тестирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/testiranje/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 09:33:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тестирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/testiranje/ 32 32 Почна тестирањето на првата вакцина против рак на белите дробови https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pochna-testiraneto-na-prvata-vaktsina-protiv-rak-na-belite-drobovi/ Fri, 23 Aug 2024 09:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=809372

Лекарите од седум земји почнаа со тестирање на првата мРНА-вакцина против рак на белите дробови на пациенти.

Клиничкото испитување на луѓе во првата фаза се спроведува на 34 истражувачки места во Велика Британија, САД, Германија, Унгарија, Полска, Шпанија и Турција.

Вакцината позната како „БНТ-116“ (BNT116) е произведена во лабораториите на компанијата „Бионтек“ (BioNTech), а работи на принцип на пронаоѓање на канцерогени клетки, коишто потоа ги уништува и спречува да се вратат, пишува „Гардијан“.

Целта на вакцината е да се зајакне имунолошкиот одговор на болните лица од рак, а здравите клетки да останат непроменети.

The post Почна тестирањето на првата вакцина против рак на белите дробови appeared first on Република.

]]>

Лекарите од седум земји почнаа со тестирање на првата мРНА-вакцина против рак на белите дробови на пациенти. Клиничкото испитување на луѓе во првата фаза се спроведува на 34 истражувачки места во Велика Британија, САД, Германија, Унгарија, Полска, Шпанија и Турција. Вакцината позната како „БНТ-116“ (BNT116) е произведена во лабораториите на компанијата „Бионтек“ (BioNTech), а работи на принцип на пронаоѓање на канцерогени клетки, коишто потоа ги уништува и спречува да се вратат, пишува „Гардијан“. Целта на вакцината е да се зајакне имунолошкиот одговор на болните лица од рак, а здравите клетки да останат непроменети.

The post Почна тестирањето на првата вакцина против рак на белите дробови appeared first on Република.

]]>
До 22 јуни тестирање на гасоводот Скопје – Гостивар https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/do-22-juni-testirane-na-gasovodot-skopje-gostivar/ Fri, 31 May 2024 07:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=783376

До 22 јуни ќе се врши пневматско испитување на цврстината и непропусноста на гасоводот Скопје - Гостивар, поради што ќе биде регулирано движењето во близина на оваа гасоводна делница.

Заради безбедноста на граѓаните, најавено е регулирано ограничено движење во близина на гасоводната делница Скопје - Гостивар, во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што појаснуваат од ЦУК, тоа е поради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод во три последователни временски интервали во периодот до 22 јуни.

The post До 22 јуни тестирање на гасоводот Скопје – Гостивар appeared first on Република.

]]>

До 22 јуни ќе се врши пневматско испитување на цврстината и непропусноста на гасоводот Скопје - Гостивар, поради што ќе биде регулирано движењето во близина на оваа гасоводна делница. Заради безбедноста на граѓаните, најавено е регулирано ограничено движење во близина на гасоводната делница Скопје - Гостивар, во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што појаснуваат од ЦУК, тоа е поради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод во три последователни временски интервали во периодот до 22 јуни.

The post До 22 јуни тестирање на гасоводот Скопје – Гостивар appeared first on Република.

]]>
Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/besplatni-testirana-za-hiv-i-drugi-seksualno-prenoslivi-bolesti-od-20-do-26-noemvri/ Sun, 19 Nov 2023 13:26:03 +0000 https://republika.mk/?p=703185

На Клиниката за инфективни болести во 2023 година се откриени 46 лица позитивни на ХИВ, од кои 41 се на редовен антиретровирусен третман. Една третина од овие пациенти се откриени во доцна фаза од болеста, беше соопштено денеска по повод Европската недела на тестирање и месецот на машкото здравје која Инфективната клиника и ХЕРА ќе ја одбележат со кампања „Грижи се за себе“ и со бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември.

Секое трето лице што живее со ХИВ не го знае својот ХИВ-статус зашто луѓето не се тестираат од различни причини. Затоа, целта на кампањата е да се поттикнат и охрабрат мажи и момчиња ако се во ризик или превентивно да се тестираат на ХИВ, без разлика на која популациска група припаѓаат.

Д-р Велимир Савески од Инфективната клиника на прес-конференција денеска рече дека повеќето од новооткриените ХИВ-позитивни во оваа година се мажи и дека, за разлика од други години каде што најчесто биле  мажи кои имаат сексуални односи со мажи, оваа година првпат има тренд на ХИВ-инфекција и кај хетеросексуалната популација.

Д-р Савески и Весна Матевска, програмска раководителка во ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, апелираа да се подигне јавната свест и да се надмине табуто за тестирањето за сексуално преносливи болести нагласувајќи дека превенцијата е најдобра и најевтина алатка.

Затоа што постои терапија со која на навремено откриените пациенти им се овозможува нормален живот и просечен животен век ист како и кај ХИВ-негативните лица. Проблем е кога пациентот доаѓа со некаква клиничка слика која можеби не е препознаена на почеток, се тестира, се помислува на ХИВ и тогаш  го откриваме пациентот дека е во доцна фаза од болеста односно во стадиум на СИДА. Тогаш лекувањето е потешко, понекогаш е потребно и болничко  лекување, некогаш пациентите завршуваат на интензивна нега, вели д-р  Савески.

Порача дека грижата за сексуалното и репродуктивно здравје треба да биде  секојдневна и иста како и за здравјето генерално.

Жените и девојчињата се поотворени за оваа тема затоа што системот веќе има воспоставено некаква грижа за нив зашто постојат матични гинеколози што се грижат за женското сексуално и репродуктивно здравје, додека машкото сексуално и репродуктивно здравје се уште е табу, за жал. И тоа еднаш засекогаш веќе треба да се смени и треба да го нормализираме тестирањето за ХИВ и за сексуално преносливите инфекции, истакна Савески.

Тој вели дека на Инфективната клиника тестирањето за ХИВ може да се направи доверливо и секој може да дојде и да се тестира анонимно. Во ХИВ-амбулантата на Инфективна за пациентите има и психолог и социјален работник.

Весна Матевска, програмска раководителка во ХЕРА, посочува дека во нивните  младински центри „Сакам да знам“ веќе 17 години е овозможено тестирање за ХИВ и за различни сексуално преносливи болести.  Во центрите се нудат и бесплатни кондоми, контрацепција и брзи бесплатни тестови за ХИВ, а во пакетот услуги што е овозможено во нареднава седмица е бесплатно тестирање и за сифилис, гонореја и кламидија. Препорачливо е претходно да се закаже на телефонскиот број: 3176-950.

Тестовите се брзи, за 20 минути се добиваат резултати кои значат навремена терапија доколку се открие ХИВ-позитивен статус за да превенираме понатаму пренос на ХИВ и други сексуални инфекции, вели Матевска.

Таа нагласува дека треба да се зголемат средствата во буџетите за превенција и дека многу важна е едукацијата.

Едукацијата и подигнување на свесноста е она што можеме дополнително да го направиме, затоа што фактите велат дека 36 отсто од младите кои  се сексуално активни не користат заштита, не користат кондоми. Затоа ни е потребно и сексуално образование уште од најрана возраст. Така ќе влијаеме и на детабуизирање на овие теми, вели Матевска.

Во однос на трендот на ХИВ-позитивни во изминативе години, д-р Савески соопшти дека за време на КОВИД-пандемијата имало стагнација или недоволно откриен број на ХИВ-случаи кога и бројот на тестирања бил очекувано намален зашто Инфективната клиника тогаш беше голем КОВИД-центар.

Во последниве години, како што заминува пандемијата, го имаме веќе бројот од 40-50 случаи годишно коишто се откриваат на Клиниката за инфективни болести и пациентите понатаму се третираат, додаде докторот од Инфективната клиника.

The post Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември appeared first on Република.

