тигар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tigar/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Mar 2024 13:46:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тигар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tigar/ 32 32 Тошковски во посета на САЕ „Тигар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-vo-poseta-na-sae-tigar/ Fri, 01 Mar 2024 13:46:06 +0000 https://republika.mk/?p=750081

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посетил најелитната специјална единица во рамки на Министерството за внатрешни работи - Специјална антитерористичка единица „Тигар“, која ги извршува најсложените и најтешки полициски задачи во поглед на справување со организирани и терористички криминални групи, соопштија од МВР.

Во кругот на единицата Тошковкси ја посетил и спомен собата во која се изложени разни експонати, фотографии, награди и други предмети кои ја отсликуваат богатата историја на единицата, а посебен дел е посветен и на оние припадници на единицата кои го дале својот живот при извршување на работните задачи, бранејќи го територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Исто така, министерот Тошковски одржа состанок со раководството на кој беше запознаен со нивното професионално портфолио и беше заклучено дека ова е Единица со која сите треба да се гордееме и во иднина уште повеќе да се инвестира во нејзин раст и развој, како од кадровски така и од материјално-технички аспект, се наведува во соопштението од МВР.

 

The post Тошковски во посета на САЕ „Тигар“ appeared first on Република.

]]>

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посетил најелитната специјална единица во рамки на Министерството за внатрешни работи - Специјална антитерористичка единица „Тигар“, која ги извршува најсложените и најтешки полициски задачи во поглед на справување со организирани и терористички криминални групи, соопштија од МВР. Во кругот на единицата Тошковкси ја посетил и спомен собата во која се изложени разни експонати, фотографии, награди и други предмети кои ја отсликуваат богатата историја на единицата, а посебен дел е посветен и на оние припадници на единицата кои го дале својот живот при извршување на работните задачи, бранејќи го територијалниот интегритет и суверенитет на државата.
Исто така, министерот Тошковски одржа состанок со раководството на кој беше запознаен со нивното професионално портфолио и беше заклучено дека ова е Единица со која сите треба да се гордееме и во иднина уште повеќе да се инвестира во нејзин раст и развој, како од кадровски така и од материјално-технички аспект, се наведува во соопштението од МВР.
 

The post Тошковски во посета на САЕ „Тигар“ appeared first on Република.

]]>
Мали деца јаваат тигар, а родителите плаќаат и ги сликаат: По шокантната снимка – циркусот е затворен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mali-detsa-javaat-tigar-a-roditelite-plakaat-i-gi-slikaat-po-shokantnata-snimka-tsirkusot-e-zatvoren/ Mon, 18 Dec 2023 13:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=724180

Видео-снимка направена за време на посета на циркус во кинескиот регион Гуангкси, предизвика остра реакција кај властите.

На почетокот од снимката се гледа тигар, врзан за метален држач и човек како става момче на грбот на животното за да го јава. Друго лице го фотографира малото дете.

И покрај тоа што тигарот бил врзан со ремени, тој успеал да ги придвижи предните нозе и опашката, навестувајќи ја неговата нескротлива природа, пренесува АП.

Во меѓувреме, љубопитни малечки деца го чекаат својот ред за уникатно искуство. Оваа атракција се наплаќала 20 јуани (2,5 евра) по фотографија.

https://twitter.com/animal_cn/status/1733357978919510444?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1733357978919510444%7Ctwgr%5E8ed269d120b0f8777b30c73b51747419541baf63%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fulica.mk%2Fd0b4d0b5d186d0b0-d198d0b0d0b2d0b0d0b0d182-d182d0b8d0b3d0b0d180-d0b0-d180d0bed0b4d0b8d182d0b5d0bbd0b8d182d0b5-d0bfd0bbd0b0d19cd0b0d0b0%2F

Неколку дена подоцна реагирале од Секторот за култура, спорт и туризам, при што е утврдено дека циркусот организирал претстави без соодветно одобрение.

