Темелко Ристески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/temelko-risteski/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Aug 2023 11:58:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Темелко Ристески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/temelko-risteski/ 32 32 Со цела почит на годините – срам и арам, од*би Темелко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-tsela-pochit-na-godinite-sram-i-aram-od-bi-temelko/ Thu, 10 Aug 2023 11:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=670781

Со цела почит на годините - срам и арам, одеби Темелко, му порача активистот Божидар Божиновски на универзитетскиот професор и член на Партијата на пензионери, Темелко Ристески, според кого 3.500 денари покачување за секој пензионер е премногу.

https://republika.mk/vesti/makedonija/risteski-shto-davashe-izveshtai-za-objaven-status-veli-mnogu-bile-3-500-denari-za-penzionerite/

Ова е Темелко Ристевски, има неколку функции од кои најважна за сите е анален алпинист кој до Министерството за одбрана доставуваше извештаи за тоа како на Фејсбук ја фалел владата, а Министерството го плаќаше за тоа. Т. Е. Ние го плаќавме за тоа. После таква успешна кариера е награден да е дел од тимот за устави измени. Сѐ на сѐ она што најмизерно и одвратно во државичево.
Сега Темелко (со неговите хонорари за статуси) оди против оние кои треба да ги застапува - пензионерите. Многу им биле 3500 денари на пензионерите. Со цела почит на годините - срам и арам, одеби Темелко, пишува Божиновски.

The post Со цела почит на годините – срам и арам, од*би Темелко appeared first on Република.

]]>

Со цела почит на годините - срам и арам, одеби Темелко, му порача активистот Божидар Божиновски на универзитетскиот професор и член на Партијата на пензионери, Темелко Ристески, според кого 3.500 денари покачување за секој пензионер е премногу. https://republika.mk/vesti/makedonija/risteski-shto-davashe-izveshtai-za-objaven-status-veli-mnogu-bile-3-500-denari-za-penzionerite/
Ова е Темелко Ристевски, има неколку функции од кои најважна за сите е анален алпинист кој до Министерството за одбрана доставуваше извештаи за тоа како на Фејсбук ја фалел владата, а Министерството го плаќаше за тоа. Т. Е. Ние го плаќавме за тоа. После таква успешна кариера е награден да е дел од тимот за устави измени. Сѐ на сѐ она што најмизерно и одвратно во државичево. Сега Темелко (со неговите хонорари за статуси) оди против оние кои треба да ги застапува - пензионерите. Многу им биле 3500 денари на пензионерите. Со цела почит на годините - срам и арам, одеби Темелко, пишува Божиновски.

The post Со цела почит на годините – срам и арам, од*би Темелко appeared first on Република.

]]>
Ристески што даваше извештаи за објавен статус вели многу биле 3.500 денари за пензионерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-shto-davashe-izveshtai-za-objaven-status-veli-mnogu-bile-3-500-denari-za-penzionerite/ Thu, 10 Aug 2023 11:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=670764

Барањето за линеарно, а не процентуално зголемување е неиздржано затоа што пензијата е економска категорија вели во разговор за „Локално“ универзитетскиот професор и член на Партијата на пензионери, Темелко Ристески. Објаснува дека е осигурување за кое што граѓанинот плаќа односно му запираат одреден износ на име на придонес за пензиско и инвалидско осигурување.

Граѓанинот плаќа негови пари во зависност од висината на платата и толку и треба да добие во форма на пензија. Изедначувањето на пензиите не е во согласност со уставното право на заштита на правото на сопственост. Парите што странката ги дава во Фондот – тоа се мои пари. Не смееме да одиме во поглед на изедначувања, истакнува Ристески.

Ристески смета дека на прв поглед звучи правично, но не е правично тој што вложувал повеќе да добие исто со оној кој што заработувал помалку. Дециден е дека со оглед на економскиот карактер на осигурувањето не се издржани барањата.

За побараната сума од 3500 денари од пензионер, соговорникот вели дека е премногу.

