ноември годинава во Градскиот парк во Скопје се заканиле со пиштол дека ќе нападнат врз животот и телото на оштетен и оштетена, кои седеле на клупа. На тој начин од нив одзеле еден машки рачен часовник и 1200 денари со намера противправно да ги присвојат.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложи определување мерки на претпазливост за полнолетните осомничени, вклучувајќи забрана тие да се приближуваат до оштетените во текот на постапката, се наведува во соопштението.

The post ОЈО со постапка против тинејџерска банда, со пиштол им дошле на дечко и девојка кои седеле во Градски парк appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица на возраст од 18-19 години, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело „разбојништво“. Во извршувањето учествувале и три малолетни деца во судир со законот, за кои ќе биде поведена постапка согласно Законот за правда на децата. Како што информира денеска Јавното обвинителство, лицата заедно на 23 ноември годинава во Градскиот парк во Скопје се заканиле со пиштол дека ќе нападнат врз животот и телото на оштетен и оштетена, кои седеле на клупа. На тој начин од нив одзеле еден машки рачен часовник и 1200 денари со намера противправно да ги присвојат.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложи определување мерки на претпазливост за полнолетните осомничени, вклучувајќи забрана тие да се приближуваат до оштетените во текот на постапката, се наведува во соопштението.

The post ОЈО со постапка против тинејџерска банда, со пиштол им дошле на дечко и девојка кои седеле во Градски парк appeared first on Република.

]]>
Приведена тинејџерска банда во Карпош https://arhiva3.republika.mk/vesti/privedena-tinejdherska-banda-vo-karposh/ Fri, 24 Nov 2023 09:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=715796

На подрачје на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош и полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ш.(19), Р.М.(18), Н.Т.(18) и тројца малолетници, сите од Скопје.

Тие се сомничат дека околу 19.30 часот во Градски парк на подрачје на Карпош со закана од А.Т.(20) од с.Ржаничино, скопско, одзеле пари и личен предмет. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица, соопштија денеска од МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, најавија од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведена тинејџерска банда во Карпош appeared first on Република.

]]>

На подрачје на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош и полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ш.(19), Р.М.(18), Н.Т.(18) и тројца малолетници, сите од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 19.30 часот во Градски парк на подрачје на Карпош со закана од А.Т.(20) од с.Ржаничино, скопско, одзеле пари и личен предмет. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица, соопштија денеска од МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, најавија од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведена тинејџерска банда во Карпош appeared first on Република.

]]>
Тројца тинејџери запалија кафемат, по што се запали и бандера https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-tinejdheri-zapalija-kafemat-po-shto-se-zapali-i-bandera/ Tue, 07 Nov 2023 16:06:25 +0000 https://republika.mk/?p=699255

Денеска во Полициската станица Битола, извршен е службен разговор со П.П.(18), С.С.(18), С.А.(18) и еден 17–годишник кои се сомничат дека на 3 ноември околу 00:13 часот во Битола оштетиле и предизвикале пожар на кафемат, а од пожарот биле зафатени бандера и други околни предмети, соопшти МВР.

Тие го признале делото и по негово целосно документирање, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Тројца тинејџери запалија кафемат, по што се запали и бандера appeared first on Република.

]]>

Денеска во Полициската станица Битола, извршен е службен разговор со П.П.(18), С.С.(18), С.А.(18) и еден 17–годишник кои се сомничат дека на 3 ноември околу 00:13 часот во Битола оштетиле и предизвикале пожар на кафемат, а од пожарот биле зафатени бандера и други околни предмети, соопшти МВР. Тие го признале делото и по негово целосно документирање, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Тројца тинејџери запалија кафемат, по што се запали и бандера appeared first on Република.

]]>
СЗО и УНИЦЕФ почнаа со обуки на жени-лидерки за подигнување на свеста за менталното здравје, по алармантните податоци за осаменоста на тинејџерите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-i-unitsef-pochnaa-so-obuki-na-zheni-liderki-za-podignuvane-na-svesta-za-mentalnoto-zdravje-po-alarmantnite-podatotsi-za-osamenosta-na-tinejdherite/ Mon, 30 Oct 2023 12:27:14 +0000 https://republika.mk/?p=696283

Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Македонија и Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) почнаа со обуки на жени-лидерки со цел поддршка и подигнување на свеста за менталното здравје на тинејџерите.