]]>

На Клиниката за инфективни болести во 2023 година се откриени 46 лица позитивни на ХИВ, од кои 41 се на редовен антиретровирусен третман. Една третина од овие пациенти се откриени во доцна фаза од болеста, беше соопштено денеска по повод Европската недела на тестирање и месецот на машкото здравје која Инфективната клиника и ХЕРА ќе ја одбележат со кампања „Грижи се за себе“ и со бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември. Секое трето лице што живее со ХИВ не го знае својот ХИВ-статус зашто луѓето не се тестираат од различни причини. Затоа, целта на кампањата е да се поттикнат и охрабрат мажи и момчиња ако се во ризик или превентивно да се тестираат на ХИВ, без разлика на која популациска група припаѓаат. Д-р Велимир Савески од Инфективната клиника на прес-конференција денеска рече дека повеќето од новооткриените ХИВ-позитивни во оваа година се мажи и дека, за разлика од други години каде што најчесто биле  мажи кои имаат сексуални односи со мажи, оваа година првпат има тренд на ХИВ-инфекција и кај хетеросексуалната популација. Д-р Савески и Весна Матевска, програмска раководителка во ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, апелираа да се подигне јавната свест и да се надмине табуто за тестирањето за сексуално преносливи болести нагласувајќи дека превенцијата е најдобра и најевтина алатка.
Затоа што постои терапија со која на навремено откриените пациенти им се овозможува нормален живот и просечен животен век ист како и кај ХИВ-негативните лица. Проблем е кога пациентот доаѓа со некаква клиничка слика која можеби не е препознаена на почеток, се тестира, се помислува на ХИВ и тогаш  го откриваме пациентот дека е во доцна фаза од болеста односно во стадиум на СИДА. Тогаш лекувањето е потешко, понекогаш е потребно и болничко  лекување, некогаш пациентите завршуваат на интензивна нега, вели д-р  Савески.
Порача дека грижата за сексуалното и репродуктивно здравје треба да биде  секојдневна и иста како и за здравјето генерално.
Жените и девојчињата се поотворени за оваа тема затоа што системот веќе има воспоставено некаква грижа за нив зашто постојат матични гинеколози што се грижат за женското сексуално и репродуктивно здравје, додека машкото сексуално и репродуктивно здравје се уште е табу, за жал. И тоа еднаш засекогаш веќе треба да се смени и треба да го нормализираме тестирањето за ХИВ и за сексуално преносливите инфекции, истакна Савески.
Тој вели дека на Инфективната клиника тестирањето за ХИВ може да се направи доверливо и секој може да дојде и да се тестира анонимно. Во ХИВ-амбулантата на Инфективна за пациентите има и психолог и социјален работник. Весна Матевска, програмска раководителка во ХЕРА, посочува дека во нивните  младински центри „Сакам да знам“ веќе 17 години е овозможено тестирање за ХИВ и за различни сексуално преносливи болести.  Во центрите се нудат и бесплатни кондоми, контрацепција и брзи бесплатни тестови за ХИВ, а во пакетот услуги што е овозможено во нареднава седмица е бесплатно тестирање и за сифилис, гонореја и кламидија. Препорачливо е претходно да се закаже на телефонскиот број: 3176-950.
Тестовите се брзи, за 20 минути се добиваат резултати кои значат навремена терапија доколку се открие ХИВ-позитивен статус за да превенираме понатаму пренос на ХИВ и други сексуални инфекции, вели Матевска.
Таа нагласува дека треба да се зголемат средствата во буџетите за превенција и дека многу важна е едукацијата.
Едукацијата и подигнување на свесноста е она што можеме дополнително да го направиме, затоа што фактите велат дека 36 отсто од младите кои  се сексуално активни не користат заштита, не користат кондоми. Затоа ни е потребно и сексуално образование уште од најрана возраст. Така ќе влијаеме и на детабуизирање на овие теми, вели Матевска.
Во однос на трендот на ХИВ-позитивни во изминативе години, д-р Савески соопшти дека за време на КОВИД-пандемијата имало стагнација или недоволно откриен број на ХИВ-случаи кога и бројот на тестирања бил очекувано намален зашто Инфективната клиника тогаш беше голем КОВИД-центар.
Во последниве години, како што заминува пандемијата, го имаме веќе бројот од 40-50 случаи годишно коишто се откриваат на Клиниката за инфективни болести и пациентите понатаму се третираат, додаде докторот од Инфективната клиника.

The post Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември appeared first on Република.

]]>
Лекот за рак почна да се тестира врз луѓе, ги уништува сите видови цврсти тумори во рана фаза https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lekot-za-rak-pochna-da-se-testira-vrz-luge-gi-unishtuva-site-vidovi-tsvrsti-tumori-vo-rana-faza/ Thu, 03 Aug 2023 09:14:20 +0000 https://republika.mk/?p=668181

Американските научници развија лек во форма на таблета кој при претклиничките тестови ги уништи сите цврсти видови на рак и ги остави здравите клетки непроменети, пренесува германската новинска агенција „ДПА“.

Научниците од „City of Houp“ – една од најголемите американски организации за истражување и третман на ракот, објавија студија во вторникот во која се детализирани првите резултати од тестирањето на „апчињата за убивање рак“ АОХ1996.

Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на размножувачкиот клеточен нуклеарен антиген (ПЦНА) – протеин кој во својата мутирана форма е „клучен“ во репликацијата на ДНК и „поправката“ на сите „тумори кои се шират“, велат од „ City of Houp“

Линда Малкас, професорка на Катедрата за молекуларна дијагностика и експериментална терапија во Медицинскиот центар во Калифорнија, го развива лекот во последните 20 години.

Малкас рече: „ПЦНА е како главен центар на аеродромски терминал кој содржи повеќе влезови на авиони“.

-Податоците сугерираат дека ПЦНА е уникатно изменета во клетките на ракот, а овој факт ни овозможи да дизајнираме лек кој цели само на формата на ПЦНА во клетките на ракот. Нашето апче за убивање рак е како снежна бура која затвора клучен центар, ги затвора сите дојдовни и појдовни летови само на авиони што носат клетки на ракот, рече таа.

Професорката ги нарече резултатите ветувачки и рече дека истражувањето покажало дека АОХ1996 може да го потисне растот на туморот кај клеточните и животинските модели, а првата фаза од клиничките испитувања на луѓе е во тек.

Таблетата се покажа како ефикасна во лекувањето на клетките кои потекнуваат од рак на дојка, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови.

Тестирана е на повеќе од 70 клеточни линии на рак и е откриено дека селективно ги убива канцерогените клетки со нарушување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките, според истражувачкиот центар.

The post Лекот за рак почна да се тестира врз луѓе, ги уништува сите видови цврсти тумори во рана фаза appeared first on Република.

]]>

Американските научници развија лек во форма на таблета кој при претклиничките тестови ги уништи сите цврсти видови на рак и ги остави здравите клетки непроменети, пренесува германската новинска агенција „ДПА“. Научниците од „City of Houp“ – една од најголемите американски организации за истражување и третман на ракот, објавија студија во вторникот во која се детализирани првите резултати од тестирањето на „апчињата за убивање рак“ АОХ1996. Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на размножувачкиот клеточен нуклеарен антиген (ПЦНА) – протеин кој во својата мутирана форма е „клучен“ во репликацијата на ДНК и „поправката“ на сите „тумори кои се шират“, велат од „ City of Houp“ Линда Малкас, професорка на Катедрата за молекуларна дијагностика и експериментална терапија во Медицинскиот центар во Калифорнија, го развива лекот во последните 20 години. Малкас рече: „ПЦНА е како главен центар на аеродромски терминал кој содржи повеќе влезови на авиони“. -Податоците сугерираат дека ПЦНА е уникатно изменета во клетките на ракот, а овој факт ни овозможи да дизајнираме лек кој цели само на формата на ПЦНА во клетките на ракот. Нашето апче за убивање рак е како снежна бура која затвора клучен центар, ги затвора сите дојдовни и појдовни летови само на авиони што носат клетки на ракот, рече таа. Професорката ги нарече резултатите ветувачки и рече дека истражувањето покажало дека АОХ1996 може да го потисне растот на туморот кај клеточните и животинските модели, а првата фаза од клиничките испитувања на луѓе е во тек. Таблетата се покажа како ефикасна во лекувањето на клетките кои потекнуваат од рак на дојка, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови. Тестирана е на повеќе од 70 клеточни линии на рак и е откриено дека селективно ги убива канцерогените клетки со нарушување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките, според истражувачкиот центар.

