Тиери Бретон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tieri-breton/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 10:00:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тиери Бретон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tieri-breton/ 32 32 Еврокомесарот Бретон поднесе оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evrokomesarot-breton-podnese-ostavka/ Mon, 16 Sep 2024 10:00:12 +0000 https://republika.mk/?p=816732

Европскиот комесар за внатрешен пазар и француски кандидат за член на идната Европска комисија, Тиери Бретон денеска поднесе оставка на функцијата и ја повлече својата номинација за еврокомесар.

Во писмото на својата оставка упатено до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, што го објави на Икс, Бретон ја обвинува дека „го саботира“ и дека „создава неред“ за време на транзицијата кон новите институции на ЕУ.

Бретон во објавата тврди дека Фон дер Лајен и понудила на Франција „повлијателен ресор“ во новата Еврокомисија, доколку Париз предложи друг кандидат место него.

Пред неколку дена, во последниот дел од преговорите за составот на идниот Колеџ, побаравте од Франција да ја повлече мојата кандидатура – поради ваши лични причини за што воопшто не разговаравте директно со мене, наведува Бретон во писмото до Фон дер Лајен.

Тој натаму потенцира дека во изминатите пет години како еврокомесар неуморно се стремел да го поддржува и унапредува „заедничкото европско добро над националните и партиските интереси“.

Сепак, во светлината на овие најнови случувања - дополнително сведоштво за сомнителното раководење - морам да заклучам дека повеќе не можам да ги извршувам своите должности во Колеџот (на комесари). Затоа поднесувам оставка од функцијата еврокомесар, која ќе стапи во сила веднаш, истакна Бретон.

Изминативе денови доаѓаа информации за тензии меѓу Фон дер Лајен и францускиот претседател Емануел Макрон околу потенцијалниот ресор што би го добил францускиот еврокомесар во новата Европска комисија.

Анонимен висок претставник на партијата на Макрон, Ренесанса (РЕ), во изјава за француските медиуми нагласи дека „Франција не е задоволна со надлежностите на ресорот“ што Фон дер Лајен му го доделила на Бретон.

Јавна тајна во Брисел е дека во односите меѓу Фон дер Лајен и Бретон „не цветаат рози“, за што сведочеа и неколкуте судири меѓу нив, од кои некои и јавни, во изминативе години. Бретон дури жестоко ја нападна Фон дер Лајен откако Европската народна партија (ЕПП) пролетва реши да ја номинира за втор мандат на функцијата, а меѓу нив постоеја и несогласувања за некои кадровски решенија и политики.

По повлекувањето на Бретон, Франција ќе треба да предложи нов кандидат за еврокомесар, што се очекува дополнително да ја одолговлече постапката за избор на идната Европска комисија.

За утре е предвидено Фон дер Лајен да ги презентира предлог-составот на новата ЕК и распределбата на ресорите меѓу еврокомесарите пред членовите на парламентарната Конференција на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на ЕП, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи. Но, повлекувањето на Бретон, како и се уште не завршената процедура за номинација на словенечката кандидатка за еврокомесарка Марта Кос, го доведува во прашање одржувањето на средбата.

Пред отпочнување на постапката за избор на новата Европска комисија, Фон дер Лајен побара од земјите членки на ЕУ да номинираат по еден мажи и една жена за кандидати за еврокомесари за да има можност да обезбеди родова рамноправност во идниот Колеџ на комесари. Ова барање не важеше за земјите кои ги номинираа актуелните еврокомесари.

Но, освен Бугарија која позитивно одговори на барањето на Фон дер Лајен, останатите земји членки предложија по еден кандидат од кои мнозинството мажи. Во такви услови, се појавија информации дека Фон дер Лајен побарала од „некои земји членки“ да ги заменат своите предложени кандидати мажи со жени, по што кандидатите на Романија и Словенија се повлекоа и наместо нив беа номинирани жени.

Европската комисија одби да ги коментира информациите дека Фон дер Лајен „вршела притисок“ врз некои земји за смена на кандидатите за еврокомесари повикувајќи се на принципот на доверливост на интерната коресподенција.

