тетовска несреќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tetovska-nesrekja/ За подобро да се разбереме Sun, 15 May 2022 16:03:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тетовска несреќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tetovska-nesrekja/ 32 32 Јовески: Има осомничени за пожарот во тетовската болница, нема да е кабелот виновен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/joveski-ima-osomnicheni-za-pozarot-vo-tetovskata-bolnica-nema-da-e-kabelot-vinoven/ Sun, 15 May 2022 16:03:21 +0000 https://republika.mk/?p=502571

Има осомничени за пожарот кој минатата година се случи во модуларната болница во Тетово открива јавниот обвинител на Македонија, Љупчо Јовевски екслклузивно за емисијата „25 минути“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo-kje-bidat-podneseni-chetiri-tuzbi/

Не може да се каже дека кабелот е виновен и дека никој нема да одговара. Познато е во јавноста дека обвинителството води постапка за овај случај. Мора да сфатите дека се работи за огромна трагедија, за изгубени многу животи на наши граѓани, дека обвинителството превзема многу дејствија само. Сослушани се повеќе од 40-тина сведоци..., вели тој.

На прашањето зошто премногу трае овој процес, Јовески рече дека токму сложеноста на предметот бара време и дека деновиве ќе биде поднесено обвинение.

The post Јовески: Има осомничени за пожарот во тетовската болница, нема да е кабелот виновен appeared first on Република.

]]>

Има осомничени за пожарот кој минатата година се случи во модуларната болница во Тетово открива јавниот обвинител на Македонија, Љупчо Јовевски екслклузивно за емисијата „25 минути“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo-kje-bidat-podneseni-chetiri-tuzbi/
Не може да се каже дека кабелот е виновен и дека никој нема да одговара. Познато е во јавноста дека обвинителството води постапка за овај случај. Мора да сфатите дека се работи за огромна трагедија, за изгубени многу животи на наши граѓани, дека обвинителството превзема многу дејствија само. Сослушани се повеќе од 40-тина сведоци..., вели тој.
На прашањето зошто премногу трае овој процес, Јовески рече дека токму сложеноста на предметот бара време и дека деновиве ќе биде поднесено обвинение.

The post Јовески: Има осомничени за пожарот во тетовската болница, нема да е кабелот виновен appeared first on Република.

]]>
ОЈО уште не знае дали некој кривично ќе одговара зa пожарот, изгорената барака уште стои на истото место https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ojo-ushte-ne-znae-dali-nekoj-krivichno-kje-odgovara-za-pozarot-izgorenata-baraka-ushte-stoi-na-istoto-mesto/ Wed, 26 Jan 2022 10:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=449657

Дали ќе има кривична одговорност против некој за 14 загубени животи во тетовската модуларна болница, обвинителите сеуште не знаат. Од тетовското обвинителство за ТВ 24 велат мораат детално да го прочешлаат извештајот од германските експерти, бидејќи од еден збор може да произлезат нови правци. Станува збор за извештај од околу 7 страни, а во моментов го анализираат 5 обвинители. Отаму велат дека секојдневно работат на овој случај, но кога ќе има епилог не можат да предвидат.

Од Јавното обвинителство пак за ТВ 24 велат дека мора да завршат сите анализи за да се донесе одлука дали некој кривично ќе одговара.

Во овој момент не може да се каќе дали ќе има обвинение против некој, ќе се знае откако ќе се анализираат сите докази и извештаи. Очекуваме тоа да биде во брзо време, односно во наредните три недели, велат од ОЈО.

Модуларната болница пак во руина. Изгорена до темел, само со остатоци од некогашниот простор каде се лекуваа пациенти од коронавирусот. Непријатна слика која потсетува на големата трагедија на 8ми септември, велат тетовци. Од тетовското обвинителство велат дека тој простор повеќе не им е потребен за прибирање докази, па директорот на болницата треба да одлучи што ќе прави со него.

Директорот Амир Елези, за ТВ 24 вели сеуште не знаат кога ќе го отстранат изгорениот објект, бидејќи треба да се одлучи со Управниот одбор на болницата.

The post ОЈО уште не знае дали некој кривично ќе одговара зa пожарот, изгорената барака уште стои на истото место appeared first on Република.

