Темплум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/templum/ За подобро да се разбереме Wed, 18 May 2022 08:53:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Темплум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/templum/ 32 32 „Темплум“ ја промовира збирката раскази „Разнишан свет“ од Ирена Јурчева вечерва во КИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/templum-ja-promovira-zbirkata-raskazi-raznishan-svet-od-irena-jurcheva-vecherva-vo-kic/ Wed, 18 May 2022 08:53:39 +0000 https://republika.mk/?p=503716

На 18 мај, во Салонот 19:19 во КИЦ-Скопје, во 19:19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Разнишан свет“ од Ирена Јурчева во издание на издавачката куќа „Темплум“ (www.templum.mk).

Промоторка ќе биде Александра Јуруковска, а фрагменти ќе читаат Светла Јакшиќ и Емануела Ковачевска Китановска.
По разговорот музичка изведба ќе одржат Јасна Трпкова и Дарко Јованов.

Се работи за збирка раскази кои тематски започнуваат со секојдневието на скопскиот плоштад а завршуваат во неименуван град во угнетувачко дистописко општество. Притоа, не се работи за класични дистописки раскази, туку за доминантно психолошки, испреплетени со внатрешни борби на ликовите. Ликовите, на прагот на едно ново време, фрлени во студенилото на постоењето и турнати во неправди, оставени се пред изборот да ги прекршат наметнатите норми. Тие се соочуваат со потребата од откривање и испитување на божјата димензија и на човечкото во себеси. Полни со симболи и со алузии, на работ помеѓу сонот и јавето, расказиве навлегуваат во чудесното и фантастичното.

Ирена Јурчева (1982) дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на Катедрата за преведување и толкување. Работела како наставничка по англиски и француски јазик и превела повеќе од петнаесет книги на македонски. Во 2017 година освоила награда на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри”– Гостивар. Досега ја објавила поетската книга „Таинства” (2017) и збирката раскази „Белата е најстрашната боја“ (2019) за која ја добила наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите!“ од книгоиздателството ТемплумНејзина поезија е објавена во неколку книжевни списанија.

The post „Темплум“ ја промовира збирката раскази „Разнишан свет“ од Ирена Јурчева вечерва во КИЦ appeared first on Република.

]]>

На 18 мај, во Салонот 19:19 во КИЦ-Скопје, во 19:19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Разнишан свет“ од Ирена Јурчева во издание на издавачката куќа „Темплум“ (www.templum.mk).

Промоторка ќе биде Александра Јуруковска, а фрагменти ќе читаат Светла Јакшиќ и Емануела Ковачевска Китановска. По разговорот музичка изведба ќе одржат Јасна Трпкова и Дарко Јованов.

Се работи за збирка раскази кои тематски започнуваат со секојдневието на скопскиот плоштад а завршуваат во неименуван град во угнетувачко дистописко општество. Притоа, не се работи за класични дистописки раскази, туку за доминантно психолошки, испреплетени со внатрешни борби на ликовите. Ликовите, на прагот на едно ново време, фрлени во студенилото на постоењето и турнати во неправди, оставени се пред изборот да ги прекршат наметнатите норми. Тие се соочуваат со потребата од откривање и испитување на божјата димензија и на човечкото во себеси. Полни со симболи и со алузии, на работ помеѓу сонот и јавето, расказиве навлегуваат во чудесното и фантастичното.

Ирена Јурчева (1982) дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на Катедрата за преведување и толкување. Работела како наставничка по англиски и француски јазик и превела повеќе од петнаесет книги на македонски. Во 2017 година освоила награда на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри”– Гостивар. Досега ја објавила поетската книга „Таинства” (2017) и збирката раскази „Белата е најстрашната боја“ (2019) за која ја добила наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите!“ од книгоиздателството ТемплумНејзина поезија е објавена во неколку книжевни списанија.

The post „Темплум“ ја промовира збирката раскази „Разнишан свет“ од Ирена Јурчева вечерва во КИЦ appeared first on Република.

]]>
„Темплум“ го објави првиот зборник текстови за попреченост на македонски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/templum-go-objavi-prviot-zbornik-tekstovi-za-poprechenost-na-makedonski/ Thu, 20 Jan 2022 12:54:06 +0000 https://republika.mk/?p=447129

Издавачката куќа „Темплум“ неодамна го објави зборникот „Попреченост: текстови за инвалидните тела“, прв од ваков тип на македонски. Книгата е објавена во едицијата теорија „20/21 Век“.

Книгата пренесува пет влијателни есеи од областа на „студиите за попреченост“ и, во вториот дел, дваесетина кратки есеи за телото. Уредникот Никола Гелевски во предговорот пишува дека книгата има за цел да го поттикне знаењето за попреченоста кај нас, сметајќи дека интелектуалното знаење за попреченоста пред сè ќе им овозможи подобро место во општеството на луѓето со попреченост. Воедно, овие текстови и кај пошироката заедница треба го приближат знаењето за попреченоста, со што ќе се поттикнат емпатијата, солидарноста и вклученоста во општеството.

Во еден од застапените есеи, Ленард Дејвис, светски познат стручњак во студиите за попреченост, го истакнува фактот дека лицата со инвалидитет сочинуваат 15 проценти од населението – најголемо физичко малцинство во многу земји. Според него „податокот дека најверојатно многумина од телесно неоштетените денес ќе станат оштетени утре“ го повлекува прашањето: „Зошто инвалидноста не е препознаена како потенцијално универзална состојба? Иако таа навистина е тоа“.

Овој мал зборник за попреченост сака да биде, значи, ем интелектуален резервоар на клучните идеи за попреченоста, ем поттик за развој на активизмот на луѓето со попреченост кај нас. На активизмот многу често му се потребни рефлексии и промислувања, за да фати чекор со поширокото опкружување, но и за подобро да се разбере самиот себе, стои во предговорот.

The post „Темплум“ го објави првиот зборник текстови за попреченост на македонски appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Темплум“ неодамна го објави зборникот „Попреченост: текстови за инвалидните тела“, прв од ваков тип на македонски. Книгата е објавена во едицијата теорија „20/21 Век“. Книгата пренесува пет влијателни есеи од областа на „студиите за попреченост“ и, во вториот дел, дваесетина кратки есеи за телото. Уредникот Никола Гелевски во предговорот пишува дека книгата има за цел да го поттикне знаењето за попреченоста кај нас, сметајќи дека интелектуалното знаење за попреченоста пред сè ќе им овозможи подобро место во општеството на луѓето со попреченост. Воедно, овие текстови и кај пошироката заедница треба го приближат знаењето за попреченоста, со што ќе се поттикнат емпатијата, солидарноста и вклученоста во општеството. Во еден од застапените есеи, Ленард Дејвис, светски познат стручњак во студиите за попреченост, го истакнува фактот дека лицата со инвалидитет сочинуваат 15 проценти од населението – најголемо физичко малцинство во многу земји. Според него „податокот дека најверојатно многумина од телесно неоштетените денес ќе станат оштетени утре“ го повлекува прашањето: „Зошто инвалидноста не е препознаена како потенцијално универзална состојба? Иако таа навистина е тоа“.