Тиквешки лозари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tikveshki-lozari/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Sep 2022 17:47:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тиквешки лозари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tikveshki-lozari/ 32 32 Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30% зголемени откупни цени на грозјето https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-godinava-postignavme-dogovor-za-30-zgolemeni-otkupni-ceni-na-grozjeto/ Sun, 11 Sep 2022 17:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=549810

„Ние сме исклучително среќни што оваа година постигнавме договор со кој што имаме 30% зголемени откупни цени на грозјето“, порача претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, на манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2022", што се одржува во Кавадарци.

Во продолжение е интегралната изјава на премиерот Ковачевски:

„Ние сме исклучително среќни што оваа година постигнавме договор со кој што имаме 30% зголемени откупни цени на грозјето, тоа беше потврдено и на состанокот кој што го имавме заедно со винариите и заедно со лозаропроизводителите. Оваа година покрај тоа што откупната цена на смедеревката и на вранецот беше зголемена на 13 и на 19%. Дополнително државата во услови на најголема светска криза издвои дополнителни два денари за секој килограм предадено грозје и дополнително за секој литар извезено грозје уште 2 денари, односно од 2 до 4 денари во просек 3 денари, зависно од амбалажата во која што се извезува. Исто така поддршка на винариите што е исто така директно поддршка и на лозаропроизводителите.

Тој договор со винариите и со лозаропроизводителите практично овозможи да имаме успех од почеток на бербата, јас посакувам на сите плодот да им биде на високо ниво, а на винариите им посакувам успех во пласманот на виното надвор од државата. Она што радува е што ние сме втор најголем извозник на вино во регионот. Исто така сме еден од најголемите извозници во светски рамки на вино покрај тоа што сме еден од најголемите извозници во европски рамки и квалитетот на виното секоја година е на повисоко ниво. Веќе за 2/3 е зголемен извозот на флаширано вино во однос на наливно вино што беше случај во минатото и тоа само потврдува дека политиките кои што Владата ги спроведува во изминатите 5 години се на бенефит на винариите и на лозаропроизводителите и секако на државата, бидејќи извозот на вино од државата надмина веќе 61 милион евра во текот на изминатата година што е за 19% повеќе од 2020 година.

Верувам дека со големиот квалитет кој што нашите вина го имаат и што беше потврден од најголемиот европски саем одржан во Белград во организација на Србија, Македонија и Албанија дека ќе претставува уште поголем поттик како за производителите на грозје, за сопствениците и менаџерите на винариите, така и за државата да оваа стратешка гранка ја држи на високо ниво на агендата на Министерството за земјоделство.“

На новинарското прашање поврзано со проблемите за откупот на црното грозје, премиерот одговори:

„Сите отворени прашања и нормално сите предизвици кои се јавуваат како и во секој откуп веќе ги има нотирано Министерството за земјоделие на самиот состанок кој што го имавме со сите, Министерот за земјоделие јасно кажа дека инспекторатот е на располагање на сите лозаропроизводители за да интервенираат во секој случај кој што ќе се појави, во кој што ќе има различно толкување на информациите кои што ги имаат и откупувачите и продавачите на грозје.“

The post Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30% зголемени откупни цени на грозјето appeared first on Република.

