тепање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tepanje/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 07:52:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тепање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tepanje/ 32 32 Ужас во Битола: Си ги пресекла вените, само за да престане да ја удира – не престанал! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uzhas-vo-bitola-si-gi-presekla-venite-samo-za-da-prestane-da-ja-udira-ne-prestanal/ Wed, 30 Oct 2024 07:52:53 +0000 https://republika.mk/?p=832284

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 39-годишен битолчанец, осомничен за дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и со став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 21 октомври, при вршење на семејно насилство и на свиреп начин, осомничениот противправно ја затворил и ја држел затворена, а потоа и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Оштетената, пред нејзината куќа, влегла во неговото возило. Тој започнал да вози и најпрво со тупаница ја удрил во пределот на главата. Потоа ја однел во неговата викендица во Нижеполе, каде насилно ја турнал, ја заклучил и додека ја држел затворена, еден час ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци по главата и телото. Оштетената не можела повеќе да го издржи ваквото негово насилничко однесување, па посегнала по нож од кујната со кој си ги исекла вените на левата рака. Но, осомничениот продолжил свирепо да ја удира, нанесувајќи и повеќе телесни повреди, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, но осомничениот е во бегство, па притворската мерка ќе започне да се спроведува сметано од денот на неговото пронаоѓање, лишување од слобода и приведување.

The post Ужас во Битола: Си ги пресекла вените, само за да престане да ја удира – не престанал! appeared first on Република.

]]>

Уапсен скопјанец, сакал да тепа поранешни колеги https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-skopjanets-sakal-da-tepa-poraneshni-kolegi/ Sat, 28 Sep 2024 15:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=820579

Жител на Скопје вчера бил уапсен поради напад врз полицаец и агресивно однесување кон поранешни колеги од работното место, соопшти полицијата.

На 27.09.2024 во 13.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Т.(35) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија и агресивно однесувал кон колеги од фирмата во која порано работел, велат од МВР.

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

The post Уапсен скопјанец, сакал да тепа поранешни колеги appeared first on Република.

]]>

Жител на Скопје вчера бил уапсен поради напад врз полицаец и агресивно однесување кон поранешни колеги од работното место, соопшти полицијата. На 27.09.2024 во 13.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Т.(35) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија и агресивно однесувал кон колеги од фирмата во која порано работел, велат од МВР. По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

The post Уапсен скопјанец, сакал да тепа поранешни колеги appeared first on Република.

]]>
Три девојки со клоци и тупаници тепаат девојче поради дечко, останатите гледаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tri-devojki-so-klotsi-i-tupanitsi-tepaat-devojche-poradi-dechko-ostanatite-gledaat/ Thu, 19 Sep 2024 08:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=817685

Вознемирувачко видео на кое се гледаат три девојки како крвнички тепаат друго девојче денеска беше објавено на социјалните мрежи. Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за инцидент кој се случил пред хемиското училиште во Панчево, Србија. Според нивните информации, три 16-годишни девојки тепаат 15-годишно девојче поради некое момче.

Насилството не било пријавено во полиција, но тие веќе отвориле случај кога видеото било објавено на социјалните мрежи.

Оригиналното видео беше отстрането од „Инстаграм“, но објавена е замаглена верзија на „X“:

The post Три девојки со клоци и тупаници тепаат девојче поради дечко, останатите гледаат appeared first on Република.

]]>

Вознемирувачко видео на кое се гледаат три девојки како крвнички тепаат друго девојче денеска беше објавено на социјалните мрежи. Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за инцидент кој се случил пред хемиското училиште во Панчево, Србија. Според нивните информации, три 16-годишни девојки тепаат 15-годишно девојче поради некое момче. Насилството не било пријавено во полиција, но тие веќе отвориле случај кога видеото било објавено на социјалните мрежи. Оригиналното видео беше отстрането од „Инстаграм“, но објавена е замаглена верзија на „X“:

The post Три девојки со клоци и тупаници тепаат девојче поради дечко, останатите гледаат appeared first on Република.

]]>
Син ја истепал 67-годишната мајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sin-ja-istepal-67-godishnata-majka/ Sun, 25 Aug 2024 14:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=810045

На 24.08.2024 во 17:30 часот во СВР Скопје 67-годишна жена пријавила дека околу 12:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот син Г.М.(43) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Син ја истепал 67-годишната мајка appeared first on Република.

]]>

На 24.08.2024 во 17:30 часот во СВР Скопје 67-годишна жена пријавила дека околу 12:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот син Г.М.(43) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Син ја истепал 67-годишната мајка appeared first on Република.

]]>
Тепачка во Штип за паркинг место https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tepachka-vo-shtip-za-parking-mesto/ Sat, 24 Aug 2024 16:03:32 +0000 https://republika.mk/?p=809789

На 23.08.2024 во 19:23 часот во СВР Штип било пријавено дека во Штип, по претходна расправија околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Р.(62), В.Р.Д.(57), двајцата од Штип од една страна и М.П.(25) од Кочани и И.Д.(50) од Штип од друга страна.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Тепачка во Штип за паркинг место appeared first on Република.

