тешка година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teshka-godina/ За подобро да се разбереме Wed, 15 May 2024 11:11:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тешка година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teshka-godina/ 32 32 „Тешка година“ денеска во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/teshka-godina-deneska-vo-kinoteka/ Wed, 15 May 2024 15:07:31 +0000 https://republika.mk/?p=778294

15 МАЈ (СРЕДА) 18:00 ч.
ТЕШКА ГОДИНА
(A Difficult year)
Игран филм, Франција
2023, 120 мин., колор, ДЦП
Режија: Оливие Накаш, Ерик Толедано (Olivier Nakache, Éric Toledano)
Сценарио: Оливие Накаш, Ерик Толедано (Olivier Nakache, Éric Toledano)
Улоги: Пио Мармаи, Џонатан Коен, Метју Амалрик, Ноеми Мерлан, Даниел Лебрун (Pio Marmaï, Jonathan Cohen, Mathieu Amalric, Noémie Merlant, Danièle Lebrun)

Длабоко заглавени во долгови, Алберт и Бруно се обраќаат кај социјален работник за да им помогне да се справат со нивните животи. На една од групните сесии, наидуваат на соседната сала за состаноци каде се собираат млади активисти, предводени од возбудлив организатор.
Привлечени повеќе од бесплатното пиво и чипс отколку од борбата на групата против консумеризмот и заштитата на животната средина, Алберт и Бруно се приклучуваат на движењето без многу убедување, но наскоро почнуваат да чувствуваат можност…

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

The post „Тешка година“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

15 МАЈ (СРЕДА) 18:00 ч. ТЕШКА ГОДИНА (A Difficult year) Игран филм, Франција 2023, 120 мин., колор, ДЦП Режија: Оливие Накаш, Ерик Толедано (Olivier Nakache, Éric Toledano) Сценарио: Оливие Накаш, Ерик Толедано (Olivier Nakache, Éric Toledano) Улоги: Пио Мармаи, Џонатан Коен, Метју Амалрик, Ноеми Мерлан, Даниел Лебрун (Pio Marmaï, Jonathan Cohen, Mathieu Amalric, Noémie Merlant, Danièle Lebrun) Длабоко заглавени во долгови, Алберт и Бруно се обраќаат кај социјален работник за да им помогне да се справат со нивните животи. На една од групните сесии, наидуваат на соседната сала за состаноци каде се собираат млади активисти, предводени од возбудлив организатор. Привлечени повеќе од бесплатното пиво и чипс отколку од борбата на групата против консумеризмот и заштитата на животната средина, Алберт и Бруно се приклучуваат на движењето без многу убедување, но наскоро почнуваат да чувствуваат можност… Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари

The post „Тешка година“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Ќе биде тешко, граѓаните едвај ќе врзуваат крај со крај, а компаниите размислуваат за затворање https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-kje-bide-teshko-gragjanite-edvaj-kje-vrzuvaat-kraj-so-kraj-a-kompaniite-razmisluvaat-za-zatvoranje/ Sun, 02 Jan 2022 13:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=439573

Ни следи тешка економска година и тоа што најмногу загрижува е зголемувањето на електричната енергија и парното, 2022 година за нашите граѓаните ќе биде најтешка. Владата не сака да направи реален подолгорочен и реален план, туку прави само пиар план. Се некои желби на хартија или како поубава приказна да му продадат на народот, а тоа нема ништо да се реализира. Владата нема намера да намали со непродуктивни трошење, да стави крај на сива економија и се што тргаше на страна ќе се одрази сега, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина со наслов „Високи цени, ниски плати – Што може да се очекува од 2022 година“.

Димитриеска Кочоска посочи дека оваа влада во ниту еден момент не знае да се справи и управува со економијата и дека високите стапки на раст над 4% БДП не можеше да ги постигне ни во 2017-2019 кога немаше криза, не пак сега, а бидејќи неспремни влеговме во кризата и уште во 2021 влеговме со повисока стапка на инфлација од очекуваната, сега ценовните шокови уште полошо ќе се одразат во 2022 година.

