тензии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tenzii/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 16:20:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тензии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tenzii/ 32 32 Париз и Берлин повикаа на деескалација на тензиите на Блискиот Исток https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pariz-i-berlin-povikaa-na-deeskalatsija-na-tenziite-na-bliskiot-istok/ Sat, 26 Oct 2024 16:20:58 +0000 https://republika.mk/?p=831297

Германија и Франција повикаа на воздржаност и деескалација на тензиите на Блискиот Исток откако израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа извршија воздушни напади врз Иран. Истовремено, Сирија и владејачките талибанци во Авганистан категорично го осудија нападот, пренесоа светските агенции.

„Мојата порака до Иран е јасна: не можете да продолжите со масовен одговор на ескалација. Ова мора да заврши. Ова би обезбедило можност за мирен развој на Блискиот Исток“, напиша германскиот канцелар Олаф Шолц на социјалната мрежа Икс.

Париз „итно ги повикува страните во конфликтот да се воздржат од ескалација и активности кои би можеле да ги влошат тензиите во регионот“, се вели во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.

„Сирија ја изразува својата солидарност со Иран и потврдува дека стои на негова страна. Дамаск одлучно го поддржува законското право на Исламската Република на самоодбрана, заштита на нејзината територија и животите на нејзините граѓани“, се вели во соопштението на сириското Министерство за надворешни работи.

Израел во текстот е обвинет дека „го игнорира меѓународното право и го продолжува својот криминален и агресивен курс против народите во регионот“.

Во соопштението, Министерството за надворешни работи во Кабул, контролирано од Талибанците, го осуди нападот и ја повика владата на Израел да го запре „ширењето на натамошното насилство и криминал во регионот“, јави ДПА.

Претходно денеска, ИДF соопшти дека нападнала воени цели во Иран како одговор на „бројните континуирани напади“. Во соопштението, иранските сили за воздушна одбрана соопштија дека штетата е ограничена.

The post Париз и Берлин повикаа на деескалација на тензиите на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>

Германија и Франција повикаа на воздржаност и деескалација на тензиите на Блискиот Исток откако израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа извршија воздушни напади врз Иран. Истовремено, Сирија и владејачките талибанци во Авганистан категорично го осудија нападот, пренесоа светските агенции.
„Мојата порака до Иран е јасна: не можете да продолжите со масовен одговор на ескалација. Ова мора да заврши. Ова би обезбедило можност за мирен развој на Блискиот Исток“, напиша германскиот канцелар Олаф Шолц на социјалната мрежа Икс.
Париз „итно ги повикува страните во конфликтот да се воздржат од ескалација и активности кои би можеле да ги влошат тензиите во регионот“, се вели во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.
„Сирија ја изразува својата солидарност со Иран и потврдува дека стои на негова страна. Дамаск одлучно го поддржува законското право на Исламската Република на самоодбрана, заштита на нејзината територија и животите на нејзините граѓани“, се вели во соопштението на сириското Министерство за надворешни работи.
Израел во текстот е обвинет дека „го игнорира меѓународното право и го продолжува својот криминален и агресивен курс против народите во регионот“. Во соопштението, Министерството за надворешни работи во Кабул, контролирано од Талибанците, го осуди нападот и ја повика владата на Израел да го запре „ширењето на натамошното насилство и криминал во регионот“, јави ДПА. Претходно денеска, ИДF соопшти дека нападнала воени цели во Иран како одговор на „бројните континуирани напади“. Во соопштението, иранските сили за воздушна одбрана соопштија дека штетата е ограничена.

The post Париз и Берлин повикаа на деескалација на тензиите на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>
Запалени гуми пред Собранието во Тирана, тензично е и внатре https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zapaleni-gumi-pred-sobranieto-vo-tirana-tenzichno-e-i-vnatre/ Thu, 06 Jun 2024 11:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=785244

Тензично во и надвор од албанскиот парламент, каде се одржува протест организиран од крилото на Демократската партија, на Сали Бериша и Партијата на слободата на Илир Мета, чии привзаници се судрија со полициските службеници распоредени пред зградата.