The post Лекот за рак почна да се тестира врз луѓе, ги уништува сите видови цврсти тумори во рана фаза appeared first on Република.

]]>
Сали: Секојдневно го зголемуваме капацитетот за тестирање за Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sali-sekojdnevno-go-zgolemuvame-kapacitetot-za-testiranje-za-kovid-19/ Sun, 31 Jul 2022 18:25:15 +0000 https://republika.mk/?p=535441

Секојдневно ја следиме бројката на лица за тестирање за Ковид-19 во јавните установи и го зголемување капацитетот за тестирање, односно се адаптираме на два-три дена колку што има потреба од тестирања. Ве уверувам дека процентот на тестирања во приватното и во јавното здравство секојдневно се зголемува во делот на јавното - истакна министерот за здравство Беким Сали вечерва во гостување на ТВ Сител.

Тој тврди дека пациентите кои имаат потреба за Ковид тест во Скопје ако побараат да бидат тестирани ќе направат брз тест истиот ден, а ПЦР следниот ден.

Според него, чекање со денови за тестирање, можеби се случува во помали градови каде што нема ПЦР тестови и тие се приморани да патуваат на друго место.

Сали истакна дека не гледа никава причина за нереализирање на планот за најавените пет ковид амбуланти на територијата на Скопје, за што вели дека се во комуникација со сите лекари.

Во моментот кога веќе ќе дојдеме до фаза да имаме потреба од активирање на тие ковид амбуланти како систем сме подготвени за тие пет во првата фаза на ниво на Скопје, се знаат локаците…. Тука ќе имаме брзо тестирање веднаш, без закажување термин, лабораторија и евентуално брз упат веднаш за ренген снимање на бели дробови доколку побарува клиничката слика - истакна Сали, наведувајќи и дека две од три здруженија на матичните лекари потврдиле дека ја поддржуваат иницијативата.

Тој истакна дека во тек на овој бран во кој навлегуваме, имањето пет центри каде пациентите ќе добијат навреме и дијагностика и резултати и третман ќе придонесе за заштита на другото население кое не е инфицирано.

Граѓаните треба да бидат сигурни дека на нашите инфективни одделенија има сосема доволна количина лекови кои се потребни од сите најсовремени терапии што се практикуваат - вели Сали.

Минситерот информираше дека државата располага со 350 илјади дози вакцини за заштита од Ковид со рок на трање до октомви и го повтори апелот граѓаните да се вакцинираат и да се заштитат предвреме.

The post Сали: Секојдневно го зголемуваме капацитетот за тестирање за Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Секојдневно ја следиме бројката на лица за тестирање за Ковид-19 во јавните установи и го зголемување капацитетот за тестирање, односно се адаптираме на два-три дена колку што има потреба од тестирања. Ве уверувам дека процентот на тестирања во приватното и во јавното здравство секојдневно се зголемува во делот на јавното - истакна министерот за здравство Беким Сали вечерва во гостување на ТВ Сител.
Тој тврди дека пациентите кои имаат потреба за Ковид тест во Скопје ако побараат да бидат тестирани ќе направат брз тест истиот ден, а ПЦР следниот ден. Според него, чекање со денови за тестирање, можеби се случува во помали градови каде што нема ПЦР тестови и тие се приморани да патуваат на друго место. Сали истакна дека не гледа никава причина за нереализирање на планот за најавените пет ковид амбуланти на територијата на Скопје, за што вели дека се во комуникација со сите лекари.
Во моментот кога веќе ќе дојдеме до фаза да имаме потреба од активирање на тие ковид амбуланти како систем сме подготвени за тие пет во првата фаза на ниво на Скопје, се знаат локаците…. Тука ќе имаме брзо тестирање веднаш, без закажување термин, лабораторија и евентуално брз упат веднаш за ренген снимање на бели дробови доколку побарува клиничката слика - истакна Сали, наведувајќи и дека две од три здруженија на матичните лекари потврдиле дека ја поддржуваат иницијативата.
Тој истакна дека во тек на овој бран во кој навлегуваме, имањето пет центри каде пациентите ќе добијат навреме и дијагностика и резултати и третман ќе придонесе за заштита на другото население кое не е инфицирано.
Граѓаните треба да бидат сигурни дека на нашите инфективни одделенија има сосема доволна количина лекови кои се потребни од сите најсовремени терапии што се практикуваат - вели Сали.
Минситерот информираше дека државата располага со 350 илјади дози вакцини за заштита од Ковид со рок на трање до октомви и го повтори апелот граѓаните да се вакцинираат и да се заштитат предвреме.

The post Сали: Секојдневно го зголемуваме капацитетот за тестирање за Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Граѓаните приватно платиле над 18,6 милиони евра за ковид тестирања бидејќи немало термини во јавното здравство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/gragjanite-privatno-platile-nad-18-6-milioni-evra-za-kovid-testiranja-bidejkji-nemalo-termini-vo-javnoto-zdravstvo/ Fri, 22 Jul 2022 10:10:01 +0000 https://republika.mk/?p=532099

Во услови на пандемија, поради необезбедување на повеќе термини во Јавните здравствени установи (ЈЗУ) и несклучени договори со Приватните здравствени установи (ПЗУ) за дијагностицирање на Ковид-19, не се обезбедени доволно здравствени услуги за осигурениците на товар на Фондот. Сметано по најниската наплатена цена од 1.400 денари по тест и направени 819.240 тестови за две години, од граѓаните во приватното здравство се прелеани повеќе од 18,6 милиони евра, се вели во Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (ФЗОМ).

Државниот завод за ревизија, исто така, изразува мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2020 година.

Според објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од почетокот на пандемијата на ниво на држава извршени се вкупно 1.962.489 тестови во 33 приватни и јавни лаборатории, од кои 1.337.238 се ПЦР тестови, а остатокот се брзи антигенски тестови.

Ревизорите нагласуваат дека е неопходно Министерството за здравство да преземе активности за обезбедување на потребните услови во ЈЗУ, како би се постигнала поголема конкурентност на јавното здравство во областа на вршење на кардиоваскуларно-хируршки здравствени услуги.

Постои нерамномерен сооднос при вршењето на кардиоваскуларно – хируршки здравствени услуги во 2019 и 2020 година меѓу ЈЗУ и ПЗУ. Имено, Фондот има склучено договори со три ЈЗУ и две ПЗУ за што се исплатени 1.254.330 илјади денари од кои 95 отсто од услугите се вршат во ПЗУ. Најголем дел од услугите во ЈЗУ се извршени од ЈЗУ УК за државна кардиохирургија која иако располага со квалификуван кадар, ги нема потребните просторни услови, што неповолно влијае на обемот на вршењето на здравствената дејност, се вели во извештајот на ДЗР.

Со извршената ревизија, исто така, констатирани се и слабости во спроведувањето на интерните и теренските контроли при потврдувањето на објективноста на фактурираните медицински интервенции реализирани од ПЗУ.

Поради здравствената криза во 2020 година бројот на теренски контроли кај здравствените установи е намален за 74 проценти со што се зголемува ризикот од признавање и плаќање на здравствени услуги во вид и обем различен од реално извршениот. Според презентираните информации, во 2020 година извршени се вкупно 83 контроли кај здравствени установи, наспроти 472 во 2019 година, констатираат ревизорите.

Најмал број контроли, ДЗР констатира дека се извршени кај здравствените установи од болничка здравствена заштита, чии договорни надоместоци се највисоки, а кај истите се утврдени неправилности во 85 отсто случаи.

Во постапките за упатување за лекување во странство на осигурените лица не е обезбедена соодветна правна заштита и контрола, ниту пак систем на следење и анализи на успешноста на лекувањето.

Фондот има евидентирано аванси за лекување во странство дадени на странски здравствени установи во износ од 209.772 илјади денари, за кои нема точни информации за статусот на лекувањата поради
необезбедена документација, се вели во извештајот на ДЗР.

