терорист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/terorist/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Aug 2024 13:14:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png терорист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/terorist/ 32 32 Сакал да ги казни безбожниците: Ова е исламистот Беран А., кој планирал напад во Виена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sakal-da-gi-kazni-bezbozhnitsite-ova-e-islamistot-beran-a-koj-planiral-napad-vo-viena/ Thu, 08 Aug 2024 13:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=804612

По апсењето на двајца млади момчиња осомничени за планирање терористички напад на концертот на Тејлор Свифт во Австрија, од истрагата се појавија информации дека второосомничениот е малолетник (17), по потекло од Балканот и дека исто како и главниот осомничен (19), роден е во Австрија.

Главниот осомничен, 19-годишник, на полицијата ѝ ги признал плановите, а меѓу осомничените е и седумнаесетгодишник, наводно со хрватски и турски корени, кој веќе и бил познат на полицијата, пишува Хеуте.

Меѓу осомничените е и петнаесетгодишен Австриец со турско потекло.

Главниот осомничен (19), чии родители се Албанци кои од Македонија се преселиле во Австрија, дал отказ на работа на 25 јули и објавил дека има големи планови за иднината и оттогаш се подготвува за крвава кампања.

Австриската полиција го соопшти идентитетот на 19-годишникот. Станува збор за Беран А.


Течности, хемикалии и техничка опрема се запленети во неговата куќа во Терница.

Генералниот директор за јавна безбедност Франц Руф денеска изјави дека главниот осомничен признал се, а детално ги опишал плановите за нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена.

Руф потврди и дека информации за подготовките за нападот добиле од тајната служба.
И двајцата тинејџери живеат во Терница, а 17-годишникот неодамна раскинал со својата девојка.

Куриер пишува дека 19-годишникот планирал да вози со својот автомобил во десетици илјади обожаватели кои ќе застанат пред стадионот Ернст Хапел за време на концертите, потоа да ги нападне со мачети и ножеви и на крајот да активира бомба направена од украдени хемикалии.

The post Сакал да ги казни безбожниците: Ова е исламистот Беран А., кој планирал напад во Виена appeared first on Република.

]]>

По апсењето на двајца млади момчиња осомничени за планирање терористички напад на концертот на Тејлор Свифт во Австрија, од истрагата се појавија информации дека второосомничениот е малолетник (17), по потекло од Балканот и дека исто како и главниот осомничен (19), роден е во Австрија. Главниот осомничен, 19-годишник, на полицијата ѝ ги признал плановите, а меѓу осомничените е и седумнаесетгодишник, наводно со хрватски и турски корени, кој веќе и бил познат на полицијата, пишува Хеуте. Меѓу осомничените е и петнаесетгодишен Австриец со турско потекло. Главниот осомничен (19), чии родители се Албанци кои од Македонија се преселиле во Австрија, дал отказ на работа на 25 јули и објавил дека има големи планови за иднината и оттогаш се подготвува за крвава кампања. Австриската полиција го соопшти идентитетот на 19-годишникот. Станува збор за Беран А. Течности, хемикалии и техничка опрема се запленети во неговата куќа во Терница. Генералниот директор за јавна безбедност Франц Руф денеска изјави дека главниот осомничен признал се, а детално ги опишал плановите за нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена. Руф потврди и дека информации за подготовките за нападот добиле од тајната служба. И двајцата тинејџери живеат во Терница, а 17-годишникот неодамна раскинал со својата девојка. Куриер пишува дека 19-годишникот планирал да вози со својот автомобил во десетици илјади обожаватели кои ќе застанат пред стадионот Ернст Хапел за време на концертите, потоа да ги нападне со мачети и ножеви и на крајот да активира бомба направена од украдени хемикалии.

The post Сакал да ги казни безбожниците: Ова е исламистот Беран А., кој планирал напад во Виена appeared first on Република.

