тендери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tenderi/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Dec 2023 13:54:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тендери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tenderi/ 32 32 Комисија за енергетика: Во ЕЛЕМ не запираат „бонбона бизнисите“ поврзани со тендери во четири очи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/komisija-za-energetika-vo-elem-ne-zapiraat-bonbona-biznisite-povrzani-so-tenderi-vo-chetiri-ochi/ Sat, 23 Dec 2023 13:54:59 +0000 https://republika.mk/?p=725950

Веќе станува обичај секој ден во оваа наша напатена Македонија да се открива по некој нов бизнис. Склучен е договор по Јавна Набавка бр. 01-104/2023, со директно преговарање и без јавна објава за “Модернизација на топлинскиот дел од когенеративната постројка за зголемување на ефикасност со доградба на “SCR” за прочистување на издувните гасови и намалување на загадувањето за потребите на АД ЕСМ – подружница ЕНЕРГЕТИКА, велат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Во нивното соопштение стои:

Оваа зделка добро е прикриена со допис од Бирото за Јавни набавки кое експресно за еден ден дало согласност за ваква набавка без оглас и со директно преговарање. Барањето е побарано и одобрено согласно Закон за Јавни Набавка по член 55 став (1) точка в). Овој член 55 став (1) точка в) алинеа 2 и 3 се применува во следни случаи:

Кога поради технички причини нема конкуренција за предметот на набавка и За заштита на ексклузивни права вклучувајќи права од интелектуална сопственост.

Во законот за Јавни набавки е посочено од експерти за јавни набавки од европската унија дури и експерти од Бирото за јавни набавки дека овој член е висококоруптивен и нема контролни механизми, па треба да се посвети посебно внимание и да се даде издржано образложение кога се бара негова примена.

Кое е тврдењето на ЕСМ во барањето за ваква одлука и дали тоа се сведува дека нема конкуренција за оваа набавка? Се поставува прашањето како е тоа утврдено?

Зошто ЕСМ побарала барање за понуда и тоа само од фирмата СПЕКТАРТЕРМО ДОО Скопје, која дала понуда на вредност од 179.879.163,00 денари без вклучен ДДВ. Предвидениот буџет изнесува 180.000.000,00 денари. Значи понудата е темпирана токму до граница на буџетот!.

Несомнено е дека ЕСМ-Скопје во 2023 година со СПЕКТАРТЕРМО ДОО Скопје воспоставила одлични бизнис релации. Веќе има други два договори со директно преговарање и без објава на оглас. На 10.02.2023 година склучила договор за набавка и монтажа на еден гасен мотор во ЕСМ- Енергетика во вредност од 174.735.108,00 денари со директно преговарање и без објава на оглас.

На 18.09.2023 година склучила договор со истата таа СПЕКТЕРТЕРМО за ремонт на гасни мотори во ЕСМ-ЕНЕРГЕТИКА во вредност од 112.100.000,00 денари, со директно преговарање и без објава на оглас.

Само овие три договори во постапка со директно преговарање и без објава на оглас во 2023 година имаат вредност околу 8.000.000,00 ЕВРА.

Ваков услов за договор е само ако СПЕКТАРТЕРМО е единствен способен за извршување на овој договор поради особено техничко знаење и капацитет. Но, нема никакви докази ниту образложение за ова.

Работите за кои само СПЕКТАРТЕРМО е способен да ги зврши и никој друг, според одговорните во АД ЕСМ се следните:

Демонтажа на димоводни канали, пригушувачи, командни уреди и опрема и прилагодување на SCADA опрема

Демонтажа и монтажа на фасаден лим во машинска хала и монтажа на метална конструкција за инсталирање на новата опрема

Испорака и монтажа на опремата за SCR катализатори и ставање во функција со поврзување на SCADA системот.

Јасно е дека всушност овие позиции можат да ги завршат многу други компании. Тоа се главно занаетчиски монтажни работи. Монтажа на уреди за прочистување на издувни гасови како и поврзување на управување со SCADA системот има многу. Само е прашање дали некој сакал тоа да се бара. Јасно е дека нема основа да се примени член 55 став (1) точка в) алинеа 2.

Правата за заштита на ексклузивни права и правата на интелектуална сопственост се однесуваат на права на патенти, авторски права и интелектуална сопственост. Тие не се однесуваат на правата за застапништво или дистрибуција на одредена опрема и не можат да се користат како основа за спроведување на постапката за преговарање без објава на оглас. Неопходно е да се докаже дека нема соодветен еквивалент на бараните технички карактеристики кој не може да го исполни ниеден економски оператор во целиот свет. Спрема ова нема основа да се примени член 55 став (1) точка в) алинеа 3.

Поради овие причини, постои основано сомневање за лукративни цели при склучување на ваков тип договори.

При промена на власта сето ова нема да помине неказнето. Ќе следат истраги кои ќе доведат до разрешување и казнување на оние кои го раскрчмуваат државниот имот на АД ЕСМ.

The post Комисија за енергетика: Во ЕЛЕМ не запираат „бонбона бизнисите“ поврзани со тендери во четири очи appeared first on Република.

]]>

Веќе станува обичај секој ден во оваа наша напатена Македонија да се открива по некој нов бизнис. Склучен е договор по Јавна Набавка бр. 01-104/2023, со директно преговарање и без јавна објава за “Модернизација на топлинскиот дел од когенеративната постројка за зголемување на ефикасност со доградба на “SCR” за прочистување на издувните гасови и намалување на загадувањето за потребите на АД ЕСМ – подружница ЕНЕРГЕТИКА, велат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Во нивното соопштение стои: Оваа зделка добро е прикриена со допис од Бирото за Јавни набавки кое експресно за еден ден дало согласност за ваква набавка без оглас и со директно преговарање. Барањето е побарано и одобрено согласно Закон за Јавни Набавка по член 55 став (1) точка в). Овој член 55 став (1) точка в) алинеа 2 и 3 се применува во следни случаи: Кога поради технички причини нема конкуренција за предметот на набавка и За заштита на ексклузивни права вклучувајќи права од интелектуална сопственост. Во законот за Јавни набавки е посочено од експерти за јавни набавки од европската унија дури и експерти од Бирото за јавни набавки дека овој член е висококоруптивен и нема контролни механизми, па треба да се посвети посебно внимание и да се даде издржано образложение кога се бара негова примена. Кое е тврдењето на ЕСМ во барањето за ваква одлука и дали тоа се сведува дека нема конкуренција за оваа набавка? Се поставува прашањето како е тоа утврдено? Зошто ЕСМ побарала барање за понуда и тоа само од фирмата СПЕКТАРТЕРМО ДОО Скопје, која дала понуда на вредност од 179.879.163,00 денари без вклучен ДДВ. Предвидениот буџет изнесува 180.000.000,00 денари. Значи понудата е темпирана токму до граница на буџетот!. Несомнено е дека ЕСМ-Скопје во 2023 година со СПЕКТАРТЕРМО ДОО Скопје воспоставила одлични бизнис релации. Веќе има други два договори со директно преговарање и без објава на оглас. На 10.02.2023 година склучила договор за набавка и монтажа на еден гасен мотор во ЕСМ- Енергетика во вредност од 174.735.108,00 денари со директно преговарање и без објава на оглас. На 18.09.2023 година склучила договор со истата таа СПЕКТЕРТЕРМО за ремонт на гасни мотори во ЕСМ-ЕНЕРГЕТИКА во вредност од 112.100.000,00 денари, со директно преговарање и без објава на оглас. Само овие три договори во постапка со директно преговарање и без објава на оглас во 2023 година имаат вредност околу 8.000.000,00 ЕВРА. Ваков услов за договор е само ако СПЕКТАРТЕРМО е единствен способен за извршување на овој договор поради особено техничко знаење и капацитет. Но, нема никакви докази ниту образложение за ова. Работите за кои само СПЕКТАРТЕРМО е способен да ги зврши и никој друг, според одговорните во АД ЕСМ се следните: Демонтажа на димоводни канали, пригушувачи, командни уреди и опрема и прилагодување на SCADA опрема Демонтажа и монтажа на фасаден лим во машинска хала и монтажа на метална конструкција за инсталирање на новата опрема Испорака и монтажа на опремата за SCR катализатори и ставање во функција со поврзување на SCADA системот. Јасно е дека всушност овие позиции можат да ги завршат многу други компании. Тоа се главно занаетчиски монтажни работи. Монтажа на уреди за прочистување на издувни гасови како и поврзување на управување со SCADA системот има многу. Само е прашање дали некој сакал тоа да се бара. Јасно е дека нема основа да се примени член 55 став (1) точка в) алинеа 2. Правата за заштита на ексклузивни права и правата на интелектуална сопственост се однесуваат на права на патенти, авторски права и интелектуална сопственост. Тие не се однесуваат на правата за застапништво или дистрибуција на одредена опрема и не можат да се користат како основа за спроведување на постапката за преговарање без објава на оглас. Неопходно е да се докаже дека нема соодветен еквивалент на бараните технички карактеристики кој не може да го исполни ниеден економски оператор во целиот свет. Спрема ова нема основа да се примени член 55 став (1) точка в) алинеа 3. Поради овие причини, постои основано сомневање за лукративни цели при склучување на ваков тип договори. При промена на власта сето ова нема да помине неказнето. Ќе следат истраги кои ќе доведат до разрешување и казнување на оние кои го раскрчмуваат државниот имот на АД ЕСМ.

The post Комисија за енергетика: Во ЕЛЕМ не запираат „бонбона бизнисите“ поврзани со тендери во четири очи appeared first on Република.

]]>
Јас најмалку се разбирам од распишување на тендери, не сакам да се занимавам со тие работи, рече Меџити кој најави дека до 5 јануари ќе биде распишан тендер за КАТО систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jas-najmalku-se-razbiram-od-raspishuvane-na-tenderi-ne-sakam-da-se-zanimavam-so-tie-raboti-reche-medhiti-koj-najavi-deka-do-5-januari-ke-bide-raspishan-tender-za-kato-sistem/ Wed, 20 Dec 2023 12:54:34 +0000 https://republika.mk/?p=724904

До петти јануари идната, 2024 година ќе биде распишан тендер за КАТО систем, а што ќе содржи уште не се знае, кажа денеска министерот за здравство Фатмир Мецити кој беше во посетата на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација каде што беше пуштен во употреба новиот апарат за роботска рехабилитација – Lokomat.

Одговорајќи на новинарско прашање рече дека тендерот би требало да биде спроведен некаде до јуни и дека нема информации што точно ќе содржи.

Навистина не би знаел. Милион работи. Јас најмалку разбирам распишување на тендери, за тоа има служби. Ќе ви пратиме соопштение точно ќе ви кажеме што е распишано да не згрешам нешто, не ми текнува и не сакам да се занимавам со овие работи, изјави Меџити.

КАТО системот се користел за контрола на терапиите на пациентите на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Моментално не функционира, заклучен е во просторија во склоп на клиничка аптека. Системот бил купен во 2017 година и чинел повеќе од 350 илјади евра.

Во однос на обучениот персонал Меџити кажа дека има административни задачи на кои ќе треба да се работи наредниот период.

Има работи административни, а ова е малку потешка, покомплицирана работа бидејќи се работи за едуциран кадар кој треба квалитетно, ефективно да работи. И тој кадар што бил на времето веќе не е и сега ние се спремаме да бидеме сериозни за да почне ова да работи како што треба, да не се соочуваме после со непредвидени последици или работи што не сме ги планирале како треба. Затоа сакаме многу концизно да ги планираме работите за да кажеме дека навистина сме сериозни, посочи тој.

На прашање дали онколошките пациенти по Нова година ќе имаат терапија и дали постои ризик повторно да има недости министерот изрази надеж дека до тоа нема да дојде.

Ние работиме да не постои ризик како што беше и мислам дека ќе издејствуваме и од ФЗОМ и од сите да нема таков проблем. Но, знаете, на ниво на државата и на ниво на светот во глобално ниво секогаш има дефицит на некои материи на лекови и овие ни укажале дека може да се случи, но како и да е секогаш постои замена и ние сме тука, будно ги следиме сите препораки и од СЗО и да немаме ваков дефицит. Но, дали може да се случи – тоа е знак на прашање, истакна Меџити.

The post Јас најмалку се разбирам од распишување на тендери, не сакам да се занимавам со тие работи, рече Меџити кој најави дека до 5 јануари ќе биде распишан тендер за КАТО систем appeared first on Република.

]]>

До петти јануари идната, 2024 година ќе биде распишан тендер за КАТО систем, а што ќе содржи уште не се знае, кажа денеска министерот за здравство Фатмир Мецити кој беше во посетата на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација каде што беше пуштен во употреба новиот апарат за роботска рехабилитација – Lokomat. Одговорајќи на новинарско прашање рече дека тендерот би требало да биде спроведен некаде до јуни и дека нема информации што точно ќе содржи.
Навистина не би знаел. Милион работи. Јас најмалку разбирам распишување на тендери, за тоа има служби. Ќе ви пратиме соопштение точно ќе ви кажеме што е распишано да не згрешам нешто, не ми текнува и не сакам да се занимавам со овие работи, изјави Меџити.
КАТО системот се користел за контрола на терапиите на пациентите на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Моментално не функционира, заклучен е во просторија во склоп на клиничка аптека. Системот бил купен во 2017 година и чинел повеќе од 350 илјади евра. Во однос на обучениот персонал Меџити кажа дека има административни задачи на кои ќе треба да се работи наредниот период.
Има работи административни, а ова е малку потешка, покомплицирана работа бидејќи се работи за едуциран кадар кој треба квалитетно, ефективно да работи. И тој кадар што бил на времето веќе не е и сега ние се спремаме да бидеме сериозни за да почне ова да работи како што треба, да не се соочуваме после со непредвидени последици или работи што не сме ги планирале како треба. Затоа сакаме многу концизно да ги планираме работите за да кажеме дека навистина сме сериозни, посочи тој.
На прашање дали онколошките пациенти по Нова година ќе имаат терапија и дали постои ризик повторно да има недости министерот изрази надеж дека до тоа нема да дојде.
Ние работиме да не постои ризик како што беше и мислам дека ќе издејствуваме и од ФЗОМ и од сите да нема таков проблем. Но, знаете, на ниво на државата и на ниво на светот во глобално ниво секогаш има дефицит на некои материи на лекови и овие ни укажале дека може да се случи, но како и да е секогаш постои замена и ние сме тука, будно ги следиме сите препораки и од СЗО и да немаме ваков дефицит. Но, дали може да се случи – тоа е знак на прашање, истакна Меџити.

