температури Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/temperaturi/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 08:46:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png температури Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/temperaturi/ 32 32 Утрово измерени минусни темеператури: УХМР со детали каде беше најстудено https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utrovo-izmereni-minusni-temeperaturi-uhmr-so-detali-kade-beshe-najstudeno/ Thu, 31 Oct 2024 08:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=832625

Најниска температура, од минус три степени утрово е измерена во Берово, а највисока 8 степени Целзиусови се измерени во Велес и Тополчани.

УХМР информира дека во Лазарополе утринската температура била 0 степени, 2 во Струмица, Попова Шапка и Маврови Анови, 3 во Битола, Тетово и Демир Капија, 4 во Штип, Крива Паланка и Прилеп, 5 во Крушево, 6 во Охрид, Виница и Пожаране и 7 во Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија.

Во текот на ноќта беше претежно ведро, понекаде со слаб променлив ветер. Утринава во дел од котлините има појава на слаба магла и ниска облачност.

Денеска преку денот ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, како што најави УХМР, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува.

Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

The post Утрово измерени минусни темеператури: УХМР со детали каде беше најстудено appeared first on Република.

]]>

Најниска температура, од минус три степени утрово е измерена во Берово, а највисока 8 степени Целзиусови се измерени во Велес и Тополчани. УХМР информира дека во Лазарополе утринската температура била 0 степени, 2 во Струмица, Попова Шапка и Маврови Анови, 3 во Битола, Тетово и Демир Капија, 4 во Штип, Крива Паланка и Прилеп, 5 во Крушево, 6 во Охрид, Виница и Пожаране и 7 во Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија. Во текот на ноќта беше претежно ведро, понекаде со слаб променлив ветер. Утринава во дел од котлините има појава на слаба магла и ниска облачност. Денеска преку денот ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, како што најави УХМР, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

The post Утрово измерени минусни темеператури: УХМР со детали каде беше најстудено appeared first on Република.

]]>
Летни температури ќе имаме и следната седмица https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/letni-temperaturi-ke-imame-i-slednata-sedmitsa/ Sat, 12 Oct 2024 12:59:00 +0000 https://republika.mk/?p=825900

Граѓаните слободно и во текот на следната седмица ќе може да уживаат во претежно стабилното, суво и натпросечно топло време за овој период од годината. Иако наутро ќе биде релативно свежо, сепак, преку ден ќе имаме мини лето, односно температури кои речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, најавува Славчо Попоски.

Во централните и во југоисточните предели тие се очекува да се искачат и до близу 30 степени.

The post Летни температури ќе имаме и следната седмица appeared first on Република.

]]>

Граѓаните слободно и во текот на следната седмица ќе може да уживаат во претежно стабилното, суво и натпросечно топло време за овој период од годината. Иако наутро ќе биде релативно свежо, сепак, преку ден ќе имаме мини лето, односно температури кои речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, најавува Славчо Попоски. Во централните и во југоисточните предели тие се очекува да се искачат и до близу 30 степени.

The post Летни температури ќе имаме и следната седмица appeared first on Република.

]]>
Утре нестабилно со пороен дожд, еве од кога се очекува пад на температурите https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utre-nestabilno-so-poroen-dozhd-eve-od-koga-se-ochekuva-pad-na-temperaturite/ Tue, 23 Jul 2024 11:08:17 +0000 https://republika.mk/?p=799499

Утре времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од УХМР додаваат дека долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер.

Во четврток нестабилноста ќе се намали и особено претпладне ќе има услови за локална изолирана нестабилност, а ќе продолжи да дува засилен северен ветер Повардарието и во источните делови. Дневната температура преодно ќе опадне и посвежо ќе биде во четврток и петок.

Во Скопје утре променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината со појава на краткотрајно невреме.

Во случај на појава на електрични празнења од УХМР препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

The post Утре нестабилно со пороен дожд, еве од кога се очекува пад на температурите appeared first on Република.

]]>

Утре времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР додаваат дека долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер. Во четврток нестабилноста ќе се намали и особено претпладне ќе има услови за локална изолирана нестабилност, а ќе продолжи да дува засилен северен ветер Повардарието и во источните делови. Дневната температура преодно ќе опадне и посвежо ќе биде во четврток и петок. Во Скопје утре променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината со појава на краткотрајно невреме. Во случај на појава на електрични празнења од УХМР препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

The post Утре нестабилно со пороен дожд, еве од кога се очекува пад на температурите appeared first on Република.

]]>
Грција гори: Над 44 степени највисоката максимална температура во текот на вчерашниот ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsija-gori-nad-44-stepeni-najvisokata-maksimalna-temperatura-vo-tekot-na-vcherashniot-den/ Fri, 14 Jun 2024 08:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=787458

Екстремно високи температури биле регистрирани вчера во повеќе делови на Грција, а на островите Крит и Родос, на Пелопонез и во областа Атика, поширокиот регион на Атина термометарот покажал меѓу 43,3 и 44,5 степени Целзиусови, според податоците на Националната опсерваторија и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

Од вкупно 500 активни метеоролошки станици во цела Грција, половина од нив измериле над 37 степени, а 136 станици над 40 степени.

Највисоката максимална температура (44,5) била регистрирана во близина на Ханија на островот Крит, а просечната максимална температура во Грција била 36,3 степени.

Во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 55 од 74 активни станици регистрирале температури над 40 степени.

Од вторникот Грција ја зафати топлотен бран со екстремно високи температури што кулминираше вчера, а надлежните министерства излегоа со мерки и препораки за граѓаните, дел од училиштата и градинките во земјата во средата и четвртокот беа затворени, а истите денови Акропол во периодот од 12 до 17 часот беше затворен за посетители.

The post Грција гори: Над 44 степени највисоката максимална температура во текот на вчерашниот ден appeared first on Република.

]]>

Екстремно високи температури биле регистрирани вчера во повеќе делови на Грција, а на островите Крит и Родос, на Пелопонез и во областа Атика, поширокиот регион на Атина термометарот покажал меѓу 43,3 и 44,5 степени Целзиусови, според податоците на Националната опсерваторија и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Од вкупно 500 активни метеоролошки станици во цела Грција, половина од нив измериле над 37 степени, а 136 станици над 40 степени. Највисоката максимална температура (44,5) била регистрирана во близина на Ханија на островот Крит, а просечната максимална температура во Грција била 36,3 степени. Во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 55 од 74 активни станици регистрирале температури над 40 степени. Од вторникот Грција ја зафати топлотен бран со екстремно високи температури што кулминираше вчера, а надлежните министерства излегоа со мерки и препораки за граѓаните, дел од училиштата и градинките во земјата во средата и четвртокот беа затворени, а истите денови Акропол во периодот од 12 до 17 часот беше затворен за посетители.

The post Грција гори: Над 44 степени највисоката максимална температура во текот на вчерашниот ден appeared first on Република.

]]>
Ниските температури не предизвикаа штети во земјоделството, може да почне резидбата на виновата лоза https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/niskite-temperaturi-ne-predizvikaa-shteti-vo-zemjodelstvoto-mozhe-da-pochne-rezidbata-na-vinovata-loza/ Sat, 03 Feb 2024 11:45:47 +0000 https://republika.mk/?p=739982

Студеното време минатата недела, со температури под нулата, не предизвика никакви штети кај земјоделските култури. Според агроеметеоролозите, температурите беа вообичаени за овој период од годината, но и во границите на издржливост на културите кои се во фаза на презиумување.

