тешка зима Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teshka-zima/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Oct 2022 08:08:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тешка зима Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teshka-zima/ 32 32 Што значи раното и обилно снежење на Сибир и Канада за Балканот и престојната зима? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/shto-znachi-ranoto-i-obilno-snezenje-na-sibir-i-kanada-za-balkanot-i-prestojnata-zima/ Mon, 17 Oct 2022 08:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=561929

Како никогаш досега за зимава ни е битно дали ќе биде степен поладно или потопло. Ширум Европа се следат најновите прогнози за тоа што носи следната сезона и каква зима нè очекува.

Српскиот метеоролог Иван Ристиќ открива што значи за Балканот тоа што снегот годинава порано дојде на Сибир и во Канада.

На Сибир и во Канада веќе падна снег и тоа повеќе од просекот за овој период, што покажува дека зимата ќе биде постудена од вообичаено. Сибирскиот снег влијае на климата на северната хемисфера и го блокира потоплиот воздух од Атлантикот кој не може да стигне до Европа. Според нашиот пресек, на Балканот нè очекуваат постудени периоди на почетокот и на крајот на ноември, потоа многу студено и со многу снег време во првата половина на декември. Втората половина на декември ќе биде потопла, а во текот на јануари и февруари ќе има многу снег. Сигурно нè очекува силна зима, смета Ристиќ.

The post Што значи раното и обилно снежење на Сибир и Канада за Балканот и престојната зима? appeared first on Република.

]]>

Како никогаш досега за зимава ни е битно дали ќе биде степен поладно или потопло. Ширум Европа се следат најновите прогнози за тоа што носи следната сезона и каква зима нè очекува. Српскиот метеоролог Иван Ристиќ открива што значи за Балканот тоа што снегот годинава порано дојде на Сибир и во Канада.
На Сибир и во Канада веќе падна снег и тоа повеќе од просекот за овој период, што покажува дека зимата ќе биде постудена од вообичаено. Сибирскиот снег влијае на климата на северната хемисфера и го блокира потоплиот воздух од Атлантикот кој не може да стигне до Европа. Според нашиот пресек, на Балканот нè очекуваат постудени периоди на почетокот и на крајот на ноември, потоа многу студено и со многу снег време во првата половина на декември. Втората половина на декември ќе биде потопла, а во текот на јануари и февруари ќе има многу снег. Сигурно нè очекува силна зима, смета Ристиќ.

The post Што значи раното и обилно снежење на Сибир и Канада за Балканот и престојната зима? appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Идните шест месеци се клучни, некои држави ќе бидат уништени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-idnite-shest-meseci-se-kluchni-nekoi-drzavi-kje-bidat-unishteni/ Mon, 19 Sep 2022 19:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=552390

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Њујорк, каде учествува на 77-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, порача дека сега е „време на големи тензии и геополитички промени“, пренесуваат српските медиуми.

Тој уште еднаш драматично предупреди на „тешката зима“ што претстои.

Ќе зборувам за непочитување на меѓународното јавно право во случајот со Србија. Наша работа е да работиме за нашата земја, а не за некој друг. Јас сум горд на тоа, така сме работеле секогаш. Го зачувавме духот на слободата и независноста на нашата земја. Мислам дека не разбираме доволно што се случува и што ни претстои. Пред нас се шест клучни месеци во кои се прават разлики. Во кои ќе бидат оние кои едвај преживеале, со мали шанси за успешен напредок во иднина, оние кои преживеале, но ослабеле, и оние кои ги преживеале ударите, но излегле како најголеми од сите“, изјави Вучиќ.

„Ова ќе ја направи клучната разлика меѓу Германија и остатокот од Европа, без оглед на сите проблеми со кои се соочуваат. Можат да фрлаат пари, зборувам фигуративно, се разбира“, кажал тој и додал дека „многу мали држави во Европа ќе бидат уништени“, додаде тој, според српските медиуми.

Вучиќ од Њујорк уште еднаш порача дека „нема шанса да го пушти Косово во Обединетите нации“.

