Теона С. Митевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teona-s-mitevska/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Aug 2023 11:31:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Теона С. Митевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teona-s-mitevska/ 32 32 „Мајка – Можната приказна за мајка Тереза“ на Теона С. Митевска поддржан со 600 илјади евра од Агенцијата за филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/majka-mozhnata-prikazna-za-majka-tereza-na-teona-s-mitevska-poddrzhan-so-600-iljadi-evra-od-agentsijata-za-film/ Fri, 25 Aug 2023 11:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=675731

Агенцијата за филм ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во прв рок на одлучување.

Единствен финансиран во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество е филмот со наслов „Можна приказна за мајка Тереза”, во режија на Теона Стругар Митевска, која е и сценарист заедно со Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ, во продукција на Сестри и брат Митевски.

Горд сум на квалитетната понуда на македонските филмаџии, на сè поцврстите ко-продуцентски соработки, но особено сум горд на жените автори во македонскиот филм, што е повторно потврда и на овој конкурс. Верувам дека режисерката која минатата година нè претставуваше на Венецискиот филмски фестивал и на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, ќе даде една своја перспектива на животот на Мајка Тереза, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

Агенцијата поддржа и два долгометражни документарни филмови со македонски мнозински удел. По два милиони денари ќе добијат „Неколку споменици повеќе, неколку луѓе помалку“ на Анета Лешниковска и „Вера и јас“ на Марија Џиџева.

Поддржани се и четири краткометражни играни филмови каде државава ќе има мнозински удел: „Може да се случи секому“ на Лидија Мојсовска, „Балканска Рута“ на Златко Калеников, „Преку рамката“ на Ибрахум Деари и „Задоцнети шрапнели“ на Јане Алтипармаков, како и два краткометражни документарци: „Невидливото“ на Елеонора Венинова и „Последна станица“ на Ана Опачиќ.

На конкурсот се поддржани и долгометражни играни филмови, каде Македонија ќе има малцински удел: „Додекамерон“ на режисерот Минос Папас, „Хатиџе и Шабан“ на Висар Морина, „На се` ќе дојде крај“ на Рајко Грлиќ, Капка – Вода на Роберт Будина, „Отецот наш“ на Горан Станковиќ, „Изгубениот син“ на Дарко Штанте, „Бело се пере на 90 степени“ на Марко Набершник и „Напуштањето на Еден“ од Генц Пермети. Овие проекти се поддржани со суми од по 2,4 до 3 милиони денари.

The post „Мајка – Можната приказна за мајка Тереза“ на Теона С. Митевска поддржан со 600 илјади евра од Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за филм ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во прв рок на одлучување. Единствен финансиран во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество е филмот со наслов „Можна приказна за мајка Тереза”, во режија на Теона Стругар Митевска, која е и сценарист заедно со Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ, во продукција на Сестри и брат Митевски.
Горд сум на квалитетната понуда на македонските филмаџии, на сè поцврстите ко-продуцентски соработки, но особено сум горд на жените автори во македонскиот филм, што е повторно потврда и на овој конкурс. Верувам дека режисерката која минатата година нè претставуваше на Венецискиот филмски фестивал и на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, ќе даде една своја перспектива на животот на Мајка Тереза, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.
Агенцијата поддржа и два долгометражни документарни филмови со македонски мнозински удел. По два милиони денари ќе добијат „Неколку споменици повеќе, неколку луѓе помалку“ на Анета Лешниковска и „Вера и јас“ на Марија Џиџева. Поддржани се и четири краткометражни играни филмови каде државава ќе има мнозински удел: „Може да се случи секому“ на Лидија Мојсовска, „Балканска Рута“ на Златко Калеников, „Преку рамката“ на Ибрахум Деари и „Задоцнети шрапнели“ на Јане Алтипармаков, како и два краткометражни документарци: „Невидливото“ на Елеонора Венинова и „Последна станица“ на Ана Опачиќ. На конкурсот се поддржани и долгометражни играни филмови, каде Македонија ќе има малцински удел: „Додекамерон“ на режисерот Минос Папас, „Хатиџе и Шабан“ на Висар Морина, „На се` ќе дојде крај“ на Рајко Грлиќ, Капка – Вода на Роберт Будина, „Отецот наш“ на Горан Станковиќ, „Изгубениот син“ на Дарко Штанте, „Бело се пере на 90 степени“ на Марко Набершник и „Напуштањето на Еден“ од Генц Пермети. Овие проекти се поддржани со суми од по 2,4 до 3 милиони денари.  