Во делот на Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет ревизијата обелоденува за начинот на плаќање на извршените услуги на здравствените установи, укажувајќи дека не е обезбедено вистинско купување на услуги предвидено со Законот за здравствено осигурување.

Истовремено во овој дел се потенцираат и состојбите настанати кај ЈЗУ како резултат на здравствената криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19 во 2020 година. Имено, во 2021 година 106 од вкупно 116 ЈЗУ имаат добиено статус на неодржливи поради реализиран значајно помал обем на услуги во однос на договорениот надоместок, констатираат ревизорите.

Од ДЗР, исто така, констатираат дека отпочнати се активности за воведување електронски рецепт преку ИТ системот на Фондот, без координација со Министерството, кои не се целосно реализирани. Тие, посочуваат дека постои потреба Министерството за здравство и Управата за електронско здравство во координација со Фондот, имајќи ги предвид одредбите од Законот за евиденции во областа на здравството, да ги преиспитаат економичноста, ефективноста и ефикасноста на примената на член 28-а од Законот за здравствено осигурување со кој се воведува електронски рецепт преку ИТ системот на Фондот и да се разгледа можноста за искористување на капацитетите на постојниот систем за препишување и издавање лекови на рецепт со истовремено воспоставување контролни точки кои ќе обезбедат плаќање на подигнати лекови единствено врз основа на реално и законски пропишани рецепти од овластени лекари.

The post Граѓаните приватно платиле над 18,6 милиони евра за ковид тестирања бидејќи немало термини во јавното здравство appeared first on Република.

]]>

Во услови на пандемија, поради необезбедување на повеќе термини во Јавните здравствени установи (ЈЗУ) и несклучени договори со Приватните здравствени установи (ПЗУ) за дијагностицирање на Ковид-19, не се обезбедени доволно здравствени услуги за осигурениците на товар на Фондот. Сметано по најниската наплатена цена од 1.400 денари по тест и направени 819.240 тестови за две години, од граѓаните во приватното здравство се прелеани повеќе од 18,6 милиони евра, се вели во Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (ФЗОМ). Државниот завод за ревизија, исто така, изразува мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2020 година. Според објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од почетокот на пандемијата на ниво на држава извршени се вкупно 1.962.489 тестови во 33 приватни и јавни лаборатории, од кои 1.337.238 се ПЦР тестови, а остатокот се брзи антигенски тестови. Ревизорите нагласуваат дека е неопходно Министерството за здравство да преземе активности за обезбедување на потребните услови во ЈЗУ, како би се постигнала поголема конкурентност на јавното здравство во областа на вршење на кардиоваскуларно-хируршки здравствени услуги. Постои нерамномерен сооднос при вршењето на кардиоваскуларно – хируршки здравствени услуги во 2019 и 2020 година меѓу ЈЗУ и ПЗУ. Имено, Фондот има склучено договори со три ЈЗУ и две ПЗУ за што се исплатени 1.254.330 илјади денари од кои 95 отсто од услугите се вршат во ПЗУ. Најголем дел од услугите во ЈЗУ се извршени од ЈЗУ УК за државна кардиохирургија која иако располага со квалификуван кадар, ги нема потребните просторни услови, што неповолно влијае на обемот на вршењето на здравствената дејност, се вели во извештајот на ДЗР. Со извршената ревизија, исто така, констатирани се и слабости во спроведувањето на интерните и теренските контроли при потврдувањето на објективноста на фактурираните медицински интервенции реализирани од ПЗУ. Поради здравствената криза во 2020 година бројот на теренски контроли кај здравствените установи е намален за 74 проценти со што се зголемува ризикот од признавање и плаќање на здравствени услуги во вид и обем различен од реално извршениот. Според презентираните информации, во 2020 година извршени се вкупно 83 контроли кај здравствени установи, наспроти 472 во 2019 година, констатираат ревизорите. Најмал број контроли, ДЗР констатира дека се извршени кај здравствените установи од болничка здравствена заштита, чии договорни надоместоци се највисоки, а кај истите се утврдени неправилности во 85 отсто случаи. Во постапките за упатување за лекување во странство на осигурените лица не е обезбедена соодветна правна заштита и контрола, ниту пак систем на следење и анализи на успешноста на лекувањето. Фондот има евидентирано аванси за лекување во странство дадени на странски здравствени установи во износ од 209.772 илјади денари, за кои нема точни информации за статусот на лекувањата поради необезбедена документација, се вели во извештајот на ДЗР. Во делот на Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет ревизијата обелоденува за начинот на плаќање на извршените услуги на здравствените установи, укажувајќи дека не е обезбедено вистинско купување на услуги предвидено со Законот за здравствено осигурување. Истовремено во овој дел се потенцираат и состојбите настанати кај ЈЗУ како резултат на здравствената криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19 во 2020 година. Имено, во 2021 година 106 од вкупно 116 ЈЗУ имаат добиено статус на неодржливи поради реализиран значајно помал обем на услуги во однос на договорениот надоместок, констатираат ревизорите. Од ДЗР, исто така, констатираат дека отпочнати се активности за воведување електронски рецепт преку ИТ системот на Фондот, без координација со Министерството, кои не се целосно реализирани. Тие, посочуваат дека постои потреба Министерството за здравство и Управата за електронско здравство во координација со Фондот, имајќи ги предвид одредбите од Законот за евиденции во областа на здравството, да ги преиспитаат економичноста, ефективноста и ефикасноста на примената на член 28-а од Законот за здравствено осигурување со кој се воведува електронски рецепт преку ИТ системот на Фондот и да се разгледа можноста за искористување на капацитетите на постојниот систем за препишување и издавање лекови на рецепт со истовремено воспоставување контролни точки кои ќе обезбедат плаќање на подигнати лекови единствено врз основа на реално и законски пропишани рецепти од овластени лекари.

The post Граѓаните приватно платиле над 18,6 милиони евра за ковид тестирања бидејќи немало термини во јавното здравство appeared first on Република.

]]>
Министерството за здравство на Кипар им препорачува на граѓаните да се тестираат еднаш седмично https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ministerstvoto-za-zdravstvo-na-kipar-im-preporachuva-na-gragjanite-da-se-testiraat-ednash-sedmichno/ Thu, 14 Jul 2022 11:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=528688

Министерството за здравство на Кипар им препорачува на граѓаните, независно од тоа дали се вакцинирани или не, да се тестираат еднаш седмично или со селф тест (тест за домашна употреба) или со рапид тест, но и да се тестираат со селф тест пред и по посетата на места со гужви, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешната седница на кипарската Влада, освен препораката до граѓаните за тестирање, било одлучено од 18 јули, за посета на пациенти кои се лекуваат во приватните или државните болници, како и за посети на лица згрижени во домовите за стари лица, дозволени се посети од најмногу две лица дневно и со задолжителен претходно направен ПЦР или рапид тест.

Дополнително, вакцинацијата со втората бустер, односно со четвртатат доза ќе се прошири и за лица со сериозни здравствени проблеми, доколку се поминати пет месеци од третата доза.

Одлуките, како што соопштија од Министерството за здравство на Кипар, доаѓаат поради брзото пренесување на варијантите БА.4 и БА.5 кои се 90 отсто доминантни во земјата, по што министерот за здравство Михалис Хаѕипанделас во координација со Комисијата на епидемиолози на денешната владина седница ги предложил конкретните мерки кои биле прифатени.

Поради зголемениот број нови случаи на Ковид-19 , од минатата седмица, маската повторно е задолжителна во сите затворени простори на Кипар, а за непочитување на мерката, предвидена е казна од 300 евра.