Во законодавниот дом, пленарната седница почнаа со тензии откако мнозинството го одби барањето на опозицијата да се расправа околу истражувачките стории на италијанската РАИ3 и најтиражниот германски весник „БИЛД“ каде Албанија е нарекувана наркодржава, како и барањето да му се дозволи на Сали Бериша, кој е во куќен притвор, да присуствува на седниците.

Најгласен беше Фљамур Нока, поранешен министер за внатрешни работи, кој заедно со дел од колегите од опозицијата ја блокираа говорницата, се судрија со припадниците на Националната гарда, кои се дел од обезбедувањето, по што по неколкуте опомени, претседателката на парламентот, Линдита Никола го исклучи Нока од седницата, обраќајќи му се со зборовите „Не ме плашиш, ти си човек на лице прогласено за нон грата. Срам да ви е“.

Поради недостиг на атмосфера за работа, Никола на двапати беше принудена да ја прекине седницата.

Многу потензично е пред парламентот каде демонстрантите, откако запалија гуми, фрлаа молотови коктели, камења и шишиња со вода кон полицајците, а започнаа и физички пресметки со полицијата, обидувајќи се да го пробијат кордонот и да влезат во Собранието, по што полицијата употреби и солзавец.

https://youtu.be/sbo64CWpy3E?si=YMRr7jew-CczFUtC

Обезбедувањето е засилено со припадниците на единицата за брзи интервенции, а во близина на објектот има и цистерни со вода, во случај на потреба.

Бериша, кој од декември е во домашен притвор од кога му беше одземен пратеничкиот имунитет, на крајот од минатиот месец му беа укинати сите финансиски привилегии, вклучително и пратеничката плата. Доколку до 11 месецов не присуствува на седница во парламентот го губи пратеничкиот мандат.

The post Запалени гуми пред Собранието во Тирана, тензично е и внатре appeared first on Република.

]]>

Тензично во и надвор од албанскиот парламент, каде се одржува протест организиран од крилото на Демократската партија, на Сали Бериша и Партијата на слободата на Илир Мета, чии привзаници се судрија со полициските службеници распоредени пред зградата. Во законодавниот дом, пленарната седница почнаа со тензии откако мнозинството го одби барањето на опозицијата да се расправа околу истражувачките стории на италијанската РАИ3 и најтиражниот германски весник „БИЛД“ каде Албанија е нарекувана наркодржава, како и барањето да му се дозволи на Сали Бериша, кој е во куќен притвор, да присуствува на седниците. Најгласен беше Фљамур Нока, поранешен министер за внатрешни работи, кој заедно со дел од колегите од опозицијата ја блокираа говорницата, се судрија со припадниците на Националната гарда, кои се дел од обезбедувањето, по што по неколкуте опомени, претседателката на парламентот, Линдита Никола го исклучи Нока од седницата, обраќајќи му се со зборовите „Не ме плашиш, ти си човек на лице прогласено за нон грата. Срам да ви е“. Поради недостиг на атмосфера за работа, Никола на двапати беше принудена да ја прекине седницата. Многу потензично е пред парламентот каде демонстрантите, откако запалија гуми, фрлаа молотови коктели, камења и шишиња со вода кон полицајците, а започнаа и физички пресметки со полицијата, обидувајќи се да го пробијат кордонот и да влезат во Собранието, по што полицијата употреби и солзавец. https://youtu.be/sbo64CWpy3E?si=YMRr7jew-CczFUtC Обезбедувањето е засилено со припадниците на единицата за брзи интервенции, а во близина на објектот има и цистерни со вода, во случај на потреба. Бериша, кој од декември е во домашен притвор од кога му беше одземен пратеничкиот имунитет, на крајот од минатиот месец му беа укинати сите финансиски привилегии, вклучително и пратеничката плата. Доколку до 11 месецов не присуствува на седница во парламентот го губи пратеничкиот мандат.

The post Запалени гуми пред Собранието во Тирана, тензично е и внатре appeared first on Република.

]]>
Османи: Неприфаќањето на предлогот носи ризици за бесперспективност, кризи, меѓуетнички тензии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-neprifakjanjeto-na-predlogot-nosi-rizici-za-besperspektivnost-krizi-megjuetnichki-tenzii/ Sat, 02 Jul 2022 12:20:29 +0000 https://republika.mk/?p=522584

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека предлогот доставен од француското претседателство со ЕУ е добар, ни го отвора патот и ни овозможува да го фатиме последниот воз за ЕУ. Неговото неприфаќање носи ризици за бесперспективност, кризи, меѓуетнички тензии, и заглавување во балканската кал.

