Темишвар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/temishvar/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Feb 2024 08:20:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Темишвар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/temishvar/ 32 32 Полна сала и овации за Симон Трпчески во Темишвар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/polna-sala-i-ovatsii-za-simon-trpcheski-vo-temishvar/ Tue, 13 Feb 2024 08:19:51 +0000 https://republika.mk/?p=743469

Ви благодарам за топлите овации од полната сала во Темишвар на мојот прв концерт со Банатул Филармонија!

До следниот!, напиша маестро Симон Трпчески по прекрасниот концерт во Темишвар.

The post Полна сала и овации за Симон Трпчески во Темишвар appeared first on Република.

]]>

Ви благодарам за топлите овации од полната сала во Темишвар на мојот прв концерт со Банатул Филармонија! До следниот!, напиша маестро Симон Трпчески по прекрасниот концерт во Темишвар.

The post Полна сала и овации за Симон Трпчески во Темишвар appeared first on Република.

]]>
Веспрем, Темишвар и Елевсина ќе бидат европски престолнини на културата во 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vesprem-temishvar-i-elevsina-ke-bidat-evropski-prestolnini-na-kulturata-vo-2023-godina/ Sat, 31 Dec 2022 09:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=592204

Веспрем во Унгарија, Темишвар во Романија и Елевсина во Грција ќе ја делат титулата Европска престолнина на културата во 2023 година. Овие градови ја преземаат ваквата чест од Каунас, Еш и Нови Сад кои во 2022 година го славеа европското културно наследство.

Грција по четврти пат ќе биде домаВакво именување досега имаа Атина во 1985, Солун во 1997 и Патра во 2006 година. Овојпат е Елевсина – родното место на старогрчкиот трагичар Есхил, град кој е спој на античка слава и индустриски развој.

Програмата насловена „Мистерии на транзицијата“ е инспирирана од Елевсинските мистерии – мистични ритуали во антиката што се одржувале во чест на божицата на земјоделството Деметра и нејзината ќерка Персефона, со кои се славело човечкото поврзување со природата и циклусот на животот. Како што е опишано во митот за Персефона, таа слегувала во подземјето и се враќала на земјата секоја година, во вечна транзиција. Повеќе од две илјади години Елевсинските мистерии се одржувале секој септември, славејќи ја промената на годишните времиња, нудејќи визија за вечен живот и триумф над смртта.

Лоциран дваесетина километри западно од Атина, градот Елевсина од 19 век се трансформирал во еден од најголемите индустриски центри во Грција. Фабриките кои повеќе не се во функција станале згради што ќе бидат домаќини на современата индустриска и технолошка историја на градот.

Проектот Европска престолнина на културата 2023 се обидува да ја открие невидливата страна на Елевсина, означувајќи нова ера за градот и неговата транзиција кон нов модел на развој.

Со својот археолошки локалитет, старото пристаниште и голем број напуштени фабрички згради, кои во некои случаи се трансформираат во културни локалитети, Елевсина е град музеј кој покажува динамика и ентузијазам, наведуваат креаторите на програмата.

Еден од најстарите унгарски градови – Веспрем во 2023 година ќе биде Европска престолнина на културата, заедно со регионот на езерото Балатон и планинскиот предел Бакони. Според организаторите, проектот е можност да се прикажат вековните традиции, културната разновидност, гастрономијата и природните убавини на Веспрем, а неговиот епитет „град на кралиците“ да биде дополнет со заштитен знак: „град на културата“.

Тие нагласуваат дека  поддржуваат иновативни инвестиции кои долгорочно ќе ја подобрат туристичката и културната привлечност на Веспрем и регионот, така што процесите и настаните почнати со проектот Европска престолнина на културата да продолжат да функционираат и по 2023 година.

Почетокот на програмската година е најавен за 21 јануари 2023 кога ќе бидат одбележани 200 години од поемата „Химна“ на Ференц Келчеи – текстот на унгарската химна.

Врвот на настанот на отворањето ќе биде Shine Veszprém! – речиси едночасовна продукција која ќе се состои од серија последователни и поврзани танцови изведби, музички настани и визуелни ефекти, а големото шоу, кое се очекува да привлече десетици илјади луѓе, ќе се затвори со ноќен уличен бал. Свеченостите ќе продолжат наредниот ден (22 јануари) кога се одбележува Денот на унгарската култура.

Би сакале да покажеме дека традицијата, историската меморија на едно место, не е нужно носталгија за минатото, туку живо наследство, жива сила на идентитетот во сегашноста. Во текот на годината ќе подготвуваме и голем број големи програми кои ќе го привлечат националното, па дури и европското внимание, истовремено зајакнувајќи ја традицијата на фестивали и настани во Веспрем и регионот, велат организаторите на програмата Веспрем 2023.

