тешка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teshka/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 11:22:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тешка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teshka/ 32 32 Таравари: Ова што се случува е последица на тоа што го наследивме, не треба да се политизираат случаи кога детето било болно и со тешка патологијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/taravari-ova-shto-se-sluchuva-e-posleditsa-na-toa-shto-go-nasledivme-ne-treba-da-se-politiziraat-sluchai-koga-deteto-bilo-bolno-i-so-teshka-patologijata/ Mon, 11 Nov 2024 11:22:02 +0000 https://republika.mk/?p=836305

Министерот за здравство Арбен Таравари сѐ уште не го добил извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат од вонредниот надзор на Клиниката за детски болести по смртта на петгодишното девојче со воспаление на мозокот.

Како што рече, очекува да го добие денеска или утре, но по обвинувањата за чести смртни случаи на Клиниката смета дека „посебно албанската опозиција се обидува на секаков начин да прикаже дека сега е сѐ катастрофа откако тие не се на власт“.

Во изјава за медиумите пред настан на кој беа презентирани резултати од воздухот во училишта и градинки во пет општини во државава, Таравари изјави дека и да биле „една, две, три години на власт, здравствениот систем повторно не може преку ноќ или за неколку месеци да се подобри“.

Ова што се случува е, секако, последица на тоа што го наследивме. Меѓутоа, како и да е, не треба да се политизираат случаи кога детето било болно и навистина патологијата била тешка, бидејќи од менингоенцефалитис секаде на светот починуваат деца, за жал, па се случува и кај нас. Директорот покажа и статистика за морталитетот на клиниката, така што не е нешто спектакуларно како што прикажуваат. На некаков начин сакаат да го тргнат вниманието на јавноста од реалните проблеми, па како да го критикуваме Таравари или директорот на Детската клиника, ќе кажеме дека починало некое дете. Кога се работи за лекарски пропусти, ние презедовме чекори, но за тешки пациенти, кои имаат сериозни болести, болниците се место каде што се лекуваат и, за жал, некои луѓе и починуваат, рече министерот.

Во врска со обвинувањата на Европскиот фронт дека со одлуката да не се брои нерезидентното население ќе се намали бројот на советници во општините, Таравари одговори дека треба самите да се критикуваат зашто самките го донеле законот додека биле на власт.

Јас не знам што бара Европски фронт. Овој закон кој е актуелен не го сменивме ние сега, тој е закон што го донесе Европски фронт во минатата влада кога се правеше пописот на населението во Македонија. Така што, треба самите себеси да се критикуваат. Да беше закон што сега го носиме, во ред, меѓутоа закон што е донесен пред пет или четири години и сега го критикуваат -не знам, ова е лудница, додаде Таравари. 

The post Таравари: Ова што се случува е последица на тоа што го наследивме, не треба да се политизираат случаи кога детето било болно и со тешка патологијата appeared first on Република.

]]>