тим Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tim/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 14:00:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тим Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tim/ 32 32 Тимот на Трамп одбегнува ветинг и проверки од ФБИ на некои од номинираните кандидати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/timot-na-tramp-odbegnuva-veting-i-proverki-od-fbi-na-nekoi-od-nominiranite-kandidati/ Fri, 15 Nov 2024 14:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=838169

Транзицискиот тим на избраниот претседател Доналд Трамп ги избегнува традиционалните безбедносни проверки и ветингот вршени од Федералното биро за истраги (ФБИ) за биографиите и минатото на некои од неговите кандидати во новата администрација, и користи приватни компании за проверка, што се коси со вообичаените норми и протоколи, јави денеска Си-ен-ен.

Трамп и неговите сојузници веруваат дека системот на ФБИ е бавен и проблематичен со што би можеле да се попречат плановите на избраниот претседал за брза имплементација на неговата програма, изјавија лица информирани за плановите. Според познавачите, подеталните и подлабоки проверки можат да откријат засрамувачки информации што потоа можат да се искористат за нанесување политичка штета, а тимот на Трамп тоа не го сака.

Овие дискусии доаѓаат во момент кога Трамп предложи неколку контроверзни кандидати за високи позиции во владата на САД – вклучувајќи го Мат Гец за генерален обвинител и Тулси Габард за директор на националната разузнавачка служба, иако и двајцата или имаат мали или воопшто немаат искуство во областите правда и резузнавање. Гец се очекува да се соочи со Комитетот за етика во Сенатот, каде треба да биде потврдена неговата кандидатура, по извештаите дека во минатото бил вмешан во сексуална трговија и експлоатација на жени.

Иако претседателлт на САД има дискрециско право да избира кандидати и да открива детали од нивната биографија, заобиколувањето на проверките од ФБИ и нивно вршење од страна на приватни компании би значело кршење на долго воспоставената норма во Вашингтон, велат познавачите.

Трамп со ова искажува и длабока недоверба кон традиционалните безбедносните институции, кои за него се „длабока држава“. Извори за „Си-ен-ен“ велат дека тој во приватни разговори ја довел во прашање потребата од проверки од страна на безбедносните органи.

Ден Мејер, адвокат за национална безбедност во Вашингтон., изјави дека администрацијата на Трамп „не сака хармонија“.
-Тие не сакаат ФБИ да координира норми; тие сакаат да ги скршат тие норми,“ рече тој.

The post Тимот на Трамп одбегнува ветинг и проверки од ФБИ на некои од номинираните кандидати appeared first on Република.

]]>

Транзицискиот тим на избраниот претседател Доналд Трамп ги избегнува традиционалните безбедносни проверки и ветингот вршени од Федералното биро за истраги (ФБИ) за биографиите и минатото на некои од неговите кандидати во новата администрација, и користи приватни компании за проверка, што се коси со вообичаените норми и протоколи, јави денеска Си-ен-ен. Трамп и неговите сојузници веруваат дека системот на ФБИ е бавен и проблематичен со што би можеле да се попречат плановите на избраниот претседал за брза имплементација на неговата програма, изјавија лица информирани за плановите. Според познавачите, подеталните и подлабоки проверки можат да откријат засрамувачки информации што потоа можат да се искористат за нанесување политичка штета, а тимот на Трамп тоа не го сака. Овие дискусии доаѓаат во момент кога Трамп предложи неколку контроверзни кандидати за високи позиции во владата на САД – вклучувајќи го Мат Гец за генерален обвинител и Тулси Габард за директор на националната разузнавачка служба, иако и двајцата или имаат мали или воопшто немаат искуство во областите правда и резузнавање. Гец се очекува да се соочи со Комитетот за етика во Сенатот, каде треба да биде потврдена неговата кандидатура, по извештаите дека во минатото бил вмешан во сексуална трговија и експлоатација на жени. Иако претседателлт на САД има дискрециско право да избира кандидати и да открива детали од нивната биографија, заобиколувањето на проверките од ФБИ и нивно вршење од страна на приватни компании би значело кршење на долго воспоставената норма во Вашингтон, велат познавачите. Трамп со ова искажува и длабока недоверба кон традиционалните безбедносните институции, кои за него се „длабока држава“. Извори за „Си-ен-ен“ велат дека тој во приватни разговори ја довел во прашање потребата од проверки од страна на безбедносните органи. Ден Мејер, адвокат за национална безбедност во Вашингтон., изјави дека администрацијата на Трамп „не сака хармонија“. -Тие не сакаат ФБИ да координира норми; тие сакаат да ги скршат тие норми,“ рече тој.