Агроеметеоролозите сметаат дека може да се почне со резидба на виновата лоза.

-Секоја сорта винова лоза има специфични услови на одгледување и доколку почвените услови тоа го дозволуваат, земјоделците можат да почнат со резидба. Режењето е многу значајна агротехничка мерка и претставува најважниот чекор во одгледувањето на лозјето. Таа е обемна операција и потребно е време да се заврши навреме, велат агроеметеоролозите од УХМР.

УХМР најави дека продолжува периодот на стабилно и суво време со пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

The post Ниските температури не предизвикаа штети во земјоделството, може да почне резидбата на виновата лоза appeared first on Република.

]]>

Студеното време минатата недела, со температури под нулата, не предизвика никакви штети кај земјоделските култури. Според агроеметеоролозите, температурите беа вообичаени за овој период од годината, но и во границите на издржливост на културите кои се во фаза на презиумување. Агроеметеоролозите сметаат дека може да се почне со резидба на виновата лоза. -Секоја сорта винова лоза има специфични услови на одгледување и доколку почвените услови тоа го дозволуваат, земјоделците можат да почнат со резидба. Режењето е многу значајна агротехничка мерка и претставува најважниот чекор во одгледувањето на лозјето. Таа е обемна операција и потребно е време да се заврши навреме, велат агроеметеоролозите од УХМР. УХМР најави дека продолжува периодот на стабилно и суво време со пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

The post Ниските температури не предизвикаа штети во земјоделството, може да почне резидбата на виновата лоза appeared first on Република.

]]>
Минусни температури во целата држава https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/minusni-temperaturi-vo-tselata-drzhava/ Wed, 31 Jan 2024 07:49:41 +0000 https://republika.mk/?p=738789

Минусни температури утрово се забележани во целата држава. Насјтудено е во Берово -11 Берово, скопски Петровец и Маврово -9, Битола -8, Крива Паланка, Тетово, Штип, Демир Капија и Струмица -7, Скопје, Охрид, Дебар и Попова Шапка -5, во Кавадарци, Велес, Куманово, Гевгелија -4 и во Дојран -2 Дојран.

УХМР соопшти дека најмногу снег има во Маврови Анови 10 сантиметри, на Попова Шапка четири, а во Крушево три сантиметри.

Во текот на ноќта ведро, утрово е сончево и студено. Дува слаб ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

 

The post Минусни температури во целата држава appeared first on Република.

]]>

Минусни температури утрово се забележани во целата држава. Насјтудено е во Берово -11 Берово, скопски Петровец и Маврово -9, Битола -8, Крива Паланка, Тетово, Штип, Демир Капија и Струмица -7, Скопје, Охрид, Дебар и Попова Шапка -5, во Кавадарци, Велес, Куманово, Гевгелија -4 и во Дојран -2 Дојран. УХМР соопшти дека најмногу снег има во Маврови Анови 10 сантиметри, на Попова Шапка четири, а во Крушево три сантиметри. Во текот на ноќта ведро, утрово е сончево и студено. Дува слаб ветер претежно од северен правец. Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени. Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.  

The post Минусни температури во целата држава appeared first on Република.

]]>
Вистинска зима: Утрово измерени -10 степени, еве каде натрупа најмногу снег https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vistinska-zima-utrovo-izmereni-10-stepeni-eve-kade-natrupa-najmnogu-sneg/ Sun, 26 Nov 2023 09:30:20 +0000 https://republika.mk/?p=716305

Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат во Дебар и Ѓуриште 20 сантиметри. Снег има и во Крушево 17 сантиметри, во Битола и Крива Паланка 14, во Берово и Охрид 12, во Прилеп 10, во Куманово и Штип 5 и во Претор 2 сантиметри, информира утрово Управата за хидрометеоролошки работи.

Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка - 10 степени, а максимални четири степени се измерени во Гевгелија.

Врнежи од дожд имаше во Дебар, каде наврнале 41 литар на метар квадратен, по што следат Маврови Анови со 40, во Битола 27, во Демир Капија 23, во Претор 21, во Охрид и Струмица 20, во Берово 19, во Крушево и Кавадарци 18, во Скопје – Зајчев Рид 15, во Ѓуриште 14, во Прилеп 13, во Куманово и Попова Шапка 12, во Велес 10, во Штип и Гевгелија 9, во Виница 7 и во Охрид и Дојран 5, информира УХМР.

За денеска претпладне се најавува променливо облачно и студено, понекаде и особено во источните делови ќе провејува слаб снег. Од пладневните часови во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец над 70 километри на час.

Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, студено и ветровито, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот. Максималната температура ќе достигне 5 степени

The post Вистинска зима: Утрово измерени -10 степени, еве каде натрупа најмногу снег appeared first on Република.

]]>

Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат во Дебар и Ѓуриште 20 сантиметри. Снег има и во Крушево 17 сантиметри, во Битола и Крива Паланка 14, во Берово и Охрид 12, во Прилеп 10, во Куманово и Штип 5 и во Претор 2 сантиметри, информира утрово Управата за хидрометеоролошки работи. Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка - 10 степени, а максимални четири степени се измерени во Гевгелија. Врнежи од дожд имаше во Дебар, каде наврнале 41 литар на метар квадратен, по што следат Маврови Анови со 40, во Битола 27, во Демир Капија 23, во Претор 21, во Охрид и Струмица 20, во Берово 19, во Крушево и Кавадарци 18, во Скопје – Зајчев Рид 15, во Ѓуриште 14, во Прилеп 13, во Куманово и Попова Шапка 12, во Велес 10, во Штип и Гевгелија 9, во Виница 7 и во Охрид и Дојран 5, информира УХМР. За денеска претпладне се најавува променливо облачно и студено, понекаде и особено во источните делови ќе провејува слаб снег. Од пладневните часови во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец над 70 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени. Во Скопје претпладне променливо облачно, студено и ветровито, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот. Максималната температура ќе достигне 5 степени

The post Вистинска зима: Утрово измерени -10 степени, еве каде натрупа најмногу снег appeared first on Република.

]]>
Ако мислевте дека 2023 е најжешка година досега, сте се излажале, 2024 ќе биде бетер https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ako-mislevte-deka-2023-e-najzheshka-godina-dosega-ste-se-izlazhale-2024-ke-bide-beter/ Tue, 15 Aug 2023 08:46:17 +0000 https://republika.mk/?p=672224

Досега, 2023 година е трета најтопла година досега, рече Сара Капник, главен научник на американската Национална управа за океани и атмосфера (NOAA). А веројатноста дека ќе стане најжешката досега е „речиси 50 проценти“, додаде таа.

Покрај глобалното затоплување, за тоа придонесува и цикличниот феномен Ел Нињо, синоним за дополнително глобално затоплување, кој ја загрева површината на океаните. Треба да трае и по следната зима, прогнозираат експертите.

Најсилното влијание на Ел Нињо ќе се случи во 2024 година, изјави климатологот на НАСА Гевин Шмит.

