Тина Иванова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tina-ivanova/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 10:29:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тина Иванова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tina-ivanova/ 32 32 Музичко-поетскиот перформанс ,,Дом” кој е соработка помеѓу маестро Дино Имери и музикологот и писателката Тина Иванова вечерва на „Струшки вечери на поезијата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzichko-poetskiot-performans-dom-koj-e-sorabotka-pomegu-maestro-dino-imeri-i-muzikologot-i-pisatelkata-tina-ivanova-vecherva-na-strushki-vecheri-na-poezijata/ Fri, 23 Aug 2024 10:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=809401

Музичко-поетскиот перформанс ,,Дом” кој е соработка помеѓу маестро Дино Имери и музикологот и писателката Тина Иванова ќе се одржи вечерва во рамките на „Струшки вечери на поезијата“.

Станува збор за уникатен, авторски спој од текст (поезија и проза) и музика (авторска и класична), кој носи новитети на музичката и културната сцена во Македонија.

„Дом“ се темели на поетски стихови чија основна нишка е љубовта гледана низ нејзината универзална призма. Односно, моќните пораки коишто таа ги носи со себе, наспроти омразата и злото што го окупираат светот.

Во рамките на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, ќе бидат изведени неколку авторски песни, како и еден сегмент од беседа на италијанскиот писател и поет Џакомо Леопарди

The post Музичко-поетскиот перформанс ,,Дом” кој е соработка помеѓу маестро Дино Имери и музикологот и писателката Тина Иванова вечерва на „Струшки вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Промоција на романот „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“ на Тина Иванова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-se-chini-s-ushte-postoi-lubov-ili-lubov-vo-vreme-na-korona-na-tina-ivanova/ Sat, 16 Dec 2023 07:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=723516

Новиот роман на Тина Иванова под наслов „Се чини сè уште постои љубов или: Љубов во време на корона“, ќе биде промовиран денеска во Аудиокултура, со почеток во 19 часот.

Промотор на книгата ќе биде новинарот, писателот, активистот за човекови права, Џабир Дерала. Промоцијата ќе биде збогатена со настап на двајцата пијанисти Дино Имери и Дуња Иванова.

„Се чини сè уште постои љубов или: Љубов во време на Корона“ е приказна за љубовта помеѓу еден маж и една жена. Од една страна, зборува за љубовта помеѓу Ана и Дениал, љубов помеѓу христијанка и муслиман, за онаа чиста, искрена, невина љубов, речиси нереална – опишувана во некој класичен роман. Од друга страна, пак, приказната третира уште една верзија на љубов или „нељубов“, како контрапункт на среќната, полетната, безграничната, безусловната, полна со радост, а тоа е онаа грдата, измамничката, полна со сомнежи, непочитување, тага, објаснува авторката.

Како што укажува и самиот наслов, дел од времето на дејствието се случува во периодот на ковид-пандемијата. Локацијата на дејствијата е Скопје.

Но, во суштина, книгата зборува за предрасудите, пред сè, за религиските, а со тоа и за социјалните судови, за неразумните однесувања и за искривеностите во верувањата, наметнати од религиските авторитети помеѓу луѓето, кои се провлекуваат низ одредени дијалози и размислувања на главниот лик Ана. Низ размислите, во дел од случувањата на Ана, на нејзиниот емотивен живот како жена, се јавува аспект на одредена потиштеност и резигнираност на една разведена жена и сите стравови кои се наметнуваат од статусот, како и за соочувањето со тоа во едно гнило општество. Таа го наоѓа својот пат кон Бога, пат, којшто го наоѓа со помош на најголемиот композитор на сите времиња Јохан Себастијан Бах, посочува Иванова.

Тина Иванова (1976, Скопје) е музиколог и продуцент, со долгогодишно искуство во новинарството, а зад себе има и шест пишани изданија. Во моментов е продуцент во Македонската филхармонија, каде од 2020 до 2023 година беше на функцијата директор.

The post Промоција на романот „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“ на Тина Иванова appeared first on Република.

]]>

Новиот роман на Тина Иванова под наслов „Се чини сè уште постои љубов или: Љубов во време на корона“, ќе биде промовиран денеска во Аудиокултура, со почеток во 19 часот. Промотор на книгата ќе биде новинарот, писателот, активистот за човекови права, Џабир Дерала. Промоцијата ќе биде збогатена со настап на двајцата пијанисти Дино Имери и Дуња Иванова.
„Се чини сè уште постои љубов или: Љубов во време на Корона“ е приказна за љубовта помеѓу еден маж и една жена. Од една страна, зборува за љубовта помеѓу Ана и Дениал, љубов помеѓу христијанка и муслиман, за онаа чиста, искрена, невина љубов, речиси нереална – опишувана во некој класичен роман. Од друга страна, пак, приказната третира уште една верзија на љубов или „нељубов“, како контрапункт на среќната, полетната, безграничната, безусловната, полна со радост, а тоа е онаа грдата, измамничката, полна со сомнежи, непочитување, тага, објаснува авторката.
Како што укажува и самиот наслов, дел од времето на дејствието се случува во периодот на ковид-пандемијата. Локацијата на дејствијата е Скопје.
Но, во суштина, книгата зборува за предрасудите, пред сè, за религиските, а со тоа и за социјалните судови, за неразумните однесувања и за искривеностите во верувањата, наметнати од религиските авторитети помеѓу луѓето, кои се провлекуваат низ одредени дијалози и размислувања на главниот лик Ана. Низ размислите, во дел од случувањата на Ана, на нејзиниот емотивен живот како жена, се јавува аспект на одредена потиштеност и резигнираност на една разведена жена и сите стравови кои се наметнуваат од статусот, како и за соочувањето со тоа во едно гнило општество. Таа го наоѓа својот пат кон Бога, пат, којшто го наоѓа со помош на најголемиот композитор на сите времиња Јохан Себастијан Бах, посочува Иванова.
Тина Иванова (1976, Скопје) е музиколог и продуцент, со долгогодишно искуство во новинарството, а зад себе има и шест пишани изданија. Во моментов е продуцент во Македонската филхармонија, каде од 2020 до 2023 година беше на функцијата директор.

The post Промоција на романот „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“ на Тина Иванова appeared first on Република.