]]>

На 23.08.2024 во 19:23 часот во СВР Штип било пријавено дека во Штип, по претходна расправија околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Р.(62), В.Р.Д.(57), двајцата од Штип од една страна и М.П.(25) од Кочани и И.Д.(50) од Штип од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

The post Тепачка во Штип за паркинг место appeared first on Република.

]]>
Две жени истепале маж во трговски во Гостивар, претходно се карале со неговата сопруга! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-zheni-istepale-mazh-vo-trgovski-vo-gostivar-prethodno-se-karale-so-negovata-sopruga/ Tue, 13 Aug 2024 20:00:25 +0000 https://republika.mk/?p=806263

На 12.08.2024 во 20.45 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Б.Ш.(30) од гостиварско Дебреше и М.Е.(29) од гостиварско Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.00 часот во трговски центар во Гостивар физички го нападнале А.А.(36) од Гостивар, по расправија на неговата сопруга и друго женско лице.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

The post Две жени истепале маж во трговски во Гостивар, претходно се карале со неговата сопруга! appeared first on Република.

]]>

На 12.08.2024 во 20.45 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Б.Ш.(30) од гостиварско Дебреше и М.Е.(29) од гостиварско Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.00 часот во трговски центар во Гостивар физички го нападнале А.А.(36) од Гостивар, по расправија на неговата сопруга и друго женско лице. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

The post Две жени истепале маж во трговски во Гостивар, претходно се карале со неговата сопруга! appeared first on Република.

]]>
Маж и жена од Србија се степале во автомобил, па сопругот ја исфрлил покрај автопат во Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-i-zhena-od-srbija-se-stepale-vo-avtomobil-pa-soprugot-ja-isfrlil-pokraj-avtopat-vo-demir-kapija/ Sat, 13 Jul 2024 14:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=796428

Србинка била најдена повредена покрај коловозната лента на автопатот А1 на делницата од Демир Капија до Неготино, после наплатната станица „Демир Капија“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Неготино ја пронашле С.М.(49) од Србија, која била со повреди на телото, откако претходно физички се пресметала со сопругот во нивниот автомобил.

Во разговор со македонската полиција, сопругот Б.М. (52) од Србија раскажал дека враќајки се со сопругата и нивните малолетни син и внука од одмор од Грција, С.М., која имала здравствени проблеми, го нападнала во автомобилот, по што тој запрел, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон граничниот премин „Табановце“.

На повредената жена и била укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош од Неготино, по што е пренесена во здравствената установа „Негорци“. Од МВР информираат дека за настанот бил известен и јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување.

The post Маж и жена од Србија се степале во автомобил, па сопругот ја исфрлил покрај автопат во Демир Капија appeared first on Република.

]]>

Србинка била најдена повредена покрај коловозната лента на автопатот А1 на делницата од Демир Капија до Неготино, после наплатната станица „Демир Капија“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Неготино ја пронашле С.М.(49) од Србија, која била со повреди на телото, откако претходно физички се пресметала со сопругот во нивниот автомобил. Во разговор со македонската полиција, сопругот Б.М. (52) од Србија раскажал дека враќајки се со сопругата и нивните малолетни син и внука од одмор од Грција, С.М., која имала здравствени проблеми, го нападнала во автомобилот, по што тој запрел, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон граничниот премин „Табановце“. На повредената жена и била укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош од Неготино, по што е пренесена во здравствената установа „Негорци“. Од МВР информираат дека за настанот бил известен и јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување.  

The post Маж и жена од Србија се степале во автомобил, па сопругот ја исфрлил покрај автопат во Демир Капија appeared first on Република.

]]>
Две семејства од Злокуќани се тепале во дворот на Клинички центар, петмина се осомничени за насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-semejstva-od-zlokukani-se-tepale-vo-dvorot-na-klinichki-tsentar-petmina-se-osomnicheni-za-nasilstvo/ Wed, 19 Jun 2024 08:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=788945

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

На 18 јуни, пред Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза”, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице.

По претходна физичка пресметка помеѓу членови на две семејства во Злокуќани, оштетениот со неговото семејство на Ургентниот центар чекале лекарска помош за неговиот син.

Во дворот на клиниките пристигнале и осомничените. Физички го нападнале оштетениот, удирајќи го по главата и телото со клоци и тупаници, но и со метални шипки, дрвени палки и други предмети. Со ударите му нанеле тешки телесни повреди – фрактури на носна коска и на ребра, а кај останатите присутни предизвикале чувство на загрозеност, несигурност и страв, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите петмина осомничени, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоци и оштетени, но и да го повторат делото.