Затоа, очекуваме не само дека 2023 година ќе биде исклучително жешка, а можеби и рекордна, туку и дека 2024 година ќе биде уште пожешка.

И двајцата зборуваа на прес-конференција посветена на анализа на глобалните температури забележани минатиот месец, за кои NOAA потврди дека е рекорден месец.

Јули 2023 година беше најтоплиот месец досега забележан на земјата, потврди Европската служба Copernicus минатата недела.

Важно е да се запамети дека оваа година ќе биде посвежа во споредба со средината на векот, ако продолжиме да ја загреваме нашата планета со емисии на стакленички гасови, рече Сара Капник.

Температурата на површината на океанот е особено вознемирувачка за научниците: постигна рекорд четврти месец по ред, според NOAA.

Повеќе од 40 отсто од океанот моментално е под морски топлотен бран, предупреди Капник.

Ова има потенцијално катастрофални последици за видовите што живеат таму, особено за коралите.

Мајката природа ни испраќа порака, а таа порака е: подобро да дејствуваме сега, пред да биде предоцна да ја спасиме нашата клима, или со други зборови, да ја спасиме нашата планета, рече шефот на НАСА, Бил Нелсон.

The post Ако мислевте дека 2023 е најжешка година досега, сте се излажале, 2024 ќе биде бетер appeared first on Република.

]]>

Досега, 2023 година е трета најтопла година досега, рече Сара Капник, главен научник на американската Национална управа за океани и атмосфера (NOAA). А веројатноста дека ќе стане најжешката досега е „речиси 50 проценти“, додаде таа. Покрај глобалното затоплување, за тоа придонесува и цикличниот феномен Ел Нињо, синоним за дополнително глобално затоплување, кој ја загрева површината на океаните. Треба да трае и по следната зима, прогнозираат експертите. Најсилното влијание на Ел Нињо ќе се случи во 2024 година, изјави климатологот на НАСА Гевин Шмит. Затоа, очекуваме не само дека 2023 година ќе биде исклучително жешка, а можеби и рекордна, туку и дека 2024 година ќе биде уште пожешка. И двајцата зборуваа на прес-конференција посветена на анализа на глобалните температури забележани минатиот месец, за кои NOAA потврди дека е рекорден месец. Јули 2023 година беше најтоплиот месец досега забележан на земјата, потврди Европската служба Copernicus минатата недела. Важно е да се запамети дека оваа година ќе биде посвежа во споредба со средината на векот, ако продолжиме да ја загреваме нашата планета со емисии на стакленички гасови, рече Сара Капник. Температурата на површината на океанот е особено вознемирувачка за научниците: постигна рекорд четврти месец по ред, според NOAA. Повеќе од 40 отсто од океанот моментално е под морски топлотен бран, предупреди Капник. Ова има потенцијално катастрофални последици за видовите што живеат таму, особено за коралите. Мајката природа ни испраќа порака, а таа порака е: подобро да дејствуваме сега, пред да биде предоцна да ја спасиме нашата клима, или со други зборови, да ја спасиме нашата планета, рече шефот на НАСА, Бил Нелсон.

The post Ако мислевте дека 2023 е најжешка година досега, сте се излажале, 2024 ќе биде бетер appeared first on Република.

]]>
Во Ирак температури од 50 степени Целзиусови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-irak-temperaturi-od-50-stepeni-tselziusovi/ Mon, 14 Aug 2023 13:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=672047

Топлотен бран го погоди Ирак, а според локалните медиуми во главниот град Багдад се измерени 50 степени Целзиусови, а дури 51 степен во јужниот дел на земјата. Најкритична е ситуацијата во областите Наџаф, Насирија, Диванија, Самава.

Во некои провинции погодени од топлотниот бран, како што е јужниот дел на Ди Кар, властите го намалија работното време на службениците.

Топлотниот бран вчера го зафати Ирак. Во наредните денови се очекува пад на температурите, но метеоролозите најавуваат дека крајот на септември ќе биде исклучително топол во државата. Електричната мрежа е во лоша состојба и има напојување само неколку часа дневно поради неодржување и капацитет.

Ирак се соочува со четврта година по ред на суша. Според ОН, земјата е една од петте земји во светот најмногу изложени на ефектите од климатските промени.

The post Во Ирак температури од 50 степени Целзиусови appeared first on Република.

]]>

Топлотен бран го погоди Ирак, а според локалните медиуми во главниот град Багдад се измерени 50 степени Целзиусови, а дури 51 степен во јужниот дел на земјата. Најкритична е ситуацијата во областите Наџаф, Насирија, Диванија, Самава. Во некои провинции погодени од топлотниот бран, како што е јужниот дел на Ди Кар, властите го намалија работното време на службениците. Топлотниот бран вчера го зафати Ирак. Во наредните денови се очекува пад на температурите, но метеоролозите најавуваат дека крајот на септември ќе биде исклучително топол во државата. Електричната мрежа е во лоша состојба и има напојување само неколку часа дневно поради неодржување и капацитет. Ирак се соочува со четврта година по ред на суша. Според ОН, земјата е една од петте земји во светот најмногу изложени на ефектите од климатските промени.

The post Во Ирак температури од 50 степени Целзиусови appeared first on Република.

]]>
Топлотниот бран во Северен Атлантик може да биде катастрофален за рибите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/toplotniot-bran-vo-severen-atlantik-mozhe-da-bide-katastrofalen-za-ribite/ Thu, 27 Jul 2023 06:38:42 +0000 https://republika.mk/?p=665705

Годинешниот топлотен бран во Северен Атлантикот може да биде катастрофален за рибните резерви на кои луѓето се потпираат за храна и егзистенција, предупредуваат научниците и Советот за поморски надзор (MSC).

Температурата на површината на океанот се искачи над претходниот рекорд од почетокот на март со високи дури 5 степени Целзиусови над долгорочниот просек, класифициран како „надвор од крајност“ од американската Национална управа за океани и атмосфера – нејзината највисока категорија.

Климатските промени предизвикани од човекот постојано ги загреваат океаните кои апсорбираат 90% од вишокот топлина произведена од емисиите на стакленички гасови.

Во меѓувреме, природните појави, како што се промените во шемите на ветрот, ја доведоа температурата на Северноатлантскиот океан до рекордно високи, велат научниците.

Ел Нињо, природен настан на затоплување во источниот тропски Пацифик, исто така имаше влијание, зголемувајќи ги просечните температури на океаните и воздухот ширум светот, но се смета дека неговите ефекти не се поврзани со топлотниот бран во Северниот Атлантик.

Експертите велат дека климатските промени ја поместуваат основната линија на температурата, што ги прави топлотните бранови почести и поекстремни и тие можат да бидат исто толку погубни за некои морски животни како и оние на копно.

Д-р Кристофер Фри, од поморскиот институт на Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара, рече: „Во последната деценија, морските топлотни бранови го нарушија риболовот низ целиот свет.

„Ако условите во Северен Атлантик останат жешки, слични катастрофи може да бидат на хоризонтот“.

Рибите во океанот, кои се наоѓаат помеѓу источниот брег на Северна Америка и ОК и западна Европа, зависат од постудените води за мрестење, при што еден вид – норвешката пролетна харинга – се намали за 40% од 2009 година, што се смета дека се должи на затоплувањето на океаните.

