температура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/temperatura/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 15:19:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png температура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/temperatura/ 32 32 Викендов наутро температурата ќе падне под нула https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vikendov-nautro-temperaturata-ke-padne-pod-nula/ Thu, 17 Oct 2024 15:19:49 +0000 https://republika.mk/?p=828132

Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде утре и за време на викендот. Ќе биде и значително посвежо со услови за слаб локален дожд, а потоа ќе следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Како што информира УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од – 3 до 12 степени, а максималната од 12 до 23 степени.

Од недела ќе има утрински минусни температури. В понеделник и вторник утринската температура ќе биде од – 3 до осум степени, а дневната до 22 степени.

The post Викендов наутро температурата ќе падне под нула appeared first on Република.

]]>

Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде утре и за време на викендот. Ќе биде и значително посвежо со услови за слаб локален дожд, а потоа ќе следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Како што информира УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од – 3 до 12 степени, а максималната од 12 до 23 степени. Од недела ќе има утрински минусни температури. В понеделник и вторник утринската температура ќе биде од – 3 до осум степени, а дневната до 22 степени.

The post Викендов наутро температурата ќе падне под нула appeared first on Република.

]]>
Во Лазарополе минус еден, на Попова Шапка нула степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vo-lazaropole-minus-eden-na-popova-shapka-nula-stepeni/ Mon, 30 Sep 2024 07:36:27 +0000 https://republika.mk/?p=820865

Во Лазарополе утрово се измерени минус еден, а на Попова Шапка нула степени, соопшти УХМР.

Во Скопје е 12 сетпени, а најтопло е во Гевгелија со 15 сетепени.

Во изминатото деноноќие најмногу дож наврнал во Прилеп 21 литар на метар квадратен.

Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70км/ч.)

Максималната температура ќе достигне од 13 до 22 степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.

The post Во Лазарополе минус еден, на Попова Шапка нула степени appeared first on Република.

]]>

Во Лазарополе утрово се измерени минус еден, а на Попова Шапка нула степени, соопшти УХМР. Во Скопје е 12 сетпени, а најтопло е во Гевгелија со 15 сетепени. Во изминатото деноноќие најмногу дож наврнал во Прилеп 21 литар на метар квадратен. Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70км/ч.) Максималната температура ќе достигне од 13 до 22 степени. Во Скопје сончево со мала локална облачност и со засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.

The post Во Лазарополе минус еден, на Попова Шапка нула степени appeared first on Република.

]]>
Водата во Дојранско Езеро 32 степени целзиусови https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vodata-vo-dojransko-ezero-32-stepeni-tselziusovi/ Mon, 15 Jul 2024 13:18:23 +0000 https://republika.mk/?p=797092

Температурата на водата во Дојранското Езеро изнесува 32 степени целзиусови, на Преспанското 29, а на Охридското Езеро 26,5 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Синоптичарите најавуваат дека во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени, поради што до крајот на работнава недела ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневната температура ќе биде во постепено опаѓање, велат од УХМР.

The post Водата во Дојранско Езеро 32 степени целзиусови appeared first on Република.

]]>

Температурата на водата во Дојранското Езеро изнесува 32 степени целзиусови, на Преспанското 29, а на Охридското Езеро 26,5 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Синоптичарите најавуваат дека во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени, поради што до крајот на работнава недела ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневната температура ќе биде во постепено опаѓање, велат од УХМР.

The post Водата во Дојранско Езеро 32 степени целзиусови appeared first on Република.

]]>
Водата на Охридско Езеро 26 степени, а на Преспанско 27,5 https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vodata-na-ohridsko-ezero-26-stepeni-a-na-prespansko-27-5/ Tue, 09 Jul 2024 14:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=795011

Температурата на Дојранското Езеро изнесува 29,5 степени целзиусови, а на Охридското 26, информира УХМР.

Водата, пак, на Преспанското Езеро, според мерењата, е 27,5 степени.

УХМР за наредните денови најавува сончево и многу топло време, со температура над 40 степени.

 

The post Водата на Охридско Езеро 26 степени, а на Преспанско 27,5 appeared first on Република.

]]>

Температурата на Дојранското Езеро изнесува 29,5 степени целзиусови, а на Охридското 26, информира УХМР. Водата, пак, на Преспанското Езеро, според мерењата, е 27,5 степени. УХМР за наредните денови најавува сончево и многу топло време, со температура над 40 степени.  

The post Водата на Охридско Езеро 26 степени, а на Преспанско 27,5 appeared first on Република.

]]>
Измерени рекордни 48,8 степени Целзиусови во Лас Вегас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izmereni-rekordni-48-8-stepeni-tselziusovi-vo-las-vegas/ Mon, 08 Jul 2024 07:24:08 +0000 https://republika.mk/?p=794392

Според Националната метеоролошка служба на САД, во Лас Вегас вчера попладне се измерени рекордни 48.8 степени Целзиусови. Таа цифра е од мерна станица на меѓународниот аеродром Хари Рид од околу 17 часот по локално време. Со тоа е „соборен“ рекордот од 47,2 степена.

