тетовска болница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tetovska-bolnica/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 13:39:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тетовска болница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tetovska-bolnica/ 32 32 Лазим Дестани донирал еден милион евра за Тетовската болница https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lazim-destani-doniral-eden-milion-evra-za-tetovskata-bolnitsa/ Thu, 15 Aug 2024 13:39:04 +0000 https://republika.mk/?p=806931

Министерот за здравство доктор Арбен Таравари на Фејсбук информира дека Лазим Дестани донирал еден милион евра за Општата болница во Тетово.

Ме трогна овој дарежлив гест на Лазим Дестани кој штотуку донираше 1 милион евра за болницата во Тетово. Лазим е пример за добар човек, напиша Таравари.

Инаку, Дестани важи за најбогат Албанец во светот. Тој живее во Тетово, а неговото богатство се проценува на над 3 милијарди долари, пишуваат албанските медиуми.

Тој е сопственик на компанијата „Еколог Интернационал“.

The post Лазим Дестани донирал еден милион евра за Тетовската болница appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство доктор Арбен Таравари на Фејсбук информира дека Лазим Дестани донирал еден милион евра за Општата болница во Тетово.
Ме трогна овој дарежлив гест на Лазим Дестани кој штотуку донираше 1 милион евра за болницата во Тетово. Лазим е пример за добар човек, напиша Таравари.
Инаку, Дестани важи за најбогат Албанец во светот. Тој живее во Тетово, а неговото богатство се проценува на над 3 милијарди долари, пишуваат албанските медиуми. Тој е сопственик на компанијата „Еколог Интернационал“.  

The post Лазим Дестани донирал еден милион евра за Тетовската болница appeared first on Република.

]]>
Дедо нападнал вработена во Ургентно, удрил и по полицаецот кој интервенирал https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dedo-napadnal-vrabotena-vo-urgentno-udril-i-po-politsaetsot-koj-interveniral/ Tue, 04 Jun 2024 11:39:55 +0000 https://republika.mk/?p=784644

Вчера во 08.55 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Н.В.(85) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од П.Е. од Тетово, вработена во Ургентен центар Тетово, дека во 08.30 часот физички ја нападнал на работното место, а подоцна физички нападнал и полициски службеник кој преземал службени дејствија.

Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Дедо нападнал вработена во Ургентно, удрил и по полицаецот кој интервенирал appeared first on Република.

]]>

Вчера во 08.55 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Н.В.(85) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од П.Е. од Тетово, вработена во Ургентен центар Тетово, дека во 08.30 часот физички ја нападнал на работното место, а подоцна физички нападнал и полициски службеник кој преземал службени дејствија. Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Дедо нападнал вработена во Ургентно, удрил и по полицаецот кој интервенирал appeared first on Република.

]]>
Внатрешна контрола на МВР предлага отстранување на полицискиот службеник кој учествуваше во пукањето пред тетовската Болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vnatreshna-kontrola-na-mvr-predlaga-otstranuvane-na-politsiskiot-sluzhbenik-koj-uchestvuvashe-vo-pukaneto-pred-tetovskata-bolnitsa/ Wed, 27 Mar 2024 14:21:02 +0000 https://republika.mk/?p=759397

По поднесените две кривични пријави од СВР Тетово против М.Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор при регионалниот центар за гранични работи Север, осомничен за сторено кривични дела „насилство“, „помагање“ и „обид“ во врска со кривично дело „убиство“ и против други лица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР извршил увид во пријавите, по што презема мерки против М.Т. и други полициски службеници согласно законските овластувања.

Одделот за внатрешна контрола, како што информираат од МВР, заклучил дека полицискиот службеник постапил спротивно на член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во Министерството за внатрешни работи и дека сторил потежок случај на кршење на работниот ред и дисциплина по член 187 став 1 точка 10 и 20 од Законот за внатрешни работи и по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР.

Исто така, било утврдено дека при преземање на мерки во врска со двата настани, полициските службеници В.С., Н.М., Б.З. и Г.М. од СВР Тетово постапиле спротивно на член 7 и 8 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во Министерството за внатрешни работи и на тој начин сториле потежок случај на кршење на работниот ред и дисциплина по член 187 став 1 точка 3, 4 и 10 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 точка 3, 4 и 10 од Колективниот договор на МВР.

- Согласно утврденото и член 227 од Колективниот договор на МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Одделот за дисциплински и судски постапки поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициските службеници М.Т., В.С., Н.М., Б.З. и Г.М. и изрече задолжителни мерки полицискиот службеник М.Т. да се отстрани од работното место и од Министерството до донесување на решение во дисциплинска постапка и времено да му биде одземено оружјето со муницијата, се наведува во соопштението од МВР.

Имено, околу 13 часот на 11.01.2024, по претходно нарушен јавен ред и мир со физички напад пред Основниот суд во Тетово, извршен од Р.Т. врз А.М., дошол М.Т. и со пиштол му се заканил на А.М.. Истиот ден, околу 18.30 часот во кругот на Клинички центар во Тетово, М.Т. им помагал на Ф.Т. и Р.Т., кои од огнено оружје пукале и ги повредиле А.М. и З.М. од Тетово.

The post Внатрешна контрола на МВР предлага отстранување на полицискиот службеник кој учествуваше во пукањето пред тетовската Болница appeared first on Република.

]]>

По поднесените две кривични пријави од СВР Тетово против М.Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор при регионалниот центар за гранични работи Север, осомничен за сторено кривични дела „насилство“, „помагање“ и „обид“ во врска со кривично дело „убиство“ и против други лица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР извршил увид во пријавите, по што презема мерки против М.Т. и други полициски службеници согласно законските овластувања. Одделот за внатрешна контрола, како што информираат од МВР, заклучил дека полицискиот службеник постапил спротивно на член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во Министерството за внатрешни работи и дека сторил потежок случај на кршење на работниот ред и дисциплина по член 187 став 1 точка 10 и 20 од Законот за внатрешни работи и по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР. Исто така, било утврдено дека при преземање на мерки во врска со двата настани, полициските службеници В.С., Н.М., Б.З. и Г.М. од СВР Тетово постапиле спротивно на член 7 и 8 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во Министерството за внатрешни работи и на тој начин сториле потежок случај на кршење на работниот ред и дисциплина по член 187 став 1 точка 3, 4 и 10 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 точка 3, 4 и 10 од Колективниот договор на МВР. - Согласно утврденото и член 227 од Колективниот договор на МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Одделот за дисциплински и судски постапки поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициските службеници М.Т., В.С., Н.М., Б.З. и Г.М. и изрече задолжителни мерки полицискиот службеник М.Т. да се отстрани од работното место и од Министерството до донесување на решение во дисциплинска постапка и времено да му биде одземено оружјето со муницијата, се наведува во соопштението од МВР. Имено, околу 13 часот на 11.01.2024, по претходно нарушен јавен ред и мир со физички напад пред Основниот суд во Тетово, извршен од Р.Т. врз А.М., дошол М.Т. и со пиштол му се заканил на А.М.. Истиот ден, околу 18.30 часот во кругот на Клинички центар во Тетово, М.Т. им помагал на Ф.Т. и Р.Т., кои од огнено оружје пукале и ги повредиле А.М. и З.М. од Тетово.