The post „Мајка – Можната приказна за мајка Тереза“ на Теона С. Митевска поддржан со 600 илјади евра од Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>
Ни беше важно да ги споделиме нашите искуства од војната, за да можат да учат од нашите грешки, рече режисерката Теона С. Митевска на македонската премиера на „Најсреќниот човек на светот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ni-beshe-vazno-da-gi-spodelime-nashite-iskustva-od-vojnata-za-da-mozat-da-uchat-od-nashite-greshki-reche-reziserkata-teona-s-mitevska-na-makedonskata-premiera-na-najsrekjniot-chovek-na-svetot/ Fri, 28 Oct 2022 07:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=566590

Ни беше важно да ги споделиме нашите искуства од војната, за да можат да учат од нашите грешки од минатото, рече синоќа режисерката Теона Стругар Митевска на македонската премиера на „Најсреќниот човек на светот“ која се одржа во скопското кино „Милениум“.

По синоќешната премиера, филмот во следните две недели ќе се прикажува во кино „Милениум“ од 20 и од 22 часот.

Ова е шести игран филм на Теона С. Митевска по „Како убив светец“, „Јас сум од Титов Велес“, „Жената што си ги избриша солзите“, „Кога денот немаше име“ и „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.

Овој филм го спремав повеќе од пет години. Додека го снимавме не можевме да претпоставиме дека ќе почне нова војна на европската територија. Одеднаш филмот, кој зборува за минатото и како да се справиме со неговите лузни, станува наша реалност, рече режисерката Митевска.

„Најсреќниот човек на светот“ имаше светска премиера на 2 септември годинава на Фестивалот во Венеција во програмата „Хоризонти“ и е македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар меѓународен филм.

По премиерата на филмот во Венеција, го прикажавме филмот во Киев, пред две недели. Тоа беше исклучително тешко и емотивно искуство. Но, нас ни беше важно да го направиме токму тоа, со надеж дека може да ги споделиме нашите минати искуства, за да можат да научат од нашите грешки од минатото. Како уметник, важно ми е да зборувам за актуелни теми, колку и да се тешки и болни, да бидам бескомпромисна и храбра, бидејќи длабоко верувам дека само така може да одиме напред, рече Теона Митевска.

„Најсреќниот човек на светот“ е на босански јазик. Главните улоги ги толкуваат Јелена Кордиќ-Курет и Аднан Омеровиќ, а уште играат: Ксенија Маринковиќ, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ и македонските актери Ана Костовска, Лабина Митевска, Николина Кујача, Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева.

Филмот е копродукција на Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ. Сценариото е на Теона С. Митевска и Елма Татарагиќ, врз чија вистинска приказна е заснована приказната.

Актерката и продуцентка на филмот, Лабина Митевска им се заблаодари на сите оние кои што помогнаа да се направи овој филм.

Се надевам дека уживавте во овој филм онолку колку што е тежок, колку што ние уживавме да го создадеме. Филмот ја почнува својата редовна дистрибуција низ светот, тоа нè прави среќни. Колку и да е тешка уметноста, мислам дека сме должни секогаш да зборуваме, дискутираме и понекогаш да нè боли стомак со денови, рече Лабина Митевска.

Во ноември филмот ќе се прикаже на шест фестивали низ светот. „Најсреќниот човек на светот“ ќе има проекција на Филмскиот фестивал во Солун, каде режисерката Теона С. Митевска ќе биде и дел од интернационалното жири. Од Солун, филмот продолжува во Филмскиот фестивал во Љубљана, Словенија каде што од 9 до 20 ноември филмот ќе биде пропратен со панел предводен од режисерката посветен на пост-југословенската кинематографија.