Официјалните лица наведуваат дека досега во тој американски град биле измерени високи теператури во 2021, 2017, 2013, 2005 и 1942 година.

На социјални мрежи и на налогот на Националната метеоролошка злужба се прикажани фотографии од инфрацрвен термометар што ја покажува температурата во внатрешност на автомобил на сонце од 217 степени Фаренхајти (102,8 степени Целзиусови).

The post Измерени рекордни 48,8 степени Целзиусови во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>

Според Националната метеоролошка служба на САД, во Лас Вегас вчера попладне се измерени рекордни 48.8 степени Целзиусови. Таа цифра е од мерна станица на меѓународниот аеродром Хари Рид од околу 17 часот по локално време. Со тоа е „соборен“ рекордот од 47,2 степена. Официјалните лица наведуваат дека досега во тој американски град биле измерени високи теператури во 2021, 2017, 2013, 2005 и 1942 година. На социјални мрежи и на налогот на Националната метеоролошка злужба се прикажани фотографии од инфрацрвен термометар што ја покажува температурата во внатрешност на автомобил на сонце од 217 степени Фаренхајти (102,8 степени Целзиусови).

The post Измерени рекордни 48,8 степени Целзиусови во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>
Топлотен бран во Саудиска Арабија, во Мека измерени 51,8 степени, расте бројот на смртни случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/toploten-bran-vo-saudiska-arabija-vo-meka-izmereni-51-8-stepeni-raste-brojot-na-smrtni-sluchai/ Mon, 17 Jun 2024 15:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=788491

Саудиска Арабија денеска предупреди на екстремно високи температури во Мека, каде што се потврдени повеќе од десетина смртни случаи поврзани со жештините за време на аџилакот, а температурите надминуваат 50 степени Целзиусови.

Годишниот аџилак, еден од најголемите верски собири во светот, се одржува оваа година во лето, кога е особено жешко во Саудиска Арабија.

Само вчера имало повеќе од 2.700 случаи со „исцрпеност поради жештина“, објави саудиското Министерство за здравство.

Температурите во Мека денеска, каде што аџиите го завршуваат хаџот, треба да се достигнат 49 степени Целзиусови.

„Денес светите места бележат највисоки температури од почетокот на хаџот и можат да достигнат до 49 степени. Ги советуваме Божјите гости да не се изложуваат на Сонце“, соопшти Министерството, а пренесува државната телевизија.

Саудиската метеоролошка служба објави на платформата „Икс“ дека температурата во Мека достигнала 51,8 степени.

Јорданското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека поради сончаница предизвикана од екстремна жештина починале 14 јордански аџии, а 17 се водат како исчезнати.

Техеран соопшти дека загинале пет ирански аџии, без да ја прецизира причината за нивната смрт. Дакар објави дека загинале тројца сенегалски аџии.

Аџилакот годинава собра речиси 1,8 милиони луѓе, од кои 1,6 милиони од странство, објавија саудиските власти.

The post Топлотен бран во Саудиска Арабија, во Мека измерени 51,8 степени, расте бројот на смртни случаи appeared first on Република.

]]>

Саудиска Арабија денеска предупреди на екстремно високи температури во Мека, каде што се потврдени повеќе од десетина смртни случаи поврзани со жештините за време на аџилакот, а температурите надминуваат 50 степени Целзиусови. Годишниот аџилак, еден од најголемите верски собири во светот, се одржува оваа година во лето, кога е особено жешко во Саудиска Арабија. Само вчера имало повеќе од 2.700 случаи со „исцрпеност поради жештина“, објави саудиското Министерство за здравство. Температурите во Мека денеска, каде што аџиите го завршуваат хаџот, треба да се достигнат 49 степени Целзиусови. „Денес светите места бележат највисоки температури од почетокот на хаџот и можат да достигнат до 49 степени. Ги советуваме Божјите гости да не се изложуваат на Сонце“, соопшти Министерството, а пренесува државната телевизија. Саудиската метеоролошка служба објави на платформата „Икс“ дека температурата во Мека достигнала 51,8 степени. Јорданското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека поради сончаница предизвикана од екстремна жештина починале 14 јордански аџии, а 17 се водат како исчезнати. Техеран соопшти дека загинале пет ирански аџии, без да ја прецизира причината за нивната смрт. Дакар објави дека загинале тројца сенегалски аџии. Аџилакот годинава собра речиси 1,8 милиони луѓе, од кои 1,6 милиони од странство, објавија саудиските власти.

The post Топлотен бран во Саудиска Арабија, во Мека измерени 51,8 степени, расте бројот на смртни случаи appeared first on Република.

]]>
Измерена рекордна температура од 49,9 степени Целзиусови: Делхи вчера гореше https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izmerena-rekordna-temperatura-od-49-9-stepeni-tselziusovi-delhi-vchera-goreshe/ Wed, 29 May 2024 07:34:47 +0000 https://republika.mk/?p=782623

Температурите во главниот град на Индија вчера се искачија на рекордно високи 49,9 степени Целзиусови, соопшти владиното метеоролошки биро.