]]>
„Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“ – нов роман на Тина Иванова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-chini-s-ushte-postoi-lubov-ili-lubov-vo-vreme-na-korona-nov-roman-na-tina-ivanova/ Thu, 14 Dec 2023 09:53:30 +0000 https://republika.mk/?p=722829

На 16 декември (сабота) со почеток во 19 часот, во Аудиокултура, ќе се одржи промоција на новиот роман на Тина Иванова под наслов „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“. Промотор на книгата ќе биде новинарот, писателот, активистот за човекови права, Џабир Дерала. Промоцијата ќе биде збогатена со настап на двајцата извонредни пијанисти Дино Имери и Дуња Иванова.

„Се чини сè уште постои љубов или: Љубов во време на Корона“ е приказна за љубовта помеѓу еден маж и една жена. Од една страна, зборува за љубовта помеѓу Ана и Дениал, љубов помеѓу христијанка и муслиман, за онаа чиста, искрена, невина љубов, речиси нереална - опишувана во некој класичен роман. Од друга страна, пак, приказната третира уште една верзија на љубов или „нељубов”, како контрапункт на среќната, полетната, безграничната, безусловната, полна со радост, а тоа е онаа грдата, измамничката, полна со сомнежи, непочитување, тага. Дел од времето на дејствието, како што укажува и самиот наслов, се случува во периодот кога бевме заробени под плаштот на Ковид 19. Локацијата е Скопје, градот кој дише во наративот како едно соединение со ликовите.

Но, во суштина, книгата зборува за предрасудите, пред сè, за религиските, а со тоа и за социјалните судови, за неразумните однесувања и за искривеностите во верувањата, наметнати од религиските авторитети помеѓу луѓето, кои се провлекуваат низ одредени дијалози и размислувања на главниот лик Ана. Низ размислите, во дел од случувањата на Ана, на нејзиниот емотивен живот како жена, се јавува аспект на одредена потиштеност и резигнираност на една разведена жена и сите стравови кои се наметнуваат од статусот, како и за соочувањето со тоа во едно труло општество. Таа го наоѓа својот пат кон Бога, пат, којшто го наоѓа со помош на најголемиот композитор на сите времиња Јохан Себастијан Бах.

Приказната се чита во еден здив, а вметнати се и неколку песни, кои се врзивно ткиво на навидум одделните сегменти и коишто ја сликаат женската емотивна состојба од неколку различни перспективи.

[caption id="attachment_722833" align="alignnone" width="1280"] Тина Иванова е музиколог и продуцент, со долгогодишно искуство во новинарството, а зад себе има и шест пишани изданија[/caption]

Тина Иванова (1976, Скопје) е музиколог и продуцент, со долгогодишно искуство во новинарството, а зад себе има и шест пишани изданија. Петнаесет години е дел од културната рубрика на „Утрински весник“ од неговото формирање (1999), најпрвин како новинар и музички критичар во културната рубрика, а од 2007 до 2012 година и како нејзин уредник. Пред тоа работи во Македонското радио на Првата програма во редакцијата за сериозна музика, потоа во Музичкото радио Канал 103 како музички соработник и во Македонската информативна агенција.

Во моментов е продуцент во Македонската филхармонија, каде од 2020 до 2023 година беше на функцијата директор.

Авторка е на книгата „Документ 103“ која претставува публицистички труд за музичкото радио Канал 103, за која ја доби престижната државна награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ во 2012 година. Добитничка е и на наградата „Урбан“ за промовирање на урбаната култура, награда на Институтот „Урбан“.

Тина Иванова е авторка и на романот „Кругови“, чиј издавач е издавачката куќа „Или-Или“ (2013).
Авторка е и на монографскиот труд „Михајло Николовски-нашиот Папа Франк“ по повод 80 години од раѓањето на истакнатиот македонски композитор и педагог, за која ја доби престижната награда „Панче Пешев“ од Сојузот на композиторите на Македонија.

Се јавува како ко-автор на монографијата „70 години Македонска филхармонија“, напишана по повод 70 години од постоењето на најстарата македонска национална институција. Ко-автор е и на електронската книга „Седум мали портрети на седум големи композитори“ (2015).

Пишува стручни текстови, музички критики, текстови за песни, раскази, сценарија за детски концерти, и е активно вклучена во изборот на музичките програми на Филхармонија, како и на проекти надвор од институцијата.

The post „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“ – нов роман на Тина Иванова appeared first on Република.

]]>

На 16 декември (сабота) со почеток во 19 часот, во Аудиокултура, ќе се одржи промоција на новиот роман на Тина Иванова под наслов „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“. Промотор на книгата ќе биде новинарот, писателот, активистот за човекови права, Џабир Дерала. Промоцијата ќе биде збогатена со настап на двајцата извонредни пијанисти Дино Имери и Дуња Иванова. „Се чини сè уште постои љубов или: Љубов во време на Корона“ е приказна за љубовта помеѓу еден маж и една жена. Од една страна, зборува за љубовта помеѓу Ана и Дениал, љубов помеѓу христијанка и муслиман, за онаа чиста, искрена, невина љубов, речиси нереална - опишувана во некој класичен роман. Од друга страна, пак, приказната третира уште една верзија на љубов или „нељубов”, како контрапункт на среќната, полетната, безграничната, безусловната, полна со радост, а тоа е онаа грдата, измамничката, полна со сомнежи, непочитување, тага. Дел од времето на дејствието, како што укажува и самиот наслов, се случува во периодот кога бевме заробени под плаштот на Ковид 19. Локацијата е Скопје, градот кој дише во наративот како едно соединение со ликовите. Но, во суштина, книгата зборува за предрасудите, пред сè, за религиските, а со тоа и за социјалните судови, за неразумните однесувања и за искривеностите во верувањата, наметнати од религиските авторитети помеѓу луѓето, кои се провлекуваат низ одредени дијалози и размислувања на главниот лик Ана. Низ размислите, во дел од случувањата на Ана, на нејзиниот емотивен живот како жена, се јавува аспект на одредена потиштеност и резигнираност на една разведена жена и сите стравови кои се наметнуваат од статусот, како и за соочувањето со тоа во едно труло општество. Таа го наоѓа својот пат кон Бога, пат, којшто го наоѓа со помош на најголемиот композитор на сите времиња Јохан Себастијан Бах. Приказната се чита во еден здив, а вметнати се и неколку песни, кои се врзивно ткиво на навидум одделните сегменти и коишто ја сликаат женската емотивна состојба од неколку различни перспективи. [caption id="attachment_722833" align="alignnone" width="1280"] Тина Иванова е музиколог и продуцент, со долгогодишно искуство во новинарството, а зад себе има и шест пишани изданија[/caption] Тина Иванова (1976, Скопје) е музиколог и продуцент, со долгогодишно искуство во новинарството, а зад себе има и шест пишани изданија. Петнаесет години е дел од културната рубрика на „Утрински весник“ од неговото формирање (1999), најпрвин како новинар и музички критичар во културната рубрика, а од 2007 до 2012 година и како нејзин уредник. Пред тоа работи во Македонското радио на Првата програма во редакцијата за сериозна музика, потоа во Музичкото радио Канал 103 како музички соработник и во Македонската информативна агенција. Во моментов е продуцент во Македонската филхармонија, каде од 2020 до 2023 година беше на функцијата директор. Авторка е на книгата „Документ 103“ која претставува публицистички труд за музичкото радио Канал 103, за која ја доби престижната државна награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ во 2012 година. Добитничка е и на наградата „Урбан“ за промовирање на урбаната култура, награда на Институтот „Урбан“. Тина Иванова е авторка и на романот „Кругови“, чиј издавач е издавачката куќа „Или-Или“ (2013). Авторка е и на монографскиот труд „Михајло Николовски-нашиот Папа Франк“ по повод 80 години од раѓањето на истакнатиот македонски композитор и педагог, за која ја доби престижната награда „Панче Пешев“ од Сојузот на композиторите на Македонија. Се јавува како ко-автор на монографијата „70 години Македонска филхармонија“, напишана по повод 70 години од постоењето на најстарата македонска национална институција. Ко-автор е и на електронската книга „Седум мали портрети на седум големи композитори“ (2015). Пишува стручни текстови, музички критики, текстови за песни, раскази, сценарија за детски концерти, и е активно вклучена во изборот на музичките програми на Филхармонија, како и на проекти надвор од институцијата.