–Веќе почнаа официјално да се отвораат теми за нови унии, за нова политичка унија. Ако сега ние не почнеме, Албанија ќе почне со преговорите, ние ќе останеме, Бугарија оди на избори. Со таквите анкети најверојатно нема да има влада во наредните година-две, ова прашање ќе заглави во наредните години и години. Тука ние ќе имплудираме од сите кризи можни коишто ќе се појават од немањето перспектива. Луѓето ќе почнат да решаваат конечно да бегаат од овде затоа што имаат семејства кои се уште се надеваат дека ќе бидат добро, дека ќе има европска перспектива, ги задржуваат децата овде, не земаат странски пасоши. Ако ние кажеме не, ако Албанија ги почне преговорите, ако народот сфати дека нема иднина, верувајте дека илјадници ќе почнат да земаат пасоши од соседството, илјадници ќе донесат одлука да заминат и да ја напуштат државата затоа што нема иднина, истакна Османи на брифингот со новинарите во МНР.

Османи смета дека во тој случај кај нас ќе има меѓуетнички тензии, ќе почнат тензии меѓу различните категории граѓани, ќе ја имаме најтешката година оваа зима со енергијата, со храната позади глобалната криза…

И во услови кога светот е во војна ние да зборуваме за лажни интерпретации дека некој ќе не бугаризира, кога од нас зависи. Никој не може нас да не натера да прифатиме нешто, во никоја форма за што било. Мислам дека ќе биде неодговорно и е срамно за вакви прашања да се води пак иста политика за некој да стане министер или стане премиер. Цел политички капитал сме внеле во ова прашање и на сметка апсолутно и на нашите кариери и на нашите политички партии. Но, ова се времиња во кои државници одлучуваат, истакна Османи.

Неприфаќањето на овој предлог, според него, значи одбивање на можноста прашањето на македонскиот јазик да се затвори еднаш и засекогаш, одбивањето значи заглавување во балканската кал со сите можни последици овде и губење засекогаш перспективата на ЕУ.

Така што, јас затоа со сите овие аргументи, не само мои, со експерти од МНР коишто беа дел од овој дел, коишто никогаш не биле партиски ориентирани биле блиски со министри од сите влади, шефови на кабинети од министри на влади на ВМРО, никогаш не сум видел кој, што, каков е. Сите едногласно велат – ова мора да се прифати затоа што ги имаме нашите позиции овде, затоа што ако го одбиеме тогаш ние мора да ставиме црта на нашите европски перспективи засекогаш. А нема овде ризик којшто може да не натера да направиме нешто. И да ја завршам тука реченицата – логиката од страв да не не блокираат да останеме блокирани во наредните децении е патолошка, потенцира Османи.

The post Османи: Неприфаќањето на предлогот носи ризици за бесперспективност, кризи, меѓуетнички тензии appeared first on Република.

Кина: САД создаваат паника и тензии со санкциите и испраќањето оружје во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-sad-sozdavaat-panika-i-tenzii-so-sankciite-i-isprakjanjeto-oruzje-vo-ukraina/ Wed, 23 Feb 2022 10:30:36 +0000 https://republika.mk/?p=462343

Кина тврди дека Вашингтон покрај санкциите ги зголемува тензиите со испраќање оружје во Украина.

Активностите на САД ги подигнаа тензиите, создаваат паника, па дури и нагласи распоред на војна, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунјинг.

Ако некој долева масло на огнот додека ги обвинува другите тогаш тоа однесување е неодговорно и неморално, додаде таа, насочувајќи го центарот на вниманието кон САД како одговор на прашањето за улогата на Кина во решавањето на ситуацијата.

Таа додаде дека Кина ги повикала сите страни да ги почитуваат и да им придаваат значење на меѓусебните легитимни безбедносни грижи, да се стремат да ги решат прашањата преку преговори и консултации и заеднички да одржуваат регионален мир и стабилност.

На прашањето дали Кина ќе воведе санкции против Русија, Хуа додаде дека Пекинг верува дека санкциите никогаш не биле основен и ефективен начин за решавање на проблемите.