Индискиот метеоролошки оддел (ИМД), кој извести за „услови со тешки топлотни бранови“, ги забележа температурите на две станици во предградијата на Делхи во Нарела и Мунгешпур. Синоптичарите најавуваат слични температури и денеска.

Во мај 2022 година, делови од Делхи достигнаа 49,2 степени Целзиусови (120,5 Фаренхајти), објавија тогаш индиските медиуми.

The post Измерена рекордна температура од 49,9 степени Целзиусови: Делхи вчера гореше appeared first on Република.

]]>

Температурите во главниот град на Индија вчера се искачија на рекордно високи 49,9 степени Целзиусови, соопшти владиното метеоролошки биро. Индискиот метеоролошки оддел (ИМД), кој извести за „услови со тешки топлотни бранови“, ги забележа температурите на две станици во предградијата на Делхи во Нарела и Мунгешпур. Синоптичарите најавуваат слични температури и денеска. Во мај 2022 година, делови од Делхи достигнаа 49,2 степени Целзиусови (120,5 Фаренхајти), објавија тогаш индиските медиуми.

The post Измерена рекордна температура од 49,9 степени Целзиусови: Делхи вчера гореше appeared first on Република.

]]>
Лето во пролет: Денеска сончево и топло, максимална температура до 28 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/leto-vo-prolet-deneska-sonchevo-i-toplo-maksimalna-temperatura-do-28-stepeni/ Sun, 31 Mar 2024 06:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=760544

Времето денеска ќе биде сончево и топло со максимални температури од 23 до 28 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура до 8 степени и максимална до 27 степени.

Синоптичарите најавуваат сончево и топло време до вторник кога се очекува слаб локален дожд и опаѓање на дневната температура.

The post Лето во пролет: Денеска сончево и топло, максимална температура до 28 степени appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево и топло со максимални температури од 23 до 28 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени. Во Скопје слично време со минимална температура до 8 степени и максимална до 27 степени. Синоптичарите најавуваат сончево и топло време до вторник кога се очекува слаб локален дожд и опаѓање на дневната температура.

The post Лето во пролет: Денеска сончево и топло, максимална температура до 28 степени appeared first on Република.

]]>
Температурата на океаните соборува рекорди, во март биле измерени 21,2 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/temperaturata-na-okeanite-soboruva-rekordi-vo-mart-bile-izmereni-21-2-stepeni/ Tue, 19 Mar 2024 11:49:56 +0000 https://republika.mk/?p=756281

Њујорк, 19 март 2024 (МИА) - Просечната дневна температура на површината на океаните во светот во март го собори рекордот поставен во 2023 година, достигнувајќи ја „највисоката температура досега забележана“ од 21,2 степени.

Според податоците од Климатскиот реанализатор на Универзитетот во Мејн и Националната океанска и атмосферска администрација на САД (NOAA), глобалното затоплување исто така доведе до зголемување на температурите на површината на океаните.

Според податоците, највисоката температура на океаните во 2023 година е измерена во август од 21,1 степен, додека овогодинешниот рекорд на температурата на површината на океанот од 21,2 степени е соборен уште во март.

Вработен во NOAA, Грегори С. Џонсон изјави за Си-Ен-Ен дека просечната глобална температура на океаните измерена во 2023 година е за 0,25 степени повисока отколку во 2022 година, а ова зголемување одговара на 20 години затоплување за една година.

Џонсон изјави дека очекуваат овие рекордни температури да продолжат да се бележат со зголемување на концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата.

 

The post Температурата на океаните соборува рекорди, во март биле измерени 21,2 степени appeared first on Република.

]]>

Њујорк, 19 март 2024 (МИА) - Просечната дневна температура на површината на океаните во светот во март го собори рекордот поставен во 2023 година, достигнувајќи ја „највисоката температура досега забележана“ од 21,2 степени. Според податоците од Климатскиот реанализатор на Универзитетот во Мејн и Националната океанска и атмосферска администрација на САД (NOAA), глобалното затоплување исто така доведе до зголемување на температурите на површината на океаните. Според податоците, највисоката температура на океаните во 2023 година е измерена во август од 21,1 степен, додека овогодинешниот рекорд на температурата на површината на океанот од 21,2 степени е соборен уште во март. Вработен во NOAA, Грегори С. Џонсон изјави за Си-Ен-Ен дека просечната глобална температура на океаните измерена во 2023 година е за 0,25 степени повисока отколку во 2022 година, а ова зголемување одговара на 20 години затоплување за една година. Џонсон изјави дека очекуваат овие рекордни температури да продолжат да се бележат со зголемување на концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата.  

The post Температурата на океаните соборува рекорди, во март биле измерени 21,2 степени appeared first on Република.

]]>
Рекорден пад на температурата регистриран во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rekorden-pad-na-temperaturata-registriran-vo-sad/ Thu, 29 Feb 2024 10:47:56 +0000 https://republika.mk/?p=749587

Во американската држава Висконсин температурата се намали за повеќе од 30 степени Целзиусови во рок од 24 часа, што е рекорден пад на температурата во САД, соопшти Националната метеоролошка служба (НБЦ).