The post Министерството за здравство на Кипар им препорачува на граѓаните да се тестираат еднаш седмично appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство на Кипар им препорачува на граѓаните, независно од тоа дали се вакцинирани или не, да се тестираат еднаш седмично или со селф тест (тест за домашна употреба) или со рапид тест, но и да се тестираат со селф тест пред и по посетата на места со гужви, јави дописничката на МИА од Атина. На денешната седница на кипарската Влада, освен препораката до граѓаните за тестирање, било одлучено од 18 јули, за посета на пациенти кои се лекуваат во приватните или државните болници, како и за посети на лица згрижени во домовите за стари лица, дозволени се посети од најмногу две лица дневно и со задолжителен претходно направен ПЦР или рапид тест. Дополнително, вакцинацијата со втората бустер, односно со четвртатат доза ќе се прошири и за лица со сериозни здравствени проблеми, доколку се поминати пет месеци од третата доза. Одлуките, како што соопштија од Министерството за здравство на Кипар, доаѓаат поради брзото пренесување на варијантите БА.4 и БА.5 кои се 90 отсто доминантни во земјата, по што министерот за здравство Михалис Хаѕипанделас во координација со Комисијата на епидемиолози на денешната владина седница ги предложил конкретните мерки кои биле прифатени. Поради зголемениот број нови случаи на Ковид-19 , од минатата седмица, маската повторно е задолжителна во сите затворени простори на Кипар, а за непочитување на мерката, предвидена е казна од 300 евра.

The post Министерството за здравство на Кипар им препорачува на граѓаните да се тестираат еднаш седмично appeared first on Република.

]]>
Словенечката опозиција предложи задолжително тестирање на дрога за јавните службеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenechkata-opozicija-predlozi-zadolzitelno-testiranje-na-droga-za-javnite-sluzbenici/ Fri, 10 Jun 2022 14:36:39 +0000 https://republika.mk/?p=513574

Словенечките пратеници, министри, државни секретари, премиерот и претседателот наскоро би можеле редовно да бидат тестирани за наркотици, доколку се усвои законот предложен од Демократската партија, најголемата опозициска партија во Парламентот.

Демократската партија изјави дека „во интерес на јавноста е да се знае дали словенечките политичари земаат недозволени дроги“.

Законот е потребен, како што рекоа предлагачите, за да се подобри транспарентноста и поради одговорноста што ја имаат функционерите пред граѓаните.

Оние кои ќе треба да бидат тестирани се очекува „совесно и непристрасно да ги извршуваат своите обврски“, изјавија демократите.

Законот предвидува носителите на јавни функции да се тестираат еднаш годишно, но ќе бидат информирани за тестот 48 часа порано.

Тестот би се спроведувал во присуство на четиричлена комисија во која би членувале двајца претставници на новинарски организации, а резултатите би биле јавно достапни.

Сличен закон беше предложен пред пет години, но не помина во парламентот бидејќи беше оценет како неостварлив и популистички.

Новиот предлог е поднесен неколку дена откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое Лука Месец, лидерот на Левица, која е дел од коалициската влада, признава дека повремено пуши марихуана. Неговата партија долго време се залага за легализација на марихуаната во Словенија.

The post Словенечката опозиција предложи задолжително тестирање на дрога за јавните службеници appeared first on Република.

]]>

Словенечките пратеници, министри, државни секретари, премиерот и претседателот наскоро би можеле редовно да бидат тестирани за наркотици, доколку се усвои законот предложен од Демократската партија, најголемата опозициска партија во Парламентот. Демократската партија изјави дека „во интерес на јавноста е да се знае дали словенечките политичари земаат недозволени дроги“. Законот е потребен, како што рекоа предлагачите, за да се подобри транспарентноста и поради одговорноста што ја имаат функционерите пред граѓаните. Оние кои ќе треба да бидат тестирани се очекува „совесно и непристрасно да ги извршуваат своите обврски“, изјавија демократите. Законот предвидува носителите на јавни функции да се тестираат еднаш годишно, но ќе бидат информирани за тестот 48 часа порано. Тестот би се спроведувал во присуство на четиричлена комисија во која би членувале двајца претставници на новинарски организации, а резултатите би биле јавно достапни. Сличен закон беше предложен пред пет години, но не помина во парламентот бидејќи беше оценет како неостварлив и популистички. Новиот предлог е поднесен неколку дена откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое Лука Месец, лидерот на Левица, која е дел од коалициската влада, признава дека повремено пуши марихуана. Неговата партија долго време се залага за легализација на марихуаната во Словенија.

The post Словенечката опозиција предложи задолжително тестирање на дрога за јавните службеници appeared first on Република.

]]>
Австрија има нова стратегија за тестирање за ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstrija-ima-nova-strategija-za-testiranje-za-kovid-19/ Fri, 01 Apr 2022 09:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=481858

Во Австрија денеска стапи на сила новата стратегија за тестирање против коронавирус, која предвидува пет бесплатни ПЦР и антигенски тестови за граѓаните, наместо досегашните неограничени можности за тестирање на трошок на државата.

Според уредбата на австриското министерство за здравство, секој има право на пет антигенски и пет ПЦР тестови на трошок на државата месечно. Во текот на април овозможено е користење и на дополнителните пет „постари“ тестови кои им беа оставени на граѓаните. Покрај тоа, постојат различни групи за кои бесплатното тестирање остана неограничено, а тоа е за персонал, но и за штитеници во згрижување и установи за лица со посебни потреби, болници, бегалски установи, но и во сместување за бездомници и градинки.

Исто така, луѓето со симптоми сепак ќе бидат бесплатно тестирани за коронавирус. Како ќе се спроведе новата стратегија за тестирање останува одговорност на провинциите. Повеќето провинции се држат до мешан систем на „домашни тестови“ и тестови во аптеките. Провинцијата Штаерска, на пример, во иднина ќе дозволува тестирање само во аптеките.

 

The post Австрија има нова стратегија за тестирање за ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Во Австрија денеска стапи на сила новата стратегија за тестирање против коронавирус, која предвидува пет бесплатни ПЦР и антигенски тестови за граѓаните, наместо досегашните неограничени можности за тестирање на трошок на државата. Според уредбата на австриското министерство за здравство, секој има право на пет антигенски и пет ПЦР тестови на трошок на државата месечно. Во текот на април овозможено е користење и на дополнителните пет „постари“ тестови кои им беа оставени на граѓаните. Покрај тоа, постојат различни групи за кои бесплатното тестирање остана неограничено, а тоа е за персонал, но и за штитеници во згрижување и установи за лица со посебни потреби, болници, бегалски установи, но и во сместување за бездомници и градинки. Исто така, луѓето со симптоми сепак ќе бидат бесплатно тестирани за коронавирус. Како ќе се спроведе новата стратегија за тестирање останува одговорност на провинциите. Повеќето провинции се држат до мешан систем на „домашни тестови“ и тестови во аптеките. Провинцијата Штаерска, на пример, во иднина ќе дозволува тестирање само во аптеките.  

The post Австрија има нова стратегија за тестирање за ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Д-р Шопова: Еден ист пациент го тестираме по 4-5 пати во еден ден, а немаме доволно термини за останатите пациенти да се тестираат во јавните здравствени установи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-shopova-eden-ist-pacient-go-testirame-po-4-5-pati-vo-eden-den-a-nemame-dovolno-termini-za-ostanatite-pacienti-da-se-testiraat-vo-javnite-zdravstveni-ustanovi/ Wed, 16 Mar 2022 14:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=473837

Прим. д-р Жаклина Шопова од Инфективната клиника, на социјалните мрежи го критикува протоколот според кој еден пациент мора да прави нов тест за Ковид-19 при секое испитување на коешто ќе биде испратен.

Статусот на д-р Шопова го пренесуваме во целост:

Во една економска и здравствена криза, ако еден пациент заради одреден здравствен проблем се упати во една институција и таму врз основа на клиничкиот преглед лекарот назначи тест за ковид, и доколку истиот излезе негативен, па се упати на дополнителни консултативни прегледи во уште 3-4 здрав. институции замислите... По 2 години пандемија, после поставениот протокол за постапување при сомнение за коронавирусна инфекција, пациентот се тестира секаде, дали со брзи, дали со ПЦР тестови !!!

 

Дали ние, мислам генерално како држава, имаме во здравството толку голем буџет, па еден ист пациент го тестираме по 4-5 пати во еден ден од една страна, а од друга, немаме доволно термини за останатите пациенти да се тестираат во јавните здравствени установи.

 

Дали г- дине министер за здравство сте запознаени со овој проблем на пациентите !?

 

Дали сте запознаени како директорите назначени од Филипче ги менаџираат здравствените институции при што трошат пари на граѓаните, а граѓаните принудени се да плаќаат по приватните лаборатории и приватните болници!?