МЦС е загрижен дека комбинацијата на затоплување на океаните и лошото меѓународно управување ќе доведе до пад на рибниот фонд што ќе остави илјадници луѓе без работа.

Д-р Олав Сигурд Кешбу, од Институтот за морски истражувања во Норвешка, рече: „Знаеме дека овие пелагични рибни резерви се чувствителни на температурни промени.

„Веќе видовме дека климата влијае на нивната дистрибуција, нивната способност за мрестење и стапката на смртност.

„Брзото затоплување на морињата може да ги забрза овие промени. Тие, исто така, би можеле да имаат значително влијание врз способноста на харингата и другите видови риби да се размножуваат врз основа на неодамнешните анализи“.

Проф. Д-р Крег Донлон, раководител на одделот за површини и внатрешни работи на Земјата во Европската вселенска агенција, го опиша овогодинешниот пораст на температурата во северниот дел на Атлантскиот Океан како „страшна ситуација“, но додаде дека екосистемот ќе се прилагоди, при што видовите што мигрираат на север ќе бидат заменети со други кои доаѓаат од југ.

Тој рече: „Можеме да очекуваме да видиме промени во структурата на биологијата, екосистемот ќе се прилагоди.

„Некои видови ќе мигрираат понатаму на север во водата во која се чувствуваат поудобно, во однос на температурата, и се разбира, други видови ќе мигрираат на север во нашите води од југ, со што ќе донесат малку поголема разновидност“.

Владата на Велика Британија минатата недела ги објави своите планови да започне голема програма за мониторинг на пелагични ловци над 24 метри, опремувајќи им камери и ГПС за снимање на големината и видот на нивниот улов во англиските води во обид да се управува поодржливо со залихите.

Ерин Придл, регионален директор на MSC за Европа, рече: „Креаторите на политиките мора да најдат начин да ги вклучат промените во промената на залихите, како што е промената на дистрибуцијата на пелагиите на североисточниот Атлантик, во долгорочни и силни планови за управување со рибарството.

„Без здружено и ефективно планирање, нашите риболовни ресурси би можеле да бидат изложени на ризик од прекумерна експлоатација, прекумерен риболов, па дури и колапс на залихите“.

The post Топлотниот бран во Северен Атлантик може да биде катастрофален за рибите appeared first on Република.

]]>

Годинешниот топлотен бран во Северен Атлантикот може да биде катастрофален за рибните резерви на кои луѓето се потпираат за храна и егзистенција, предупредуваат научниците и Советот за поморски надзор (MSC). Температурата на површината на океанот се искачи над претходниот рекорд од почетокот на март со високи дури 5 степени Целзиусови над долгорочниот просек, класифициран како „надвор од крајност“ од американската Национална управа за океани и атмосфера – нејзината највисока категорија. Климатските промени предизвикани од човекот постојано ги загреваат океаните кои апсорбираат 90% од вишокот топлина произведена од емисиите на стакленички гасови. Во меѓувреме, природните појави, како што се промените во шемите на ветрот, ја доведоа температурата на Северноатлантскиот океан до рекордно високи, велат научниците. Ел Нињо, природен настан на затоплување во источниот тропски Пацифик, исто така имаше влијание, зголемувајќи ги просечните температури на океаните и воздухот ширум светот, но се смета дека неговите ефекти не се поврзани со топлотниот бран во Северниот Атлантик. Експертите велат дека климатските промени ја поместуваат основната линија на температурата, што ги прави топлотните бранови почести и поекстремни и тие можат да бидат исто толку погубни за некои морски животни како и оние на копно. Д-р Кристофер Фри, од поморскиот институт на Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара, рече: „Во последната деценија, морските топлотни бранови го нарушија риболовот низ целиот свет. „Ако условите во Северен Атлантик останат жешки, слични катастрофи може да бидат на хоризонтот“. Рибите во океанот, кои се наоѓаат помеѓу источниот брег на Северна Америка и ОК и западна Европа, зависат од постудените води за мрестење, при што еден вид – норвешката пролетна харинга – се намали за 40% од 2009 година, што се смета дека се должи на затоплувањето на океаните. МЦС е загрижен дека комбинацијата на затоплување на океаните и лошото меѓународно управување ќе доведе до пад на рибниот фонд што ќе остави илјадници луѓе без работа. Д-р Олав Сигурд Кешбу, од Институтот за морски истражувања во Норвешка, рече: „Знаеме дека овие пелагични рибни резерви се чувствителни на температурни промени. „Веќе видовме дека климата влијае на нивната дистрибуција, нивната способност за мрестење и стапката на смртност. „Брзото затоплување на морињата може да ги забрза овие промени. Тие, исто така, би можеле да имаат значително влијание врз способноста на харингата и другите видови риби да се размножуваат врз основа на неодамнешните анализи“. Проф. Д-р Крег Донлон, раководител на одделот за површини и внатрешни работи на Земјата во Европската вселенска агенција, го опиша овогодинешниот пораст на температурата во северниот дел на Атлантскиот Океан како „страшна ситуација“, но додаде дека екосистемот ќе се прилагоди, при што видовите што мигрираат на север ќе бидат заменети со други кои доаѓаат од југ. Тој рече: „Можеме да очекуваме да видиме промени во структурата на биологијата, екосистемот ќе се прилагоди. „Некои видови ќе мигрираат понатаму на север во водата во која се чувствуваат поудобно, во однос на температурата, и се разбира, други видови ќе мигрираат на север во нашите води од југ, со што ќе донесат малку поголема разновидност“. Владата на Велика Британија минатата недела ги објави своите планови да започне голема програма за мониторинг на пелагични ловци над 24 метри, опремувајќи им камери и ГПС за снимање на големината и видот на нивниот улов во англиските води во обид да се управува поодржливо со залихите. Ерин Придл, регионален директор на MSC за Европа, рече: „Креаторите на политиките мора да најдат начин да ги вклучат промените во промената на залихите, како што е промената на дистрибуцијата на пелагиите на североисточниот Атлантик, во долгорочни и силни планови за управување со рибарството. „Без здружено и ефективно планирање, нашите риболовни ресурси би можеле да бидат изложени на ризик од прекумерна експлоатација, прекумерен риболов, па дури и колапс на залихите“.

The post Топлотниот бран во Северен Атлантик може да биде катастрофален за рибите appeared first on Република.

]]>
Кулминира топлотниот бран во Грција, денеска најтоплиот ден со температури до 46 степени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kulminira-toplotniot-bran-vo-grtsija-deneska-najtopliot-den-so-temperaturi-do-46-stepeni/ Wed, 26 Jul 2023 08:07:52 +0000 https://republika.mk/?p=665411

Најтопол, но и последен ден од топлотниот бран се очекува да биде денешниот ден во Грција, со температури што во одредени делови од земјата ќе достигнат до 45-46 степени Целзиусови, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, над 41 степен Целзиусови ќе бидат измерени во делови на земјата што опфаќаат 8,5 милиони население.

Поради високите температури, Министерството за култура на Грција соопшти дека Акропол ќе биде затворен од 11 до 17.30 часот.