Во градот Медисон во вторникот беше сончево и температурата беше 21,1 Целзиусови степени, додека во средата наутро беше 11,7 степени под нулата, со што беше израмнет 113-годишниот рекорд за ненадејна промена на температурата на воздухот во САД.

Си-Би-Ес наведува дека историските податоци за температурата се нецелосни, па не може да се каже дали сепак ова е рекорд.

Според НБЦ, Висконсин овој месец имал невообичаено топла зима, а просечните температури овој и минатиот месец се движат околу 13 степени под нулата.

The post Рекорден пад на температурата регистриран во САД appeared first on Република.

]]>

Во американската држава Висконсин температурата се намали за повеќе од 30 степени Целзиусови во рок од 24 часа, што е рекорден пад на температурата во САД, соопшти Националната метеоролошка служба (НБЦ). Во градот Медисон во вторникот беше сончево и температурата беше 21,1 Целзиусови степени, додека во средата наутро беше 11,7 степени под нулата, со што беше израмнет 113-годишниот рекорд за ненадејна промена на температурата на воздухот во САД. Си-Би-Ес наведува дека историските податоци за температурата се нецелосни, па не може да се каже дали сепак ова е рекорд. Според НБЦ, Висконсин овој месец имал невообичаено топла зима, а просечните температури овој и минатиот месец се движат околу 13 степени под нулата.

The post Рекорден пад на температурата регистриран во САД appeared first on Република.

]]>
Ноќното потење, температурата и слабеењето може да се симптоми на рак https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/noknoto-potene-temperaturata-i-slabeeneto-mozhe-da-se-simptomi-na-rak/ Sun, 25 Feb 2024 15:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=748168

Зголемено ноќно потење, покачена телесна температура и губење на тежината кои не се придружени со режим на исхрана, а што е 10 отсто од губењето на телесната тежина за шест месеци, се симптоми кои можат да бидат придружни кај сите малигни заболувања, наведува д-р Данијела Лековиќ, раководителот на Дневната болница на Клиниката за хематологија, Србија, пишува „Еуроњус“.

Покрај овие симптоми, д-р Лековиќ за „Танјуг“ изјави дека има и помалку специфични симптоми кои може да се видат како дел од хематолошки малигни заболувања, како што се промени во циркулацијата кога има трпнење во прстите, главоболка, несвестица, како и аквагено чешање кое се засилува после капење.

Чешање кое нема промени на кожата каде што дерматолог не ја нашол причината, доколку постои, треба да се види од надлежен лекар и да се види дали има зголемени лимфни жлезди и каква е крвната слика.

Како што објаснува таа, густата крвна болест или полицитемија вера е болест на коскената срцевина, каде што коскената срцевина поради мутација стекната во текот на животот профилира поголем број црвени крвни зрнца, а може да биде придружена со зголемени бели крвни зрнца и леукоцити, како и зголемени крвни тромбоцити, односно тромбоцити.

Лековиќ вели дека светската препорака на хематолозите е да се прави мала лабораториска анализа на крвта двапати годишно, а комплетна биохемиска анализа еднаш годишно, бидејќи резултатите можат да ја одразуваат состојбата на организмот, особено ако крвните елементи се во вишок и седиментацијата и ЦРП се нормални.

„Доколку се повторат и после еден месец, дефинитивно бараат преглед кај хематолог. Граничните вредности се ако бројот на леукоцити е двојно зголемен во однос на нормалните вредности, хемоглобинот кај жените да е повисок од 160, кај мажите 165 грама на литар и дека бројот на тромбоцити е поголем од 600 во најмалку две мерења“, изјави таа.

 

The post Ноќното потење, температурата и слабеењето може да се симптоми на рак appeared first on Република.

]]>

Зголемено ноќно потење, покачена телесна температура и губење на тежината кои не се придружени со режим на исхрана, а што е 10 отсто од губењето на телесната тежина за шест месеци, се симптоми кои можат да бидат придружни кај сите малигни заболувања, наведува д-р Данијела Лековиќ, раководителот на Дневната болница на Клиниката за хематологија, Србија, пишува „Еуроњус“. Покрај овие симптоми, д-р Лековиќ за „Танјуг“ изјави дека има и помалку специфични симптоми кои може да се видат како дел од хематолошки малигни заболувања, како што се промени во циркулацијата кога има трпнење во прстите, главоболка, несвестица, како и аквагено чешање кое се засилува после капење. Чешање кое нема промени на кожата каде што дерматолог не ја нашол причината, доколку постои, треба да се види од надлежен лекар и да се види дали има зголемени лимфни жлезди и каква е крвната слика. Како што објаснува таа, густата крвна болест или полицитемија вера е болест на коскената срцевина, каде што коскената срцевина поради мутација стекната во текот на животот профилира поголем број црвени крвни зрнца, а може да биде придружена со зголемени бели крвни зрнца и леукоцити, како и зголемени крвни тромбоцити, односно тромбоцити. Лековиќ вели дека светската препорака на хематолозите е да се прави мала лабораториска анализа на крвта двапати годишно, а комплетна биохемиска анализа еднаш годишно, бидејќи резултатите можат да ја одразуваат состојбата на организмот, особено ако крвните елементи се во вишок и седиментацијата и ЦРП се нормални. „Доколку се повторат и после еден месец, дефинитивно бараат преглед кај хематолог. Граничните вредности се ако бројот на леукоцити е двојно зголемен во однос на нормалните вредности, хемоглобинот кај жените да е повисок од 160, кај мажите 165 грама на литар и дека бројот на тромбоцити е поголем од 600 во најмалку две мерења“, изјави таа.  