The post Вучиќ: Идните шест месеци се клучни, некои држави ќе бидат уништени appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Њујорк, каде учествува на 77-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, порача дека сега е „време на големи тензии и геополитички промени“, пренесуваат српските медиуми. Тој уште еднаш драматично предупреди на „тешката зима“ што претстои.
Ќе зборувам за непочитување на меѓународното јавно право во случајот со Србија. Наша работа е да работиме за нашата земја, а не за некој друг. Јас сум горд на тоа, така сме работеле секогаш. Го зачувавме духот на слободата и независноста на нашата земја. Мислам дека не разбираме доволно што се случува и што ни претстои. Пред нас се шест клучни месеци во кои се прават разлики. Во кои ќе бидат оние кои едвај преживеале, со мали шанси за успешен напредок во иднина, оние кои преживеале, но ослабеле, и оние кои ги преживеале ударите, но излегле како најголеми од сите“, изјави Вучиќ.
„Ова ќе ја направи клучната разлика меѓу Германија и остатокот од Европа, без оглед на сите проблеми со кои се соочуваат. Можат да фрлаат пари, зборувам фигуративно, се разбира“, кажал тој и додал дека „многу мали држави во Европа ќе бидат уништени“, додаде тој, според српските медиуми. Вучиќ од Њујорк уште еднаш порача дека „нема шанса да го пушти Косово во Обединетите нации“.  

The post Вучиќ: Идните шест месеци се клучни, некои држави ќе бидат уништени appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Очекувам прилично сложена есен и тешка зима со многу немири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-ochekuvam-prilichno-slozena-esen-i-teshka-zima-so-mnogu-nemiri/ Fri, 16 Sep 2022 11:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=551424

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека поради кризата очекува, како што рече, сложена есен и тешка зима со многу немири.

Според него, претстои тежок и предизвикувачки период, а Владата не презема мерки, ниту политики со кои би се ублажила состојбата.

Ќе биде жестоко. Енергетската криза постепено се трансформира во економска и очекувам да има немири. Сега календарски уште сме лето, а се потешко се живее. Ценам дека периодот што следи навистина ќе биде тежок и предизвикувачки, а од владата не гледам некакви мерки или политики со кои би се ублажило сето ова. Очекувам прилично сложена есен и тешка зима со многу немири, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на општина Штип заедно со градоначалникот Иван Јорданов во рамки на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.

The post Мицкоски: Очекувам прилично сложена есен и тешка зима со многу немири appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека поради кризата очекува, како што рече, сложена есен и тешка зима со многу немири. Според него, претстои тежок и предизвикувачки период, а Владата не презема мерки, ниту политики со кои би се ублажила состојбата.
Ќе биде жестоко. Енергетската криза постепено се трансформира во економска и очекувам да има немири. Сега календарски уште сме лето, а се потешко се живее. Ценам дека периодот што следи навистина ќе биде тежок и предизвикувачки, а од владата не гледам некакви мерки или политики со кои би се ублажило сето ова. Очекувам прилично сложена есен и тешка зима со многу немири, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на општина Штип заедно со градоначалникот Иван Јорданов во рамки на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.

The post Мицкоски: Очекувам прилично сложена есен и тешка зима со многу немири appeared first on Република.

]]>
Врие од незадоволство: Лозарите гневни од цените, овчарите од субвенциите, камионџиите од границите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vrie-od-nezadovolstvo-lozarite-gnevni-od-cenite-ovcharite-od-subvenciite-kamiondziite-od-granicite/ Mon, 22 Aug 2022 09:43:47 +0000 https://republika.mk/?p=542787

Денеска на протест излегуваат транспортерите кои се незадоволни од долгото чекање на граничните премини. Викендов протестираа лозарите од Неготино со најава за понатамошни протести ако нема решение, а датум и место за протест се очекува и од одгледувачите на овци поради недобиените субвенции.

Протестот на камионџиите е најавен да почне точно напладне пред скопска „Мавровка“ каде што ќе биде сопрен сообраќајот 15 минути, а потоа камионџиите ќе се упатат пред Владата. Целиот протест, според најавите, ќе трае два и пол часа.

Независниот синдикат на професионални возачи на Македонија реагира дека на граничните премини се создаваат киломератски колони поради што се случуваат и штети – било да е тоа поради расипување на некоја стока, или поради непочитување на рокови.