The post Внатрешна контрола на МВР предлага отстранување на полицискиот службеник кој учествуваше во пукањето пред тетовската Болница appeared first on Република.

]]>
Четворица приведени за пукањето во Тетово, но по еден напаѓач уште се трага https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-privedeni-za-pukaneto-vo-tetovo-no-po-eden-napagach-ushte-se-traga/ Fri, 12 Jan 2024 10:32:10 +0000 https://republika.mk/?p=732321

Четири лица се приведени како осомничени за вчерашното пукање и ранување на двајцата браќа од тетовското село Гајре, што се случи околу 18 часот пред Ургетниот центар н Клиничката болница Тетово. Полицијата трага по уште едно машко лице.

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното (11 јануари) пукање со огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница, кое се случило околу 18 часот и 5 минути, а во кое со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М.(41) и З.М.(36) од тетовското село Гајре. За уште едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање, информира портпаролот на СВР Тетово , Марјан Јосифоски.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се расчистува и документира случајот, по што против инволвираните во овој случај ќе следуваат соодветни поднесоци.

The post Четворица приведени за пукањето во Тетово, но по еден напаѓач уште се трага appeared first on Република.

Уште еден напад на медицинско лице во тетовската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-eden-napad-na-meditsinsko-litse-vo-tetovskata-bolnitsa/ Mon, 20 Nov 2023 15:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=714491

Вчеравечер во 20:50 часот Б.Ф.(48) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека половина час пред тоа на работното место на Интерното одделение во тетовската Клиничка болница, 44-годишниот А.Ј. од тетовско Непроштено се однесувал агресивно кон него и му се заканувал.

Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот.

Ова е втор инцидент во кој нападнато е медицинско лице во болницата овој месец. На 8 ноември, на хируршкото одделение во тетовската Клиничка болница физички бил нападнат вработен, а напаѓаќот употребил и остар предмет.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-vo-tetovskata-bolnitsa-so-nozh-napadnat-vraboten-vo-hirurgija/

The post Уште еден напад на медицинско лице во тетовската болница appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 20:50 часот Б.Ф.(48) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека половина час пред тоа на работното место на Интерното одделение во тетовската Клиничка болница, 44-годишниот А.Ј. од тетовско Непроштено се однесувал агресивно кон него и му се заканувал. Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот. Ова е втор инцидент во кој нападнато е медицинско лице во болницата овој месец. На 8 ноември, на хируршкото одделение во тетовската Клиничка болница физички бил нападнат вработен, а напаѓаќот употребил и остар предмет. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-vo-tetovskata-bolnitsa-so-nozh-napadnat-vraboten-vo-hirurgija/

The post Уште еден напад на медицинско лице во тетовската болница appeared first on Република.

]]>
Инцидент во тетовската болница, со нож нападнат вработен во Хирургија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-vo-tetovskata-bolnitsa-so-nozh-napadnat-vraboten-vo-hirurgija/ Thu, 09 Nov 2023 11:01:30 +0000 https://republika.mk/?p=699821

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 18:10 часот го лишиле од слобода 33-годишниот А.К. од тетовски Копачиндол.

Непосредно пред тоа тој бил пријавен од 58-годишниот Ш.Ќ. од тетовска Голема Речица, дека на Хируршкото одделение во тетовската Клиничка болница, каде што бил вработен, физички го нападнал, при што употребил и остар предмет.

Од СВР Тетово велат дека А.К. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Инцидент во тетовската болница, со нож нападнат вработен во Хирургија appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 18:10 часот го лишиле од слобода 33-годишниот А.К. од тетовски Копачиндол. Непосредно пред тоа тој бил пријавен од 58-годишниот Ш.Ќ. од тетовска Голема Речица, дека на Хируршкото одделение во тетовската Клиничка болница, каде што бил вработен, физички го нападнал, при што употребил и остар предмет. Од СВР Тетово велат дека А.К. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Инцидент во тетовската болница, со нож нападнат вработен во Хирургија appeared first on Република.

]]>
Нов скандал во тетовската болница: Лекар ги злоупотребил податоците на пациентите за финансиска корист https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nov-skandal-vo-tetovskata-bolnitsa-lekar-gi-zloupotrebil-podatotsite-na-patsientite-za-finansiska-korist/ Tue, 01 Aug 2023 17:35:50 +0000 https://republika.mk/?p=667732

Ново скандалозно однесување на вработен во тетовската болница. По тик-токерот анестезиолог, сега хирург се сомничи за злоупотреба на податоците на пациенти за остварување финансиска корист.

Во Обвинителство сѐ уште не стигнала кривичната пријава од МВР против хирург од здравствената установа кој се сомничи дека без дозвола користел податоци од пациенти и креирал невистинити медициски извештаи, а во координација со уште двајца осомничени земале обесштетување од осигурителна компанија.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“, против А.Н.М.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“, „поднесување лажни докази“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“ и против А.Љ.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“.

Првопријавениот, во својство на лекар и раководител на Одделението за Трауматологија – Хирургија во Клинички центар Тетово, без согласност и знаење ги искористил личните податоци на шест пациенти и креирал медицински извештаи на име на лекари вработени во клиничкиот центар без одобрување и злоупотребувајќи ги нивните факсимили и системот мој термин, како и преку координирање и издавање на медицински извештаи со невистинита содржина.

Ваквите извештаи, во посредство на третопријавениот А.Љ. биле доставени до второпријавената А.Н.М., која во својство на адвокат противправно изготвила полномошна на пациентите на кои тие не се потпишале и заедно со друга документација ги доставила до осигурителна компанија, врз основа на што на име обештетување на нематеријална оштета биле исплатени парични средства на жиро сметките на лицата во износ од 297.000 денари

Од болницата велат дека докторот оди на работа бидејќи не добиле засега никакви насоки од надлежни институции. Ова дело се случувало пред 2 години, а биле оштетени 6 лица кои имале медицински третман во болницата. Министерот за здравство е запознаен со случајот.

Во Тетово актуелен е сега случај со злоупотреба на податоци на пациенти. Случајот сега е во обвинителството. Ние ги охрабруваме сите во правниот систем да постапат онака како што налагаат законите, а ние 24/7 им стоиме на располагање како министерство за се што им треба – вели Фатмир Меџити, министер за здравство.

The post Нов скандал во тетовската болница: Лекар ги злоупотребил податоците на пациентите за финансиска корист appeared first on Република.