Мултиетничкиот Темишвар во Романија, некогашниот мост меѓу Австро-унгарската империја и Југоисточна Европа и од 1880 до 1914 година најважниот индустриски, комерцијален, финансиски и културен град во регионот Банат, ќе се претстави со програма чија цел е да се поттикне граѓанската енергија.

Мотото на програмата е „Shine your light – Light up your city!” и има симболика и во историски контекст – во 1884 година Темишвар бил првиот град во континентална Европа со електрично улично осветлување, во 1989 година, пак, на улиците на овој град се „запалија“ искрите на револуцијата против режимот на Чаушеску.

Светлината одигра голема улога во историјата на Темишвар, и од практична, и од симболична гледна точка. Со текот на времето, докажавме дека можеме да иницираме трансформации во клучни моменти. Нашата цел е да го вратиме капацитетот на граѓаните да иницираат промени и да придонесат за ревитализирана Европа… Мотото е, всушност, покана за двојна мобилизација: од една страна повик до граѓаните да се осмелат да ги искажат своите вредности и ставови, а од друга – со оваа светлина да ја отстранат темнината и пасивноста околу нив преку граѓански процес поттикнат од културата, најавуваат организаторите на програмата.

Проектот „Европска престолнина на културата“ почна во 1985 година на иницијатива на Мелина Меркури, тогашната министерка за култура на Грција. Градовите се избираат врз основа на културна програма која мора да има силна европска димензија, да го промовира учеството и активното вклучување на жителите на градот, заедниците и различни засегнати страни за да придонесе за долгорочен развој на градот и околниот регион.

Целта на иницијативата е да ги заштити и промовира разновидноста на културите во Европа, да го прошири пристапот и учеството во културата, да ги зајакне капацитетите на културниот сектор и да го подигне меѓународниот профил на градовите преку културата. Титулата е и можност за градовите да го сменат својот имиџ, да се стават на светската мапа и преку културата да промовираат одржлив туризам.

Според листата на Европската комисија, во 2024 година титулата Европска престолнина на културата ќе ја делат градовите Бад Ишл во Австија, Тарту во Естонија и Бодо во Норвешка. Во 2025 година градови на европската култура ќе бидат Кемниц во Германија и Нова Горица во Словенија.