The post Тимот на Трамп одбегнува ветинг и проверки од ФБИ на некои од номинираните кандидати appeared first on Република.

]]>
Македонските кошаркари бараат да не се зголемува бројот на странци во лигата https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-baraat-da-ne-se-zgolemuva-brojot-na-strantsi-vo-ligata/ Sat, 10 Jun 2023 13:20:47 +0000 https://republika.mk/?p=649899

Здружението на кошаркари на Македонија денес преку соопштение се огласи против најавата за зголемување на бројот на странци во македонското кошаркарско првенство.

Македонските кошаркари предупредија дека во случај да не се слушне нивниот апел, можно е да се искористи репрезентацијата како алатка во нивната заложба.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Здружението на кошаркари на Македонија:

Следствено збиднувањата поврзани со барањето на некои од кошаркарските клубови за зголемување на бројот на странски играчи, го покреваме овој апел до сите спортски работници и пред сѐ – Кошаркарската Федерација.

Изминатите години, откако беше намален бројот на странски играчи во нашата лига, бевме и сѐ уште сме сведоци на константниот напредок на нашата репрезентација.

Во прилог на истата таа одлука, произлегоа неколку нови, млади и квалитетни македонски кошаркари, кои дури и прераснаа во лидери на своите екипи. Фактот дека давањето шанса на младите играчи подложи на одредени ризици е занемарлив, меѓутоа, тоа е единствениот начин за напредок на македонската кошарка. Секој напредок, независно за што станува збор, изискува одреден ризик.

Здружението на играчи верува во стручноста на луѓето кои во моментов раководат со нашата Кошаркарска Федерација и нејзиниот Управен одбор, па очекуваме дека сериозноста на ова барање ќе биде сфатена, како и големите последици кои би ги предизвикала нивната потенцијална афирмација на истото тоа барање.

Ние, македонските кошаркари, искрено се надеваме дека нема да бидеме ставени во позиција да ја користиме Македонската кошаркарска репрезентација како алатка да се заштитиме, а тоа ќе ни биде единствената преостаната опција доколку не наидеме на поддршка од оние кои ја имаат одлучувачката улога.

Уште еднаш потенцираме дека оваа одлука е една од клучните за развој на македонските играчи во иднина и е тема која е најболна за целата македонска кошарка.

Иднината на македонската кошарка останува во рацете на Федерацијата, стои во соопштението

Во моментов дозволено е четворица странски кошаркари да бидат во составот на тимовите во македонското првенство, а пред некој ден, екипите се договорија нивниот број да се зголеми на петмина.

The post Македонските кошаркари бараат да не се зголемува бројот на странци во лигата appeared first on Република.

]]>

Здружението на кошаркари на Македонија денес преку соопштение се огласи против најавата за зголемување на бројот на странци во македонското кошаркарско првенство. Македонските кошаркари предупредија дека во случај да не се слушне нивниот апел, можно е да се искористи репрезентацијата како алатка во нивната заложба. Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Здружението на кошаркари на Македонија: Следствено збиднувањата поврзани со барањето на некои од кошаркарските клубови за зголемување на бројот на странски играчи, го покреваме овој апел до сите спортски работници и пред сѐ – Кошаркарската Федерација. Изминатите години, откако беше намален бројот на странски играчи во нашата лига, бевме и сѐ уште сме сведоци на константниот напредок на нашата репрезентација. Во прилог на истата таа одлука, произлегоа неколку нови, млади и квалитетни македонски кошаркари, кои дури и прераснаа во лидери на своите екипи. Фактот дека давањето шанса на младите играчи подложи на одредени ризици е занемарлив, меѓутоа, тоа е единствениот начин за напредок на македонската кошарка. Секој напредок, независно за што станува збор, изискува одреден ризик. Здружението на играчи верува во стручноста на луѓето кои во моментов раководат со нашата Кошаркарска Федерација и нејзиниот Управен одбор, па очекуваме дека сериозноста на ова барање ќе биде сфатена, како и големите последици кои би ги предизвикала нивната потенцијална афирмација на истото тоа барање. Ние, македонските кошаркари, искрено се надеваме дека нема да бидеме ставени во позиција да ја користиме Македонската кошаркарска репрезентација како алатка да се заштитиме, а тоа ќе ни биде единствената преостаната опција доколку не наидеме на поддршка од оние кои ја имаат одлучувачката улога. Уште еднаш потенцираме дека оваа одлука е една од клучните за развој на македонските играчи во иднина и е тема која е најболна за целата македонска кошарка. Иднината на македонската кошарка останува во рацете на Федерацијата, стои во соопштението Во моментов дозволено е четворица странски кошаркари да бидат во составот на тимовите во македонското првенство, а пред некој ден, екипите се договорија нивниот број да се зголеми на петмина.