Почитувајќи ги законските и регулаторните стандарди, надлежните наредиле итно прекинување на изведбите, што било направено.

The post Мали деца јаваат тигар, а родителите плаќаат и ги сликаат: По шокантната снимка – циркусот е затворен appeared first on Република.

]]>

Видео-снимка направена за време на посета на циркус во кинескиот регион Гуангкси, предизвика остра реакција кај властите. На почетокот од снимката се гледа тигар, врзан за метален држач и човек како става момче на грбот на животното за да го јава. Друго лице го фотографира малото дете. И покрај тоа што тигарот бил врзан со ремени, тој успеал да ги придвижи предните нозе и опашката, навестувајќи ја неговата нескротлива природа, пренесува АП. Во меѓувреме, љубопитни малечки деца го чекаат својот ред за уникатно искуство. Оваа атракција се наплаќала 20 јуани (2,5 евра) по фотографија. https://twitter.com/animal_cn/status/1733357978919510444?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1733357978919510444%7Ctwgr%5E8ed269d120b0f8777b30c73b51747419541baf63%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fulica.mk%2Fd0b4d0b5d186d0b0-d198d0b0d0b2d0b0d0b0d182-d182d0b8d0b3d0b0d180-d0b0-d180d0bed0b4d0b8d182d0b5d0bbd0b8d182d0b5-d0bfd0bbd0b0d19cd0b0d0b0%2F Неколку дена подоцна реагирале од Секторот за култура, спорт и туризам, при што е утврдено дека циркусот организирал претстави без соодветно одобрение. Почитувајќи ги законските и регулаторните стандарди, надлежните наредиле итно прекинување на изведбите, што било направено.

The post Мали деца јаваат тигар, а родителите плаќаат и ги сликаат: По шокантната снимка – циркусот е затворен appeared first on Република.

]]>
Само 3.890 тигри се останати во дивината https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/samo-3-890-tigri-se-ostanati-vo-divinata/ Sat, 29 Jul 2023 18:10:23 +0000 https://republika.mk/?p=666712

Денеска во многу земји се одбележува Светскиот ден на тигрите.Иако за многумина тигрите се моќни животни, денес тие се сметаат за загрозен вид. Се верува дека во светот останале само 3.890 тигри во дивината, а нивната популација е намалена за 97 отсто во последните сто години.

Светскиот ден на тигрите, 29 јули, се одбележува од 2010 година со цел да се подигне свеста за зачувување на тигрите и да се промовира глобален систем за заштита на природните живеалишта на тигрите.

Таа година на самитот во Санкт Петербург, инициран од Светскиот фонд за дивиот свет (WWF), лидерите на 13 земји каде сè уште живеат тигрите (Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Кина, Индија, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Непал, Русија , Тајланд и Виетнам), ветија двојно зголемување на бројот на тигри до 2022 година.

Посебно внимание се посветува на Меѓународниот ден на тигрите во Индонезија и Индија.

Тигарот е национално животно на Индија и е класифициран како загрозен вид според Законот за заштита на дивиот свет.

The post Само 3.890 тигри се останати во дивината appeared first on Република.

]]>

Денеска во многу земји се одбележува Светскиот ден на тигрите.Иако за многумина тигрите се моќни животни, денес тие се сметаат за загрозен вид. Се верува дека во светот останале само 3.890 тигри во дивината, а нивната популација е намалена за 97 отсто во последните сто години. Светскиот ден на тигрите, 29 јули, се одбележува од 2010 година со цел да се подигне свеста за зачувување на тигрите и да се промовира глобален систем за заштита на природните живеалишта на тигрите. Таа година на самитот во Санкт Петербург, инициран од Светскиот фонд за дивиот свет (WWF), лидерите на 13 земји каде сè уште живеат тигрите (Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Кина, Индија, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Непал, Русија , Тајланд и Виетнам), ветија двојно зголемување на бројот на тигри до 2022 година. Посебно внимание се посветува на Меѓународниот ден на тигрите во Индонезија и Индија. Тигарот е национално животно на Индија и е класифициран како загрозен вид според Законот за заштита на дивиот свет.