Како дел од Заедничката глобална иницијатива на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите, воспоставуваме соработка со жени-лидери од одбрани локални заедници и им помагаме да ја подигнат јавната свест за важноста на превенцијата и навремениот третман на проблеми поврзани со менталното здравје. Целта ни е да им обезбедиме на ангажираните жени-лидери знаење и алатки и да ги охрабриме да го кренат гласот во средините каде живеат за оваа значајна тема, соопштија од канцеларијата на СЗО во Македонија.

Обуката денеска беше организирана во хотел „Солун“ во Скопје и како што велат, е појдовна основа за една последователна низа активности во општините Битола, Карпош (Скопје), Гостивар и Крива Паланка, во кои, во текот на ноември 2023. година, ќе се одржат форуми во заедниците со жени-лидери, како и разговори со претставници на училиштата коишто го унапредуваат здравјето. Ваквите активности ќе продолжат и во 2024 година во други општини.

Според последниот попис на населението спроведен во 2021 година, околу една петтина од вкупното население во Македонија го сочинуваат деца и адолесценти, а повеќе од една третина се лица помлади од 30 години.

Според последното истражување што го спроведе Универзитетската клиника за психијатрија со поддршка од УНИЦЕФ, околу 30% од адолесцентите имаат умерени до тешки симптоми на депресија, додека скоро половината од нив, односно 48,4%, изјавиле дека се чувствувале потиштено или тажно подолг временски период во текот на изминатата година.

Најновите резултатите од последното истражување за однесувањето на децата од училишна возраст (на 11, 13 и 15 г.) во нашата земја, спроведено со поддршка на УНФПА, објавени минатата недела, покажаа дека дури 57% од девојчињата на 15 години пријавиле чести нерасположенија, речиси секојдневно во последните шест месеци. И задоволството од животот опаѓа со возраста од 11 до 15 години, кај девојчињата многу побрзо отколку кај момчињата.

Ова е одлична можност да се искористи на најдобар начин потенцијалот на жените-лидери во заедницата за остварување позитивен исчекор во една важна област како што е поддршката за подобро ментално здравје на децата и адолесцентите. Веруваме дека тие имаат длабоко разбирање за културната и социјалната динамика во рамките на заедниците во коишто живеат, и ќе бидат гласни застапници за ментално здравје, смета д-р Ане Јохансен, специјален претставник на СЗО во Македонија, по повод отворањето на првата работилница за обука.

Според Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во Македониа, преземањето активности за превенција и поддршка во заедницата и во училиштата е од големо значење за менталното здравје и психосоцијалната добросотојба на децата, а особено на девојчињата и момчињата во ранливите ситуации.

Истражувањата исто така покажуваат дека менталното здравје на родителите и згрижувачите е од корист за сите. Затоа ни се потребни услуги во областа на менталното здравјте прилагодени на специфичните потреби на децата и на адолесцентите. Но истотака, потребно е да се разбие стигмата околу менталните болести и менталното здравје, за да се промовира здрава и поддржувачка средина којашто ја негува општата добросотојба на децата, нивните згрижувачи и општеството во целина, смета ДиЏовани.

Министерството за здравство во соработка со Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, презеде обврска да изготви „Национален акциски план за ментално здравје и психосоцијална добросостојба на децата“ и адолесцентите до декември 2023 година, сакајќи да им помогне на сите деца и адолесценти од гледна точка на трите сектори: здравство, образование и социјална заштита.

Наша обврска е да бидеме проактивни во оваа област и да создадеме подобар и поповолен амбиент за нашите деца. Секое девојче и момче го заслужува правото да биде поддржано и да расте во безбедна и здрава средина!, изјави д-р Фатмир Меџити, министер за здравство.

 

The post СЗО и УНИЦЕФ почнаа со обуки на жени-лидерки за подигнување на свеста за менталното здравје, по алармантните податоци за осаменоста на тинејџерите appeared first on Република.

