теракотни икони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/terakotni-ikoni/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Apr 2024 10:40:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png теракотни икони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/terakotni-ikoni/ 32 32 Теракотните икони од Виничкото Кале на едномесечна изложба во Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/terakotnite-ikoni-od-vinichkoto-kale-na-ednomesechna-izlozhba-vo-tsrna-gora/ Tue, 30 Apr 2024 10:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=772557

Репрезентативна збирка од познатите теракотни икони од Виничкото Кале е претставена на едномесечна изложба во музејот Куслевова куќа во црногорскиот главен град Подгорица, како резултат на воспоставената соработка со музејот „Теракота“ од Виница.

Изложбата ја отвори македонскиот амбасадор во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ при што истакна дека се работи за едно од најавтентичните и најзначајни сведоштва за ранохристијанството на балканските простори. Пред црногорската културна јавност се претставени 12 теракотни икони и осум пишани материјали.

Гостувањето на изложбата во Црна Гора се договараше неколку години, но поради објективни причини беше одложувано. Конечно, со многу топлина и во одличен естетски амбиент, теракотните икони се изложени за посетителите. Се работи за простор во музејски објект што е добротворен дар од стоматологот Христо Куслев, алтруист со македонско потекло, кој во минатиот век направил убави хумани дела на црногорско тло. Морам да ја истакнам одличната соработка со кустосот Драган Радовиќ и директорката Ивана Чупиќ од Музеи и галерија на Подгорица, кои дадоа особен придонес во реализацијата на поставката. Поради големиот интерес, наместо до 7 мај, како што првично беше договорено, изложбата ќе трае до крајот на месецот, истакна Сара Даневска, директорка на музејот „Теракота“ – Виница.

По гостувањето во Подгорица во тек се договори виничките теракотни икони да бидат претставени и во другите црногорски градови. Поддршка во реализацијата на изложбата даде и Општина Виница.

The post Теракотните икони од Виничкото Кале на едномесечна изложба во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Репрезентативна збирка од познатите теракотни икони од Виничкото Кале е претставена на едномесечна изложба во музејот Куслевова куќа во црногорскиот главен град Подгорица, како резултат на воспоставената соработка со музејот „Теракота“ од Виница. Изложбата ја отвори македонскиот амбасадор во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ при што истакна дека се работи за едно од најавтентичните и најзначајни сведоштва за ранохристијанството на балканските простори. Пред црногорската културна јавност се претставени 12 теракотни икони и осум пишани материјали.
Гостувањето на изложбата во Црна Гора се договараше неколку години, но поради објективни причини беше одложувано. Конечно, со многу топлина и во одличен естетски амбиент, теракотните икони се изложени за посетителите. Се работи за простор во музејски објект што е добротворен дар од стоматологот Христо Куслев, алтруист со македонско потекло, кој во минатиот век направил убави хумани дела на црногорско тло. Морам да ја истакнам одличната соработка со кустосот Драган Радовиќ и директорката Ивана Чупиќ од Музеи и галерија на Подгорица, кои дадоа особен придонес во реализацијата на поставката. Поради големиот интерес, наместо до 7 мај, како што првично беше договорено, изложбата ќе трае до крајот на месецот, истакна Сара Даневска, директорка на музејот „Теракота“ – Виница.
По гостувањето во Подгорица во тек се договори виничките теракотни икони да бидат претставени и во другите црногорски градови. Поддршка во реализацијата на изложбата даде и Општина Виница.  

The post Теракотните икони од Виничкото Кале на едномесечна изложба во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Теракотните икони од Виничко кале по претставувањето во Англија и Шпанија, денес на изложба во Вински музеј Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/terakotnite-ikoni-od-vinichko-kale-po-pretstavuvaneto-vo-anglija-i-shpanija-denes-na-izlozhba-vo-vinski-muzej-kavadartsi/ Wed, 14 Feb 2024 10:27:11 +0000 https://republika.mk/?p=743999

Теракотните икони од Виничко кале по претставувањето во Англија и Шпанија, доаѓаат на изложба во Вински музеј Кавадарци, информираше Весела Честоева, директорка на кавадаречката културна институција. Таа подвлече дека станува збор за археолошки предмети, што се дел од културното богатство на Македонија и како такви, имаат непроценливо значење.

Неколкудневната програма на Општината изобилува со настани, а теракотните икони ќе дадат посебен белег на традиционалната манифестација. Централната прослава е на 14 февруари, соопшти директорката на музејот за регионот „Тиквеш“.

Честоева додаде дека станува збор за ранохристијански керамички релјефи од Виничкото кале, познати како теракотни икони, а изложбата се реализира  во соработка со Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“ од Виница.

Вински музеј Кавадарци со оваа несекојдневна изложба, нуди можност после Оксфорд, Велика Британија и Кордоба, Шпанија, да се погледнат овие експонати и од љубителите на уметноста од Тиквешијата и регионот. Изложбата ќе биде отворена за посетители, до крајот на месецот. Се работи за 12 керамички релјефи и осум банери на кои се претставени Виничкото кале и 14 мотиви од нив. Познатите винички „теракотни икони“, што се со потекло од петти до шести век од нашата ера, се вбројуваат во редот на најавтентичните археолошки откритија и претставуваат драгоцен дел од целокупното христијанско уметничко наследство, нагласи Честоева за МИА.

The post Теракотните икони од Виничко кале по претставувањето во Англија и Шпанија, денес на изложба во Вински музеј Кавадарци appeared first on Република.