The post Македонските кошаркари бараат да не се зголемува бројот на странци во лигата appeared first on Република.

]]>
Тимот на д-р Рендевски доби признание за највисоко рангиран научно-истражувачки труд за 2022 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/timot-na-d-r-rendevski-dobi-priznanie-za-najvisoko-rangiran-nauchno-istrazhuvachki-trud-za-2022-godina/ Fri, 07 Apr 2023 15:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=628410

Македонското лекарско друштво додели Признание за највисоко рангиран научно-истражувачки труд од областа на медицина за 2022 година на тимот на доцент доктор Владимир Рендевски од Медицинскиот и Природно-математичкиот факултет во Скопје.

По повод светскиот ден на здравјето, 7-ми април, македонското лекарско друштво, на денешниот настан организиран под мотото ,,Здравје за сите“, на мултидисциплинарниот научно-истражувачки тим: Доц. д-р Владимир Рендевски, Асс. м-р Борис Алексовски, Д-р сци. д-р Ана Михајловска Рендевска, Проф. д-р Никола Хаџи-Петрушев, Асс. д-р Благој Шунтов, Проф. д-р Ненси Манушева и Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, од Медицинскиот факулет Скопје и Природно-математичкиот факултет во Скопје, им додели признание за највисоко рангиран наулно-истражувачки труд од областа на медицината за 2022 година.

Во тек на минатата година, тимот предводен од доктор Рендевски го објави трудот „Воспалителни и оксидативни стрес маркери во интрацеребрална хеморагија: Релевантност како прогнозирачки маркери за квантификација на волуменот на едемот“ (Inflammatory and oxidative stress markers in intracerebral hemorrhage: Relevance as prognostic markers for quantification of the edema volume), објавен во меѓународното медицинско списание „Бреин патолоџи“ (Brain Pathology), со импакт фактор 7.611.

Во научниот труд се презентирани напредни математички модели со кои, врз база на одредени биохемиски, радиолошки и клинички параметри, се врши нумеричко предвидување на волуменот на мозочниот едем, кај пациентите со хеморагичен мозочен удар. Во истиот труд е прикажан и апликативен софтверски пакет кој има можност после внесување на наведените параметри, да генерира бројчана вредност на предвидениот резултат, како и да го направи 3Д-моделирање на истиот.

 

The post Тимот на д-р Рендевски доби признание за највисоко рангиран научно-истражувачки труд за 2022 година appeared first on Република.