]]>

Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Македонија и Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) почнаа со обуки на жени-лидерки со цел поддршка и подигнување на свеста за менталното здравје на тинејџерите.
Како дел од Заедничката глобална иницијатива на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите, воспоставуваме соработка со жени-лидери од одбрани локални заедници и им помагаме да ја подигнат јавната свест за важноста на превенцијата и навремениот третман на проблеми поврзани со менталното здравје. Целта ни е да им обезбедиме на ангажираните жени-лидери знаење и алатки и да ги охрабриме да го кренат гласот во средините каде живеат за оваа значајна тема, соопштија од канцеларијата на СЗО во Македонија.
Обуката денеска беше организирана во хотел „Солун“ во Скопје и како што велат, е појдовна основа за една последователна низа активности во општините Битола, Карпош (Скопје), Гостивар и Крива Паланка, во кои, во текот на ноември 2023. година, ќе се одржат форуми во заедниците со жени-лидери, како и разговори со претставници на училиштата коишто го унапредуваат здравјето. Ваквите активности ќе продолжат и во 2024 година во други општини. Според последниот попис на населението спроведен во 2021 година, околу една петтина од вкупното население во Македонија го сочинуваат деца и адолесценти, а повеќе од една третина се лица помлади од 30 години. Според последното истражување што го спроведе Универзитетската клиника за психијатрија со поддршка од УНИЦЕФ, околу 30% од адолесцентите имаат умерени до тешки симптоми на депресија, додека скоро половината од нив, односно 48,4%, изјавиле дека се чувствувале потиштено или тажно подолг временски период во текот на изминатата година. Најновите резултатите од последното истражување за однесувањето на децата од училишна возраст (на 11, 13 и 15 г.) во нашата земја, спроведено со поддршка на УНФПА, објавени минатата недела, покажаа дека дури 57% од девојчињата на 15 години пријавиле чести нерасположенија, речиси секојдневно во последните шест месеци. И задоволството од животот опаѓа со возраста од 11 до 15 години, кај девојчињата многу побрзо отколку кај момчињата.
Ова е одлична можност да се искористи на најдобар начин потенцијалот на жените-лидери во заедницата за остварување позитивен исчекор во една важна област како што е поддршката за подобро ментално здравје на децата и адолесцентите. Веруваме дека тие имаат длабоко разбирање за културната и социјалната динамика во рамките на заедниците во коишто живеат, и ќе бидат гласни застапници за ментално здравје, смета д-р Ане Јохансен, специјален претставник на СЗО во Македонија, по повод отворањето на првата работилница за обука.
Според Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во Македониа, преземањето активности за превенција и поддршка во заедницата и во училиштата е од големо значење за менталното здравје и психосоцијалната добросотојба на децата, а особено на девојчињата и момчињата во ранливите ситуации.
Истражувањата исто така покажуваат дека менталното здравје на родителите и згрижувачите е од корист за сите. Затоа ни се потребни услуги во областа на менталното здравјте прилагодени на специфичните потреби на децата и на адолесцентите. Но истотака, потребно е да се разбие стигмата околу менталните болести и менталното здравје, за да се промовира здрава и поддржувачка средина којашто ја негува општата добросотојба на децата, нивните згрижувачи и општеството во целина, смета ДиЏовани.
Министерството за здравство во соработка со Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, презеде обврска да изготви „Национален акциски план за ментално здравје и психосоцијална добросостојба на децата“ и адолесцентите до декември 2023 година, сакајќи да им помогне на сите деца и адолесценти од гледна точка на трите сектори: здравство, образование и социјална заштита.
Наша обврска е да бидеме проактивни во оваа област и да создадеме подобар и поповолен амбиент за нашите деца. Секое девојче и момче го заслужува правото да биде поддржано и да расте во безбедна и здрава средина!, изјави д-р Фатмир Меџити, министер за здравство.
 

The post СЗО и УНИЦЕФ почнаа со обуки на жени-лидерки за подигнување на свеста за менталното здравје, по алармантните податоци за осаменоста на тинејџерите appeared first on Република.

]]>
Една третина од тинејџерите и адолесцентите и една третина од трудниците страдаат од депресија, покажуваат истражувањата во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/edna-tretina-od-tinejdherite-i-adolestsentite-i-edna-tretina-od-trudnitsite-stradaat-od-depresija-pokazhuvaat-istrazhuvanata-vo-makedonija/ Tue, 10 Oct 2023 12:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=689896

Податоците од најновите истражувања во Македонија покажуваат дека една третина од мајките за време на бременоста и по породувањето страдаат од симптоми на депресија, додека кај 28 проценти од нив се регистрира анксиозност.

Понатаму, според податоците, тинејџерите и адолесцентите се особено ранлива категорија, според податоците од најновите истражувања во Македонија кај 29,2 отсто од младите се регистрирани клинички симптоми на депресија додека кај 23,7 проценти се присутни клинички симптоми на анксиозност во периодот после пандемијата со Ковид-19, а девојчињата се позасегнати од анксиозност и депресивни симптоми во споредба со момчињата.

Истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија е направено во периодот после пандемијата со Ковид-19, а го презентираше д-р Стефанија Митровска, за време на настанот организиран по повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 октомври.

Митровска која работи на Универзитетската клиника за психијатрија, вели дека од особен интерес на клиниката е покревањето на свесноста кај пошироката јавност и професионалците, за овие потешкотии со кои се соочуваат жените во бременоста и по породувањето.

Во истражувањето се покажа дека една третина од испитаничките покажуваат клинички релевантни симптоми на депресивност и уште толку се соочуваат со анксиозност. Важно е здравјето на мајката за здрав развој на детето. Ние имаме парола која вели: ‘Здрава мајка, здраво дете, здраво дете, здраво општетство’, рече таа.

Како што додаде во последно време забележува дека почесто се говори на оваа тема во медиумите и социјалните мрежи, но треба и им се укаже на мајките и на тоа како можат да дојдат до помош.

Ретко кој знае како да побара помош. Ако некоја жена препознава кај себе потешкотии со психичкото здравје ја охрабруваме да се обрати кај матичниот лектр, за да ја упати кај специјалист за натамошна проценка. Исто ги повикуваме сите лекари кои се во контакст со родилки, да ги препознаваат знаците на нарушено психичко здравје и да ги прашаат жените како се чувствуваат. Важно е колетивно да ја градиме поддршката, рече д-р Митровска.

Статистичките податоци генерално покажуваат дека дури 1 од 8 луѓе страдаат од потешкотии со психичкото здравје. Овие предизвици не ја афектираат само психичката добросостојба,туку нивното влијание се одразува и на социјалното и професионално функционирање на личноста, а оттаму и на општеството во целост.

The post Една третина од тинејџерите и адолесцентите и една третина од трудниците страдаат од депресија, покажуваат истражувањата во Македонија appeared first on Република.

]]>

Податоците од најновите истражувања во Македонија покажуваат дека една третина од мајките за време на бременоста и по породувањето страдаат од симптоми на депресија, додека кај 28 проценти од нив се регистрира анксиозност. Понатаму, според податоците, тинејџерите и адолесцентите се особено ранлива категорија, според податоците од најновите истражувања во Македонија кај 29,2 отсто од младите се регистрирани клинички симптоми на депресија додека кај 23,7 проценти се присутни клинички симптоми на анксиозност во периодот после пандемијата со Ковид-19, а девојчињата се позасегнати од анксиозност и депресивни симптоми во споредба со момчињата. Истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија е направено во периодот после пандемијата со Ковид-19, а го презентираше д-р Стефанија Митровска, за време на настанот организиран по повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 октомври. Митровска која работи на Универзитетската клиника за психијатрија, вели дека од особен интерес на клиниката е покревањето на свесноста кај пошироката јавност и професионалците, за овие потешкотии со кои се соочуваат жените во бременоста и по породувањето.
Во истражувањето се покажа дека една третина од испитаничките покажуваат клинички релевантни симптоми на депресивност и уште толку се соочуваат со анксиозност. Важно е здравјето на мајката за здрав развој на детето. Ние имаме парола која вели: ‘Здрава мајка, здраво дете, здраво дете, здраво општетство’, рече таа.
Како што додаде во последно време забележува дека почесто се говори на оваа тема во медиумите и социјалните мрежи, но треба и им се укаже на мајките и на тоа како можат да дојдат до помош.
Ретко кој знае како да побара помош. Ако некоја жена препознава кај себе потешкотии со психичкото здравје ја охрабруваме да се обрати кај матичниот лектр, за да ја упати кај специјалист за натамошна проценка. Исто ги повикуваме сите лекари кои се во контакст со родилки, да ги препознаваат знаците на нарушено психичко здравје и да ги прашаат жените како се чувствуваат. Важно е колетивно да ја градиме поддршката, рече д-р Митровска.
Статистичките податоци генерално покажуваат дека дури 1 од 8 луѓе страдаат од потешкотии со психичкото здравје. Овие предизвици не ја афектираат само психичката добросостојба,туку нивното влијание се одразува и на социјалното и професионално функционирање на личноста, а оттаму и на општеството во целост.

The post Една третина од тинејџерите и адолесцентите и една третина од трудниците страдаат од депресија, покажуваат истражувањата во Македонија appeared first on Република.