The post Само 3.890 тигри се останати во дивината appeared first on Република.

]]>
Тигар човекојадец усмртен во Индија: Имал девет жртви, го ловеле 200 полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tigar-chovekojadec-usmrten-vo-indija-imal-devet-zrtvi-go-lovele-200-policajci/ Mon, 10 Oct 2022 09:44:11 +0000 https://republika.mk/?p=559354

Индиската полиција усмрти тигар што убил најмалку девет лица во областа Чампаран во сојузната држава Бихар. Тигарот, инаку тригодишен мажјак, бил убиен во потера во која биле вклучени околу 200 полицајци и окружни службеници.

Нападите се случиле кај резерватот за тигри „Валмики“. Директорот на резерватот изјави дека потрагата по тигарот, именуван како Т-104, почнала во саботата, откако во напад загинале мајка и дете. Кумар Гупта, главен чувар на дивиот свет во областа, за „Тајмс оф Индија“ вели дека тигарот бил означен како опасен по човечкиот живот.

Обидите да се смири животното беа неуспешни и тигарот покажа целосен недостаток на страв кога бил опкружен со тимовите - изјави Гупта.

Според податоците на индиската Влада, објавени 2019 година, тигрите во напади убиваат меѓу 40 и 50 луѓе секоја година. Индија е дом на повеќе од 70 отсто од тигрите кои живеат во дивина, но земјиштата за тигри во државата не се доволни за

The post Тигар човекојадец усмртен во Индија: Имал девет жртви, го ловеле 200 полицајци appeared first on Република.

]]>

Индиската полиција усмрти тигар што убил најмалку девет лица во областа Чампаран во сојузната држава Бихар. Тигарот, инаку тригодишен мажјак, бил убиен во потера во која биле вклучени околу 200 полицајци и окружни службеници. Нападите се случиле кај резерватот за тигри „Валмики“. Директорот на резерватот изјави дека потрагата по тигарот, именуван како Т-104, почнала во саботата, откако во напад загинале мајка и дете. Кумар Гупта, главен чувар на дивиот свет во областа, за „Тајмс оф Индија“ вели дека тигарот бил означен како опасен по човечкиот живот.
Обидите да се смири животното беа неуспешни и тигарот покажа целосен недостаток на страв кога бил опкружен со тимовите - изјави Гупта.
Според податоците на индиската Влада, објавени 2019 година, тигрите во напади убиваат меѓу 40 и 50 луѓе секоја година. Индија е дом на повеќе од 70 отсто од тигрите кои живеат во дивина, но земјиштата за тигри во државата не се доволни за

The post Тигар човекојадец усмртен во Индија: Имал девет жртви, го ловеле 200 полицајци appeared first on Република.

]]>
Бајден формирал специјална единица за борба против плановите на Путин со кодно име „Тигар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-formiral-specijalna-edinica-za-borba-protiv-planovite-na-putin-so-kodno-ime-tigar/ Thu, 24 Mar 2022 20:06:13 +0000 https://republika.mk/?p=477898

Белата куќа формирала работна група составена од претставници на националната безбедност со задача да ги подготви Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во случај рускиот претседател Владимир Путин да одлучи да употреби хемиско, биолошко и нуклеарно оружје во Украина, а можеби и на друго место, пишува „Њујорк тајмс“.

Според неколку официјални лица вклучени во групата со кодно име „Тигар“, нејзините членови разгледуваат и можни решенија во случај Путин и руските сили да влезат на територијата на некоја од членките на НАТО за да ги нападнат конвоите што доставуваат оружје и хуманитарна помош за Украина.

„Тигрите“ се состануваат три пати неделно, нивните состаноци се тајни, при што се разговара како да реагираат на потенцијалното ширење на војната во Украина кон Молдавија и Грузија. како и како да ја подготват Европа за нов бегалски бран кој би можел да биде поголем од кој било виден во текот на последните неколку децении.

