терористичка закана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teroristichka-zakana/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 08:36:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png терористичка закана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teroristichka-zakana/ 32 32 Вахабистот терорист од Белград ѝ пратил порака на сопругата од автобус, ѝ рекол дека го носи во рај https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vahabistot-terorist-od-belgrad-pratil-poraka-na-soprugata-od-avtobus-rekol-deka-go-nosi-vo-raj/ Mon, 01 Jul 2024 08:36:09 +0000 https://republika.mk/?p=792317

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека црногорската полиција извршила разговор со сопругата на мажот кој во саботата рани жандарм пред израелската амбасада во Белград, а телефонот и е одземен и ќе биде испратен на вештачење во Србија.

Дачиќ во изјава за белградски медиуми нагласи дека нејзиното сведочење потврдило дека се работи за терористички чин, пренесе Бета.

Таа вели дека... добила видео порака. Нејзиниот сопруг бил во јавен превоз и рекол дека автобусот го носи во рај. Спомнал Израелци кои убиваат муслимани, рече Дачиќ.

Припадникот на Жандармеријата М.Ј. во саботата беше застрелан со самострел во вратот пред израелската амбасада во Белград. Тој пукал во напаѓачот, кој починал од здобиените рани.

По нападот МВР на Србија ги подигна безбедносни мерки на територијата на цела држава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-guzhvite-na-tabanovtse-poradi-proglasenoto-tsrveno-nivo-na-bezbednosen-rizik-od-terorizam-vo-srbija/

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека црвената безбедносна тревога најверојатно ќе важи до вторник.

The post Вахабистот терорист од Белград ѝ пратил порака на сопругата од автобус, ѝ рекол дека го носи во рај appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека црногорската полиција извршила разговор со сопругата на мажот кој во саботата рани жандарм пред израелската амбасада во Белград, а телефонот и е одземен и ќе биде испратен на вештачење во Србија. Дачиќ во изјава за белградски медиуми нагласи дека нејзиното сведочење потврдило дека се работи за терористички чин, пренесе Бета.
Таа вели дека... добила видео порака. Нејзиниот сопруг бил во јавен превоз и рекол дека автобусот го носи во рај. Спомнал Израелци кои убиваат муслимани, рече Дачиќ.
Припадникот на Жандармеријата М.Ј. во саботата беше застрелан со самострел во вратот пред израелската амбасада во Белград. Тој пукал во напаѓачот, кој починал од здобиените рани. По нападот МВР на Србија ги подигна безбедносни мерки на територијата на цела држава. https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-guzhvite-na-tabanovtse-poradi-proglasenoto-tsrveno-nivo-na-bezbednosen-rizik-od-terorizam-vo-srbija/ Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека црвената безбедносна тревога најверојатно ќе важи до вторник.

The post Вахабистот терорист од Белград ѝ пратил порака на сопругата од автобус, ѝ рекол дека го носи во рај appeared first on Република.

]]>
Американските бази во Европа во состојба на готовност поради терористичка закана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanskite-bazi-vo-evropa-vo-sostojba-na-gotovnost-poradi-teroristichka-zakana/ Mon, 01 Jul 2024 07:48:31 +0000 https://republika.mk/?p=792281

Американските воени бази ширум Европа, вклучително и Германија, во текот на викендот беа ставени во состојба на готовност поради можен терористички напад. Американската телевизија Си-Ен-Ен објави дека Пентагон прогласил втор највисок степен на безбедност во американските бази, повикувајќи се на двајца неименувани владини претставници.

Тоа ниво на безбедност, познато како Force Protection Charlie, се применува кога Пентагон добива веродостојни разузнавачки информации за потенцијален терористички напад.

Природата на наводната закана остана нејасна. Официјален претставник цитиран од Фокс њуз рече дека тоа не се однесува на парламентарните избори во Франција.

Европската команда на САД (EUCOM) во Штутгарт одби да ги коментира конкретните безбедносни мерки преземени од вооружените сили на прашањето на СИ-Ен-Ен.

The post Американските бази во Европа во состојба на готовност поради терористичка закана appeared first on Република.