]]>

Ново скандалозно однесување на вработен во тетовската болница. По тик-токерот анестезиолог, сега хирург се сомничи за злоупотреба на податоците на пациенти за остварување финансиска корист. Во Обвинителство сѐ уште не стигнала кривичната пријава од МВР против хирург од здравствената установа кој се сомничи дека без дозвола користел податоци од пациенти и креирал невистинити медициски извештаи, а во координација со уште двајца осомничени земале обесштетување од осигурителна компанија. СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“, против А.Н.М.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“, „поднесување лажни докази“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“ и против А.Љ.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“. Првопријавениот, во својство на лекар и раководител на Одделението за Трауматологија – Хирургија во Клинички центар Тетово, без согласност и знаење ги искористил личните податоци на шест пациенти и креирал медицински извештаи на име на лекари вработени во клиничкиот центар без одобрување и злоупотребувајќи ги нивните факсимили и системот мој термин, како и преку координирање и издавање на медицински извештаи со невистинита содржина. Ваквите извештаи, во посредство на третопријавениот А.Љ. биле доставени до второпријавената А.Н.М., која во својство на адвокат противправно изготвила полномошна на пациентите на кои тие не се потпишале и заедно со друга документација ги доставила до осигурителна компанија, врз основа на што на име обештетување на нематеријална оштета биле исплатени парични средства на жиро сметките на лицата во износ од 297.000 денари Од болницата велат дека докторот оди на работа бидејќи не добиле засега никакви насоки од надлежни институции. Ова дело се случувало пред 2 години, а биле оштетени 6 лица кои имале медицински третман во болницата. Министерот за здравство е запознаен со случајот.
Во Тетово актуелен е сега случај со злоупотреба на податоци на пациенти. Случајот сега е во обвинителството. Ние ги охрабруваме сите во правниот систем да постапат онака како што налагаат законите, а ние 24/7 им стоиме на располагање како министерство за се што им треба – вели Фатмир Меџити, министер за здравство.

The post Нов скандал во тетовската болница: Лекар ги злоупотребил податоците на пациентите за финансиска корист appeared first on Република.

]]>
Осум средношколци волонтери го реновираа Детското одделение во тетовската болница https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/osum-srednoshkoltsi-volonteri-go-renoviraa-detskoto-oddelenie-vo-tetovskata-bolnitsa/ Tue, 09 May 2023 11:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=638771

Осум средношколци од Тетово волонтери во Проект за хумани вредности при Црвен крст го реновираа Детското одделение во тетовската болница.

Тие направија повеќе активности како кино-вечер, работилници и слично, а со собраните средства уредија повеќе простории во Детското одделение.

- Направено е бојадисување на три соби во Детското одделение, ходниците, соба за чекање, амбуланта и соба за ЕХО. Потоа на ѕидовите ставија постери и стикери со ликови од цртани филмови, обезбедени се нови постелнини за креветите и купени се два инхалатори, информираше денеска Ливета Арслани, наставничка и десиминатор во проектот.

Оваа група од осум ученици се од економското и медицинското училиште.

- Јас како наставничка понекогаш ја губам верата дека има хуманост кај учениците, но тоа што гледам денес со оваа група, со овие деца мислам дека има убави нешта кај нив, хуманизмот е на високо ниво кај нив. Не работеа за пари, сите се активисти, нивното задоволство се убавите зборови што ги добиваат. Оваа група се одлучи нивниот проект да биде фокусиран тука ради децата, ради тоа што лошо изгледаше ова одделение и да направат промени, рече Ливета Арслани.

Во општинската организација на Црвен крст Тетово, како волонтери на проекти за хумани вредности кои помагаат на заедницата се вклучени 30 ученици од средните училишта поделени во повеќе групи. Во саботата една од групите почна акција за собирање на средства за помош на повеќечлено семејство со социјален ризик од Сиричино.

The post Осум средношколци волонтери го реновираа Детското одделение во тетовската болница appeared first on Република.

Бљерим Османи: Задачите што ги добиваме од нашиот лидер Али Ахмети се привилегија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/blerim-osmani-zadachite-shto-gi-dobivame-od-nashiot-lider-ali-ahmeti-se-privilegija/ Thu, 20 Apr 2023 20:45:12 +0000 https://republika.mk/?p=632616

Бљерим Османи е именуван за нов организациски директор на Клиничката болница во Тетово, откако министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши досегашниот организациски директор Арменд Фазљиу по случувањата со анестезиологот Ваљтон Дервиши, пренесува ТВ21.

Османи за неговото именување соопшти на својот Фејсбук профил, и порача дека со работа и посветеност ќе го даде најдоброто од себе.

На оваа средба во братски дух од Арменд бев информиран за досегашниот тек на работата, функционирањето, обврските и проектите во иднина. Честитав поради покажаната подготвеност и дадениот придонес. Им благодарам на сите кои не поддржаа периодов – семејството, пријателите, колегите, сопартијците. Задачите што ги добиваме од нашиот лидер Али Ахмети се привилегија, но во исто време и одговорност и не обврзуваат да бидеме уште попосветени и достоинствено да ги реализираме!, напиша Османи.

Инаку, на предлог од Обвинителството од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово на 16 април годинава определена е мерка притвор  во траење од осум дена за 43-годишниот лекар – анестезиолог од тетовско Одри кој на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик.

The post Бљерим Османи: Задачите што ги добиваме од нашиот лидер Али Ахмети се привилегија appeared first on Република.

]]>

Бљерим Османи е именуван за нов организациски директор на Клиничката болница во Тетово, откако министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши досегашниот организациски директор Арменд Фазљиу по случувањата со анестезиологот Ваљтон Дервиши, пренесува ТВ21. Османи за неговото именување соопшти на својот Фејсбук профил, и порача дека со работа и посветеност ќе го даде најдоброто од себе.
На оваа средба во братски дух од Арменд бев информиран за досегашниот тек на работата, функционирањето, обврските и проектите во иднина. Честитав поради покажаната подготвеност и дадениот придонес. Им благодарам на сите кои не поддржаа периодов – семејството, пријателите, колегите, сопартијците. Задачите што ги добиваме од нашиот лидер Али Ахмети се привилегија, но во исто време и одговорност и не обврзуваат да бидеме уште попосветени и достоинствено да ги реализираме!, напиша Османи.
Инаку, на предлог од Обвинителството од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово на 16 април годинава определена е мерка притвор  во траење од осум дена за 43-годишниот лекар – анестезиолог од тетовско Одри кој на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик.

The post Бљерим Османи: Задачите што ги добиваме од нашиот лидер Али Ахмети се привилегија appeared first on Република.

]]>
Осумдневен притвор за анестезиологoт од тетовската болница кој објавуваше видеа со пациенти на „Тик ток“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/osumdneven-pritvor-za-anesteziologot-od-tetovskata-bolnitsa-koj-objavuvashe-videa-so-patsienti-na-tik-tok/ Sun, 16 Apr 2023 14:11:22 +0000 https://republika.mk/?p=631255

На предлог од Обвинителството од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово определена е мерка притвор во траење од осум дена за 43-годишниот лекар - анестезиолог од тетовско Одри кој на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал.

До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик.

На 15 април 2023 година судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово на В.Д.(43) од тетовско Одри му определил мерка притвор од осум дена и ќе биде спроведен во КПУ Затвор „Скопје“ за издржување на притворот, информираше СВР Тетово.