The post Веспрем, Темишвар и Елевсина ќе бидат европски престолнини на културата во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Веспрем во Унгарија, Темишвар во Романија и Елевсина во Грција ќе ја делат титулата Европска престолнина на културата во 2023 година. Овие градови ја преземаат ваквата чест од Каунас, Еш и Нови Сад кои во 2022 година го славеа европското културно наследство. Грција по четврти пат ќе биде домаВакво именување досега имаа Атина во 1985, Солун во 1997 и Патра во 2006 година. Овојпат е Елевсина – родното место на старогрчкиот трагичар Есхил, град кој е спој на античка слава и индустриски развој. Програмата насловена „Мистерии на транзицијата“ е инспирирана од Елевсинските мистерии – мистични ритуали во антиката што се одржувале во чест на божицата на земјоделството Деметра и нејзината ќерка Персефона, со кои се славело човечкото поврзување со природата и циклусот на животот. Како што е опишано во митот за Персефона, таа слегувала во подземјето и се враќала на земјата секоја година, во вечна транзиција. Повеќе од две илјади години Елевсинските мистерии се одржувале секој септември, славејќи ја промената на годишните времиња, нудејќи визија за вечен живот и триумф над смртта. Лоциран дваесетина километри западно од Атина, градот Елевсина од 19 век се трансформирал во еден од најголемите индустриски центри во Грција. Фабриките кои повеќе не се во функција станале згради што ќе бидат домаќини на современата индустриска и технолошка историја на градот. Проектот Европска престолнина на културата 2023 се обидува да ја открие невидливата страна на Елевсина, означувајќи нова ера за градот и неговата транзиција кон нов модел на развој.
Со својот археолошки локалитет, старото пристаниште и голем број напуштени фабрички згради, кои во некои случаи се трансформираат во културни локалитети, Елевсина е град музеј кој покажува динамика и ентузијазам, наведуваат креаторите на програмата.
Еден од најстарите унгарски градови – Веспрем во 2023 година ќе биде Европска престолнина на културата, заедно со регионот на езерото Балатон и планинскиот предел Бакони. Според организаторите, проектот е можност да се прикажат вековните традиции, културната разновидност, гастрономијата и природните убавини на Веспрем, а неговиот епитет „град на кралиците“ да биде дополнет со заштитен знак: „град на културата“. Тие нагласуваат дека  поддржуваат иновативни инвестиции кои долгорочно ќе ја подобрат туристичката и културната привлечност на Веспрем и регионот, така што процесите и настаните почнати со проектот Европска престолнина на културата да продолжат да функционираат и по 2023 година. Почетокот на програмската година е најавен за 21 јануари 2023 кога ќе бидат одбележани 200 години од поемата „Химна“ на Ференц Келчеи – текстот на унгарската химна. Врвот на настанот на отворањето ќе биде Shine Veszprém! – речиси едночасовна продукција која ќе се состои од серија последователни и поврзани танцови изведби, музички настани и визуелни ефекти, а големото шоу, кое се очекува да привлече десетици илјади луѓе, ќе се затвори со ноќен уличен бал. Свеченостите ќе продолжат наредниот ден (22 јануари) кога се одбележува Денот на унгарската култура.
Би сакале да покажеме дека традицијата, историската меморија на едно место, не е нужно носталгија за минатото, туку живо наследство, жива сила на идентитетот во сегашноста. Во текот на годината ќе подготвуваме и голем број големи програми кои ќе го привлечат националното, па дури и европското внимание, истовремено зајакнувајќи ја традицијата на фестивали и настани во Веспрем и регионот, велат организаторите на програмата Веспрем 2023.
Мултиетничкиот Темишвар во Романија, некогашниот мост меѓу Австро-унгарската империја и Југоисточна Европа и од 1880 до 1914 година најважниот индустриски, комерцијален, финансиски и културен град во регионот Банат, ќе се претстави со програма чија цел е да се поттикне граѓанската енергија. Мотото на програмата е „Shine your light – Light up your city!” и има симболика и во историски контекст – во 1884 година Темишвар бил првиот град во континентална Европа со електрично улично осветлување, во 1989 година, пак, на улиците на овој град се „запалија“ искрите на револуцијата против режимот на Чаушеску.
Светлината одигра голема улога во историјата на Темишвар, и од практична, и од симболична гледна точка. Со текот на времето, докажавме дека можеме да иницираме трансформации во клучни моменти. Нашата цел е да го вратиме капацитетот на граѓаните да иницираат промени и да придонесат за ревитализирана Европа… Мотото е, всушност, покана за двојна мобилизација: од една страна повик до граѓаните да се осмелат да ги искажат своите вредности и ставови, а од друга – со оваа светлина да ја отстранат темнината и пасивноста околу нив преку граѓански процес поттикнат од културата, најавуваат организаторите на програмата.
Проектот „Европска престолнина на културата“ почна во 1985 година на иницијатива на Мелина Меркури, тогашната министерка за култура на Грција. Градовите се избираат врз основа на културна програма која мора да има силна европска димензија, да го промовира учеството и активното вклучување на жителите на градот, заедниците и различни засегнати страни за да придонесе за долгорочен развој на градот и околниот регион. Целта на иницијативата е да ги заштити и промовира разновидноста на културите во Европа, да го прошири пристапот и учеството во културата, да ги зајакне капацитетите на културниот сектор и да го подигне меѓународниот профил на градовите преку културата. Титулата е и можност за градовите да го сменат својот имиџ, да се стават на светската мапа и преку културата да промовираат одржлив туризам. Според листата на Европската комисија, во 2024 година титулата Европска престолнина на културата ќе ја делат градовите Бад Ишл во Австија, Тарту во Естонија и Бодо во Норвешка. Во 2025 година градови на европската култура ќе бидат Кемниц во Германија и Нова Горица во Словенија.

The post Веспрем, Темишвар и Елевсина ќе бидат европски престолнини на културата во 2023 година appeared first on Република.

]]>
Овации за Народен театар Битола на европскиот фестивал во Темишвар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ovacii-za-naroden-teatar-bitola-na-evropskiot-festival-vo-temishvar/ Tue, 24 May 2022 11:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=506373

Со долготраен аплауз и овации, синоќа во романскиот град Темишвар е награден ансамблот на НУ Народен театар-Битола чии актери ја изведоа претставата History of motherfuckers по Кориолан од Вилијам Шекспир во режија на Андраш Урбан.

Од НУ Народен теара-Битола информираат дека битолските актери Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски, по завршувањето на претставата невообичаено долго останале на сцената поздравени од домашната публика.

На регионалниот театарски европски фестивал во Темишвар годинава настапуваат ансамбли и театарски групи од Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Данска, Франција, Хрватска и Србија, а македонскската театарска сцена ја претставува НУ Народен театар-Битола со претставата која е одиграна на повеќе сцени во земјава и странство.

The post Овации за Народен театар Битола на европскиот фестивал во Темишвар appeared first on Република.

]]>

Со долготраен аплауз и овации, синоќа во романскиот град Темишвар е награден ансамблот на НУ Народен театар-Битола чии актери ја изведоа претставата History of motherfuckers по Кориолан од Вилијам Шекспир во режија на Андраш Урбан. Од НУ Народен теара-Битола информираат дека битолските актери Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски, по завршувањето на претставата невообичаено долго останале на сцената поздравени од домашната публика. На регионалниот театарски европски фестивал во Темишвар годинава настапуваат ансамбли и театарски групи од Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Данска, Франција, Хрватска и Србија, а македонскската театарска сцена ја претставува НУ Народен театар-Битола со претставата која е одиграна на повеќе сцени во земјава и странство.  

