тему Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/temu/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 08:22:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тему Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/temu/ 32 32 Популарната страница Тему итно повлекува дуксери за деца: Можат да предизвикаат тешки повреди! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/popularnata-stranitsa-temu-itno-povlekuva-dukseri-za-detsa-mozhat-da-predizvikaat-teshki-povredi/ Tue, 19 Nov 2024 08:22:14 +0000 https://republika.mk/?p=839443

Детските дуксери достапни на глобално популарната онлајн платформа за купување Тему се повлечени од пазарот поради сериозни безбедносни ризици. Имено, откриено е дека дуксерите лесно можат да се запалат во близина на извор на топлина или пламен, што може да доведе до сериозни повреди.

Според соопштението на австралиската управа за безбедност на производи, овие дуксери биле продадени во периодот од октомври минатата година до март оваа година, а најмалку едно дете се здобило со сериозни повреди како резултат на пожарот. Производот беше достапен и надвор од Австралија, па предупредувањето важи за клиентите ширум светот, пишува Daily Mail.

Тему ги повика сите што ги купиле овие дуксери веднаш да престанат да ги користат, да ги чуваат подалеку од дофат на деца и правилно да ги фрлаат или да ги уништат. Компанијата нагласи дека на клиентите ќе им бидат вратени парите за секој купен артикл, истакнувајќи дека тоа се предмети продадени од партнерот Sunshine Towels.

Производот дојде во три различни дизајни: Purple Rainbow Unicorn, Blue Dinosaur и Space Planet.

За оваа одлука клучна била трагичната случка на девојка од Австралија, која се здобила со изгореници на 13 отсто од телото откако и се запалил дуксерот. Детето итно било префрлено во болница, каде му била извршена неделна терапија и неколку операции.

Отсуството на задолжителни предупредувачки етикети на производот дополнително го зголеми ризикот, што доведе до итна реакција од страна на регулаторните тела и самата компанија.

The post Популарната страница Тему итно повлекува дуксери за деца: Можат да предизвикаат тешки повреди! appeared first on Република.

]]>

Детските дуксери достапни на глобално популарната онлајн платформа за купување Тему се повлечени од пазарот поради сериозни безбедносни ризици. Имено, откриено е дека дуксерите лесно можат да се запалат во близина на извор на топлина или пламен, што може да доведе до сериозни повреди. Според соопштението на австралиската управа за безбедност на производи, овие дуксери биле продадени во периодот од октомври минатата година до март оваа година, а најмалку едно дете се здобило со сериозни повреди како резултат на пожарот. Производот беше достапен и надвор од Австралија, па предупредувањето важи за клиентите ширум светот, пишува Daily Mail. Тему ги повика сите што ги купиле овие дуксери веднаш да престанат да ги користат, да ги чуваат подалеку од дофат на деца и правилно да ги фрлаат или да ги уништат. Компанијата нагласи дека на клиентите ќе им бидат вратени парите за секој купен артикл, истакнувајќи дека тоа се предмети продадени од партнерот Sunshine Towels. Производот дојде во три различни дизајни: Purple Rainbow Unicorn, Blue Dinosaur и Space Planet. За оваа одлука клучна била трагичната случка на девојка од Австралија, која се здобила со изгореници на 13 отсто од телото откако и се запалил дуксерот. Детето итно било префрлено во болница, каде му била извршена неделна терапија и неколку операции. Отсуството на задолжителни предупредувачки етикети на производот дополнително го зголеми ризикот, што доведе до итна реакција од страна на регулаторните тела и самата компанија.

The post Популарната страница Тему итно повлекува дуксери за деца: Можат да предизвикаат тешки повреди! appeared first on Република.

]]>
Омилената страна за нарачки кај Србите ќе заврши на суд. https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/omilenata-strana-za-narachki-kaj-srbite-ke-zavrshi-na-sud/ Thu, 31 Oct 2024 11:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=832713

Европската комисија ќе отвори формална постапка против кинеската платформа за онлајн-продажба Тему со цел да испита дали ги крши правилата за спречување на продажба на нелегални производи, пренесува „Блумберг“ повикувајќи се на анонимни извори. Истрагата, исто така, ќе утврди дали Тему го прекршил европскиот Закон за дигитални услуги (DSA), додава њујоршката агенција.

По формалната истрага на ЕУ, Тему има право да предложи контрамерки за решавање на загриженоста на Европската комисија и да избегне потенцијални високи казни.

Истражната постапка следуваше откако ЕУ на 11 октомври побара од Тему да објави какви мерки презема за да спречи продажба на фалсификувани или небезбедни производи на платформата.

Европската комисија тогаш соопшти дека побарала детални информации и интерни документи за преземените мерки за спречување и повторно појавување на трговци кои продаваат нелегални производи на Тему.

Информациите што Temu досега ги соопшти до ЕК се оценети како незадоволителни и не ја намалија загриженоста на ЕУ, додаваат анонимните извори

The post Омилената страна за нарачки кај Србите ќе заврши на суд. appeared first on Република.