]]>

„Ние сме исклучително среќни што оваа година постигнавме договор со кој што имаме 30% зголемени откупни цени на грозјето“, порача претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, на манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2022", што се одржува во Кавадарци. Во продолжение е интегралната изјава на премиерот Ковачевски: „Ние сме исклучително среќни што оваа година постигнавме договор со кој што имаме 30% зголемени откупни цени на грозјето, тоа беше потврдено и на состанокот кој што го имавме заедно со винариите и заедно со лозаропроизводителите. Оваа година покрај тоа што откупната цена на смедеревката и на вранецот беше зголемена на 13 и на 19%. Дополнително државата во услови на најголема светска криза издвои дополнителни два денари за секој килограм предадено грозје и дополнително за секој литар извезено грозје уште 2 денари, односно од 2 до 4 денари во просек 3 денари, зависно од амбалажата во која што се извезува. Исто така поддршка на винариите што е исто така директно поддршка и на лозаропроизводителите. Тој договор со винариите и со лозаропроизводителите практично овозможи да имаме успех од почеток на бербата, јас посакувам на сите плодот да им биде на високо ниво, а на винариите им посакувам успех во пласманот на виното надвор од државата. Она што радува е што ние сме втор најголем извозник на вино во регионот. Исто така сме еден од најголемите извозници во светски рамки на вино покрај тоа што сме еден од најголемите извозници во европски рамки и квалитетот на виното секоја година е на повисоко ниво. Веќе за 2/3 е зголемен извозот на флаширано вино во однос на наливно вино што беше случај во минатото и тоа само потврдува дека политиките кои што Владата ги спроведува во изминатите 5 години се на бенефит на винариите и на лозаропроизводителите и секако на државата, бидејќи извозот на вино од државата надмина веќе 61 милион евра во текот на изминатата година што е за 19% повеќе од 2020 година. Верувам дека со големиот квалитет кој што нашите вина го имаат и што беше потврден од најголемиот европски саем одржан во Белград во организација на Србија, Македонија и Албанија дека ќе претставува уште поголем поттик како за производителите на грозје, за сопствениците и менаџерите на винариите, така и за државата да оваа стратешка гранка ја држи на високо ниво на агендата на Министерството за земјоделство.“ На новинарското прашање поврзано со проблемите за откупот на црното грозје, премиерот одговори: „Сите отворени прашања и нормално сите предизвици кои се јавуваат како и во секој откуп веќе ги има нотирано Министерството за земјоделие на самиот состанок кој што го имавме со сите, Министерот за земјоделие јасно кажа дека инспекторатот е на располагање на сите лозаропроизводители за да интервенираат во секој случај кој што ќе се појави, во кој што ќе има различно толкување на информациите кои што ги имаат и откупувачите и продавачите на грозје.“

The post Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30% зголемени откупни цени на грозјето appeared first on Република.

]]>
Владата вети дополнителни 2 денари за лозарите, ВМРО-ДПМНЕ задоволни што е прифатена нивната конструктивна забелешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-veti-dopolnitelni-2-denari-za-lozarite-vmro-dpmne-zadovolni-shto-e-prifatena-nivnata-konstruktivna-zabeleshka/ Fri, 26 Aug 2022 16:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=544526

Дополнителни два денара поддршка ќе добијат лозарите за предадено грозје во регистрирани капацитети, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Ова е договорено на денешната средба со лозарите и претставниците на винарските визби.

„Смедеревката ќе се откупува по просечна цена од 13 денари за килограм, а вранецот по 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе споредено со ланските откупни цени. Верувам дека и винариите и лозарите се задоволни од постигната цена и верувам дека договорите ќе бидат испочитувани од двете страни. Прв пат оваа година, на самиот почеток на кризата Владата реагираше со брзи одлуки и ја донесовме Програмата за Интервентен фонд, со почетен буџет од 400 милиони денари, а со ребалансот на буџетот, овој Интервентен фонд беше зголемен со дополнителни 500 милиони денари. Значи вкупно 900 милиони денари, за мерки за поддршка на земјоделците во услови на криза, покрај редовните субвенции кои што беа во целост програмирани. Токму во овој Интервентен фонд се обезбедија и мерки за поддршка на лозарите и винариите, за да имаат помали трошоци и одржливо производство. Односно 120 милиони денари за поддршка на винариите и дополнителни 2 денари за килограм откупено грозје за лозарите“, рече Ковачевски и додаде дека сето ова ја демонстрира посветеноста и грижата за извозно ориентирани земјоделски гранки како што е лозарството, и во услови на најголема криза да помагаме онаму каде е најпотребно.

Ковачевски дополни дека домашното просечно производство на грозје е стабилизирано на околу 270 илјади тони на годишно ниво, додека просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри.

„Македонското вино е во светот познато по својот квалитет, а нашата земја важи за еден од лидерите според вредноста на извезеното вино во регионот, односно втор најголем извозник после Грција. Минатата година македонските винарии извезле вино во вредност од над 61 милиони долари, што е зголемување од над 19% во споредба со претходната 2020 година. Паралелно се зголемува и бројот на винарски визби, кој заклучно со август 2022 година е 139, со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри. Се овозможи финансиска поддршка до 10.000 евра за малите семејни винарии за набавка на опрема за производство, мерка која предизвика голем интерес кај овие мали семејни винарии. Секоја година се одвојуваат средства за промоција на македонските вина на саемите низ светот, а се подготвуваа и нов Закон за вино кој е усогласен се ЕУ, односно и со регулативите на ЕУ и кој придонесува да имаме поквалитетно македонско вино. Веќе знаете под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, почнува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржи во Белград, од 1 до 4 септември 2022 година. Од Македонија ќе учествуваат 42 винарници и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина. Учеството на Македонија на Саемот за домашната економија значи обезбедување поголем извоз, откуп и нови пазари за пласман на македонските вина“, додаде Ковачевски.