]]>

Македонското лекарско друштво додели Признание за највисоко рангиран научно-истражувачки труд од областа на медицина за 2022 година на тимот на доцент доктор Владимир Рендевски од Медицинскиот и Природно-математичкиот факултет во Скопје. По повод светскиот ден на здравјето, 7-ми април, македонското лекарско друштво, на денешниот настан организиран под мотото ,,Здравје за сите“, на мултидисциплинарниот научно-истражувачки тим: Доц. д-р Владимир Рендевски, Асс. м-р Борис Алексовски, Д-р сци. д-р Ана Михајловска Рендевска, Проф. д-р Никола Хаџи-Петрушев, Асс. д-р Благој Шунтов, Проф. д-р Ненси Манушева и Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, од Медицинскиот факулет Скопје и Природно-математичкиот факултет во Скопје, им додели признание за највисоко рангиран наулно-истражувачки труд од областа на медицината за 2022 година. Во тек на минатата година, тимот предводен од доктор Рендевски го објави трудот „Воспалителни и оксидативни стрес маркери во интрацеребрална хеморагија: Релевантност како прогнозирачки маркери за квантификација на волуменот на едемот“ (Inflammatory and oxidative stress markers in intracerebral hemorrhage: Relevance as prognostic markers for quantification of the edema volume), објавен во меѓународното медицинско списание „Бреин патолоџи“ (Brain Pathology), со импакт фактор 7.611. Во научниот труд се презентирани напредни математички модели со кои, врз база на одредени биохемиски, радиолошки и клинички параметри, се врши нумеричко предвидување на волуменот на мозочниот едем, кај пациентите со хеморагичен мозочен удар. Во истиот труд е прикажан и апликативен софтверски пакет кој има можност после внесување на наведените параметри, да генерира бројчана вредност на предвидениот резултат, како и да го направи 3Д-моделирање на истиот.  

The post Тимот на д-р Рендевски доби признание за највисоко рангиран научно-истражувачки труд за 2022 година appeared first on Република.

]]>
Сали: Два тима веднаш се подготвени да се упатат кон погодените места од земјотресот, мора прво да се испочитуваат сите протоколи за комуникација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sali-dva-tima-vednash-se-podgotveni-da-se-upatat-kon-pogodenite-mesta-od-zemjotresot-mora-prvo-da-se-ispochituvaat-site-protokoli-za-komunikatsija/ Wed, 08 Feb 2023 09:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=606384

Министерот за здравство Беким Сали денеска во изјава за медиумите кажа дека на јавниот повик што го објави Министерството за здравствени лица кои би се упатиле кон погодените места во Турција од земјотресот до синоќа се пријавиле 150 доброволци.

Министерот рече дека до 12 часот денеска ќе го имаат прелиминарниот список на доброволци што ќе го понудат во Центарот за управување со кризи, а потоа преку НАТО комуникација со турските власти ќе ги информираат за човечките и материјалните ресурси кои ги имаме на располагање.

Исто така, како што посочи тој, двете комбиња специјализирани за интензивна нега што ги добиваме како донација за Клиниката за педијатрија, комплетирани со два тима од доктор, шофер и медицинска сестра се подготвени да заминат до погодените места, но како што вели Сали, мора прво да се испочитуваат сите протоколи за комуникација, односно да го добиеме одговорот од Турција за тоа што конкретно им е потребно.

Сали информира и дека има список на лекови кои го обезбедиле преку компании и донатори кои исто така ги ставаат на располагање.

The post Сали: Два тима веднаш се подготвени да се упатат кон погодените места од земјотресот, мора прво да се испочитуваат сите протоколи за комуникација appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Беким Сали денеска во изјава за медиумите кажа дека на јавниот повик што го објави Министерството за здравствени лица кои би се упатиле кон погодените места во Турција од земјотресот до синоќа се пријавиле 150 доброволци. Министерот рече дека до 12 часот денеска ќе го имаат прелиминарниот список на доброволци што ќе го понудат во Центарот за управување со кризи, а потоа преку НАТО комуникација со турските власти ќе ги информираат за човечките и материјалните ресурси кои ги имаме на располагање. Исто така, како што посочи тој, двете комбиња специјализирани за интензивна нега што ги добиваме како донација за Клиниката за педијатрија, комплетирани со два тима од доктор, шофер и медицинска сестра се подготвени да заминат до погодените места, но како што вели Сали, мора прво да се испочитуваат сите протоколи за комуникација, односно да го добиеме одговорот од Турција за тоа што конкретно им е потребно. Сали информира и дека има список на лекови кои го обезбедиле преку компании и донатори кои исто така ги ставаат на располагање.

The post Сали: Два тима веднаш се подготвени да се упатат кон погодените места од земјотресот, мора прво да се испочитуваат сите протоколи за комуникација appeared first on Република.

]]>
Алијансата за Албанците утре ќе го формира тимот за преговори за влез во Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alijansata-za-albantsite-utre-ke-go-formira-timot-za-pregovori-za-vlez-vo-vladata/ Thu, 26 Jan 2023 14:19:00 +0000 https://republika.mk/?p=601338

Алијансата за Албанците утре ќе го одржи состанокот на Претседателството на партијата, на која се очекува да биде формиран тимот кој ќе ги води преговорите за влез во Владата.