The post Јас најмалку се разбирам од распишување на тендери, не сакам да се занимавам со тие работи, рече Меџити кој најави дека до 5 јануари ќе биде распишан тендер за КАТО систем appeared first on Република.

]]>
Од 2019 година до денес цената на електричната енергија е зголемена за повеќе од 50%, тоа е резултат на тендери во четири очи и недомаќинско работење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-2019-godina-do-denes-tsenata-na-elektrichnata-energija-e-zgolemena-za-poveke-od-50-toa-e-rezultat-na-tenderi-vo-chetiri-ochi-i-nedomakinsko-rabotene/ Tue, 31 Oct 2023 20:26:58 +0000 https://republika.mk/?p=696861

Ова поскапување на парното не е резултат на тоа што има промени во цените на енергенсите, туку исклучиво е резултат на тоа што во еден изминат период компанијата која снабдува со топлинска енергија направи договор компанија која понуди цена на гасот повисока од таа која компанијата ја доби од македонска голема компанија, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител.

Таа истакна дека во тој период се направи тендер во 4 очи врз основа на кој се плаќа повисока цена.

Она што повеќе загрижува, владата имаше субвенционирање, трансфер на дел од средства од буџетот кон ЕСМ топлина која требаше да ги искористи средствата за да ги сервисира обврските, но ако ги погледнете податоците, ќе видите дека оваа компанија е една од најголемите должници, истакна Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска посочи дека не може дас е оправда со енергетската криза, затоа што владата склучи таков договор.

Кога станува збор за струјата и таму состојбата е лоша. Позадински зошто растат трошоците е прашање кое треба да го поставиме, тие растат исклучиво како резултат на склучување на договори во 4 очи, особено кај производството на електрична енергија. Затоа имаме огромни трошоци денес. ЕСМ има добиено повеќе од 300 милиони евра последните години, пари од граѓаните од буџетот и со тоа се покриваат дупките во недомаќинското трошење, изјави таа.

Димитриеска Кочоска додаде дека прават трошоци, зголемуваат цена на електрична енергија, го вратија ДДВ-то, повторно трансферираат пари, ЕСМ постојано има недостиг на пари.

Од 2019 година до денес цената на електричната енергија е зголемена за повеќе од 50%, граѓаните плаќаат повисока цена. Како расте цената нас не принудија да штедиме и ако ги погледнеме сметките можеби изгледаат малку поголеми но, ако погледнеме колку трошиме како киловати, колку загреваме, ни го нарушија квалитетот на живот, а имаме повисоки сметки за струја заради тоа неодговорно однесување на владата, рече Димитриеска Кочоска.

The post Од 2019 година до денес цената на електричната енергија е зголемена за повеќе од 50%, тоа е резултат на тендери во четири очи и недомаќинско работење appeared first on Република.

Една фирма за две години добила 14 тендери во Министерството за информатичко општество и јавна администрација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edna-firma-za-dve-godini-dobila-14-tenderi-vo-ministerstvoto-za-informatichko-opshtestvo-i-javna-administratsija/ Sun, 22 Oct 2023 13:22:40 +0000 https://republika.mk/?p=693880

Анализа во Министерството за информатичко општество и јавна администрација (МИОА) на 18. случајно избрани тендерски постапки за јавни набавки во периодот од 2021 до јуни 2023 година од страна на независна ревизија покажа дека дури 14. од нив ги добила една фирма.
Тендерите биле доделувани на оној кој ќе даде најниска цена, а вкупната сума за 18 анализирани тендерски постапки е 6,5 милиони евра.

Според министерот Азир Алиу, високиот процент на тендери само со една понуда, во вкупниот број на доставени понуди, влијае врз можноста за избор, што ги принудува институциите да плаќаат повисоки цени поради малата понуда.
Тој смета дека состојбата е таква затоа што компаниите немаат доверба во институциите, па затоа и не се пријавуваат на тендерите.

The post Една фирма за две години добила 14 тендери во Министерството за информатичко општество и јавна администрација appeared first on Република.

]]>

Анализа во Министерството за информатичко општество и јавна администрација (МИОА) на 18. случајно избрани тендерски постапки за јавни набавки во периодот од 2021 до јуни 2023 година од страна на независна ревизија покажа дека дури 14. од нив ги добила една фирма. Тендерите биле доделувани на оној кој ќе даде најниска цена, а вкупната сума за 18 анализирани тендерски постапки е 6,5 милиони евра. Според министерот Азир Алиу, високиот процент на тендери само со една понуда, во вкупниот број на доставени понуди, влијае врз можноста за избор, што ги принудува институциите да плаќаат повисоки цени поради малата понуда. Тој смета дека состојбата е таква затоа што компаниите немаат доверба во институциите, па затоа и не се пријавуваат на тендерите.

The post Една фирма за две години добила 14 тендери во Министерството за информатичко општество и јавна администрација appeared first on Република.

]]>
Компаниите не им веруваат на државните институции и затоа не се јавуваат на јавните тендери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kompaniite-ne-im-veruvaat-na-drzhavnite-institutsii-i-zatoa-ne-se-javuvaat-na-javnite-tenderi/ Sat, 21 Oct 2023 15:24:15 +0000 https://republika.mk/?p=693663

Приватните компании не им веруваат на државните институции и затоа не се јавуваат на јавните тендери, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Алиу кажа дека внатрешната ревизија што ја спровела Министерството за информатичко општество и администрација за периодот 2021 – 2023 година покажала дека компаниите не се заинтересиорани да аплицираат на јавни тендери, што значи дека довербата на приватниот сектор кон државните институции е намалена. На 14 од вкупно 18 анализирани тендерски постапки од јануари 2021 до јуни 2023, пријавена била само една компанија.

На средба со компаниите тие посочија дека една од причините за ова е што тендерската документација или не е јасна или е толку јасна што се гледа дека е направена за дел од приватниот сектор. Не сакам да верувам во тоа, зашто нашите колеги од МИОА се експерти и убеден сум дека може да имаме повеќе заинтересирани компании кои би аплицирале, рече Алиу.

The post Компаниите не им веруваат на државните институции и затоа не се јавуваат на јавните тендери appeared first on Република.

]]>

Приватните компании не им веруваат на државните институции и затоа не се јавуваат на јавните тендери, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Алиу кажа дека внатрешната ревизија што ја спровела Министерството за информатичко општество и администрација за периодот 2021 – 2023 година покажала дека компаниите не се заинтересиорани да аплицираат на јавни тендери, што значи дека довербата на приватниот сектор кон државните институции е намалена. На 14 од вкупно 18 анализирани тендерски постапки од јануари 2021 до јуни 2023, пријавена била само една компанија.
На средба со компаниите тие посочија дека една од причините за ова е што тендерската документација или не е јасна или е толку јасна што се гледа дека е направена за дел од приватниот сектор. Не сакам да верувам во тоа, зашто нашите колеги од МИОА се експерти и убеден сум дека може да имаме повеќе заинтересирани компании кои би аплицирале, рече Алиу.

The post Компаниите не им веруваат на државните институции и затоа не се јавуваат на јавните тендери appeared first on Република.

]]>
Алиу: Компаниите немаат доверба во институциите, ретко се јавуваат на тендери зашто мислат дека се наместени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/aliu-kompaniite-nemaat-doverba-vo-institutsiite-retko-se-javuvaat-na-tenderi-zashto-mislat-deka-se-namesteni/ Fri, 20 Oct 2023 12:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=693312

Ревизорскиот извештај за периодот јануари 2021 - јуни 2023 година покажува дека на 14 од 18 случајно избрани и анализирани тендерски постапки за јавни набавки во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) се пријавила само една компанија. За три постапки имало по две понуди, а за една постапка биле доставени три понуди. Во голем дел од постапките, сумата за одредена набавка што била предвидена во планот за јавни набавки на МИОА, била иста со сумата што ја понудила одредената компанија, соопшти денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

На прес-конференција по средбата со стопанските комори, Алиу рече дека вкупната сума за 18-те постапки е 6,5 милиони евра. Предметите опфатени со ревизијата биле по случаен избор, а ги анализирал независен ревизор, од отворање на тендерската постапка до финална исплата за реализираните активности. Некои од нив, потенцира, се со висок ризик од можни злоупотреби.

Министерот ги информирал коморите за Извештајот и побарал од нив да кажат зошто мал број компании аплицираат на тендерите. Му одговориле дека „се соочуваат со тендерска документација која, ако се прочита, е очигледно за која компанија е напишана“.

Затоа, најави Алиу, за секоја наредна тендерска постапка, при истражување на пазарот, МИОА ќе свикува прес-конференција. Целта е да ги увери компаниите во транспарентноста, како и детално да ги информира кои се потребите на Министерството. Веројатно така, нагласи, ќе се намали недовербата која е веќе креирана меѓу јавниот и приватниот сектор.

Не сум правник за да кажам дали сето ова е законски или не, а и во Извештајот не е нотирано нешто незаконско, но нотирано е дека има ризици од злоупотреба. Има институции кои понатму треба да ги следат и анализираат овие процеси. Од една страна, одредени компании ги злоупотребуваат процесите и сами креираат политики врз основа на своите бизнис интереси, а од друга, голем дел од компаниите, поради одредени причини, не се јавуваат на јавните повици на државните институции. Ова влијае на конкурентноста и можноста за поголем избор, односно државните институции се принудени да плаќаат повисоки цени поради малата понуда од компаниите. Затоа, потребно е системско решение кое ќе ги спречи сите потреби за злоупотреби и ќе ја зголеми понудата на добра и услуги кон државните институции, истакна министерот.

Тој најави дека МИОА за четири до пет месеци повторно ќе излезе со ваков извештај, но за десетгодишен период.

На денешната средба, ги известив коморите за ревизорскиот извештај и побарав од нив да кажат зошто се случува ова, кои се постапките, процедурите и методологијата со која ние ќе се подобриме за тие да аплицираат. За жал, нивниот одговор, на повеќето компании, беше дека немаат доверба во јавните институции и затоа воопшто не трошат ресурси за да аплицираат. На моето прашање, дали ќе се поодбри тоа ако одржуваме прес-конференција во фаза на анализа на пазарот на трудот и дали тогаш би се пријавиле, одговорија потврдно, дека, да, тоа е една од можностите за да бидат сигурни и да знаат однапред што се слуќува и кои се барањта. Според нив, сега се соочуваат со тендерска документација која, велат, ако ја прочитате, ќе видите дека е очигледно за која компанија е напишана. Тоа е фидбекот што го добив денеска од приватниот сектор, истакна Алиу.

Ревизорскиот извештај е јавно достапен на веб страницата на МИОА.

Сакаме да бидеме транспарентни и одговорни кон граѓаните, како и да ги подобриме тендерските процеси во земјава. Затоа, МИОА во наредниот период ќе организира средби на кои навреме ќе ги информира сите компании заинтересирани да учествуваат во натамошните постпаки и да одговараат на нашите повици. Има многу точки во кои ние треба да се подобриме како институција, а ни ги дава Ревизорскиот извештај. На пример, да се подели Работната група која пишува тендерска документација со Работната група која ги следи процесите и таа што дава извештај за имплементација на проектите, подвкече министерот

The post Алиу: Компаниите немаат доверба во институциите, ретко се јавуваат на тендери зашто мислат дека се наместени appeared first on Република.

]]>

Ревизорскиот извештај за периодот јануари 2021 - јуни 2023 година покажува дека на 14 од 18 случајно избрани и анализирани тендерски постапки за јавни набавки во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) се пријавила само една компанија. За три постапки имало по две понуди, а за една постапка биле доставени три понуди. Во голем дел од постапките, сумата за одредена набавка што била предвидена во планот за јавни набавки на МИОА, била иста со сумата што ја понудила одредената компанија, соопшти денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. На прес-конференција по средбата со стопанските комори, Алиу рече дека вкупната сума за 18-те постапки е 6,5 милиони евра. Предметите опфатени со ревизијата биле по случаен избор, а ги анализирал независен ревизор, од отворање на тендерската постапка до финална исплата за реализираните активности. Некои од нив, потенцира, се со висок ризик од можни злоупотреби. Министерот ги информирал коморите за Извештајот и побарал од нив да кажат зошто мал број компании аплицираат на тендерите. Му одговориле дека „се соочуваат со тендерска документација која, ако се прочита, е очигледно за која компанија е напишана“. Затоа, најави Алиу, за секоја наредна тендерска постапка, при истражување на пазарот, МИОА ќе свикува прес-конференција. Целта е да ги увери компаниите во транспарентноста, како и детално да ги информира кои се потребите на Министерството. Веројатно така, нагласи, ќе се намали недовербата која е веќе креирана меѓу јавниот и приватниот сектор.
Не сум правник за да кажам дали сето ова е законски или не, а и во Извештајот не е нотирано нешто незаконско, но нотирано е дека има ризици од злоупотреба. Има институции кои понатму треба да ги следат и анализираат овие процеси. Од една страна, одредени компании ги злоупотребуваат процесите и сами креираат политики врз основа на своите бизнис интереси, а од друга, голем дел од компаниите, поради одредени причини, не се јавуваат на јавните повици на државните институции. Ова влијае на конкурентноста и можноста за поголем избор, односно државните институции се принудени да плаќаат повисоки цени поради малата понуда од компаниите. Затоа, потребно е системско решение кое ќе ги спречи сите потреби за злоупотреби и ќе ја зголеми понудата на добра и услуги кон државните институции, истакна министерот.
Тој најави дека МИОА за четири до пет месеци повторно ќе излезе со ваков извештај, но за десетгодишен период.
На денешната средба, ги известив коморите за ревизорскиот извештај и побарав од нив да кажат зошто се случува ова, кои се постапките, процедурите и методологијата со која ние ќе се подобриме за тие да аплицираат. За жал, нивниот одговор, на повеќето компании, беше дека немаат доверба во јавните институции и затоа воопшто не трошат ресурси за да аплицираат. На моето прашање, дали ќе се поодбри тоа ако одржуваме прес-конференција во фаза на анализа на пазарот на трудот и дали тогаш би се пријавиле, одговорија потврдно, дека, да, тоа е една од можностите за да бидат сигурни и да знаат однапред што се слуќува и кои се барањта. Според нив, сега се соочуваат со тендерска документација која, велат, ако ја прочитате, ќе видите дека е очигледно за која компанија е напишана. Тоа е фидбекот што го добив денеска од приватниот сектор, истакна Алиу.
Ревизорскиот извештај е јавно достапен на веб страницата на МИОА.
Сакаме да бидеме транспарентни и одговорни кон граѓаните, како и да ги подобриме тендерските процеси во земјава. Затоа, МИОА во наредниот период ќе организира средби на кои навреме ќе ги информира сите компании заинтересирани да учествуваат во натамошните постпаки и да одговараат на нашите повици. Има многу точки во кои ние треба да се подобриме како институција, а ни ги дава Ревизорскиот извештај. На пример, да се подели Работната група која пишува тендерска документација со Работната група која ги следи процесите и таа што дава извештај за имплементација на проектите, подвкече министерот

The post Алиу: Компаниите немаат доверба во институциите, ретко се јавуваат на тендери зашто мислат дека се наместени appeared first on Република.

