теории на заговор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teorii-na-zagovor/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Mar 2022 21:21:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png теории на заговор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teorii-na-zagovor/ 32 32 Петличковски: Ќе имавме 3.000 помалку починати од корона доколку луѓето помалку им веруваа теориите на заговор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petlichkovski-kje-imavme-3-000-pomalku-pochinati-od-korona-dokolku-lugjeto-pomalku-im-veruvaa-teoriite-na-zagovor/ Wed, 16 Mar 2022 21:21:25 +0000 https://republika.mk/?p=473993

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски смета со овие 9100 починати од корона не можеме да се пофалиме дека добро поминавме во пандемијата.

Голем удел во тоа имаат ширачите на теории на заговор, бидејќи доколку потрезвено и поразумно ги прифатевме вакцините кои што беа понудени рано во почетокот на пандемијата, сега сигурно ќе имавме барем две или три илјади помалку жртви. Многу простор им дадовме на разните теории. Вакцините се некакво мерило. Имаме најнизок процент на вакцинација. Зошто баш во овој регион, приврзаниците на теории на заговор ги прифатија ваквите небулози не можам да кажам, рече д-р Петличковски во емисијата „24 анализа“.

Според него, теориите дека ковидот е создаден за истребување на популацијата или дека е поврзан со 5Г или дека со авиони се прска алиминум хидроксид се небулози и за дете од основно училиште со барем малку образование.

The post Петличковски: Ќе имавме 3.000 помалку починати од корона доколку луѓето помалку им веруваа теориите на заговор appeared first on Република.

]]>

Како почнуваат теориите на заговор? Само 12 лица шират две-третини од тврдењата дека вакцините се опасни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kako-pochnuvaat-teoriite-na-zagovor-samo-12-lica-shirat-dve-tretini-od-tvrdenjata-deka-vakcinite-se-opasni/ Sun, 23 Jan 2022 15:44:04 +0000 https://republika.mk/?p=448382

Две третини од информациите за опасностите од вакцините на социјалните мрежи ја шират само 12 лидери на онлајн јавното мислење, кои имаат голем број претплатници и следачи, покажа студија на британската невладина организација Центар за борба против дигиталната омраза (ЦЦДХ).

Извадоци од студијата објави британската телевизија Скај Њуз која информира дека, според невладината организација, овие луѓе живеат претежно во САД и тврдат дека се политичари или лекари. Организацијата не ги објави нивните имиња.

За разлика од луѓето кои се опишуваат себеси како нерешителни или скептични за придобивките од вакцинацијата, антиваксерите користат агресивни методи за да ги убедат другите да не се вакцинираат, се вели во студијата. Се наведува дека откако компаниите кои управуваат со социјалните мрежи почнале да се борат против антиваксерската пропаганда, отстранета е голема количина на материјали.

Сепак, ЦЦДХ предупредува дека некои информации продолжуваат да циркулираат на интернет и оти противниците на вакцините често се појавуваат под други имиња или на страниците на други корисници, што им овозможува да ги заобиколат забраните за објавување. Имран Ахмед, извршен директор на ЦЦДХ, ги повика социјалните мрежи побрзо да ги отстрануваат информациите што сеат страв кај јавноста дека вакцините ги направиле луѓето поранливи на инфекција со коронавирус, доведуваат до неплодност и го зголемуваат ризикот од хоспитализација.

Сите интернет платформи се грижат луѓето да поминуваат што е можно повеќе време на нив за да можат да им покажат што е можно повеќе реклами во исто време. Затоа, тие не се премногу решени да преземат акција, рече тој во телевизиско интервју.

The post Како почнуваат теориите на заговор? Само 12 лица шират две-третини од тврдењата дека вакцините се опасни appeared first on Република.

]]>

Две третини од информациите за опасностите од вакцините на социјалните мрежи ја шират само 12 лидери на онлајн јавното мислење, кои имаат голем број претплатници и следачи, покажа студија на британската невладина организација Центар за борба против дигиталната омраза (ЦЦДХ). Извадоци од студијата објави британската телевизија Скај Њуз која информира дека, според невладината организација, овие луѓе живеат претежно во САД и тврдат дека се политичари или лекари. Организацијата не ги објави нивните имиња. За разлика од луѓето кои се опишуваат себеси како нерешителни или скептични за придобивките од вакцинацијата, антиваксерите користат агресивни методи за да ги убедат другите да не се вакцинираат, се вели во студијата. Се наведува дека откако компаниите кои управуваат со социјалните мрежи почнале да се борат против антиваксерската пропаганда, отстранета е голема количина на материјали. Сепак, ЦЦДХ предупредува дека некои информации продолжуваат да циркулираат на интернет и оти противниците на вакцините често се појавуваат под други имиња или на страниците на други корисници, што им овозможува да ги заобиколат забраните за објавување. Имран Ахмед, извршен директор на ЦЦДХ, ги повика социјалните мрежи побрзо да ги отстрануваат информациите што сеат страв кај јавноста дека вакцините ги направиле луѓето поранливи на инфекција со коронавирус, доведуваат до неплодност и го зголемуваат ризикот од хоспитализација.