Министерот Николовски подвлече дека со измената и дополнувањата на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година, се воведува дополнителна мерка, наменета за поддршка на лозарите, кои имаат површини под лозови насади и оствареното производство на винско грозје од реколтата 2022 година и истото да е предадено во регистрирани капацитети или да е искористено за потребите на сопствениот регистриран преработувачки капацитет.

„Дополнителната мерка изнесува дополнителни 2 денари по килограм.

Ова значи дека на веќе договорените 13 и 15 денари за килограм ќе се додадат уште плус 2 денари, со што откупната цена на грозјето ќе достигне 15 денари за смедеревка и 17 за вранец. Ако на ова ги додадеме и субвенциите од 40.000 односно 48.000 денари по хектар, стигнуваме до плус 3 денари за килограм, што значи дека со сета наша поддршка и коректниот однос на винариите, лозарите добиваат вкупно 18 денари за килограм за смедеревка и 20 денари за килограм за вранец.

Ова е рекорд. Што е најважно, постигнат е преку дијалог, бидејќи ние максимално ја разбираме секојдневната борба која ја водат и лозарите и винариите. Проблемот е комплексен, повеќестран и затоа е навистина успех кога се стигнува до резултат, до договор од кој сите се задоволни.

И ако на сето ова се додадат сите исплати во овој сектор по разни основи, од 2017 до денес стигнуваме до екстремно висока бројка на инвестирани околу 76.5 милиони евра од кои 74 милиони се директно исплатени кон лозарите", изјави Николовски.

Ристе Љуботенски од винаријата „Имако“ истакна дека станува збор за тешка производствена година, особено во производството на грозје и вино со оглед на фактот дека во Европа, заради кризата потрошувачката на вино и производи на вино е намалена. Љуботенски, додаде дека големите производители на вино имаат залихи и потенцира дека грижата на Владата и ресорното Министерство за собирање на овогодинешната реколта е оправдана, како и во изминатите години.

Трајче Кулев, лозар рече дека се најде компромисно решение и дополнителни 2 денари за килограм за цената на грозјето се со цел поддршка за лозарите и во услови на светска криза.

И ВМРО-ДПМНЕ задоволни од новите откупни цени на грозјето. Цветан Трипуновски рече дека неговите конструктивни забелешки во однос на цената на грозјето за вранец и смедеревка на лозарите од Тиквешијата, како и барањето за 2 денари дополнителни субвенции за предаден килограм грозје, вродиле со плод.

Ковачевски и Николовски денеска на прес конференција го прифатија моето барање откако реагирав за ниските откупни цени на грозјето кои претходно ги договорија со винарите. Лозарите ќе добијат плус 2 денари по килограм предадено грозје благодарение на брзото реагирање, но сметам дека цената на грозјето и понатаму е ниска, а нема ниту сигурен пласман на грозјето. Воедно, ова не е победа на Ковачевски и Николовски, субвенциите од 2 денари за килограм грозје ги воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ и тие на тој начин станаа пракса. Ова не е нешто со што треба да се фалат од власта, туку ова е нивна обврска која мора да ја испочитуваа. Доколку не реагирав навремено, парите ќе завршеа во нечии џебови на високите владини функционери, наместо кај земјоделците, рече Трипуновски.

The post Владата вети дополнителни 2 денари за лозарите, ВМРО-ДПМНЕ задоволни што е прифатена нивната конструктивна забелешка appeared first on Република.

