Тетовка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tetovka/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Jun 2023 17:47:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тетовка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tetovka/ 32 32 Тетовка лажела дека работи во МВР и во амбасада и дека средува за визи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tetovka-lazhela-deka-raboti-vo-mvr-i-vo-ambasada-i-deka-sreduva-za-vizi/ Wed, 21 Jun 2023 17:47:08 +0000 https://republika.mk/?p=653808

СВР Тетово поднесе кривична пријава против две лица, во два одвоени случаи, за сторена измама.

Во првиот случај пријавата е поднесена против 41 годишната А.А. од Тетово која минатата година на 44-годишен тетовец лажно му се претставила како вработена во МВР, а во исто време времено вработена и во странска амбасада, по што му ветила дека ќе му заврши работа за добивање на виза и му побарала да ѝ плати 800 евра.

The post Тетовка лажела дека работи во МВР и во амбасада и дека средува за визи appeared first on Република.

]]>

СВР Тетово поднесе кривична пријава против две лица, во два одвоени случаи, за сторена измама. Во првиот случај пријавата е поднесена против 41 годишната А.А. од Тетово која минатата година на 44-годишен тетовец лажно му се претставила како вработена во МВР, а во исто време времено вработена и во странска амбасада, по што му ветила дека ќе му заврши работа за добивање на виза и му побарала да ѝ плати 800 евра.

The post Тетовка лажела дека работи во МВР и во амбасада и дека средува за визи appeared first on Република.

]]>
Уценувала гостиварец, му зела 10.000 евра за да не ѝ каже на сопругата дека ѝ е љубовник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/utsenuvala-gostivarets-mu-zela-10-000-evra-za-da-ne-kazhe-na-soprugata-deka-e-lubovnik/ Thu, 01 Jun 2023 16:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=646941

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.И.(33) и М.И.(31), двајцата од село Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена”.

Во периодот од април 2022 година до април 2023 година, пријавените повеќе пати уценувале 50-годишен жител на Гостивар дека видео разговорите и разменетите пораки со второпријавената, со која бил во љубовна врска, ќе ги пратат на неговото семејство.

Со ваквите дејствија тие го принудиле во неколку наврати да им исплати вкупно 10.000 евра преку брз трансфер на пари.

 

The post Уценувала гостиварец, му зела 10.000 евра за да не ѝ каже на сопругата дека ѝ е љубовник appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.И.(33) и М.И.(31), двајцата од село Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена”. Во периодот од април 2022 година до април 2023 година, пријавените повеќе пати уценувале 50-годишен жител на Гостивар дека видео разговорите и разменетите пораки со второпријавената, со која бил во љубовна врска, ќе ги пратат на неговото семејство. Со ваквите дејствија тие го принудиле во неколку наврати да им исплати вкупно 10.000 евра преку брз трансфер на пари.  

The post Уценувала гостиварец, му зела 10.000 евра за да не ѝ каже на сопругата дека ѝ е љубовник appeared first on Република.

]]>
На тетовка ѝ ги отстраниле двете дојки по лажна дијагноза за канцер на Онкологија во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-tetovka-gi-otstranile-dvete-dojki-po-lazhna-dijagnoza-za-kantser-na-onkologija-vo-skopje/ Mon, 13 Mar 2023 07:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=619245

Пациентка од Тетово со двојна масектомија бара одговорност од лекарите од Клиниката за онкологија и радиотерапија кои сугерирале итна операција поради сомневање за канцер.

Имам една добра и една лоша вест за вас. Добрата вест е дека нема да мора да одите на хемотерапија. А лошата е, што не требаше да ви бидат отстранети градите. Воопшто не сте имале карцином“.

Овие реченици што ужаснуваат, 56-годишната С.С. од Тетово ги слушнала од лекар во приватна болница во Скопје во 2018 година и оттогаш ќе ја прогонуваат ден и ноќ. Животната радост која дотогаш ја чувствувала оваа жена ќе биде поттисната под тешкиот камен на гневот, неодговорените прашања и посетите во ординациите на психијатрите.