Ние самите професионалните возачи мораме да ги надоместиме штетите, исто и транспортните фирми. Веќе ова е децениски проблем и мора да најдеме решение. Зошто ние да плаќаме за нечие несовесно работење? – вели за „Алфа“ Марјан Стевковски , Претседател на Независен синдикат на професионални возачи.

Како и секоја година, и оваа година има голем судир во интересите на лозарите и винарниците, а во центарот на случувањата е најголемиот откупувач „Тиквеш“. Лозарите обвинуваат за монопол и за ниски откупни цени откако винарската визба го објави ценовникот за откуп за оваа сезона. Според него вранецот ќе се откупува за 16 денари за килограм и смедеревка за 12 денари за килограм. Лозарите велат дека ова се ланските цени, а нивните трошоци се зголемени и винарниците поскапо го продаваат виното, со што тие печалат на нивната мака, па дури и ги буткаат во загуба. Лозарите, според најавите, денеска треба да се сретнат со надлежните од Министерството за земјоделство.

Врие и кај одгледувачите на овци кои најавија протест. Одгледувачите на овци се револтирани бидејќи се уште нема субвенции за 2021 година.

Претседателот на здружението „Агро центар„ Митко Јанков вели дека субвенциите требаше да се исплатат до април, па до 30 јуни, а веќе сме крајот на август. Сточарите се жалат дека сточната храна е многу поскапена. Одгледувачите на овци ги потсетуваат политичарите во Македонија да мислат малку и на овчарството, или да кажат дека сакаат целосно да ја уништат оваа гранка.

Имам само еден апел до сите политичари во Македонија да мислат малку на оваа гранка, овчарството. За време на Југославија, Македониија имаше од 2 до 3 милиони грла на овци, сега имаме само 400.000“- изјави за „Сител“ Амет Скендер, претседател на здружението „Даши“ од Дебар.

Сточарите најавија дека ќе побараат оставка од министерот.

The post Врие од незадоволство: Лозарите гневни од цените, овчарите од субвенциите, камионџиите од границите appeared first on Република.

]]>

Денеска на протест излегуваат транспортерите кои се незадоволни од долгото чекање на граничните премини. Викендов протестираа лозарите од Неготино со најава за понатамошни протести ако нема решение, а датум и место за протест се очекува и од одгледувачите на овци поради недобиените субвенции. Протестот на камионџиите е најавен да почне точно напладне пред скопска „Мавровка“ каде што ќе биде сопрен сообраќајот 15 минути, а потоа камионџиите ќе се упатат пред Владата. Целиот протест, според најавите, ќе трае два и пол часа. Независниот синдикат на професионални возачи на Македонија реагира дека на граничните премини се создаваат киломератски колони поради што се случуваат и штети – било да е тоа поради расипување на некоја стока, или поради непочитување на рокови. Ние самите професионалните возачи мораме да ги надоместиме штетите, исто и транспортните фирми. Веќе ова е децениски проблем и мора да најдеме решение. Зошто ние да плаќаме за нечие несовесно работење? – вели за „Алфа“ Марјан Стевковски , Претседател на Независен синдикат на професионални возачи. Како и секоја година, и оваа година има голем судир во интересите на лозарите и винарниците, а во центарот на случувањата е најголемиот откупувач „Тиквеш“. Лозарите обвинуваат за монопол и за ниски откупни цени откако винарската визба го објави ценовникот за откуп за оваа сезона. Според него вранецот ќе се откупува за 16 денари за килограм и смедеревка за 12 денари за килограм. Лозарите велат дека ова се ланските цени, а нивните трошоци се зголемени и винарниците поскапо го продаваат виното, со што тие печалат на нивната мака, па дури и ги буткаат во загуба. Лозарите, според најавите, денеска треба да се сретнат со надлежните од Министерството за земјоделство. Врие и кај одгледувачите на овци кои најавија протест. Одгледувачите на овци се револтирани бидејќи се уште нема субвенции за 2021 година. Претседателот на здружението „Агро центар„ Митко Јанков вели дека субвенциите требаше да се исплатат до април, па до 30 јуни, а веќе сме крајот на август. Сточарите се жалат дека сточната храна е многу поскапена. Одгледувачите на овци ги потсетуваат политичарите во Македонија да мислат малку и на овчарството, или да кажат дека сакаат целосно да ја уништат оваа гранка. Имам само еден апел до сите политичари во Македонија да мислат малку на оваа гранка, овчарството. За време на Југославија, Македониија имаше од 2 до 3 милиони грла на овци, сега имаме само 400.000“- изјави за „Сител“ Амет Скендер, претседател на здружението „Даши“ од Дебар. Сточарите најавија дека ќе побараат оставка од министерот.