]]>
Во Црна Гора уапсена сопругата на убиениот терорист од Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-tsrna-gora-uapsena-soprugata-na-ubieniot-terorist-od-belgrad/ Sun, 30 Jun 2024 18:08:31 +0000 https://republika.mk/?p=792205

Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП) Нинослав Чмолиќ денеска гостуваше на ТВ Информер и зборуваше за вчерашниот напад врз жандармите, како и за активностите на полицијата во расветлувањето на позадината на овој терористички чин.

Чмолиќ презентираше информации до кои дојде српското МУП во соработка со црногорската полиција, која ја уапси сопругата на терористот Милош Жујовиќ, кој вчера беше неутрализиран при напад на полицаец пред израелската амбасада.

МУП на Црна Гора брзо стигнала до сопругата на терористот, одземени и се сите електронски уреди и таа ќе биде процесуирана. Потребна ни е поддршка од целото општество кога станува збор за тероризмот. Граѓаните треба да имаат доверба во државата и полицијата. Ги преземаме сите активности за да го одржиме редот и мирот и да ги заштитиме нашите граѓани – изјави Цмолиќ за ТВ Информер.

Во текот на вечерта и утрото полицијата уапси неколку соработници на Жујовиќ, меѓу кои и Игор Деспотовиќ (25), кој веќе е осуден за планирање терористички напади во Србија.

Утврдено е дека Жујовиќ и Деспотовиќ биле на „врска“, односно дека долго време разменувале пораки во кои договарале терористички напад, кој Жујовиќ го извршил вчера – изјави извор на српски Курир запознаен со случајот.

 

The post Во Црна Гора уапсена сопругата на убиениот терорист од Белград appeared first on Република.

]]>

Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП) Нинослав Чмолиќ денеска гостуваше на ТВ Информер и зборуваше за вчерашниот напад врз жандармите, како и за активностите на полицијата во расветлувањето на позадината на овој терористички чин. Чмолиќ презентираше информации до кои дојде српското МУП во соработка со црногорската полиција, која ја уапси сопругата на терористот Милош Жујовиќ, кој вчера беше неутрализиран при напад на полицаец пред израелската амбасада.
МУП на Црна Гора брзо стигнала до сопругата на терористот, одземени и се сите електронски уреди и таа ќе биде процесуирана. Потребна ни е поддршка од целото општество кога станува збор за тероризмот. Граѓаните треба да имаат доверба во државата и полицијата. Ги преземаме сите активности за да го одржиме редот и мирот и да ги заштитиме нашите граѓани – изјави Цмолиќ за ТВ Информер.
Во текот на вечерта и утрото полицијата уапси неколку соработници на Жујовиќ, меѓу кои и Игор Деспотовиќ (25), кој веќе е осуден за планирање терористички напади во Србија.
Утврдено е дека Жујовиќ и Деспотовиќ биле на „врска“, односно дека долго време разменувале пораки во кои договарале терористички напад, кој Жујовиќ го извршил вчера – изјави извор на српски Курир запознаен со случајот.
 

The post Во Црна Гора уапсена сопругата на убиениот терорист од Белград appeared first on Република.

]]>
Опсадна состојба во Нови Пазар, полицијата упадна во станот на терористот, се трага по неговите соработници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/opsadna-sostojba-vo-novi-pazar-politsijata-upadna-vo-stanot-na-teroristot-se-traga-po-negovite-sorabotnitsi/ Sat, 29 Jun 2024 17:40:46 +0000 https://republika.mk/?p=791936

Вооружени полицајци и пожарникари упаднаа во станот во кој живеел терористот, објави српски „Блиц“, кој денеска со самострел рани припадник на Жандармеријата пред Амбасадата на Израел во Белград.

Имено, полицијата почнала да трага по неговите соработници и истомисленици, додека силни полициски сили почнале да пребаруваат повеќе локации во Нови Пазар, каде терористот живеел со сопругата.

Сè уште не е познато каде се наоѓа таа. Во станот влегле специјалци и пожарникари.

Последните денови двојката не била во станот што го изнајмиле, а соседите рекле дека не ги забележале.

