термини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/termini/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Feb 2024 08:26:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png термини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/termini/ 32 32 Од 28 до 30 јуни четиринаесето издание на Д Фестивал под мотото „Love Spreads“ https://arhiva3.republika.mk/scena/od-28-do-30-juni-chetirinaeseto-izdanie-na-d-festival-pod-mototo-love-spreads/ Tue, 13 Feb 2024 08:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=743478

Со огромна возбуда ви го најавуваме четиринаесетото издание на Д Фестивал, кое ќе се одржи во периодот од 28 до 30 јуни! , соопштија организаторите.

И сега, нашиот официјален слоган - #LoveSpreads! 🌟 Ширете го чувството на љубов, заедничката радост и припадност, бидејќи знаеме дека Љубовта е она што нè поврзува и прави нашите срца да чукаат посилно. 🎶

Фестивал на кои ќе доживеете неверојатни звуци, вкусови и активности за сите сетила! Под отворено небо уживајте во музика, јога, цртање, филмови, освежете се со нова тетоважа, спортувајте, смејте се на стенд ап комедија и завршете го денот со танцови под ѕвезди. 🎉
Продажната акција - РАН КОРМОРАН стратува во среда од 12:00 преку продажната мрежа на MkTickets, со почетна цена на билети:
- 1200 денари (тридневен фестивалски билет за цела програма);
- 1300 денари (тридневен фестивалски билет за цела програма + камп место).
Не пропуштајте го 14. Д Фестивал! Заокружете си ги датумите во календар и придружете ни се на едно неверојатно искуство! #LoveSpreads!
Дизајн на постер, Еден и Единствен: Vane Kosturanov
Официјален настан: https://fb.me/e/3lNEYOUbj

The post Од 28 до 30 јуни четиринаесето издание на Д Фестивал под мотото „Love Spreads“ appeared first on Република.

]]>

Докторите, а не граѓаните да одлучуваат кој треба да се снима со магнетна резонанца, така ќе биде поефикасно, вели министерот за здравство Меџити https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/doktorite-a-ne-graganite-da-odluchuvaat-koj-treba-da-se-snima-so-magnetna-rezonantsa-taka-ke-bide-poefikasno-veli-ministerot-za-zdravstvo-medhiti/ Mon, 15 Jan 2024 11:59:33 +0000 https://republika.mk/?p=733231

Министерот за здравство Фатмир Меџити и директорката на ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија Гордана Антулеска - Белческа, денеска апелираа да не се злоупотребуваат термините за во оваа установа и да не паѓаат под влијание на пациенти кои сами бараат да бидат снимани со магнетна резонанца, а нема медицинска потреба за тоа.

Граѓаните реаграат дека се чека долго за термин и читање резултати. Според Антулеска- Белческа со оглед на капацитетите со кои располагаат во моментот, тие го даваат својот максимум. Таа побара правилна тријажа на пациентите, да се утврди кој пациент е итен за да биде испратен на магнетна резонанца.

Имаме три апарати за магнетна дијагностика, таа е многу интересна и премногу барана, дури и злоупотребена како метода. Мислам дека е тука основниот проблем. Треба да се прави правилна тријажа на пациентите, значи да се утврди кој пациент е итен за магнетна, нему да му дадеме предност. Заради тоа апелирам и кон своите колеги, да направиме правилна тријажа, со цел да им дадеме предност на оние, на кои навистина магнетната резонанца им е неопходна. Во тој случај, ние би биле и далеку поефикасни, истакна таа, одговарајќи на новинарски прашања на денешната промоција на нови апарати на Радиологија.

https://republika.mk/zivot/zdravje/klinikata-za-radiologija-dobi-nov-digitalen-rentgen-aparat-za-snimane-detsa-i-aparati-za-rana-dijagnostika-na-rak-na-dojka/

Кога станува збор за дополнителен кадар, таа информираше дека дел вработувања се реализирани, меѓутоа сѐ уште не се доекипирани.