]]>
Анархија во САД по намалувањето на казните за ситни кражби, се затвораат цели ланци на продавници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/anarhija-vo-sad-po-namaluvaneto-na-kaznite-za-sitni-krazhbi-se-zatvoraat-tseli-lantsi-na-prodavnitsi/ Thu, 28 Sep 2023 08:23:39 +0000 https://republika.mk/?p=685887

Националната федерација за широка потрошувачка (НРФ) излезе со анкета што покажува дека кражбите по продавници и трговски центри во САД станале национална епидемија, пишува весникот „Волстрит журнал“. Толпа од гневни млади луѓе пак ограби неколку продавници во Филаделфија.

Според резултатите од анкетата, во 2022 година претежно од кражби ритејлерите останале „кусок“ за 1,6 отсто, пресметано во процент од вкупните продажби или загуба од 112 милијарди долари, изјавија од НРФ.

Таргет, еден од најголемите марки во САД за продажба на стока за широка потрошувачка, вчера соопшти дека поради овој проблем затвора девет продавици во четири сојузни држави.

Не можеме да продолжиме да ги управуваме овие продавници поради тоа што кражбите и организираниот ритејл криминал се закана за безбедноста на нашиот тим и гостите, и создаваат неодржливи бизнис перформанси, изјавија од Таргет.

Ритејл гигантот затвора две продавнбици во Сиетл, сојузна држава Вашингтон, три во Портленд, Орегон, три во Сан Франциско и Оукленд, Калифoрнија, и една во Њујорк. Компанијата истакна дека и покрај тоа што вложила во повеќе обезбедување од трети компании и имплементација на инструменти за одвраќање на кражбите“ одлучено е да се затворат локациите.

Толпа од гневни млади луѓе синоќа ограбија неколку продавници во Филаделфија. За време на дивеењето беа уништени три продавници меѓу кои и една на технолошката компанија „Епл“ која продава Ајфони. Полицијата уапси педесеттина лица, се вршат истрагит за оштетениот имот низ градот. Биле пријавени 76 инциденти. Полицијата утврдува дали „имало организиран караван од разни возила што оделе од една до друга локација“.


Кражбите по трговските центри во некои градови како Филаделфија и Њујорк се должи на разлабавеното работење на органите за безбедност и обвинителството, смета весникот.

Во Филаделфија до септември годинава органите извесиле за 424 кражби по продавници, додека за истото време во 2017 бројот бил 1.500.

https://republika.mk/vesti/svet/maloletnitsi-napravija-haos-masoven-grabezh-vo-filadelfija/

Слично е и во Њујорк во местата како Харлем. „Волстрит журнал“ пишува дека за време на градоначалниците Руди Џулијани и Мајк Блумберг овој дел од градот станал пристојно место за живот, „а сега се враќа во криминал и безредија“.

Џорџ Сорос и прогресивните окружни обвинители кои тој ги финансира тврдат дека им помагаат на сиромашните и малцинствата, но овие заедници се главните жртви на кражбите со дивеење, пишува весникот.

The post Анархија во САД по намалувањето на казните за ситни кражби, се затвораат цели ланци на продавници appeared first on Република.