Во Белград денеска околу 11 часот терористот Милош Жујовиќ (34) го нападна жандармот пред Амбасадата на Израел, во кој напаѓачот, кој е преобратен во ислам и е вахабист, извадил самострел од чантата и пукал кон него. Тој, пак, иако тешко ранет, возвратил и го ликвидира напаѓачот.

Терористот е родум од Младеновац, но го сменил местото на живеење и живеел во Нови Пазар.

 

The post Опсадна состојба во Нови Пазар, полицијата упадна во станот на терористот, се трага по неговите соработници appeared first on Република.

]]>

Вооружени полицајци и пожарникари упаднаа во станот во кој живеел терористот, објави српски „Блиц“, кој денеска со самострел рани припадник на Жандармеријата пред Амбасадата на Израел во Белград. Имено, полицијата почнала да трага по неговите соработници и истомисленици, додека силни полициски сили почнале да пребаруваат повеќе локации во Нови Пазар, каде терористот живеел со сопругата. Сè уште не е познато каде се наоѓа таа. Во станот влегле специјалци и пожарникари. Последните денови двојката не била во станот што го изнајмиле, а соседите рекле дека не ги забележале. Во Белград денеска околу 11 часот терористот Милош Жујовиќ (34) го нападна жандармот пред Амбасадата на Израел, во кој напаѓачот, кој е преобратен во ислам и е вахабист, извадил самострел од чантата и пукал кон него. Тој, пак, иако тешко ранет, возвратил и го ликвидира напаѓачот. Терористот е родум од Младеновац, но го сменил местото на живеење и живеел во Нови Пазар.  

The post Опсадна состојба во Нови Пазар, полицијата упадна во станот на терористот, се трага по неговите соработници appeared first on Република.

]]>
Едниот од терористите од Москва во Таџикистан бил осуден на затвор поради силување на 13-годишно момче https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/edniot-od-teroristite-od-moskva-vo-tadhikistan-bil-osuden-na-zatvor-poradi-siluvane-na-13-godishno-momche/ Fri, 29 Mar 2024 07:00:06 +0000 https://republika.mk/?p=759957

Еден од терористите што го извршија крвавиот терористилки напад во „Крокус“ центарот во Москва, веќе бил осуден за тешко кривично дело.

Како што објавија руски медиуми, во 2015 година, терористот Шамсидин Фаридуни бил осуден во Таџикистан на 5 години и 8 месеци за обид за силување на 13-годишно момче.

https://republika.mk/vesti/svet/kakva-zemja-e-tadhikistan-eden-pretsedatel-e-na-vlast-30-godini/

Казната била изречена според член 241, став 2 од Кривичниот законик на Таџикистан.

https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-istrazhiteli-otpatuvale-vo-tadhikistan-gi-isprashuvaat-semejstvata-na-osomnichenite-za-teroristichkiot-napad-vo-moskva/

The post Едниот од терористите од Москва во Таџикистан бил осуден на затвор поради силување на 13-годишно момче appeared first on Република.

]]>

Еден од терористите што го извршија крвавиот терористилки напад во „Крокус“ центарот во Москва, веќе бил осуден за тешко кривично дело. Како што објавија руски медиуми, во 2015 година, терористот Шамсидин Фаридуни бил осуден во Таџикистан на 5 години и 8 месеци за обид за силување на 13-годишно момче. https://republika.mk/vesti/svet/kakva-zemja-e-tadhikistan-eden-pretsedatel-e-na-vlast-30-godini/ Казната била изречена според член 241, став 2 од Кривичниот законик на Таџикистан. https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-istrazhiteli-otpatuvale-vo-tadhikistan-gi-isprashuvaat-semejstvata-na-osomnichenite-za-teroristichkiot-napad-vo-moskva/

The post Едниот од терористите од Москва во Таџикистан бил осуден на затвор поради силување на 13-годишно момче appeared first on Република.

