тест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/test/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jun 2024 15:19:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/test/ 32 32 Дарија Андоновска: А, што очекувате од деца чии родители им купуваат скапи автомобили зашто завршиле задолжително образование? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/darija-andonovska-a-shto-ochekuvate-od-detsa-chii-roditeli-im-kupuvaat-skapi-avtomobili-zashto-zavrshile-zadolzhitelno-obrazovanie/ Mon, 03 Jun 2024 16:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=784457

Препишувале децата на државна матура.

А што очекувавте?

Што да се очекува од деца,
чии родители (секоја чест на исклучоците)
вршат притисоци, од прво одделение па натаму,
за повисока оценка наместо да работат со децата?

Што да се очекува од деца,
чии родители (секоја чест на исклучоците)
никогаш не им дале доверба и одговорност,
туку напротив, ги пишуваат нивните домашни задачи?

Што да се очекува од деца,
чии родители (секоја чест на исклучоците)
од матурските прават свадби, им купуваат скапи автомобили зашто завршиле задолжително образование?

Што да се очекува од деца,
чии родители (секоја чест на исклучоците)
ќе ги вработат благодарние на нивните врски,
а не поради тоа што децата инвестирале во себе, го научиле и ќе го научат?

Од дома почнува сè.

Фејсбук статус на професорката Дарија Андовска

The post Дарија Андоновска: А, што очекувате од деца чии родители им купуваат скапи автомобили зашто завршиле задолжително образование? appeared first on Република.

]]>

Препишувале децата на државна матура. А што очекувавте? Што да се очекува од деца, чии родители (секоја чест на исклучоците) вршат притисоци, од прво одделение па натаму, за повисока оценка наместо да работат со децата? Што да се очекува од деца, чии родители (секоја чест на исклучоците) никогаш не им дале доверба и одговорност, туку напротив, ги пишуваат нивните домашни задачи? Што да се очекува од деца, чии родители (секоја чест на исклучоците) од матурските прават свадби, им купуваат скапи автомобили зашто завршиле задолжително образование? Што да се очекува од деца, чии родители (секоја чест на исклучоците) ќе ги вработат благодарние на нивните врски, а не поради тоа што децата инвестирале во себе, го научиле и ќе го научат? Од дома почнува сè. Фејсбук статус на професорката Дарија Андовска

The post Дарија Андоновска: А, што очекувате од деца чии родители им купуваат скапи автомобили зашто завршиле задолжително образование? appeared first on Република.

]]>
„Заминавме“, му напишаа на директорот на ЈСП возачи кои отидоа да полагаат за дозвола за возење во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zaminavme-mu-napishaa-na-direktorot-na-jsp-vozachi-koi-otidoa-da-polagaat-za-dozvola-za-vozene-vo-eu/ Thu, 12 Oct 2023 11:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=690527

„Заминавме“, пишува кратко во својот пост на Фејсбук еден од возачите на ЈСП „Скопје“ кои вчера со организиран превоз тргнаа за Кршко, Словенија, објави „Плусинфо“.

Како што пишува порталот тие веќе денеска ќе треба да полагаат за „КОД95“, дозвола која им овозможува да возат во земјите од Европската Унија, поточно во Германија каде точно 168 возачи имаат договор за работа со тамошна компанија.

Откако викендов ги завршија обуките со предавачот Далибор Млаѓеновиќ од компанијата „КОДА95“, 37 возачи штом ќе пристигнат веднаш ќе почнат да полагаат за возење автобус. Полагањето ќе трае околу час и половина. Во сабота тие би требало да го полагаат писмениот дел по што ќе се вратат во Македонија. Тие што ќе положат ќе можат да поднесат за работна виза во германската амбасада во Скопје.

Дел од возачите, кои сè уште сакаат да бидат анонимни, ни посочија дека имале големи проблеми со раководството на ЈСП „Скопје“, бидејќи како што велат не им било дозволено да земат слободни денови.

Целиот текст овде

The post „Заминавме“, му напишаа на директорот на ЈСП возачи кои отидоа да полагаат за дозвола за возење во ЕУ appeared first on Република.

