терористилки напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teroristilki-napad/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Apr 2024 13:20:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png терористилки напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teroristilki-napad/ 32 32 Одликуван руски полковник загина во терористичкиот напад во Москва спасувајќи ги сопругата и синот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/odlikuvan-ruski-polkovnik-zagina-vo-teroristichkiot-napad-vo-moskva-spasuvajki-gi-soprugata-i-sinot/ Sat, 30 Mar 2024 20:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=760221

Рускиот полковник Тимур Мјасников, загинал како последица на терористичкиот напад во „Крокус сити“ центарот во Москва, истовремено успевајќи да ги спаси сопругата и синот од смрт.

Полковникот кој била на одмор од фронртот, со семејството отишол на концерот на групата „Пикник“на 22 март. Кога почнала престрелката, офицерот успеал да ги извлече сопругата Полина и синот Руслан од пукањето, но самиот наишол на силен оган од терористите, при што добил три куршуми.

По неколку дена в болница Мјасников починал од раните. Иако лекарите направиле се за да го спасат, „Крокус“ центарот станал последното бојно поле за полковникот. Воинот до крај останал доследен на должноста, штитејќи го своето семејство по цена на сопствениот живот.

Во чест на полковникот Тимур Мјасников во Москва се одржа свечено збогување“, изјавил Артур Маливанчук, шефот на огранокот Самара на организацијата Офицери на Русија.

Полковникот Мјасников го завршил военото училиште Суворов и Воениот универзитет, служел во Третата бригада за специјални сили и Генералштабот на руските вооружени сили, а последните две години ги поминал на фронтот во Украина.

За време на службата, Мјасников добил многу воени награди и медали.

The post Одликуван руски полковник загина во терористичкиот напад во Москва спасувајќи ги сопругата и синот appeared first on Република.

]]>

Рускиот полковник Тимур Мјасников, загинал како последица на терористичкиот напад во „Крокус сити“ центарот во Москва, истовремено успевајќи да ги спаси сопругата и синот од смрт. Полковникот кој била на одмор од фронртот, со семејството отишол на концерот на групата „Пикник“на 22 март. Кога почнала престрелката, офицерот успеал да ги извлече сопругата Полина и синот Руслан од пукањето, но самиот наишол на силен оган од терористите, при што добил три куршуми. По неколку дена в болница Мјасников починал од раните. Иако лекарите направиле се за да го спасат, „Крокус“ центарот станал последното бојно поле за полковникот. Воинот до крај останал доследен на должноста, штитејќи го своето семејство по цена на сопствениот живот.
Во чест на полковникот Тимур Мјасников во Москва се одржа свечено збогување“, изјавил Артур Маливанчук, шефот на огранокот Самара на организацијата Офицери на Русија.
Полковникот Мјасников го завршил военото училиште Суворов и Воениот универзитет, служел во Третата бригада за специјални сили и Генералштабот на руските вооружени сили, а последните две години ги поминал на фронтот во Украина. За време на службата, Мјасников добил многу воени награди и медали.

The post Одликуван руски полковник загина во терористичкиот напад во Москва спасувајќи ги сопругата и синот appeared first on Република.

]]>
Напаѓач на мотор убивал со автоматско оружје: Терористички напад во Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/napagach-na-motor-ubival-so-avtomatsko-oruzhje-teroristichki-napad-vo-brisel/ Mon, 16 Oct 2023 20:18:33 +0000 https://republika.mk/?p=691843

Две лица се убиени вечерва во Брисел од истрели од огнено оружје, а осомничениот е во бегство, изјави претставник на обвинителството во белгискиот главен град.

Според видеото објавено на порталот на фламанскиот весник „Het Laatste Nieuws“, напаѓачот облечен во флуоресцентен портокалов елек бил на мотор и побегнал откако отворил оган од автоматска пушка.

Медиумите објавија аматерски видеа на кои се гледа како човекот пука повеќе пати, а една белгиска телевизија објави дека двајцата убиени се Швеѓани.

Шведска требаше да одигра натпревар против Белгија подоцна вечерва на стадионот Хејсел, на околу пет километри од местото на нападот.

Портпаролката на полицијата изјави дека полицијата брзо пристигнала на местото на нападот и го опколила.

Портпаролот на обвинителот рече само дека истрагата е отворена и оти засега не може да зборува за мотивот.

Белгискиот премиер Александар Де Кро на X изрази „најдлабоко сочувство до роднините на жртвите од кукавичкиот напад во Брисел“.

Ги следам случувањата заедно со министрите за правда и за внатрешни работи од националниот кризен центар. Ја следиме ситуацијата и бараме од луѓето во Брисел да бидат внимателни, напиша тој.

The post Напаѓач на мотор убивал со автоматско оружје: Терористички напад во Брисел appeared first on Република.

]]>

Две лица се убиени вечерва во Брисел од истрели од огнено оружје, а осомничениот е во бегство, изјави претставник на обвинителството во белгискиот главен град. Според видеото објавено на порталот на фламанскиот весник „Het Laatste Nieuws“, напаѓачот облечен во флуоресцентен портокалов елек бил на мотор и побегнал откако отворил оган од автоматска пушка. Медиумите објавија аматерски видеа на кои се гледа како човекот пука повеќе пати, а една белгиска телевизија објави дека двајцата убиени се Швеѓани. Шведска требаше да одигра натпревар против Белгија подоцна вечерва на стадионот Хејсел, на околу пет километри од местото на нападот. Портпаролката на полицијата изјави дека полицијата брзо пристигнала на местото на нападот и го опколила. Портпаролот на обвинителот рече само дека истрагата е отворена и оти засега не може да зборува за мотивот. Белгискиот премиер Александар Де Кро на X изрази „најдлабоко сочувство до роднините на жртвите од кукавичкиот напад во Брисел“.
Ги следам случувањата заедно со министрите за правда и за внатрешни работи од националниот кризен центар. Ја следиме ситуацијата и бараме од луѓето во Брисел да бидат внимателни, напиша тој.

The post Напаѓач на мотор убивал со автоматско оружје: Терористички напад во Брисел appeared first on Република.

]]>