терминал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/terminal/ За подобро да се разбереме Tue, 02 May 2023 08:19:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png терминал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/terminal/ 32 32 Сметките за вода ќе може да се плаќаат и во „Сити мол“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/smetkite-za-voda-ke-mozhe-da-se-plakaat-i-vo-siti-mol/ Tue, 02 May 2023 08:08:42 +0000 https://republika.mk/?p=635930

ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје постави нов самоуслужен дигитален киоск за наплата на фактури во Сити мол. Киоскот за наплата на фактурите за услугите на претпријатието е поставен на првиот кат, во делот означен за банкомати, информираат денеска од ова претпријатие.

Корисниците можат да ја искористат опцијата за брзо плаќање без провизија, преку киосците за наплата што се поставени на уште четири локации во град Скопје. Во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Одделението за грижа на корисници во ЈП „Комунална Хигиена“ - Скопје, во ГТЦ на приземје и во Капитол мол, се појаснува во соопштението.

Од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје нагласуваат дека претпријатието овозможува пристап до сите информации на веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk, но и до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk, каде на едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на приложените упатства, корисниците имаат можност да поднесат барање за добивање на електронска фактура.

The post Сметките за вода ќе може да се плаќаат и во „Сити мол“ appeared first on Република.

]]>