Непосредно пред да биде лишен од слобода В.Д. од полициските службеници на СВР Тетово, случајот го пријавил 49-годишниот директор на болницата.

The post Осумдневен притвор за анестезиологoт од тетовската болница кој објавуваше видеа со пациенти на „Тик ток“ appeared first on Република.

]]>

На предлог од Обвинителството од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово определена е мерка притвор во траење од осум дена за 43-годишниот лекар - анестезиолог од тетовско Одри кој на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик.
На 15 април 2023 година судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово на В.Д.(43) од тетовско Одри му определил мерка притвор од осум дена и ќе биде спроведен во КПУ Затвор „Скопје“ за издржување на притворот, информираше СВР Тетово.
Непосредно пред да биде лишен од слобода В.Д. од полициските службеници на СВР Тетово, случајот го пријавил 49-годишниот директор на болницата.

The post Осумдневен притвор за анестезиологoт од тетовската болница кој објавуваше видеа со пациенти на „Тик ток“ appeared first on Република.

]]>
Mинистерот побара одземање на лиценцата на тетовскиот анестезиолог, засега е суспендиран од работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-pobara-odzemane-na-litsentsata-na-tetovskiot-anesteziolog-zasega-e-suspendiran-od-rabota/ Sat, 15 Apr 2023 14:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=631051

Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме сè за во иднина да не ни се случи вакво нешто, порача министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната прес-конференција заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Плумб Вела, на која дадоа повеќе детали за настанок од синоќа кога доктор анестезиолог од Тетовската болница снимал пациенти и доктори, а снимката потоа бил објавена на социјалната мрежа „тик-ток“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skandalozno-video-anesteziolog-vo-tetovskata-bolnitsa-snimal-patsientki-i-gi-objavuval-na-tik-tok/

Ми се јави на телефон и началникот на СВР Тетово и ми кажа дека здравствениот работник е приведен и ние понатаму се ќе направиме вакви случаи да не се случат во иднина. Во координација сме со многу други институции и со лекарската комора и јас барав веднаш да му се прекине работниот однос и да се одземе лиценцата за работа на овој доктор, изјави министерот Меџити.

Директорот на Клиничка болница, Вела исто така изрази жалење за настанот и појасни дека лично го пријавил случајот во полиција откако разбрал за објавената снимка.

Тоа се случило на одделението за киретажа каде тој работел како анестезиолог. Додека вчера јас бев во Скопје видеото ми го прати еден новинар. Штом го видов видеото веднаш дојдов во Тетово и јас лично, како директор на болницата, случајот го пријавив во полицијата, бидејќи станува збор за сериозна работа. За случајот бевме во постојана комуникација со Министерството и министерот, кажа Вела.

The post Mинистерот побара одземање на лиценцата на тетовскиот анестезиолог, засега е суспендиран од работа appeared first on Република.

]]>

Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме сè за во иднина да не ни се случи вакво нешто, порача министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната прес-конференција заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Плумб Вела, на која дадоа повеќе детали за настанок од синоќа кога доктор анестезиолог од Тетовската болница снимал пациенти и доктори, а снимката потоа бил објавена на социјалната мрежа „тик-ток“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skandalozno-video-anesteziolog-vo-tetovskata-bolnitsa-snimal-patsientki-i-gi-objavuval-na-tik-tok/
Ми се јави на телефон и началникот на СВР Тетово и ми кажа дека здравствениот работник е приведен и ние понатаму се ќе направиме вакви случаи да не се случат во иднина. Во координација сме со многу други институции и со лекарската комора и јас барав веднаш да му се прекине работниот однос и да се одземе лиценцата за работа на овој доктор, изјави министерот Меџити.
Директорот на Клиничка болница, Вела исто така изрази жалење за настанот и појасни дека лично го пријавил случајот во полиција откако разбрал за објавената снимка.
Тоа се случило на одделението за киретажа каде тој работел како анестезиолог. Додека вчера јас бев во Скопје видеото ми го прати еден новинар. Штом го видов видеото веднаш дојдов во Тетово и јас лично, како директор на болницата, случајот го пријавив во полицијата, бидејќи станува збор за сериозна работа. За случајот бевме во постојана комуникација со Министерството и министерот, кажа Вела.
 
The post Mинистерот побара одземање на лиценцата на тетовскиот анестезиолог, засега е суспендиран од работа appeared first on Република.

]]>
Чекавме еден час, никој не излезе да ни помогне вели семејството на човекот кој почина чекајќи во тетовската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chekavme-eden-chas-nikoj-ne-izleze-da-ni-pomogne-veli-semejstvoto-na-chovekot-koj-pochina-chekajki-vo-tetovskata-bolnitsa/ Sat, 01 Apr 2023 08:44:53 +0000 https://republika.mk/?p=626010

Семејство од Тетово обвини дека нивен член вчера навечер починал во тетовската болница, затоа што не добил помош од лекарите, објави вчерaвeчер порталот на албански јазик Тетовасот. Станува збор за шеесет годишен маж од Пирок, за кого од семејството изјавиле дека починал околу 19 часот.

Доле чекавме еден час, побаравме помош, никој не излезе да ни помогне. Членот на семејството пред еден час падна во кома, чекавме долу, ниту еден лекар не излезе да ни помогне, по некое време тој почина поради доцнењето на лекарите од над половина час, изјави еден од членовите на семејството, за Тетовасот.

Директорот на тетовската болница, Плумб Вела, за МИА информираше дека вчера навечер по дознавање за случајот заминал во установата за да утврди што се случило.

Ќе се преземат мерки и ќе се формира комисија која ќе утврдува дали има вина кај лекарите за смртта на 60-годишникот, изјави директорот Плумб Вела.

Директорот Вела е нов раководител на Клиничка болница, а на таа функција е само неколку дена односно од 28 март.

The post Чекавме еден час, никој не излезе да ни помогне вели семејството на човекот кој почина чекајќи во тетовската болница appeared first on Република.

Никој од надлежните не ја контактирал Дона која во 2021 остана без матка по пекол минат во тетовската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoj-od-nadlezhnite-ne-ja-kontaktiral-dona-koja-vo-2021-ostana-bez-matka-po-pekol-minat-vo-tetovskata-bolnitsa/ Tue, 14 Mar 2023 18:03:49 +0000 https://republika.mk/?p=619668

Родилка раѓајќи го својот син на тетовска гинекологија, остана без матка, потсетуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека за овој хорор кој таа го поминала во Клиничката болница Тетово на гинекологија, од 2021г до денес никој од институциите не ја контактирал.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/povrakjashe-fekalii-a-ja-lekuvale-samo-so-chaj-i-topla-voda-rodilkata-od-tetovo-za-golgotata-vo-tetovskata-bolnica/

Нема исход од извештајот од стручниот надзор, а нема ниту корективни мерки како резултат на истиот.

Каде се гласноговорниците на оваа Влада кои од уста не ги извадија женските права да се заинтересираат за овој случај?

Како постапи Министерството за здравство, Лекарска комора и ДСЗИ?

