тетовци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tetovci/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Apr 2023 16:05:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тетовци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tetovci/ 32 32 Двајца тетовци завршија во 30-дневен притвор поради марихуана https://arhiva3.republika.mk/vesti/dvajtsa-tetovtsi-zavrshija-vo-30-dneven-pritvor-poradi-marihuana/ Sun, 09 Apr 2023 16:05:15 +0000 https://republika.mk/?p=629085

Две млади лица од тетовските села добија притвор од судот откако вчера биле приведени од полицајци затоа што кај нив била најдена дрога.

Според информациите на СВР Тетово судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово денеска на Е.И.(23) од тетовска Голема Речица и Б.Љ.(24) од тетовско Долно Палчиште им определил мерка притвор од 30 дена и ќе бидат спроведени во КПУ Затвор Скопје за издржување на притворот.

Вчера вечер (8 април) околу 21 часот и 50 минути во Тетово тие биле лишени од слобода од полициски службеници на СВР Тетово, при што им била пронајдена и одземена марихуана, инфомираа од СВР Тетово.

Двајцата се товарат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик.

 

The post Двајца тетовци завршија во 30-дневен притвор поради марихуана appeared first on Република.

]]>

Две млади лица од тетовските села добија притвор од судот откако вчера биле приведени од полицајци затоа што кај нив била најдена дрога. Според информациите на СВР Тетово судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово денеска на Е.И.(23) од тетовска Голема Речица и Б.Љ.(24) од тетовско Долно Палчиште им определил мерка притвор од 30 дена и ќе бидат спроведени во КПУ Затвор Скопје за издржување на притворот.
Вчера вечер (8 април) околу 21 часот и 50 минути во Тетово тие биле лишени од слобода од полициски службеници на СВР Тетово, при што им била пронајдена и одземена марихуана, инфомираа од СВР Тетово.
Двајцата се товарат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик.  

The post Двајца тетовци завршија во 30-дневен притвор поради марихуана appeared first on Република.

]]>
Тетовци собраа 13.500 евра од донации за Турција и Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tetovtsi-sobraa-13-500-evra-od-donatsii-za-turtsija-i-sirija/ Sat, 11 Feb 2023 19:28:17 +0000 https://republika.mk/?p=607862

На жиро сметката која наменски е отворена од Општина Тетово за да можат граѓаните да донираат парични износи со цел помош за подрачјата погодени од земјотресот во Турција и во Сирија, за два дена се собрани 834.430 денари (13500 евра).

Според објавата на Општина Тетово на социјалните профили, поединично најголем износ е 50.000 денари.

-Сакаме да ви се заблагодариме за покажаниот човечки дух и великодушност. За само два дена граѓаните донираа средства во вредност од 834.430 денари за жителите на Турција и Сирија. Исто така, ве известуваме дека вечерва ќе бидат затворени собирните пунктови за облека или разни предмети. Единствената акција што ќе продолжи ќе биде преку банката, каде што граѓаните ќе можат да донираат финансиски средства. Заедно да стоиме со турскиот и сирискиот народ, порачаа од Општина Тетово.

Жителите на Тетово неколку дена имаа можност облека, конзеревирана храна, греалки, ќебиња и друг вид предмети на два собирни пунктови на плоштадот и во спорската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

Граѓаните и понараму може да донираат на Трезорска сметка: 100000000063095 Сметка: 769014090878975 Транзитен број: 725916 Програма: 00

 

The post Тетовци собраа 13.500 евра од донации за Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>

На жиро сметката која наменски е отворена од Општина Тетово за да можат граѓаните да донираат парични износи со цел помош за подрачјата погодени од земјотресот во Турција и во Сирија, за два дена се собрани 834.430 денари (13500 евра). Според објавата на Општина Тетово на социјалните профили, поединично најголем износ е 50.000 денари. -Сакаме да ви се заблагодариме за покажаниот човечки дух и великодушност. За само два дена граѓаните донираа средства во вредност од 834.430 денари за жителите на Турција и Сирија. Исто така, ве известуваме дека вечерва ќе бидат затворени собирните пунктови за облека или разни предмети. Единствената акција што ќе продолжи ќе биде преку банката, каде што граѓаните ќе можат да донираат финансиски средства. Заедно да стоиме со турскиот и сирискиот народ, порачаа од Општина Тетово. Жителите на Тетово неколку дена имаа можност облека, конзеревирана храна, греалки, ќебиња и друг вид предмети на два собирни пунктови на плоштадот и во спорската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Граѓаните и понараму може да донираат на Трезорска сметка: 100000000063095 Сметка: 769014090878975 Транзитен број: 725916 Програма: 00  

