Терористички напади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teroristichki-napadi/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 15:45:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Терористички напади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teroristichki-napadi/ 32 32 Блинкен и Бајден со соопштенија по повод годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-i-bajden-so-soopshtenija-po-povod-godishninata-od-teroristichkite-napadi-na-11-septemvri-2001-godina/ Wed, 11 Sep 2024 16:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=815446

Државниот секретар Ентони Блинкен и претседателот на САД Џо Бајден излегоа денеска со соопштенија по повод 23 годишнина од „најразорниот напад на американска почва во историјата на нашата нација“.

На 11 септември 2001 годона група терористите ги одзеде животите на речиси 3.000 луѓе и повреди повеќе од 6.000 други, во најразорниот напад на американска почва во историјата на нашата нација, напиша Блинкен во денешното соопштение од Стејт департментот.

САД овој ден го прогласија за „Денот на патриотите“ на 25 октомври 2001 година, неколку недели по нападите.

-Денеска, на Денот на петриотите во 2024 година, ги почитуваме нивните сеќавања и стоиме во солидарност со семејствата и пријателите на оние што загинаа во Њујорк, Арлингтон, Вирџинија, и Шенксвил, Пенсилванија. Оддаваме почит на храбрите кои беа први одговорни и кои ги ризикуваа и ги жртвуваа своите животи за да спасат други.

-Исто така, се сеќаваме на нашите колеги кои беа убиени во Бенгази, Либија, на овој ден во 2012 година. Нивната храброст и посветеност продолжуваат да нè инспирираат и да ни служат како потсетник за издржливоста и жртвата кои ја дефинираат нашата мисија, изјави Блинкен

-Со одбележувањето на Денот на патриотите, потсетени сме на трајната сила на американскиот народ. Оваа издржливост ја поттикнува нашата постојана борба против тероризмот. Во годините од 11 септември, Соединетите Држави останаа решителни во одбраната на татковината, заштитата на нашиот народ и поддршката на нашите сојузници во оваа клучна мисија.

Во посебна изјава, претседателот на САД, Џо Бајден, рече дека САД се обединети во сеќавањето за „светата заклетва: никогаш да не заборавиме.“

-Никогаш да не го заборавиме секој од 2977-те драгоцени животи што ни беа украдени кога терористите ја нападнаа нашата земја. Никогаш да не ги заборавиме нивните семејства, кои сè уште ја носат тагата од тоа огнено септемвриско утро. Никогаш да не ги заборавиме херојските граѓани и преживеаните, кои се стрчаа да им помогнат на своите сонародници Американци. И никогаш да не заборавиме дека, соочени со злото и непријателот кој се обидуваше да нè раздели, ние останавме силни.“

Во својата изјава, шефот на Белата куќа нагласи дека под ударите на терористичките напади на 11 септември САД ја докажале издржливоста на американскиот народ.

-Граѓаните и војниците од Пентагон, кои се стрчаа во огнената пукнатина за да ги спасат своите колеги. Хероите од летот 93, кои му се спротивставија на теророт со апсолутна храброст и, несомнено, спасија уште повеќе животи на Американци. Соседите кои дојдоа за да им помогнат на своите соседи да се справат со тагата и да ја обноват својата сила, рече Бајден.

Пред 23 години, милитантите на терористичката организација „Ал Каеда“ киднапираа урнаа четири патнички авион во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, како и во зградата на Пентагон. Четвртиот авион се урна на поле во Пенсилванија откако патниците кои се наоѓаа во леталото пружале отпор на киднаперите.

The post Блинкен и Бајден со соопштенија по повод годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година appeared first on Република.