]]>
На вториот заеднички тендер на ЕУ за набавка на гас се пријавија 25 компании https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-vtoriot-zaednichki-tender-na-eu-za-nabavka-na-gas-se-prijavija-25-kompanii/ Thu, 13 Jul 2023 13:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=660949

Вкупно 25 меѓународни добавувачи одговорија на нашиот втор тендер за заедничка набавка на гас, со понуди за снабдување со вкупно 15,19 милијарди кубни метри. Сакам да им се заблагодарам на добавувачите кои ги доставија своите понуди, изјави денеска потпретседателот на Европската комисија за меѓуинституционални односи и проекции, Марош Шефчович.

Добивме понуда за речиси 16 милијарди кубни метри, што е за над четири милијарди кубни метри повеќе во споредба со првиот тендер. Заедно на двата тендера имаме двојно поголема понуда од барањата поставени од Советот за целата година. Морам да нагласам дека овие резултати ги надминаа нашите очекувања, истакна Шефчович.

Тој потсети дека првиот тендер за заедничка набавка на гас преку Енергетската платформа на ЕУ беше распишан во април годинава, вториот на 26 јуни, а најави дека ќе следи и трет по летните одмори.

Шефчович посочи дека Еврокомисијата направила одредени измени во тендерот за дополнително да се зголеми ефективноста на заедничката набавка на гас, додавајќи дека резултатите од вториот тендер покажуваат дека постои потреба од здружување на силите за да се гарантира стабилно и прифатливо снабдување со гас на пазарот на ЕУ.

Сега е важно да го зачуваме овој модел што функционира. Механизмот за заедничка набавка да стане редовна точка за поврзување на европската индустрија и добавувачите. Исто така, верувам дека сега треба да работиме на проширување на овој модел и за набавка на други стоки, вклучувајќи обновливи енергенси, водород и стратешки суровини, додаде Шефчович.

Со вториот тендер, кој траеше од 7 до 10 јули, се бараше обезбедување на гас за потребите на 49 компании од ЕУ за периодот од август 2023 година до март 2025 година. Речиси половина од бараните количества на енергенсот се однесуваа на течен природен гас (ЛНГ).

Проектот за заедничка набавка на гас во ЕУ е дел од Планот за диверзификација на изворите на енергенси и зајакнување на енергетската безбедност пред следната зима. На овој начин на компаниите им се овозможува да настапат со заедничка побарувачката за гас и да се усогласат со конкурентните понуди за снабдување на глобалниот пазар.

Механизмот, во кој досега се вклучени над 150 компании, е отворен за субјекти од сите членки на ЕУ и од земјите опфатени со Енергетската заедница.

The post На вториот заеднички тендер на ЕУ за набавка на гас се пријавија 25 компании appeared first on Република.

]]>

Вкупно 25 меѓународни добавувачи одговорија на нашиот втор тендер за заедничка набавка на гас, со понуди за снабдување со вкупно 15,19 милијарди кубни метри. Сакам да им се заблагодарам на добавувачите кои ги доставија своите понуди, изјави денеска потпретседателот на Европската комисија за меѓуинституционални односи и проекции, Марош Шефчович. Добивме понуда за речиси 16 милијарди кубни метри, што е за над четири милијарди кубни метри повеќе во споредба со првиот тендер. Заедно на двата тендера имаме двојно поголема понуда од барањата поставени од Советот за целата година. Морам да нагласам дека овие резултати ги надминаа нашите очекувања, истакна Шефчович. Тој потсети дека првиот тендер за заедничка набавка на гас преку Енергетската платформа на ЕУ беше распишан во април годинава, вториот на 26 јуни, а најави дека ќе следи и трет по летните одмори. Шефчович посочи дека Еврокомисијата направила одредени измени во тендерот за дополнително да се зголеми ефективноста на заедничката набавка на гас, додавајќи дека резултатите од вториот тендер покажуваат дека постои потреба од здружување на силите за да се гарантира стабилно и прифатливо снабдување со гас на пазарот на ЕУ. Сега е важно да го зачуваме овој модел што функционира. Механизмот за заедничка набавка да стане редовна точка за поврзување на европската индустрија и добавувачите. Исто така, верувам дека сега треба да работиме на проширување на овој модел и за набавка на други стоки, вклучувајќи обновливи енергенси, водород и стратешки суровини, додаде Шефчович. Со вториот тендер, кој траеше од 7 до 10 јули, се бараше обезбедување на гас за потребите на 49 компании од ЕУ за периодот од август 2023 година до март 2025 година. Речиси половина од бараните количества на енергенсот се однесуваа на течен природен гас (ЛНГ). Проектот за заедничка набавка на гас во ЕУ е дел од Планот за диверзификација на изворите на енергенси и зајакнување на енергетската безбедност пред следната зима. На овој начин на компаниите им се овозможува да настапат со заедничка побарувачката за гас и да се усогласат со конкурентните понуди за снабдување на глобалниот пазар. Механизмот, во кој досега се вклучени над 150 компании, е отворен за субјекти од сите членки на ЕУ и од земјите опфатени со Енергетската заедница.

The post На вториот заеднички тендер на ЕУ за набавка на гас се пријавија 25 компании appeared first on Република.

]]>
На секој трет тендер со само еден учесник потрошени 427 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/na-sekoj-tret-tender-so-samo-eden-uchesnik-potrosheni-427-milioni-evra/ Mon, 29 May 2023 14:11:02 +0000 https://republika.mk/?p=645727

Секој трет договор за јавна набавка во 2022 година е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Станува збор за 9.305 договори, во вкупна вредност од 26 милијарди денари (427 милиони евра), покажува новиот извештај од мониторингот на јавни набавки кој го објавува Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Оттаму посочуваат и дека роковите за отпочнување на тендерските постапки наведени во плановите за јавни набавки речиси воопшто не се почитуваат. Дури 90% од мониторираните постапки се спроведени со задоцнување, и тоа од 1 до 8 месеци, што според ЦГК ја доведува во прашање ефикасноста на функционирањето на институциите, но воедно и улогата која плановите за јавни набавки треба да ја имаат во однос на поттикнување на конкуренцијата.

Просечниот број понуди по тендер лани изнесувал 3, што претставува намалување на конкуренцијата во однос на 2021 година.

Извештајот покажува и дека низ нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 31 милион евра, што е намалување за 30% во однос на 2021 година, а се намалил и бројот на жалби од фирмите до Државната комисија за жалби по јавните за 34%.

Од ЦГК алармираат и на исклучително високиот удел на поништени постапки, кој според нив фрла сомнеж врз објективноста и законитоста во донесувањето на овие одлуки за поништување. Во 2022 година се поништени речиси третина од тендерите.

Во истражувањето е спроведена и анкета кај компаниите за нивното искуство. Фирмите го оцениле процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,8 (на скалата од 1 до 5), што е исто како лани.

Според добиените одговори, најчестиот проблем со кои тие се соочиле во јавните набавки е „најниската цена“ како критериум за избор, нешто на што се пожалиле дури 63% од анкетираните фирми. Дополнително 93% од фирмите сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереални цени и се занемарува квалитетот, а 54% признаваат дека постои меѓусебно договарање на
тендерите.

Речиси половина од компаниите сметаат дека има корупција во јавните набавки. 18% лично се соочиле со корупција на тендерите, а 64% од анкетираните компании сметаат дека врските се најчест облик на корупција.

The post На секој трет тендер со само еден учесник потрошени 427 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Секој трет договор за јавна набавка во 2022 година е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Станува збор за 9.305 договори, во вкупна вредност од 26 милијарди денари (427 милиони евра), покажува новиот извештај од мониторингот на јавни набавки кој го објавува Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Оттаму посочуваат и дека роковите за отпочнување на тендерските постапки наведени во плановите за јавни набавки речиси воопшто не се почитуваат. Дури 90% од мониторираните постапки се спроведени со задоцнување, и тоа од 1 до 8 месеци, што според ЦГК ја доведува во прашање ефикасноста на функционирањето на институциите, но воедно и улогата која плановите за јавни набавки треба да ја имаат во однос на поттикнување на конкуренцијата. Просечниот број понуди по тендер лани изнесувал 3, што претставува намалување на конкуренцијата во однос на 2021 година. Извештајот покажува и дека низ нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 31 милион евра, што е намалување за 30% во однос на 2021 година, а се намалил и бројот на жалби од фирмите до Државната комисија за жалби по јавните за 34%. Од ЦГК алармираат и на исклучително високиот удел на поништени постапки, кој според нив фрла сомнеж врз објективноста и законитоста во донесувањето на овие одлуки за поништување. Во 2022 година се поништени речиси третина од тендерите. Во истражувањето е спроведена и анкета кај компаниите за нивното искуство. Фирмите го оцениле процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,8 (на скалата од 1 до 5), што е исто како лани. Според добиените одговори, најчестиот проблем со кои тие се соочиле во јавните набавки е „најниската цена“ како критериум за избор, нешто на што се пожалиле дури 63% од анкетираните фирми. Дополнително 93% од фирмите сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереални цени и се занемарува квалитетот, а 54% признаваат дека постои меѓусебно договарање на тендерите. Речиси половина од компаниите сметаат дека има корупција во јавните набавки. 18% лично се соочиле со корупција на тендерите, а 64% од анкетираните компании сметаат дека врските се најчест облик на корупција.

The post На секој трет тендер со само еден учесник потрошени 427 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Дали власта ги измени тендерските услови за Коридорите 8 и 10д за да го намести 22 милионскиот тендер за „Ептиса“? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-vlasta-gi-izmeni-tenderskite-uslovi-za-koridorite-8-i-10d-za-da-go-namesti-22-milionskiot-tender-za-eptisa/ Sun, 05 Mar 2023 12:40:32 +0000 https://republika.mk/?p=616063

Денес ќе откриеме нови детали, кои отвораат сомнеж дека Ковачевски и Груби го местеле тендерот за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д, истакна во неделата за медиумите Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако министерството за транспорт и врски дава потврда на ЕПТИСА за надзор при изградба, по веќе претходна забрана од страна на владата, за што зборувавме вчера, сега ќе обелодениме информации како се менувани условите во тендерската постапка, за на крај ЕПТИСА да биде фирмата која ќе ги исполни и ќе го добие тендерот.

7 дена пред истекот на рокот за поднесување на понудите од страна на заинтересираните фирми за вршење на надзорот тежок 22 милиони евра, власта го продолжува рокот од 17.10.2022 на 25.10.2022, односно за цели 8 дена.

Ова не е единствена измена, покрај продолжување на рокот за поднесување, е изменет и условот со кој се бара понудувачот да приложи Извештај за билансна состојба и податоци од биланси за 2019, 2020 и 2021 година, кои треба да бидат позитивни и да бидат издадена од странска реномирана институција, регистрирана за вршење на ревизија. Со измената се брише позитивни и се бараат само билансни состојби, но не и повторувам позитивни, туку тие може да бидат и негативни, т.е. фирмата која ќе го земе 22 милионскиот тендер за надзор владата смета дека може да биде и во загуба 3 финансиски години по ред.

Сомнежите се дека овие измени се направени за фирмата ЕПТИСА, која и го добива тендерот од 22 милиони евра, бидејќи според податоците до кои дојдовме истата во 2019 година работела со загуба од 6.7 милиони евра, 2020 година со 6.9 милиони евра, а 2021 година со 8.5 милиони евра минус.

Со менувањето на условот понудувачите да не треба да имаат позитивни биланси последните 3 финансиски години, се отвора можност фирмата ЕПТИСА да учествува. И истата таа на 01.12.2022 е избрана како добитник на тендерот тежок 22 милиони евра.

Дали владата смета дека на тендер од 22 милиони евра за надзор не може и нема да се јават фирми со позитивни биланси, па мора да овозможи на истиот да се јават и загубари? Ковачевски и Груби свесно го минираат проектот за изградба на автопати со фирми и бизнис шеми со фирми во загуба, со сомнителни средства и текови.

Дали тендерските услови се менувани токму за ЕПТИСА? Дали владата мести тендер и зошто?

ЈО не смее да молчи. Одговори веднаш.

The post Дали власта ги измени тендерските услови за Коридорите 8 и 10д за да го намести 22 милионскиот тендер за „Ептиса“? appeared first on Република.

Тендерите јавни, договорите скриени: Кој е гарант на мистериозните мали фирми што носат јаглен во Македонија за милиони евра? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tenderite-javni-dogovorite-skrieni-koj-e-garant-na-misterioznite-mali-firmi-shto-nosat-jaglen-vo-makedonija-za-milioni-evra/ Mon, 19 Sep 2022 20:13:57 +0000 https://republika.mk/?p=552442

Две новоформирани микрокомпании од Скопје, веќе трет месец учествуваат во спасувањето на Македонија од последиците на светската енергетска криза преку милионски договори склучени со државната компанија Електрани на Македонија (ЕСМ) за увоз на јаглен за РЕК Битола. Тие се вклучени во планот на државата да го зголеми домашното производство на струја за 20 отсто, пишува Призма.