The post Еврокомесарот Бретон поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Европскиот комесар за внатрешен пазар и француски кандидат за член на идната Европска комисија, Тиери Бретон денеска поднесе оставка на функцијата и ја повлече својата номинација за еврокомесар. Во писмото на својата оставка упатено до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, што го објави на Икс, Бретон ја обвинува дека „го саботира“ и дека „создава неред“ за време на транзицијата кон новите институции на ЕУ. Бретон во објавата тврди дека Фон дер Лајен и понудила на Франција „повлијателен ресор“ во новата Еврокомисија, доколку Париз предложи друг кандидат место него. Пред неколку дена, во последниот дел од преговорите за составот на идниот Колеџ, побаравте од Франција да ја повлече мојата кандидатура – поради ваши лични причини за што воопшто не разговаравте директно со мене, наведува Бретон во писмото до Фон дер Лајен. Тој натаму потенцира дека во изминатите пет години како еврокомесар неуморно се стремел да го поддржува и унапредува „заедничкото европско добро над националните и партиските интереси“. Сепак, во светлината на овие најнови случувања - дополнително сведоштво за сомнителното раководење - морам да заклучам дека повеќе не можам да ги извршувам своите должности во Колеџот (на комесари). Затоа поднесувам оставка од функцијата еврокомесар, која ќе стапи во сила веднаш, истакна Бретон. Изминативе денови доаѓаа информации за тензии меѓу Фон дер Лајен и францускиот претседател Емануел Макрон околу потенцијалниот ресор што би го добил францускиот еврокомесар во новата Европска комисија. Анонимен висок претставник на партијата на Макрон, Ренесанса (РЕ), во изјава за француските медиуми нагласи дека „Франција не е задоволна со надлежностите на ресорот“ што Фон дер Лајен му го доделила на Бретон. Јавна тајна во Брисел е дека во односите меѓу Фон дер Лајен и Бретон „не цветаат рози“, за што сведочеа и неколкуте судири меѓу нив, од кои некои и јавни, во изминативе години. Бретон дури жестоко ја нападна Фон дер Лајен откако Европската народна партија (ЕПП) пролетва реши да ја номинира за втор мандат на функцијата, а меѓу нив постоеја и несогласувања за некои кадровски решенија и политики. По повлекувањето на Бретон, Франција ќе треба да предложи нов кандидат за еврокомесар, што се очекува дополнително да ја одолговлече постапката за избор на идната Европска комисија. За утре е предвидено Фон дер Лајен да ги презентира предлог-составот на новата ЕК и распределбата на ресорите меѓу еврокомесарите пред членовите на парламентарната Конференција на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на ЕП, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи. Но, повлекувањето на Бретон, како и се уште не завршената процедура за номинација на словенечката кандидатка за еврокомесарка Марта Кос, го доведува во прашање одржувањето на средбата. Пред отпочнување на постапката за избор на новата Европска комисија, Фон дер Лајен побара од земјите членки на ЕУ да номинираат по еден мажи и една жена за кандидати за еврокомесари за да има можност да обезбеди родова рамноправност во идниот Колеџ на комесари. Ова барање не важеше за земјите кои ги номинираа актуелните еврокомесари. Но, освен Бугарија која позитивно одговори на барањето на Фон дер Лајен, останатите земји членки предложија по еден кандидат од кои мнозинството мажи. Во такви услови, се појавија информации дека Фон дер Лајен побарала од „некои земји членки“ да ги заменат своите предложени кандидати мажи со жени, по што кандидатите на Романија и Словенија се повлекоа и наместо нив беа номинирани жени. Европската комисија одби да ги коментира информациите дека Фон дер Лајен „вршела притисок“ врз некои земји за смена на кандидатите за еврокомесари повикувајќи се на принципот на доверливост на интерната коресподенција.

The post Еврокомесарот Бретон поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Бретон: Украина во моментов не може да влезе во НАТО поради војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/breton-ukraina-vo-momentov-ne-moze-da-vleze-vo-nato-poradi-vojnata/ Thu, 06 Oct 2022 12:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=557997

Украина не може да влезе во НАТО додека има војна на нејзина територија, објави денеска европскиот комесар за единствен пазар Тиери Бретон.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара членство во НАТО, но, како што знаете, за да влезе во Северноатлантскиот договор, земјата не смее да има воени операции на своја територија, додека Украина е земја во војна, така што очигледно е дека ова во моментов е невозможно“, изјави Бретон за француската телевизија БФМ.

Тој ја опиша оваа ситуација како „политички демарш“ и изјави дека украинското барање е „симболично“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во септември објави дека Украина поднела апликација за членство во НАТО, по забрзана процедура.

The post Бретон: Украина во моментов не може да влезе во НАТО поради војната appeared first on Република.