Министерството за труд и социјални прашања воведе вонредни мерки за заштита од топлотниот бран, според кои во периодот од 12 до 17 часот забранета е достава во деловите од земјата каде што температурата ќе биде над 40 степени, со цел да се заштити здравјето на доставувачите.

Надлежниот министер Адонис Георгиадис преку социјалните мрежи упати апел денеска ниту еден работник да не биде на отворено.

За денеска исто така е екстремно висока опасноста од пожари поради топлото, суво и ветровите време.

Топлотниот бран „Клеон“ ја зафати Грција на 12 јули, а со мали прекини и намалувања на температурата, трае веќе две седмици

The post Кулминира топлотниот бран во Грција, денеска најтоплиот ден со температури до 46 степени appeared first on Република.

]]>

Најтопол, но и последен ден од топлотниот бран се очекува да биде денешниот ден во Грција, со температури што во одредени делови од земјата ќе достигнат до 45-46 степени Целзиусови, јави дописничката на МИА од Атина. Според Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, над 41 степен Целзиусови ќе бидат измерени во делови на земјата што опфаќаат 8,5 милиони население. Поради високите температури, Министерството за култура на Грција соопшти дека Акропол ќе биде затворен од 11 до 17.30 часот. Министерството за труд и социјални прашања воведе вонредни мерки за заштита од топлотниот бран, според кои во периодот од 12 до 17 часот забранета е достава во деловите од земјата каде што температурата ќе биде над 40 степени, со цел да се заштити здравјето на доставувачите. Надлежниот министер Адонис Георгиадис преку социјалните мрежи упати апел денеска ниту еден работник да не биде на отворено. За денеска исто така е екстремно висока опасноста од пожари поради топлото, суво и ветровите време. Топлотниот бран „Клеон“ ја зафати Грција на 12 јули, а со мали прекини и намалувања на температурата, трае веќе две седмици

The post Кулминира топлотниот бран во Грција, денеска најтоплиот ден со температури до 46 степени appeared first on Република.

]]>
Јули ќе биде најтопол во последните стотина, ако не и илјадници години, но 2024 ќе биде уште потопла https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/juli-ke-bide-najtopol-vo-poslednite-stotina-ako-ne-i-iljadnitsi-godini-no-2024-ke-bide-ushte-potopla/ Fri, 21 Jul 2023 07:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=663778

Јули 2023 година веројатно ќе биде најтоплиот месец во последните стотици, ако не и илјадници години“, изјавија врвните научници на НАСА на тркалезната маса со новинарите, предупредувајќи дека топлината само ќе се влошува.

Гледаме невидени промени ширум светот. Топлотните бранови што ги гледаме во САД, Европа, Кина и уриваат температурни рекорди… Не е изненадување – рече Гевин Шмит, директорот на Годард – Институтот за вселенски студии на НАСА.

Јуни 2023 година веќе беше најтоплиот јуни досега, а јули најверојатно ќе биде најтоплиот месец во целина.

Од науката знаеме дека човековата активност, првенствено емисиите на стакленички гасови, недвосмислено го предизвикува затоплувањето што го гледаме на нашата планета – рече Кејт Калвин, главен научник и виш советник за климата во НАСА.

Има 50-50 шанси 2023 година да биде најтоплата година досега, но таа ќе биде надмината од 2024 година

Научниците на НАСА појаснија дека податоците собрани и анализирани од Институтот Годард веќе укажуваат на тоа.

Има децениско зголемување на температурите во последните четири децении – рече Шмит.

Американската вселенска агенција последен пат забележа таков пораст на температурите во јули и август 2016 година поради супер Ел Нињо во текот на зимата 2015 и 2016 година. Но, овој пат тоа не е уште еден настан сличен на Ел Нињо. Топлотните бранови кои моментално се гледаат се резултат на целокупното затоплување ширум светот, особено во океаните.

Видовме рекордни температури на површината на морето, дури и надвор од тропските предели, многу месеци по ред. Ќе предвидиме дека тоа ќе продолжи, а причината зошто мислиме дека ќе продолжи е затоа што продолжуваме да ослободуваме стакленички гасови во атмосферата – рече Шмит.

Постои 50-50 шанси 2023 година да биде најтоплата година досега. Други научници на НАСА веруваат дека има 80 проценти шанси 2023 година да биде најтоплата година, додаде Шмит.

The post Јули ќе биде најтопол во последните стотина, ако не и илјадници години, но 2024 ќе биде уште потопла appeared first on Република.

]]>

Јули 2023 година веројатно ќе биде најтоплиот месец во последните стотици, ако не и илјадници години“, изјавија врвните научници на НАСА на тркалезната маса со новинарите, предупредувајќи дека топлината само ќе се влошува.
Гледаме невидени промени ширум светот. Топлотните бранови што ги гледаме во САД, Европа, Кина и уриваат температурни рекорди… Не е изненадување – рече Гевин Шмит, директорот на Годард – Институтот за вселенски студии на НАСА.
Јуни 2023 година веќе беше најтоплиот јуни досега, а јули најверојатно ќе биде најтоплиот месец во целина.
Од науката знаеме дека човековата активност, првенствено емисиите на стакленички гасови, недвосмислено го предизвикува затоплувањето што го гледаме на нашата планета – рече Кејт Калвин, главен научник и виш советник за климата во НАСА.
Има 50-50 шанси 2023 година да биде најтоплата година досега, но таа ќе биде надмината од 2024 година Научниците на НАСА појаснија дека податоците собрани и анализирани од Институтот Годард веќе укажуваат на тоа.
Има децениско зголемување на температурите во последните четири децении – рече Шмит.
Американската вселенска агенција последен пат забележа таков пораст на температурите во јули и август 2016 година поради супер Ел Нињо во текот на зимата 2015 и 2016 година. Но, овој пат тоа не е уште еден настан сличен на Ел Нињо. Топлотните бранови кои моментално се гледаат се резултат на целокупното затоплување ширум светот, особено во океаните.
Видовме рекордни температури на површината на морето, дури и надвор од тропските предели, многу месеци по ред. Ќе предвидиме дека тоа ќе продолжи, а причината зошто мислиме дека ќе продолжи е затоа што продолжуваме да ослободуваме стакленички гасови во атмосферата – рече Шмит.
Постои 50-50 шанси 2023 година да биде најтоплата година досега. Други научници на НАСА веруваат дека има 80 проценти шанси 2023 година да биде најтоплата година, додаде Шмит.

The post Јули ќе биде најтопол во последните стотина, ако не и илјадници години, но 2024 ќе биде уште потопла appeared first on Република.

]]>
Клуге: Неподготвеноста на жештините може да биде смртоносна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kluge-nepodgotvenosta-na-zheshtinite-mozhe-da-bide-smrtonosna/ Wed, 19 Jul 2023 08:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=662994

Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди жителите на Стариот континент да бидат подготвени за високите температури бидејќи топлотниот бран зафати поголем дел од континентот.

Без потребната подготовка, топлината може да стане смртоносна, предупреди Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа.

Белгиецот предложи низа мерки кои жителите можат да ги преземат за да ги избегнат најлошите последици од топлотниот бран.

Тој советува да се остане дома и да се избегнуваат најтешките задачи во најжешките делови од денот.

Домовите треба да се ладат, на пример со спуштање на ролетните и користење на воздух ноќе за вентилација.