Кога станува збор за набавките на јаглен и на други енергенси, претставници на ЕСМ не пропуштаат енергично да нагласат дека „компанијата спроведува транспарентни постапки, иако не е законски обврзана на тоа“, имено Законот за јавни набавки го иззема ЕСМ од обврската јавно да ги објавува огласите и одбраните компании. Меѓутоа, ЕСМ истовремено е имател на информации од јавен карактер и како таков подлежи на Законот за пристап до информации од јавен карактер. Сепак, транспарентноста со која се гордее компанијата најголем огласувач ја снемува кога договорите за увозот треба да се објават или да се овозможи увид во нив, како податоци од јавен карактер.

Целиот текст овде.

The post Тендерите јавни, договорите скриени: Кој е гарант на мистериозните мали фирми што носат јаглен во Македонија за милиони евра? appeared first on Република.

]]>

Две новоформирани микрокомпании од Скопје, веќе трет месец учествуваат во спасувањето на Македонија од последиците на светската енергетска криза преку милионски договори склучени со државната компанија Електрани на Македонија (ЕСМ) за увоз на јаглен за РЕК Битола. Тие се вклучени во планот на државата да го зголеми домашното производство на струја за 20 отсто, пишува Призма. Кога станува збор за набавките на јаглен и на други енергенси, претставници на ЕСМ не пропуштаат енергично да нагласат дека „компанијата спроведува транспарентни постапки, иако не е законски обврзана на тоа“, имено Законот за јавни набавки го иззема ЕСМ од обврската јавно да ги објавува огласите и одбраните компании. Меѓутоа, ЕСМ истовремено е имател на информации од јавен карактер и како таков подлежи на Законот за пристап до информации од јавен карактер. Сепак, транспарентноста со која се гордее компанијата најголем огласувач ја снемува кога договорите за увозот треба да се објават или да се овозможи увид во нив, како податоци од јавен карактер. Целиот текст овде.

The post Тендерите јавни, договорите скриени: Кој е гарант на мистериозните мали фирми што носат јаглен во Македонија за милиони евра? appeared first on Република.

]]>
РЕК „Битола“ доделил десетици тендери на свои вработени блиски до СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rek-bitola-dodelil-desetici-tenderi-na-svoi-vraboteni-bliski-do-sdsm/ Thu, 18 Aug 2022 18:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=541791

Најголемиот македонски производител на струја, термоелектраната РЕК „Битола“ во изминатите години доделила серија тендери на фирмата „Компас МСФ“, чијшто единствен клиент е државната компанија, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ).

„Компас МСФ“, чијашто сопственичка и нејзиниот сопруг се вработени во РЕК Битола не престанува да добива договори од државната компанија, и покрај очигледниот конфликт на интереси, а досега има добиено тендери вредни околу милион и 900 илјади евра, пишува РСЕ.

Последниот договор, потпишан на 28 јуни, е за набавка на електроосигурувачи и држачи за осигурувачи во вредност од 542.800 денари или околу 8800 евра.

Фирмата е за производство, трговија на големо и мало и формирана во јуни, 2009 година во Битола. Нејзин сопственик, според податоците на Централниот регистар, е Летка Фидановска, која е вработена во РЕК Битола. Нејзин сопруг е Менде Фидановски, кој не само што е вработен, туку е и претседател на синдикалната организација на РЕК Битола.

Седиштето на фирмата и адресата на Фидановска се на истo место, на улица „Цветан Димов“ бр.181, каде се наоѓа куќа на два ката без никакаква трага од Компас МСФ. На сите договори со РЕК Битола како директор на фирмата до март 2020 година е потпишана Летка Фидановска. Потоа таа фигурира само како сопственик на фирмата, а директор станува Мартин Фидановски, кој исто така има иста адреса на живеење како Летка Фидановска и како седиштето на фирмата.

Директорот на АД ЕСМ, државната компанија-мајка на РЕК „Битола“, Васко Ковачевски, вели дека во случајот нема прекршување во законските одредби. Според него, ниту можат ниту смеат да ограничуваат кои компании ќе се пријават на тендерите и работат транспарентно и отчетно.

Доколку има било каков пропуст или во работењето на АД ЕСМ или РЕК Битола или пак во работењето на споменатата компанија, еве повикувам сите надлежни институции или истражни органи да проверат дали тие постапки биле спроведени согласно законите и процедурите и дали има било какво прекршување, вели Ковачевски на прашањето на РСЕ дали има конфликт на интереси во тендерите.

Од Државната комисија за спречување на корупцијата велат дека ќе го разгледаат прашањето дали постои конфликт на интерес во доделувањето на тендерите на „Компас МСФ“.

Летка Фидановска во 2020 година, според Службениот гласник на општина Битола, била именувана за член на избирачкиот одбор за избирачкото место 0028 на предлог на владејачката партија СДСМ. Една година подоцна, нејзиниот сопруг Менде исто така бил именуван на истото избирачко место за заменик член по предлог на СДСМ.

Фидановски во 2018 година станува првиот човек во борбата за унапредување на првата на работниците во РЕК Битола додека директор е Васко Ковачевски. Оттогаш е најплодна соработката на рударско енергетскиот комбинат со фирмата на неговата сопруга која добила 43 тендери. Нивната вкупна вредност е околу 1 милион и двеста илјади евра.

Од 2013 година наваму, „Компас МСФ“ добила вкупно 86 тендери, а само еден договор не е поврзан со од РЕК „Битола“, пишува РСЕ.

The post РЕК „Битола“ доделил десетици тендери на свои вработени блиски до СДСМ appeared first on Република.

]]>

Најголемиот македонски производител на струја, термоелектраната РЕК „Битола“ во изминатите години доделила серија тендери на фирмата „Компас МСФ“, чијшто единствен клиент е државната компанија, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ). „Компас МСФ“, чијашто сопственичка и нејзиниот сопруг се вработени во РЕК Битола не престанува да добива договори од државната компанија, и покрај очигледниот конфликт на интереси, а досега има добиено тендери вредни околу милион и 900 илјади евра, пишува РСЕ. Последниот договор, потпишан на 28 јуни, е за набавка на електроосигурувачи и држачи за осигурувачи во вредност од 542.800 денари или околу 8800 евра. Фирмата е за производство, трговија на големо и мало и формирана во јуни, 2009 година во Битола. Нејзин сопственик, според податоците на Централниот регистар, е Летка Фидановска, која е вработена во РЕК Битола. Нејзин сопруг е Менде Фидановски, кој не само што е вработен, туку е и претседател на синдикалната организација на РЕК Битола. Седиштето на фирмата и адресата на Фидановска се на истo место, на улица „Цветан Димов“ бр.181, каде се наоѓа куќа на два ката без никакаква трага од Компас МСФ. На сите договори со РЕК Битола како директор на фирмата до март 2020 година е потпишана Летка Фидановска. Потоа таа фигурира само како сопственик на фирмата, а директор станува Мартин Фидановски, кој исто така има иста адреса на живеење како Летка Фидановска и како седиштето на фирмата. Директорот на АД ЕСМ, државната компанија-мајка на РЕК „Битола“, Васко Ковачевски, вели дека во случајот нема прекршување во законските одредби. Според него, ниту можат ниту смеат да ограничуваат кои компании ќе се пријават на тендерите и работат транспарентно и отчетно. Доколку има било каков пропуст или во работењето на АД ЕСМ или РЕК Битола или пак во работењето на споменатата компанија, еве повикувам сите надлежни институции или истражни органи да проверат дали тие постапки биле спроведени согласно законите и процедурите и дали има било какво прекршување, вели Ковачевски на прашањето на РСЕ дали има конфликт на интереси во тендерите. Од Државната комисија за спречување на корупцијата велат дека ќе го разгледаат прашањето дали постои конфликт на интерес во доделувањето на тендерите на „Компас МСФ“. Летка Фидановска во 2020 година, според Службениот гласник на општина Битола, била именувана за член на избирачкиот одбор за избирачкото место 0028 на предлог на владејачката партија СДСМ. Една година подоцна, нејзиниот сопруг Менде исто така бил именуван на истото избирачко место за заменик член по предлог на СДСМ. Фидановски во 2018 година станува првиот човек во борбата за унапредување на првата на работниците во РЕК Битола додека директор е Васко Ковачевски. Оттогаш е најплодна соработката на рударско енергетскиот комбинат со фирмата на неговата сопруга која добила 43 тендери. Нивната вкупна вредност е околу 1 милион и двеста илјади евра. Од 2013 година наваму, „Компас МСФ“ добила вкупно 86 тендери, а само еден договор не е поврзан со од РЕК „Битола“, пишува РСЕ.

The post РЕК „Битола“ доделил десетици тендери на свои вработени блиски до СДСМ appeared first on Република.

]]>
Градинката „Мајски цвет“ е реконструирана од фирма миленик на ДУИ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradinkata-majski-cvet-e-rekonstruirana-od-firma-milenik-na-dui/ Tue, 14 Jun 2022 10:41:00 +0000 https://republika.mk/?p=514957

Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2, прашува Роберт Велјановски, Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош.

Пред само малку повеќе од година и полововина, целиот врв на Социјалдемократскиот сојуз направи најмалку 5 настани поврзани со Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе. За сликање се наредија тогашниот премиер Зоран Заев и тогашниот градоначалник Стефан Богоев, па потоа Богоев и тогашниот министер Мила Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и министерот Јагода Шахпаска, итн. Сите настани беа поткрепени со прес конференции и воспевања како и колку СДСМ квалитетно гради и колку многу се грижи за децата од предучилишна возраст. Тврдеа дека несигурната монтажна барака на Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе 2 ќе прерасне во супер сигурен објект за престој на децата во супер сигурна тврда градба. Исплатија милиони денари, пари на граѓаните на Карпош, и го постигнаа следниот резултат - плафонот во неколку простории на градинката, по неполна година и половина, се урна!

Среќа во целата несреќа е што “во целосно новиот објект” оваа немила случка се случи за време на викенд, кога ниту едно дете не престојува во градинката, вели Велјановски.

Ако за несреќата во модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, додава тој, за рушењето на таванот на градинката, веројатно, ќе го обвинат олукот.

СДСМ никогаш нема да бара виновници онаму каде што се во прашање и каде што се засегнати нивните бизнис интереси, вели Велјановски, потенцирајќи дека за СДСМ јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, се апсолутно не важни.

Оттука, поставуваме неколку прашања:

1. Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката?

2. Дали покрај изведувачот на реконструкцијата, фирма миленик на ДУИ, тендер за изведба на санација на објектот Детска градинка Мајски цвет, во Тафталиџе 2 добила и фирмата миленик на СДСМ која во општина Ѓорче Петров продаваше машина за перење алишта за 20.000 евра?

3. Дали и колку други тендери им се дадени на овие две фирми од претходното раководство на општина Карпош?!

4. Вредат ли профитот и бизнис релациите на СДСМ и ДУИ повеќе од безбедноста на најмладите жители на општина Карпош?!

https://youtu.be/VzdrcgconOo

The post Градинката „Мајски цвет“ е реконструирана од фирма миленик на ДУИ? appeared first on Република.

]]>

Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2, прашува Роберт Велјановски, Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош.
Пред само малку повеќе од година и полововина, целиот врв на Социјалдемократскиот сојуз направи најмалку 5 настани поврзани со Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе. За сликање се наредија тогашниот премиер Зоран Заев и тогашниот градоначалник Стефан Богоев, па потоа Богоев и тогашниот министер Мила Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и министерот Јагода Шахпаска, итн. Сите настани беа поткрепени со прес конференции и воспевања како и колку СДСМ квалитетно гради и колку многу се грижи за децата од предучилишна возраст. Тврдеа дека несигурната монтажна барака на Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе 2 ќе прерасне во супер сигурен објект за престој на децата во супер сигурна тврда градба. Исплатија милиони денари, пари на граѓаните на Карпош, и го постигнаа следниот резултат - плафонот во неколку простории на градинката, по неполна година и половина, се урна! Среќа во целата несреќа е што “во целосно новиот објект” оваа немила случка се случи за време на викенд, кога ниту едно дете не престојува во градинката, вели Велјановски.
Ако за несреќата во модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, додава тој, за рушењето на таванот на градинката, веројатно, ќе го обвинат олукот. СДСМ никогаш нема да бара виновници онаму каде што се во прашање и каде што се засегнати нивните бизнис интереси, вели Велјановски, потенцирајќи дека за СДСМ јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, се апсолутно не важни. Оттука, поставуваме неколку прашања:
1. Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката? 2. Дали покрај изведувачот на реконструкцијата, фирма миленик на ДУИ, тендер за изведба на санација на објектот Детска градинка Мајски цвет, во Тафталиџе 2 добила и фирмата миленик на СДСМ која во општина Ѓорче Петров продаваше машина за перење алишта за 20.000 евра? 3. Дали и колку други тендери им се дадени на овие две фирми од претходното раководство на општина Карпош?! 4. Вредат ли профитот и бизнис релациите на СДСМ и ДУИ повеќе од безбедноста на најмладите жители на општина Карпош?!
https://youtu.be/VzdrcgconOo

The post Градинката „Мајски цвет“ е реконструирана од фирма миленик на ДУИ? appeared first on Република.

]]>
Што го поврзува Додик со ИТ-фирма која го „освојува“ македонскиот пазар? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-go-povrzuva-dodik-so-it-firma-koja-go-osvojuva-makedonskiot-pazar/ Sat, 19 Mar 2022 08:41:53 +0000 https://republika.mk/?p=475298

Веќе повеќе од една година, во Македонија дејствува ИТ-компанија од групацијата што се смета за блиска до најмоќниот и највлијателен политичар во Република Српска и Босна и Херцеговина, Милорад Додик, кој, во поширок геостратегиски и безбедносен контекст, стана особено интересен за анализа по избивањето на војната во Украина поради неговите релации со Русија, објавува најновиот број на „Фокус“. Неделникот открива дека не само што овој конгломерат поврзан со семејството Додиќ го проширил бизнисот и во Македонија, туку нивниот огранок во земјава, за период од околу една година, успеал да добие над 10 тендери од разни државни институции, чија вкупна вредност, според официјалните податоци, изнесува околу 1,5 милион евра.

За какви договори станува збор и со кои институции се склучени?