Постои ли Комитет за безбедно мајчинство и кои конкретни активности ги презема за овој случај?

Колку надзори се иницирани во последниве три години и во која фаза се извештаите од истите?

Кои корективни мерки се преземени во последните 3 години, во кои установи и зошто јавноста нема увид во истите?, прашуваат оттаму.

Од Комисијата потсетуваат дека неодамна во болницата во Прилеп почина жена по рутинска интервенција за која, како што велат, исто така нема стручен надзор и не се преземаат мерки за надминување на аномалиите.

На овој начин преку системско непреземање мерки, штетата е на грбот на пациентите и целиот здравствен систем и за ова веднаш е потребно преземање колективна одговорност, велат од Комсиијата.

The post Никој од надлежните не ја контактирал Дона која во 2021 остана без матка по пекол минат во тетовската болница appeared first on Република.

]]>

Родилка раѓајќи го својот син на тетовска гинекологија, остана без матка, потсетуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека за овој хорор кој таа го поминала во Клиничката болница Тетово на гинекологија, од 2021г до денес никој од институциите не ја контактирал. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/povrakjashe-fekalii-a-ja-lekuvale-samo-so-chaj-i-topla-voda-rodilkata-od-tetovo-za-golgotata-vo-tetovskata-bolnica/
Нема исход од извештајот од стручниот надзор, а нема ниту корективни мерки како резултат на истиот. Каде се гласноговорниците на оваа Влада кои од уста не ги извадија женските права да се заинтересираат за овој случај? Како постапи Министерството за здравство, Лекарска комора и ДСЗИ? Постои ли Комитет за безбедно мајчинство и кои конкретни активности ги презема за овој случај? Колку надзори се иницирани во последниве три години и во која фаза се извештаите од истите? Кои корективни мерки се преземени во последните 3 години, во кои установи и зошто јавноста нема увид во истите?, прашуваат оттаму.
Од Комисијата потсетуваат дека неодамна во болницата во Прилеп почина жена по рутинска интервенција за која, како што велат, исто така нема стручен надзор и не се преземаат мерки за надминување на аномалиите. На овој начин преку системско непреземање мерки, штетата е на грбот на пациентите и целиот здравствен систем и за ова веднаш е потребно преземање колективна одговорност, велат од Комсиијата.

The post Никој од надлежните не ја контактирал Дона која во 2021 остана без матка по пекол минат во тетовската болница appeared first on Република.

]]>
Maж почина пред тетовската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-pochina-pred-tetovskata-bolnitsa/ Thu, 09 Mar 2023 11:27:50 +0000 https://republika.mk/?p=617668

Вчера во 9 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовската Клиничка болница, пред едно од одделенијата, починал 74- годишниот К.И. од тетовски Пирок.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот предадено е на семејството.

The post Maж почина пред тетовската болница appeared first on Република.

]]>

Вчера во 9 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовската Клиничка болница, пред едно од одделенијата, починал 74- годишниот К.И. од тетовски Пирок. Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот предадено е на семејството.

The post Maж почина пред тетовската болница appeared first on Република.

]]>
Продолжува судењето за тетовската модуларна болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prodolzhuva-sudeneto-za-tetovskata-modularna-bolnitsa/ Mon, 16 Jan 2023 08:05:07 +0000 https://republika.mk/?p=597290

Денеска во 10 часот продолжува судењето за обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември 2021, кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени. На последното рочиште на 27 декември 2022 претставниците на Основното јавно обвинителство Тетово ги презентираа насловите од писмените докази кои се доставени со обвинителниот акт до Судот, а денеска предвидено е да има вербални докази од сведоци кои се на предлог на обвинителите.

Судењето почна пред три недели, на 7 декември, откако од септември па се до тој месец, почетокот на судскиот процес беше одложуван.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице, на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

До судење дојде откако на 27 јули 2022 година Обвинителството поднесе обвинителен предмет до Основниот суд – Тетово. Обвинителството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, електроинженер и експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција на Германија.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој биле приклучени дефибрилатор – апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

The post Продолжува судењето за тетовската модуларна болница appeared first on Република.

]]>

Денеска во 10 часот продолжува судењето за обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември 2021, кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени. На последното рочиште на 27 декември 2022 претставниците на Основното јавно обвинителство Тетово ги презентираа насловите од писмените докази кои се доставени со обвинителниот акт до Судот, а денеска предвидено е да има вербални докази од сведоци кои се на предлог на обвинителите. Судењето почна пред три недели, на 7 декември, откако од септември па се до тој месец, почетокот на судскиот процес беше одложуван. Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице, на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат. До судење дојде откако на 27 јули 2022 година Обвинителството поднесе обвинителен предмет до Основниот суд – Тетово. Обвинителството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, електроинженер и експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција на Германија. Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој биле приклучени дефибрилатор – апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.  

The post Продолжува судењето за тетовската модуларна болница appeared first on Република.

]]>
„Влезе мајка со двегодишно дете и запали“: Во Тетово се пуши насекаде, па и во болницата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vleze-majka-so-dvegodishno-dete-i-zapali-vo-tetovo-se-pushi-nasekade-pa-i-vo-bolnicata/ Sat, 24 Dec 2022 08:01:53 +0000 https://republika.mk/?p=589395

Во Тетово секаде се пушат цигари и не се почитува Законот за заштита од пушење. Непушачите се гушат од чадот на цигарите насекаде низ градот, од угостителски објекти, па сè до здравствени установи. За ваквата состојба, но и за значителните негативни ефекти и последици што ги има пушењето и загадувањето од пушење цигари, во разговор за МИА, алармира специјалистот по здравствена екологија и хигиена д-р Ратко Давидовски од тетовскиот Центар за јавно здравје.

Постојано сум очевидец јас лично во угостителски објекти, а токму пред некој видов драстичен пример што ја отсликува состојбата. Жена со дете на отприлика две-три години дојде и влезе во делот за непушачи, но запали цигари. Иако ги опоменав во објектот ништо не се случи, иако локалот има и дел за пушење и дел за непушачи. Не се почитува Законот за заштита од пушење, особено последниве четири-пет години откако се направија некои популистички ретроградни мерки во однос на Законот за заштита од пушењето. Така што постојано сме сведоци дека во Тетово нема каде не се пуши, од угостителски објект, па сè до здравствени установи, изјави д-р Давидовски.

Тој смета дека Законот за заштита од пушењето од 2013 година на меѓународно ниво добивал пофалби во однос на тоа како државата се справува и како се спроведува. Сега, вели, законот како да не постои, особено во Тетово. Според него, главен проблем е што самото население не е совесно и не ја почитува насоката дека Законот е создаден да ги заштити тие што не пушат, а не дека има забрана за пушење.