Исто така, клучно е да го одржувате телото ладно и хидрирано со носење лесна, широка облека, туширање со ладна вода и редовно пиење вода.

-Додека се прилагодуваме на оваа нова нормала, со нејзините разорни ефекти врз здравјето и животните услови, од клучно значење е сите да бидеме вооружени со знаење што помага да се спасат животи, рече Клуге.

Покрај тоа што летово ќе се прилагодиме на новата реалност, мора да „размислуваме и за децениите што доаѓаат“, предупреди докторот во својата објава.

Тој повика на итна регионална и глобална акција за запирање на климатската криза, која претставува егзистенцијална закана за човештвото.

Клуге нагласи дека клучно е да се вклучат и помладите генерации, кои се особено загрижени за климата и често имаат идеи и предлози. Тој, исто така, нагласи дека прашањето за климатските промени треба да биде приоритет за сите политички опции.

The post Клуге: Неподготвеноста на жештините може да биде смртоносна appeared first on Република.

]]>

Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди жителите на Стариот континент да бидат подготвени за високите температури бидејќи топлотниот бран зафати поголем дел од континентот. Без потребната подготовка, топлината може да стане смртоносна, предупреди Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа. Белгиецот предложи низа мерки кои жителите можат да ги преземат за да ги избегнат најлошите последици од топлотниот бран. Тој советува да се остане дома и да се избегнуваат најтешките задачи во најжешките делови од денот. Домовите треба да се ладат, на пример со спуштање на ролетните и користење на воздух ноќе за вентилација. Исто така, клучно е да го одржувате телото ладно и хидрирано со носење лесна, широка облека, туширање со ладна вода и редовно пиење вода. -Додека се прилагодуваме на оваа нова нормала, со нејзините разорни ефекти врз здравјето и животните услови, од клучно значење е сите да бидеме вооружени со знаење што помага да се спасат животи, рече Клуге. Покрај тоа што летово ќе се прилагодиме на новата реалност, мора да „размислуваме и за децениите што доаѓаат“, предупреди докторот во својата објава. Тој повика на итна регионална и глобална акција за запирање на климатската криза, која претставува егзистенцијална закана за човештвото. Клуге нагласи дека клучно е да се вклучат и помладите генерации, кои се особено загрижени за климата и често имаат идеи и предлози. Тој, исто така, нагласи дека прашањето за климатските промени треба да биде приоритет за сите политички опции.

The post Клуге: Неподготвеноста на жештините може да биде смртоносна appeared first on Република.

]]>
В петок портокалова фаза, температури над 40 степени и УВ индекс 10 https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/v-petok-portokalova-faza-temperaturi-nad-40-stepeni-i-uv-indeks-10/ Wed, 12 Jul 2023 13:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=660412

Времето утре ќе биде особено топло во целата држава, а в петок само во јужните делови, кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. В петок максималната температура ќе се искачи до 43 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.

Во Скопје утре ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринскатата температура ќе биде 19, а максималната 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 10.

И за викендот ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24 степени, а максималната од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 9.

The post В петок портокалова фаза, температури над 40 степени и УВ индекс 10 appeared first on Република.

]]>

Времето утре ќе биде особено топло во целата држава, а в петок само во јужните делови, кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. В петок максималната температура ќе се искачи до 43 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени. Во Скопје утре ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринскатата температура ќе биде 19, а максималната 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 10. И за викендот ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24 степени, а максималната од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 9.

The post В петок портокалова фаза, температури над 40 степени и УВ индекс 10 appeared first on Република.

]]>
Соборен рекордот: Понеделникот беше најтоплиот ден на светот, откако има мерења https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/soboren-rekordot-ponedelnikot-beshe-najtopliot-den-na-svetot-otkako-ima-merena/ Wed, 05 Jul 2023 16:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=658452

Понеделник, 3 јули, беше најтоплиот ден на планетата Земја откако беа направени мерењата, а просечната температура во светот за прв пат надмина 17 степени Целзиусови.

Според мерењата на американската Национална управа за океани и атмосфера (NOAA), просечната температура на воздухот на површината на планетата била 17,1 °C, додека претходниот рекорд бил 16,92 степени Целзиусови и бил измерен на 24 јули минатата година.

Светската просечна температура се движи од 12 до 17 степени секој ден во текот на годината, а на почетокот на јули во периодот од 1979 до 2000 година таа во просек изнесувала 16,2.

Научниците се сомневаат дека рекордот би можел повторно да биде соборен веќе ова лето, пишува Science Alert, бидејќи температурите поради летото на северната хемисфера растат до крајот на јули и почетокот на август.

Дури минатиот месец, Единицата за следење на климатските промени на Европската унија „Коперник“ измери рекордни глобални температури за почетокот на јуни, што може само да го влоши климатскиот феномен Ел Нињо во наредниот период.

За потсетување, Светската метеоролошка организација (СМО) претходно предупреди дека температурите ќе продолжат да растат поради оваа појава, која вклучува загревање на температурата на површинските води во источните и централните делови на Тихиот Океан и е поврзана со појава на екстремни временски услови. услови – од тропски циклони до обилни врнежи до тешки суши.

Најтоплата година во светот досега, 2016 година се совпадна со силен Ел Нињо, иако експертите предупредуваат дека климатските промени поттикнаа екстремни температури дури и во годините што не се Ел Нињо.

WMO во мај објави дека постои голема можност рекордот од 2016 година наскоро да биде соборен, бидејќи барем една од следните пет години, како и претстојниот петгодишен период во целина, ќе бидат најтопли досега .

The post Соборен рекордот: Понеделникот беше најтоплиот ден на светот, откако има мерења appeared first on Република.

]]>

Понеделник, 3 јули, беше најтоплиот ден на планетата Земја откако беа направени мерењата, а просечната температура во светот за прв пат надмина 17 степени Целзиусови. Според мерењата на американската Национална управа за океани и атмосфера (NOAA), просечната температура на воздухот на површината на планетата била 17,1 °C, додека претходниот рекорд бил 16,92 степени Целзиусови и бил измерен на 24 јули минатата година. Светската просечна температура се движи од 12 до 17 степени секој ден во текот на годината, а на почетокот на јули во периодот од 1979 до 2000 година таа во просек изнесувала 16,2. Научниците се сомневаат дека рекордот би можел повторно да биде соборен веќе ова лето, пишува Science Alert, бидејќи температурите поради летото на северната хемисфера растат до крајот на јули и почетокот на август. Дури минатиот месец, Единицата за следење на климатските промени на Европската унија „Коперник“ измери рекордни глобални температури за почетокот на јуни, што може само да го влоши климатскиот феномен Ел Нињо во наредниот период. За потсетување, Светската метеоролошка организација (СМО) претходно предупреди дека температурите ќе продолжат да растат поради оваа појава, која вклучува загревање на температурата на површинските води во источните и централните делови на Тихиот Океан и е поврзана со појава на екстремни временски услови. услови – од тропски циклони до обилни врнежи до тешки суши. Најтоплата година во светот досега, 2016 година се совпадна со силен Ел Нињо, иако експертите предупредуваат дека климатските промени поттикнаа екстремни температури дури и во годините што не се Ел Нињо. WMO во мај објави дека постои голема можност рекордот од 2016 година наскоро да биде соборен, бидејќи барем една од следните пет години, како и претстојниот петгодишен период во целина, ќе бидат најтопли досега .

