Тигањ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tiganj/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Feb 2024 13:50:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тигањ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tiganj/ 32 32 Средба Џафери – Тигањ: Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-dhaferi-tigan-hrvatska-silno-ja-poddrzhuva-evropskata-perspektiva-na-severna-makedonija/ Thu, 15 Feb 2024 13:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=744434

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорката на Република Хрватска во земјава, Н.Е. Нивес Тигањ.

На средбата беа истакнати пријателските односи меѓу двете земји кои ги поврзува традиционално и искрено пријателство, кои се клучни за градење на побезбедна и попросперитетна иднина за граѓаните на двете држави, како и за целиот регион.

Хрватската амбасадорка Тигањ на премиерот Џафери му честиташе за мандатот и ја изрази силната поддршка за европските перспективи на земјава. Воедно, потврди дека за Република Хрватска е од голем интерес решавањето на прашањето за патните исправи за граѓаните на Република Македонија, со оглед на големиот придонес што го даваат нашите граѓани во нивната туристичка економија.

Џафери истакна дека Владата останува посветена на почитување на европските вредности и спроведување на процесите важни за евроинтеграцијата на Македонија.

Соговорниците на средбата разменија мислења за поддршката на Хрватска за Македонија, во поглед на корисните искуства значајни за евроинтеграцискиот процес.

Македонија и Хрватска имаат воспоставено дипломатски односи пред повеќе од 30 години. Во овој период, билатералните односи се унапредени, а во следниот период двете земји ќе бидат посветени на зголемувањето на трговската размена и на економската соработка.

 

The post Средба Џафери – Тигањ: Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорката на Република Хрватска во земјава, Н.Е. Нивес Тигањ. На средбата беа истакнати пријателските односи меѓу двете земји кои ги поврзува традиционално и искрено пријателство, кои се клучни за градење на побезбедна и попросперитетна иднина за граѓаните на двете држави, како и за целиот регион. Хрватската амбасадорка Тигањ на премиерот Џафери му честиташе за мандатот и ја изрази силната поддршка за европските перспективи на земјава. Воедно, потврди дека за Република Хрватска е од голем интерес решавањето на прашањето за патните исправи за граѓаните на Република Македонија, со оглед на големиот придонес што го даваат нашите граѓани во нивната туристичка економија. Џафери истакна дека Владата останува посветена на почитување на европските вредности и спроведување на процесите важни за евроинтеграцијата на Македонија. Соговорниците на средбата разменија мислења за поддршката на Хрватска за Македонија, во поглед на корисните искуства значајни за евроинтеграцискиот процес. Македонија и Хрватска имаат воспоставено дипломатски односи пред повеќе од 30 години. Во овој период, билатералните односи се унапредени, а во следниот период двете земји ќе бидат посветени на зголемувањето на трговската размена и на економската соработка.  

The post Средба Џафери – Тигањ: Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Македонија appeared first on Република.

]]>
Градот Скопје со иницијатива за почиста животна средина https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradot-skopje-so-inicijativa-za-pochista-zivotna-sredina/ Sat, 07 May 2022 13:05:58 +0000 https://republika.mk/?p=499048

Денеска во Градскиот парк градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска учествуваше во еколошка акција за чистење, како дел од низата акции кои Градот Скопје ги подржува и реализира во следниот период. На иницијатива на хрватската амбасадорка во Македонија Н.Е Нивес Тигањ и Хрватскиот деловен клуб започна првата еколошка акција за чистење, во рамките на која во Градскиот парк поставени се нови канти за отпадоци како донација од приватниот сектор.

 

- Сакам да ви се заблагодарам на сите за присуството, оваа идеја на Хрватскиот деловен клуб и амбасадорката на Хрватска, е навистина одлична иницијатива за наша заедничка вклученост во вакви еколошки акции, но и начин да ја кренеме свесноста на секојдневните корисници на градскиот парк за потребата да го одржиме паркот чист и убав за сите граѓани да уживаат во пролетното зеленило, истакна Арсовска пред присутните.

 

Хрватската амбасадорка Тигањ истакна благодарност до Градот Скопје и до градоначалничката Арсовска за нејзиното присуство во денешната акција, која е прва ваква акција со вклученост на хрватската амбасада и која е биде мотив и за останати слични еколошки активности.

 

Арсовска им се заблагодари на амбасадорката на Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, претседателот на Хрватскиот деловен клуб, Драган Ѓоргиевски, како и на над стотината присутни претставници од хрватската амбасада и хрватскиот деловен клуб за нивното залагање во заедничките напори за поубаво и почисто Скопје и истакна дека Градот ќе ја подржи секоја иницијатива за почист град.

 

 

 

The post Градот Скопје со иницијатива за почиста животна средина appeared first on Република.

]]>

Денеска во Градскиот парк градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска учествуваше во еколошка акција за чистење, како дел од низата акции кои Градот Скопје ги подржува и реализира во следниот период. На иницијатива на хрватската амбасадорка во Македонија Н.Е Нивес Тигањ и Хрватскиот деловен клуб започна првата еколошка акција за чистење, во рамките на која во Градскиот парк поставени се нови канти за отпадоци како донација од приватниот сектор.   - Сакам да ви се заблагодарам на сите за присуството, оваа идеја на Хрватскиот деловен клуб и амбасадорката на Хрватска, е навистина одлична иницијатива за наша заедничка вклученост во вакви еколошки акции, но и начин да ја кренеме свесноста на секојдневните корисници на градскиот парк за потребата да го одржиме паркот чист и убав за сите граѓани да уживаат во пролетното зеленило, истакна Арсовска пред присутните.   Хрватската амбасадорка Тигањ истакна благодарност до Градот Скопје и до градоначалничката Арсовска за нејзиното присуство во денешната акција, која е прва ваква акција со вклученост на хрватската амбасада и која е биде мотив и за останати слични еколошки активности.   Арсовска им се заблагодари на амбасадорката на Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, претседателот на Хрватскиот деловен клуб, Драган Ѓоргиевски, како и на над стотината присутни претставници од хрватската амбасада и хрватскиот деловен клуб за нивното залагање во заедничките напори за поубаво и почисто Скопје и истакна дека Градот ќе ја подржи секоја иницијатива за почист град.      

The post Градот Скопје со иницијатива за почиста животна средина appeared first on Република.

]]>