Сведоци сме дека не се почитува Законот за заштита од пушењето, иако инспекциските органи си ја вршат својата работа. Не можам да кажам дека не ја вршат, меѓутоа има едно големо непочитување помеѓу населението. Кај угостителските објекти, профитот е главниот интерес, сопствениците не се заинтересирани премногу самите да го имплементираат тој Закон. За оваа област работам со децении, со оглед дека кога се донесе првпат ваков Закон во 1995 година, како инспектор сум бил задолжен за надзор на спроведувањето. Со голема страст пристапив кон тоа нешто, меѓутоа како врвеа годините тврдам дека се „разводнуваше” Законот, така што сега имаме една ретроградност, каде што де јуре имаме Закон, а де факто во пракса не се спроведува, посочува Давидовски.

Тој потсетува дека негативните ефекти и последиците по здравјето се огромни. Од цигарите нема никаква придобивка, туку само зависност која се јавува кај луѓето.

Давидовски укажува дека тутунот содржи 7.000 хемикалии, од кои докажано е дека 70 се канцерогени, како и дека никотинот не е канцероген, туку е отровен. Тој дава пример со тоа што вели дека една капка никотин може да убие куче.

Непушачите кога влегуваат во затворена просторија каде се пуши стануваат пасивни пушачи, што е и многу полошо, затоа што оние што пушат го имаат филтерот од цигарите, а непушачите го вдишуваат чадот без филтер. Ефектите по здравјето се страотни. Тука нема орган што не е нападнат од чадот од цигарите. Поради тие 70 канцерогени материи почнуваат проблемите – од обичен раздразнувачки ринит, па бронхит и до најголемата последица – карцином на белите дробови. Во пораст е во последно време, особено тука во Македонија. Го напаѓа кардиоваскуларниот систем, предизвикува мозочен удар, оштетување на кожата, предвремено стареење на кожата, така што нема бенефит. Има само зависност што претставува најнегативно нешто, има биолошка основа зависност од тутун, вели докторот.

Воедно потсетува дека од негативните ефекти од употреба на тутун е тоа што доведува до стерилитет, а и исто така дека доведува до забавување на развојот кај децата.

Тие, децата, се вунерабилни и многу се чувствителни. Луменот (отворот) на дишните патишта им е многу помал и полесно може да има иритација, инфламација, а со хронична инфламација хронично воспаление на белите дробови и крајно карцином на белите дробови. Често се зборува за загадување на воздухот со ПМ10, ПМ2,5 и тука поради пушењето мора да споменеме дека го имаме и внатрешното загадување на воздухот. На прво место од внатрешно загадување е чадот од цигарите, вели Давидовски.

Во Одделението за инспекциски надзор во Тетово при Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) побаравме податоци колку во текот на 2022 година од нивна страна се извршени контроли за да се открие дали се почитува Законот за заштита од пушењето, но доставија само периодични податоци за изминатите два и пол месеци.

Ве информираме дека за периодот од 1.10.2022 година до 9.12.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат – Одделение Тетово, според Законот за заштита од пушењето се извршени вкупно 23 инспекциски надзори, издадени вкупно една опомена кај еден субјект и шест прекршочни платни налози со вкупна вредност од 4.300 евра, се наведува во одговорот од ДПИ – Одделение Тетово.

Според прекршочните одредби од Законот за заштита од пушењето и член 9. глоба во износ од 2.000 до 4.500 евра во денарска противвредност е предвидена за прекршок на правно лице ако постапи спротивно на членовите 3, 4, 5, 5-а, 6 и 7 од овој Закон, додека за прекршокот од ставот 1 на овој член на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност. Член 10 определува глоба во износ од 150 до 300 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице ако пуши во просторија каде што е забрането пушењето (член 2). За прекршокот од ставот 1 на овој член глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице и на самото место на прекршокот.

The post „Влезе мајка со двегодишно дете и запали“: Во Тетово се пуши насекаде, па и во болницата appeared first on Република.

]]>

Во Тетово секаде се пушат цигари и не се почитува Законот за заштита од пушење. Непушачите се гушат од чадот на цигарите насекаде низ градот, од угостителски објекти, па сè до здравствени установи. За ваквата состојба, но и за значителните негативни ефекти и последици што ги има пушењето и загадувањето од пушење цигари, во разговор за МИА, алармира специјалистот по здравствена екологија и хигиена д-р Ратко Давидовски од тетовскиот Центар за јавно здравје.
Постојано сум очевидец јас лично во угостителски објекти, а токму пред некој видов драстичен пример што ја отсликува состојбата. Жена со дете на отприлика две-три години дојде и влезе во делот за непушачи, но запали цигари. Иако ги опоменав во објектот ништо не се случи, иако локалот има и дел за пушење и дел за непушачи. Не се почитува Законот за заштита од пушење, особено последниве четири-пет години откако се направија некои популистички ретроградни мерки во однос на Законот за заштита од пушењето. Така што постојано сме сведоци дека во Тетово нема каде не се пуши, од угостителски објект, па сè до здравствени установи, изјави д-р Давидовски.
Тој смета дека Законот за заштита од пушењето од 2013 година на меѓународно ниво добивал пофалби во однос на тоа како државата се справува и како се спроведува. Сега, вели, законот како да не постои, особено во Тетово. Според него, главен проблем е што самото население не е совесно и не ја почитува насоката дека Законот е создаден да ги заштити тие што не пушат, а не дека има забрана за пушење.
Сведоци сме дека не се почитува Законот за заштита од пушењето, иако инспекциските органи си ја вршат својата работа. Не можам да кажам дека не ја вршат, меѓутоа има едно големо непочитување помеѓу населението. Кај угостителските објекти, профитот е главниот интерес, сопствениците не се заинтересирани премногу самите да го имплементираат тој Закон. За оваа област работам со децении, со оглед дека кога се донесе првпат ваков Закон во 1995 година, како инспектор сум бил задолжен за надзор на спроведувањето. Со голема страст пристапив кон тоа нешто, меѓутоа како врвеа годините тврдам дека се „разводнуваше” Законот, така што сега имаме една ретроградност, каде што де јуре имаме Закон, а де факто во пракса не се спроведува, посочува Давидовски.
Тој потсетува дека негативните ефекти и последиците по здравјето се огромни. Од цигарите нема никаква придобивка, туку само зависност која се јавува кај луѓето. Давидовски укажува дека тутунот содржи 7.000 хемикалии, од кои докажано е дека 70 се канцерогени, како и дека никотинот не е канцероген, туку е отровен. Тој дава пример со тоа што вели дека една капка никотин може да убие куче.
Непушачите кога влегуваат во затворена просторија каде се пуши стануваат пасивни пушачи, што е и многу полошо, затоа што оние што пушат го имаат филтерот од цигарите, а непушачите го вдишуваат чадот без филтер. Ефектите по здравјето се страотни. Тука нема орган што не е нападнат од чадот од цигарите. Поради тие 70 канцерогени материи почнуваат проблемите – од обичен раздразнувачки ринит, па бронхит и до најголемата последица – карцином на белите дробови. Во пораст е во последно време, особено тука во Македонија. Го напаѓа кардиоваскуларниот систем, предизвикува мозочен удар, оштетување на кожата, предвремено стареење на кожата, така што нема бенефит. Има само зависност што претставува најнегативно нешто, има биолошка основа зависност од тутун, вели докторот.
Воедно потсетува дека од негативните ефекти од употреба на тутун е тоа што доведува до стерилитет, а и исто така дека доведува до забавување на развојот кај децата.
Тие, децата, се вунерабилни и многу се чувствителни. Луменот (отворот) на дишните патишта им е многу помал и полесно може да има иритација, инфламација, а со хронична инфламација хронично воспаление на белите дробови и крајно карцином на белите дробови. Често се зборува за загадување на воздухот со ПМ10, ПМ2,5 и тука поради пушењето мора да споменеме дека го имаме и внатрешното загадување на воздухот. На прво место од внатрешно загадување е чадот од цигарите, вели Давидовски.
Во Одделението за инспекциски надзор во Тетово при Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) побаравме податоци колку во текот на 2022 година од нивна страна се извршени контроли за да се открие дали се почитува Законот за заштита од пушењето, но доставија само периодични податоци за изминатите два и пол месеци.
Ве информираме дека за периодот од 1.10.2022 година до 9.12.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат – Одделение Тетово, според Законот за заштита од пушењето се извршени вкупно 23 инспекциски надзори, издадени вкупно една опомена кај еден субјект и шест прекршочни платни налози со вкупна вредност од 4.300 евра, се наведува во одговорот од ДПИ – Одделение Тетово.
Според прекршочните одредби од Законот за заштита од пушењето и член 9. глоба во износ од 2.000 до 4.500 евра во денарска противвредност е предвидена за прекршок на правно лице ако постапи спротивно на членовите 3, 4, 5, 5-а, 6 и 7 од овој Закон, додека за прекршокот од ставот 1 на овој член на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност. Член 10 определува глоба во износ од 150 до 300 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице ако пуши во просторија каде што е забрането пушењето (член 2). За прекршокот од ставот 1 на овој член глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице и на самото место на прекршокот.