]]>

Државниот секретар Ентони Блинкен и претседателот на САД Џо Бајден излегоа денеска со соопштенија по повод 23 годишнина од „најразорниот напад на американска почва во историјата на нашата нација“. На 11 септември 2001 годона група терористите ги одзеде животите на речиси 3.000 луѓе и повреди повеќе од 6.000 други, во најразорниот напад на американска почва во историјата на нашата нација, напиша Блинкен во денешното соопштение од Стејт департментот. САД овој ден го прогласија за „Денот на патриотите“ на 25 октомври 2001 година, неколку недели по нападите.
-Денеска, на Денот на петриотите во 2024 година, ги почитуваме нивните сеќавања и стоиме во солидарност со семејствата и пријателите на оние што загинаа во Њујорк, Арлингтон, Вирџинија, и Шенксвил, Пенсилванија. Оддаваме почит на храбрите кои беа први одговорни и кои ги ризикуваа и ги жртвуваа своите животи за да спасат други.
-Исто така, се сеќаваме на нашите колеги кои беа убиени во Бенгази, Либија, на овој ден во 2012 година. Нивната храброст и посветеност продолжуваат да нè инспирираат и да ни служат како потсетник за издржливоста и жртвата кои ја дефинираат нашата мисија, изјави Блинкен -Со одбележувањето на Денот на патриотите, потсетени сме на трајната сила на американскиот народ. Оваа издржливост ја поттикнува нашата постојана борба против тероризмот. Во годините од 11 септември, Соединетите Држави останаа решителни во одбраната на татковината, заштитата на нашиот народ и поддршката на нашите сојузници во оваа клучна мисија. Во посебна изјава, претседателот на САД, Џо Бајден, рече дека САД се обединети во сеќавањето за „светата заклетва: никогаш да не заборавиме.“
-Никогаш да не го заборавиме секој од 2977-те драгоцени животи што ни беа украдени кога терористите ја нападнаа нашата земја. Никогаш да не ги заборавиме нивните семејства, кои сè уште ја носат тагата од тоа огнено септемвриско утро. Никогаш да не ги заборавиме херојските граѓани и преживеаните, кои се стрчаа да им помогнат на своите сонародници Американци. И никогаш да не заборавиме дека, соочени со злото и непријателот кој се обидуваше да нè раздели, ние останавме силни.“
Во својата изјава, шефот на Белата куќа нагласи дека под ударите на терористичките напади на 11 септември САД ја докажале издржливоста на американскиот народ.
-Граѓаните и војниците од Пентагон, кои се стрчаа во огнената пукнатина за да ги спасат своите колеги. Хероите од летот 93, кои му се спротивставија на теророт со апсолутна храброст и, несомнено, спасија уште повеќе животи на Американци. Соседите кои дојдоа за да им помогнат на своите соседи да се справат со тагата и да ја обноват својата сила, рече Бајден.
Пред 23 години, милитантите на терористичката организација „Ал Каеда“ киднапираа урнаа четири патнички авион во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, како и во зградата на Пентагон. Четвртиот авион се урна на поле во Пенсилванија откако патниците кои се наоѓаа во леталото пружале отпор на киднаперите.

The post Блинкен и Бајден со соопштенија по повод годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година appeared first on Република.

]]>
Германските власти стравуваат од терористички напади на ЕП 2024 https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/germanskite-vlasti-stravuvaat-od-teroristichki-napadi-na-ep-2024/ Wed, 19 Jun 2024 10:57:02 +0000 https://republika.mk/?p=789020

Во Германија стравуваат дека терористички напади како оној на концертната сала Крокус може да се случат на Евро 2024 година. Германските власти објавија закана слична на терористичкиот напад во Москва.

- Европа, а со неа и Германија, се под мета на џихадистичките организации, особено ИСИС и „Вилајат Хорасан“, рече германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер.

Официјалните лица забележуваат дека еврото може да стане атрактивна цел за џихадистичките терористи.

Можното сценарио е координиран напад од големи размери како оној што неодамна го видовме во Москва. „Вилајат Хорасан“ е дефинитивно најопасната група, смета Томас Халденванг, шеф на Федералната канцеларија за заштита на уставот на Германија.

Особено, пропагандата на „Вилајат Хорасан“ неодамна објави колаж на кој е прикажан милитант со митралез на фудбалски стадион. Насловот на фотографијата гласеше: „Постигнете го последниот гол!

Халденванг истакна дека „Вилајат Хорасан“ ги испрати своите поддржувачи во Западна Европа под маската на луѓе што ја напуштаат Украина.