Филмот ќе продолжи за Интернационалниот филмски фестивал во Арас, Франција кој започнува на 7 ноември и каде ќе биде прикажан во главната конкуренција. Дистрибуцијата во Франција е закажана за 22 февруари 2023. Во ноември филмот ќе биде прикажан и на Авторскиот филмски фестивал во Србија, како филм кој ќе го затвори фестивалот, а Митевска ќе го предводи интернационалното жири, по што веднаш следува Филмскиот фестивал во Атина и Интернационалниот филмски фестивал во Керала, Индија.

The post Ни беше важно да ги споделиме нашите искуства од војната, за да можат да учат од нашите грешки, рече режисерката Теона С. Митевска на македонската премиера на „Најсреќниот човек на светот“ appeared first on Република.

]]>

Ни беше важно да ги споделиме нашите искуства од војната, за да можат да учат од нашите грешки од минатото, рече синоќа режисерката Теона Стругар Митевска на македонската премиера на „Најсреќниот човек на светот“ која се одржа во скопското кино „Милениум“. По синоќешната премиера, филмот во следните две недели ќе се прикажува во кино „Милениум“ од 20 и од 22 часот. Ова е шести игран филм на Теона С. Митевска по „Како убив светец“, „Јас сум од Титов Велес“, „Жената што си ги избриша солзите“, „Кога денот немаше име“ и „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.
Овој филм го спремав повеќе од пет години. Додека го снимавме не можевме да претпоставиме дека ќе почне нова војна на европската територија. Одеднаш филмот, кој зборува за минатото и како да се справиме со неговите лузни, станува наша реалност, рече режисерката Митевска.
„Најсреќниот човек на светот“ имаше светска премиера на 2 септември годинава на Фестивалот во Венеција во програмата „Хоризонти“ и е македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар меѓународен филм.
По премиерата на филмот во Венеција, го прикажавме филмот во Киев, пред две недели. Тоа беше исклучително тешко и емотивно искуство. Но, нас ни беше важно да го направиме токму тоа, со надеж дека може да ги споделиме нашите минати искуства, за да можат да научат од нашите грешки од минатото. Како уметник, важно ми е да зборувам за актуелни теми, колку и да се тешки и болни, да бидам бескомпромисна и храбра, бидејќи длабоко верувам дека само така може да одиме напред, рече Теона Митевска.
„Најсреќниот човек на светот“ е на босански јазик. Главните улоги ги толкуваат Јелена Кордиќ-Курет и Аднан Омеровиќ, а уште играат: Ксенија Маринковиќ, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ и македонските актери Ана Костовска, Лабина Митевска, Николина Кујача, Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева. Филмот е копродукција на Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ. Сценариото е на Теона С. Митевска и Елма Татарагиќ, врз чија вистинска приказна е заснована приказната. Актерката и продуцентка на филмот, Лабина Митевска им се заблаодари на сите оние кои што помогнаа да се направи овој филм.
Се надевам дека уживавте во овој филм онолку колку што е тежок, колку што ние уживавме да го создадеме. Филмот ја почнува својата редовна дистрибуција низ светот, тоа нè прави среќни. Колку и да е тешка уметноста, мислам дека сме должни секогаш да зборуваме, дискутираме и понекогаш да нè боли стомак со денови, рече Лабина Митевска.
Во ноември филмот ќе се прикаже на шест фестивали низ светот. „Најсреќниот човек на светот“ ќе има проекција на Филмскиот фестивал во Солун, каде режисерката Теона С. Митевска ќе биде и дел од интернационалното жири. Од Солун, филмот продолжува во Филмскиот фестивал во Љубљана, Словенија каде што од 9 до 20 ноември филмот ќе биде пропратен со панел предводен од режисерката посветен на пост-југословенската кинематографија. Филмот ќе продолжи за Интернационалниот филмски фестивал во Арас, Франција кој започнува на 7 ноември и каде ќе биде прикажан во главната конкуренција. Дистрибуцијата во Франција е закажана за 22 февруари 2023. Во ноември филмот ќе биде прикажан и на Авторскиот филмски фестивал во Србија, како филм кој ќе го затвори фестивалот, а Митевска ќе го предводи интернационалното жири, по што веднаш следува Филмскиот фестивал во Атина и Интернационалниот филмски фестивал во Керала, Индија.    