]]>

Дополнителни два денара поддршка ќе добијат лозарите за предадено грозје во регистрирани капацитети, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Ова е договорено на денешната средба со лозарите и претставниците на винарските визби.
„Смедеревката ќе се откупува по просечна цена од 13 денари за килограм, а вранецот по 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе споредено со ланските откупни цени. Верувам дека и винариите и лозарите се задоволни од постигната цена и верувам дека договорите ќе бидат испочитувани од двете страни. Прв пат оваа година, на самиот почеток на кризата Владата реагираше со брзи одлуки и ја донесовме Програмата за Интервентен фонд, со почетен буџет од 400 милиони денари, а со ребалансот на буџетот, овој Интервентен фонд беше зголемен со дополнителни 500 милиони денари. Значи вкупно 900 милиони денари, за мерки за поддршка на земјоделците во услови на криза, покрај редовните субвенции кои што беа во целост програмирани. Токму во овој Интервентен фонд се обезбедија и мерки за поддршка на лозарите и винариите, за да имаат помали трошоци и одржливо производство. Односно 120 милиони денари за поддршка на винариите и дополнителни 2 денари за килограм откупено грозје за лозарите“, рече Ковачевски и додаде дека сето ова ја демонстрира посветеноста и грижата за извозно ориентирани земјоделски гранки како што е лозарството, и во услови на најголема криза да помагаме онаму каде е најпотребно.
Ковачевски дополни дека домашното просечно производство на грозје е стабилизирано на околу 270 илјади тони на годишно ниво, додека просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри.
„Македонското вино е во светот познато по својот квалитет, а нашата земја важи за еден од лидерите според вредноста на извезеното вино во регионот, односно втор најголем извозник после Грција. Минатата година македонските винарии извезле вино во вредност од над 61 милиони долари, што е зголемување од над 19% во споредба со претходната 2020 година. Паралелно се зголемува и бројот на винарски визби, кој заклучно со август 2022 година е 139, со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри. Се овозможи финансиска поддршка до 10.000 евра за малите семејни винарии за набавка на опрема за производство, мерка која предизвика голем интерес кај овие мали семејни винарии. Секоја година се одвојуваат средства за промоција на македонските вина на саемите низ светот, а се подготвуваа и нов Закон за вино кој е усогласен се ЕУ, односно и со регулативите на ЕУ и кој придонесува да имаме поквалитетно македонско вино. Веќе знаете под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, почнува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржи во Белград, од 1 до 4 септември 2022 година. Од Македонија ќе учествуваат 42 винарници и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина. Учеството на Македонија на Саемот за домашната економија значи обезбедување поголем извоз, откуп и нови пазари за пласман на македонските вина“, додаде Ковачевски.
Министерот Николовски подвлече дека со измената и дополнувањата на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година, се воведува дополнителна мерка, наменета за поддршка на лозарите, кои имаат површини под лозови насади и оствареното производство на винско грозје од реколтата 2022 година и истото да е предадено во регистрирани капацитети или да е искористено за потребите на сопствениот регистриран преработувачки капацитет.
„Дополнителната мерка изнесува дополнителни 2 денари по килограм. Ова значи дека на веќе договорените 13 и 15 денари за килограм ќе се додадат уште плус 2 денари, со што откупната цена на грозјето ќе достигне 15 денари за смедеревка и 17 за вранец. Ако на ова ги додадеме и субвенциите од 40.000 односно 48.000 денари по хектар, стигнуваме до плус 3 денари за килограм, што значи дека со сета наша поддршка и коректниот однос на винариите, лозарите добиваат вкупно 18 денари за килограм за смедеревка и 20 денари за килограм за вранец. Ова е рекорд. Што е најважно, постигнат е преку дијалог, бидејќи ние максимално ја разбираме секојдневната борба која ја водат и лозарите и винариите. Проблемот е комплексен, повеќестран и затоа е навистина успех кога се стигнува до резултат, до договор од кој сите се задоволни. И ако на сето ова се додадат сите исплати во овој сектор по разни основи, од 2017 до денес стигнуваме до екстремно висока бројка на инвестирани околу 76.5 милиони евра од кои 74 милиони се директно исплатени кон лозарите", изјави Николовски.
Ристе Љуботенски од винаријата „Имако“ истакна дека станува збор за тешка производствена година, особено во производството на грозје и вино со оглед на фактот дека во Европа, заради кризата потрошувачката на вино и производи на вино е намалена. Љуботенски, додаде дека големите производители на вино имаат залихи и потенцира дека грижата на Владата и ресорното Министерство за собирање на овогодинешната реколта е оправдана, како и во изминатите години. Трајче Кулев, лозар рече дека се најде компромисно решение и дополнителни 2 денари за килограм за цената на грозјето се со цел поддршка за лозарите и во услови на светска криза. И ВМРО-ДПМНЕ задоволни од новите откупни цени на грозјето. Цветан Трипуновски рече дека неговите конструктивни забелешки во однос на цената на грозјето за вранец и смедеревка на лозарите од Тиквешијата, како и барањето за 2 денари дополнителни субвенции за предаден килограм грозје, вродиле со плод.
Ковачевски и Николовски денеска на прес конференција го прифатија моето барање откако реагирав за ниските откупни цени на грозјето кои претходно ги договорија со винарите. Лозарите ќе добијат плус 2 денари по килограм предадено грозје благодарение на брзото реагирање, но сметам дека цената на грозјето и понатаму е ниска, а нема ниту сигурен пласман на грозјето. Воедно, ова не е победа на Ковачевски и Николовски, субвенциите од 2 денари за килограм грозје ги воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ и тие на тој начин станаа пракса. Ова не е нешто со што треба да се фалат од власта, туку ова е нивна обврска која мора да ја испочитуваа. Доколку не реагирав навремено, парите ќе завршеа во нечии џебови на високите владини функционери, наместо кај земјоделците, рече Трипуновски.