]]>
Најмладиот терорист бил стилист во козметички салон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmladiot-terorist-bil-stilist-vo-kozmetichki-salon/ Tue, 26 Mar 2024 07:44:11 +0000 https://republika.mk/?p=758695

Најмладиот од терористите во Москва, Мухамедсобир Фајзов има 19 години, со годин живее во Иваново и работел како стилист во козметички салони.

https://republika.mk/vesti/svet/na-teroristot-od-moskva-mu-go-otsekoa-uvoto-i-mu-go-stavija-da-go-jade/

Медиумите пренесуваат дека одел во теретана и вежбал кик-бокс. На крајот на јануари ненадејно дал отказ во фризерскиот салон и му се губи секаква трага. Се испостави дека од февруари живее во хостел во Москва каде се спремал за нападот.

https://republika.mk/vesti/svet/teroristite-od-moskva-bile-macheni-so-elektroshokovi-vo-polovite-organi/

The post Најмладиот терорист бил стилист во козметички салон appeared first on Република.

]]>

Најмладиот од терористите во Москва, Мухамедсобир Фајзов има 19 години, со годин живее во Иваново и работел како стилист во козметички салони. https://republika.mk/vesti/svet/na-teroristot-od-moskva-mu-go-otsekoa-uvoto-i-mu-go-stavija-da-go-jade/ Медиумите пренесуваат дека одел во теретана и вежбал кик-бокс. На крајот на јануари ненадејно дал отказ во фризерскиот салон и му се губи секаква трага. Се испостави дека од февруари живее во хостел во Москва каде се спремал за нападот. https://republika.mk/vesti/svet/teroristite-od-moskva-bile-macheni-so-elektroshokovi-vo-polovite-organi/

The post Најмладиот терорист бил стилист во козметички салон appeared first on Република.

]]>
За Русите, светскиот шаховски првак Гари Каспаров е терорист и екстремист https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-rusite-svetskiot-shahovski-prvak-gari-kasparov-e-terorist-i-ekstremist/ Wed, 06 Mar 2024 17:49:43 +0000 https://republika.mk/?p=752018

Руските власти го додадоа името на поранешниот повеќекратен светски шаховски првак и политички активист Гари Каспаров на списокот „терористи и екстремисти“.

Каспаров е долгогодишен противник на рускиот претседател Владимир Путин, а последните десет години живее во САД.

Каспаров ја напушти Русија во страв дека може да се соочи со судски процес во 2013 година и од САД продолжува да биде жесток критичар на Путин и на руската агресија врз Украина.

Каспаров во 2022 година веќе беше прогласен за „странски агент“, термин кој руските власти го користат за своите противници, новинари и борци за човекови права.

The post За Русите, светскиот шаховски првак Гари Каспаров е терорист и екстремист appeared first on Република.

]]>

Руските власти го додадоа името на поранешниот повеќекратен светски шаховски првак и политички активист Гари Каспаров на списокот „терористи и екстремисти“. Каспаров е долгогодишен противник на рускиот претседател Владимир Путин, а последните десет години живее во САД. Каспаров ја напушти Русија во страв дека може да се соочи со судски процес во 2013 година и од САД продолжува да биде жесток критичар на Путин и на руската агресија врз Украина. Каспаров во 2022 година веќе беше прогласен за „странски агент“, термин кој руските власти го користат за своите противници, новинари и борци за човекови права.

The post За Русите, светскиот шаховски првак Гари Каспаров е терорист и екстремист appeared first on Република.

]]>
Напаѓач со нож тешко рани двајца полицајци во Ерусалим https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/napagach-so-nozh-teshko-rani-dvajtsa-politsajtsi-vo-erusalim/ Mon, 06 Nov 2023 07:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=698625

Утрово околу 8 часот и 10 минути, терорист вооружен со нож избодел двајца припадници на израелската полиција во близина на полициската станица Шалем во источен Ерусалим.

Како што соопшти израелската полиција, двајцата припадници на граничната полиција се тешко ранети со убоди со нож во овој терористички напад што се случи утринава во близина на Иродовата порта во Стариот град во Ерусалим.

Терористот беше убиен од полицајци кои пристигнаа на местото на нападот. Помош била укажана на 20-годишна жена која е тешко повредена и на млад човек кој се здобил со полесни повреди. Тие потоа се пренесени во болница на понатамошно лекување – соопштија од полицијата.