The post „Влезе мајка со двегодишно дете и запали“: Во Тетово се пуши насекаде, па и во болницата appeared first on Република.

]]>
Масовна поддршка за д-р Вучевски, еден од обвинетите за пожарот во тетовската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/masovna-poddrshka-za-d-r-vuchevski-eden-od-obvinetite-za-pozarot-vo-tetovskata-bolnica/ Fri, 09 Sep 2022 21:40:17 +0000 https://republika.mk/?p=549303

Доктор Бобан Вучевски од Клиничката болница во Тетово, еден од обвинетите за пожарот во тетовската болница секојдневно добива поддршка од сите страни.

Јавни пораки и благодарности за др. Вучевски. И овде нема разлика во јазик, вера или религија. Овде се работи за искрена, несебична, но и заслужена поддршка, пишува Дафина Стојаноска.

Иако партиска личност, ќе ризикувам да бидам и погрешно разбрана, но оној ден кога ќе сфатиме дека нема место за политика во здравството (освен место за стратегија, креирана и спроведувана од експерти), тогаш и ќе можеме да се пофалиме дека сме се надминале себеси и сите околу нас. Дотогаш, ќе се молиме на Бога и ќе се лажеме дека здравјето е најважно, знаејќи дека ни треба „пријател“ и за вадење на лекарско уверение за возачка дозвола.

Мојата поддршка за д-р. Бобан Вучевски ја давам, меѓу останатото, и заради моето случајно запознавање со него во една приватна дружба, каде, незнаејќи кој е, ми остави впечаток за многу, ама многу, напреден, успешен и паметен млад човек.

На неколку наврати на шала имам кажано дека во оваа денешна неправда и апсурдно „водење“ на држава, можеби е и знак – кога оваа криминална власт ве гони, дека вие сте правичните, затоа што власта ни е криминална. За жал, мора да ги издржиме и ќе ги издржиме, ама и ќе им вратиме, но со правда – вистинска, а не кукавичка, криминална и криминализирана.

Издржете, д-р. Вучевски. Со ваква јавна поддршка од вашите сограѓани Вие веќе сте без обвинение.

The post Масовна поддршка за д-р Вучевски, еден од обвинетите за пожарот во тетовската болница appeared first on Република.

]]>

Доктор Бобан Вучевски од Клиничката болница во Тетово, еден од обвинетите за пожарот во тетовската болница секојдневно добива поддршка од сите страни. Јавни пораки и благодарности за др. Вучевски. И овде нема разлика во јазик, вера или религија. Овде се работи за искрена, несебична, но и заслужена поддршка, пишува Дафина Стојаноска.
Иако партиска личност, ќе ризикувам да бидам и погрешно разбрана, но оној ден кога ќе сфатиме дека нема место за политика во здравството (освен место за стратегија, креирана и спроведувана од експерти), тогаш и ќе можеме да се пофалиме дека сме се надминале себеси и сите околу нас. Дотогаш, ќе се молиме на Бога и ќе се лажеме дека здравјето е најважно, знаејќи дека ни треба „пријател“ и за вадење на лекарско уверение за возачка дозвола.   Мојата поддршка за д-р. Бобан Вучевски ја давам, меѓу останатото, и заради моето случајно запознавање со него во една приватна дружба, каде, незнаејќи кој е, ми остави впечаток за многу, ама многу, напреден, успешен и паметен млад човек.
На неколку наврати на шала имам кажано дека во оваа денешна неправда и апсурдно „водење“ на држава, можеби е и знак – кога оваа криминална власт ве гони, дека вие сте правичните, затоа што власта ни е криминална. За жал, мора да ги издржиме и ќе ги издржиме, ама и ќе им вратиме, но со правда – вистинска, а не кукавичка, криминална и криминализирана.   Издржете, д-р. Вучевски. Со ваква јавна поддршка од вашите сограѓани Вие веќе сте без обвинение.  

The post Масовна поддршка за д-р Вучевски, еден од обвинетите за пожарот во тетовската болница appeared first on Република.

]]>
Ни Заев, ни Филипче, ни ДУИ, ни Анѓушев – одговорноста за трагедијата, како и секогаш, оди кај друг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ni-zaev-ni-filipche-ni-dui-ni-angjushev-odgovornosta-za-tragedijata-kako-i-sekogash-odi-kaj-drug/ Thu, 08 Sep 2022 08:54:02 +0000 https://republika.mk/?p=548574

Денеска се навршува една година од пожарот во модуларната болница во Тетово во која животите ги загубија 14 луѓе, кои таму беа на болничко лекување поради дијагностициран КОВИД-19. Пожарот избувна на 8 септември 2021 година околу 21 часот во монтажниот објект од модуларна болница.

По пожарот беа констатирани 14 смртни случаи, додека 12 пациенти го преживеаа пожарот и беа хоспитализирани уште неколку денови во други објекти на болницата. Советот на Општина Тетово на вонредна седница прогласи три дена жалост во градот, од 9 до 11 септември.