Станува збор за компанијата „ИнфинитиЕнерџи ИТ Солушнс“, која, според податоците од Централниот регистар, е формирана во октомври 2020 година. Но, веќе во април следната 2021 година, или само половина година по нејзиното основање, оваа фирма го добива првиот тендер, и тоа во постапка со еден понудувач.

Патем, пишува „Фокус“, не се работи за некој минорен тендер од безначајна вредност, туку за договор за набавка на хардверска и софтверска опрема во износ од 130.000 евра, што оваа компанија, здружена со „Интек Систем“, го склучила со Дирекцијата за технолошки и индустрискиразвојни зони.

Само два месеца подоцна, истата фирма го добива и вториот тендер во земјава, кој е уште повреден од првиот. Имено, друштвото, исто така во постапка со еден понудувач, овојпат во група со „Сага МК“, склучило договор со Катастарот на недвижности за информатичка и компјутерска опрема од околу 156.000 евра.

Набргу потоа, двете страни склучуваат уште еден договор, кој се однесува за превентивно и адаптивно одржување на ОССП-порталот, чија вредност изнесува речиси 114.000 евра. Во рамки на тендерската постапка, која повторно е спроведена без конкуренција, македонската „Инфинити“ учествува заедно со сестринската компанија од Бања Лука - „Проинтер“.

Како единствен понудувач, капитално поврзаните „ИнфинитиЕнерџи ИТ Солушнс“ и „Проинтер“ добиле тендер и од Владата, која, во име на повеќе институции, склучила договор за државни испити од 125.000 евра. За потсетување, ова е истата работа, која претходно ја вршеше компанија поврзана со екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој сега е на обвинителна клупа.

Што се однесува до македонската „Инфинити“, таа добила уште неколку релативно помали ИТ-тендери од скопски „Водовод и канализација“, Фондот за здравствено осигурување, МАРНЕТ... Сепак, убедливо најголемиот тендер, компанијата го добила од Министерството за внатрешни работи, каде што, за разлика од претходните случаи, се одржал конкурентен натпревар, пишува „Фокус“.

Највредниот тендер

Што велат податоците од Бирото за јавни набавки? МВР и „Инфинити“ во јануари годинава склучиле договор за набавка на компјутери, печатачи, скенери, машини за печатница, во вкупна вредност од 60 милиони денари, или над 975.000 евра, што претставува две третини од вкупната вредност на договорите за јавна набавка што ги склучила компанијата во државава.

Во рамки на оваа тендерска постапка учествувале уште 4 понудувачи: „Неоком“, „Доајен Дата“, „Лирекс“, „Ланком компјутери“. На крајот, најдобар понудувач испаднала „Инфинити“, чија конечна и победничка понуда била 10 милиони денари пониска цена од проценетата вредност на набавката.

Токму преку милионскиот тендер склучен со МВР, во јавноста беше актуализирана компанијата „ИнфинитиЕнерџи ИТ Солушнс“ од страна на потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој отворено ја поврза оваа фирма со членот на претседателството на БиХ и лидер на владејачкиот Сојуз на независните социјалдемократи - Додиќ.

Значи, од една страна, (СДСМ и владата) зборуваат за прозападни вредности, а од друга страна, си прават бизнис и го нарушуваат безбедносниот сектор на Македонија со компании кои се директно поврзани со Милорад Додик, изјави Николоски за време на еден телевизиски настап.

Потоа, експресно стаса реакција од МВР на чело со министерот Оливер Спасовски. Од таму потврдија дека склучиле договор за јавна набавка на персонални компјутери со „Инфинити“, посочувајќи дека тие биле најповолен понудувач по спроведената електронска аукција. Арно ама, демантираа дека тендерската постапка била незаконска, како и дека во прашање била доведена безбедноста на државата.

При евалуација на избраниот понудувач, констатирано е дека ги доставил сите барани документи согласно Законот за јавни набавки и истиот немал изречено забрана за учество по никој основ. Сите услови и спецификации што се побарани во јавната набавка се исполнети и не постои никаква можност за злоупотреба, тврдат од полицијата.

Мрежа од компании

Воедно, тогаш реагираа и од самата компанија „Инфинити“, од каде што посочија дека ги испочитувале сите законски процедури и на транспарентен начин го добиле тендерот за набавка на компјутери за МВР, кој, како што потенцираат од таму, се спроведувал во соработка со американската компанија и светски познатиот бренд - „Делл“.

Остро ги отфрламе и наводите дека синот на Милорад Додик е сопственик, или, пак, некогаш бил сопственик на „ИнфинитиИнтернешнел Груп“. Мнозински сопственик на „ИнфинитиЕнерџи и ИТ Солушнс“ е „ИнфинитиИнтернешнел Груп“, која има транспарентна сопственичка структура, која во секое време може да се провери преку увид во судскиот регистар, се вели во соопштението од компанијата.

Проверките што „Фокус“ ги извршиво Централниот регистар покажуваат дека „ИнфинитиИнтернешнел Груп“ поседува мнозински пакет или удел од 51 процент во македонската „Инфинити“, додека другите 49 отсто ги поседува македонскиот државјанин Милан Мисосављевиќ. Управител на друштвото, пак, е Дејан Кекеновски.

Дејан Кекеновски, управител на македонската „Инфинити“

Брзото етаблирање е резултат на експертиза и искуство

„ИнфинитиЕнерџи и ИТС“ е компанија, која го става квалитетот во фокусот на своето деловно работење, вели за неделникот „Фокус“ управителот на друштвото, Дејан Кекеновски.

Во одговорите што ги испрати до „Фокус“, тој посочува дека компанијата е регистриран партнер на „Мајкрософт“, со кој, како што посочува, има воспоставено одлична соработка, додека за хардверскиот и софтверскиот дел соработуваат со компаниите „Cisco“, „DELL“, „EMC“, „HPE“, „Lenovo“, „Fujitsu“, „Veeam“, „Bitdefender“, „Veritas“, „SOPHOS“, „FORTINET“.

Нудиме вендорскирешенијa за софтвер ,САП кои се воедно и наш златен партнер, DMS - HylandOnBase, CRM- Microsoft Dynamics 365 и др. Дополнително, располагаме и со неколку сопствени софтверски решенија за DMS, Тикетинг, Eлектронска наплата и други, објаснува Кекеновски.

Тој додава дека поголемиот дел од приходите на компанијата се врз основа на соработки со други компании, меѓутоа изминатата 2021 година реализирале значајни проекти и за некои од јавните институции.

Бројките се само показател дека за време на нашето релативно кратко дејствување, можеме да се пофалиме со повеќезначајни проекти, но секако нашето брзо етаблирање се должи и на високата експертиза и искуство на групацијата Инфинити, вели Кекеновски.

Според него, компанијата за 2021 година регистрирала вкупни приходи од 825.000 евра, од кои 390.000 евра се базираат на јавни набавки.

Воедно, тој истакнува дека создале висококвалификуван тим, кој во моментов брои 23 вработени, меѓутоа, како што порачува, целта е до крајот на 2022 година овој број да се удвои.

Она што треба да се истакне, според „Фокус“ е дека „ИнфинитиИнтернешнел Груп“ е чадор, кој обединува повеќе компании, а уште една од нејзините фирми-ќерки е веќе споменатата „Проинтер“, која настапила во заеднички конзорциум со сестринската „Инфинити“ во тендерски постапки спроведувани од македонски институции.

Моментално, „Проинтер“ е под капата на ИИГ, меѓутоа таа е постара компанија од нејзиниот денешен сопственик. Според податоците од босанскиот трговски регистар, „Проинтер“ е основана во 2015 година, додека ИИГ е основана во 2020 година. Веднаш потоа, уште во текот на истата 2020, ИИГ влегува во сопственичката структура на „Проинтер“.

Денес, под чадорот на ИИГ спаѓаат и „ИнфинитиМедиа“, „ЕП Мобиле“, како субјекти во други соседни и странски држави. Додека, нејзината најпозната фирма-ќерка - „Проинтер“, поседува друга група на фирми, како што се „К-2 Аудио услуги“, „Иновативна корпорација“,„Алтернатива“, „Уна“...

Јавно признание

Во однос на овие меѓусебно поврзани фирми што важат за блиски до семејството Додик, веќе неколку години интензивно пишуваат босанските медиуми. Всушност, ваквите написи датираат од 2015 година, кога е формирана веќе споменатата компанија за информатичка технологија „Проинтер“.

„Фокус“ појаснува како хронолошки течеле промени во сопствеништвото на ова фамозно друштво.

Првично, „Проинтер“ е основана од Синиша Мијатовиќ и Дејан Илиќ, истакнати членови на СНДС на Додиќ. Заедно, тие поседувале 50 отсто од друштвото, а другата половина ѝ припаѓала на истоимената белградска компанија, чиј формален сопственик бил Слободан Квргиќ, меѓутоа во заднина стоел Славиша Кокез, некогашен телохранител на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Сепак, белградската „Проинтер“ на Квргиќ, односно Кокез, се задржува во структурата на истоимената бањалучка компанија до 2020 година, кога нивниот удел од 50 отсто преминува во рацете на тазе формираната „ИнфинитиИнтернешнел Груп“, чиј формален сопственик е Ѓорѓе Ѓуриќ, додека управител е Бојан Вујчиќ, кој порано бил директор на „Проинтер“.

Во текот на овие 7 години, „Проинтер“ го доби епитетот фирма-шампион според соработката со јавните институции и претпријатија во Република Српска. Фаќајќи го бранот на дигитализација на институциите, оваа фирма досега преку повеќе од 600 јавни проекти инкасирала јавни пари во вредност од над 150 милиони конвертибилни марки, валута која денес се користи во федерацијата БиХ, каде што Р.Српска е посебен ентитет.

За цел овој период, непрекинато се пишува и говори дека „Проинтер“ е блиска до семејството на Милорад Додик. Впрочем, по долгогодишни прозивки и провокации од страна на новинарите, но и од страна на претставниците на опозицијата, Додиќ во 2019 година во парламентот признава дека неговиот син Игор Додик е поврзан со оваа фирма.

Мојот син (Игор Додик) се образуваше во странство. Се врати како економист и се занимава со нови технологии. Не е ниту сопственик, ниту управител во таа фирма (се говори за „Проинтер“), ама е соработник на фирмата и од тоа има приходи, рече Додиќ пред околу 3 години, говорејќи за „успесите“ на своите деца.

Кумовите во поход

Во меѓувреме, овој можен систем успева да ја заземе телевизијата Алтернатива, која се сметаше за една од малкуте оази на независното новинарство во земјата. Во 2017 година, телевизијата ја купи Слободан Станковиќ, кум на Милорад Додик и сопственик на „Интеграл инженеринг“, која гради автопати во БиХ и Србија. За мнозински пакет од 56 проценти, Станковиќ плати 4,5 милиони КМ (околу 2,25 милиони евра).

Понатаму, дел од акциите на Алтернатива беа во сопственост на Славиша Круниќ, сопственик на фирмата „Сектор секјурити“, кој пред да биде убиен во 2019 година му го продаде својот дел на Миле Радишиќ, исто така кум на постариот Додик. Дел од сопственоста, односно 20 отсто, имаше и фирмата „К-2 аудио сервис“ на работници на телевизијата, но и тоа го купи кумот Радишиќ.

На крајот, „Проинтер“ ја презеде целосната сопственост на АТВ, а Игор Додик во еден период дури се појавува и на средби со новинарите. Во тоа време, како што велат тамошните новинари, телевизијата добивала многу тендери за разни промоции, реклами и слично, откако претходно уредувачката политика драстично се промени, за веќе да може да се квалификува како прорежимска телевизија без никакви новинарски стандарди, пренесува „Фокус“.

Поради очигледните конекции со Додик, оваа телевизија директно потпадна под санкциите на САД, кои го опфатија и лично најголемиот моќник во Р.Српска. Во извршната наредба потпишана од американскиот претседател Џо Бајден, стои дека Додиќ со своите потези го загрозува територијалниот интегритет и стабилноста на федерацијата БиХ

Дестабилизирачките коруптивни активности на Милорад Додик и обидите да го разбие Дејтонскиот мировен договор, мотивирани од неговиот сопствен интерес, ја загрозуваат стабилноста на Босна и Херцеговина и на целиот регион, истакна потсекретарот на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање на САД, Брајан Е. Нелсон.

Како што појаснува „Фокус“, засега, друго лице од опкружувањето на Додиќ и друг правен субјект од неговата бизнис-империја официјално не е мета на американските санкции. Меѓутоа, факт е дека одлуката на Вашингтон да ги прошири санкциите веднаш предизвикаа домино-ефект, имајќи предвид дека беше објавена информација оти американски „Мајкрософт“ го раскина партнерството со „Проинтер“, што, се разбира, од оваа компанијата го демантираа.

Одбиена тужба

Босанскиот портал „Журнал“ пишуваше дека и светски реномираниот провајдер „ИБМ“ во 2019-2020 година, во неколку наврати барал од „Проинтер“ објаснување во врска со наводите дека добива наместени тендери. Дури, ИМБ го раскинал договорот, по што следуваше нервозното признание на Додиќ дека неговиот син има врска со „Проинтер“, ама само како соработник.

Авторка на овој и на дузина текстови поврзани со одливот на јавни пари кон „Проинтер“ поради поврзаност со семејството на Додиќ е Жана Гаук, која заработи и тужба од компанијата. Арно ама, Судот во Бања Лука ја отфрли тужбата на компанијата, со што ги потврди објавените информации.

Како ќе се развива оваа приказна и дали ќе фати сличен терк и во Македонија?, прашува „Фокус“.

The post Што го поврзува Додик со ИТ-фирма која го „освојува“ македонскиот пазар? appeared first on Република.

]]>

Веќе повеќе од една година, во Македонија дејствува ИТ-компанија од групацијата што се смета за блиска до најмоќниот и највлијателен политичар во Република Српска и Босна и Херцеговина, Милорад Додик, кој, во поширок геостратегиски и безбедносен контекст, стана особено интересен за анализа по избивањето на војната во Украина поради неговите релации со Русија, објавува најновиот број на „Фокус“. Неделникот открива дека не само што овој конгломерат поврзан со семејството Додиќ го проширил бизнисот и во Македонија, туку нивниот огранок во земјава, за период од околу една година, успеал да добие над 10 тендери од разни државни институции, чија вкупна вредност, според официјалните податоци, изнесува околу 1,5 милион евра.