The post Соборен рекордот: Понеделникот беше најтоплиот ден на светот, откако има мерења appeared first on Република.

]]>
Пеколни жештини во Кина, температурата е над 40 степени за прв пат од 2014 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pekolni-zheshtini-vo-kina-temperaturata-e-nad-40-stepeni-za-prv-pat-od-2014-godina/ Thu, 22 Jun 2023 10:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=653982

Во Пекинг денеска, за прв пат од 2014 година, температурата е над 40 степени Целзиусови, а соборен е и рекордот за најтопол ден во јуни од почетокот на мерењата.

Метеоролошка станица на јужната периферија на Пекинг денеска регистрираше 40,7 степени Целзиусови, што е првпат прагот од 40 степени да биде надминат од 29 мај 2014 година.

Претходниот рекорд беше поставен на 10 јуни 1961 година, кога беа измерени 40,6 степени Целзиусови.

Во Пекинг денеска е во сила портокалов метео аларм.

Метеоролозите издадоа предупредување за сериозни жештини во текот на викендот во главниот град на Кина.

Северна и источна Кина беше погодена од топлотен бран минатата недела, речиси две недели порано од претходните години.

Портокалово предупредување се издава кога максималната температура ќе надмине 40 степени во еден ден или кога максималната температура останува над 37 степени два последователни дена.

The post Пеколни жештини во Кина, температурата е над 40 степени за прв пат од 2014 година appeared first on Република.

]]>

Во Пекинг денеска, за прв пат од 2014 година, температурата е над 40 степени Целзиусови, а соборен е и рекордот за најтопол ден во јуни од почетокот на мерењата. Метеоролошка станица на јужната периферија на Пекинг денеска регистрираше 40,7 степени Целзиусови, што е првпат прагот од 40 степени да биде надминат од 29 мај 2014 година. Претходниот рекорд беше поставен на 10 јуни 1961 година, кога беа измерени 40,6 степени Целзиусови. Во Пекинг денеска е во сила портокалов метео аларм. Метеоролозите издадоа предупредување за сериозни жештини во текот на викендот во главниот град на Кина. Северна и источна Кина беше погодена од топлотен бран минатата недела, речиси две недели порано од претходните години. Портокалово предупредување се издава кога максималната температура ќе надмине 40 степени во еден ден или кога максималната температура останува над 37 степени два последователни дена.

The post Пеколни жештини во Кина, температурата е над 40 степени за прв пат од 2014 година appeared first on Република.

]]>
Mожни се рекордни температури под влијание на Ел Нињо https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/mozhni-se-rekordni-temperaturi-pod-vlijanie-na-el-nino/ Sun, 14 May 2023 06:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=640575

Се поизвесно е дека Ел Нињо, затоплувањето на тропскиот Пацифик, ќе се случи оваа година, објави Светската метеоролошка организација.

Меѓутоа, бидејќи овој климатски феномен има многу поширока резонанца, можно е Ел Нињо да придонесе за рекордни температури во регионите ширум светот.

Ла Ниња, студената фаза на покомплексниот феномен Ел Нињо - Јужна осцилација (ENSO), заврши по три години, а тропскиот Пацифик моментално е во неутрална фаза. Сепак, наскоро би можело да биде заменет со топла фаза, Ел Нињо.

Како што се наведува, постои 60 отсто веројатност дека транзицијата ќе се случи во периодот од мај до јули. Според досегашните прогнози на метеоролозите, веројатноста се зголемува до 80 проценти во периодот од јули до септември.

Засега нема индикации колку долго ќе трае Ел Нињо или колку ќе биде интензивен, но овој феномен може да ги продлабочи ризиците со кои се соочува планетата поради климатските промени.

„Доживеавме осум најтопли години во историјата на мерењата, без оглед на ладењето предизвикано од Ла Ниња во изминатите три години, што делуваше како привремена кочница за зголемувањето на температурата“, рече генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Петери Талас. „Развојот на Ел Нињо веројатно ќе доведе до нов скок на глобалното затоплување и ќе ја зголеми шансата за соборување на температурни рекорди.

Според извештајот на Светската метеоролошка организација, 2016 година била најжешката година во историјата поради „двојниот удар“ на силниот бран на Ел Нињо и затоплувањето предизвикано од човекот преку ослободување на стакленички гасови.

Влијанието на топлата ENSO фаза најмногу се забележува во годината по нејзиното појавување, па се очекува последиците да бидат поочигледни во текот на 2024 година.

„Треба да се подготвиме за развојот на Ел Нињо, кој често се поврзува со големи горештини, суша и врнежи во различни делови на светот“, предупреди Талас, додавајќи дека може да има и зголемување на временските екстреми.

Ел Нињо е природен феномен кој се случува периодично, на секои две до седум години, и придонесува за затоплување на површината на Тихиот Океан во тропските предели. Епизодите траат помеѓу девет и дванаесет месеци.

За време на Ел Нињо, има зголемување на врнежите во јужниот дел на Јужна Америка и во јужните региони на Соединетите Американски Држави, како и во Рогот на Африка и во Централна Азија.

Спротивно на тоа, големи суши се можни во Австралија, Индонезија и Јужна Азија. Додека е во централниот и источниот дел на Тихиот Океан, Ел Нињо може да поттикне формирање на урагани

The post Mожни се рекордни температури под влијание на Ел Нињо appeared first on Република.

]]>

Се поизвесно е дека Ел Нињо, затоплувањето на тропскиот Пацифик, ќе се случи оваа година, објави Светската метеоролошка организација. Меѓутоа, бидејќи овој климатски феномен има многу поширока резонанца, можно е Ел Нињо да придонесе за рекордни температури во регионите ширум светот. Ла Ниња, студената фаза на покомплексниот феномен Ел Нињо - Јужна осцилација (ENSO), заврши по три години, а тропскиот Пацифик моментално е во неутрална фаза. Сепак, наскоро би можело да биде заменет со топла фаза, Ел Нињо. Како што се наведува, постои 60 отсто веројатност дека транзицијата ќе се случи во периодот од мај до јули. Според досегашните прогнози на метеоролозите, веројатноста се зголемува до 80 проценти во периодот од јули до септември. Засега нема индикации колку долго ќе трае Ел Нињо или колку ќе биде интензивен, но овој феномен може да ги продлабочи ризиците со кои се соочува планетата поради климатските промени. „Доживеавме осум најтопли години во историјата на мерењата, без оглед на ладењето предизвикано од Ла Ниња во изминатите три години, што делуваше како привремена кочница за зголемувањето на температурата“, рече генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Петери Талас. „Развојот на Ел Нињо веројатно ќе доведе до нов скок на глобалното затоплување и ќе ја зголеми шансата за соборување на температурни рекорди. Според извештајот на Светската метеоролошка организација, 2016 година била најжешката година во историјата поради „двојниот удар“ на силниот бран на Ел Нињо и затоплувањето предизвикано од човекот преку ослободување на стакленички гасови. Влијанието на топлата ENSO фаза најмногу се забележува во годината по нејзиното појавување, па се очекува последиците да бидат поочигледни во текот на 2024 година. „Треба да се подготвиме за развојот на Ел Нињо, кој често се поврзува со големи горештини, суша и врнежи во различни делови на светот“, предупреди Талас, додавајќи дека може да има и зголемување на временските екстреми. Ел Нињо е природен феномен кој се случува периодично, на секои две до седум години, и придонесува за затоплување на површината на Тихиот Океан во тропските предели. Епизодите траат помеѓу девет и дванаесет месеци. За време на Ел Нињо, има зголемување на врнежите во јужниот дел на Јужна Америка и во јужните региони на Соединетите Американски Држави, како и во Рогот на Африка и во Централна Азија. Спротивно на тоа, големи суши се можни во Австралија, Индонезија и Јужна Азија. Додека е во централниот и источниот дел на Тихиот Океан, Ел Нињо може да поттикне формирање на урагани

The post Mожни се рекордни температури под влијание на Ел Нињо appeared first on Република.