Министерот Меџити се согласи дека има проблеми во термините на радиологија. Тој кажа оти се случувало на дежурство или во амбуланта, да дојде пациент со петмесечна главоболка и самиот да кажува дали треба да се направи магнет или не.

Заедно со директорите на радиологија, ќе ги заостриме критериуми. Повторно апелирам до граѓаните да не кажуваат на докторите - навистина и тие да сочувствуваат со нас, да знаат точно дека сепак, докторите одлучуваат кој има потреба, а кој не, додаде министерот.

Тој рече и оти во европските земји, во одредено време кога треба кај матичен лекар да се оди, треба со месеци да се чека термин, а ако е итност, за тоа одлучуваат самите стручни лица и лекарите.

Меџити оцени дека има подобрување на оваа состојба и оти не се чекало, како што се чекало порано, потсетувајќи дека Радиологија ќе се реновира и оти тоа ќе придонесе да се олесни ситуацијата со термините.

На новинарско прашање дали на специјализанти им се дава да читаат резултати, министерот и директорката одговорија дека тоа е дел од едукацијата, оти работат под надзор, под менторство.

Министерот беше прашан и каква е ситуацијата со големата кашлица во државата, на што тој одговори дека ситуацијата е под контрола.

Комисијата за заразни болести излезе и кажа точно дека сѐ е под контрола, дека ситуацијата се опсервира цело време и во моментов, нема навистина место за паника, нема некој проблем. Ги надгледуваме случаите. Засега состојбата е стабилна. Утре ќе има седница, информираше министерот.

Како што додаде Меџити, остануваат само двата потврдени случаја. Тој уште еднаш ги повика граѓаните да ги вакцинираат најмладите.

The post Докторите, а не граѓаните да одлучуваат кој треба да се снима со магнетна резонанца, така ќе биде поефикасно, вели министерот за здравство Меџити appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Фатмир Меџити и директорката на ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија Гордана Антулеска - Белческа, денеска апелираа да не се злоупотребуваат термините за во оваа установа и да не паѓаат под влијание на пациенти кои сами бараат да бидат снимани со магнетна резонанца, а нема медицинска потреба за тоа. Граѓаните реаграат дека се чека долго за термин и читање резултати. Според Антулеска- Белческа со оглед на капацитетите со кои располагаат во моментот, тие го даваат својот максимум. Таа побара правилна тријажа на пациентите, да се утврди кој пациент е итен за да биде испратен на магнетна резонанца.
Имаме три апарати за магнетна дијагностика, таа е многу интересна и премногу барана, дури и злоупотребена како метода. Мислам дека е тука основниот проблем. Треба да се прави правилна тријажа на пациентите, значи да се утврди кој пациент е итен за магнетна, нему да му дадеме предност. Заради тоа апелирам и кон своите колеги, да направиме правилна тријажа, со цел да им дадеме предност на оние, на кои навистина магнетната резонанца им е неопходна. Во тој случај, ние би биле и далеку поефикасни, истакна таа, одговарајќи на новинарски прашања на денешната промоција на нови апарати на Радиологија.
https://republika.mk/zivot/zdravje/klinikata-za-radiologija-dobi-nov-digitalen-rentgen-aparat-za-snimane-detsa-i-aparati-za-rana-dijagnostika-na-rak-na-dojka/ Кога станува збор за дополнителен кадар, таа информираше дека дел вработувања се реализирани, меѓутоа сѐ уште не се доекипирани. Министерот Меџити се согласи дека има проблеми во термините на радиологија. Тој кажа оти се случувало на дежурство или во амбуланта, да дојде пациент со петмесечна главоболка и самиот да кажува дали треба да се направи магнет или не.
Заедно со директорите на радиологија, ќе ги заостриме критериуми. Повторно апелирам до граѓаните да не кажуваат на докторите - навистина и тие да сочувствуваат со нас, да знаат точно дека сепак, докторите одлучуваат кој има потреба, а кој не, додаде министерот.
Тој рече и оти во европските земји, во одредено време кога треба кај матичен лекар да се оди, треба со месеци да се чека термин, а ако е итност, за тоа одлучуваат самите стручни лица и лекарите. Меџити оцени дека има подобрување на оваа состојба и оти не се чекало, како што се чекало порано, потсетувајќи дека Радиологија ќе се реновира и оти тоа ќе придонесе да се олесни ситуацијата со термините. На новинарско прашање дали на специјализанти им се дава да читаат резултати, министерот и директорката одговорија дека тоа е дел од едукацијата, оти работат под надзор, под менторство. Министерот беше прашан и каква е ситуацијата со големата кашлица во државата, на што тој одговори дека ситуацијата е под контрола.
Комисијата за заразни болести излезе и кажа точно дека сѐ е под контрола, дека ситуацијата се опсервира цело време и во моментов, нема навистина место за паника, нема некој проблем. Ги надгледуваме случаите. Засега состојбата е стабилна. Утре ќе има седница, информираше министерот.
Како што додаде Меџити, остануваат само двата потврдени случаја. Тој уште еднаш ги повика граѓаните да ги вакцинираат најмладите.