3500 денари е огромна пара. Замислете кој издаток е тоа за Фондот да даде на сите по 3500 денари. Не очекувам толкаво зголемување, туку нешто за 1000 денари помалку, вели Ристески.

Јавноста го запозна професорот кога беше објавен неговиот „Извештај за извршената работа“ доставен до Државниот секретар во Министерството за одбрана, каде бил ангажирал со договор на дело, во кој тој објаснува колку и какви статуси објавил за поддршка на власта.

https://republika.mk/vesti/makedonija/napishav-10-objavi-za-partijata-dva-agitacioni-teksta-kje-dade-li-mo-odgovor-za-bivshiot-dekan-i-negovata-rabota/

The post Ристески што даваше извештаи за објавен статус вели многу биле 3.500 денари за пензионерите appeared first on Република.

]]>

Барањето за линеарно, а не процентуално зголемување е неиздржано затоа што пензијата е економска категорија вели во разговор за „Локално“ универзитетскиот професор и член на Партијата на пензионери, Темелко Ристески. Објаснува дека е осигурување за кое што граѓанинот плаќа односно му запираат одреден износ на име на придонес за пензиско и инвалидско осигурување.
Граѓанинот плаќа негови пари во зависност од висината на платата и толку и треба да добие во форма на пензија. Изедначувањето на пензиите не е во согласност со уставното право на заштита на правото на сопственост. Парите што странката ги дава во Фондот – тоа се мои пари. Не смееме да одиме во поглед на изедначувања, истакнува Ристески.
Ристески смета дека на прв поглед звучи правично, но не е правично тој што вложувал повеќе да добие исто со оној кој што заработувал помалку. Дециден е дека со оглед на економскиот карактер на осигурувањето не се издржани барањата. За побараната сума од 3500 денари од пензионер, соговорникот вели дека е премногу.
3500 денари е огромна пара. Замислете кој издаток е тоа за Фондот да даде на сите по 3500 денари. Не очекувам толкаво зголемување, туку нешто за 1000 денари помалку, вели Ристески.
Јавноста го запозна професорот кога беше објавен неговиот „Извештај за извршената работа“ доставен до Државниот секретар во Министерството за одбрана, каде бил ангажирал со договор на дело, во кој тој објаснува колку и какви статуси објавил за поддршка на власта. https://republika.mk/vesti/makedonija/napishav-10-objavi-za-partijata-dva-agitacioni-teksta-kje-dade-li-mo-odgovor-za-bivshiot-dekan-i-negovata-rabota/

The post Ристески што даваше извештаи за објавен статус вели многу биле 3.500 денари за пензионерите appeared first on Република.

]]>
Проф. Ристески одлучувал и за помилувањата на затворениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-risteski-odluchuval-i-za-pomiluvanjata-na-zatvorenicite/ Fri, 03 Jun 2022 07:40:49 +0000 https://republika.mk/?p=510466

Случајот Темелко што зема 9.000 евра од буџет за одбрана за да стиска лајкови и пишува партиски статуси воопшто не е наивен скандал, потенцира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, според кого ниту неговата дрскост и признание е наивност или простодушност; слика за случаен „чичко“ ангажиран од СДСМ да пишува статуси и да „лајкува“ на Фб.

Темелко две години е во Одбрана, а три години заедно со Љубомир Јовески, републичкиот Јавен обвинител, е дел од Комисијата за помилување кај „самомислечкиот“ Стево Пендаровски! Комисија којашто одлучува кои нинџи и самураи да бидат наградени за послушноста кон диктатурата!, потенцира Стоилковски.

Дрскоста на Темелко во неговото признание за извештајот, официјален документ во Министерството за одбрана, за партиски активизам, дрскоста да се признае дека државниот апарат, администрацијата е злоупотребувана во партиски предизборен систем, лежи во фактот дека Темелко е длабоко вграден во партизираната машина, важен „штрав“ во диктатурата!, смета Стоилковски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/jas-ne-krijam-deka-imam-simpatii-kon-socijaldemokratijata-veli-risteski-za-negovata-rabota/

Темелко јавно дрско ви се смее во очи за вистината во содржината на неговиот Извештај, уживајќи во позицијата заедно со Јовески обвинителот, да одлучуваат за судбините на луѓе, како Комисионери за помилување! Темелко најдрско покажува колку се чувствува безбеден во својата неказнивост, односно дека ништо нема да биде преземено за ова грубо кршење на законот и демократијата! Ова е сликата за правдата и правата во Македонија со СДСМ!, вели Стоилковски.