The post Две семејства од Злокуќани се тепале во дворот на Клинички центар, петмина се осомничени за насилство appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јуни, пред Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза”, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице. По претходна физичка пресметка помеѓу членови на две семејства во Злокуќани, оштетениот со неговото семејство на Ургентниот центар чекале лекарска помош за неговиот син. Во дворот на клиниките пристигнале и осомничените. Физички го нападнале оштетениот, удирајќи го по главата и телото со клоци и тупаници, но и со метални шипки, дрвени палки и други предмети. Со ударите му нанеле тешки телесни повреди – фрактури на носна коска и на ребра, а кај останатите присутни предизвикале чувство на загрозеност, несигурност и страв, соопшти Обвинителството. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите петмина осомничени, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоци и оштетени, но и да го повторат делото.  

The post Две семејства од Злокуќани се тепале во дворот на Клинички центар, петмина се осомничени за насилство appeared first on Република.

]]>
Двајца пратеници во Грција се истепале пред пленарна седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dvajtsa-pratenitsi-vo-grtsija-se-istepale-pred-plenarna-sednitsa/ Wed, 24 Apr 2024 11:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=770079

Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од партијата Грчко решение, Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина.

На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка пресметка, кога Флорос со тупаници го нападнал Граменос.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за насилното однесување на пратеникот побара највисока казна предвидена со правилникот на работа, односно исклучување на Константинос Флорос од Парламентот на 15 дена, а паралелно ќе биде побарано и одземање на пратеничкиот имунитет и кривично да одговара.

Флорос на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, која подоцна ја напушти и стана независен пратеник.

Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора, Илиас Касидиарис кој издржува затворска казна

The post Двајца пратеници во Грција се истепале пред пленарна седница appeared first on Република.

]]>

Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од партијата Грчко решение, Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина. На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка пресметка, кога Флорос со тупаници го нападнал Граменос. На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот. Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот. Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за насилното однесување на пратеникот побара највисока казна предвидена со правилникот на работа, односно исклучување на Константинос Флорос од Парламентот на 15 дена, а паралелно ќе биде побарано и одземање на пратеничкиот имунитет и кривично да одговара. Флорос на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, која подоцна ја напушти и стана независен пратеник. Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора, Илиас Касидиарис кој издржува затворска казна

The post Двајца пратеници во Грција се истепале пред пленарна седница appeared first on Република.

]]>
Малолетнички истепале своја врсничка пред кафуле во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnichki-istepale-svoja-vrsnichka-pred-kafule-vo-tsentar/ Sat, 10 Feb 2024 15:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=742568

На 09.02.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје В.И.(45) од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Малолетнички истепале своја врсничка пред кафуле во Центар appeared first on Република.

]]>

На 09.02.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје В.И.(45) од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Малолетнички истепале своја врсничка пред кафуле во Центар appeared first on Република.

]]>
Синот тепа, таткото се гордее со него: Вака казнува Кадиров! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sinot-tepa-tatkoto-se-gordee-so-nego-vaka-kaznuva-kadirov/ Mon, 25 Sep 2023 16:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=685046

На видеото кое се излезе во јавноста се гледа како Адам Кадиров го тепа Никита Журавел, кој со денови е во чеченски притвор поради палење на Куранот. Адам брутално со раце и нозе тепа слаб млад човек, кој очигледно не може ни да се одбрани, додека некој од страна ја снима ужасната сцена со телефон.

Рамзан Кадиров наведува дека одлучил да го објави видеото за да стави крај на гласините дали Адам го победил Никита.

На интернет се води долга дискусија за тоа дека Адам Кадиров го претепа Никита Журавел кој го запалил куранот и соучесник на украинските специјалци. Тој ја направи вистинската работа. Згора на тоа, верувам дека секој што ќе посегне по кое било Свето писмо, па макар и демонстративно да го запали, а со тоа да навреди десетици милиони граѓани на нашата голема земја, мора да претрпи строга казна – вели Кадиров.

Чеченскиот лидер палењето на Куранот го нарече провокација.

Нашата земја има единствен закон за заштита на Светото писмо потпишан од претседателот Владимир Владимирович Путин. Верските вредности на граѓаните на земјата се заштитени од државата на највисоко ниво. А провокаторите тоа не можат да го одземат! Ниските акти на посегнување се карактеристични само за безрбетниците. Тие ѓубриња не го разбираат јазикот на убедувањето и не сакаат да градат држава или да ја развиваат. Тие не сакаат сите во Русија да живеат еден до друг во мир и разбирање. Ваквите провокатори и предавници се болен тумор на телото што треба да се отстрани – вели Кадиров.

На крајот чеченскиот лидер нагласува дека е горд на својот син.

Не сакам да претерувам, но да, горд сум на постапката на Адам. Секогаш се одликуваше со желбата да расте, не меѓу своите врсници, туку меѓу постарите, благодарение на што ги формираше идеалите за достоинство и одбрана на својата религија. Го почитувам неговиот избор, напиша Кадиров.

Журавел бил приведен од безбедносните сили во Волгоград поради чинот на палење на Куранот пред џамијата. Инспекторите рекоа дека тој признал дека тоа го направил за пари по налог на украинските специјални служби. Покрената е кривична за навреда на чувствата на верник кој бил предаден на чеченските инспектори.