Според весникот“ плановите и анализите подготвени од „Тигрите“ се една од главните теми на самитот на Алијансата што се одржува во Брисел. Тоа е прва средба на лидерите на НАТО откако почна руската воена интервенција во Украина.

The post Бајден формирал специјална единица за борба против плановите на Путин со кодно име „Тигар“ appeared first on Република.

]]>

Белата куќа формирала работна група составена од претставници на националната безбедност со задача да ги подготви Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во случај рускиот претседател Владимир Путин да одлучи да употреби хемиско, биолошко и нуклеарно оружје во Украина, а можеби и на друго место, пишува „Њујорк тајмс“. Според неколку официјални лица вклучени во групата со кодно име „Тигар“, нејзините членови разгледуваат и можни решенија во случај Путин и руските сили да влезат на територијата на некоја од членките на НАТО за да ги нападнат конвоите што доставуваат оружје и хуманитарна помош за Украина. „Тигрите“ се состануваат три пати неделно, нивните состаноци се тајни, при што се разговара како да реагираат на потенцијалното ширење на војната во Украина кон Молдавија и Грузија. како и како да ја подготват Европа за нов бегалски бран кој би можел да биде поголем од кој било виден во текот на последните неколку децении. Според весникот“ плановите и анализите подготвени од „Тигрите“ се една од главните теми на самитот на Алијансата што се одржува во Брисел. Тоа е прва средба на лидерите на НАТО откако почна руската воена интервенција во Украина.

The post Бајден формирал специјална единица за борба против плановите на Путин со кодно име „Тигар“ appeared first on Република.

]]>
Свечено одбележување на 41. годишнина од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/svecheno-odbelezuvanje-na-41-ata-godishnina-od-formiranjeto-na-specijalnata-antiteroristichka-edinica-tigar/ Sun, 13 Mar 2022 15:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=472158

На платото пред базата на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, во касарната „Илинден“, во присуство на претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со највисокото раководство во МВР, како и високи претставници од Владата и Генералштабот на Армијата, полициски аташеа при амбасадите во земјава, семејствата на загинатите припадници на Единицата и бројни гости, соработници и пријатели на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за Јавна безбедност во МВР, свечено беше одбележана 41-ата годишнина од формирањето на оваа специјална единица.

Оваа специјализирана полициска служба е една од најсложените во безбедносната структура на МВР, во име на специфичните, сложени задачи и динамични предизвици што пред неа се поставуваат во секојдневното работење, неопходно е секогаш да биде целосно подготвена, технички и кадровски опремена до перфекција.

Министерот Спасовски потсети дека оваа Единица претходниве неколку години беше дел од врвни обуки во земјава и во странство, во рамки на меѓународни и европски проекти, како онаа во Република Германија со Европската команда на американската војска – Зелени беретки, со специјалците – карабинери од Италија, со специјална единица „УРНА“ во Чешка, со австриската „КОБРА“, со француската „РАИД“, а секогаш посебен белег остава учеството на припадниците на оваа Единица во бројни тактичко-оперативни вежби со национален и меѓународен предзнак.

Командантот на САЕ „Тигар“ Митко Даневски во своето обраќање рече:

Следејќи ги светските трендови, новите форми на дејствување на организираните криминални групи, радикализмот и насилниот екстремизам, а со цел да се даде ефикасен одговор преку спречување на истите, САЕ ‘Тигар’ континуирано се усовршуваше и модернизираше, за денес да можеме да кажеме дека Единицата претставува високопрофесионална, организирана и врвно опремена формација во рамки на МВР и безбедносниот систем во државата. Особено сакам да го истакнам фактот дека припадниците на САЕ ‘Тигар’ се одликуваат со висок степен на подготвеност, мотивираност и силна посветеност во извршување на своите задачи, а посебно место во историјата на нашата единица имаат припадниците, кои извршувајќи ја својата должност, на првите борбени линии, го дадоа и најдрагоценото – ги положија своите животи“.