The post „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“ – нов роман на Тина Иванова appeared first on Република.

]]>
Вработените во Филхармонија до министерката: Директори се менуваат, но не треба да се менува односот на државата кон своите најзначајни институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vrabotenite-vo-filharmonija-do-ministerkata-direktori-se-menuvaat-no-ne-treba-da-se-menuva-odnosot-na-drzhavata-kon-svoite-najznachajni-institutsii/ Wed, 20 Sep 2023 07:58:50 +0000 https://republika.mk/?p=683334

Став на Синдикатот на вработените на НУ Македонска филхармонија во врска со разрешувањето на директорката и управниот одбор на Македонска филхармонија, кој ви го пренесуваме во целост:

https://republika.mk/vesti/kultura/tina-ivanova-edinstvenata-prichina-za-razreshuvaneto-e-faktot-shto-kako-direktorka-na-greshnata-i-neodrzhliva-odluka-na-ministerkata-zastanav-na-stranata-na-kolektivot-i-na-stranata-na-institutsijata/

Разочарани сме, но не и изненадени од одлуката за разрешување на директорката и Управниот одбор на нашата институција, Македонска филхармонија. Свесни сме дека причините за разрешувањето коишто Министерството за култура ги наведе во јавноста не ја рефлектираат вистината, а одлуката се должи на тоа што директораката Тина Иванова и членовите на УО застанаа зад сите нас, вработените во Македонска филхармонија кои бевме против штетната и нетранспарентна одлука за вдомување на џез оркестарот во просториите на нашата институција.

Затоа, со огромно негодување, жал и резигнираност го примивме известувањето за разрешувањето на Тина Иванова од функцијата директор на Македонската филхармонија. Но, во оркестарот и во Синдикатот, овој потег на Министерката за култура не беше и неочекуван. Министерката за култура како надлежна прекина секаква комуникација со директорката, а со тоа и со нас и со институцијата во целина, а откако го создаде проблемот со нејзината тајна мисија Национален џез-оркестар да биде сместен во зградата на Филхармонијата на што систематски реагиравме.

Откако Министерката за култура и Владата најдоа друго соодветно решение за проблемот, за кратко помисливме дека комуникацијата меѓу институцијата и Министерката, по неколку месечни тортури, инспекции, непринципиелни неразбирливи притисоци, ќе се нормализира и дека во нашата соработка нема место за лични хирови и каприци.

Но, за жал, со разрешувањето повторно посведочивме носење штетна одлука и поради фактот што сите сме свесни, ние и јавноста, дека диркеторката и УО не се разрешени поради причините коишто Министерството за култура ги наведе во документите за нивното разрешување, сакаме да изразиме поддршка за Тина Иванова и сите членови на УО, затоа што тие застана зад сите нас и зад куќата со којашто раководеа со професионалност и интегритет.

Со ова наше обраќање сакаме уште еднаш да ѝ укажеме на Министерката за култура дека ние, вработените во Македонска филхармонија, нема да дозволиме повторно валкање и рушење на угледот и реномето на нашата институција и дека секојпат кога државата ќе носи одлуки кои не одат во прилог на нашата институција, соодветно ќе реагираме.

Директори се менуваат, но не треба да се менува односот на државата кон своите најзначајни институции. Во тој контекст не се менува ниту нашата примарна заложба да ја штитиме институцијата секогаш кога ќе биде доведен во прашање нејзиниот интегритет.

Очекуваме кооперативност од Министерството за култура чија основна задача е да ги штити интересите на уметниците и да гради здрава и афирмативна културна политика.

The post Вработените во Филхармонија до министерката: Директори се менуваат, но не треба да се менува односот на државата кон своите најзначајни институции appeared first on Република.