Чеченскиот лидер, неодамна негираше дека е болен и дека е хоспитализиран во болница во Москва. Некои медиуми претходно пишуваа дека тој е во кома по откажување на бубрезите.

The post Синот тепа, таткото се гордее со него: Вака казнува Кадиров! appeared first on Република.

]]>

На видеото кое се излезе во јавноста се гледа како Адам Кадиров го тепа Никита Журавел, кој со денови е во чеченски притвор поради палење на Куранот. Адам брутално со раце и нозе тепа слаб млад човек, кој очигледно не може ни да се одбрани, додека некој од страна ја снима ужасната сцена со телефон. Рамзан Кадиров наведува дека одлучил да го објави видеото за да стави крај на гласините дали Адам го победил Никита.
На интернет се води долга дискусија за тоа дека Адам Кадиров го претепа Никита Журавел кој го запалил куранот и соучесник на украинските специјалци. Тој ја направи вистинската работа. Згора на тоа, верувам дека секој што ќе посегне по кое било Свето писмо, па макар и демонстративно да го запали, а со тоа да навреди десетици милиони граѓани на нашата голема земја, мора да претрпи строга казна – вели Кадиров.
Чеченскиот лидер палењето на Куранот го нарече провокација.
Нашата земја има единствен закон за заштита на Светото писмо потпишан од претседателот Владимир Владимирович Путин. Верските вредности на граѓаните на земјата се заштитени од државата на највисоко ниво. А провокаторите тоа не можат да го одземат! Ниските акти на посегнување се карактеристични само за безрбетниците. Тие ѓубриња не го разбираат јазикот на убедувањето и не сакаат да градат држава или да ја развиваат. Тие не сакаат сите во Русија да живеат еден до друг во мир и разбирање. Ваквите провокатори и предавници се болен тумор на телото што треба да се отстрани – вели Кадиров.
На крајот чеченскиот лидер нагласува дека е горд на својот син. Не сакам да претерувам, но да, горд сум на постапката на Адам. Секогаш се одликуваше со желбата да расте, не меѓу своите врсници, туку меѓу постарите, благодарение на што ги формираше идеалите за достоинство и одбрана на својата религија. Го почитувам неговиот избор, напиша Кадиров. Журавел бил приведен од безбедносните сили во Волгоград поради чинот на палење на Куранот пред џамијата. Инспекторите рекоа дека тој признал дека тоа го направил за пари по налог на украинските специјални служби. Покрената е кривична за навреда на чувствата на верник кој бил предаден на чеченските инспектори. Чеченскиот лидер, неодамна негираше дека е болен и дека е хоспитализиран во болница во Москва. Некои медиуми претходно пишуваа дека тој е во кома по откажување на бубрезите.

The post Синот тепа, таткото се гордее со него: Вака казнува Кадиров! appeared first on Република.

]]>
Малолетници снимале како тепаат и малтретираат врсник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnitsi-snimale-kako-tepaat-i-maltretiraat-vrsnik/ Thu, 07 Sep 2023 11:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=679692

Триесет и седумгодишната тетовка И.С. вчеравечер во СВР Тетово пријавила дека на 4-ти овој месец нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од неколку малолетници, кои со мобилен телефон го снимале настанот и потоа снименото го прикажувале на други лица.

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

The post Малолетници снимале како тепаат и малтретираат врсник appeared first on Република.

]]>

Триесет и седумгодишната тетовка И.С. вчеравечер во СВР Тетово пријавила дека на 4-ти овој месец нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од неколку малолетници, кои со мобилен телефон го снимале настанот и потоа снименото го прикажувале на други лица. Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

The post Малолетници снимале како тепаат и малтретираат врсник appeared first on Република.

]]>
Турчинка натепана од продавач на Бит Пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/turchinka-natepana-od-prodavach-na-bit-pazar/ Tue, 18 Jul 2023 20:45:36 +0000 https://republika.mk/?p=662877

Турчинка била натепана на подрачјето на Бит Пазар од страна на вработен во продажен објект.

На 16.07.2023 во 11.30 часот во СВР Скопје, И.С.(41) од Република Турција пријавила дека околу 10.30 часот на подрачјето на Бит Пазар пред влез на продажен објект, по претходно недоразбирање, била физички нападната од С.Б.(29) од Скопје, вработен во објектот, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

The post Турчинка натепана од продавач на Бит Пазар appeared first on Република.

]]>

Турчинка била натепана на подрачјето на Бит Пазар од страна на вработен во продажен објект. На 16.07.2023 во 11.30 часот во СВР Скопје, И.С.(41) од Република Турција пријавила дека околу 10.30 часот на подрачјето на Бит Пазар пред влез на продажен објект, по претходно недоразбирање, била физички нападната од С.Б.(29) од Скопје, вработен во објектот, информира МВР. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

The post Турчинка натепана од продавач на Бит Пазар appeared first on Република.