]]>

Националната федерација за широка потрошувачка (НРФ) излезе со анкета што покажува дека кражбите по продавници и трговски центри во САД станале национална епидемија, пишува весникот „Волстрит журнал“. Толпа од гневни млади луѓе пак ограби неколку продавници во Филаделфија. Според резултатите од анкетата, во 2022 година претежно од кражби ритејлерите останале „кусок“ за 1,6 отсто, пресметано во процент од вкупните продажби или загуба од 112 милијарди долари, изјавија од НРФ. Таргет, еден од најголемите марки во САД за продажба на стока за широка потрошувачка, вчера соопшти дека поради овој проблем затвора девет продавици во четири сојузни држави.
Не можеме да продолжиме да ги управуваме овие продавници поради тоа што кражбите и организираниот ритејл криминал се закана за безбедноста на нашиот тим и гостите, и создаваат неодржливи бизнис перформанси, изјавија од Таргет.
Ритејл гигантот затвора две продавнбици во Сиетл, сојузна држава Вашингтон, три во Портленд, Орегон, три во Сан Франциско и Оукленд, Калифoрнија, и една во Њујорк. Компанијата истакна дека и покрај тоа што вложила во повеќе обезбедување од трети компании и имплементација на инструменти за одвраќање на кражбите“ одлучено е да се затворат локациите. Толпа од гневни млади луѓе синоќа ограбија неколку продавници во Филаделфија. За време на дивеењето беа уништени три продавници меѓу кои и една на технолошката компанија „Епл“ која продава Ајфони. Полицијата уапси педесеттина лица, се вршат истрагит за оштетениот имот низ градот. Биле пријавени 76 инциденти. Полицијата утврдува дали „имало организиран караван од разни возила што оделе од една до друга локација“. Кражбите по трговските центри во некои градови како Филаделфија и Њујорк се должи на разлабавеното работење на органите за безбедност и обвинителството, смета весникот. Во Филаделфија до септември годинава органите извесиле за 424 кражби по продавници, додека за истото време во 2017 бројот бил 1.500. https://republika.mk/vesti/svet/maloletnitsi-napravija-haos-masoven-grabezh-vo-filadelfija/ Слично е и во Њујорк во местата како Харлем. „Волстрит журнал“ пишува дека за време на градоначалниците Руди Џулијани и Мајк Блумберг овој дел од градот станал пристојно место за живот, „а сега се враќа во криминал и безредија“.
Џорџ Сорос и прогресивните окружни обвинители кои тој ги финансира тврдат дека им помагаат на сиромашните и малцинствата, но овие заедници се главните жртви на кражбите со дивеење, пишува весникот.

The post Анархија во САД по намалувањето на казните за ситни кражби, се затвораат цели ланци на продавници appeared first on Република.

]]>
Шест тетовски тинејџери силуваа девојче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shest-tetovski-tinejdheri-siluvaa-devojche/ Sun, 10 Sep 2023 15:28:04 +0000 https://republika.mk/?p=680640

На 9 септември во 19.30 часот во тетовско, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода пет малолетници и еден 18-годишник, сите од тетовско, постапувајќи по претходна пријава на жител од тетовско според која, тие со закана ја принудиле неговата малолетна ќерка на полови дејства.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Тетово.

 

The post Шест тетовски тинејџери силуваа девојче appeared first on Република.

]]>

На 9 септември во 19.30 часот во тетовско, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода пет малолетници и еден 18-годишник, сите од тетовско, постапувајќи по претходна пријава на жител од тетовско според која, тие со закана ја принудиле неговата малолетна ќерка на полови дејства.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Тетово.
 

The post Шест тетовски тинејџери силуваа девојче appeared first on Република.

]]>
Тинејџери се качиле врз воз поради „Тик-ток“, па ги удрила струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tinejdheri-se-kachile-vrz-voz-poradi-tik-tok-pa-gi-udrila-struja/ Mon, 26 Jun 2023 14:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=655311

Тројца малолетници се повредени синоќа во Зеница откако се качиле врз воз.

Како што пренесуваат медиумите од регионот, тие се качиле врз возот во населбата Дривуша, а потоа настрадале од струен удар.

Според неофицијални информации, сите тројца малолетници добиле изгореници, а еден е во тешка состојба, пренесе „Блиц.рс“.

Тој синоќа од кантоналната болница во Зеница итно бил префрлен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево со тешки изгореници на телото.

Тие наводно се качувале во возот за да снимаат видео на „Тик-ток“.

The post Тинејџери се качиле врз воз поради „Тик-ток“, па ги удрила струја appeared first on Република.

]]>

Тројца малолетници се повредени синоќа во Зеница откако се качиле врз воз. Како што пренесуваат медиумите од регионот, тие се качиле врз возот во населбата Дривуша, а потоа настрадале од струен удар. Според неофицијални информации, сите тројца малолетници добиле изгореници, а еден е во тешка состојба, пренесе „Блиц.рс“. Тој синоќа од кантоналната болница во Зеница итно бил префрлен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево со тешки изгореници на телото. Тие наводно се качувале во возот за да снимаат видео на „Тик-ток“.

The post Тинејџери се качиле врз воз поради „Тик-ток“, па ги удрила струја appeared first on Република.

]]>
Тинејџери дивееле со украдено службено возило, повредиле тројца полицајци, уништиле две полициски возила https://arhiva3.republika.mk/vesti/tinejdheri-diveele-so-ukradeno-sluzhbeno-vozilo-povredile-trojtsa-politsajtsi-unishtile-dve-politsiski-vozila/ Wed, 15 Feb 2023 16:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=609410

Полициски службеници на СВР Тетово на 14 фавруари, околу 16.20 часот во близина на угостителски објект во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода Ј.Ј.(19) од Тетово и тројца малолетници од Тетово и селата Ларце и Непроштено.