]]>

Став на Синдикатот на вработените на НУ Македонска филхармонија во врска со разрешувањето на директорката и управниот одбор на Македонска филхармонија, кој ви го пренесуваме во целост: https://republika.mk/vesti/kultura/tina-ivanova-edinstvenata-prichina-za-razreshuvaneto-e-faktot-shto-kako-direktorka-na-greshnata-i-neodrzhliva-odluka-na-ministerkata-zastanav-na-stranata-na-kolektivot-i-na-stranata-na-institutsijata/ Разочарани сме, но не и изненадени од одлуката за разрешување на директорката и Управниот одбор на нашата институција, Македонска филхармонија. Свесни сме дека причините за разрешувањето коишто Министерството за култура ги наведе во јавноста не ја рефлектираат вистината, а одлуката се должи на тоа што директораката Тина Иванова и членовите на УО застанаа зад сите нас, вработените во Македонска филхармонија кои бевме против штетната и нетранспарентна одлука за вдомување на џез оркестарот во просториите на нашата институција. Затоа, со огромно негодување, жал и резигнираност го примивме известувањето за разрешувањето на Тина Иванова од функцијата директор на Македонската филхармонија. Но, во оркестарот и во Синдикатот, овој потег на Министерката за култура не беше и неочекуван. Министерката за култура како надлежна прекина секаква комуникација со директорката, а со тоа и со нас и со институцијата во целина, а откако го создаде проблемот со нејзината тајна мисија Национален џез-оркестар да биде сместен во зградата на Филхармонијата на што систематски реагиравме. Откако Министерката за култура и Владата најдоа друго соодветно решение за проблемот, за кратко помисливме дека комуникацијата меѓу институцијата и Министерката, по неколку месечни тортури, инспекции, непринципиелни неразбирливи притисоци, ќе се нормализира и дека во нашата соработка нема место за лични хирови и каприци. Но, за жал, со разрешувањето повторно посведочивме носење штетна одлука и поради фактот што сите сме свесни, ние и јавноста, дека диркеторката и УО не се разрешени поради причините коишто Министерството за култура ги наведе во документите за нивното разрешување, сакаме да изразиме поддршка за Тина Иванова и сите членови на УО, затоа што тие застана зад сите нас и зад куќата со којашто раководеа со професионалност и интегритет. Со ова наше обраќање сакаме уште еднаш да ѝ укажеме на Министерката за култура дека ние, вработените во Македонска филхармонија, нема да дозволиме повторно валкање и рушење на угледот и реномето на нашата институција и дека секојпат кога државата ќе носи одлуки кои не одат во прилог на нашата институција, соодветно ќе реагираме. Директори се менуваат, но не треба да се менува односот на државата кон своите најзначајни институции. Во тој контекст не се менува ниту нашата примарна заложба да ја штитиме институцијата секогаш кога ќе биде доведен во прашање нејзиниот интегритет. Очекуваме кооперативност од Министерството за култура чија основна задача е да ги штити интересите на уметниците и да гради здрава и афирмативна културна политика.

The post Вработените во Филхармонија до министерката: Директори се менуваат, но не треба да се менува односот на државата кон своите најзначајни институции appeared first on Република.

]]>
Иванова: Ниту јас како директор на Филхармонија, ниту било кој вработен, ја имаше информацијата дека новата национална установа ќе биде сместена во овој објект https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ivanova-nitu-jas-kako-direktor-na-filharmonija-nitu-bilo-koj-vraboten-ja-imashe-informatsijata-deka-novata-natsionalna-ustanova-ke-bide-smestena-vo-ovoj-objekt/ Wed, 12 Apr 2023 11:52:46 +0000 https://republika.mk/?p=630150

И се обраќам на македонската влада, се обраќам на Министерството за култура и на министерката Бисера Костадиновска - Стојческа, Ви се обраќам вам почитувани медиуми, во врска со Одлуката - Здружението на џез музичари на Македонија сега Национален оркестар за џез музика, да биде сместен во овој објект и две институции да функционираат заедно под еден покрив, го почна денеска своето обраќање директорката на Македонската филхармонија, Тина Иванова.

Пред се, сакам јавно да соопштам, дека ниту јас како директор на Филхармонија, ниту било кој вработен од Филхармонија, ја имаше информацијата дека новата национална установа ќе биде сместена во овој објект.

Договори, преговори, состаноци, биле тајна. Со нас, со колективот, со уметниците музичари, со раководителот и Управниот одбор ниту збор. Ниту информација, ниту прашање, ниту разговор, ниту бутур.

Да. Зградата е на државата и Филхармонијата исто. Ама не и музичарите, уметниците, ансамблот.

Информацијата за тоа, сите, вклучувајќи ме и мене како директор, ја дознавме на социјалните мрежи преку објава на некои портали.

Но во случајов не е важна непочитта спрема најекспонираната и најуспешна културна установа во државата која и Ковидот го протурка со фул програма.

Ниту пак овде и сега станува збор за суета. Непочитта не зборува за нас туку ...

Станува збор за реалната ситуација и за можностите за евентуално взаемно функционирање.

Скоро целата институција, сите музички уметници, цела администрација и Управниот одбор, потпишаа петиција и објавија соопштенија до Владата, Министерството за култура и медиумите со аргументи зошто не би било добро Националниот оркестар за џез музика да функционира во зградата на Филхармонија, за што сите сте добро запознаени. Во истата таа објава сите едногласно позитивно ја поздравивме одлуката за формирање на Национален џез оркестар.

По оваа едногласна размисла на сите вработени во оваа институција, бевме повикани на состанок од страна на министерката за култура, неколкумина музичари од Филхармонија, јас како директорка и двајца претставници на ЗЏМ, од кои едниот е вработен во Македонската филхармонија повеќе од 20 години.

На состанокот, министерката за култура, откако и ги објаснивме причините и последиците од ова взаемно функционирање на два сосема различни оркестри, ни вети дека ќе го смени делот во одлуката за сместување на Националниот џез оркестар во домот на Филхармонијата.

Притоа, се договоривме, да не даваме изјави во медиуми до промената на Одлуката, да не се изјаснуваме на социјални мрежи по ова прашање, за јавноста да не биде погрешно информирана.

Но некои не се држеа до овој џентлменски договор кај министерката. Катадневно во јавноста пласираа невистини, дезинформираа, јавнаа на бранот на поддршката за институционализирање на ЗЏМ за што ние овде во Филхармонијата и со години се залагаме и со години ги поддржуваме и со години помагаме вклучително и јас лично.

Непријатно сме изненадени од некои наши пријатели, колеги и соработници за манипулирањето на јавноста и медиумите, рече Иванова.

Таа посочи дека имале исклучителна соработка ЗЏМ и безрезервна поддршка.

Јас, Тина Иванова, нека кажат претставниците на ЗЏМ, и од времето кога соработував со нив, од секогаш сум им ја давала мојата поддршка неизмерно и безрезервно. Ги ценам како уметници и знам дека во нивните редови има фантастични музичари. Бев на неколку состаноци за да преговарам да им се даде простор, за што имав позитивен одговор и за Домот на АРМ и за студијата М1 и М2 во МРТВ.