]]>
Драма во Гостивар: Брат ја истепал сестра си и не ѝ дозволил да излезе од дома, му помагала и маќеата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/drama-vo-gostivar-brat-ja-istepal-sestra-si-i-ne-dozvolil-da-izleze-od-doma-mu-pomagala-i-makeata/ Wed, 12 Jul 2023 11:03:53 +0000 https://republika.mk/?p=660420

Вчера, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д. М. (20) од гостиварско село, со престој во Гостивар.

Тој се сомничи дека со сопругата на татка си, П. М. (47), физички ја нападнале неговата 23-годишна сестра и не ѝ дозволиле да излезе од домот.

Во врска со настанот во полициска станица бил извршен службен разговор и со П.М.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

The post Драма во Гостивар: Брат ја истепал сестра си и не ѝ дозволил да излезе од дома, му помагала и маќеата appeared first on Република.

]]>

Вчера, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д. М. (20) од гостиварско село, со престој во Гостивар. Тој се сомничи дека со сопругата на татка си, П. М. (47), физички ја нападнале неговата 23-годишна сестра и не ѝ дозволиле да излезе од домот. Во врска со настанот во полициска станица бил извршен службен разговор и со П.М. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

The post Драма во Гостивар: Брат ја истепал сестра си и не ѝ дозволил да излезе од дома, му помагала и маќеата appeared first on Република.

]]>
Кожени ремени, дебели кабли и метални синџири се чуваат во ЈЗУ Демир Хисар, во Бардовци пак пациентите тепаат персонал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kozheni-remeni-debeli-kabli-i-metalni-sindhiri-se-chuvaat-vo-jzu-demir-hisar-vo-bardovtsi-pak-patsientite-tepaat-personal/ Mon, 26 Jun 2023 14:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=655368

Заложбите на властите за борба против тортурата и несоодветното постапување се повеќе декларативни отколку суштински, изјави народниот правобранител Насер Зибери, на денешната презентација на Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам (НПМ) кој беше презентиран во рамките на Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура – 26 јуни.

Во извештајот се констатирани состојбите во земјата во врска со тортурата и другите форми на несоодветно постапување во местата за лишување од слобода/местата за задржување.

Неспорен аргумент во прилог на ваквата моја констатација е фактот што повеќе години се соочуваме со исти проблеми во местата на задржување, кои како такви се нотирани и од меѓународните мониторинг тела, рече правобранителот Зибери.

Во текот на 2022 година тимот на НПМ спровел вкупно 19 ненајавени посети, од кои девет посети во полициски станици од општа надлежност на подрачјето на Секторите за внатрешни работи (СВР) Скопје, Битола и Тетово, три посети во казнено поправни и воспитно поправни установи, една посета во дом за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје, две посети на психијатриски болници „Скопје“ и „Демир Хисар“, како и четири посети на места каде што се врши сместување или задржување на странци и баратели на азил.

Минатата година, како што информираше Зибери, во фокусот на постапувањето на Правобранителот биле психијатриските болници, поточно нивните форензички/судски одделенија, при што биле посетени две психијатриски установи, односно судските одделенија во Психијатриска болница „Скопје“ и Психијатриска болница „Демир Хисар“.

Како сериозен проблем што беше истакнат во Психијатриската болница – „Скопје“ е (не)редовноста во примањето на терапијата. Имено, за време на посетата беше констатирано дека персоналот не може да воспостави ред во примањето на терапијата од страна на пациентите. Беа добиени наводи и дека персоналот се соочува со закани и напади, коишто во минатото резултирале и со нанесување на телесни повреди на болничкиот персонал, рече Зибери.

Конфликите меѓу пациентите на одделението ги издвои како чести, а во одредени случаи, како што посочи, вербалните караници резултирале и со меѓусебни физички напади.

Од судското одделение на Психијатриската болница – „Скопје“ нотирани се и чести бегства во времетраење од неколку часа до неколку месеци, а како главна причина за бегствата, пациентите ги посочуваат лошите услови за престој, недостатокот на организирани активности, но и неодобрувањето на терапевтски викенди. Во прилог на ова е недоволниот број медицински и друг персонал, непостоење на системски организирана заштита на обезбедувањето, како и генерално слаб менаџмент, дополни Зибери.

Материјалните услови во судското одделение во Психијатриска болница „Скопје“, според правобранителот, не ги задоволуваат стандардите кои што упатуваат на потребата од создавање позитивна терапевтска средина и е потребно итно преземање мерки за целосно реновирање на објектот со цел подобрување на материјалните услови како за пациентите, така и за вработените, во смисла на создавање соодветни работни услови.

Сето погоре наведено упатува на целосно нефункционален систем на извршување на мерката безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа што се извршува во судското одделение на Психијатриската болница – „Скопје“. Ваквата состојба непосредно влијае и го зголемува ризикот од злоупотреби што би можеле да значат тортура или друг вид сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, рече Зибери.

Слична состојба затекнале и во Психијатриската болница „Демир Хисар“.