]]>

Дали ќе има кривична одговорност против некој за 14 загубени животи во тетовската модуларна болница, обвинителите сеуште не знаат. Од тетовското обвинителство за ТВ 24 велат мораат детално да го прочешлаат извештајот од германските експерти, бидејќи од еден збор може да произлезат нови правци. Станува збор за извештај од околу 7 страни, а во моментов го анализираат 5 обвинители. Отаму велат дека секојдневно работат на овој случај, но кога ќе има епилог не можат да предвидат. Од Јавното обвинителство пак за ТВ 24 велат дека мора да завршат сите анализи за да се донесе одлука дали некој кривично ќе одговара.
Во овој момент не може да се каќе дали ќе има обвинение против некој, ќе се знае откако ќе се анализираат сите докази и извештаи. Очекуваме тоа да биде во брзо време, односно во наредните три недели, велат од ОЈО.
Модуларната болница пак во руина. Изгорена до темел, само со остатоци од некогашниот простор каде се лекуваа пациенти од коронавирусот. Непријатна слика која потсетува на големата трагедија на 8ми септември, велат тетовци. Од тетовското обвинителство велат дека тој простор повеќе не им е потребен за прибирање докази, па директорот на болницата треба да одлучи што ќе прави со него. Директорот Амир Елези, за ТВ 24 вели сеуште не знаат кога ќе го отстранат изгорениот објект, бидејќи треба да се одлучи со Управниот одбор на болницата.

The post ОЈО уште не знае дали некој кривично ќе одговара зa пожарот, изгорената барака уште стои на истото место appeared first on Република.

]]>
Конечно е преведен извештајот од германските експерти, сега Обвинителство ќе почне со разгледување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konechno-e-preveden-izveshtajot-od-germanskite-eksperti-sega-obvinitelstvo-kje-pochne-so-razgleduvanje/ Mon, 24 Jan 2022 13:10:14 +0000 https://republika.mk/?p=448774

Основното јавно обвинителство го доби преведениот извештајот од истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница направен од експертите и истражителите од Сојузната криминалистичка полиција од Германија, информираат од Јавното Обвинителство. Сега петте обвинители кои работат на предметот отворен поради пожарот во тетовската модуларна болница започнаа да го разгледуваат извештајот со цел да утврдат дали и што ќе се преземе во насока на понатамошна постапка.

Извештајот од германските експерти е преведен и доставен до Основното јавно обвинителство Тетово. Надлежните обвинители го разгледуваат, а наводите ќе бидат споредени со другите прибрани докази во предметот. Во предметот обвинителството постапува ажурно и темелно со цел во детали да се утврдат сите факти за несреќата. Во зависност од тоа што ќе биде утврдено, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошното постапување во предметот, информираат од Служба за односи со јавноста при ЈОРМ.

По пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 при што животите ги загубија 14 луѓе, во истрагата во текот на истиот месец учествуваа и експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција од Германија. Нивниот извештај од седум страници до ОЈО Тетово стигнал на 14 јануари, а бидејќи беше на германски јазик, досега се чекаше негов соодветен превод.

Обвинителството во октомври 2021 објави дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

The post Конечно е преведен извештајот од германските експерти, сега Обвинителство ќе почне со разгледување appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство го доби преведениот извештајот од истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница направен од експертите и истражителите од Сојузната криминалистичка полиција од Германија, информираат од Јавното Обвинителство. Сега петте обвинители кои работат на предметот отворен поради пожарот во тетовската модуларна болница започнаа да го разгледуваат извештајот со цел да утврдат дали и што ќе се преземе во насока на понатамошна постапка.
Извештајот од германските експерти е преведен и доставен до Основното јавно обвинителство Тетово. Надлежните обвинители го разгледуваат, а наводите ќе бидат споредени со другите прибрани докази во предметот. Во предметот обвинителството постапува ажурно и темелно со цел во детали да се утврдат сите факти за несреќата. Во зависност од тоа што ќе биде утврдено, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошното постапување во предметот, информираат од Служба за односи со јавноста при ЈОРМ.
По пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 при што животите ги загубија 14 луѓе, во истрагата во текот на истиот месец учествуваа и експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција од Германија. Нивниот извештај од седум страници до ОЈО Тетово стигнал на 14 јануари, а бидејќи беше на германски јазик, досега се чекаше негов соодветен превод. Обвинителството во октомври 2021 објави дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

The post Конечно е преведен извештајот од германските експерти, сега Обвинителство ќе почне со разгледување appeared first on Република.

]]>