За какви договори станува збор и со кои институции се склучени?

Станува збор за компанијата „ИнфинитиЕнерџи ИТ Солушнс“, која, според податоците од Централниот регистар, е формирана во октомври 2020 година. Но, веќе во април следната 2021 година, или само половина година по нејзиното основање, оваа фирма го добива првиот тендер, и тоа во постапка со еден понудувач. Патем, пишува „Фокус“, не се работи за некој минорен тендер од безначајна вредност, туку за договор за набавка на хардверска и софтверска опрема во износ од 130.000 евра, што оваа компанија, здружена со „Интек Систем“, го склучила со Дирекцијата за технолошки и индустрискиразвојни зони. Само два месеца подоцна, истата фирма го добива и вториот тендер во земјава, кој е уште повреден од првиот. Имено, друштвото, исто така во постапка со еден понудувач, овојпат во група со „Сага МК“, склучило договор со Катастарот на недвижности за информатичка и компјутерска опрема од околу 156.000 евра. Набргу потоа, двете страни склучуваат уште еден договор, кој се однесува за превентивно и адаптивно одржување на ОССП-порталот, чија вредност изнесува речиси 114.000 евра. Во рамки на тендерската постапка, која повторно е спроведена без конкуренција, македонската „Инфинити“ учествува заедно со сестринската компанија од Бања Лука - „Проинтер“. Како единствен понудувач, капитално поврзаните „ИнфинитиЕнерџи ИТ Солушнс“ и „Проинтер“ добиле тендер и од Владата, која, во име на повеќе институции, склучила договор за државни испити од 125.000 евра. За потсетување, ова е истата работа, која претходно ја вршеше компанија поврзана со екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој сега е на обвинителна клупа. Што се однесува до македонската „Инфинити“, таа добила уште неколку релативно помали ИТ-тендери од скопски „Водовод и канализација“, Фондот за здравствено осигурување, МАРНЕТ... Сепак, убедливо најголемиот тендер, компанијата го добила од Министерството за внатрешни работи, каде што, за разлика од претходните случаи, се одржал конкурентен натпревар, пишува „Фокус“.

Највредниот тендер

Што велат податоците од Бирото за јавни набавки? МВР и „Инфинити“ во јануари годинава склучиле договор за набавка на компјутери, печатачи, скенери, машини за печатница, во вкупна вредност од 60 милиони денари, или над 975.000 евра, што претставува две третини од вкупната вредност на договорите за јавна набавка што ги склучила компанијата во државава. Во рамки на оваа тендерска постапка учествувале уште 4 понудувачи: „Неоком“, „Доајен Дата“, „Лирекс“, „Ланком компјутери“. На крајот, најдобар понудувач испаднала „Инфинити“, чија конечна и победничка понуда била 10 милиони денари пониска цена од проценетата вредност на набавката. Токму преку милионскиот тендер склучен со МВР, во јавноста беше актуализирана компанијата „ИнфинитиЕнерџи ИТ Солушнс“ од страна на потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој отворено ја поврза оваа фирма со членот на претседателството на БиХ и лидер на владејачкиот Сојуз на независните социјалдемократи - Додиќ.
Значи, од една страна, (СДСМ и владата) зборуваат за прозападни вредности, а од друга страна, си прават бизнис и го нарушуваат безбедносниот сектор на Македонија со компании кои се директно поврзани со Милорад Додик, изјави Николоски за време на еден телевизиски настап.
Потоа, експресно стаса реакција од МВР на чело со министерот Оливер Спасовски. Од таму потврдија дека склучиле договор за јавна набавка на персонални компјутери со „Инфинити“, посочувајќи дека тие биле најповолен понудувач по спроведената електронска аукција. Арно ама, демантираа дека тендерската постапка била незаконска, како и дека во прашање била доведена безбедноста на државата.
При евалуација на избраниот понудувач, констатирано е дека ги доставил сите барани документи согласно Законот за јавни набавки и истиот немал изречено забрана за учество по никој основ. Сите услови и спецификации што се побарани во јавната набавка се исполнети и не постои никаква можност за злоупотреба, тврдат од полицијата.

Мрежа од компании

Воедно, тогаш реагираа и од самата компанија „Инфинити“, од каде што посочија дека ги испочитувале сите законски процедури и на транспарентен начин го добиле тендерот за набавка на компјутери за МВР, кој, како што потенцираат од таму, се спроведувал во соработка со американската компанија и светски познатиот бренд - „Делл“.
Остро ги отфрламе и наводите дека синот на Милорад Додик е сопственик, или, пак, некогаш бил сопственик на „ИнфинитиИнтернешнел Груп“. Мнозински сопственик на „ИнфинитиЕнерџи и ИТ Солушнс“ е „ИнфинитиИнтернешнел Груп“, која има транспарентна сопственичка структура, која во секое време може да се провери преку увид во судскиот регистар, се вели во соопштението од компанијата.
Проверките што „Фокус“ ги извршиво Централниот регистар покажуваат дека „ИнфинитиИнтернешнел Груп“ поседува мнозински пакет или удел од 51 процент во македонската „Инфинити“, додека другите 49 отсто ги поседува македонскиот државјанин Милан Мисосављевиќ. Управител на друштвото, пак, е Дејан Кекеновски.
Дејан Кекеновски, управител на македонската „Инфинити“

Брзото етаблирање е резултат на експертиза и искуство

„ИнфинитиЕнерџи и ИТС“ е компанија, која го става квалитетот во фокусот на своето деловно работење, вели за неделникот „Фокус“ управителот на друштвото, Дејан Кекеновски. Во одговорите што ги испрати до „Фокус“, тој посочува дека компанијата е регистриран партнер на „Мајкрософт“, со кој, како што посочува, има воспоставено одлична соработка, додека за хардверскиот и софтверскиот дел соработуваат со компаниите „Cisco“, „DELL“, „EMC“, „HPE“, „Lenovo“, „Fujitsu“, „Veeam“, „Bitdefender“, „Veritas“, „SOPHOS“, „FORTINET“.
Нудиме вендорскирешенијa за софтвер ,САП кои се воедно и наш златен партнер, DMS - HylandOnBase, CRM- Microsoft Dynamics 365 и др. Дополнително, располагаме и со неколку сопствени софтверски решенија за DMS, Тикетинг, Eлектронска наплата и други, објаснува Кекеновски.
Тој додава дека поголемиот дел од приходите на компанијата се врз основа на соработки со други компании, меѓутоа изминатата 2021 година реализирале значајни проекти и за некои од јавните институции.
Бројките се само показател дека за време на нашето релативно кратко дејствување, можеме да се пофалиме со повеќезначајни проекти, но секако нашето брзо етаблирање се должи и на високата експертиза и искуство на групацијата Инфинити, вели Кекеновски.
Според него, компанијата за 2021 година регистрирала вкупни приходи од 825.000 евра, од кои 390.000 евра се базираат на јавни набавки. Воедно, тој истакнува дека создале висококвалификуван тим, кој во моментов брои 23 вработени, меѓутоа, како што порачува, целта е до крајот на 2022 година овој број да се удвои.
Она што треба да се истакне, според „Фокус“ е дека „ИнфинитиИнтернешнел Груп“ е чадор, кој обединува повеќе компании, а уште една од нејзините фирми-ќерки е веќе споменатата „Проинтер“, која настапила во заеднички конзорциум со сестринската „Инфинити“ во тендерски постапки спроведувани од македонски институции. Моментално, „Проинтер“ е под капата на ИИГ, меѓутоа таа е постара компанија од нејзиниот денешен сопственик. Според податоците од босанскиот трговски регистар, „Проинтер“ е основана во 2015 година, додека ИИГ е основана во 2020 година. Веднаш потоа, уште во текот на истата 2020, ИИГ влегува во сопственичката структура на „Проинтер“. Денес, под чадорот на ИИГ спаѓаат и „ИнфинитиМедиа“, „ЕП Мобиле“, како субјекти во други соседни и странски држави. Додека, нејзината најпозната фирма-ќерка - „Проинтер“, поседува друга група на фирми, како што се „К-2 Аудио услуги“, „Иновативна корпорација“,„Алтернатива“, „Уна“...

Јавно признание

Во однос на овие меѓусебно поврзани фирми што важат за блиски до семејството Додик, веќе неколку години интензивно пишуваат босанските медиуми. Всушност, ваквите написи датираат од 2015 година, кога е формирана веќе споменатата компанија за информатичка технологија „Проинтер“. „Фокус“ појаснува како хронолошки течеле промени во сопствеништвото на ова фамозно друштво. Првично, „Проинтер“ е основана од Синиша Мијатовиќ и Дејан Илиќ, истакнати членови на СНДС на Додиќ. Заедно, тие поседувале 50 отсто од друштвото, а другата половина ѝ припаѓала на истоимената белградска компанија, чиј формален сопственик бил Слободан Квргиќ, меѓутоа во заднина стоел Славиша Кокез, некогашен телохранител на српскиот претседател Александар Вучиќ. Сепак, белградската „Проинтер“ на Квргиќ, односно Кокез, се задржува во структурата на истоимената бањалучка компанија до 2020 година, кога нивниот удел од 50 отсто преминува во рацете на тазе формираната „ИнфинитиИнтернешнел Груп“, чиј формален сопственик е Ѓорѓе Ѓуриќ, додека управител е Бојан Вујчиќ, кој порано бил директор на „Проинтер“. Во текот на овие 7 години, „Проинтер“ го доби епитетот фирма-шампион според соработката со јавните институции и претпријатија во Република Српска. Фаќајќи го бранот на дигитализација на институциите, оваа фирма досега преку повеќе од 600 јавни проекти инкасирала јавни пари во вредност од над 150 милиони конвертибилни марки, валута која денес се користи во федерацијата БиХ, каде што Р.Српска е посебен ентитет. За цел овој период, непрекинато се пишува и говори дека „Проинтер“ е блиска до семејството на Милорад Додик. Впрочем, по долгогодишни прозивки и провокации од страна на новинарите, но и од страна на претставниците на опозицијата, Додиќ во 2019 година во парламентот признава дека неговиот син Игор Додик е поврзан со оваа фирма.
Мојот син (Игор Додик) се образуваше во странство. Се врати како економист и се занимава со нови технологии. Не е ниту сопственик, ниту управител во таа фирма (се говори за „Проинтер“), ама е соработник на фирмата и од тоа има приходи, рече Додиќ пред околу 3 години, говорејќи за „успесите“ на своите деца.

Кумовите во поход

Во меѓувреме, овој можен систем успева да ја заземе телевизијата Алтернатива, која се сметаше за една од малкуте оази на независното новинарство во земјата. Во 2017 година, телевизијата ја купи Слободан Станковиќ, кум на Милорад Додик и сопственик на „Интеграл инженеринг“, која гради автопати во БиХ и Србија. За мнозински пакет од 56 проценти, Станковиќ плати 4,5 милиони КМ (околу 2,25 милиони евра). Понатаму, дел од акциите на Алтернатива беа во сопственост на Славиша Круниќ, сопственик на фирмата „Сектор секјурити“, кој пред да биде убиен во 2019 година му го продаде својот дел на Миле Радишиќ, исто така кум на постариот Додик. Дел од сопственоста, односно 20 отсто, имаше и фирмата „К-2 аудио сервис“ на работници на телевизијата, но и тоа го купи кумот Радишиќ. На крајот, „Проинтер“ ја презеде целосната сопственост на АТВ, а Игор Додик во еден период дури се појавува и на средби со новинарите. Во тоа време, како што велат тамошните новинари, телевизијата добивала многу тендери за разни промоции, реклами и слично, откако претходно уредувачката политика драстично се промени, за веќе да може да се квалификува како прорежимска телевизија без никакви новинарски стандарди, пренесува „Фокус“. Поради очигледните конекции со Додик, оваа телевизија директно потпадна под санкциите на САД, кои го опфатија и лично најголемиот моќник во Р.Српска. Во извршната наредба потпишана од американскиот претседател Џо Бајден, стои дека Додиќ со своите потези го загрозува територијалниот интегритет и стабилноста на федерацијата БиХ
Дестабилизирачките коруптивни активности на Милорад Додик и обидите да го разбие Дејтонскиот мировен договор, мотивирани од неговиот сопствен интерес, ја загрозуваат стабилноста на Босна и Херцеговина и на целиот регион, истакна потсекретарот на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање на САД, Брајан Е. Нелсон.
Како што појаснува „Фокус“, засега, друго лице од опкружувањето на Додиќ и друг правен субјект од неговата бизнис-империја официјално не е мета на американските санкции. Меѓутоа, факт е дека одлуката на Вашингтон да ги прошири санкциите веднаш предизвикаа домино-ефект, имајќи предвид дека беше објавена информација оти американски „Мајкрософт“ го раскина партнерството со „Проинтер“, што, се разбира, од оваа компанијата го демантираа.

Одбиена тужба

Босанскиот портал „Журнал“ пишуваше дека и светски реномираниот провајдер „ИБМ“ во 2019-2020 година, во неколку наврати барал од „Проинтер“ објаснување во врска со наводите дека добива наместени тендери. Дури, ИМБ го раскинал договорот, по што следуваше нервозното признание на Додиќ дека неговиот син има врска со „Проинтер“, ама само како соработник. Авторка на овој и на дузина текстови поврзани со одливот на јавни пари кон „Проинтер“ поради поврзаност со семејството на Додиќ е Жана Гаук, која заработи и тужба од компанијата. Арно ама, Судот во Бања Лука ја отфрли тужбата на компанијата, со што ги потврди објавените информации.
Како ќе се развива оваа приказна и дали ќе фати сличен терк и во Македонија?, прашува „Фокус“.

The post Што го поврзува Додик со ИТ-фирма која го „освојува“ македонскиот пазар? appeared first on Република.