Сега, во овој случај, како директор на Филхармонијата, застанувам зад колективот, зад единствениот став на сите вработени. Не само поради солидарноста туку и поради нивниот  исправен став и реалната потреба Националната филхармонија, брендот на македонската култура, да не биде предмет на експерименти непримерни за ниту една филхармонија во светот.

Оваа „филхармониска генерација“ направивме уникатна и високо квалитетна програма, изведовме грандиозни дела, на сцената стапнаа фантастични диригенти и солисти. Имавме полни сали и задоволна публика. Така и ќе продолжиме.

Овие уметници се научени и на поинакви околности. Можеме да се вратиме и во Домот на АРМ, можеме и на отворено и тука сме со потврден квалитет. Пак ќе правиме концерти.

Сега директорка сум јас, министерката е сега министерка. Утре нема да бидеме на овие должности ниту јас ниту таа. Но овие луѓе овде, овие уметници, кои сега со право реагираат, и натаму ќе останат да се тоа без оглед на околностите. Но неприродно е да се прават обиди за создавање услови за едни на сметка на нарушени услови за други. Така се задира во успешноста и кај едните и кај другите.

И пак, никаде во светот во објект со планска намена за филхармонија не функционира џез ансамбл.

Еве, тука е дипломатскиот кор, прашајте ги каде е тоа случј. Никаде. И не случајно - никаде.

И повторувам, не отсега, од многу одамна сите застанавме на страната на ЗЏМ, секогаш ја имале нашата безрезервна и професионална и другарска поддршка. Патем, наспроти обидете за извртување на фактите во јавноста, секогаш им биле отворени филхармониските сцени за нивни концерти.

Но функционирање на два национални оркестри со сосема различна програмска и естетска концепција е неспоива состојба на што всушност реагира и целата Филхармонија, потенцираше Иванова.

Македонската филхармонија следната година одбележува 80 години постоење.

Националната филхармонија ја слави музиката. Наредната година колективот ќе го одбележи големиот јубилеј – 80 години од формирањето на Македонската филхармонија а утре е нашиот концерт „Благден“. Под палката на маестро Вања Николовски Ѓумар ќе биде изведено едно од најграндиозните дела во историјата на класичната музика, Петтата симфонија од Густав Малер. Концертот почнува во 20 часот. Сите сте добредојдени, заврши Иванова.

The post Иванова: Ниту јас како директор на Филхармонија, ниту било кој вработен, ја имаше информацијата дека новата национална установа ќе биде сместена во овој објект appeared first on Република.

]]>

И се обраќам на македонската влада, се обраќам на Министерството за култура и на министерката Бисера Костадиновска - Стојческа, Ви се обраќам вам почитувани медиуми, во врска со Одлуката - Здружението на џез музичари на Македонија сега Национален оркестар за џез музика, да биде сместен во овој објект и две институции да функционираат заедно под еден покрив, го почна денеска своето обраќање директорката на Македонската филхармонија, Тина Иванова.
Пред се, сакам јавно да соопштам, дека ниту јас како директор на Филхармонија, ниту било кој вработен од Филхармонија, ја имаше информацијата дека новата национална установа ќе биде сместена во овој објект. Договори, преговори, состаноци, биле тајна. Со нас, со колективот, со уметниците музичари, со раководителот и Управниот одбор ниту збор. Ниту информација, ниту прашање, ниту разговор, ниту бутур. Да. Зградата е на државата и Филхармонијата исто. Ама не и музичарите, уметниците, ансамблот. Информацијата за тоа, сите, вклучувајќи ме и мене како директор, ја дознавме на социјалните мрежи преку објава на некои портали. Но во случајов не е важна непочитта спрема најекспонираната и најуспешна културна установа во државата која и Ковидот го протурка со фул програма. Ниту пак овде и сега станува збор за суета. Непочитта не зборува за нас туку ... Станува збор за реалната ситуација и за можностите за евентуално взаемно функционирање. Скоро целата институција, сите музички уметници, цела администрација и Управниот одбор, потпишаа петиција и објавија соопштенија до Владата, Министерството за култура и медиумите со аргументи зошто не би било добро Националниот оркестар за џез музика да функционира во зградата на Филхармонија, за што сите сте добро запознаени. Во истата таа објава сите едногласно позитивно ја поздравивме одлуката за формирање на Национален џез оркестар. По оваа едногласна размисла на сите вработени во оваа институција, бевме повикани на состанок од страна на министерката за култура, неколкумина музичари од Филхармонија, јас како директорка и двајца претставници на ЗЏМ, од кои едниот е вработен во Македонската филхармонија повеќе од 20 години. На состанокот, министерката за култура, откако и ги објаснивме причините и последиците од ова взаемно функционирање на два сосема различни оркестри, ни вети дека ќе го смени делот во одлуката за сместување на Националниот џез оркестар во домот на Филхармонијата. Притоа, се договоривме, да не даваме изјави во медиуми до промената на Одлуката, да не се изјаснуваме на социјални мрежи по ова прашање, за јавноста да не биде погрешно информирана. Но некои не се држеа до овој џентлменски договор кај министерката. Катадневно во јавноста пласираа невистини, дезинформираа, јавнаа на бранот на поддршката за институционализирање на ЗЏМ за што ние овде во Филхармонијата и со години се залагаме и со години ги поддржуваме и со години помагаме вклучително и јас лично. Непријатно сме изненадени од некои наши пријатели, колеги и соработници за манипулирањето на јавноста и медиумите, рече Иванова.  
Таа посочи дека имале исклучителна соработка ЗЏМ и безрезервна поддршка.
Јас, Тина Иванова, нека кажат претставниците на ЗЏМ, и од времето кога соработував со нив, од секогаш сум им ја давала мојата поддршка неизмерно и безрезервно. Ги ценам како уметници и знам дека во нивните редови има фантастични музичари. Бев на неколку состаноци за да преговарам да им се даде простор, за што имав позитивен одговор и за Домот на АРМ и за студијата М1 и М2 во МРТВ. Сега, во овој случај, како директор на Филхармонијата, застанувам зад колективот, зад единствениот став на сите вработени. Не само поради солидарноста туку и поради нивниот  исправен став и реалната потреба Националната филхармонија, брендот на македонската култура, да не биде предмет на експерименти непримерни за ниту една филхармонија во светот. Оваа „филхармониска генерација“ направивме уникатна и високо квалитетна програма, изведовме грандиозни дела, на сцената стапнаа фантастични диригенти и солисти. Имавме полни сали и задоволна публика. Така и ќе продолжиме. Овие уметници се научени и на поинакви околности. Можеме да се вратиме и во Домот на АРМ, можеме и на отворено и тука сме со потврден квалитет. Пак ќе правиме концерти. Сега директорка сум јас, министерката е сега министерка. Утре нема да бидеме на овие должности ниту јас ниту таа. Но овие луѓе овде, овие уметници, кои сега со право реагираат, и натаму ќе останат да се тоа без оглед на околностите. Но неприродно е да се прават обиди за создавање услови за едни на сметка на нарушени услови за други. Така се задира во успешноста и кај едните и кај другите. И пак, никаде во светот во објект со планска намена за филхармонија не функционира џез ансамбл. Еве, тука е дипломатскиот кор, прашајте ги каде е тоа случј. Никаде. И не случајно - никаде. И повторувам, не отсега, од многу одамна сите застанавме на страната на ЗЏМ, секогаш ја имале нашата безрезервна и професионална и другарска поддршка. Патем, наспроти обидете за извртување на фактите во јавноста, секогаш им биле отворени филхармониските сцени за нивни концерти. Но функционирање на два национални оркестри со сосема различна програмска и естетска концепција е неспоива состојба на што всушност реагира и целата Филхармонија, потенцираше Иванова.  
Македонската филхармонија следната година одбележува 80 години постоење.
Националната филхармонија ја слави музиката. Наредната година колективот ќе го одбележи големиот јубилеј – 80 години од формирањето на Македонската филхармонија а утре е нашиот концерт „Благден“. Под палката на маестро Вања Николовски Ѓумар ќе биде изведено едно од најграндиозните дела во историјата на класичната музика, Петтата симфонија од Густав Малер. Концертот почнува во 20 часот. Сите сте добредојдени, заврши Иванова.
       