- Најголемата безбедносна закана се „волците-сами“, додаде Халденванг.

Тој како пример го наведе 25-годишниот маж од Авганистан кој уби полицаец и рани пет други со нож во Манхајм на почетокот на јуни.

The post Германските власти стравуваат од терористички напади на ЕП 2024 appeared first on Република.

]]>

Во Германија стравуваат дека терористички напади како оној на концертната сала Крокус може да се случат на Евро 2024 година. Германските власти објавија закана слична на терористичкиот напад во Москва. - Европа, а со неа и Германија, се под мета на џихадистичките организации, особено ИСИС и „Вилајат Хорасан“, рече германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер. Официјалните лица забележуваат дека еврото може да стане атрактивна цел за џихадистичките терористи. Можното сценарио е координиран напад од големи размери како оној што неодамна го видовме во Москва. „Вилајат Хорасан“ е дефинитивно најопасната група, смета Томас Халденванг, шеф на Федералната канцеларија за заштита на уставот на Германија. Особено, пропагандата на „Вилајат Хорасан“ неодамна објави колаж на кој е прикажан милитант со митралез на фудбалски стадион. Насловот на фотографијата гласеше: „Постигнете го последниот гол! Халденванг истакна дека „Вилајат Хорасан“ ги испрати своите поддржувачи во Западна Европа под маската на луѓе што ја напуштаат Украина. - Најголемата безбедносна закана се „волците-сами“, додаде Халденванг. Тој како пример го наведе 25-годишниот маж од Авганистан кој уби полицаец и рани пет други со нож во Манхајм на почетокот на јуни.

The post Германските власти стравуваат од терористички напади на ЕП 2024 appeared first on Република.

]]>
Во Турција приведени 58 луѓе под сомнение дека подготвувале провокации за 1 мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-turtsija-privedeni-58-luge-pod-somnenie-deka-podgotvuvale-provokatsii-za-1-maj/ Tue, 30 Apr 2024 21:10:08 +0000 https://republika.mk/?p=772736

Вкупно 58 лица се приведени во различни делови на Турција, откако е утврдено дека се вмешани во подготовка на провокации по повод Денот на трудот - 1 мај, објави турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја на платфомата „Икс“.

Тие се уапсени за време на полициската акција „Боздоган-33“, спроведена во вкупно 11 турски окрузи - Истанбул, Дијарбекир, Адана, Анталија, Билеџик, Мардин, Батман, Мугла, Муш, Шанлиурфа и Ван.

Во акциите во Анталија и во Измир, уапсени се четворица осомничени, за кои е утврдено дека преку нивните профили на социјалните мрежи вршеле пропаганда во корист на левичарски терористички организации.

Нема да дозволиме да се толерира ниту еден терорист. Со континуираните напори на нашите безбедносни сили ќе продолжиме со нашата решителна борба сè додека не се неутрализира и последниот терорист во име на мирот, единството и солидарноста на нашиот народ, истакна Јерликаја.

Министерот за внатрешни работи соопшти дека властите забрануваат организирање демонстрации по повод 1 мај на централниот плоштад Таксим во Истанбул.

The post Во Турција приведени 58 луѓе под сомнение дека подготвувале провокации за 1 мај appeared first on Република.

]]>

Вкупно 58 лица се приведени во различни делови на Турција, откако е утврдено дека се вмешани во подготовка на провокации по повод Денот на трудот - 1 мај, објави турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја на платфомата „Икс“. Тие се уапсени за време на полициската акција „Боздоган-33“, спроведена во вкупно 11 турски окрузи - Истанбул, Дијарбекир, Адана, Анталија, Билеџик, Мардин, Батман, Мугла, Муш, Шанлиурфа и Ван. Во акциите во Анталија и во Измир, уапсени се четворица осомничени, за кои е утврдено дека преку нивните профили на социјалните мрежи вршеле пропаганда во корист на левичарски терористички организации.
Нема да дозволиме да се толерира ниту еден терорист. Со континуираните напори на нашите безбедносни сили ќе продолжиме со нашата решителна борба сè додека не се неутрализира и последниот терорист во име на мирот, единството и солидарноста на нашиот народ, истакна Јерликаја.
Министерот за внатрешни работи соопшти дека властите забрануваат организирање демонстрации по повод 1 мај на централниот плоштад Таксим во Истанбул.