 

И по 2 години пандемија секој си постапува како сака, како мисли дека е правилно!!!

 

Вие сте на местото, вие сте тој кој треба да стави ред во здравството!

The post Д-р Шопова: Еден ист пациент го тестираме по 4-5 пати во еден ден, а немаме доволно термини за останатите пациенти да се тестираат во јавните здравствени установи appeared first on Република.

]]>

Прим. д-р Жаклина Шопова од Инфективната клиника, на социјалните мрежи го критикува протоколот според кој еден пациент мора да прави нов тест за Ковид-19 при секое испитување на коешто ќе биде испратен. Статусот на д-р Шопова го пренесуваме во целост:
Во една економска и здравствена криза, ако еден пациент заради одреден здравствен проблем се упати во една институција и таму врз основа на клиничкиот преглед лекарот назначи тест за ковид, и доколку истиот излезе негативен, па се упати на дополнителни консултативни прегледи во уште 3-4 здрав. институции замислите... По 2 години пандемија, после поставениот протокол за постапување при сомнение за коронавирусна инфекција, пациентот се тестира секаде, дали со брзи, дали со ПЦР тестови !!!   Дали ние, мислам генерално како држава, имаме во здравството толку голем буџет, па еден ист пациент го тестираме по 4-5 пати во еден ден од една страна, а од друга, немаме доволно термини за останатите пациенти да се тестираат во јавните здравствени установи.   Дали г- дине министер за здравство сте запознаени со овој проблем на пациентите !?   Дали сте запознаени како директорите назначени од Филипче ги менаџираат здравствените институции при што трошат пари на граѓаните, а граѓаните принудени се да плаќаат по приватните лаборатории и приватните болници!?   И по 2 години пандемија секој си постапува како сака, како мисли дека е правилно!!!   Вие сте на местото, вие сте тој кој треба да стави ред во здравството!

The post Д-р Шопова: Еден ист пациент го тестираме по 4-5 пати во еден ден, а немаме доволно термини за останатите пациенти да се тестираат во јавните здравствени установи appeared first on Република.

]]>
Петличковски: Од понеделник ќе се прави скрининг-тестирање за да се види дали и каков имунитет има во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petlichkovski-od-ponedelnik-kje-se-pravi-skrining-testiranje-za-da-se-vidi-dali-i-kakov-imunitet-ima-vo-zemjava/ Thu, 10 Feb 2022 20:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=456952

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски најави дека од понеделник ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на Ковид-19 има населението во земјава. Како што истакна д-р Петличковски во гостување во дневникот на ТВ Сител, тоа ќе помогне во планирањето на идните активности и на Комисијата и на државата.

Едно вакво тестирање беше направено пред една година и тоа покажа дека околу 30 отсто од испитаниците биле серопозитивни односно имаме некаков имунитет.

Тоа истражување го правевме пред една година. Сега тестирањето ќе го почнеме од понеделник и ако не собереме доволен број испитаници ќе го продолжиме и за следната недела. Очекуваме да дознаеме во овој момент, една година по првото истражување, каква е серопреваленцата односно колку од тестираните луѓе имаат некаков имунитет - изјави д-р Петличковски.

Тој додаде дека тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но најави дека има можност и да се прошири во целата земја.

Ова го планираме за Град Скопје, но има можност, разговарав со министерот за здравство, да го прошириме и на Македонија за да добиеме пореални податоци за имунизацијата во овој момент. Точно пред една година кога го правевме испитувањето немаше достапни вакцини и тие триесеттина отсто серопозитивни се должеа исклучиво на прележана болест. Сега има многу повеќе прележани и вакцинирани, така што ќе добиеме некаква насока - изјави претседателот на Комисијата за заразни болести.

Д-р Петличковски нагласи дека со илјада испитаници од Скопје или две до три илјади од земјава, нема да имаме најпрецизни податоци, но, ќе имаме патоказ на каде се движиме, а тоа, според него, е неопходно за да може да се планираат следните мерки како на Комисијата, така и на државата.

The post Петличковски: Од понеделник ќе се прави скрининг-тестирање за да се види дали и каков имунитет има во земјава appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски најави дека од понеделник ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на Ковид-19 има населението во земјава. Како што истакна д-р Петличковски во гостување во дневникот на ТВ Сител, тоа ќе помогне во планирањето на идните активности и на Комисијата и на државата. Едно вакво тестирање беше направено пред една година и тоа покажа дека околу 30 отсто од испитаниците биле серопозитивни односно имаме некаков имунитет.
Тоа истражување го правевме пред една година. Сега тестирањето ќе го почнеме од понеделник и ако не собереме доволен број испитаници ќе го продолжиме и за следната недела. Очекуваме да дознаеме во овој момент, една година по првото истражување, каква е серопреваленцата односно колку од тестираните луѓе имаат некаков имунитет - изјави д-р Петличковски.
Тој додаде дека тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но најави дека има можност и да се прошири во целата земја.
Ова го планираме за Град Скопје, но има можност, разговарав со министерот за здравство, да го прошириме и на Македонија за да добиеме пореални податоци за имунизацијата во овој момент. Точно пред една година кога го правевме испитувањето немаше достапни вакцини и тие триесеттина отсто серопозитивни се должеа исклучиво на прележана болест. Сега има многу повеќе прележани и вакцинирани, така што ќе добиеме некаква насока - изјави претседателот на Комисијата за заразни болести.
Д-р Петличковски нагласи дека со илјада испитаници од Скопје или две до три илјади од земјава, нема да имаме најпрецизни податоци, но, ќе имаме патоказ на каде се движиме, а тоа, според него, е неопходно за да може да се планираат следните мерки како на Комисијата, така и на државата.

The post Петличковски: Од понеделник ќе се прави скрининг-тестирање за да се види дали и каков имунитет има во земјава appeared first on Република.

]]>
Државните лаборатории за ПЦР тестирања ги зголемуваат капацитетите за 20 проценти, се чека одобрение од ФЗОМ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/drzavnite-laboratorii-za-pcr-testiranja-gi-zgolemuvaat-kapacitetite-za-20-procenti-se-cheka-odobrenie-od-fzom/ Tue, 08 Feb 2022 09:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=455574

Министерот за здравство Беким Сали контактирал со надлежни во јавно здравствените установи кои вршат ПЦР тестирања и тие покажале подготвеност да го зголемат капацитетот за тестирање за 20 проценти, велат од Министерството за здравство за „Слободен печат“.

За ова треба да се произнесе и ФЗОМ, додаваат оттаму.

Меѓу првите приоритети на МЗ е и тоа да се намали цената на ПЦР тестирањето во приватните лаборатории.

,Во тек се разговори и со приватните лаборатории за високите цени кои граѓаните ги плаќаат за тестови за ковид и лабораториски услуги, додаваат од МЗ.

The post Државните лаборатории за ПЦР тестирања ги зголемуваат капацитетите за 20 проценти, се чека одобрение од ФЗОМ appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Беким Сали контактирал со надлежни во јавно здравствените установи кои вршат ПЦР тестирања и тие покажале подготвеност да го зголемат капацитетот за тестирање за 20 проценти, велат од Министерството за здравство за „Слободен печат“. За ова треба да се произнесе и ФЗОМ, додаваат оттаму. Меѓу првите приоритети на МЗ е и тоа да се намали цената на ПЦР тестирањето во приватните лаборатории. ,Во тек се разговори и со приватните лаборатории за високите цени кои граѓаните ги плаќаат за тестови за ковид и лабораториски услуги, додаваат од МЗ.

The post Државните лаборатории за ПЦР тестирања ги зголемуваат капацитетите за 20 проценти, се чека одобрение од ФЗОМ appeared first on Република.

]]>
За Шведска масовното ковид-тестирање веќе не е исплатливо https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/za-shvedska-masovnoto-kovid-testiranje-vekje-ne-e-isplatlivo/ Mon, 07 Feb 2022 13:15:06 +0000 https://republika.mk/?p=455160

Дојдовме до точка каде што цената и релевантноста на тестирањето повеќе не се оправдани, изјави синоќа Карин Тегмарк Висел, директор на Шведскиот институт за јавно здравје, за шведската национална телевизија.