]]>
Мукоски замина, тендерите стоо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mukoski-zamina-tenderite-stoo/ Fri, 18 Mar 2022 08:55:42 +0000 https://republika.mk/?p=474772

Поранешниот пратеник на ВМТО-ДПМНЕКрсто Мукоски, кој ги поддржа уставните измени, а потоа гласаше и за промена на името на Република Македонија, а за послушноста беше амнестиран за случувањата на 27 април, целосно исчезна од политичката сцена. Но не и од доходовните бизниси со државата.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/kompanijata-atrium-na-semejstvoto-mukoski-dobila-tender-od-uhmr-od-3-milioni-denari/

Според податоците од Бирото за јавни набавки, во јануари годинава друштвото „Атриум“ склучило договор со АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, или поранешен ПИУК, за тековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува друштвото во државна сопственост, пишува Фокус.

https://republika.mk/vesti/makedonija/potvrdeno-firmata-na-mukoski-za-eden-tender-dobiva-1-3-milioni-evra-od-drzavata/

Покрај тоа, „Атриум“ кон крајот на ланската 2021 година склучила и два договори со Министерството за образование. Едниот за реконструкција во ОУ „Никола Карев“ во Кочани, чија вредност е над 9 милиони денари. Другиот, пак, за комплетна реконструкција на ОУ „Сандо Масев“, село Добрејци, Општина Струмица, и неговата вредност е 6,7 милиони денари, пишува Фокус.

https://republika.mk/vesti/makedonija/semejnata-firma-na-krsto-mukoski-dobila-nov-milionski-tender/

Извор: Фокус

The post Мукоски замина, тендерите стоо appeared first on Република.

]]>

Поранешниот пратеник на ВМТО-ДПМНЕКрсто Мукоски, кој ги поддржа уставните измени, а потоа гласаше и за промена на името на Република Македонија, а за послушноста беше амнестиран за случувањата на 27 април, целосно исчезна од политичката сцена. Но не и од доходовните бизниси со државата. https://republika.mk/vesti/ekonomija/kompanijata-atrium-na-semejstvoto-mukoski-dobila-tender-od-uhmr-od-3-milioni-denari/ Според податоците од Бирото за јавни набавки, во јануари годинава друштвото „Атриум“ склучило договор со АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, или поранешен ПИУК, за тековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува друштвото во државна сопственост, пишува Фокус. https://republika.mk/vesti/makedonija/potvrdeno-firmata-na-mukoski-za-eden-tender-dobiva-1-3-milioni-evra-od-drzavata/
  Покрај тоа, „Атриум“ кон крајот на ланската 2021 година склучила и два договори со Министерството за образование. Едниот за реконструкција во ОУ „Никола Карев“ во Кочани, чија вредност е над 9 милиони денари. Другиот, пак, за комплетна реконструкција на ОУ „Сандо Масев“, село Добрејци, Општина Струмица, и неговата вредност е 6,7 милиони денари, пишува Фокус.
https://republika.mk/vesti/makedonija/semejnata-firma-na-krsto-mukoski-dobila-nov-milionski-tender/
Извор: Фокус

The post Мукоски замина, тендерите стоо appeared first on Република.

]]>
Една од фирмите која работи со лифтови добила дури 14 тендери со лажни сертификати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edna-od-firmite-koja-raboti-so-liftovi-dobila-duri-14-tenderi-so-lazni-sertifikati/ Thu, 17 Mar 2022 21:34:32 +0000 https://republika.mk/?p=474625

Дури 14 тендери успеала да добие фирмата ДАКА сервис со лажни ИСОсертификати - обкави ТВ 24. Информацијата ја потврдил сопственикот Димче Поповски, кој вели дека во ниту еден од овие тендери не знаел дека аплицира со лажен сертификат. Поповски вели дека е оштетен и бара расветлување на случајот.

„Од вкупно 14 тендери, 7 ги добивме во 2019 а додека останатите 7 во 2020. последен пат од оваа фирма извадив во 2019 година и тој трае 2 до 3 години и со истиот аплицирав на тендерот во градската болница 8ми септември.

Еуроцент дооел е фирмата која издавала лажни сертификати, со седиште во скопски Аеродром, објави ТВ 24. На адресата на која е регистрирана фирмата наместо сопственикот ја затекнавме неговата мајка. Еуроцент доел според официјалните документи со одлука престанува да работи на 25.06.2021 година.

ТВ 24 ја пронајде фирмата која издавала лажни ИСО сертификати, се наоѓа во станбената зграда зад мене, а на адресата каде била регистрирана живеат родителите на сопственикот.

Откако антикорупционерите ја откриваат аферата со лажни сертификати, сопственикот на фирмата Еуроцент која ги издавала, му испратила на Поповски емаил со извинување и парите му биле вратени.

ТВ 24 се обидела да го исконтактира директорот на болницата 8 септември, Христијан Костов, со прашањата кога откриле дека станува збор за лажен сертификат и дали некаде пријавиле, но одговор не добиле. Премиерот Димитар Ковачевски пак, ги повика сите надлежни институции да ги препознаат, но и казнат сите видови на корупција во земјава.

Од опозициската ВМРО-ДМПНЕ пак прашуваат кој од власта дозволил фирма со фалсификувана лиценца да издава лажни сертификати за безбедност на лифтови на државни институции. Од ДКСК во текот на утрешниот ден велат дека ќе ја достават иницијативата за кривична одговорност до ОЈО.

Според информациите на ТВ 24 се чешлаат сите јавни набавки досега на кои стои потпис од фирмата Еуроцент.

The post Една од фирмите која работи со лифтови добила дури 14 тендери со лажни сертификати appeared first on Република.

]]>

Дури 14 тендери успеала да добие фирмата ДАКА сервис со лажни ИСОсертификати - обкави ТВ 24. Информацијата ја потврдил сопственикот Димче Поповски, кој вели дека во ниту еден од овие тендери не знаел дека аплицира со лажен сертификат. Поповски вели дека е оштетен и бара расветлување на случајот.
„Од вкупно 14 тендери, 7 ги добивме во 2019 а додека останатите 7 во 2020. последен пат од оваа фирма извадив во 2019 година и тој трае 2 до 3 години и со истиот аплицирав на тендерот во градската болница 8ми септември.
Еуроцент дооел е фирмата која издавала лажни сертификати, со седиште во скопски Аеродром, објави ТВ 24. На адресата на која е регистрирана фирмата наместо сопственикот ја затекнавме неговата мајка. Еуроцент доел според официјалните документи со одлука престанува да работи на 25.06.2021 година. ТВ 24 ја пронајде фирмата која издавала лажни ИСО сертификати, се наоѓа во станбената зграда зад мене, а на адресата каде била регистрирана живеат родителите на сопственикот. Откако антикорупционерите ја откриваат аферата со лажни сертификати, сопственикот на фирмата Еуроцент која ги издавала, му испратила на Поповски емаил со извинување и парите му биле вратени. ТВ 24 се обидела да го исконтактира директорот на болницата 8 септември, Христијан Костов, со прашањата кога откриле дека станува збор за лажен сертификат и дали некаде пријавиле, но одговор не добиле. Премиерот Димитар Ковачевски пак, ги повика сите надлежни институции да ги препознаат, но и казнат сите видови на корупција во земјава. Од опозициската ВМРО-ДМПНЕ пак прашуваат кој од власта дозволил фирма со фалсификувана лиценца да издава лажни сертификати за безбедност на лифтови на државни институции. Од ДКСК во текот на утрешниот ден велат дека ќе ја достават иницијативата за кривична одговорност до ОЈО. Според информациите на ТВ 24 се чешлаат сите јавни набавки досега на кои стои потпис од фирмата Еуроцент.

The post Една од фирмите која работи со лифтови добила дури 14 тендери со лажни сертификати appeared first on Република.

]]>
Никој не може да ме убеди дека на градоначалник му треба возило од 50.000 евра, се купувале велосипеди по илјадници евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoj-ne-moze-da-me-ubedi-deka-na-gradonachalnik-mu-treba-vozilo-od-50-000-evra-se-kupuvale-velosipedi-po-iljadnici-evra/ Wed, 16 Mar 2022 21:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=473989

Во државава има институции што купувале многу скапи велосипеди, по илјадници евра, но тоа е дополнително истражување што ќе го правиме, рече во вечерашната „Топ тема“ Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации кои со години прават истражувања за јавните набавки на возила. Потенцира дека треба да се направи некаква класификација со класи на возила во релација со одговорноста на функцијата.

Не може градоначалник да вози возило од 50.000 евра. Никој не може да ме убеди дека му треба такво возило на градоначалник. Ние со години ги правиме овие анализи и секоја следна набавка, двогодишна, е поголема од претходната. Сега за короната не беше така, но повторно гледаме дека за 40 отсто се поскапи, рече Филков.

Претседателката на антикорупциската комисија Билјана Ивановска посочи дека има многу запленети возила кои скапуваат и не се користат.

Може и тие да се употребат. Дали некому му е под чест да се вози во такво возило, тоа е друга работа. Мора да се биде порационален, сите тие средства може да бидат пренасочени во јавниот сообраќај, во инфраструктура за државата, за да можеме во оваа мала држава од едниот до другиот крај да стигнеме брзо со јавен сообраќај. Да се овозможи сите граѓани да ги почувствуваат благодетите од тие средства преку јавниот сообраќај, потенцираше таа.

Филков потсети дека иако поранешниот премиер Зоран Заев во јули минатата година ветил дека инситуциите и владата ќе купуваат само хибридни возикла, но до сега само неколку такви биле набавени.

The post Никој не може да ме убеди дека на градоначалник му треба возило од 50.000 евра, се купувале велосипеди по илјадници евра appeared first on Република.

Непостоечка фирма за лифтови добила околу 90 тендери во јавни институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nepostoechka-firma-za-liftovi-dobila-okolu-90-tenderi-vo-javni-institucii/ Tue, 15 Mar 2022 11:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=473133

Непостоечка фирма во Скопје, со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати, потписи, конкурирала и во периодот од 2018 до 2022 година има добиено најверојатно околу 90 тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции, кои давале буџетски средства. Ова е предмет што на денешната седница го образложи Владимир Георгиев, член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од каде ќе биде доставена иницијатива за кривично гонење во Основното јавно обвинителство во Скопје, како и предупредување известување до Владата, на седница да ги известат сите надлежни органи во постапките за лифтови доколку се појави таа фирма.

Од ДКСК нагласуваат дека не смеат да го објават името на фирмата, но изразуваат надеж дека за овој случај ЈО ќе постапи експресно. Оваа фирма била поврзана уште со две други фирми од Скопје, кои работат исто така на монтажа, сервисирање и одржување лифтови, од причина што управителот на оваа фирма е вистински сопственик на овие два други трговски субјекта.

Како што појасни Георгиев предметот во ДКСК е по пријава за наводи за сомнежи за користење фалсификувани ИСО сертификати од стана на фирма за сервисирање, ремонт и монтирање лифтови, со цел да се добие тендер во ЈЗУ Општа Градска болница во Скопје.

Според Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК се работи за класичен криминал и делување и доколку овие субјекти дејствувале подолг временски период ќе се открие дека тие работеле не само кај јавни јавни субјекти, туку сигурно во станбени згради. Таа укажа дека таа група која функционирала ја знаела слабоста на актуелниот Закон. – Замислете која е опасноста, со лажни сертификати за лифтови, животи се во прашање, потенцира таа.

Катица Николовска, член на ДКСК, е загрижена од фактот што конечни корисници се државните институции и има дилема на кој начин Антикорупција може да ја запре оваа фирма да учествува во јавни набавки со цел да не предизвикува натамошна штета и да се случи нешто со несакани последици.

Георгиев појасни дека Градската Општа болница објавила тендер, а Комисијата за јавни набавки во болницата ја проверила валидноста на ИСО сертификатите кај самиот издавач на сертификатите – фирма од Хрватска, од каде добиле одговор дека сертификатите се фалсификувани. Комисијата не ја прифатила понудата од наведената фирма, а непостоечката фирма вложила жалба до државната комисија за жалби по јавни набавки, од каде е одбиена како неоснована.

Во електронската кореспонденција може да се констатира дека фалсификувањето на овие ИСО сертификати е направеон така што физичко лице од земјава претставувајќи се како главен управител на фирма застапник на фирмата за сертифицирање од Хрватска, од свој домејн во врска со објавениот тендер, до електронските пошти до економскиот оператор што ги поднел фалсификуваните сертификати и до Комисијата за јавни набавки, доставил лажна информација дека овој непостоечеки трговски субјект е официјален застапник на хрватската фирма за сертифицирање. Овој трговски субјект нема евиденција во Централниот регистар. Ги прикачил лажните сертификати, како и фалсификувана потврда, за извршена сертификација од хрватската фирма, како и фалсификуван потпис од лице од Хрватска во својство на директор на фирмата за сертифицирање, појаснува Георгиев.

Меѓу другите информации и контакти остварени од страна на Антикорупција, Георгиев остварил контакт и со директорот на хрватската фирма овластена за сертификати, од каде било потврдено дека сите ИСО сертификати кои биле користени при учеството на тендерот објавен од Општата Градска болница, се фалсификувани. Бил наведен и податок дека и други субјекти се пожалиле од таа фирма за акредитација од Хрватска оти такви сертификати буле повеќекратно употребувани од оваа фирма од нашата држава.

Во текот на работата, истакна Георгиев, постои системска слабост во системот за јавни набавки односно Комисијата за јавни набавки кај кој било државен орган нема обврска да ја проверува автентичноста односон валидноста на ИСО сертификатите. Тој смета дека токму оваа слабост била искористена од страна на оваа фирма.

The post Непостоечка фирма за лифтови добила околу 90 тендери во јавни институции appeared first on Република.