The post Во Турција приведени 58 луѓе под сомнение дека подготвувале провокации за 1 мај appeared first on Република.

]]>
Јохансон: Европа е изложена на голема опасност од терористички напади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/johanson-evropa-e-izlozhena-na-golema-opasnost-od-teroristichki-napadi/ Tue, 05 Dec 2023 10:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=719844

Европа е изложена на зголемена терористичка закана поради војната во Газа, изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

Со оглед на војната меѓу Израел и Хамас и поларизацијата што таа ја предизвикува во нашето општество, како што се приближува празничната сезона, постои огромен ризик од терористички напади во Европската унија, нагласи еврокомесарката.

Јохансон како пример го посочи нападот со нож во саботата во Париз, во кој загина германски турист и беа повредени уште двајца, како и други инциденти.

Еврокомесарката најави дека ќе бидат доделени дополнителни 30 милиони евра за заштита на клучните места, како што се верските.

Се очекува министрите за внатрешни работи од Унијата да одржат консултации поради војните на Блискиот Исток и Украина. На дневен ред на состанокот е предвидена и дискусија за Шенген зоната, како и за напредокот на реформите за азил и миграција.

 

The post Јохансон: Европа е изложена на голема опасност од терористички напади appeared first on Република.

]]>

Европа е изложена на зголемена терористичка закана поради војната во Газа, изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.
Со оглед на војната меѓу Израел и Хамас и поларизацијата што таа ја предизвикува во нашето општество, како што се приближува празничната сезона, постои огромен ризик од терористички напади во Европската унија, нагласи еврокомесарката.
Јохансон како пример го посочи нападот со нож во саботата во Париз, во кој загина германски турист и беа повредени уште двајца, како и други инциденти. Еврокомесарката најави дека ќе бидат доделени дополнителни 30 милиони евра за заштита на клучните места, како што се верските. Се очекува министрите за внатрешни работи од Унијата да одржат консултации поради војните на Блискиот Исток и Украина. На дневен ред на состанокот е предвидена и дискусија за Шенген зоната, како и за напредокот на реформите за азил и миграција.  

The post Јохансон: Европа е изложена на голема опасност од терористички напади appeared first on Република.

]]>
Велика Британија ги предупреди своите граѓани кои патуваат во Шведска за можни терористички напади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-gi-predupredi-svoite-gragani-koi-patuvaat-vo-shvedska-za-mozhni-teroristichki-napadi/ Mon, 14 Aug 2023 10:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=671978

Велика Британија вчера ги предупреди своите граѓани кои патуваат во Шведска за можен тероризам, откако палењето на светата книга Куранот од антиисламски активисти ги вознемири муслиманите.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека шведските власти успешно спречиле некои планирани напади и извршиле апсења, пишуваат агенциите.

– Треба да бидете внимателни во овој момент. Терористите најверојатно ќе се обидат да извршат напади во Шведска, се наведува во соопштението и се додава дека целта може да бидат места што ги посетуваат странци.

Шведскиот советник за национална безбедност, Хенрик Ландерхолм, ја препозна валидноста на соопштението на Велика Британија и повтори дека палењето на Куранот ја загрозува безбедноста во неговата земја.

Ландерхолм истакнал дека нападот врз шведската амбасада во Ирак на 19 јули, обидот за напад врз шведската амбасада во Либан на 9 август и пукањето кон Швеѓанец вработен во конзулатот во Турција на 1 август придонеле за проценката за зголемен ризик.

Палењето на Куранот во Шведска е дозволено врз основа на слободата на изразување, но муслиманите гледаат на тоа како богохулство.

Владата на САД исто така ги предупреди своите граѓани кои патуваат во Шведска за можни терористички напади во таа земја.

The post Велика Британија ги предупреди своите граѓани кои патуваат во Шведска за можни терористички напади appeared first on Република.