]]>

„Заминавме“, пишува кратко во својот пост на Фејсбук еден од возачите на ЈСП „Скопје“ кои вчера со организиран превоз тргнаа за Кршко, Словенија, објави „Плусинфо“. Како што пишува порталот тие веќе денеска ќе треба да полагаат за „КОД95“, дозвола која им овозможува да возат во земјите од Европската Унија, поточно во Германија каде точно 168 возачи имаат договор за работа со тамошна компанија. Откако викендов ги завршија обуките со предавачот Далибор Млаѓеновиќ од компанијата „КОДА95“, 37 возачи штом ќе пристигнат веднаш ќе почнат да полагаат за возење автобус. Полагањето ќе трае околу час и половина. Во сабота тие би требало да го полагаат писмениот дел по што ќе се вратат во Македонија. Тие што ќе положат ќе можат да поднесат за работна виза во германската амбасада во Скопје. Дел од возачите, кои сè уште сакаат да бидат анонимни, ни посочија дека имале големи проблеми со раководството на ЈСП „Скопје“, бидејќи како што велат не им било дозволено да земат слободни денови. Целиот текст овде

The post „Заминавме“, му напишаа на директорот на ЈСП возачи кои отидоа да полагаат за дозвола за возење во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Коста бил негативен на алкохол и дрога, покажа токсиколошката анализа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosta-bil-negativen-na-alkohol-i-droga-pokazha-toksikoloshkata-analiza/ Thu, 04 May 2023 20:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=637085

Токсиколошките анализи на крвта на Коста Кецмановиќ (13), кој вчера уби осум врсници и чуварот во училиштето, а повреди шест деца и наставничката по историја, бил негативен на алкохол и наркотици, дознава „Блиц“.

Според медиумот, момчето од синоќа е на Клиниката за невропсихијатрија за деца и млади, на специјално детско одделение.

Лекарите во наредните денови треба да извршат опсервација, а рочиштето на таткото е утре во 10 часот во Палатата на правдата – потврди семејната адвокатка Ирина Боровиќза „Блиц“.

Според сознанија на медиумот, момчето ноќта ја поминало на клиника, а кога ќе бидат завршени сите анализи, ќе се утврдува што понатаму со него.

Тој вчераутро влегол во училиштето со пиштолот на својот татко, првин пукал во училишниот чувар, потоа во дежурните ученици, а потоа се упатил кон канцеларијата за историја. Таму ја ранил учителката, а потоа почнал да пука во своите врсници. Според официјалните информации од МУП, убиени се седум девојчиња, едно момче и училишниот чувар. Шест деца се ранети, како и наставничката по историја.

Синоќа, илјадници граѓани од Србија им оддадоа почит на убиените деца и на училишниот чувар. Палеа свеќи во Белград, Нови Сад, Ваелво, Ужице.

 

The post Коста бил негативен на алкохол и дрога, покажа токсиколошката анализа appeared first on Република.

]]>

Токсиколошките анализи на крвта на Коста Кецмановиќ (13), кој вчера уби осум врсници и чуварот во училиштето, а повреди шест деца и наставничката по историја, бил негативен на алкохол и наркотици, дознава „Блиц“. Според медиумот, момчето од синоќа е на Клиниката за невропсихијатрија за деца и млади, на специјално детско одделение. Лекарите во наредните денови треба да извршат опсервација, а рочиштето на таткото е утре во 10 часот во Палатата на правдата – потврди семејната адвокатка Ирина Боровиќза „Блиц“. Според сознанија на медиумот, момчето ноќта ја поминало на клиника, а кога ќе бидат завршени сите анализи, ќе се утврдува што понатаму со него. Тој вчераутро влегол во училиштето со пиштолот на својот татко, првин пукал во училишниот чувар, потоа во дежурните ученици, а потоа се упатил кон канцеларијата за историја. Таму ја ранил учителката, а потоа почнал да пука во своите врсници. Според официјалните информации од МУП, убиени се седум девојчиња, едно момче и училишниот чувар. Шест деца се ранети, како и наставничката по историја. Синоќа, илјадници граѓани од Србија им оддадоа почит на убиените деца и на училишниот чувар. Палеа свеќи во Белград, Нови Сад, Ваелво, Ужице.  