The post Ноќното потење, температурата и слабеењето може да се симптоми на рак appeared first on Република.

]]>
Јануари 2024 година најтоплиот во историјата на мерењето на температурата https://arhiva3.republika.mk/zivot/januari-2024-godina-najtopliot-vo-istorijata-na-mereneto-na-temperaturata/ Thu, 15 Feb 2024 18:16:58 +0000 https://republika.mk/?p=744541

Јануари 2024 година е најтоплиот во историјата на набљудувањата на времето и климата, објави денеска Светската метеоролошка организација (СМО).

-Трендот на уривање рекорди што беше забележан во поголемиот дел од 2023 година продолжи и во 2024 година - јануари беше најтоплиот јануари досега, соопшти организацијата.

Според СМО, тоа е осми месец по ред кој е најтопол досега.

-Температурите на површината на морето се на рекордно високо ниво, десет месеци по ред, соопшти СМО.

Просечната месечна температура на воздухот била за 1,66 степени повисока од јануарски просек во периодот од 1850-1900 година, додека во периодот од 1991-2020 година била 0,70 степени над просекот за јануари.

Според податоците на Службата за климатски промени Коперникус, во споредба со температурата од претходниот најтопол јануари 2020 година, просечната месечна температура беше над 0,12 степени.

Организацијата ги наведе податоците добиени од американската Национална администрација за океани и атмосфера НОАА (NOAA), НАСА, службата за климатски промени Коперникус на Европската унија и Јапонската метеоролошка агенција.

The post Јануари 2024 година најтоплиот во историјата на мерењето на температурата appeared first on Република.

]]>

Јануари 2024 година е најтоплиот во историјата на набљудувањата на времето и климата, објави денеска Светската метеоролошка организација (СМО). -Трендот на уривање рекорди што беше забележан во поголемиот дел од 2023 година продолжи и во 2024 година - јануари беше најтоплиот јануари досега, соопшти организацијата. Според СМО, тоа е осми месец по ред кој е најтопол досега. -Температурите на површината на морето се на рекордно високо ниво, десет месеци по ред, соопшти СМО. Просечната месечна температура на воздухот била за 1,66 степени повисока од јануарски просек во периодот од 1850-1900 година, додека во периодот од 1991-2020 година била 0,70 степени над просекот за јануари. Според податоците на Службата за климатски промени Коперникус, во споредба со температурата од претходниот најтопол јануари 2020 година, просечната месечна температура беше над 0,12 степени. Организацијата ги наведе податоците добиени од американската Национална администрација за океани и атмосфера НОАА (NOAA), НАСА, службата за климатски промени Коперникус на Европската унија и Јапонската метеоролошка агенција.

The post Јануари 2024 година најтоплиот во историјата на мерењето на температурата appeared first on Република.

]]>
Пролет во зима: Сончево и релативно топло, до 17 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/prolet-vo-zima-sonchevo-i-relativno-toplo-do-17-stepeni/ Sun, 04 Feb 2024 07:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=740122

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 14 степени.

Според УХМР, продолжува периодот на стабилно и суво време со пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

The post Пролет во зима: Сончево и релативно топло, до 17 степени appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 14 степени. Според УХМР, продолжува периодот на стабилно и суво време со пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

The post Пролет во зима: Сончево и релативно топло, до 17 степени appeared first on Република.

]]>
Франција издаде црвено предупредување за југот на земјата, температурата ќе достигне до 41 степен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-izdade-tsrveno-predupreduvane-za-jugot-na-zemjata-temperaturata-ke-dostigne-do-41-stepen/ Tue, 22 Aug 2023 07:30:31 +0000 https://republika.mk/?p=674417

Франција издаде црвено предупредување за јужните региони поради екстремно топлото време, а температурите се очекуваат да достигнат до 41 Целзиусов степен во долината на Рона.

Предупредувањето им дозволува на локалните власти да откажат спортски и културни настани и да ги затворат јавните простори доколку е потребно.

Департманите погодени од црвениот аларм, ги вклучуваат Рона, Дрон, Ардеш и Горна Лоара, соопшти Метео Франс.

Француската метеоролошка служба веќе шести пат издава црвено предупредување како дел од владината програма за заштита на населението при екстремни временски услови, но ова е првпат годинава.

-Подготвени сме за ваков вид метеоролошки настан. Само се подготвуваме за превенција. Нашата порака до населението е максимална претпазливост.