Командантот Даневски порача дека САЕ„Тигар” беше и продолжува да биде чувар на уставниот поредок на државата, во борбата против тероризмот и организираниот криминал, гарантирајќи ги мирот, слободата и безбедноста на сите граѓани на нашата држава.

Во текот на свеченоста официјалните делегации им оддадоа почит на загинатите припадници на САЕ „Тигар“, положувајќи цвеќе на Спомен плочата, а беа доделени признанија, благодарници за соработниците, јубилејни плакети за 5, 15, 20 и 30 години во службата на припадници на Единицата, како и признание за најдобриот припадник за изминатата 2021 година, а присутните имаа можност да погледнат една тактичко-показна вежба на припадници на „Тигар“, насловена: „Упад во објект од воздух и копно“.

https://youtu.be/rlnD4YNI16s

The post Свечено одбележување на 41. годишнина од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ appeared first on Република.

]]>

На платото пред базата на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, во касарната „Илинден“, во присуство на претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со највисокото раководство во МВР, како и високи претставници од Владата и Генералштабот на Армијата, полициски аташеа при амбасадите во земјава, семејствата на загинатите припадници на Единицата и бројни гости, соработници и пријатели на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за Јавна безбедност во МВР, свечено беше одбележана 41-ата годишнина од формирањето на оваа специјална единица. Оваа специјализирана полициска служба е една од најсложените во безбедносната структура на МВР, во име на специфичните, сложени задачи и динамични предизвици што пред неа се поставуваат во секојдневното работење, неопходно е секогаш да биде целосно подготвена, технички и кадровски опремена до перфекција. Министерот Спасовски потсети дека оваа Единица претходниве неколку години беше дел од врвни обуки во земјава и во странство, во рамки на меѓународни и европски проекти, како онаа во Република Германија со Европската команда на американската војска – Зелени беретки, со специјалците – карабинери од Италија, со специјална единица „УРНА“ во Чешка, со австриската „КОБРА“, со француската „РАИД“, а секогаш посебен белег остава учеството на припадниците на оваа Единица во бројни тактичко-оперативни вежби со национален и меѓународен предзнак. Командантот на САЕ „Тигар“ Митко Даневски во своето обраќање рече:
Следејќи ги светските трендови, новите форми на дејствување на организираните криминални групи, радикализмот и насилниот екстремизам, а со цел да се даде ефикасен одговор преку спречување на истите, САЕ ‘Тигар’ континуирано се усовршуваше и модернизираше, за денес да можеме да кажеме дека Единицата претставува високопрофесионална, организирана и врвно опремена формација во рамки на МВР и безбедносниот систем во државата. Особено сакам да го истакнам фактот дека припадниците на САЕ ‘Тигар’ се одликуваат со висок степен на подготвеност, мотивираност и силна посветеност во извршување на своите задачи, а посебно место во историјата на нашата единица имаат припадниците, кои извршувајќи ја својата должност, на првите борбени линии, го дадоа и најдрагоценото – ги положија своите животи“.
Командантот Даневски порача дека САЕ„Тигар” беше и продолжува да биде чувар на уставниот поредок на државата, во борбата против тероризмот и организираниот криминал, гарантирајќи ги мирот, слободата и безбедноста на сите граѓани на нашата држава. Во текот на свеченоста официјалните делегации им оддадоа почит на загинатите припадници на САЕ „Тигар“, положувајќи цвеќе на Спомен плочата, а беа доделени признанија, благодарници за соработниците, јубилејни плакети за 5, 15, 20 и 30 години во службата на припадници на Единицата, како и признание за најдобриот припадник за изминатата 2021 година, а присутните имаа можност да погледнат една тактичко-показна вежба на припадници на „Тигар“, насловена: „Упад во објект од воздух и копно“. https://youtu.be/rlnD4YNI16s

The post Свечено одбележување на 41. годишнина од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ appeared first on Република.

]]>