[caption id="attachment_510470" align="aligncenter" width="960"] Еден од статусите за кои Ристески добивал хонорар од МО[/caption]

Темелко со удбашките рапорти во Одбрана за 9.000 евра, заедно со Јовески од прислушуваното обвинителство, ја сочинуваат комисијата за помилување! А Јовески, другарот на агентот Темелко, сега го местат за "највисоко"! "Темелко" е Темел на диктатурата! Случајот МОРА да биде основа за длабока истрага и расчистување со раширената партиска агентура низ државните институции! Секако, Јовески тоа не верувам дека ќе го стори! Сепак се "Другари од Комисијата"!, вели Стоилковски, додавајќи дека не очекува ни Пендаровски да го исклучи од Комисијата зошто „сепак партиското игра голема улога во одлучувањето“.

The post Проф. Ристески одлучувал и за помилувањата на затворениците appeared first on Република.

]]>

Случајот Темелко што зема 9.000 евра од буџет за одбрана за да стиска лајкови и пишува партиски статуси воопшто не е наивен скандал, потенцира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, според кого ниту неговата дрскост и признание е наивност или простодушност; слика за случаен „чичко“ ангажиран од СДСМ да пишува статуси и да „лајкува“ на Фб.
Темелко две години е во Одбрана, а три години заедно со Љубомир Јовески, републичкиот Јавен обвинител, е дел од Комисијата за помилување кај „самомислечкиот“ Стево Пендаровски! Комисија којашто одлучува кои нинџи и самураи да бидат наградени за послушноста кон диктатурата!, потенцира Стоилковски.
Дрскоста на Темелко во неговото признание за извештајот, официјален документ во Министерството за одбрана, за партиски активизам, дрскоста да се признае дека државниот апарат, администрацијата е злоупотребувана во партиски предизборен систем, лежи во фактот дека Темелко е длабоко вграден во партизираната машина, важен „штрав“ во диктатурата!, смета Стоилковски. https://republika.mk/vesti/makedonija/jas-ne-krijam-deka-imam-simpatii-kon-socijaldemokratijata-veli-risteski-za-negovata-rabota/
Темелко јавно дрско ви се смее во очи за вистината во содржината на неговиот Извештај, уживајќи во позицијата заедно со Јовески обвинителот, да одлучуваат за судбините на луѓе, како Комисионери за помилување! Темелко најдрско покажува колку се чувствува безбеден во својата неказнивост, односно дека ништо нема да биде преземено за ова грубо кршење на законот и демократијата! Ова е сликата за правдата и правата во Македонија со СДСМ!, вели Стоилковски.
[caption id="attachment_510470" align="aligncenter" width="960"] Еден од статусите за кои Ристески добивал хонорар од МО[/caption]
Темелко со удбашките рапорти во Одбрана за 9.000 евра, заедно со Јовески од прислушуваното обвинителство, ја сочинуваат комисијата за помилување! А Јовески, другарот на агентот Темелко, сега го местат за "највисоко"! "Темелко" е Темел на диктатурата! Случајот МОРА да биде основа за длабока истрага и расчистување со раширената партиска агентура низ државните институции! Секако, Јовески тоа не верувам дека ќе го стори! Сепак се "Другари од Комисијата"!, вели Стоилковски, додавајќи дека не очекува ни Пендаровски да го исклучи од Комисијата зошто „сепак партиското игра голема улога во одлучувањето“.

The post Проф. Ристески одлучувал и за помилувањата на затворениците appeared first on Република.