Шведска во среда ќе ги укине сите епидемиолошки мерки, кои во некоја форма се во сила од почетокот на пандемијата во март 2020 година, а една од промените е прекин на опсежното тестирање за коронавирус.

Од среда, граѓаните со симптоми на Ковид-19 за чија состојба не е потребна хоспитализација генерално повеќе нема да се тестираат во системот на јавното здравство, но капацитетите целосно ќе се пренасочат кон тестирање на персоналот и пациентите од болничкиот систем и системот за нега на стари лица и ранливи.

Екстензивното тестирање на сите луѓе со Ковид-19 би чинело околу 50 милиони евра неделно, или 200 милиони евра месечно. Во моментов, половина од сите тестови се позитивни. Социјалните ресурси треба да се користат таму каде што носат најмногу придобивки. Ако сеопфатното тестирање би придонело за подобра контрола на инфекцијата, тогаш тоа би се исплатело, но денес имаме други системи за следење, вели тој.

Висел го оправдува напуштањето на масовното тестирање со законодавството поврзано со активностите на Институтот за јавно здравје: и мерките мора да бидат во корелација со социјалните ресурси. За време на пандемијата, следевме рамнотежа помеѓу трошоците и придобивките, нагласи Висел.

Шведска потроши околу две милијарди евра на тестови од почетокот на пандемијата. Од другата страна на теснецот Ересунд, Данска веќе ги укина епидемиолошките мерки на 1 февруари, но сè уште ги тестира граѓаните за коронавирус.

Сè уште е важно да се тестираат за симптоми. Ова може да биде клинички релевантно за поединечни пациенти. Доколку симптомите се развијат во сериозна болест, потребна е дијагноза дали се работи за ковид-19, грип или нешто друго, рече Сорен Бростром, директор на данскиот институт за јавно здравје.

The post За Шведска масовното ковид-тестирање веќе не е исплатливо appeared first on Република.

]]>

Дојдовме до точка каде што цената и релевантноста на тестирањето повеќе не се оправдани, изјави синоќа Карин Тегмарк Висел, директор на Шведскиот институт за јавно здравје, за шведската национална телевизија.
Шведска во среда ќе ги укине сите епидемиолошки мерки, кои во некоја форма се во сила од почетокот на пандемијата во март 2020 година, а една од промените е прекин на опсежното тестирање за коронавирус. Од среда, граѓаните со симптоми на Ковид-19 за чија состојба не е потребна хоспитализација генерално повеќе нема да се тестираат во системот на јавното здравство, но капацитетите целосно ќе се пренасочат кон тестирање на персоналот и пациентите од болничкиот систем и системот за нега на стари лица и ранливи.
Екстензивното тестирање на сите луѓе со Ковид-19 би чинело околу 50 милиони евра неделно, или 200 милиони евра месечно. Во моментов, половина од сите тестови се позитивни. Социјалните ресурси треба да се користат таму каде што носат најмногу придобивки. Ако сеопфатното тестирање би придонело за подобра контрола на инфекцијата, тогаш тоа би се исплатело, но денес имаме други системи за следење, вели тој.
Висел го оправдува напуштањето на масовното тестирање со законодавството поврзано со активностите на Институтот за јавно здравје: и мерките мора да бидат во корелација со социјалните ресурси. За време на пандемијата, следевме рамнотежа помеѓу трошоците и придобивките, нагласи Висел. Шведска потроши околу две милијарди евра на тестови од почетокот на пандемијата. Од другата страна на теснецот Ересунд, Данска веќе ги укина епидемиолошките мерки на 1 февруари, но сè уште ги тестира граѓаните за коронавирус.
Сè уште е важно да се тестираат за симптоми. Ова може да биде клинички релевантно за поединечни пациенти. Доколку симптомите се развијат во сериозна болест, потребна е дијагноза дали се работи за ковид-19, грип или нешто друго, рече Сорен Бростром, директор на данскиот институт за јавно здравје.

The post За Шведска масовното ковид-тестирање веќе не е исплатливо appeared first on Република.

]]>
Хрватска наскоро ќе почне еднаш неделно да ги тестира учениците за коронавирус https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-naskoro-kje-pochne-ednash-nedelno-da-gi-testira-uchenicite-za-koronavirus/ Wed, 26 Jan 2022 09:45:12 +0000 https://republika.mk/?p=449597

Децата на школска возраст во Хрватска наскоро ќе имаат обврска секој понеделник да се тестираат на коронавирус пред да одат на училиште. Како што дознава Јутарњи лист, во тек е изработка на план предложен од Министерството за наука и образование, согласно кој тестовите би биле дистрибуирани во сите училишта во Хрватска, по што би им биле поделени на родителите.

Учениците од прво одделение до завршни одделенија во гимназија би се тестирале дома еднаш неделно, а Министерството наскоро ќе објави подетални информации за тоа.

Сметаме дека тоа е логичен правец. Има многу болни деца, но и самоизолација. Основниот план е децата да бидат тестирани од родителите во понеделник пред училиште. Засега се планира тест еднаш неделно, но доколку некој се покаже позитивен, епидемиолошката служба и училиштата одредуваат како ќе постапат – вели потпретседателот на Владата, Давор Божиновиќ.

Според ТВ Нова, тестирањето на децата би можело да почне за десет дена. Само заразените деца треба да останат дома. Сега е потребно се да се подготви логистички и да се опремат училиштата со милиони тестови.

Речиси 30.000 деца во Хрватска сега се заразени или се во самоизолација, најголем дел од нив основци. И наставници се заразени, така што часовите се одржуваат онлајн одвреме-навреме, наведува медиимот.

The post Хрватска наскоро ќе почне еднаш неделно да ги тестира учениците за коронавирус appeared first on Република.

]]>

Децата на школска возраст во Хрватска наскоро ќе имаат обврска секој понеделник да се тестираат на коронавирус пред да одат на училиште. Како што дознава Јутарњи лист, во тек е изработка на план предложен од Министерството за наука и образование, согласно кој тестовите би биле дистрибуирани во сите училишта во Хрватска, по што би им биле поделени на родителите. Учениците од прво одделение до завршни одделенија во гимназија би се тестирале дома еднаш неделно, а Министерството наскоро ќе објави подетални информации за тоа.
Сметаме дека тоа е логичен правец. Има многу болни деца, но и самоизолација. Основниот план е децата да бидат тестирани од родителите во понеделник пред училиште. Засега се планира тест еднаш неделно, но доколку некој се покаже позитивен, епидемиолошката служба и училиштата одредуваат како ќе постапат – вели потпретседателот на Владата, Давор Божиновиќ.
Според ТВ Нова, тестирањето на децата би можело да почне за десет дена. Само заразените деца треба да останат дома. Сега е потребно се да се подготви логистички и да се опремат училиштата со милиони тестови. Речиси 30.000 деца во Хрватска сега се заразени или се во самоизолација, најголем дел од нив основци. И наставници се заразени, така што часовите се одржуваат онлајн одвреме-навреме, наведува медиимот.

The post Хрватска наскоро ќе почне еднаш неделно да ги тестира учениците за коронавирус appeared first on Република.

]]>
Кина воведе анално тестирање за ковид на две недели пред Зимските олимписки игри https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-vovede-analno-testiranje-za-kovid-na-dve-nedeli-pred-zimskite-olimpiski-igri/ Sun, 23 Jan 2022 08:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=448276

Првиот случај на омикрон е забележан во Пекинг на 15 јануари, по што следеа уште десет, што ги натера градските власти да воведат строга блокада. Пекинг њуз објави дека 27 станари во зградата во која живее жената со првиот случај на омикрон биле подложени на анален тест, за кој Кинезите веруваат дека е поефективен.

Аналниот тест се прави со вметнување на стапче долго пет сантиметри со стерилизирана памучна вата во ректумот, по што се ротира, се вади и се испраќа на анализа.

Кинеските експерти уште во март минатата година се залагале за ваков инвазивен и непријатен начин на тестирање бидејќи тврдат дека трагите од Ковид може да се откријат подолго во примероците на столицата отколку во носот или грлото.