Како што соопшти МВР, лишените лица десетина минути пред тоа биле забележани на локалниот пат Палчиште-Камењане како се движат со противправно одземеното возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на државна институција, а пријавено вчера.

Тие не испочитувале наредби за запирање дадени од полициски службеници и притоа оштетиле две полициски возила и повредиле тројца полициски службеници на СВР Тетово.

Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци, а полициските службеници се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

The post Тинејџери дивееле со украдено службено возило, повредиле тројца полицајци, уништиле две полициски возила appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово на 14 фавруари, околу 16.20 часот во близина на угостителски објект во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода Ј.Ј.(19) од Тетово и тројца малолетници од Тетово и селата Ларце и Непроштено. Како што соопшти МВР, лишените лица десетина минути пред тоа биле забележани на локалниот пат Палчиште-Камењане како се движат со противправно одземеното возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на државна институција, а пријавено вчера. Тие не испочитувале наредби за запирање дадени од полициски службеници и притоа оштетиле две полициски возила и повредиле тројца полициски службеници на СВР Тетово. Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци, а полициските службеници се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

The post Тинејџери дивееле со украдено службено возило, повредиле тројца полицајци, уништиле две полициски возила appeared first on Република.

]]>
Караница за девојка: 15-годишник избодел друг тинејџер кај „Џамбо“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/karanitsa-za-devojka-15-godishnik-izbodel-drug-tinejdher-kaj-dhambo/ Wed, 01 Feb 2023 15:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=603482

На 31.011.2023 година, во 14.30 часот во трговски центар на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје.

Околу 14.05 часот, по кратка расправија и недоразбирање поради девојка, тој со нож му нанел повреда на М.А.(18) од с.Зелениково, скопско, при што бил забележан и задржан од полициски службеник од Полициската станица Центар.

Од него бил одземен ножот, а повредениот М.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била констатирана телесна повреда.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Караница за девојка: 15-годишник избодел друг тинејџер кај „Џамбо“ appeared first on Република.

]]>

На 31.011.2023 година, во 14.30 часот во трговски центар на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје. Околу 14.05 часот, по кратка расправија и недоразбирање поради девојка, тој со нож му нанел повреда на М.А.(18) од с.Зелениково, скопско, при што бил забележан и задржан од полициски службеник од Полициската станица Центар. Од него бил одземен ножот, а повредениот М.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била констатирана телесна повреда. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Караница за девојка: 15-годишник избодел друг тинејџер кај „Џамбо“ appeared first on Република.

]]>
Половина од американските тинејџери интернет користат речиси постојано https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/polovina-od-amerikanskite-tinejdzeri-internet-koristat-rechisi-postojano/ Fri, 26 Aug 2022 09:42:29 +0000 https://republika.mk/?p=544356

Речиси половина од американските тинејџери велат дека користат интернет „речиси постојано“, според најновото истражување спроведено на 1.316 тинејџери. Процентот на тинејџери кои пријавиле речиси постојано ниво на присуство на интернет е значително повисок од истражувањето од 2015 година во кое само околу една четвртина од тинејџерите го пријавиле тоа ниво на употреба на интернет.

Истражувањето покажа дека платформите за социјални медиуми кои најмногу ги користат тинејџерите исто така се менуваат, при што платформите фокусирани на видео како YouTube и TikTok предничат по популарност. Фејсбук повеќе не е толку доминантна сила во животот на американските тинејџери. Само 32% од американските тинејџери на возраст од 13 до 17 години велат дека сега користат Фејсбук. Тоа е помалку од 71% од тинејџерите кои рекле дека користат Фејсбук во истражувањето спроведено помеѓу 2014 и 2015 година.

Конкретно YouTube го користеле 95% од тинејџерите, според истражувањето, при што скоро 20% пријавиле речиси постојана употреба на платформата, што ја прави најпопуларна социјална мрежа, по што следи TikTok. Од тинејџерите кои користеле TikTok, речиси една четвртина пријавиле речиси постојана употреба. Во последниве години, Facebook и Instagram презедоа чекори за да ја надминат конкуренцијата. Двете платформи објавија функции кои ја реплицираат функцијата со потпис на Snapchat Stories, која им овозможува на корисниците да објавуваат содржини што исчезнуваат по 24 часа. Instagram, исто така, воведе опција за кратко видео наречена Reels за да се натпреварува со TikTok.