Полицајците почнаа да собираат докази на местото на настанот и да ја скенираат областа за да ја исклучат можноста за други соучесници во нападот.

The post Напаѓач со нож тешко рани двајца полицајци во Ерусалим appeared first on Република.

]]>

Утрово околу 8 часот и 10 минути, терорист вооружен со нож избодел двајца припадници на израелската полиција во близина на полициската станица Шалем во источен Ерусалим. Како што соопшти израелската полиција, двајцата припадници на граничната полиција се тешко ранети со убоди со нож во овој терористички напад што се случи утринава во близина на Иродовата порта во Стариот град во Ерусалим.
Терористот беше убиен од полицајци кои пристигнаа на местото на нападот. Помош била укажана на 20-годишна жена која е тешко повредена и на млад човек кој се здобил со полесни повреди. Тие потоа се пренесени во болница на понатамошно лекување – соопштија од полицијата.
Полицајците почнаа да собираат докази на местото на настанот и да ја скенираат областа за да ја исклучат можноста за други соучесници во нападот.

The post Напаѓач со нож тешко рани двајца полицајци во Ерусалим appeared first on Република.

]]>
Во БиХ фатен терорист поврзан со ИСИС кој планирал напад врз џамија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-bih-faten-terorist-povrzan-so-isis-koj-planiral-napad-vrz-dhamija/ Tue, 08 Aug 2023 12:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=670010

Oбвинителството на БиХ потврди дека во земјата е уапсен маж поврзан со терористичката организација Исламска држава (ИД) кој планирал да изврши терористички напад и затоа од државниот суд било побарано да му одреди притвор.

Како што се наведува во соопштението на Обвинителството на БиХ, станува збор за М.К. (42) кој живее во Зеница и претходно бил осуден за кривични дела поврзани со тероризам и престој на боиштата во странство.

Тој беше уапсен на крајот на јули од страна на членовите на Државната агенција за истраги и заштита, јавуваат медиумите во БиХ.

Го обвинуваат дека користел апликации за комуникација за да контактира со луѓе кои поддржуваат радикални движења и поддржувачи на ИД минатиот месец. Во преписката која ја пресретнала полицијата, тој потврдил дека планирал експлозивен напад врз џамија во Босна и Херцеговина во јули.

Од лицата со кои контактирал побарал упатство за изработка на експлозивна направа со детонатор.

Неговиот план бил да ги нападне научниците на Исламската заедница во БиХ кои објавуваат прогласи против исламските радикали и кои, како што тврдел, ги пријавуваат поддржувачите на радикалните движења и ИД во полицијата во БиХ.

При апсењето полицијата ја одземала електронската опрема што ја користел и на истата сега се врши дополнително вештачење.

Тој е осомничен за кривично дело тероризам.

The post Во БиХ фатен терорист поврзан со ИСИС кој планирал напад врз џамија appeared first on Република.

]]>

Oбвинителството на БиХ потврди дека во земјата е уапсен маж поврзан со терористичката организација Исламска држава (ИД) кој планирал да изврши терористички напад и затоа од државниот суд било побарано да му одреди притвор. Како што се наведува во соопштението на Обвинителството на БиХ, станува збор за М.К. (42) кој живее во Зеница и претходно бил осуден за кривични дела поврзани со тероризам и престој на боиштата во странство. Тој беше уапсен на крајот на јули од страна на членовите на Државната агенција за истраги и заштита, јавуваат медиумите во БиХ. Го обвинуваат дека користел апликации за комуникација за да контактира со луѓе кои поддржуваат радикални движења и поддржувачи на ИД минатиот месец. Во преписката која ја пресретнала полицијата, тој потврдил дека планирал експлозивен напад врз џамија во Босна и Херцеговина во јули. Од лицата со кои контактирал побарал упатство за изработка на експлозивна направа со детонатор. Неговиот план бил да ги нападне научниците на Исламската заедница во БиХ кои објавуваат прогласи против исламските радикали и кои, како што тврдел, ги пријавуваат поддржувачите на радикалните движења и ИД во полицијата во БиХ. При апсењето полицијата ја одземала електронската опрема што ја користел и на истата сега се врши дополнително вештачење. Тој е осомничен за кривично дело тероризам.