Се очекува дека температурите денеска ќе се искачуваат меѓу 40 и 42 степена во јужните делови, изјави министерот за здравство Орелиен Русо.

The post Франција издаде црвено предупредување за југот на земјата, температурата ќе достигне до 41 степен appeared first on Република.

]]>

Франција издаде црвено предупредување за јужните региони поради екстремно топлото време, а температурите се очекуваат да достигнат до 41 Целзиусов степен во долината на Рона. Предупредувањето им дозволува на локалните власти да откажат спортски и културни настани и да ги затворат јавните простори доколку е потребно. Департманите погодени од црвениот аларм, ги вклучуваат Рона, Дрон, Ардеш и Горна Лоара, соопшти Метео Франс. Француската метеоролошка служба веќе шести пат издава црвено предупредување како дел од владината програма за заштита на населението при екстремни временски услови, но ова е првпат годинава. -Подготвени сме за ваков вид метеоролошки настан. Само се подготвуваме за превенција. Нашата порака до населението е максимална претпазливост. Се очекува дека температурите денеска ќе се искачуваат меѓу 40 и 42 степена во јужните делови, изјави министерот за здравство Орелиен Русо.

The post Франција издаде црвено предупредување за југот на земјата, температурата ќе достигне до 41 степен appeared first on Република.

]]>
Температурата на површината на океаните се искачи на 20,96 степени Целзиусови https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/temperaturata-na-povrshinata-na-okeanite-se-iskachi-na-20-96-stepeni-tselziusovi/ Thu, 10 Aug 2023 07:19:41 +0000 https://republika.mk/?p=670591

Температурата на површината на океанот во петокот се искачи на 20,96 степени Целзиусови, покажуваат податоците на климатската опсерваторија на Европската унија.

Последниот рекорд од 20,95 степени е забележан во март 2016 година, изјави портпаролката на агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперник.

Меѓу тестираните примероци нема ниту еден од поларните региони.

Океаните апсорбираат 90 отсто од вишокот топлина создадена од човековата активност од почетокот на индустриската ера, предупредуваат научниците.

Таа топлина продолжува да се акумулира додека стакленички гасови, главно од согорувањето на нафта, гас и јаглен, се собираат во атмосферата на Земјата.

Просечната температура на океаните од април ги урива сезонските рекорди ширум светот.

„Топлинскиот бран на океанот е непосредна закана за некои морски животни“, рече Пирс Форстер од Меѓународниот центар за клима на Универзитетот во Лидс.

„Веќе сме сведоци на директен резултат од избелувањето на коралите во Флорида и очекувам да се појават повеќе последици“, додаде тој.

Се предвидува дека затоплувањето на океаните ќе има други влијанија врз подводниот живот, вклучувајќи ја миграцијата на одредени видови и ширењето на инвазивните видови. Ова може да ги загрози рибните резерви, а со тоа и безбедноста на храната во делови од светот

The post Температурата на површината на океаните се искачи на 20,96 степени Целзиусови appeared first on Република.

]]>

Температурата на површината на океанот во петокот се искачи на 20,96 степени Целзиусови, покажуваат податоците на климатската опсерваторија на Европската унија. Последниот рекорд од 20,95 степени е забележан во март 2016 година, изјави портпаролката на агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперник.
Меѓу тестираните примероци нема ниту еден од поларните региони. Океаните апсорбираат 90 отсто од вишокот топлина создадена од човековата активност од почетокот на индустриската ера, предупредуваат научниците. Таа топлина продолжува да се акумулира додека стакленички гасови, главно од согорувањето на нафта, гас и јаглен, се собираат во атмосферата на Земјата. Просечната температура на океаните од април ги урива сезонските рекорди ширум светот. „Топлинскиот бран на океанот е непосредна закана за некои морски животни“, рече Пирс Форстер од Меѓународниот центар за клима на Универзитетот во Лидс. „Веќе сме сведоци на директен резултат од избелувањето на коралите во Флорида и очекувам да се појават повеќе последици“, додаде тој. Се предвидува дека затоплувањето на океаните ќе има други влијанија врз подводниот живот, вклучувајќи ја миграцијата на одредени видови и ширењето на инвазивните видови. Ова може да ги загрози рибните резерви, а со тоа и безбедноста на храната во делови од светот

The post Температурата на површината на океаните се искачи на 20,96 степени Целзиусови appeared first on Република.

]]>
Пеколно во Аризона: Температурата не се спушта под 43 °C веќе 31 ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pekolno-vo-arizona-temperaturata-ne-se-spushta-pod-43-c-veke-31-den/ Tue, 01 Aug 2023 07:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=667480

Температурата не се спушта под 43 степени Целзиусови 31 ден по ред во Феникс, главниот град на Аризона. Рекорди за температура се забележани низ целата земја. Топлотниот бран низ САД усмрти десетици луѓе.

Јули беше толку топол што научниците предвидуваа дека ќе биде најтоплиот месец досега, а Светската метеоролошка организација и Службата за климатски промени на ЕУ го прогласија за рекордно топол месец, пренесува Voice of America. Шумски пожари беснеат низ САД, а жителите се евакуирани во некои делови од земјата.