]]>

Велика Британија вчера ги предупреди своите граѓани кои патуваат во Шведска за можен тероризам, откако палењето на светата книга Куранот од антиисламски активисти ги вознемири муслиманите. Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека шведските власти успешно спречиле некои планирани напади и извршиле апсења, пишуваат агенциите. – Треба да бидете внимателни во овој момент. Терористите најверојатно ќе се обидат да извршат напади во Шведска, се наведува во соопштението и се додава дека целта може да бидат места што ги посетуваат странци. Шведскиот советник за национална безбедност, Хенрик Ландерхолм, ја препозна валидноста на соопштението на Велика Британија и повтори дека палењето на Куранот ја загрозува безбедноста во неговата земја. Ландерхолм истакнал дека нападот врз шведската амбасада во Ирак на 19 јули, обидот за напад врз шведската амбасада во Либан на 9 август и пукањето кон Швеѓанец вработен во конзулатот во Турција на 1 август придонеле за проценката за зголемен ризик. Палењето на Куранот во Шведска е дозволено врз основа на слободата на изразување, но муслиманите гледаат на тоа како богохулство. Владата на САД исто така ги предупреди своите граѓани кои патуваат во Шведска за можни терористички напади во таа земја.

The post Велика Британија ги предупреди своите граѓани кои патуваат во Шведска за можни терористички напади appeared first on Република.

]]>
Во Германија и во Холандија уапсени девет лица осомничени за планирање на терористички напади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-germanija-i-vo-holandija-uapseni-devet-litsa-osomnicheni-za-planirane-na-teroristichki-napadi/ Thu, 06 Jul 2023 14:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=658710

Во Холандија уапсен е 29-годишен Таџикистанец и неговата 31-годишна сопруга Киргистанка, под сомнение за „подготвителни дејствија за терористички дела“. Мажот е осомничен и дека е припадник на ИД.

Брачната двојка престојува во Холандија од минатата година.

Полицијата се сомнева дека Таџакистанецот „добил наредба да планира терористички напад“.

Германското обвинителство соопшти дека мажот уапсен во Холандија бил дел од групата формирана од другите осомничени, што денеска се уапсени во Германија.

Германската полиција денеска уапси седум лица под сомнение дека основале терористичка организација со цел да извршуваат напади, слично на сценаријата на Исламска држава.

Обвинителството соопшти дека уапсените се државјани на Туркменистан, Таџикистан и Киргистан и сите биле приведени во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, дека се познавале долго време, и дека од Украина влегле во земјата веднаш по почетокот на војната во 2022 година.

Освен државјанинот на Киргистан, другите осомничени кои се уапсени во Германија, исто така, од април 2022 година собирале пари за Исламска држава и во повеќе наврати ги префрлале на групата во странство

The post Во Германија и во Холандија уапсени девет лица осомничени за планирање на терористички напади appeared first on Република.

]]>

Во Холандија уапсен е 29-годишен Таџикистанец и неговата 31-годишна сопруга Киргистанка, под сомнение за „подготвителни дејствија за терористички дела“. Мажот е осомничен и дека е припадник на ИД. Брачната двојка престојува во Холандија од минатата година. Полицијата се сомнева дека Таџакистанецот „добил наредба да планира терористички напад“. Германското обвинителство соопшти дека мажот уапсен во Холандија бил дел од групата формирана од другите осомничени, што денеска се уапсени во Германија. Германската полиција денеска уапси седум лица под сомнение дека основале терористичка организација со цел да извршуваат напади, слично на сценаријата на Исламска држава. Обвинителството соопшти дека уапсените се државјани на Туркменистан, Таџикистан и Киргистан и сите биле приведени во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, дека се познавале долго време, и дека од Украина влегле во земјата веднаш по почетокот на војната во 2022 година. Освен државјанинот на Киргистан, другите осомничени кои се уапсени во Германија, исто така, од април 2022 година собирале пари за Исламска држава и во повеќе наврати ги префрлале на групата во странство

The post Во Германија и во Холандија уапсени девет лица осомничени за планирање на терористички напади appeared first on Република.

]]>