]]>
МО сè уште се објаснува за хонорарите на професорот Темелко Ристески https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mo-se-ushte-se-objasnuva-za-honorarite-na-profesorot-temelko-risteski/ Thu, 02 Jun 2022 15:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=510287

Министерството за одбрана реагира на изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во која се изнесени груби манипулации. Извештајот за кој станува збор воопшто не е ниту официјален документ, ниту е архивиран во Министерството за одбрана.

Професорот Темелко Ристески беше ангажиран од Министерството за одбрана исклучиво за задачите наведени во Договорот за дело, кои се стриктно поврзани со стратешките документи во одбраната, учество во изработка на документи продуцирани од експертски работни групи и законски решенија во областа на одбраната.

Задачите кои произлегуваат од неговиот ангажман во никој случај не излегуваат од рамката на неговата професионалност како експерт по право.

Во таа насока, при исплатата на дефинираниот хонорар, Министерството се водело исклучиво согласно извршените задачи кои се наведени во договорот и ништо повеќе од тоа.

Договорот како што можете да видите, не опфаќа ниту една од одредбите наведени во извештајот на експертот кои се однесуваат на неговите лични убедувања. Извештајот, спротивно на тврдењата на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, воопшто не е официјален и архивиран документ, туку се работи за лични формулации на експертот кои немаат никаква поврзаност со Договорот.

The post МО сè уште се објаснува за хонорарите на професорот Темелко Ристески appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана реагира на изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во која се изнесени груби манипулации. Извештајот за кој станува збор воопшто не е ниту официјален документ, ниту е архивиран во Министерството за одбрана. Професорот Темелко Ристески беше ангажиран од Министерството за одбрана исклучиво за задачите наведени во Договорот за дело, кои се стриктно поврзани со стратешките документи во одбраната, учество во изработка на документи продуцирани од експертски работни групи и законски решенија во областа на одбраната. Задачите кои произлегуваат од неговиот ангажман во никој случај не излегуваат од рамката на неговата професионалност како експерт по право. Во таа насока, при исплатата на дефинираниот хонорар, Министерството се водело исклучиво согласно извршените задачи кои се наведени во договорот и ништо повеќе од тоа. Договорот како што можете да видите, не опфаќа ниту една од одредбите наведени во извештајот на експертот кои се однесуваат на неговите лични убедувања. Извештајот, спротивно на тврдењата на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, воопшто не е официјален и архивиран документ, туку се работи за лични формулации на експертот кои немаат никаква поврзаност со Договорот.

The post МО сè уште се објаснува за хонорарите на професорот Темелко Ристески appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Статус вреден 9.384 евра! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-status-vreden-9-384-evra/ Wed, 01 Jun 2022 17:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=509880

Статус вреден 9.384 евра!
Темелко од Министерството за одбрана!, пишува на својот профил на Фејсбук портаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој побара ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески.

Стоилковски денеска презентираше документ, за којшто рече дека е официјален извештај од проф. д-р Темелко Ристески, ангажиран како експерт и платен со народни пари до Државниот секретар во Министерството за одбрана и платен со буџетски пари, врз основа на договор за дело број 04-80/3 од 2.1.2020 година, помеѓу него и Министерството за одбрана.

Тој, како што наведува во Извештајот, напишал и 10 објави на Фејсбук во поддршка на Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, потоа напишал и два агитациски текста кои биле објавени на фејсбук-профилот на Партијата на пензионерите, а остварувал и телефонски и лични контакти со цел агитација за Коалицијата на СДСМ, додаде Стоилковски.

Извештајот, заедно со признанието од Ристески, според Стоилковски е доволен доказ за ДКСК веднаш да отвори случај и против него и против неговите претпоставени во Министерството за одбрана, но и против владата на Димитар Ковачевски, која цела недела се обидува да го релативизира и прикрива овој случај.

 

The post Стоилковски: Статус вреден 9.384 евра! appeared first on Република.