Во редакција на „Слободен Печат“ таа дошла истоштена, растреперена и како штотуку разбудена од шок. Шокот за неа трае петта година, а измешан е со лутина и една внатрешна потреба.

Некој мора да одговара за тоа што ми беа отстранети градите поради лажна дијагноза за канцер. Ми кажаа дека мора итно да се оперирам, а кога се вратија резултатите од хистопатологија после операцијата, во ткивавата од отстранетите гради, имаше мастит, а не канцер.

С.С. е мајка и сопруга. Пред да ја жегне наодот кој оди во прилог на канцер, излегувала, сакала да разговара, да комуницира, имала пријатели и сакала да се дружи. Се хранела здраво и со сопругот постојано оделе во природа. Но сега, од таа жена останати се само спомени, а ја заменува тажна и замислена, честопати нерасположена „двојничка“.

Освен дел од нејзиниот физички интегритет, вели дека ѝ е украден и дел од душата кој никогаш нема да може да го придобие назад. Во текот на еден час колку што разговаравме, можеби десет пати спомена дека откако ѝ ги отстраниле двете дојки поради канцер што го немала, таа е психички руинирана.

Од нејзиниот сопруг кој срдечно се жртвувал изминатите пет години, сега таа чека и да ѝ помогне да се искапе. Не може да учествува во работите од домаќинството како што тоа го правела порано. На местото на нејзините гради сега има протези, што ѝ паѓа многу тешко. Не толку поради естетиката, колку поради украдената женскост и телесниот интегритет.

Кога се капам, многу боли. И ќе се погледнам и тешко ми е. Рацете ми се тресат. Понекогаш кога ќе земам чаша вода во рака таа ми паѓа. Раката ми се олабавува и губам контрола и осет во неа. Често затреперувам. Пет години од нашата куќа не излезе ниту збор за тоа што ми го направија. Само јас, маж ми адвокатките и децата знаеја. На пријателите не им кажувавме. Поминавме пекол и шок, наизменично.

 

Не знаев дали да бидам благодарна што немам канцер, или да тагувам што ме осакатија. И тие чувства постојано се заменуваа едно со друго. На крајот сите нив ги надвладеа гневот и лутината. Верував во системот и верував дека Обвинителството ќе си ја заврши работата. Но пет години нема никакво поместување. Предметот се чува во фиока и не сакам да застари. Сакам некој да одговара за тоа што ми го направија, затоа решив да се обратам во медиум, вели С.С. за „Слободен печат”.

The post На тетовка ѝ ги отстраниле двете дојки по лажна дијагноза за канцер на Онкологија во Скопје appeared first on Република.