The post Во БиХ фатен терорист поврзан со ИСИС кој планирал напад врз џамија appeared first on Република.

]]>
ФСБ открила украински националист кој подготвувал терористички напад во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fsb-otkrila-ukrainski-nacionalist-koj-podgotvuval-teroristichki-napad-vo-rusija/ Thu, 28 Apr 2022 10:53:16 +0000 https://republika.mk/?p=494695

Руските медиуми објавија дека руската безбедносна служба, ФСБ, открила и уапсила украинску националист, кој подготвувал терористички напад во Русија.

ФСБ во Владимирскиот регион уапси поддржувач на проукраинската националистичка идеологија, вклучен во повици за тероризам - се наведува во соопштението пренесено од РИА.

По апсењето, кај него биле пронајдени украински симболи, разни видови оружје, како и материјали за планираниот напад.

The post ФСБ открила украински националист кој подготвувал терористички напад во Русија appeared first on Република.

]]>

Руските медиуми објавија дека руската безбедносна служба, ФСБ, открила и уапсила украинску националист, кој подготвувал терористички напад во Русија.
ФСБ во Владимирскиот регион уапси поддржувач на проукраинската националистичка идеологија, вклучен во повици за тероризам - се наведува во соопштението пренесено од РИА.
По апсењето, кај него биле пронајдени украински симболи, разни видови оружје, како и материјали за планираниот напад.

The post ФСБ открила украински националист кој подготвувал терористички напад во Русија appeared first on Република.

]]>
Руските власти официјално го прогласија Навални за терорист https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-vlasti-oficijalno-go-proglasija-navalni-za-terorist-2/ Tue, 25 Jan 2022 11:52:59 +0000 https://republika.mk/?p=449219

Руската федерална служба за финансиски мониторинг Росфинмониторинг ги додаде Алексеј Навални, Љубов Собол, Георги Албуров и уште 19 лица во регистарот на терористи и екстремисти, објавено е денеска на веб-страницата на агенцијата.

Меѓу поддржувачите на Навални на листата се и Лилија Чанишева, Руслан Шавединов, Павел Зеленски и други.

Одлуката ги става на исто ниво со десничарските националистички групи и странски терористички организации, вклучувајќи ги талибанците и џихадистичката Исламска држава.

На почетокот на месецов, на списокот беа додадени уште двајца клучни соработници на опозицискиот политичар.

Во Русија е забележана невидена репресија против неистомислениците во текот на изминатата година, вклучително и затворањето на главниот критичар на претседателот Владимир Путин, Навални, минатиот јануари и прогласување незаконитост на неговите политички организации.

Оттогаш, речиси сите негови главни сојузници ја напуштија земјата.

The post Руските власти официјално го прогласија Навални за терорист appeared first on Република.

]]>

Руската федерална служба за финансиски мониторинг Росфинмониторинг ги додаде Алексеј Навални, Љубов Собол, Георги Албуров и уште 19 лица во регистарот на терористи и екстремисти, објавено е денеска на веб-страницата на агенцијата.
Меѓу поддржувачите на Навални на листата се и Лилија Чанишева, Руслан Шавединов, Павел Зеленски и други. Одлуката ги става на исто ниво со десничарските националистички групи и странски терористички организации, вклучувајќи ги талибанците и џихадистичката Исламска држава. На почетокот на месецов, на списокот беа додадени уште двајца клучни соработници на опозицискиот политичар. Во Русија е забележана невидена репресија против неистомислениците во текот на изминатата година, вклучително и затворањето на главниот критичар на претседателот Владимир Путин, Навални, минатиот јануари и прогласување незаконитост на неговите политички организации. Оттогаш, речиси сите негови главни сојузници ја напуштија земјата.

The post Руските власти официјално го прогласија Навални за терорист appeared first on Република.

]]>