]]>

Украина не може да влезе во НАТО додека има војна на нејзина територија, објави денеска европскиот комесар за единствен пазар Тиери Бретон. Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара членство во НАТО, но, како што знаете, за да влезе во Северноатлантскиот договор, земјата не смее да има воени операции на своја територија, додека Украина е земја во војна, така што очигледно е дека ова во моментов е невозможно“, изјави Бретон за француската телевизија БФМ. Тој ја опиша оваа ситуација како „политички демарш“ и изјави дека украинското барање е „симболично“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во септември објави дека Украина поднела апликација за членство во НАТО, по забрзана процедура.

The post Бретон: Украина во моментов не може да влезе во НАТО поради војната appeared first on Република.

]]>
За ЕУ нуклеарките ќе бидат „зелена енергија“: До 2050 година ќе инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-eu-nuklearkite-kje-bidat-zelena-energija-do-2050-godina-kje-investira-500-milijardi-evra-vo-nuklearni-centrali/ Mon, 10 Jan 2022 08:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=442412

Комесарот за внатрешниот пазар на Унијата, Тиери Бретон, изјави дека Европската Унија од сега, па до 2050 година ќе треба да инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи од следната генерација.

Само на постојните нуклеарни централи до 2030 година ќе им требаат 50 милијарди евра инвестиции. А, на новите генерации ќе им требаат 500 милијарди - изјави Бретон во интервју за „Журнал ду Диманш“.

Бретон, исто така, тврди дека планот на ЕУ за енергијата од нуклеарките и природниот гас да се означи како „зелен“ извор е важен чекор кон привлекување капитал.

ЕУ се консултира со своите земји-членки за овој предлог, при што има внатрешни несогласувања околу тоа дали овие извори на енергија навистина можат да се квалификуваат како одржливи опции.

Франција ја предводи одбраната на нуклеарната енергија, што е нејзин главен извор на енергија, и покрај силното противење од Австрија и скептицизмот на Германија, која е во процес на затворање на сите свои нуклеарни електрани.

Во предлогот се наведува дека Европската комисија „верува дека природниот гас и нуклеарната енергија можат да играат улога во олеснувањето на патот кон иднината, кој главно се заснова на обновливи извори на енергија“.

Во моментов, блокот добива 26 отсто од својата енергија од нуклеарни електрани, но Бретон проценува дека до 2050 година тоа ќе се намали на околу 15 отсто.

Во предлогот се наведува и дека за нуклеарната енергија треба да се воведат соодветни мерки за управување и отстранување на радиоактивниот отпад. Се бара изградбата на нови нуклеарни централи да биде условена со издадени дозволи до 2045 година, додека работата за проширување на работата на постоечките електрани треба да биде одобрена до 2040 година.

The post За ЕУ нуклеарките ќе бидат „зелена енергија“: До 2050 година ќе инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи appeared first on Република.

]]>

Комесарот за внатрешниот пазар на Унијата, Тиери Бретон, изјави дека Европската Унија од сега, па до 2050 година ќе треба да инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи од следната генерација.
Само на постојните нуклеарни централи до 2030 година ќе им требаат 50 милијарди евра инвестиции. А, на новите генерации ќе им требаат 500 милијарди - изјави Бретон во интервју за „Журнал ду Диманш“.
Бретон, исто така, тврди дека планот на ЕУ за енергијата од нуклеарките и природниот гас да се означи како „зелен“ извор е важен чекор кон привлекување капитал. ЕУ се консултира со своите земји-членки за овој предлог, при што има внатрешни несогласувања околу тоа дали овие извори на енергија навистина можат да се квалификуваат како одржливи опции. Франција ја предводи одбраната на нуклеарната енергија, што е нејзин главен извор на енергија, и покрај силното противење од Австрија и скептицизмот на Германија, која е во процес на затворање на сите свои нуклеарни електрани. Во предлогот се наведува дека Европската комисија „верува дека природниот гас и нуклеарната енергија можат да играат улога во олеснувањето на патот кон иднината, кој главно се заснова на обновливи извори на енергија“. Во моментов, блокот добива 26 отсто од својата енергија од нуклеарни електрани, но Бретон проценува дека до 2050 година тоа ќе се намали на околу 15 отсто. Во предлогот се наведува и дека за нуклеарната енергија треба да се воведат соодветни мерки за управување и отстранување на радиоактивниот отпад. Се бара изградбата на нови нуклеарни централи да биде условена со издадени дозволи до 2045 година, додека работата за проширување на работата на постоечките електрани треба да биде одобрена до 2040 година.

The post За ЕУ нуклеарките ќе бидат „зелена енергија“: До 2050 година ќе инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи appeared first on Република.

]]>