Во делот на материјалните услови општиот заклучок во однос на Одделението за форензичка психијатрија и психијатриска експертиза е дека целиот објект не е редовно и доволно одржуван поради што и се наоѓа во лоша состојба. Хигиената не се одржува на соодветно ниво и не ги исполнува болничките хигиенски барања. Ова упатува на потребата од преземање итни мерки за целосно реновирање на објектот, рече правобранителот.

Дополни дека при посетата во една од работните простории на персоналот биле пронајдени кожени ремени за фиксација за коишто било истакнато дека не се користат, како и метален синџир со катанче за заклучување на просториите кога има вознемирени пациенти.

Во друга просторија, пак, беше забележан и цврст, дебел кабел со должина од еден метар за што вработените немаа одговор зошто е таму, ниту која му е намената. Имајќи предвид дека ваквите средства може да послужат за заплашување, малтретирање или друго несоодветно постапување спрема пациентите, тимот на НПМ истакна дека е потребно истите веднаш да се отстранат, а заклучувањето на собите, доколку е потребно да се врши на соодветен начин, со поправка на бравите од вратите, дополни Зибери.

Од добиените информации за време на посетите на болниците било констатирано дека и двете болници се соочуваат со сериозен недостиг од персонал. Па така, во Психијатриска болница – „Скопје“ од вкупно систематизирани 397 работни места, пополнети се 318, додека, пак, во Психијатриската болница „Демир Хисар“ недостатокот од кадар се пополнува со времено ангажирање на лица и тоа 37 од вкупно 258 вработени лица.

Оттука, препорачуваме зголемување на ангажираниот персонал во судското одделение така што ќе се обезбеди соодветно присуство во секое време, вклучително ноќе и за викенди. Во оваа смисла, мора да се зголеми бројот на медицински сестри/техничари и болничари, а исто така мора да се обезбеди и соодветно стручен и на редовна основа достапен персонал што ќе обезбеди активности за психо-социјална рехабилитација, како психолози, професионални терапевти и едукатори, рече правобранителот.

Народниот правобранител се осврна и на состојбите со Казнено-поправните установи, Воспитно поправниот дом – Тетово, полициските станици, местата каде што се врши сместување или задржување на странци и баратели на азил и Геронтолошкиот дом „13 Ноември“.

The post Кожени ремени, дебели кабли и метални синџири се чуваат во ЈЗУ Демир Хисар, во Бардовци пак пациентите тепаат персонал appeared first on Република.