The post Владата вети дополнителни 2 денари за лозарите, ВМРО-ДПМНЕ задоволни што е прифатена нивната конструктивна забелешка appeared first on Република.

]]>
Трипуновски до Николовски: Цените се катастрофални како и твоето министерување, се гледаме на протести https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-do-nikolovski-cenite-se-katastrofalni-kako-i-tvoeto-ministeruvanje-se-gledame-na-protesti/ Mon, 22 Aug 2022 19:38:35 +0000 https://republika.mk/?p=542999

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ му одговори на министерот за земјоделство Љупчо Николовски дека постигнал историски највисоки откупни цени на грозјето.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/po-najaveniot-protest-na-lozarite-ljupcho-nikolovski-se-pofali-so-istorisko-zgolemuvanje-na-otkupnata-cena-za-grozjeto/

Каков министер, такви цени на грозјето, КАТАСТРОФАЛНИ‼

Во услови кога цените на сите прехранбени производи енормно растат, имаме галопирачка инфлација, Николовски догобара мизерни цени за откуп на смедеревката и вранецот, од 13 и 15 денари по килограм.

Ах бе Љупчо, ова ли е таа грижа за лозарите, свесно договараш грозјето да им се купи за без пари.

Се поигруваш со маката и трудот на над 20.000 лозари во Македонија.

Народот веќе нема трпение, разочарувањата се големи, револтот расте, лозарите се се посиромашни, едвај преживуваат.

Ти и владата на СДСМ свесно го уништувате лозарството во Тиквешијата, од вакви ниски, катастрофални цени наместо во откупни пунктови, лозарите го оставаат на нивата така да скапува.

Барам веднаш корекција на цените на грозјето, имајќи во предвид дека трошоците за производство на грозје се големи и самиот факт што самата бербата на грозје е скапа.

Плус барам дополнителна субвенција од 2 денари по килограм предаден килограм грозје.

За крај, сакам да го искоментирам статусот и фотографиите на Николовски, и да му порачам:

Љупчо, по ова што си го напишал и договорил со вакви мизерни цени, се гледа дека разговорите воопшто не биле исцрпувачки, туку ти си изморен од шетање и славење по Словенија, на грбот на земјоделците.

Дополнително Љупчо кога договараш и преговараш за грозјето прво договараш средба со лозарите и ги слушаш нивните барања, а потоа одржуваш состанок со винариите, зошто ти треба да си министер на народот на лозарите, а не обратно. На фотографиите нема ниту еден лозар од кој што може лично да се слушнат неговите маки.

Веднаш корекција на цените на откуп на грозјето, во спротивно ти доаѓа крајот на министерувањето.

Се гледаме на протести!!!

The post Трипуновски до Николовски: Цените се катастрофални како и твоето министерување, се гледаме на протести appeared first on Република.