The post Овации за Народен театар Битола на европскиот фестивал во Темишвар appeared first on Република.

]]>
Народниот театар од Битола вечерва гостува во Темишвар, Романија на еден од најголемите театарски фестивали “TESZT” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/narodniot-teatar-od-bitola-vecherva-gostuva-vo-temishvar-romanija-na-eden-od-najgolemite-teatarski-festivali-teszt/ Mon, 23 May 2022 13:55:23 +0000 https://republika.mk/?p=506040

Народниот театар од Битола вечерва гостува во Темишвар, Романија на еден од најголемите еврорегионални театарски фестивали "TESZT" кој се одржува од 2008 година.

Претставата "HISTORY OF MOTHERFUCKERS" својата премиера во Битола ја имаше на 17 и 18 јуни 2021 година, имаше и многубројни гостувања во земјата, а и надвор од неа како на пример: гостувањето на Шекспир фестивал во Чортановци-Србија (13.07.2021) , Охридско лето (16.07.2021) , Шишков Фестивал во Струмица (08.09.2021), Интерфест Фестивал на класична музика (02.10.2021), МОТ Скопје (19.11.2021), гостувањето во Суботица - Србија на Desire Central station Festival (25.11.22021) , сега отпатува и на фестивалот "TESZT" во Темишвар, Романија.

"TESZT" е еден од најважните проекти на унгарскиот државен театар "Csiky Gergely".

Настанот е меѓународен и има за цел да го промовира знаењето за мултикултурализмот, да ја информира јавноста за најновиот театар за драматургија во регионот. Фестивалот работи како платформа за културни размени и како покана за дијалог со уметниците и другите специјалисти во областа.

Во претставата играат: Иван Јерчиќ , Соња Михајлова ,Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска, Николче Пројчевски, додека во музичкиот дел од претставата играат Александар Димовски и Славчо Јовев.
Режисер на претстава е добро познатиот Андраш Урбан.
Текст: Ведрана Божиновиќ
По Кориолан од Вилијам Шекспир
Останатиот дел од екипата која сето ова го изработи за да биде токму онака како што беше замислено е следнава:
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Благој Мицевски
Композитор: Ирена Поповиќ Драговиќ
Тон- мајстор: Николче Терзиевски
Светло – мајстор: Горан Петровски

Претставата не е политика. Претставата се занимава со човекот и неговата заедница. Претставата е борба. Хумана Борба. Никој не го сака Кориолан . Ни Шекспировата драма ни ликот. А тој е вистинит и искрен. Потајно сите се сложуваме со сė што кажува. Но едно е сигурно. Тој не е ние. Тој за нас кажува она што ние за себе не смееме. Да е дипломат, да умее и да сака да ја користи слатката, нежна лага која е предуслов за демократската заедница, ние не би ни зборувале за него. Лагата не е ни слатка ни нежна. Лагата е крвава и немилосрдна. Додека вистината и искреноста сепак се предуслов за вистинска уметност. Дури и кога лажеме поминуваме низ пеколот на искреноста за едно уметничкото дело да го претвориме во стварност. Барем во онаа уметност за која вреди да се зборува.

Во историјата секогаш зборуваме за разни motherfuckers кои биле грди, глупави, зли, кои некако ја зезнале работата и не спречиле да уживаме во крајно совршено опшество полно добрина, благосостојба, слобода, сигурност и вечно победнички војни. Народот, граѓаните секогаш се само лик без можност да одговараат. Тој нејасен поим како некаков апстрахиран октопод никогаш не значи збир на поеднинци. Како да не е идивидуата таа која го пополнува гласачкото ливче, како да не е таа која го става во гласачката кутија. Народот не е одговорен. Како да не е народот тој што ги бира сите оние кои ги мразиме и ги сметаме одговорни за сė .

Народот се одрекува од одговорноста бидејќи со помош на гласачкото ливче му ја предава на некој поединец. Барем на четири години. А истиот тој народ за себе говори дека е изманипулирана маса. Мнозинството е закон. Sexy motherfucker. А истото тоа мнозинство никако да изговори дека иако не се согласува со мислењето на дугите е подготвено да загине само за тие да можат да го кажат тоа.

Нема врска дали тоа некогаш и било кажано. Лагата е слатка. Вистинита. А слободата боли. А власта се брани по секоја цена!, вели режисерот Андраш Урбан.

The post Народниот театар од Битола вечерва гостува во Темишвар, Романија на еден од најголемите театарски фестивали “TESZT” appeared first on Република.