The post Коста бил негативен на алкохол и дрога, покажа токсиколошката анализа appeared first on Република.

]]>
Само мал број на луѓе може да ја забележат рибата скриена на морското дно https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/samo-mal-broj-na-luge-mozhe-da-ja-zabelezhat-ribata-skriena-na-morskoto-dno/ Mon, 01 May 2023 19:27:30 +0000 https://republika.mk/?p=635815

Според креаторите (JagranJosh) на забавниот предизвик само 5% од луѓето ќе ја најдат рибата, а ако ја најдете, тоа е добра вест, бидејќи наводно е знак дека имате високо ниво на коефициент на интелигенција.

Шарената слика прикажува подводна сцена исполнета со различни морски суштества, вклучувајќи желка, октопод, морска ѕвезда, морски коњ и рак. Поради фактот што сите животни се големи и смели, би замислиле дека рибите би биле лесно да се забележат – но луѓето се мачат.

The post Само мал број на луѓе може да ја забележат рибата скриена на морското дно appeared first on Република.

]]>

Според креаторите (JagranJosh) на забавниот предизвик само 5% од луѓето ќе ја најдат рибата, а ако ја најдете, тоа е добра вест, бидејќи наводно е знак дека имате високо ниво на коефициент на интелигенција. Шарената слика прикажува подводна сцена исполнета со различни морски суштества, вклучувајќи желка, октопод, морска ѕвезда, морски коњ и рак. Поради фактот што сите животни се големи и смели, би замислиле дека рибите би биле лесно да се забележат – но луѓето се мачат. ↓ ↓ ↓ ↓

The post Само мал број на луѓе може да ја забележат рибата скриена на морското дно appeared first on Република.

]]>
Американската Агенција за храна и лекови го одобри првиот домашен тест за ковид и грип https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/amerikanskata-agentsija-za-hrana-i-lekovi-go-odobri-prviot-domashen-test-za-kovid-i-grip/ Mon, 06 Mar 2023 08:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=616287

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот домашен тест кој може да открие и ковид и грип.

Тестот користи брис од нос што и може да даде резултати за околу половина час, а во САД се продава без рецепт.

Може самостојно да го користат сите лица над 14 години, како и возрасни за тестирање деца на возраст над две години.

Тестот може да идентификува негативен резултат за вирусот тип А кој предизвикува грип со повеќе од 99 проценти точност и позитивен резултат со повеќе од 90 проценти точност.

Тој е 100 отсто прецизен за негативни примероци од ковид и повеќе од 88 отсто за позитивни резултати, пишува Си-Ен-Ен.

Истакнувајќи дека сите тестови носат ризик од лажно-позитивни или лажно негативни резултати, ФДА ги советува луѓето кои се позитивни на тестот за грип или ковид да преземат мерки на претпазливост за да избегнат ширење на болеста.

Доколку е потребно за лекување на пациентот, негативните резултати треба да се потврдат со лабораториски тест, додаваат од ФДА.

The post Американската Агенција за храна и лекови го одобри првиот домашен тест за ковид и грип appeared first on Република.

]]>

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот домашен тест кој може да открие и ковид и грип. Тестот користи брис од нос што и може да даде резултати за околу половина час, а во САД се продава без рецепт. Може самостојно да го користат сите лица над 14 години, како и возрасни за тестирање деца на возраст над две години. Тестот може да идентификува негативен резултат за вирусот тип А кој предизвикува грип со повеќе од 99 проценти точност и позитивен резултат со повеќе од 90 проценти точност. Тој е 100 отсто прецизен за негативни примероци од ковид и повеќе од 88 отсто за позитивни резултати, пишува Си-Ен-Ен. Истакнувајќи дека сите тестови носат ризик од лажно-позитивни или лажно негативни резултати, ФДА ги советува луѓето кои се позитивни на тестот за грип или ковид да преземат мерки на претпазливост за да избегнат ширење на болеста. Доколку е потребно за лекување на пациентот, негативните резултати треба да се потврдат со лабораториски тест, додаваат од ФДА.

The post Американската Агенција за храна и лекови го одобри првиот домашен тест за ковид и грип appeared first on Република.

]]>