Во централните канцеларии на партијата во Тетово, утре ќе се одржи следната средба каде што меѓу другото ќе дискутира за политичките случувања. На оваа средба на дневен ред ќе биде и одлуката на Централното собрание за формирање на преговарачкиот тим. По завршувањето на состанокот, за одлуките јавноста ќе биде информирана преку соопштение за медиумите, информираат од Алијансата за Албанците.

 

Во Владата вчера имало средба меѓу премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и на Алтернатива Африм Гаши.

The post Алијансата за Албанците утре ќе го формира тимот за преговори за влез во Владата appeared first on Република.

]]>

Алијансата за Албанците утре ќе го одржи состанокот на Претседателството на партијата, на која се очекува да биде формиран тимот кој ќе ги води преговорите за влез во Владата.
Во централните канцеларии на партијата во Тетово, утре ќе се одржи следната средба каде што меѓу другото ќе дискутира за политичките случувања. На оваа средба на дневен ред ќе биде и одлуката на Централното собрание за формирање на преговарачкиот тим. По завршувањето на состанокот, за одлуките јавноста ќе биде информирана преку соопштение за медиумите, информираат од Алијансата за Албанците.
  Во Владата вчера имало средба меѓу премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и на Алтернатива Африм Гаши.

The post Алијансата за Албанците утре ќе го формира тимот за преговори за влез во Владата appeared first on Република.

]]>
Меѓународниот кривичен суд испрати тим од 42 истражувачи во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/megjunarodniot-krivichen-sud-isprati-tim-od-42-istrazuvachi-vo-ukraina/ Tue, 17 May 2022 16:56:57 +0000 https://republika.mk/?p=503440

Меѓународниот кривичен суд (МКС) испрати тим од 42 експерти во Украина за да ги истражат можните воени злосторства што биле извршени во земјата, јави ДПА.

Тоа е најголемиот тим на истражители испратени од МКС, соопшти денеска во Хаг главниот обвинител Карим Кан.

Тимот вклучува истражители и форензичари, од кои некои беа обезбедени од Холандија, наведуваат од обвинителството.

Експертите треба да интервјуираат сведоци, да обезбедуваат и анализираат докази и да ги поддржуваат националните истражители во обезбедувањето докази.

Покрај тоа, тимот експерти, исто така, ќе работи заедно со француските експерти за судска медицина кои веќе се во Украина. Работата на сите вклучени во конфликтната област мора да биде ефективно координирана, соопшти обвинителството.

По руската инвазија, МКС веќе отвори истраги за наводни воени злосторства. Судот, со седиште во Хаг, гони поединечни сторители за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.

Русија не го признава судот, додава ДПА.

Украина, меѓутоа, експлицитно ја призна јурисдикцијата на судот над нејзината територија

The post Меѓународниот кривичен суд испрати тим од 42 истражувачи во Украина appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот кривичен суд (МКС) испрати тим од 42 експерти во Украина за да ги истражат можните воени злосторства што биле извршени во земјата, јави ДПА. Тоа е најголемиот тим на истражители испратени од МКС, соопшти денеска во Хаг главниот обвинител Карим Кан. Тимот вклучува истражители и форензичари, од кои некои беа обезбедени од Холандија, наведуваат од обвинителството. Експертите треба да интервјуираат сведоци, да обезбедуваат и анализираат докази и да ги поддржуваат националните истражители во обезбедувањето докази. Покрај тоа, тимот експерти, исто така, ќе работи заедно со француските експерти за судска медицина кои веќе се во Украина. Работата на сите вклучени во конфликтната област мора да биде ефективно координирана, соопшти обвинителството. По руската инвазија, МКС веќе отвори истраги за наводни воени злосторства. Судот, со седиште во Хаг, гони поединечни сторители за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид. Русија не го признава судот, додава ДПА. Украина, меѓутоа, експлицитно ја призна јурисдикцијата на судот над нејзината територија

The post Меѓународниот кривичен суд испрати тим од 42 истражувачи во Украина appeared first on Република.

]]>