Тилда Свитон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tilda-sviton/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 08:33:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тилда Свитон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tilda-sviton/ 32 32 Бурен аплауз и овации за првиот филм на англиски на Педро Алмодовар во Венеција https://arhiva3.republika.mk/scena/film/buren-aplauz-i-ovatsii-za-prviot-film-na-angliski-na-pedro-almodovar-vo-venetsija/ Tue, 03 Sep 2024 08:33:58 +0000 https://republika.mk/?p=812558

Со бурен аплауз и овации беше пречекан новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „Собата до врата“ синоќа на Филмскиот фестивал во Венеција кој е во тек. Ова прв филм снимен на англиски на врвниот шпански режисер во кој главните улоги ги толкуваат Тилда Свинтон и  Џулијан Мур.

Медиумите пишуваат дека најновиот филм на Алмодовар добил 17-минутни овации по премиерата.

Филмот „Собата до врата“ (The Room Next Door), е адаптација на романот на Сигрид Нуњез, What Are You Going Through и ги следи најпродаваните писатели Ингрид (Мур) и Марта (Свинтон) додека го обновуваат своето пријателство откако изгубиле контакт. Додека се нурнати во минатите спомени, анегдоти, уметност и филмови, Марта, која се бори со рак на грлото на матката во терминална фаза, сака да умре достоинствено и ја замолува Ингрид да биде во соседната соба кога ќе земе апчиња за евтаназија.

На прес-конференцијата на филмот претходно истиот ден, шпанскиот автор, познат по филмовите како „Жена на работ на нервен слом“ и „Се за мојата мајка“, разговараше за тоа како филмот е про-евтаназија.

Овој филм е во корист на евтаназијата, рече тој.

Свинтон и Мур велат дека се огромни обожаватели на Алмодовар. Мур вели дека не познава режисер во целиот свет кој би можел да сними подобар филм за женското пријателство.

 

The post Бурен аплауз и овации за првиот филм на англиски на Педро Алмодовар во Венеција appeared first on Република.

]]>

Со бурен аплауз и овации беше пречекан новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „Собата до врата“ синоќа на Филмскиот фестивал во Венеција кој е во тек. Ова прв филм снимен на англиски на врвниот шпански режисер во кој главните улоги ги толкуваат Тилда Свинтон и  Џулијан Мур. Медиумите пишуваат дека најновиот филм на Алмодовар добил 17-минутни овации по премиерата. Филмот „Собата до врата“ (The Room Next Door), е адаптација на романот на Сигрид Нуњез, What Are You Going Through и ги следи најпродаваните писатели Ингрид (Мур) и Марта (Свинтон) додека го обновуваат своето пријателство откако изгубиле контакт. Додека се нурнати во минатите спомени, анегдоти, уметност и филмови, Марта, која се бори со рак на грлото на матката во терминална фаза, сака да умре достоинствено и ја замолува Ингрид да биде во соседната соба кога ќе земе апчиња за евтаназија. На прес-конференцијата на филмот претходно истиот ден, шпанскиот автор, познат по филмовите како „Жена на работ на нервен слом“ и „Се за мојата мајка“, разговараше за тоа како филмот е про-евтаназија.
Овој филм е во корист на евтаназијата, рече тој.
Свинтон и Мур велат дека се огромни обожаватели на Алмодовар. Мур вели дека не познава режисер во целиот свет кој би можел да сними подобар филм за женското пријателство.  

The post Бурен аплауз и овации за првиот филм на англиски на Педро Алмодовар во Венеција appeared first on Република.

]]>