]]>

Заложбите на властите за борба против тортурата и несоодветното постапување се повеќе декларативни отколку суштински, изјави народниот правобранител Насер Зибери, на денешната презентација на Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам (НПМ) кој беше презентиран во рамките на Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура – 26 јуни. Во извештајот се констатирани состојбите во земјата во врска со тортурата и другите форми на несоодветно постапување во местата за лишување од слобода/местата за задржување.
Неспорен аргумент во прилог на ваквата моја констатација е фактот што повеќе години се соочуваме со исти проблеми во местата на задржување, кои како такви се нотирани и од меѓународните мониторинг тела, рече правобранителот Зибери.
Во текот на 2022 година тимот на НПМ спровел вкупно 19 ненајавени посети, од кои девет посети во полициски станици од општа надлежност на подрачјето на Секторите за внатрешни работи (СВР) Скопје, Битола и Тетово, три посети во казнено поправни и воспитно поправни установи, една посета во дом за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје, две посети на психијатриски болници „Скопје“ и „Демир Хисар“, како и четири посети на места каде што се врши сместување или задржување на странци и баратели на азил. Минатата година, како што информираше Зибери, во фокусот на постапувањето на Правобранителот биле психијатриските болници, поточно нивните форензички/судски одделенија, при што биле посетени две психијатриски установи, односно судските одделенија во Психијатриска болница „Скопје“ и Психијатриска болница „Демир Хисар“.
Како сериозен проблем што беше истакнат во Психијатриската болница – „Скопје“ е (не)редовноста во примањето на терапијата. Имено, за време на посетата беше констатирано дека персоналот не може да воспостави ред во примањето на терапијата од страна на пациентите. Беа добиени наводи и дека персоналот се соочува со закани и напади, коишто во минатото резултирале и со нанесување на телесни повреди на болничкиот персонал, рече Зибери.
Конфликите меѓу пациентите на одделението ги издвои како чести, а во одредени случаи, како што посочи, вербалните караници резултирале и со меѓусебни физички напади.
Од судското одделение на Психијатриската болница – „Скопје“ нотирани се и чести бегства во времетраење од неколку часа до неколку месеци, а како главна причина за бегствата, пациентите ги посочуваат лошите услови за престој, недостатокот на организирани активности, но и неодобрувањето на терапевтски викенди. Во прилог на ова е недоволниот број медицински и друг персонал, непостоење на системски организирана заштита на обезбедувањето, како и генерално слаб менаџмент, дополни Зибери.
Материјалните услови во судското одделение во Психијатриска болница „Скопје“, според правобранителот, не ги задоволуваат стандардите кои што упатуваат на потребата од создавање позитивна терапевтска средина и е потребно итно преземање мерки за целосно реновирање на објектот со цел подобрување на материјалните услови како за пациентите, така и за вработените, во смисла на создавање соодветни работни услови.
Сето погоре наведено упатува на целосно нефункционален систем на извршување на мерката безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа што се извршува во судското одделение на Психијатриската болница – „Скопје“. Ваквата состојба непосредно влијае и го зголемува ризикот од злоупотреби што би можеле да значат тортура или друг вид сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, рече Зибери.
Слична состојба затекнале и во Психијатриската болница „Демир Хисар“.
Во делот на материјалните услови општиот заклучок во однос на Одделението за форензичка психијатрија и психијатриска експертиза е дека целиот објект не е редовно и доволно одржуван поради што и се наоѓа во лоша состојба. Хигиената не се одржува на соодветно ниво и не ги исполнува болничките хигиенски барања. Ова упатува на потребата од преземање итни мерки за целосно реновирање на објектот, рече правобранителот.
Дополни дека при посетата во една од работните простории на персоналот биле пронајдени кожени ремени за фиксација за коишто било истакнато дека не се користат, како и метален синџир со катанче за заклучување на просториите кога има вознемирени пациенти.
Во друга просторија, пак, беше забележан и цврст, дебел кабел со должина од еден метар за што вработените немаа одговор зошто е таму, ниту која му е намената. Имајќи предвид дека ваквите средства може да послужат за заплашување, малтретирање или друго несоодветно постапување спрема пациентите, тимот на НПМ истакна дека е потребно истите веднаш да се отстранат, а заклучувањето на собите, доколку е потребно да се врши на соодветен начин, со поправка на бравите од вратите, дополни Зибери.
Од добиените информации за време на посетите на болниците било констатирано дека и двете болници се соочуваат со сериозен недостиг од персонал. Па така, во Психијатриска болница – „Скопје“ од вкупно систематизирани 397 работни места, пополнети се 318, додека, пак, во Психијатриската болница „Демир Хисар“ недостатокот од кадар се пополнува со времено ангажирање на лица и тоа 37 од вкупно 258 вработени лица.
Оттука, препорачуваме зголемување на ангажираниот персонал во судското одделение така што ќе се обезбеди соодветно присуство во секое време, вклучително ноќе и за викенди. Во оваа смисла, мора да се зголеми бројот на медицински сестри/техничари и болничари, а исто така мора да се обезбеди и соодветно стручен и на редовна основа достапен персонал што ќе обезбеди активности за психо-социјална рехабилитација, како психолози, професионални терапевти и едукатори, рече правобранителот.
Народниот правобранител се осврна и на состојбите со Казнено-поправните установи, Воспитно поправниот дом – Тетово, полициските станици, местата каде што се врши сместување или задржување на странци и баратели на азил и Геронтолошкиот дом „13 Ноември“.  

The post Кожени ремени, дебели кабли и метални синџири се чуваат во ЈЗУ Демир Хисар, во Бардовци пак пациентите тепаат персонал appeared first on Република.

]]>
Скопјанец и жител на Свети Николе се тепале во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-i-zhitel-na-sveti-nikole-se-tepale-vo-aerodrom/ Mon, 12 Jun 2023 20:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=650646

На 11.06.2023 во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(41) од Скопје и И.П.(40) од Свети Николе.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Скопјанец и жител на Свети Николе се тепале во Аеродром appeared first on Република.

]]>

На 11.06.2023 во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(41) од Скопје и И.П.(40) од Свети Николе. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

The post Скопјанец и жител на Свети Николе се тепале во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Училишните одбори да донесат одлука за разрешување на директорите на училиштата од Кавадарци кои се истепаа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uchilishnite-odbori-da-donesat-odluka-za-razreshuvane-na-direktorite-na-uchilishtata-od-kavadartsi-koi-se-istepaa/ Mon, 12 Jun 2023 17:15:54 +0000 https://republika.mk/?p=650590

Училишните одбори да донесат одлука за разрешување на двајцата директори на основни училишта по инцидентот со нарушување на јавен ред и мир, се вели во соопштението од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Во соопштението се појаснува дека градоначалникот заедно со службите на општината Кавадарци, денеска ја разгледале состојбата со инцидентот.

Доставени се дописи до училишните одбори на ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци и ООУ „Тошо Велков Пепето“. Се бара разгледување на информациите од ОВР Кавадарци и СВР Велес за инцидентот во кои се вклучени двајцата директори и училишните одбори да донесат одлука за разрешување на Ѓорѓи Ѓорчев од директорската функција во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ и Сашко Пановски од директор на ООУ „Тошо Велков Пепето“, се додава во соопштението.