По најавениот протест на лозарите, Љупчо Николовски се пофали со историско зголемување на откупната цена за грозјето https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/po-najaveniot-protest-na-lozarite-ljupcho-nikolovski-se-pofali-so-istorisko-zgolemuvanje-na-otkupnata-cena-za-grozjeto/ Mon, 22 Aug 2022 18:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=542988

Како и секоја година, и оваа година има голем судир во интересите на лозарите и винарниците, а во центарот на случувањата е најголемиот откупувач „Тиквеш“. Лозарите обвинуваат за монопол и за ниски откупни цени откако винарската визба го објави ценовникот за откуп за оваа сезона. Според него вранецот ќе се откупува за 16 денари за килограм и смедеревка за 12 денари за килограм. Лозарите велат дека ова се ланските цени, а нивните трошоци се зголемени и винарниците поскапо го продаваат виното, со што тие печалат на нивната мака, па дури и ги буткаат во загуба. Лозарите, според најавите, денеска треба да се сретнат со надлежните од Министерството за земјоделство.

По денешните долги и исцрпни консулатиции, потигнато е до сега историско најголемо зголемување од 30% на откупната цена. Овогодишеншата откупна цена на смедеревката ќе биде 13 денари, а за вранецот 15 денари, односно 3 денари повеќе споредбено со ланските цени за откуп на грозјето.

Светската криза предизвикана од војната во Украина предизвика сериозно зголемување на трошоците и на лозарите, но и на винариите и токму затоа како министерство преку подсекторската група за грозје и вино сме во постојана комуникација со лозарите и винариите и заеднички ги креираме мерките за поддршка на овој сектор.

За нас како министерство, но и за државата од стратешка важност е винскиот сектор чиј извоз позитивно влијае и во јакнење на домашната економија.

Финасиската поддршка за лозарството која МЗШВ ја обезбедува преку мерката за одржување на постоечки површини со лозови насади изнесува 40.000 денари по хектар, односно 48.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 ха до максимум 10 ха.

Лозарите добиваат поддршка и во субвенционирање за зелена нафта која достигна и до 100%, а во услови на криза поддршка е обезбедена и преку интерветните мерки.

Не ги оставивме сами лозарите и во услови на КОВИД кризата, кога за 2020 и 2021 година преку повеќе мерки во изност од  649 милиони денари ги помогнавме лозарите. Поддршка обезбедивме и за винариите во вредност од 67,6 милиони денари преку мерки со кои го помогнавме транспортот при извозот на вино.

Успеавме последниве 10 години да го стабилизираме домашното производство на грозје со просечно производство од околу 270 илјади тони на годишно ниво. Додека просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри.

Бележиме веќе трета година по ред и континуиран раст на извозот на вино како во количина така и во вредност.

Раст бележи и бројот на винарски визби, кој заклучно со август 2022 година е 139, со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри. Сега вкупниот капацитет за преработка на грозје во вино е речиси два пати поголем од годишното производство на вино. Преку олеснувањето на условите за упис во Регистарот на производители на вина, бележиме раст и кај малите/семејни винарии и физички лица со вкупно 71 винарија со капацитет до 50.000 литри. За малите семејни винарии овозможиме и финасиска поддршка до 10.000 евра за набаква на опрема за производство мерка која предизвика сериозен интерес.

Земјоделците добро знаат дека во МЗШВ имаат искрен и сериозен партнер, кој е секогаш на страната на земјоделецот. Токму тоа многу пати до сега сме го докажале.

The post По најавениот протест на лозарите, Љупчо Николовски се пофали со историско зголемување на откупната цена за грозјето appeared first on Република.

„Тиквешки лозари“ излегоа на протест, прекин на патот Неготино-Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tikveshki-lozari-izlegoa-na-protest-prekin-na-patot-negotino-kavadarci/ Sun, 15 May 2022 10:21:08 +0000 https://republika.mk/?p=502473

АМСМ ги извести возачите дека има прекин на регионалниот пат Неготино – Кавадарци.

„Од 11:15 часот на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, поради собир во организација на Задружение на лозари „Тиквешки лозари“ на кој присуствуваат околу 50 лица со 10 ПМВ, 4 трактори, сообраќајот е во прекин во двата правци“, известија од АМСМ.

The post „Тиквешки лозари“ излегоа на протест, прекин на патот Неготино-Кавадарци appeared first on Република.

]]>

АМСМ ги извести возачите дека има прекин на регионалниот пат Неготино – Кавадарци. „Од 11:15 часот на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, поради собир во организација на Задружение на лозари „Тиквешки лозари“ на кој присуствуваат околу 50 лица со 10 ПМВ, 4 трактори, сообраќајот е во прекин во двата правци“, известија од АМСМ.  