- Едноставно кажано – топлината убива. Кога ќе започне топлотен бран, првите жртви се случуваат во рок од 24 часа - вели Кристи Еби од Универзитетот во Вашингтон.

Во Феникс се очекуваат невреме кои би можеле малку да ја намалат температурата, но тоа ќе биде краткотрајно бидејќи веќе од среда се прогнозира температурата да се искачи до 46 Целзиусови степени.

Феникс има рекордни температури и во ноќните часови, бидејќи 16 ноќи по ред не се спуштиле под 32,2 степени Целзиусови. Екстремни горештини се забележани и во источниот дел на САД, каде на места се забележани и рекордни температури.

 

The post Пеколно во Аризона: Температурата не се спушта под 43 °C веќе 31 ден appeared first on Република.

]]>

Температурата не се спушта под 43 степени Целзиусови 31 ден по ред во Феникс, главниот град на Аризона. Рекорди за температура се забележани низ целата земја. Топлотниот бран низ САД усмрти десетици луѓе. Јули беше толку топол што научниците предвидуваа дека ќе биде најтоплиот месец досега, а Светската метеоролошка организација и Службата за климатски промени на ЕУ го прогласија за рекордно топол месец, пренесува Voice of America. Шумски пожари беснеат низ САД, а жителите се евакуирани во некои делови од земјата. - Едноставно кажано – топлината убива. Кога ќе започне топлотен бран, првите жртви се случуваат во рок од 24 часа - вели Кристи Еби од Универзитетот во Вашингтон. Во Феникс се очекуваат невреме кои би можеле малку да ја намалат температурата, но тоа ќе биде краткотрајно бидејќи веќе од среда се прогнозира температурата да се искачи до 46 Целзиусови степени. Феникс има рекордни температури и во ноќните часови, бидејќи 16 ноќи по ред не се спуштиле под 32,2 степени Целзиусови. Екстремни горештини се забележани и во источниот дел на САД, каде на места се забележани и рекордни температури.  

The post Пеколно во Аризона: Температурата не се спушта под 43 °C веќе 31 ден appeared first on Република.

]]>
Температурата на Атлантски Океан околу Флорида се искачи над 38 степени Целзиусови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/temperaturata-na-atlantski-okean-okolu-florida-se-iskachi-nad-38-stepeni-tselziusovi/ Wed, 26 Jul 2023 07:54:07 +0000 https://republika.mk/?p=665398

Температурата на површината на Атлантски Океан околу Флорида Кијс оваа недела се искачи на 38,44 Целзиусови степени или достигна ниво на „топла када“, бидејќи нормалните температури на водата во областа овој период од годината треба да бидат помеѓу 23 и 31 Целзиусови степени, објави Националната управа за океани и атмосфера (НОАА).

Зголемениот интензитет лоши временски услови и на копно и во океаните се симптоматични за глобалните климатски промени поттикнати од човекот.

Светската метеоролошка организација предупреди дека температурите на морето како оние во Јужна Флорида може да бидат смртоносни за морскиот живот и да ги загрозат океанските екосистеми, како и да влијаат на резервите на храна и егзистенцијата на луѓето.

Претходно, НОАА предупреди дека потоплата вода околу Флорида може да ги засили тропски бури и урагани, кои генерираат повеќе енергија над топлите води. Зголемените температури, исто така, сериозно ги оптоваруваат коралните гребени.

The post Температурата на Атлантски Океан околу Флорида се искачи над 38 степени Целзиусови appeared first on Република.

]]>

Температурата на површината на Атлантски Океан околу Флорида Кијс оваа недела се искачи на 38,44 Целзиусови степени или достигна ниво на „топла када“, бидејќи нормалните температури на водата во областа овој период од годината треба да бидат помеѓу 23 и 31 Целзиусови степени, објави Националната управа за океани и атмосфера (НОАА). Зголемениот интензитет лоши временски услови и на копно и во океаните се симптоматични за глобалните климатски промени поттикнати од човекот. Светската метеоролошка организација предупреди дека температурите на морето како оние во Јужна Флорида може да бидат смртоносни за морскиот живот и да ги загрозат океанските екосистеми, како и да влијаат на резервите на храна и егзистенцијата на луѓето. Претходно, НОАА предупреди дека потоплата вода околу Флорида може да ги засили тропски бури и урагани, кои генерираат повеќе енергија над топлите води. Зголемените температури, исто така, сериозно ги оптоваруваат коралните гребени.

The post Температурата на Атлантски Океан околу Флорида се искачи над 38 степени Целзиусови appeared first on Република.

]]>
Изладете ја собата: Невролог ја открива тајната на добриот сон https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/izladete-ja-sobata-nevrolog-ja-otkriva-tajnata-na-dobriot-son/ Fri, 19 May 2023 13:00:14 +0000 https://republika.mk/?p=642686

Ако имате проблеми со спиењето, веројатно сте ги испробале сите трикови.