]]>
Времето денеска сончево, попладне појава на дожд https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vremeto-deneska-sonchevo-popladne-pojava-na-dozhd/ Sun, 30 Apr 2023 06:36:50 +0000 https://republika.mk/?p=635452

Во текот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно, со услови за дожд, а температурите ќе бидат потпросечни за почетокот на месец мај.

Времето денеска, недела 30 април, според УХМР, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи.

В понеделник, 1 мај, ќе биде умерено до значително облачно, од пладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието, прогнозира УХМР

The post Времето денеска сончево, попладне појава на дожд appeared first on Република.

]]>

Во текот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно, со услови за дожд, а температурите ќе бидат потпросечни за почетокот на месец мај. Времето денеска, недела 30 април, според УХМР, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. В понеделник, 1 мај, ќе биде умерено до значително облачно, од пладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието, прогнозира УХМР

The post Времето денеска сончево, попладне појава на дожд appeared first on Република.

]]>
Пеколни температури во април во Шпанија и Португалија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pekolni-temperaturi-vo-april-vo-shpanija-i-portugalija/ Fri, 28 Apr 2023 18:43:44 +0000 https://republika.mk/?p=635117

Континентална Шпанија и Португалија регистрираа температурни рекорди за април годинава - во Кордоба на југ се измерени 38,8 степени Целзиусови, а во португалска Мора 36,9, објавија денеска метеоролошките служби на двете држави.

Температурниот рекорд во Шпанија е измерен вчера на метеоролошката станица на аеродромот во Кордоба, објави на Твитер шпанската метеоролошка агенција Аемет.

Претходниот рекорд датира од 2011 година, кога во Елче на истокот на земјата беше 38,6 степени Целзиусови.

Сепак, тоа не е апсолутен рекорд во цела Шпанија за април, бидејќи историскиот максимум е измерен во 2013 година на Канарските Острови, кои се наоѓаат покрај брегот на северозападна Африка - 40,2 степени.

Оваа недела Шпанија и Португалија беа погодени од топлотен бран поради масата топол и сув воздух од Северна Африка. Температурите треба да почнат да опаѓаат од викендот.

Во Португалија вчера беше 36,9 во градот Мора, во центарот на земјата, објави денеска националниот метеоролошки институт.

Уште пет места во централниот дел на земјата и на југот го надминаа претходниот рекорд од 36 степени што беше регистриран на 20 април 1945 година во Пињао на североистокот, изјави Рикардо Деус, климатолог од Португалскиот институт за море и атмосфера.

The post Пеколни температури во април во Шпанија и Португалија appeared first on Република.

]]>

Континентална Шпанија и Португалија регистрираа температурни рекорди за април годинава - во Кордоба на југ се измерени 38,8 степени Целзиусови, а во португалска Мора 36,9, објавија денеска метеоролошките служби на двете држави. Температурниот рекорд во Шпанија е измерен вчера на метеоролошката станица на аеродромот во Кордоба, објави на Твитер шпанската метеоролошка агенција Аемет. Претходниот рекорд датира од 2011 година, кога во Елче на истокот на земјата беше 38,6 степени Целзиусови. Сепак, тоа не е апсолутен рекорд во цела Шпанија за април, бидејќи историскиот максимум е измерен во 2013 година на Канарските Острови, кои се наоѓаат покрај брегот на северозападна Африка - 40,2 степени. Оваа недела Шпанија и Португалија беа погодени од топлотен бран поради масата топол и сув воздух од Северна Африка. Температурите треба да почнат да опаѓаат од викендот. Во Португалија вчера беше 36,9 во градот Мора, во центарот на земјата, објави денеска националниот метеоролошки институт. Уште пет места во централниот дел на земјата и на југот го надминаа претходниот рекорд од 36 степени што беше регистриран на 20 април 1945 година во Пињао на североистокот, изјави Рикардо Деус, климатолог од Португалскиот институт за море и атмосфера.

The post Пеколни температури во април во Шпанија и Португалија appeared first on Република.

]]>
Утрово на едниот дел од државата минусна температура, на другиот вистинска пролет https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utrovo-na-edniot-del-od-drzhavata-minusna-temperatura-na-drugiot-vistinska-prolet/ Sun, 02 Apr 2023 08:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=626217

Утрово е најстудено во Лазарополе, -1 степен, а максимални 10 степени се измерени во Гевгелија. Изминатите 24 часа, пак, највеже дожд наврнал во Маврови Анови, 11 литри на метар квадратен, а најмалку во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Прилеп, Битола, Гевгелија и Дојран, еден литар на единица површина.

Како што информира УХМР, до 08:30 часот температурата била еден степен во Берово и Маврови Анови, 2 во Крива Паланка, 3 во Крушево, 4 во Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Куманово и Дебар, 5 во Прилеп, Струмица, Штип, Виница и Претор, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Демир Капија, како и 9 во Дојран.

До 8 часот утрово водниот талог е 10 литри на метар квадратен во Лазарополе, 8 во Виница и Крива Паланка, 5 во Дебар и на Попова Шапка, 4 во Берово, Охрид и Крушево, 3 во Струмица, како и 2 во Пожаране.

Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степенa.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен слаб дожд и услови за ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне 17 степени.

The post Утрово на едниот дел од државата минусна температура, на другиот вистинска пролет appeared first on Република.

]]>

Утрово е најстудено во Лазарополе, -1 степен, а максимални 10 степени се измерени во Гевгелија. Изминатите 24 часа, пак, највеже дожд наврнал во Маврови Анови, 11 литри на метар квадратен, а најмалку во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Прилеп, Битола, Гевгелија и Дојран, еден литар на единица површина. Како што информира УХМР, до 08:30 часот температурата била еден степен во Берово и Маврови Анови, 2 во Крива Паланка, 3 во Крушево, 4 во Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Куманово и Дебар, 5 во Прилеп, Струмица, Штип, Виница и Претор, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Демир Капија, како и 9 во Дојран. До 8 часот утрово водниот талог е 10 литри на метар квадратен во Лазарополе, 8 во Виница и Крива Паланка, 5 во Дебар и на Попова Шапка, 4 во Берово, Охрид и Крушево, 3 во Струмица, како и 2 во Пожаране. Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степенa. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен слаб дожд и услови за ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне 17 степени.

The post Утрово на едниот дел од државата минусна температура, на другиот вистинска пролет appeared first on Република.

]]>