]]>

Статус вреден 9.384 евра! Темелко од Министерството за одбрана!, пишува на својот профил на Фејсбук портаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој побара ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески. Стоилковски денеска презентираше документ, за којшто рече дека е официјален извештај од проф. д-р Темелко Ристески, ангажиран како експерт и платен со народни пари до Државниот секретар во Министерството за одбрана и платен со буџетски пари, врз основа на договор за дело број 04-80/3 од 2.1.2020 година, помеѓу него и Министерството за одбрана. Тој, како што наведува во Извештајот, напишал и 10 објави на Фејсбук во поддршка на Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, потоа напишал и два агитациски текста кои биле објавени на фејсбук-профилот на Партијата на пензионерите, а остварувал и телефонски и лични контакти со цел агитација за Коалицијата на СДСМ, додаде Стоилковски. Извештајот, заедно со признанието од Ристески, според Стоилковски е доволен доказ за ДКСК веднаш да отвори случај и против него и против неговите претпоставени во Министерството за одбрана, но и против владата на Димитар Ковачевски, која цела недела се обидува да го релативизира и прикрива овој случај.  

The post Стоилковски: Статус вреден 9.384 евра! appeared first on Република.

]]>
Ова е кривично дело, вели Тортевски за скандалозниот извештај на професорот Ристески https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ova-e-krivichno-delo-veli-tortevski-za-skandalozniot-izveshtaj-na-profesorot-risteski/ Tue, 31 May 2022 15:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=509328

Со извештајот на професорот Темелко Ристески од 2020 година е несомнено сторено кривично дело, но поголема одговорност треба да се побара од тие што го плаќале. Ова за „Плусинфо“ го изјави адвокатот Александар Тортевски, кој дополни дека прво треба да се утврди дали Ристески е деловно способен и доколку сè е в ред, тогаш надлежните органи треба да реагираат.

СЈО своевремено покрена постапка против лице кое примало плата од Централен регистар, а всушност работело во Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ и агитирало за партијата. Според мене, нема разлика во двата случаја, додава Тортевски.

Во времето кога спорниот извештај бил поднесен, министерка за одбрана беше Радмила Шеќеринска. Во телефонски разговор, таа за „Плусинфо“ посочи дека не знае ништо за случајот и дека кога таа била министерка сите договори биле во надлежност на државниот секретар во Министерството.

Од Министерството, пак, одговорија дека лицето за кое прашуваме било ангажирано како експерт и со точно наведени конкретни задачи, кои во никој случај не излегуваат од рамката на неговата професионалност како експерт по право.

Согласно договорот, ова лице е ангажирано за советодавни задачи стриктно поврзани со стратешките документи во одбраната, учествувал во изработка на документи продуцирани од експертски работни групи и законски решенија во областа на одбраната. Во таа насока, при исплатата на дефинираниот хонорар, министерството се водело исклучиво согласно извршените задачи кои се наведени во договорот и ништо повеќе од тоа. Договорот не опфаќа ниту една од одредбите наведени во извештајот на експертот кои се однесуваат на неговите лични убедувања, се вели во одговорот испратен од Министерството за одбрана.

Ристески ја потврди автентичноста на испратениот извештај, но демантираше дека тој бил платен од Министерството за одбрана за неговата агитација на социјалните мрежи во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Во разговор за БИРН, нагласува дека има „уставно право да има свои лични уверувања“ и дека тоа што го напишал е согласно таквите уверувања.

Јас не кријам дека имам симпатии кон социјалдемократијата, вели професорот.

Ристески е дециден дека „добиените пари од Министерството се исклучиво за стручно сработеното“, кое е содржано во првите две точки наведени во извештајот.

Во нив професорот објаснува за активностите и контактите поврзани со законите за одбрана и за служба во армијата. За следните четири точки вели „мислев дека не е лошо да ги споменам“.

Според податоците објавени на трезор, Министерството за одбрана 14 пати му исплатило на професорот Ристески по 30.000 денари, двапати по 45.000 денари, трипати по 15.000 денари, еднаш 20.460 денари и уште неколку помали исплати.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски рече дека во време кога државата тоне во криза, се нема пари за наставниците и за негувателките во градинки, партиски ботови се плаќаат од министерствата да пишуваат постови и да лајкуваат на Фејсбук.