The post Врие од незадоволство: Лозарите гневни од цените, овчарите од субвенциите, камионџиите од границите appeared first on Република.

]]>
Да се подготвиме навреме за тешката зима: Направете еден радијатор да грее за два https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/da-se-podgotvime-navreme-za-teshkata-zima-napravete-eden-radijator-da-gree-za-dva/ Fri, 12 Aug 2022 21:20:43 +0000 https://republika.mk/?p=539440

Ако сакате да ви биде уште потопло во овие студени денови, а за тоа да не платите повеќе, тогаш погледнете ги овие одлични совети, кои ќе ви понудат евтини, практични и ефикасни решенија. Оние кои се обиделе со овие методи тврдат дека топлината се зголемува како да вклучиле уште еден радијатор во просторијата.

Совет број 1: На ѕидот зад радијаторот залепете каков било рефлектирачки материјал, како што е на пример алуминиумската фолија за домаќинството или пак фолијата за заштита на ветробранското стакло на автомобилот од сонце. Така, радијаторот ќе престане да го загрева ѕидот, топлината нема да излегува надвор низ ѕидовите и ќе се одбива директно во собата.

Совет број 2: Залепете алуминиумска фолија на парче картон, така што сјајната страна на фолијата да биде однадвор, па ставете го картонот помеѓу ѕидот и радијаторот. Секако, страната со фолијата треба да биде свртена кон радијаторот. На овој начин топлината ќе се одбива од површината на фолијата и ќе се враќа во вашиот дом, наместо да се впива во ѕидовите.

Совет број 3: Затворете ги вратите. Затворените врати не само што ќе го спречат воздухот да се движи во останатите соби, туку тоа ќе ви помогне и да ја одржувате топлината што сте ја создале во одредена просторија (без разлика дали од оган, радијатор или од некое друго грејно тело).

Совет број 4: Постелете нешто на подот. Теписите не се само начин за додавање боја и стил во вашиот дом, туку тие играат значајна улога и во одржувањето на топлината на подот. Изберете тепих или черга кои ви одговараат, па прстите на нозете дефинитивно ќе ви бидат благодарни.

Совет број 5: Преместете го мебелот. Настојувајте вашиот мебел да не се наоѓа пред некој голем прозорец со што би се спречувало влегувањето на сончева светлина во текот на денот. Исто така, внимавајте да не поставувате големи парчиња мебел во предниот дел на радијаторите, како што се креветот или софата, кои би ја апсорбирале топлината.

The post Да се подготвиме навреме за тешката зима: Направете еден радијатор да грее за два appeared first on Република.

]]>

Ако сакате да ви биде уште потопло во овие студени денови, а за тоа да не платите повеќе, тогаш погледнете ги овие одлични совети, кои ќе ви понудат евтини, практични и ефикасни решенија. Оние кои се обиделе со овие методи тврдат дека топлината се зголемува како да вклучиле уште еден радијатор во просторијата. Совет број 1: На ѕидот зад радијаторот залепете каков било рефлектирачки материјал, како што е на пример алуминиумската фолија за домаќинството или пак фолијата за заштита на ветробранското стакло на автомобилот од сонце. Така, радијаторот ќе престане да го загрева ѕидот, топлината нема да излегува надвор низ ѕидовите и ќе се одбива директно во собата. Совет број 2: Залепете алуминиумска фолија на парче картон, така што сјајната страна на фолијата да биде однадвор, па ставете го картонот помеѓу ѕидот и радијаторот. Секако, страната со фолијата треба да биде свртена кон радијаторот. На овој начин топлината ќе се одбива од површината на фолијата и ќе се враќа во вашиот дом, наместо да се впива во ѕидовите. Совет број 3: Затворете ги вратите. Затворените врати не само што ќе го спречат воздухот да се движи во останатите соби, туку тоа ќе ви помогне и да ја одржувате топлината што сте ја создале во одредена просторија (без разлика дали од оган, радијатор или од некое друго грејно тело). Совет број 4: Постелете нешто на подот. Теписите не се само начин за додавање боја и стил во вашиот дом, туку тие играат значајна улога и во одржувањето на топлината на подот. Изберете тепих или черга кои ви одговараат, па прстите на нозете дефинитивно ќе ви бидат благодарни. Совет број 5: Преместете го мебелот. Настојувајте вашиот мебел да не се наоѓа пред некој голем прозорец со што би се спречувало влегувањето на сончева светлина во текот на денот. Исто така, внимавајте да не поставувате големи парчиња мебел во предниот дел на радијаторите, како што се креветот или софата, кои би ја апсорбирале топлината.