Ние уште во јануари зборевме за таа инфлација, тоа се провлекуваше до средина на летото кога цените почнаа да растат, а крајот го видовме како цената на струјата галопирачки порасна и тоа негативно влијаеше а компаниите. Ценовните шокови кои се случија негативно влијаеа на компаниите. Во момент кога се ова се случуваше и кога се знаеше дека ќе е лошо и за компаниите и граѓаните, владата наместо да размислува за замрзнување на одредени цени и корекции уште во мај, им беше поважно да ги шминкаат работите. Генерално помина година каде растеа непродуктивни трошоци, се размислуваше на приказни, но не се размислуваше за граѓаните и компаниите и тоа сега ќе значи многу тешка економија, изјави Димитриеска Кочоска.

Таа истакна дека порастот на цените ќе доведе до црно сценарио со сметки повисоки од 6-7 пати за компаниите кои тешко дека ќе излезат на крај размислуваат за затворање, додека тие кои имале акумулирано придобивки можеби ќе да ја пребродат кризата, но тешко дека ќе може да реинвестираат бидејќи повисоката цена на електричната енергија им ја истиснува таа можност.

Апсурдно е тоа што Ковачевски кажа дека било добро што не пораснала цената на електричната енергија за 25%, пораснала само 9,5, кога и ова е шок за граѓаните, а знаеме и дека цените се пораснати, има инфлација, граѓаните немаат примања. Да живеете во вакви услови со повисоки сметки, пораснати цени, едвај ќе врзуваат крај со крај, изјави Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека не можеме да бидеме оптимисти за оваа година затоа што владата предводена од СДСМ ниту работи, ниту се обидува да работи а тоа го гледаме по катастрофалната реализација на капитални инвестиции.

Не гледам од каде се толку оптимисти во владата затоа што во делот на капитални инвестиции ниту знаат а да реализираат ниту се обидуваат, оти таму имаат катастрофална реализација. Од друга страна го дотепаа приватниот сектор и нема да има простор за реинвестиција ниту ќе размислуваат компаниите за зголемување на плати. Во исто време личната потрошувачка не може да се реализира како што планираа бидејќи инфлацијата ги јаде. И експертите не веруваат дека ќе имаме инвестиции. Власта ниту има стратегија, ниту план, прават купи ден помини, и во бројките и планирањата гледаат само пиар и ништо друго, потенцираше Димитриеска Кочоска.

Таа на крај посочи дека владата не покажува интерес да им помогне на компаниите и да ги отвори стоковите резерви бидејќи кога ќе заврши замрзнувањето на цените ќе следи нов ценовен шок, а тоа ќе се одрази да не очекува премногу тешка година.

The post Димитриеска-Кочоска: Ќе биде тешко, граѓаните едвај ќе врзуваат крај со крај, а компаниите размислуваат за затворање appeared first on Република.

]]>

Ни следи тешка економска година и тоа што најмногу загрижува е зголемувањето на електричната енергија и парното, 2022 година за нашите граѓаните ќе биде најтешка. Владата не сака да направи реален подолгорочен и реален план, туку прави само пиар план. Се некои желби на хартија или како поубава приказна да му продадат на народот, а тоа нема ништо да се реализира. Владата нема намера да намали со непродуктивни трошење, да стави крај на сива економија и се што тргаше на страна ќе се одрази сега, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина со наслов „Високи цени, ниски плати – Што може да се очекува од 2022 година“. Димитриеска Кочоска посочи дека оваа влада во ниту еден момент не знае да се справи и управува со економијата и дека високите стапки на раст над 4% БДП не можеше да ги постигне ни во 2017-2019 кога немаше криза, не пак сега, а бидејќи неспремни влеговме во кризата и уште во 2021 влеговме со повисока стапка на инфлација од очекуваната, сега ценовните шокови уште полошо ќе се одразат во 2022 година.