]]>

Американските воени бази ширум Европа, вклучително и Германија, во текот на викендот беа ставени во состојба на готовност поради можен терористички напад. Американската телевизија Си-Ен-Ен објави дека Пентагон прогласил втор највисок степен на безбедност во американските бази, повикувајќи се на двајца неименувани владини претставници. Тоа ниво на безбедност, познато како Force Protection Charlie, се применува кога Пентагон добива веродостојни разузнавачки информации за потенцијален терористички напад. Природата на наводната закана остана нејасна. Официјален претставник цитиран од Фокс њуз рече дека тоа не се однесува на парламентарните избори во Франција. Европската команда на САД (EUCOM) во Штутгарт одби да ги коментира конкретните безбедносни мерки преземени од вооружените сили на прашањето на СИ-Ен-Ен.

The post Американските бази во Европа во состојба на готовност поради терористичка закана appeared first on Република.

]]>
Во Шведска, степенот на терористичка закана е подигнат на „второто највисоко ниво“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-shvedska-stepenot-na-teroristichka-zakana-e-podignat-na-vtoroto-najvisoko-nivo/ Thu, 17 Aug 2023 11:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=672993

Шведската служба за безбедност (САПО) ќе ја подигне својата проценка за терористичката закана на „второ највисоко ниво“, објави денеска дневниот весник „Дагенс нихетер“ (ДН), повикувајќи се на неименувани извори.

Нивото на закана ќе биде подигнато од ниво трето на ниво четири на скала од еден до пет, според ДН.

Во претходно објавеното соопштение на САПО, се наведува дека денеска ќе се одржи прес-конференција во врска со националната безбедност, но службата не одговорила на барањето за доставување дополнителни детали за јавноста.

Во Шведска и во соседна Данска неодамна беа забележани серија протести во кои антиисламистички активисти запалија или на друг начин оштетија копии на Куранот, што предизвика бес во муслиманските земји и страв од напади дома

The post Во Шведска, степенот на терористичка закана е подигнат на „второто највисоко ниво“ appeared first on Република.

]]>

Шведската служба за безбедност (САПО) ќе ја подигне својата проценка за терористичката закана на „второ највисоко ниво“, објави денеска дневниот весник „Дагенс нихетер“ (ДН), повикувајќи се на неименувани извори. Нивото на закана ќе биде подигнато од ниво трето на ниво четири на скала од еден до пет, според ДН. Во претходно објавеното соопштение на САПО, се наведува дека денеска ќе се одржи прес-конференција во врска со националната безбедност, но службата не одговорила на барањето за доставување дополнителни детали за јавноста. Во Шведска и во соседна Данска неодамна беа забележани серија протести во кои антиисламистички активисти запалија или на друг начин оштетија копии на Куранот, што предизвика бес во муслиманските земји и страв од напади дома

The post Во Шведска, степенот на терористичка закана е подигнат на „второто највисоко ниво“ appeared first on Република.

]]>
Франција го зголемува надзорот над црквите поради терористичка закана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/francija-go-zgolemuva-nadzorot-nad-crkvite-poradi-teroristichka-zakana/ Sat, 13 Aug 2022 06:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=539776

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин побара од полициските префектури ширум државата да го зголемат надзорот над црквите и мисите в понеделник, на католичкиот празник Вознесение на Богородица, поради постоење терористичка закана.

Би сакал вашето внимание да биде особено насочено за време на мисите, собирите, поворките на 15 август - се вели во упатствата на Дарманен до префектурите.

Според него, високото ниво на терористичка закана бара „зголемена будност на верските места“.

Војниците од операцијата „Стражар“ исто така можат да бидат распоредени и треба да бидат видливи со улога на одвраќање, додаде францускиот министер. Таа операција беше покрената по терористичките напади во 2015 година во францускиот главен град.

The post Франција го зголемува надзорот над црквите поради терористичка закана appeared first on Република.

]]>

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин побара од полициските префектури ширум државата да го зголемат надзорот над црквите и мисите в понеделник, на католичкиот празник Вознесение на Богородица, поради постоење терористичка закана.
Би сакал вашето внимание да биде особено насочено за време на мисите, собирите, поворките на 15 август - се вели во упатствата на Дарманен до префектурите.
Според него, високото ниво на терористичка закана бара „зголемена будност на верските места“. Војниците од операцијата „Стражар“ исто така можат да бидат распоредени и треба да бидат видливи со улога на одвраќање, додаде францускиот министер. Таа операција беше покрената по терористичките напади во 2015 година во францускиот главен град.

The post Франција го зголемува надзорот над црквите поради терористичка закана appeared first on Република.

]]>