The post Да се подготвиме навреме за тешката зима: Направете еден радијатор да грее за два appeared first on Република.

]]>
Орбан: Европа ќе има тешка зима, многу потешка отколку што многумина мислат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/orban-evropa-kje-ima-teshka-zima-mnogu-poteshka-otkolku-shto-mnogumina-mislat/ Sat, 21 May 2022 14:01:25 +0000 https://republika.mk/?p=505201

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска во Нови Сад изјави дека Европа ќе има тешка зима, како што рече, „потешка отколку што многумина мислат“.

Ќе имаме тешка зима, војната во Украина не става во тешка ситуација. На Србија и е тешко затоа што не е членка на ЕУ, а нам ни е тешко затоа што сме членка на ЕУ, рече Орбан на отворањето на Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад.

Тој оцени дека Унгарија и Србија се „безбедни, без разлика дали станува збор за природен гас или за земјоделство“, наведувајќи дека особено важна е одлуката да се обезбеди железничка транспортна линија од грчките пристаништа преку Србија и Унгарија до Европа.

Сите сме заинтересирани за истото прашање: дали ќе има гориво, ако е така – по која цена, ќе можеме ли да ги обезбедиме потребите на нашите граѓани“, рече Орбан.

Тој додаде дека херои во пандемијата на коронавирус биле лекарите и дека во актуелната економска криза земјоделците ќе бидат херои, бидејќи од нив ќе зависи дали ќе има леб на трпезата, и дали ќе има глад.

Ако не успееме да обезбедиме леб за сите, тогаш огромни маси ќе се преселат во Европа, а то ќе бидат луѓето кои ќе се обидувата да преживеат. Оваа миграција нема да има почит ниту кон Србија, ниту кон Унгарија Ако сакаме да ја избегнеме оваа миграција , мора да обезбедиме храна за овие луѓе“, рече унгарскиот премиер.

Тој ги критикуваше санкциите што ЕУ и ги воведува на Русија и оцени дека тие се „еднакви на атомска бомба“, бидејќи, според него, можат да доведат до глад и појава на маса мигранти на границите .

Ние прво мора да размислуваме за хранење на нашиот народ и сите луѓе во светот, рече Орбан.

The post Орбан: Европа ќе има тешка зима, многу потешка отколку што многумина мислат appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска во Нови Сад изјави дека Европа ќе има тешка зима, како што рече, „потешка отколку што многумина мислат“.
Ќе имаме тешка зима, војната во Украина не става во тешка ситуација. На Србија и е тешко затоа што не е членка на ЕУ, а нам ни е тешко затоа што сме членка на ЕУ, рече Орбан на отворањето на Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад.
Тој оцени дека Унгарија и Србија се „безбедни, без разлика дали станува збор за природен гас или за земјоделство“, наведувајќи дека особено важна е одлуката да се обезбеди железничка транспортна линија од грчките пристаништа преку Србија и Унгарија до Европа. Сите сме заинтересирани за истото прашање: дали ќе има гориво, ако е така – по која цена, ќе можеме ли да ги обезбедиме потребите на нашите граѓани“, рече Орбан. Тој додаде дека херои во пандемијата на коронавирус биле лекарите и дека во актуелната економска криза земјоделците ќе бидат херои, бидејќи од нив ќе зависи дали ќе има леб на трпезата, и дали ќе има глад.