The post Кина: САД создаваат паника и тензии со санкциите и испраќањето оружје во Украина appeared first on Република.

]]>

Кина тврди дека Вашингтон покрај санкциите ги зголемува тензиите со испраќање оружје во Украина.
Активностите на САД ги подигнаа тензиите, создаваат паника, па дури и нагласи распоред на војна, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунјинг. Ако некој долева масло на огнот додека ги обвинува другите тогаш тоа однесување е неодговорно и неморално, додаде таа, насочувајќи го центарот на вниманието кон САД како одговор на прашањето за улогата на Кина во решавањето на ситуацијата.
Таа додаде дека Кина ги повикала сите страни да ги почитуваат и да им придаваат значење на меѓусебните легитимни безбедносни грижи, да се стремат да ги решат прашањата преку преговори и консултации и заеднички да одржуваат регионален мир и стабилност. На прашањето дали Кина ќе воведе санкции против Русија, Хуа додаде дека Пекинг верува дека санкциите никогаш не биле основен и ефективен начин за решавање на проблемите.

The post Кина: САД создаваат паника и тензии со санкциите и испраќањето оружје во Украина appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Загрижени сме затоа што САД ги зголемуваат тензиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kremlj-zagrizeni-sme-zatoa-shto-sad-gi-zgolemuvaat-tenziite/ Tue, 25 Jan 2022 10:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=449168

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Москва со загриженост следи како САД ги зголемуваат тензиите и оти за понатамошните разговори меѓу двете земји ќе се знае откако Русија ќе добие одговор од САД за безбедносните гаранции.

На прашањето дали тоа што САД ставија 8.500 војници во готовност за префрлување во Европа влијае на текот на преговорите, Песков одговори негативно, додавајќи дека преговорите, всушност, се завршени во сегашната фаза.

Тој посочи дека пред да биде јасно како и кога ќе продолжат, Москва треба да добие одговор од Вашингтон и изрази надеж дека тоа ќе се случи оваа недела.

Понатамошната позиција на Москва ќе биде одредена по американскиот одговор, додаде тој.

Песков нагласи дека откако ќе го добие одговорот, руската страна ќе го анализира и ќе ги формулира своите позиции.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс претходно изјави дека САД оваа недела ќе и ги испрати на Русија писмените одговори на нејзините безбедносни барања.

Пред да го сториме тоа, ќе ги координираме нашите активности со сојузниците и партнерите од другата страна на Атлантикот. Сите повратни информации од нашите сојузници ќе ги вклучиме во писмените одговори и кога ќе бидеме подготвени да и ги испратиме на Русија, ние ќе го направиме тоа. Верувам дека ќе биде оваа недела, рече Прајс.

The post Кремљ: Загрижени сме затоа што САД ги зголемуваат тензиите appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Москва со загриженост следи како САД ги зголемуваат тензиите и оти за понатамошните разговори меѓу двете земји ќе се знае откако Русија ќе добие одговор од САД за безбедносните гаранции. На прашањето дали тоа што САД ставија 8.500 војници во готовност за префрлување во Европа влијае на текот на преговорите, Песков одговори негативно, додавајќи дека преговорите, всушност, се завршени во сегашната фаза. Тој посочи дека пред да биде јасно како и кога ќе продолжат, Москва треба да добие одговор од Вашингтон и изрази надеж дека тоа ќе се случи оваа недела. Понатамошната позиција на Москва ќе биде одредена по американскиот одговор, додаде тој. Песков нагласи дека откако ќе го добие одговорот, руската страна ќе го анализира и ќе ги формулира своите позиции. Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс претходно изјави дека САД оваа недела ќе и ги испрати на Русија писмените одговори на нејзините безбедносни барања. Пред да го сториме тоа, ќе ги координираме нашите активности со сојузниците и партнерите од другата страна на Атлантикот. Сите повратни информации од нашите сојузници ќе ги вклучиме во писмените одговори и кога ќе бидеме подготвени да и ги испратиме на Русија, ние ќе го направиме тоа. Верувам дека ќе биде оваа недела, рече Прајс.

The post Кремљ: Загрижени сме затоа што САД ги зголемуваат тензиите appeared first on Република.

]]>