The post Докторите, а не граѓаните да одлучуваат кој треба да се снима со магнетна резонанца, така ќе биде поефикасно, вели министерот за здравство Меџити appeared first on Република.

]]>
Блокирано издавањето лични документи: Преку „е-услуги“ првиот слободен е на 8 ноември, за пасош, пак, ќе почекате до 4 декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/blokirano-izdavaneto-lichni-dokumenti-preku-e-uslugi-prviot-sloboden-e-na-8-noemvri-za-pasosh-pak-ke-pochekate-do-4-dekemvri/ Fri, 11 Aug 2023 15:52:43 +0000 https://republika.mk/?p=671200

Личните документи со „Северна“ го блокираа издавањето на лични документи во Одделението за управни работи, објави Сител.

МВР работи само со 12 линии и воопшто не може да успеете да добиете оператор кај кого ќе може да закажете термин.

Доколку денеска преку системот „е-услуги“ се обидете да закажате термин за фотографирање, првиот слободен е на 8 ноември. За пасош, пак, ќе почекате до 4 декември.

Сите граѓани кои имаат стари документи со „Република Македонија“ ќе мора да ги променат до февруари за да добијат со „Северна“. Во март годинава МВР го поскапи вадењето на лични документи.

Личната карта поскапи за 120 денари и сега чини 310 денари. Слично поскапување има и кај возачките кои сега чинат 410 наместо 280 денари. Пасошите за лица до 27 денари чинат исто, но постарите ќе треба да платат 500 денари плус, односно 2.000 денари.

Покаспување има и кај итната постапка. Па така, пасош по итна постапка се вади за 6.100 денари, а возачка за 1.230 денари.

The post Блокирано издавањето лични документи: Преку „е-услуги“ првиот слободен е на 8 ноември, за пасош, пак, ќе почекате до 4 декември appeared first on Република.

]]>

Личните документи со „Северна“ го блокираа издавањето на лични документи во Одделението за управни работи, објави Сител. МВР работи само со 12 линии и воопшто не може да успеете да добиете оператор кај кого ќе може да закажете термин. Доколку денеска преку системот „е-услуги“ се обидете да закажате термин за фотографирање, првиот слободен е на 8 ноември. За пасош, пак, ќе почекате до 4 декември. Сите граѓани кои имаат стари документи со „Република Македонија“ ќе мора да ги променат до февруари за да добијат со „Северна“. Во март годинава МВР го поскапи вадењето на лични документи. Личната карта поскапи за 120 денари и сега чини 310 денари. Слично поскапување има и кај возачките кои сега чинат 410 наместо 280 денари. Пасошите за лица до 27 денари чинат исто, но постарите ќе треба да платат 500 денари плус, односно 2.000 денари. Покаспување има и кај итната постапка. Па така, пасош по итна постапка се вади за 6.100 денари, а возачка за 1.230 денари.

The post Блокирано издавањето лични документи: Преку „е-услуги“ првиот слободен е на 8 ноември, за пасош, пак, ќе почекате до 4 декември appeared first on Република.

]]>