Мета, исто така, се најде под лупа за влијанието на нејзините услуги врз помладите корисници, особено тинејџерите. Иако употребата на Фејсбук можеби е намалена кај тинејџерите, оваа возрасна група се повеќе е онлајн. Севкупно, 97% од испитаниците рекле дека користат Интернет секојдневно, во споредба со 92% од тинејџерите кои рекле дека користат Интернет секојдневно во извештајот од 2015 година.

 

The post Половина од американските тинејџери интернет користат речиси постојано appeared first on Република.

]]>

Речиси половина од американските тинејџери велат дека користат интернет „речиси постојано“, според најновото истражување спроведено на 1.316 тинејџери. Процентот на тинејџери кои пријавиле речиси постојано ниво на присуство на интернет е значително повисок од истражувањето од 2015 година во кое само околу една четвртина од тинејџерите го пријавиле тоа ниво на употреба на интернет. Истражувањето покажа дека платформите за социјални медиуми кои најмногу ги користат тинејџерите исто така се менуваат, при што платформите фокусирани на видео како YouTube и TikTok предничат по популарност. Фејсбук повеќе не е толку доминантна сила во животот на американските тинејџери. Само 32% од американските тинејџери на возраст од 13 до 17 години велат дека сега користат Фејсбук. Тоа е помалку од 71% од тинејџерите кои рекле дека користат Фејсбук во истражувањето спроведено помеѓу 2014 и 2015 година. Конкретно YouTube го користеле 95% од тинејџерите, според истражувањето, при што скоро 20% пријавиле речиси постојана употреба на платформата, што ја прави најпопуларна социјална мрежа, по што следи TikTok. Од тинејџерите кои користеле TikTok, речиси една четвртина пријавиле речиси постојана употреба. Во последниве години, Facebook и Instagram презедоа чекори за да ја надминат конкуренцијата. Двете платформи објавија функции кои ја реплицираат функцијата со потпис на Snapchat Stories, која им овозможува на корисниците да објавуваат содржини што исчезнуваат по 24 часа. Instagram, исто така, воведе опција за кратко видео наречена Reels за да се натпреварува со TikTok. Мета, исто така, се најде под лупа за влијанието на нејзините услуги врз помладите корисници, особено тинејџерите. Иако употребата на Фејсбук можеби е намалена кај тинејџерите, оваа возрасна група се повеќе е онлајн. Севкупно, 97% од испитаниците рекле дека користат Интернет секојдневно, во споредба со 92% од тинејџерите кои рекле дека користат Интернет секојдневно во извештајот од 2015 година.  

The post Половина од американските тинејџери интернет користат речиси постојано appeared first on Република.

]]>
При судир на тинејџери оштетени и три паркирани возила, тешко повреден 15-годишник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pri-sudir-na-tinejdzeri-oshteteni-i-tri-parkirani-vozila-teshko-povreden-15-godishnik/ Sat, 16 Apr 2022 10:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=489251

Вчера околу 18,30 часот е пријавено дека во Куманово, на бул.„3-та Македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Б.Ќ.(19) од Куманово, мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознака, управуван од 17-годишник од с.Биљановце, кумановско и паркирани патничко возила „БМВ“ „aуди“ и „sеат“.

Возачот на моторциклот и неговиот 15-годишен сопатник биле пренесени во Ургентен Центар-Куманово каде од доктор кај сопатникот е констатирана повреда, а кај возачот е констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Куманово.

 

The post При судир на тинејџери оштетени и три паркирани возила, тешко повреден 15-годишник appeared first on Република.

]]>

Вчера околу 18,30 часот е пријавено дека во Куманово, на бул.„3-та Македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Б.Ќ.(19) од Куманово, мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознака, управуван од 17-годишник од с.Биљановце, кумановско и паркирани патничко возила „БМВ“ „aуди“ и „sеат“. Возачот на моторциклот и неговиот 15-годишен сопатник биле пренесени во Ургентен Центар-Куманово каде од доктор кај сопатникот е констатирана повреда, а кај возачот е констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Куманово.  

The post При судир на тинејџери оштетени и три паркирани возила, тешко повреден 15-годишник appeared first on Република.

]]>