И додека нема вести за тоа како кинеското население го прифаќа овој тип на тестирање, другите земји отворено се побунија, загрижени за достоинството и менталното здравје на своите граѓани кои се наоѓаат во Кина. Јапонија веќе побарала од Кина да престане да зема брисеви од анусот, бидејќи тоа предизвикува „психолошка непријатност“ кај некои патници.

Кинескиот лекар Лу Хонгжу за државните медиуми изјавил дека патниците имаат алтернатива да ги донесат сопствените примероци од столицата до соодветните служби на аеродромот. Тоа не било прифатено за да се спречи фалсификување на туѓи примероци.

Исто како и на минатогодишните Олимписки игри во Токио, така и на Олимпијадата во Пекинг нема да има гледачи, барем не во вистинскиот број. Кинеските власти се откажаа од јавна продажба на билети и најавија дека пристапот ќе им биде дозволен само на „одбраните“ гледачи.

The post Кина воведе анално тестирање за ковид на две недели пред Зимските олимписки игри appeared first on Република.

]]>

Првиот случај на омикрон е забележан во Пекинг на 15 јануари, по што следеа уште десет, што ги натера градските власти да воведат строга блокада. Пекинг њуз објави дека 27 станари во зградата во која живее жената со првиот случај на омикрон биле подложени на анален тест, за кој Кинезите веруваат дека е поефективен. Аналниот тест се прави со вметнување на стапче долго пет сантиметри со стерилизирана памучна вата во ректумот, по што се ротира, се вади и се испраќа на анализа. Кинеските експерти уште во март минатата година се залагале за ваков инвазивен и непријатен начин на тестирање бидејќи тврдат дека трагите од Ковид може да се откријат подолго во примероците на столицата отколку во носот или грлото. И додека нема вести за тоа како кинеското население го прифаќа овој тип на тестирање, другите земји отворено се побунија, загрижени за достоинството и менталното здравје на своите граѓани кои се наоѓаат во Кина. Јапонија веќе побарала од Кина да престане да зема брисеви од анусот, бидејќи тоа предизвикува „психолошка непријатност“ кај некои патници. Кинескиот лекар Лу Хонгжу за државните медиуми изјавил дека патниците имаат алтернатива да ги донесат сопствените примероци од столицата до соодветните служби на аеродромот. Тоа не било прифатено за да се спречи фалсификување на туѓи примероци. Исто како и на минатогодишните Олимписки игри во Токио, така и на Олимпијадата во Пекинг нема да има гледачи, барем не во вистинскиот број. Кинеските власти се откажаа од јавна продажба на билети и најавија дека пристапот ќе им биде дозволен само на „одбраните“ гледачи.

The post Кина воведе анално тестирање за ковид на две недели пред Зимските олимписки игри appeared first on Република.

]]>
Словенија има лоша епидемиолошка слика и се влошува осми ден по ред https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenija-ima-losha-epidemioloshka-slika-i-se-vloshuva-osmi-den-po-red/ Tue, 04 Jan 2022 08:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=440301

Словенија има лоша епидемиолошка слика и таа се влошува 8-ми ден по ред.

Во Словенија за 24 часа има 1.008 заразени со коронавирусот.

Од 2.282 тестирани денеска се откриени 1.008 заразени, а позитивни се 44,2 отсто, јави Институтот за јавно здравје.

Состојбата во болниците не е многу влошена, а со 18.386 активни, во болница се само 533 ковид-пациенти, од кои 171 на интензивнанега. Денеска има тројца починати, со што вкупниот број жртви е 5.603. Пред една седмица имаше 698 нови, а уделот беше 37,8 отсто. Повеќе од 1.000 заразени во еден ден имаше на крајот на ноември. Омикрон сојот се шири во регионот. Дел од земјите ги ревидираа анти ковид мерките.

The post Словенија има лоша епидемиолошка слика и се влошува осми ден по ред appeared first on Република.

]]>

Словенија има лоша епидемиолошка слика и таа се влошува 8-ми ден по ред. Во Словенија за 24 часа има 1.008 заразени со коронавирусот. Од 2.282 тестирани денеска се откриени 1.008 заразени, а позитивни се 44,2 отсто, јави Институтот за јавно здравје.
Состојбата во болниците не е многу влошена, а со 18.386 активни, во болница се само 533 ковид-пациенти, од кои 171 на интензивнанега. Денеска има тројца починати, со што вкупниот број жртви е 5.603. Пред една седмица имаше 698 нови, а уделот беше 37,8 отсто. Повеќе од 1.000 заразени во еден ден имаше на крајот на ноември. Омикрон сојот се шири во регионот. Дел од земјите ги ревидираа анти ковид мерките.

The post Словенија има лоша епидемиолошка слика и се влошува осми ден по ред appeared first on Република.

]]>
Редици во Грција за тестирање за Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/redici-vo-grcija-za-testiranje-za-kovid-19/ Mon, 03 Jan 2022 09:47:33 +0000 https://republika.mk/?p=439927

Огромни редици веќе трет ден има пред болниците и здравствените центри во повеќе делови на Грција, од граѓани кои чекаат да се тестираат за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Дел од граѓаните се со симптоми или веќе имаат позитивен резултат од селф тестот, односно тестот за домашна употреба и чекаат да се тестираат со рапид или ПЦР, додека пак други сакаат да се проверат бидејќи имале контакт со потврден случај.

Редици освен во Атина, има и во Солун, но и во други градови, а граѓаните, ја користат можноста за бесплатно тестирање, не само во државните болници, туку и на местата каде што се мобилните единици на Националната организација за јавно здравје на Грција, кои тестираат со брзи тестови.

Тестирања се вршат и во аптеките, каде што цената на рапид тестот е најмногу десет евра, додека пак во приватните дијагностички центри, ПЦР тестот е 60 евра.

Алтернативната министерка за здравство на Грција Мина Гага, објасни дека за добивање потврда за прележан Ковид-19 вакцинираните не мора да се тестираат и со ПЦР, туку доволен е позитивен резултат на рапид тест.

Од минатата седмица, во Грција има драстично зголемување на новозаразените и брзо ширење на вирусот со над 170.000 нови случаи за само шест дена.

Вчера, беа регистрирани 17.633 заразени од 78.679 тестови, односно стапката на позитивност е околу 22 отсто.

За време на празниците, Грците добија по два бесплатни селф тестови за самите да се тестираат во домашни услови за дополнително да се спречи ширењето на вирусот.

The post Редици во Грција за тестирање за Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Огромни редици веќе трет ден има пред болниците и здравствените центри во повеќе делови на Грција, од граѓани кои чекаат да се тестираат за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Дел од граѓаните се со симптоми или веќе имаат позитивен резултат од селф тестот, односно тестот за домашна употреба и чекаат да се тестираат со рапид или ПЦР, додека пак други сакаат да се проверат бидејќи имале контакт со потврден случај. Редици освен во Атина, има и во Солун, но и во други градови, а граѓаните, ја користат можноста за бесплатно тестирање, не само во државните болници, туку и на местата каде што се мобилните единици на Националната организација за јавно здравје на Грција, кои тестираат со брзи тестови. Тестирања се вршат и во аптеките, каде што цената на рапид тестот е најмногу десет евра, додека пак во приватните дијагностички центри, ПЦР тестот е 60 евра.
Алтернативната министерка за здравство на Грција Мина Гага, објасни дека за добивање потврда за прележан Ковид-19 вакцинираните не мора да се тестираат и со ПЦР, туку доволен е позитивен резултат на рапид тест.
Од минатата седмица, во Грција има драстично зголемување на новозаразените и брзо ширење на вирусот со над 170.000 нови случаи за само шест дена. Вчера, беа регистрирани 17.633 заразени од 78.679 тестови, односно стапката на позитивност е околу 22 отсто. За време на празниците, Грците добија по два бесплатни селф тестови за самите да се тестираат во домашни услови за дополнително да се спречи ширењето на вирусот.

The post Редици во Грција за тестирање за Ковид-19 appeared first on Република.

]]>