The post Тетовци собраа 13.500 евра од донации за Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>
Тетовци немале вода за да го гаснат пожарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tetovci-nemale-voda-za-da-go-gasnat-pozarot/ Fri, 28 Jan 2022 21:41:41 +0000 https://republika.mk/?p=450954

Од пожарот што денеска попладне, околу 19 часот избувна во куќа во населба Поток во Тетово, едно лице завршило со изгореници по лицето и телото, и е пренесено во Тетовската болница но е вон животна опасност.

Пожарот најпрвин избувнал во првата куќа од мојата десна страна, но бидејќи куќите се залепени една до друга, пожарот на брзина ги опфатил и другите две куќи. Од овој пожар останало повредено едно лице кое е вон животна опасност, и се наоѓа во тетовската болница.

Командантот на пожарната во Тетово Ука Алити, за Алсат изјави дека требале 15 пожарникари да интервенираат за пожарот да не се прошири во другите куќи.

Од овој пожар се опфатени четири или пет куќи, затоа интервенираме со четири камиони и околу 15 пожарникари. Сите куќи се залепени една до друга но правиме максимални напори за локализирање на пожарот, вели командантот на пожарна Тетово.

Жителите кои први го виделе пожарот излегле да помогнат, меѓутоа немањето на вода во оваа населба, ја онеовозможи нивната помош.

Со вода проблем сме имале нонстоп и лето и зима, видовте сами колку притисок има, и да сакаш да гасиш не можеш, вели жител за телевизијата.

Не знам како се случи овој пожар. Соседи сме ама не знам како се случи. Наполнивме и кофи и буриња ама што ќе полниш кога нема вода. Не е само сега, нонстоп немаме вода. Траба општинарите да видат и овде луѓе живеат, еве пожар се случи немаме со што да гасиме, вели друг жител.

Од пожарот кој избувна квечерината во петкот две куќи изгореа целосно а три други останаа без покриви и со големи материјални штети.

The post Тетовци немале вода за да го гаснат пожарот appeared first on Република.

]]>

Од пожарот што денеска попладне, околу 19 часот избувна во куќа во населба Поток во Тетово, едно лице завршило со изгореници по лицето и телото, и е пренесено во Тетовската болница но е вон животна опасност. Пожарот најпрвин избувнал во првата куќа од мојата десна страна, но бидејќи куќите се залепени една до друга, пожарот на брзина ги опфатил и другите две куќи. Од овој пожар останало повредено едно лице кое е вон животна опасност, и се наоѓа во тетовската болница. Командантот на пожарната во Тетово Ука Алити, за Алсат изјави дека требале 15 пожарникари да интервенираат за пожарот да не се прошири во другите куќи.
Од овој пожар се опфатени четири или пет куќи, затоа интервенираме со четири камиони и околу 15 пожарникари. Сите куќи се залепени една до друга но правиме максимални напори за локализирање на пожарот, вели командантот на пожарна Тетово.
Жителите кои први го виделе пожарот излегле да помогнат, меѓутоа немањето на вода во оваа населба, ја онеовозможи нивната помош.
Со вода проблем сме имале нонстоп и лето и зима, видовте сами колку притисок има, и да сакаш да гасиш не можеш, вели жител за телевизијата. Не знам како се случи овој пожар. Соседи сме ама не знам како се случи. Наполнивме и кофи и буриња ама што ќе полниш кога нема вода. Не е само сега, нонстоп немаме вода. Траба општинарите да видат и овде луѓе живеат, еве пожар се случи немаме со што да гасиме, вели друг жител.
Од пожарот кој избувна квечерината во петкот две куќи изгореа целосно а три други останаа без покриви и со големи материјални штети.

The post Тетовци немале вода за да го гаснат пожарот appeared first on Република.

]]>