Меѓутоа, постои една работа која повеќето ја занемаруваат: температурата во вашата спална соба. Неврологот Крис Винтер вели дека одржувањето на спалната соба студена прави голема разлика.

„The Sleep Foundation“ препорачува температурата во спалната соба да биде помеѓу 15 и 20 Целзиусови степени. За споредба, просечната температура во домот обично е помеѓу 21 и 27 Целзиусови степени.

Можеби сте забележале дека, кога ќе се разбудите, стапалата ви се надвор од прекривката. Вашето тело со тоа се обидува природно да ја регулира температурата“, вели д-р Винтер.

Одржувањето на спалната соба студена помага во намалување на телесната температура, што ви овозможува полесно да „потонете“ во сон.

Во текот на РЕМ фазата, телото престанува да го контролира потењето и треперењето. Претерано топлата просторија доведува до пократка РЕМ фаза, што може да доведе до потешкотии во станувањето наутро - објаснил докторот.

Затоа, пред спиењето добро разладете ја вашата спална соба. Постојат и душеци кои разладуваат, како и перници кои ќе ви помогнат полесно да заспиете.

The post Изладете ја собата: Невролог ја открива тајната на добриот сон appeared first on Република.

]]>

Ако имате проблеми со спиењето, веројатно сте ги испробале сите трикови. Меѓутоа, постои една работа која повеќето ја занемаруваат: температурата во вашата спална соба. Неврологот Крис Винтер вели дека одржувањето на спалната соба студена прави голема разлика. „The Sleep Foundation“ препорачува температурата во спалната соба да биде помеѓу 15 и 20 Целзиусови степени. За споредба, просечната температура во домот обично е помеѓу 21 и 27 Целзиусови степени. Можеби сте забележале дека, кога ќе се разбудите, стапалата ви се надвор од прекривката. Вашето тело со тоа се обидува природно да ја регулира температурата“, вели д-р Винтер. Одржувањето на спалната соба студена помага во намалување на телесната температура, што ви овозможува полесно да „потонете“ во сон. Во текот на РЕМ фазата, телото престанува да го контролира потењето и треперењето. Претерано топлата просторија доведува до пократка РЕМ фаза, што може да доведе до потешкотии во станувањето наутро - објаснил докторот. Затоа, пред спиењето добро разладете ја вашата спална соба. Постојат и душеци кои разладуваат, како и перници кои ќе ви помогнат полесно да заспиете.

The post Изладете ја собата: Невролог ја открива тајната на добриот сон appeared first on Република.

]]>
На втори јануари температурата до 17 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/na-vtori-januari-temperaturata-do-17-stepeni/ Mon, 02 Jan 2023 07:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=592693

Сончево време со мала до умерена облачност во поголемиот дел од државата најавува УХМР за денеска. Во одредени котлини и долж Поварадарието ќе има и магла која попладне ќе се намали.

Минималната температура ќе се движи во интервал од минус-4 до 3, а максималната од 9 до 17. Во местата со магла температурата ќе се движи од 5 до 7 степени.

Во Скопје во поголем дел од денот ќе има магла, која попладне краткотрајно и делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

За овој период синоптичарите најавуваат стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури.

Утре попладне се очекува да дува умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието, кој ќе продолжи и во среда, поради што преодно ќе се намалат условите за магла.

 

The post На втори јануари температурата до 17 степени appeared first on Република.

]]>

Сончево време со мала до умерена облачност во поголемиот дел од државата најавува УХМР за денеска. Во одредени котлини и долж Поварадарието ќе има и магла која попладне ќе се намали. Минималната температура ќе се движи во интервал од минус-4 до 3, а максималната од 9 до 17. Во местата со магла температурата ќе се движи од 5 до 7 степени. Во Скопје во поголем дел од денот ќе има магла, која попладне краткотрајно и делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени. За овој период синоптичарите најавуваат стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури. Утре попладне се очекува да дува умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието, кој ќе продолжи и во среда, поради што преодно ќе се намалат условите за магла.  

The post На втори јануари температурата до 17 степени appeared first on Република.

]]>
Температурите утре до 42 степени: Македонија во портокалова фаза, не излегувајте од дома доколку немате потреба https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/temperaturite-utre-do-42-stepeni-makedonija-vo-portokalova-faza-ne-izleguvajte-od-doma-dokolku-nemate-potreba/ Thu, 18 Aug 2022 20:23:37 +0000 https://republika.mk/?p=541806

Утре ќе биде сончево и многу топло.

Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени. УВ=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во делови од котлината услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Утре од ноќните часови и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите значително ќе се намалат, велат од УХМР.

The post Температурите утре до 42 степени: Македонија во портокалова фаза, не излегувајте од дома доколку немате потреба appeared first on Република.

]]>

Утре ќе биде сончево и многу топло. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени. УВ=8 Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во делови од котлината услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени. Утре од ноќните часови и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите значително ќе се намалат, велат од УХМР.

The post Температурите утре до 42 степени: Македонија во портокалова фаза, не излегувајте од дома доколку немате потреба appeared first on Република.

]]>