терористичкиот напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teroristichkiot-napad/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 17:02:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png терористичкиот напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teroristichkiot-napad/ 32 32 Четворица загинати и 14 повредени во терористичкиот напад во Анкара, ликвидирани и двајца напаѓачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chetvoritsa-zaginati-i-14-povredeni-vo-teroristichkiot-napad-vo-ankara-likvidirani-i-dvajtsa-napagachi/ Wed, 23 Oct 2024 17:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=830283

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја потврди дека четири лица загинале, а 14 се повредени во терористичкиот напад во областа Кахраманказан, предградие на Анкара. Во акцијата која следеше неутрализирани се и двајца напаѓачи.

Го осудувам овој грозоморен напад. Нашата борба ќе продолжи со истрајност и одлучност додека не се неутрализира и последниот терорист – рече тој.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, го осуди нападот и потврди дека загинаа четири лица.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изрази загриженост поради бројот на жртвите и рече дека НАТО стои покрај својот сојузник Турција.

„Загрижувачки се вестите за загинати и повредени кои доаѓаат од Анкара. НАТО стои до нашиот сојузник Турција. Силно ги осудуваме сите форми на тероризам и внимателно го следиме развојот на настаните“, напиша Руте на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и му ги пренел пораките за поддршка на НАТО.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изрази сочувство до Турција по терористичкиот напад врз фабриката на Турската воздушна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во Анкара.

„Очекуваме информации, но го осудуваме овој напад врз цивилите. Испраќаме сочувство до семејствата на жртвите и се надеваме на целосно закрепнување на повредените“, изјави за Анадолија заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак во име на Гутереш.

Според последните информации од турските медиуми, двајца терористи се неутрализирани, додека третиот напаѓач наводно држи работници во заложништво во фабриката. Ситуацијата и понатаму е напната, а безбедносните сили се во состојба на готовност. Во областа се испратени безбедносни сили, пожарникари и брза помош. Пријавено е дека персоналот на одбранбената фирма е испратен во засолништа од безбедносни причини.

Обвинителството во Анкара, исто така, започна истрага за терористичкиот напад.

The post Четворица загинати и 14 повредени во терористичкиот напад во Анкара, ликвидирани и двајца напаѓачи appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја потврди дека четири лица загинале, а 14 се повредени во терористичкиот напад во областа Кахраманказан, предградие на Анкара. Во акцијата која следеше неутрализирани се и двајца напаѓачи. Го осудувам овој грозоморен напад. Нашата борба ќе продолжи со истрајност и одлучност додека не се неутрализира и последниот терорист – рече тој. Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, го осуди нападот и потврди дека загинаа четири лица. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изрази загриженост поради бројот на жртвите и рече дека НАТО стои покрај својот сојузник Турција.
„Загрижувачки се вестите за загинати и повредени кои доаѓаат од Анкара. НАТО стои до нашиот сојузник Турција. Силно ги осудуваме сите форми на тероризам и внимателно го следиме развојот на настаните“, напиша Руте на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и му ги пренел пораките за поддршка на НАТО. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изрази сочувство до Турција по терористичкиот напад врз фабриката на Турската воздушна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во Анкара.
„Очекуваме информации, но го осудуваме овој напад врз цивилите. Испраќаме сочувство до семејствата на жртвите и се надеваме на целосно закрепнување на повредените“, изјави за Анадолија заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак во име на Гутереш.
Според последните информации од турските медиуми, двајца терористи се неутрализирани, додека третиот напаѓач наводно држи работници во заложништво во фабриката. Ситуацијата и понатаму е напната, а безбедносните сили се во состојба на готовност. Во областа се испратени безбедносни сили, пожарникари и брза помош. Пријавено е дека персоналот на одбранбената фирма е испратен во засолништа од безбедносни причини. Обвинителството во Анкара, исто така, започна истрага за терористичкиот напад.

The post Четворица загинати и 14 повредени во терористичкиот напад во Анкара, ликвидирани и двајца напаѓачи appeared first on Република.

]]>