Како што завчера информираа од СВР Велес, на 10 јуни околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54) и Ѓ.Ѓ.(39), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниор ред и мир и агресивно се однесувале кон лица од обезбедувањето.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, нагласи тогаш Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

The post Училишните одбори да донесат одлука за разрешување на директорите на училиштата од Кавадарци кои се истепаа appeared first on Република.

]]>

Училишните одбори да донесат одлука за разрешување на двајцата директори на основни училишта по инцидентот со нарушување на јавен ред и мир, се вели во соопштението од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Во соопштението се појаснува дека градоначалникот заедно со службите на општината Кавадарци, денеска ја разгледале состојбата со инцидентот.
Доставени се дописи до училишните одбори на ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци и ООУ „Тошо Велков Пепето“. Се бара разгледување на информациите од ОВР Кавадарци и СВР Велес за инцидентот во кои се вклучени двајцата директори и училишните одбори да донесат одлука за разрешување на Ѓорѓи Ѓорчев од директорската функција во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ и Сашко Пановски од директор на ООУ „Тошо Велков Пепето“, се додава во соопштението.
Како што завчера информираа од СВР Велес, на 10 јуни околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54) и Ѓ.Ѓ.(39), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниор ред и мир и агресивно се однесувале кон лица од обезбедувањето.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, нагласи тогаш Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

The post Училишните одбори да донесат одлука за разрешување на директорите на училиштата од Кавадарци кои се истепаа appeared first on Република.

]]>
Со месеци ја држел 19-годишната девојка заклучена и ја тепал, некако успеала да побегне https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-mesetsi-ja-drzhel-19-godishnata-devojka-zakluchena-i-ja-tepal-nekako-uspeala-da-pobegne/ Wed, 19 Apr 2023 12:59:15 +0000 https://republika.mk/?p=632116

Основното јавно обвинителство - Тетово поведе постапка против едно лице на возраст од 21 година, за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело „противправно лишување од слобода“ согласно 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/devojka-od-tetovo-pretepana-od-momcheto-ja-maval-i-so-metalni-predmeti/

Од Јавното обвинителство соопштија дека почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19-годишна жена со која живеел во вонбрачна заедница. Жртвата подолг временски период ја држел заклучена во една соба и секојдневно физички ја малтретирал, нанесувајќи и бројни телесни повреди.

Жената искористила прилика кога во еден момент осомничениот ја заборавил отклучена вратата, успеала да побегне и настанот го пријавила во полиција, појаснуваат од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Судијата го прифатил предлогот на обвинителството и со решение му определи притвор во траење од осум дена.

The post Со месеци ја држел 19-годишната девојка заклучена и ја тепал, некако успеала да побегне appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство - Тетово поведе постапка против едно лице на возраст од 21 година, за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело „противправно лишување од слобода“ согласно 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/devojka-od-tetovo-pretepana-od-momcheto-ja-maval-i-so-metalni-predmeti/ Од Јавното обвинителство соопштија дека почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19-годишна жена со која живеел во вонбрачна заедница. Жртвата подолг временски период ја држел заклучена во една соба и секојдневно физички ја малтретирал, нанесувајќи и бројни телесни повреди.
Жената искористила прилика кога во еден момент осомничениот ја заборавил отклучена вратата, успеала да побегне и настанот го пријавила во полиција, појаснуваат од Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Судијата го прифатил предлогот на обвинителството и со решение му определи притвор во траење од осум дена.

The post Со месеци ја држел 19-годишната девојка заклучена и ја тепал, некако успеала да побегне appeared first on Република.

]]>
Мајка си го истепала синот – таткото кој се разведува од неа ја пријавил во полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/majka-si-go-istepala-sinot-tatkoto-koj-se-razveduva-od-nea-ja-prijavil-vo-policija/ Wed, 09 Nov 2022 16:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=572026

На 08.11.2022 во 21.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 32-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата сопруга И.П., со која е во бракоразводна постапка, физички го нападнала нивниот малолетен син.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Мајка си го истепала синот – таткото кој се разведува од неа ја пријавил во полиција appeared first on Република.

]]>

На 08.11.2022 во 21.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 32-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата сопруга И.П., со која е во бракоразводна постапка, физички го нападнала нивниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Мајка си го истепала синот – таткото кој се разведува од неа ја пријавил во полиција appeared first on Република.

]]>
Медицинската сестра – тепач им се извини на семејството и на сите Албанци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/medicinskata-sestra-tepach-im-se-izvini-na-semejstvoto-i-na-site-albanci/ Fri, 04 Nov 2022 10:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=569488

Медицинската сестра Аурона Пелај од Косово која вчера тепаше стара жена во дом за стари лица беше приведена од полицијата, по што објави статус на Фејсбук.

Здраво, јас се викам Аурона Пелај, полицијата ми дозволи да го напишам ова писмо и јавно да се извинам за грозниот потег што го направив вчера. Сите прават грешки. Му се извинувам на семјството и на сите Албанци, напиша Плај.

The post Медицинската сестра – тепач им се извини на семејството и на сите Албанци appeared first on Република.