The post Иванова: Ниту јас како директор на Филхармонија, ниту било кој вработен, ја имаше информацијата дека новата национална установа ќе биде сместена во овој објект appeared first on Република.

]]>
Музиката е бескраен, безграничен простор, полн со изненадувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzikata-e-beskraen-bezgranichen-prostor-poln-so-iznenaduvanja/ Tue, 01 Mar 2022 08:07:14 +0000 https://republika.mk/?p=465582

На 25 март ќе се одржи концерт под наслов „Диши љубов", концерт на кој ќе бидат изведени песни чиј автор на музиката, како и на аранжманите е Џијан Емин, веќе добро познато име за музичката култура. Автор на текстовите на песните и на расказот којшто ќе биде наратив на настанот, сум јас. Со нетрпение го чекаме овој мултимедијален проект, кој настана пред две години, но не се одржа поради пандемијата. Станува збор за љубовен концерт, со меланхолична содржина, дури темна и трагична, музика која ја опејува љубовта во сите нејзини лица, вели Иванова.

Тина Иванова е родена во 1976 година во Скопје. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот по музикологија во класата на проф. Сотир Голабовски. Петнаесет години беше дел од културната рубрика на „Утрински весник“ од неговото формирање (1999), најпрвин како новинар и музички критичар во културната рубрика, а од 2007 до 2012 година и како нејзин уредник. Пред тоа работеше во Македонското радио на Првата програма во редакцијата за сериозна музика, потоа во Музичкото радио Канал 103 како музички соработник и во Македонската информативна агенција. Во Утрински весник ревносно и континуирано ги следеше состојбите на музичката култура во Македонија преку бројни рецензии, интервјуа, проблемски текстови. Во Македонска филхармонија работи од 2014 година како продуцент, а во моментов е на функцијата в.д. директор. Досега има објавувано текстови во повеќе македонски списанија за култура, а во последно време и на веб-страницата на Центарот за музикологија, здружение на кое се јавува како еден од основачите. Член е на Сојузот на композиторите на Македонија. Автор е на книгата „Документ 103“ која претставува публицистички труд за музичкото радио Канал 103 издадена во 2011 година од самата авторка и напишана по повод две децении од постоењето на радиото кое во европски, па и во светски рамки, се смета за раритет поради неговата програмска концепција. За книгата „Документ 103“, Иванова ја доби престижната државна награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ во 2012 година, награда која за прв пат му се додели на музиколог, односно на новинар од областа на музичката сфера. Добитничка е и на наградата „Урбан“ за промовирање на урбаната култура, награда на Институтот „Урбан“. Тина Иванова е автор и на романот „Кругови“, чиј издавач е издавачката куќа „Или-Или“ (2013). Автор е и на монографскиот труд „Михајло Николовски-нашиот Папа Франк“ по повод 80 години од раѓањето на истакнатиот македонски композитор и педагог, за која ја доби престижната награда „Панче Пешев“ од Сојузот на композиторите на Македонија. Се јавува како ко-автор на монографијата „70 години Македонска филхармонија“, напишана по повод 70 години од постоењето на најстарата македонска национална институција. Ко-автор е и на електронската книга „Седум мали портрети на седум големи композитори“ (2015). Изминативе шест години, Иванова во Филхармонија се јавува како продуцент на многубројни концерти, меѓу нив и симфониски концерти за деца и концерти со популарна содржина. Активно пишува текстови за песни, раскази, сценарија за детски концерти, и е активно вклучена во изборот на музичките програми на Филхармонија, како и на проекти надвор од институцијата. Како музиколог, таа е и еден од авторите на Филхармониски весник, кој почна да се објавува во 2019 година.
Со Иванова разговаравме за проектите и предизвиците во новата сезона, активностите во време на пандемија и нејзиното влијание, Филхармонија како огледало на општествените прилики и неприлики, гостувањата, концертите за деца...

Филхармонија активно работи изминативе две години додека светот е зафатен со пандемија од Ковид-19 и беше отежнато функционирањето буквално на се. Деновиве публиката сведочеше на магичната прва изведба на „Реквием за мојот пријател“ на еден од водечките композитори на филмска музика Збигњев Прајснер. Какво е чувството после еден ваков голем музички настан?

