терористички групи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teroristichki-grupi/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Oct 2023 17:11:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png терористички групи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teroristichki-grupi/ 32 32 Албанецот со македонски пасош кој убиваше на улица во Виена бил дел од „балкански лавови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanetsot-so-makedonski-pasosh-koj-ubivashe-na-ulitsa-vo-viena-bil-del-od-balkanski-lavovi/ Wed, 25 Oct 2023 06:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=694639

Извештајот на италијанските разузнавачки служби за постоење на најмалку 20 џихадистички ќелии на Балканот, исфрли во прв план една  со звучното име- „балкански лавови“ како „инкубатор на заканите за Европа“.

Задачата на оваа група, според италијанските разузнавачи, е да ги „зајакне периферните зглобови“ на движењето ИСИС во европските градови, што во превод значи – организирање и извршување терористички напади на стариот континент. Сепак, историјата на оваа група покажува дека веќе имала многу крв на рацете.

https://republika.mk/vesti/balkan/dhihadistichki-kelii-ima-i-vo-makedonija-kako-del-od-t-n-balkanski-lavovi/

Кои се „балканските лавови“

Оваа група  е создадена од најозлогласените повратници од редовите на ИСИС од бојното поле на Блискиот Исток, кои по потекло се од Балканот. Главата му е на Косово и Метохија, а пипците ги шири во форма на ќелии во Албанија и  Македонија.

Првата поголема терористичка акција на„балканските лавови“ е крвавиот напад во Виена во ноември 2020 година. Кујтим Фејзулаи, Албанец со двојно државјанство на Австрија и на Македонија, носејќи автоматска пушка, пиштол и мачета, уби четворица и рани најмалку 22 жители на австриската престолнина пред да биде ликвидиран од полицијата. Истрагата утврдила дека тој бил регрутиран и радикализиран токму од „балканските лавови“.

 

 

The post Албанецот со македонски пасош кој убиваше на улица во Виена бил дел од „балкански лавови“ appeared first on Република.

]]>

Извештајот на италијанските разузнавачки служби за постоење на најмалку 20 џихадистички ќелии на Балканот, исфрли во прв план една  со звучното име- „балкански лавови“ како „инкубатор на заканите за Европа“. Задачата на оваа група, според италијанските разузнавачи, е да ги „зајакне периферните зглобови“ на движењето ИСИС во европските градови, што во превод значи – организирање и извршување терористички напади на стариот континент. Сепак, историјата на оваа група покажува дека веќе имала многу крв на рацете. https://republika.mk/vesti/balkan/dhihadistichki-kelii-ima-i-vo-makedonija-kako-del-od-t-n-balkanski-lavovi/

Кои се „балканските лавови“

Оваа група  е создадена од најозлогласените повратници од редовите на ИСИС од бојното поле на Блискиот Исток, кои по потекло се од Балканот. Главата му е на Косово и Метохија, а пипците ги шири во форма на ќелии во Албанија и  Македонија. Првата поголема терористичка акција на„балканските лавови“ е крвавиот напад во Виена во ноември 2020 година. Кујтим Фејзулаи, Албанец со двојно државјанство на Австрија и на Македонија, носејќи автоматска пушка, пиштол и мачета, уби четворица и рани најмалку 22 жители на австриската престолнина пред да биде ликвидиран од полицијата. Истрагата утврдила дека тој бил регрутиран и радикализиран токму од „балканските лавови“.    

The post Албанецот со македонски пасош кој убиваше на улица во Виена бил дел од „балкански лавови“ appeared first on Република.

]]>
САД отстранија пет екстремистички групи од списокот на странски терористички организации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-otstranija-pet-ekstremistichki-grupi-od-spisokot-na-stranski-teroristichki-organizacii/ Sat, 21 May 2022 08:05:31 +0000 https://republika.mk/?p=505089

САД денеска отстранија пет екстремистички групи од списокот на странски терористички организации, за кои веруваат дека повеќе не претставуваат закана.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека тие групи се отстранети по задолжителната петгодишна ревизија.

„Нашата ревизија на овие пет организации означени како терористички процени дека тие веќе не учествуваат во тероризам или терористички активности и дека немаат капацитет и намера да го сторат тоа“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Од списокот се отстранети баскиската сепаратистичка група ЕТА, јапонското движење Аум Шинрикијо, радикалната еврејска група Кахане Ках и две исламистички групи, што беа активни во Израел, палестинските територии и во Египет.

Овие организации некогаш се сметаа за закана и убија стотици, ако не и илјадници луѓе во Азија, Европа и Блискиот Исток.

Стејт департментот посочува дека бришењето на овие организации од списокот не значи оправдување на терористичките акти во кои тие учествувале, туку повеќе претставуваат признание за Египет, Израел, Јапонија и Шпанија за борба против терористичката закана што тие ја претставуваа.

The post САД отстранија пет екстремистички групи од списокот на странски терористички организации appeared first on Република.

]]>

САД денеска отстранија пет екстремистички групи од списокот на странски терористички организации, за кои веруваат дека повеќе не претставуваат закана. Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека тие групи се отстранети по задолжителната петгодишна ревизија.
„Нашата ревизија на овие пет организации означени како терористички процени дека тие веќе не учествуваат во тероризам или терористички активности и дека немаат капацитет и намера да го сторат тоа“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Од списокот се отстранети баскиската сепаратистичка група ЕТА, јапонското движење Аум Шинрикијо, радикалната еврејска група Кахане Ках и две исламистички групи, што беа активни во Израел, палестинските територии и во Египет. Овие организации некогаш се сметаа за закана и убија стотици, ако не и илјадници луѓе во Азија, Европа и Блискиот Исток. Стејт департментот посочува дека бришењето на овие организации од списокот не значи оправдување на терористичките акти во кои тие учествувале, туку повеќе претставуваат признание за Египет, Израел, Јапонија и Шпанија за борба против терористичката закана што тие ја претставуваа.

The post САД отстранија пет екстремистички групи од списокот на странски терористички организации appeared first on Република.

]]>