]]>

Европската комисија ќе отвори формална постапка против кинеската платформа за онлајн-продажба Тему со цел да испита дали ги крши правилата за спречување на продажба на нелегални производи, пренесува „Блумберг“ повикувајќи се на анонимни извори. Истрагата, исто така, ќе утврди дали Тему го прекршил европскиот Закон за дигитални услуги (DSA), додава њујоршката агенција. По формалната истрага на ЕУ, Тему има право да предложи контрамерки за решавање на загриженоста на Европската комисија и да избегне потенцијални високи казни. Истражната постапка следуваше откако ЕУ на 11 октомври побара од Тему да објави какви мерки презема за да спречи продажба на фалсификувани или небезбедни производи на платформата. Европската комисија тогаш соопшти дека побарала детални информации и интерни документи за преземените мерки за спречување и повторно појавување на трговци кои продаваат нелегални производи на Тему. Информациите што Temu досега ги соопшти до ЕК се оценети како незадоволителни и не ја намалија загриженоста на ЕУ, додаваат анонимните извори

The post Омилената страна за нарачки кај Србите ќе заврши на суд. appeared first on Република.

]]>
„Тему“ под мониторинг на ЕК за онлајн продажба на илегални стоки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/temu-pod-monitoring-na-ek-za-onlajn-prodazhba-na-ilegalni-stoki/ Sat, 12 Oct 2024 07:46:04 +0000 https://republika.mk/?p=825768

Европската комисијата побара од веб сајтот за електронска трговија „Тему“ да и достави детални информации за мерките што ги презел за спречување на продажбата на илегални производи и стоки преку неговата платформа.

Дополнително, ЕК бара од „Тему“ и информации за преземените мерки за ублажување на ризиците поврзани со заштитата на потрошувачите, јавното здравје и благосостојбата на корисниците и заштитата на нивните лични податоци.

На овие барања, упатени согласно одредбите на Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), „Тему“ е должен да даде одговори најдоцна до 21 октомври.

Врз основа на проценката на одговорите на „Тему“, Комисијата ќе ги одреди своите следни чекори, кои би можеле да вклучат и формално отворање на постапка против веб страницата за непочитување на обврските што произлегуваат од ДСА.

ЕК, исто така, може да изрече парични казни за давањето неточни, нецелосни или погрешни информации или за неодговарање на доставените барања.

Согласно одредбите од Законот за дигитални услуги, „Тему“ доби статус на „многу голема онлајн платформа“ на 31 мај годинава, со што најдоцна до 8 овој месец требаше до ЕК да достави Извештај за проценка на ризиците од неговата работа, врз основа на кој се доставени барањата за дополнителни информации.

Ова е второ барање за дополнителни информации од страна „Тему“, доставени од ЕК по она од 28 јуни, со кое беа побарани податоци за механизмите за известување и дејствување против продажбата на илегални производи преку оваа платформа, за спречување на т.н. „темни шеми“ за измами и наведување на корисниците, за заштита на малолетници, за неговата транспарентност, за контролата на онлајн трговците и за усогласеност на неговиот дизајн за законските барања

The post „Тему“ под мониторинг на ЕК за онлајн продажба на илегални стоки appeared first on Република.

]]>

Европската комисијата побара од веб сајтот за електронска трговија „Тему“ да и достави детални информации за мерките што ги презел за спречување на продажбата на илегални производи и стоки преку неговата платформа. Дополнително, ЕК бара од „Тему“ и информации за преземените мерки за ублажување на ризиците поврзани со заштитата на потрошувачите, јавното здравје и благосостојбата на корисниците и заштитата на нивните лични податоци. На овие барања, упатени согласно одредбите на Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), „Тему“ е должен да даде одговори најдоцна до 21 октомври. Врз основа на проценката на одговорите на „Тему“, Комисијата ќе ги одреди своите следни чекори, кои би можеле да вклучат и формално отворање на постапка против веб страницата за непочитување на обврските што произлегуваат од ДСА. ЕК, исто така, може да изрече парични казни за давањето неточни, нецелосни или погрешни информации или за неодговарање на доставените барања. Согласно одредбите од Законот за дигитални услуги, „Тему“ доби статус на „многу голема онлајн платформа“ на 31 мај годинава, со што најдоцна до 8 овој месец требаше до ЕК да достави Извештај за проценка на ризиците од неговата работа, врз основа на кој се доставени барањата за дополнителни информации. Ова е второ барање за дополнителни информации од страна „Тему“, доставени од ЕК по она од 28 јуни, со кое беа побарани податоци за механизмите за известување и дејствување против продажбата на илегални производи преку оваа платформа, за спречување на т.н. „темни шеми“ за измами и наведување на корисниците, за заштита на малолетници, за неговата транспарентност, за контролата на онлајн трговците и за усогласеност на неговиот дизајн за законските барања

The post „Тему“ под мониторинг на ЕК за онлајн продажба на илегални стоки appeared first on Република.

]]>