Да, навистина е отежнато да се работи во вакви услови. Но, не ни е само нам тешко, не сме сами во маката, како што и не сме сами во среќата, иако не е секоја среќа или тага иста за секого. Нам ни е тешко и од аспект на неизвесност, не знаеме до последен момент дали ќе се одржи концертот, дали ќе пристигнат планираните гости итн. Конкретно за „Реквием за мојот пријател“ требаше да дојде машки сопран од Кина, еден навистина необичен и атрактивен вокал, но за жал, не успеа поради Короната. Негова замена беше сопранот Катерина Стојановска која навистина одлично ја претстави својата улога и сакам јавно да и се заблагодарам што прифати во последен момент да учествува во реализацијата на ова дело. Всушност, јавно им се заблагодарувам на сите учесници на овој настан кои беа беспрекорни – оркестарот се разбира со сите свои суптилности кои ова дело ги бара, Билјана Јосифов – сопран, Бојан Булатовиќ од Србија – контратенор, Ѓорѓи Цуцковски – тенор, Александар Стефаноски кој живее во Германија – бас и гостите Золтан Борбељ од Србија – оргуљи и Каролина Бетер од Германија – соло блок флејта. Хорот „Про Арс“ под водство на маестро Сашо Татарчевски звучеше маестрално.Чест гостин ни е во последно време, бидејќи програмата е така конципирана, и веќе го чувствуваме како наш. Се надевам ќе продолжиме заедно да креираме уште многу прекрасни дела. Најголемата заслуга сепак, за овој концерт ја имаше врвниот маестро Емил Табаков, диригентот кој веќе сите го познаваат од неговите чести настапи со Филхармонија. Добро го познава оркестарот и умее да направи магија, да го извлече од него најдоброто. Мене се уште ми трепери срцето од возбуда за овој концерт. Реакциите на публиката го покажаа истото. Првпат кај нас прозвуче дело на, според мене, еден од најголемите композитори во светот, познат по филмската музика наменета за делата на врвниот Кишловски. Автор кој во „Реквием за мојот пријател“, посветен токму на филмскиот режисер и блиското пријателство со него, ја внел сета своја креативна моќ. Со трагичен наратив, ама во сржта неописива среќа. Се слуша фасцинантна комбинација од звучни бои кои зборуваат со јазикот на животот, ама и со јазикот на смртта. Плач за оние кои ги губиме, но радост за тоа што тие биле со нас, за тоа што сме можеле да бидеме во нивна близина. Молитва, тишина, возвишеност, звуци на благосостојба, но и на вознемирувачка перцепција за нашето битисување. Моја желба беше ова дело одамна да прозвучи на нашата сцена, но ете, сега дошло времето за тоа. Се надевам дека ќе реализираме уште многу вакви грандиозни творби, а за волја на вистината ги има многу, затоа што тие не само што ќе ни го разубават животот, туку ќе не натераат и понатаму да истражуваме, да се едуцираме, да размислуваме малку поинаку, да се тргнеме од приземноста, од баналноста, од површноста. Има навистина толку многу уметност, толку многу музика на овој свет, и штета би било да не бидеме ние сведоци на изведбите на делата на големите умови и на денешницата.

Кое е следното изненадување?

Секој концерт на Македонската филхармонија е изненадување. Затоа што, не станува збор само за тоа што е ставено во програмата таа вечер, кое дело ќе прозвучи и кои солисти и диригенти ќе настапат, туку би требало да трагаме по милион моменти во самата поставеност на делото и неговата изведба, кои за нас би можеле да бидат неочекувани, да не изненадат, да не воодушеват или да не разочараат. Ако умееме да слушаме, се разбира. Затоа е важна едукацијата. Музиката е бескраен, безграничен простор, полн со изненадувања. Следен концерт, кој ќе се случи овој четврток, е „Моќта на класиката“, каде како солист ќе настапи нашата Маја Чанаќевиќ на англиски рог и кога заедно со маестро Конрад ван Алфен од Холандија, нашиот почесен гостин диригент, ќе бидат премиерно изведени дела од Рејха и Фиала, како и Петтата симфонија од маѓепсникот Лудвиг ван Бетовен. Повторно интерсно звучно соединување. Следниот концерт, кој ќе се случи на 11 март во големата сала, е настапот на извонредните „Баланеску квартет“ кој исто така со нетрпение го очекуваме. И ова е настан кој не смее да се пропушти, бидејќи станува збор за еден од најдобрите квартети на сите времиња. На 17 март е концертот „Сеќавање на Б.Б.“, кога повторно ќе слушаме премиерни композиции – Концерт за флејта и оркестар од современата романска композиторка Дојна Ротару и светската премиера на Концертот за алт-флејта и гудачи од финскиот композитор Калеви Ахо. И двајцата, на наша среќа, а верувам на радост и на љубителите на музиката, ќе гостуваат во Скопје, кога ќе имаат и посебна средба со публиката. Концертот ќе го диригира нашиот шеф-диригент, маестро Габриел Бебешелеа, со кого досега остваривме незаборавни музички настани, полни со звучни изненадувања...

Дали се планирани гостувања на Македонската филхармонија со оглед на неизвесноста што ја донесе пандемијата?

Да, планираме да гостуваме во Белград, некаде кон крајот на ноември или почетокот на декември. Белградска филхармонија требаше да гостува кај нас, но како што рековте, не беше изводливо во ваква ситуација. Желбите се тука, постојат, но не можат секогаш да се остварат.

Ќе продолжите ли со концертите за деца, со оглед на фактот дека едукацијата на најмладата публика е мошне важна?

Секако, тоа е една од најважните наши задачи. Во декември одржавме фантастичен концерт за деца „Филхармонија патува во вселената“ со извонредна визуелизација кој ќе го репризираме во април. Имавме и концерт за млада публика над 11 години насловен „Ритамот во себе“, со кој се приклучивме во борбата против загадувањето. Без едукативен пристап во оваа сфера кај младите, нема да опстојат нашите институции во иднина. Ние сме културна, ама и образовна установа и тоа секогаш треба да го имаме во предвид. Мораме да внимаваме на нашата идна публика, мораме да знаеме каде и како ја насочуваме.

Што не научи пандемијата? Какви поуки извлековте Вие како институција? Беше ли тешко да се работи?