]]>

Непостоечка фирма во Скопје, со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати, потписи, конкурирала и во периодот од 2018 до 2022 година има добиено најверојатно околу 90 тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции, кои давале буџетски средства. Ова е предмет што на денешната седница го образложи Владимир Георгиев, член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од каде ќе биде доставена иницијатива за кривично гонење во Основното јавно обвинителство во Скопје, како и предупредување известување до Владата, на седница да ги известат сите надлежни органи во постапките за лифтови доколку се појави таа фирма. Од ДКСК нагласуваат дека не смеат да го објават името на фирмата, но изразуваат надеж дека за овој случај ЈО ќе постапи експресно. Оваа фирма била поврзана уште со две други фирми од Скопје, кои работат исто така на монтажа, сервисирање и одржување лифтови, од причина што управителот на оваа фирма е вистински сопственик на овие два други трговски субјекта. Како што појасни Георгиев предметот во ДКСК е по пријава за наводи за сомнежи за користење фалсификувани ИСО сертификати од стана на фирма за сервисирање, ремонт и монтирање лифтови, со цел да се добие тендер во ЈЗУ Општа Градска болница во Скопје. Според Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК се работи за класичен криминал и делување и доколку овие субјекти дејствувале подолг временски период ќе се открие дека тие работеле не само кај јавни јавни субјекти, туку сигурно во станбени згради. Таа укажа дека таа група која функционирала ја знаела слабоста на актуелниот Закон. – Замислете која е опасноста, со лажни сертификати за лифтови, животи се во прашање, потенцира таа. Катица Николовска, член на ДКСК, е загрижена од фактот што конечни корисници се државните институции и има дилема на кој начин Антикорупција може да ја запре оваа фирма да учествува во јавни набавки со цел да не предизвикува натамошна штета и да се случи нешто со несакани последици. Георгиев појасни дека Градската Општа болница објавила тендер, а Комисијата за јавни набавки во болницата ја проверила валидноста на ИСО сертификатите кај самиот издавач на сертификатите – фирма од Хрватска, од каде добиле одговор дека сертификатите се фалсификувани. Комисијата не ја прифатила понудата од наведената фирма, а непостоечката фирма вложила жалба до државната комисија за жалби по јавни набавки, од каде е одбиена како неоснована.
Во електронската кореспонденција може да се констатира дека фалсификувањето на овие ИСО сертификати е направеон така што физичко лице од земјава претставувајќи се како главен управител на фирма застапник на фирмата за сертифицирање од Хрватска, од свој домејн во врска со објавениот тендер, до електронските пошти до економскиот оператор што ги поднел фалсификуваните сертификати и до Комисијата за јавни набавки, доставил лажна информација дека овој непостоечеки трговски субјект е официјален застапник на хрватската фирма за сертифицирање. Овој трговски субјект нема евиденција во Централниот регистар. Ги прикачил лажните сертификати, како и фалсификувана потврда, за извршена сертификација од хрватската фирма, како и фалсификуван потпис од лице од Хрватска во својство на директор на фирмата за сертифицирање, појаснува Георгиев.
Меѓу другите информации и контакти остварени од страна на Антикорупција, Георгиев остварил контакт и со директорот на хрватската фирма овластена за сертификати, од каде било потврдено дека сите ИСО сертификати кои биле користени при учеството на тендерот објавен од Општата Градска болница, се фалсификувани. Бил наведен и податок дека и други субјекти се пожалиле од таа фирма за акредитација од Хрватска оти такви сертификати буле повеќекратно употребувани од оваа фирма од нашата држава. Во текот на работата, истакна Георгиев, постои системска слабост во системот за јавни набавки односно Комисијата за јавни набавки кај кој било државен орган нема обврска да ја проверува автентичноста односон валидноста на ИСО сертификатите. Тој смета дека токму оваа слабост била искористена од страна на оваа фирма.

The post Непостоечка фирма за лифтови добила околу 90 тендери во јавни институции appeared first on Република.

]]>
МВР дало најмалку 1,6 милиони евра тендери на фирмата на Додик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-dalo-najmalku-1-6-milioni-evra-tenderi-na-firmata-na-dodik/ Sat, 05 Mar 2022 08:52:57 +0000 https://republika.mk/?p=468068

Владата на Ковачевски која има полна уста прозападна реторика дозволила фирма од црната листа на САД да добие милионски тендер и тоа не било каде, туку во Министерството за внатрешни работи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму бараат Ковачевски, Османи и Спасовски да кажат како поделиле тендери на фирми на Милорад Додик и каков бизнис интерес има некој од тоа?

Додека власта ги обвинува граѓаните за проруско расположение контроверзна компанија добила три тендери во вредност од 1,643 милиони евра од МВР. Меѓу другото оваа компанија добила тендер за набавка на 1.500 компјутери. И власта во ова не гледа ништо спорно исто како што не гледаше спорно и во бизнисот кој го имаа со прорускиот бизнисмен Дака Давидовиќ. Ете ова е лицемерието на заевизмот кое Ковачевски само го продолжува. Ги обвинуваат граѓаните, ја обвинуваат опозицијата, а тие на големо тераат милионски бизниси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post МВР дало најмалку 1,6 милиони евра тендери на фирмата на Додик appeared first on Република.

]]>

Владата на Ковачевски која има полна уста прозападна реторика дозволила фирма од црната листа на САД да добие милионски тендер и тоа не било каде, туку во Министерството за внатрешни работи, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму бараат Ковачевски, Османи и Спасовски да кажат како поделиле тендери на фирми на Милорад Додик и каков бизнис интерес има некој од тоа?
Додека власта ги обвинува граѓаните за проруско расположение контроверзна компанија добила три тендери во вредност од 1,643 милиони евра од МВР. Меѓу другото оваа компанија добила тендер за набавка на 1.500 компјутери. И власта во ова не гледа ништо спорно исто како што не гледаше спорно и во бизнисот кој го имаа со прорускиот бизнисмен Дака Давидовиќ. Ете ова е лицемерието на заевизмот кое Ковачевски само го продолжува. Ги обвинуваат граѓаните, ја обвинуваат опозицијата, а тие на големо тераат милионски бизниси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post МВР дало најмалку 1,6 милиони евра тендери на фирмата на Додик appeared first on Република.

]]>
Се купувале „ајфони“ и „самсунзи“ по 1.000 евра: Како во Тетово се распишувале тендери откако работата била завршена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-kupuvale-ajfoni-i-samsunzi-po-1-000-evra-kako-vo-tetovo-se-raspishuvale-tenderi-otkako-rabotata-bila-zavrshena/ Mon, 14 Feb 2022 21:09:09 +0000 https://republika.mk/?p=458585

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 обвини дека во општината се распишувале тендери откако работата веќе била завршена.

Еден од примерите за злоупотреба е тендерот за велосипедската патека, кој е објавен по завршувањето на работата, а пред изборите. За ова веќе има и кривична постапка. Друг случај е што со договорите за телефонски услуги потпишани на 2 години со А1 и со кои се купувале повеќе од 20 скапи телефони во вредност од 1000 евра, Самсунзи, Ајфони. Имаме 340 двегодишни договори со А1 кои не можеме да ги раскинеме затоа што ќе плаќаме пенали. И за ова секако веќе се води постапка, додава Касами.

The post Се купувале „ајфони“ и „самсунзи“ по 1.000 евра: Како во Тетово се распишувале тендери откако работата била завршена appeared first on Република.

Арсовски: Дали СДСМ местеле тендери со цени на пример кршење 1 м2 бетон или асфалт за 1 денар? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arsovski-dali-sdsm-mestele-tenderi-so-ceni-na-primer-krshenje-1-m2-beton-ili-asfalt-za-1-denar/ Mon, 14 Feb 2022 12:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=458342

Местењето тендери во СДСМ односно кадрите на СДСМ кои што се во институциите не е ништо ново, тоа го говориме 4 години, а сега веќе презентираме и докази, но за жал ЈО и Антикорупциската се глуви и слепи, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– Како одела на пример една цела постапка за местење на тендер? Ова е најпластично објаснето за да можат сите граѓани да разберат она кое што го презентираме. Најубаво ќе ви објаснам преку класичен рандом пример. Најпрвин фирмата која што е договорена од страна на кадриве на СДСМ дека треба да го земе тендерот ја пишувала техничката спецификација и ја давала кај градоначалникот, потоа градоначалникот го објавува тендерот, фирмата веќе ги знае работите кои ќе се работат и што ќе се набавува и за работите што ќе се набавуваат става енормно високи цени, а тие што нема да се работат става цени по 1 денар и кога ќе извади просечна цена односно понуда на тендерот, излегува најниска оваа понуда токму на фирмата која што ја договорена и таа фирма го добива тендерот кој што подоцна треба да го работи. За возврат им носеле пари во кеш, односно процент од заработката на градоначалниците кои што ги местеле тендерите. Полесни и побрзи пари на грбот на граѓаните, нема никаде да најдат, посочи Арсовски.

Порптаролот ја презентираше понудата, односно техничка спецификација за општина Гази Баба за одржување и реконструкција на јавно улично осветлување.

– Фирмата ДИГИТАЛ ДООЕЛ добила тендер за оваа работа и тоа со следниве цени:

– Набавка и вградување на кабел од 1 kw со дебелина 4×16 мм2 обем цената е 300 денари, а за кабел 4×35 мм2 обем, што е логично да е цената повисока бидејќи се работи за подебел кабел, замислете цената е само 12 денари.
-Рачно кршење на асфалт и бетон со дебелина 15 цм, цената за кршење на 1 м2 чини само 1 денар. Рачно кршење на бетон чини 1 денар за 1 м2. Ова почитувани, е навредување на интелигенцијата на граѓаните дека некој човек ќе искрши рачно 1 квадрат бетон или асфалт со дебелина 15 цм за само 1 денар. Во тој случај 1.000 квадрати бетон или асфалт со дебелина 15 цм би им требало неколку луѓе да искршат за една недела рачно и за тоа да бидат платени внимавајте само 1.000 денари. Надвор од здрав разум.
-Набавка и вградување асфалтна маса за асфалтирање на работа со дебелина 7 цм и плус подлога, цена 1 денар за 1 м2. Или, тоа значи дека за 100 м2 асфалт, треба да чини 100 денари ова асфалтирање. Повторно надвор од здрав разум.
-Замислете, ископ на дупки за изработка на фундаменти, со шаловање и бетонирање и пластична цевка фи 70 мм, дупка да ископаат односно да подготват со димензии 50x50x60 цм чини 2.000 денари, а тоа што знаеле дека нема да се работи на пример истиот принцип на работа но два пати поголема димензија на дупка 1000x1000x120 цм, која што треба да е двојно поскапа, чини само 500 денари. Затоа што знаеле што ќе се работи, а што нема да се работи и затоа биле такви цените, појасни Арсовски.

Тој потенцираше дека ова е само дел од цените и начинот на кој има простор за сомневање за предност во добивање на тендерот од страна на оваа фирма, односно конкретно на примерот, и додаде дека добивање на тендерот на оваа фирма постои сериозен сомнеж да можеби било однапред договорено но дека тоа треба да кажат службите и јавното обвинителство доколку истражат и да утврдат дали имало такво нешто или немало.

Самите од ова што го слушнавте и видовте можете да процените што се случувало низ општините каде што раководеле кадри на СДСМ. Парите на граѓаните на овој начин биле испумпувани и завршувале во нечии џебови. Да не се чудите после како од просечни граѓани, кои што доаѓаат на функции овие од СДСМ после функциите стануваат милионери, а пред тоа немале никаков основ за да заработат толкави суми на пари, дециден е портпаролот.

The post Арсовски: Дали СДСМ местеле тендери со цени на пример кршење 1 м2 бетон или асфалт за 1 денар? appeared first on Република.

]]>

Местењето тендери во СДСМ односно кадрите на СДСМ кои што се во институциите не е ништо ново, тоа го говориме 4 години, а сега веќе презентираме и докази, но за жал ЈО и Антикорупциската се глуви и слепи, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
– Како одела на пример една цела постапка за местење на тендер? Ова е најпластично објаснето за да можат сите граѓани да разберат она кое што го презентираме. Најубаво ќе ви објаснам преку класичен рандом пример. Најпрвин фирмата која што е договорена од страна на кадриве на СДСМ дека треба да го земе тендерот ја пишувала техничката спецификација и ја давала кај градоначалникот, потоа градоначалникот го објавува тендерот, фирмата веќе ги знае работите кои ќе се работат и што ќе се набавува и за работите што ќе се набавуваат става енормно високи цени, а тие што нема да се работат става цени по 1 денар и кога ќе извади просечна цена односно понуда на тендерот, излегува најниска оваа понуда токму на фирмата која што ја договорена и таа фирма го добива тендерот кој што подоцна треба да го работи. За возврат им носеле пари во кеш, односно процент од заработката на градоначалниците кои што ги местеле тендерите. Полесни и побрзи пари на грбот на граѓаните, нема никаде да најдат, посочи Арсовски.
Порптаролот ја презентираше понудата, односно техничка спецификација за општина Гази Баба за одржување и реконструкција на јавно улично осветлување. – Фирмата ДИГИТАЛ ДООЕЛ добила тендер за оваа работа и тоа со следниве цени: – Набавка и вградување на кабел од 1 kw со дебелина 4×16 мм2 обем цената е 300 денари, а за кабел 4×35 мм2 обем, што е логично да е цената повисока бидејќи се работи за подебел кабел, замислете цената е само 12 денари. -Рачно кршење на асфалт и бетон со дебелина 15 цм, цената за кршење на 1 м2 чини само 1 денар. Рачно кршење на бетон чини 1 денар за 1 м2. Ова почитувани, е навредување на интелигенцијата на граѓаните дека некој човек ќе искрши рачно 1 квадрат бетон или асфалт со дебелина 15 цм за само 1 денар. Во тој случај 1.000 квадрати бетон или асфалт со дебелина 15 цм би им требало неколку луѓе да искршат за една недела рачно и за тоа да бидат платени внимавајте само 1.000 денари. Надвор од здрав разум. -Набавка и вградување асфалтна маса за асфалтирање на работа со дебелина 7 цм и плус подлога, цена 1 денар за 1 м2. Или, тоа значи дека за 100 м2 асфалт, треба да чини 100 денари ова асфалтирање. Повторно надвор од здрав разум. -Замислете, ископ на дупки за изработка на фундаменти, со шаловање и бетонирање и пластична цевка фи 70 мм, дупка да ископаат односно да подготват со димензии 50x50x60 цм чини 2.000 денари, а тоа што знаеле дека нема да се работи на пример истиот принцип на работа но два пати поголема димензија на дупка 1000x1000x120 цм, која што треба да е двојно поскапа, чини само 500 денари. Затоа што знаеле што ќе се работи, а што нема да се работи и затоа биле такви цените, појасни Арсовски. Тој потенцираше дека ова е само дел од цените и начинот на кој има простор за сомневање за предност во добивање на тендерот од страна на оваа фирма, односно конкретно на примерот, и додаде дека добивање на тендерот на оваа фирма постои сериозен сомнеж да можеби било однапред договорено но дека тоа треба да кажат службите и јавното обвинителство доколку истражат и да утврдат дали имало такво нешто или немало.