]]>

Пациентка од Тетово со двојна масектомија бара одговорност од лекарите од Клиниката за онкологија и радиотерапија кои сугерирале итна операција поради сомневање за канцер. Имам една добра и една лоша вест за вас. Добрата вест е дека нема да мора да одите на хемотерапија. А лошата е, што не требаше да ви бидат отстранети градите. Воопшто не сте имале карцином“. Овие реченици што ужаснуваат, 56-годишната С.С. од Тетово ги слушнала од лекар во приватна болница во Скопје во 2018 година и оттогаш ќе ја прогонуваат ден и ноќ. Животната радост која дотогаш ја чувствувала оваа жена ќе биде поттисната под тешкиот камен на гневот, неодговорените прашања и посетите во ординациите на психијатрите. Во редакција на „Слободен Печат“ таа дошла истоштена, растреперена и како штотуку разбудена од шок. Шокот за неа трае петта година, а измешан е со лутина и една внатрешна потреба.
Некој мора да одговара за тоа што ми беа отстранети градите поради лажна дијагноза за канцер. Ми кажаа дека мора итно да се оперирам, а кога се вратија резултатите од хистопатологија после операцијата, во ткивавата од отстранетите гради, имаше мастит, а не канцер.
С.С. е мајка и сопруга. Пред да ја жегне наодот кој оди во прилог на канцер, излегувала, сакала да разговара, да комуницира, имала пријатели и сакала да се дружи. Се хранела здраво и со сопругот постојано оделе во природа. Но сега, од таа жена останати се само спомени, а ја заменува тажна и замислена, честопати нерасположена „двојничка“. Освен дел од нејзиниот физички интегритет, вели дека ѝ е украден и дел од душата кој никогаш нема да може да го придобие назад. Во текот на еден час колку што разговаравме, можеби десет пати спомена дека откако ѝ ги отстраниле двете дојки поради канцер што го немала, таа е психички руинирана. Од нејзиниот сопруг кој срдечно се жртвувал изминатите пет години, сега таа чека и да ѝ помогне да се искапе. Не може да учествува во работите од домаќинството како што тоа го правела порано. На местото на нејзините гради сега има протези, што ѝ паѓа многу тешко. Не толку поради естетиката, колку поради украдената женскост и телесниот интегритет.
Кога се капам, многу боли. И ќе се погледнам и тешко ми е. Рацете ми се тресат. Понекогаш кога ќе земам чаша вода во рака таа ми паѓа. Раката ми се олабавува и губам контрола и осет во неа. Често затреперувам. Пет години од нашата куќа не излезе ниту збор за тоа што ми го направија. Само јас, маж ми адвокатките и децата знаеја. На пријателите не им кажувавме. Поминавме пекол и шок, наизменично.   Не знаев дали да бидам благодарна што немам канцер, или да тагувам што ме осакатија. И тие чувства постојано се заменуваа едно со друго. На крајот сите нив ги надвладеа гневот и лутината. Верував во системот и верував дека Обвинителството ќе си ја заврши работата. Но пет години нема никакво поместување. Предметот се чува во фиока и не сакам да застари. Сакам некој да одговара за тоа што ми го направија, затоа решив да се обратам во медиум, вели С.С. за „Слободен печат”.

The post На тетовка ѝ ги отстраниле двете дојки по лажна дијагноза за канцер на Онкологија во Скопје appeared first on Република.

]]>
Teтовка скрши нога и повреди рака бегајќи од кучиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tetovka-skrshi-noga-i-povredi-raka-begajkji-od-kuchinja/ Mon, 21 Nov 2022 08:21:38 +0000 https://republika.mk/?p=576335

Со скршеница на десната нога и повредена рака заврши 40-годишна жена во обидот да избегне напад од бездомни кучиња вчера во Тетово. Непријатниот настан се случил во неделата околу 23 часот на булеварот „Маршал Тито“ кај зелениот пазар.

Се движев од дома кај зелениот пазар кон автобуската постојка на булеварот за да одам трета смена на работа. Кучињата ме нападнаа кај пазарот. Се обидов да побегнам преку жардиниерата помеѓу тротоарот и велосипедската патека, но тука се сопнав и ја искршив ногата и ја повредив раката, вели В.С инаку мајка на три деца.

Жената била однесена во тетовската болница каде поради скршеницата на ногата и е направена имобилизација со гипс, а санирана била и повредата на раката. Случајот е пријавен во полиција, со тоа што полициска екипа дошла во болницата да направи записник за пријавениот напад од бездомни кучиња.

The post Teтовка скрши нога и повреди рака бегајќи од кучиња appeared first on Република.

]]>

Со скршеница на десната нога и повредена рака заврши 40-годишна жена во обидот да избегне напад од бездомни кучиња вчера во Тетово. Непријатниот настан се случил во неделата околу 23 часот на булеварот „Маршал Тито“ кај зелениот пазар.
Се движев од дома кај зелениот пазар кон автобуската постојка на булеварот за да одам трета смена на работа. Кучињата ме нападнаа кај пазарот. Се обидов да побегнам преку жардиниерата помеѓу тротоарот и велосипедската патека, но тука се сопнав и ја искршив ногата и ја повредив раката, вели В.С инаку мајка на три деца.
Жената била однесена во тетовската болница каде поради скршеницата на ногата и е направена имобилизација со гипс, а санирана била и повредата на раката. Случајот е пријавен во полиција, со тоа што полициска екипа дошла во болницата да направи записник за пријавениот напад од бездомни кучиња.

The post Teтовка скрши нога и повреди рака бегајќи од кучиња appeared first on Република.

]]>