Мислев дека пандемијата ќе не научи да се свртиме, или да се вратиме, кон вистинските човечки вредности кои се загубија. За жал, се случи обратно, како да ги засили злобата, себичноста, суетите, жедта за позиција по секоја цена, за моќ дури и во најмалите сегменти во општеството. Филхармонија, како и сите институции, е огледало на општествените прилики и неприлики. Иако треба да се фокусираме на убавото, а тоа е уметноста, да уживаме во секој ден, во секој миг со музика и се што таа може да ни понуди, ние се бавиме со ниски страсти. Нема поубава работа од нашата, и затоа не смееме да дозволиме да не одвлече лицемерието во погрешна насока. Се исплатеше нашиот труд да работиме и во најголемата криза на ова што ни се случи, да креираме нешто поинакво од секојдневието. Тешко беше навистина, ама кога ќе размислам колку им е тешко на луѓето од медицината, на луѓето кои не знаат како ќе го преживеат денот без леб, на луѓето кои плачат да си ги вработат своите деца, на луѓето со неизлечиви болести, како би можеле да кажеме ние дека ни е тешко? Тоа е апсурд. Би било крајно себично.

Присуствувавте на отворањето на новата концертна сала на претседателскиот симфониски оркестар во Анкара, Турција. Можна ли е некој вид соработка или гостување во Турција?

Да, впрочем поканата се случи токму поради тоа, размена на камерни и симфониски оркестри. Но, да не се повторувам, ако дојдат подобри времиња, реално би било гостување во новата и навистина прекрасна сала во Анкара.

Традиционалниот настап на Филхармонија во Градскиот парк на отворено е омилениот настан на скопјани. Што подготвувате за оваа година?

Имаме неколку идеи за концерт во Градскиот парк. Ќе видиме која од нив ќе се реализира. Во моментов во преговори сме за едно навистина возбудливо име, но не можам да најавам ништо однапред. Да, и ние со нетрпение ги чекаме концертите на отворено. Тие носат сосема поинаква енергија и радост.

Ти си и писателка, а се јавуваш и како автор на текстови на песни и раскази. Што има ново на овој план, надвор од обврските од Филхармонија?

Има! Иако е повторно поврзано со Филхармонија, на некој начин. На 25 март ќе се одржи концерт под наслов „Диши љубов", концерт на кој ќе бидат изведени песни чиј автор на музиката, како и на аранжманите е Џијан Емин, веќе добро познато име за музичката култура. Автор на текстовите на песните и на расказот којшто ќе биде наратив на настанот, сум јас. Со нетрпение го чекаме овој мултимедијален проект, кој настана пред две години, но не се одржа поради пандемијата. Станува збор за љубовен концерт, со меланхолична содржина, дури темна и трагична, музика која ја опејува љубовта во сите нејзини лица.

Фото: Маја Аргакиева

The post Музиката е бескраен, безграничен простор, полн со изненадувања appeared first on Република.

]]>

На 25 март ќе се одржи концерт под наслов „Диши љубов", концерт на кој ќе бидат изведени песни чиј автор на музиката, како и на аранжманите е Џијан Емин, веќе добро познато име за музичката култура. Автор на текстовите на песните и на расказот којшто ќе биде наратив на настанот, сум јас. Со нетрпение го чекаме овој мултимедијален проект, кој настана пред две години, но не се одржа поради пандемијата. Станува збор за љубовен концерт, со меланхолична содржина, дури темна и трагична, музика која ја опејува љубовта во сите нејзини лица, вели Иванова.
Тина Иванова е родена во 1976 година во Скопје. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот по музикологија во класата на проф. Сотир Голабовски. Петнаесет години беше дел од културната рубрика на „Утрински весник“ од неговото формирање (1999), најпрвин како новинар и музички критичар во културната рубрика, а од 2007 до 2012 година и како нејзин уредник. Пред тоа работеше во Македонското радио на Првата програма во редакцијата за сериозна музика, потоа во Музичкото радио Канал 103 како музички соработник и во Македонската информативна агенција. Во Утрински весник ревносно и континуирано ги следеше состојбите на музичката култура во Македонија преку бројни рецензии, интервјуа, проблемски текстови. Во Македонска филхармонија работи од 2014 година како продуцент, а во моментов е на функцијата в.д. директор. Досега има објавувано текстови во повеќе македонски списанија за култура, а во последно време и на веб-страницата на Центарот за музикологија, здружение на кое се јавува како еден од основачите. Член е на Сојузот на композиторите на Македонија. Автор е на книгата „Документ 103“ која претставува публицистички труд за музичкото радио Канал 103 издадена во 2011 година од самата авторка и напишана по повод две децении од постоењето на радиото кое во европски, па и во светски рамки, се смета за раритет поради неговата програмска концепција. За книгата „Документ 103“, Иванова ја доби престижната државна награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ во 2012 година, награда која за прв пат му се додели на музиколог, односно на новинар од областа на музичката сфера. Добитничка е и на наградата „Урбан“ за промовирање на урбаната култура, награда на Институтот „Урбан“. Тина Иванова е автор и на романот „Кругови“, чиј издавач е издавачката куќа „Или-Или“ (2013). Автор е и на монографскиот труд „Михајло Николовски-нашиот Папа Франк“ по повод 80 години од раѓањето на истакнатиот македонски композитор и педагог, за која ја доби престижната награда „Панче Пешев“ од Сојузот на композиторите на Македонија. Се јавува како ко-автор на монографијата „70 години Македонска филхармонија“, напишана по повод 70 години од постоењето на најстарата македонска национална институција. Ко-автор е и на електронската книга „Седум мали портрети на седум големи композитори“ (2015). Изминативе шест години, Иванова во Филхармонија се јавува како продуцент на многубројни концерти, меѓу нив и симфониски концерти за деца и концерти со популарна содржина. Активно пишува текстови за песни, раскази, сценарија за детски концерти, и е активно вклучена во изборот на музичките програми на Филхармонија, како и на проекти надвор од институцијата. Како музиколог, таа е и еден од авторите на Филхармониски весник, кој почна да се објавува во 2019 година. Со Иванова разговаравме за проектите и предизвиците во новата сезона, активностите во време на пандемија и нејзиното влијание, Филхармонија како огледало на општествените прилики и неприлики, гостувањата, концертите за деца... Филхармонија активно работи изминативе две години додека светот е зафатен со пандемија од Ковид-19 и беше отежнато функционирањето буквално на се. Деновиве публиката сведочеше на магичната прва изведба на „Реквием за мојот пријател“ на еден од водечките композитори на филмска музика Збигњев Прајснер. Какво е чувството после еден ваков голем музички настан?