Откако беше направен увид на местото на пожарот Основното Јавно Обвинителство Тетово направи и повеќе вештачења за да се утврдат околностите поради кои е дојдено во пожарот. Стручни анализи беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, од стручно лице – електроинжинер како и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

Истрагата, прибирањето на докази и поднесувањето на обвинителен предлог до Основен суд Тетово траеја до 27 јули 2022 година. Обвинителството поднесе кривични пријави за двајцата директори на болницата, еден доктор и ЈЗУ Клиничка болница како правно лице.

https://republika.mk/vesti/makedonija/poddrshka-od-tetovci-za-doktor-bobani-gradot-e-so-tebe-skopski/

Судот на 16 август сооопшти за кои дела се осомничени двајцата директори, докторот како и Клиничката болница.

Двајцата првообвинети, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми се товарат дека сториле по едно кривично дело – Тешки дела против општата сигурност, третиот обвинет докторот Бобан Вучевски дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, додека обвинетото правно лице за двете кривични дела – Предизвикување општа опасност и Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопшти судот на 16 август.

На 6 септември годинава судијата Јордан Велковски го закажа првото рочиште, кое веднаш беше одложени за 14 октомври поради отсуство на двајца од обвинетите.

The post Ни Заев, ни Филипче, ни ДУИ, ни Анѓушев – одговорноста за трагедијата, како и секогаш, оди кај друг appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршува една година од пожарот во модуларната болница во Тетово во која животите ги загубија 14 луѓе, кои таму беа на болничко лекување поради дијагностициран КОВИД-19. Пожарот избувна на 8 септември 2021 година околу 21 часот во монтажниот објект од модуларна болница. По пожарот беа констатирани 14 смртни случаи, додека 12 пациенти го преживеаа пожарот и беа хоспитализирани уште неколку денови во други објекти на болницата. Советот на Општина Тетово на вонредна седница прогласи три дена жалост во градот, од 9 до 11 септември. Откако беше направен увид на местото на пожарот Основното Јавно Обвинителство Тетово направи и повеќе вештачења за да се утврдат околностите поради кои е дојдено во пожарот. Стручни анализи беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, од стручно лице – електроинжинер како и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија. Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред. Истрагата, прибирањето на докази и поднесувањето на обвинителен предлог до Основен суд Тетово траеја до 27 јули 2022 година. Обвинителството поднесе кривични пријави за двајцата директори на болницата, еден доктор и ЈЗУ Клиничка болница како правно лице. https://republika.mk/vesti/makedonija/poddrshka-od-tetovci-za-doktor-bobani-gradot-e-so-tebe-skopski/ Судот на 16 август сооопшти за кои дела се осомничени двајцата директори, докторот како и Клиничката болница.
Двајцата првообвинети, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми се товарат дека сториле по едно кривично дело – Тешки дела против општата сигурност, третиот обвинет докторот Бобан Вучевски дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, додека обвинетото правно лице за двете кривични дела – Предизвикување општа опасност и Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопшти судот на 16 август.
На 6 септември годинава судијата Јордан Велковски го закажа првото рочиште, кое веднаш беше одложени за 14 октомври поради отсуство на двајца од обвинетите.

The post Ни Заев, ни Филипче, ни ДУИ, ни Анѓушев – одговорноста за трагедијата, како и секогаш, оди кај друг appeared first on Република.

]]>
Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osnoven-sud-tetovo-soopshti-deka-predmetot-za-modularnata-bolnica-e-raspredelen-kaj-sudija/ Tue, 16 Aug 2022 17:25:58 +0000 https://republika.mk/?p=541043

Основниот суд во Тетово денеска соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија, кој во наредниот период по разгледување на обвинителниот предлог треба да ја закаже главната расправа. Предметот е распределен согласно Информациски систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС).

-Предметот поврзан со модуларната болница во Тетово по поднесен обвинителен предлог од страна на ОЈО Тетово со бр. КО 531/22 со кој се обвинети Ф.Б и А.Е за кривично дело  тешки дела против општата сигурност и Б. В. за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правно лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија е распределен кај судија од кривичниот оддел со предмет К бр. 450/22. По прием и разгледување на обвинителниот предлог ќе биде закажана главната расправа, соопштија денес од Основен суд Тетово.

Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 кога 14 лица ги загубија животите. По повеќемесечна истрага Основното јавно обвинителство Тетово на 27 јули 2022 до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице. 

The post Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија appeared first on Република.

Флорин Бесими ќе биде еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/florin-besimi-kje-bide-eden-od-obvinetite-za-pozarot-vo-tetovskata-modularna-bolnica/ Mon, 16 May 2022 14:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=502975

Поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, ќе биде еден од обвинетите за минатогодишниот пожар во модуларната ковид-болница во кој загинаа 14 лица, објави А1он.

Извори од тетовското јавно обвинителство тврдат дела истрагата покажала дека има одговорност за пожарот во модуларната болница. Освен Бесими одговорност ќе се бара и од други две физички лица, кои исто така, имале раководни позиции.

Одговорноста се темели на хиерархиската поставеност, односно обврската функционерите да водат грижа за воспоставување на правилата и нивно почитување во болницата.

Според извештајот на обвинителството, пожарот настанал по спој на струја во продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор со кој се реанимирал пациент.

Д-р Флорин Бесими поднесе оставка два дена по пожарот во ковид центарот во кој загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца роднини.

Д-р Бесими беше 11 години вршител на должноста директор на Тетовската болница. Според Законот за здравствена заштита, в. д. директор може да биде на функција најмногу до 6 месеци, а Управниот одбор на болницата е должен да распише оглас за избор на директор, кого по препорака на Здравствениот совет го именува министерот за здравство. За функцијата директор на јавна здравствена установа мора да се се исполнат одредени критериуми. Болницата во Тетово како клиничка болница и регионален центар поврзан со Медицинскиот факултет во Тетово е од највисок ранг во системот на јавното здравство.

The post Флорин Бесими ќе биде еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, ќе биде еден од обвинетите за минатогодишниот пожар во модуларната ковид-болница во кој загинаа 14 лица, објави А1он. Извори од тетовското јавно обвинителство тврдат дела истрагата покажала дека има одговорност за пожарот во модуларната болница. Освен Бесими одговорност ќе се бара и од други две физички лица, кои исто така, имале раководни позиции. Одговорноста се темели на хиерархиската поставеност, односно обврската функционерите да водат грижа за воспоставување на правилата и нивно почитување во болницата. Според извештајот на обвинителството, пожарот настанал по спој на струја во продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор со кој се реанимирал пациент. Д-р Флорин Бесими поднесе оставка два дена по пожарот во ковид центарот во кој загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца роднини. Д-р Бесими беше 11 години вршител на должноста директор на Тетовската болница. Според Законот за здравствена заштита, в. д. директор може да биде на функција најмногу до 6 месеци, а Управниот одбор на болницата е должен да распише оглас за избор на директор, кого по препорака на Здравствениот совет го именува министерот за здравство. За функцијата директор на јавна здравствена установа мора да се се исполнат одредени критериуми. Болницата во Тетово како клиничка болница и регионален центар поврзан со Медицинскиот факултет во Тетово е од највисок ранг во системот на јавното здравство.

The post Флорин Бесими ќе биде еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница appeared first on Република.

]]>