Ова е повеќе од срамно и ја покажува сета беда на партизацијата на институциите. Затоа имаме можеби повеќе од 30.000 нови вработени во администрацијата, да стискаат лајкови и да земаат плата од буџетот за партиски активности. ВМРО-ДПМНЕ ќе почне правна процедура за случајот со Темелко Ристовски во министерството за одбрана, рече Стоилковски.

The post Ова е кривично дело, вели Тортевски за скандалозниот извештај на професорот Ристески appeared first on Република.

]]>

Со извештајот на професорот Темелко Ристески од 2020 година е несомнено сторено кривично дело, но поголема одговорност треба да се побара од тие што го плаќале. Ова за „Плусинфо“ го изјави адвокатот Александар Тортевски, кој дополни дека прво треба да се утврди дали Ристески е деловно способен и доколку сè е в ред, тогаш надлежните органи треба да реагираат.
СЈО своевремено покрена постапка против лице кое примало плата од Централен регистар, а всушност работело во Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ и агитирало за партијата. Според мене, нема разлика во двата случаја, додава Тортевски.
Во времето кога спорниот извештај бил поднесен, министерка за одбрана беше Радмила Шеќеринска. Во телефонски разговор, таа за „Плусинфо“ посочи дека не знае ништо за случајот и дека кога таа била министерка сите договори биле во надлежност на државниот секретар во Министерството. Од Министерството, пак, одговорија дека лицето за кое прашуваме било ангажирано како експерт и со точно наведени конкретни задачи, кои во никој случај не излегуваат од рамката на неговата професионалност како експерт по право.
Согласно договорот, ова лице е ангажирано за советодавни задачи стриктно поврзани со стратешките документи во одбраната, учествувал во изработка на документи продуцирани од експертски работни групи и законски решенија во областа на одбраната. Во таа насока, при исплатата на дефинираниот хонорар, министерството се водело исклучиво согласно извршените задачи кои се наведени во договорот и ништо повеќе од тоа. Договорот не опфаќа ниту една од одредбите наведени во извештајот на експертот кои се однесуваат на неговите лични убедувања, се вели во одговорот испратен од Министерството за одбрана.
Ристески ја потврди автентичноста на испратениот извештај, но демантираше дека тој бил платен од Министерството за одбрана за неговата агитација на социјалните мрежи во пресрет на предвремените парламентарни избори. Во разговор за БИРН, нагласува дека има „уставно право да има свои лични уверувања“ и дека тоа што го напишал е согласно таквите уверувања.
Јас не кријам дека имам симпатии кон социјалдемократијата, вели професорот.
Ристески е дециден дека „добиените пари од Министерството се исклучиво за стручно сработеното“, кое е содржано во првите две точки наведени во извештајот. Во нив професорот објаснува за активностите и контактите поврзани со законите за одбрана и за служба во армијата. За следните четири точки вели „мислев дека не е лошо да ги споменам“. Според податоците објавени на трезор, Министерството за одбрана 14 пати му исплатило на професорот Ристески по 30.000 денари, двапати по 45.000 денари, трипати по 15.000 денари, еднаш 20.460 денари и уште неколку помали исплати. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски рече дека во време кога државата тоне во криза, се нема пари за наставниците и за негувателките во градинки, партиски ботови се плаќаат од министерствата да пишуваат постови и да лајкуваат на Фејсбук.
Ова е повеќе од срамно и ја покажува сета беда на партизацијата на институциите. Затоа имаме можеби повеќе од 30.000 нови вработени во администрацијата, да стискаат лајкови и да земаат плата од буџетот за партиски активности. ВМРО-ДПМНЕ ќе почне правна процедура за случајот со Темелко Ристовски во министерството за одбрана, рече Стоилковски.

The post Ова е кривично дело, вели Тортевски за скандалозниот извештај на професорот Ристески appeared first on Република.

]]>
Јас не кријам дека имам симпатии кон социјалдемократијата, вели Ристески за неговата „работа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jas-ne-krijam-deka-imam-simpatii-kon-socijaldemokratijata-veli-risteski-za-negovata-rabota/ Tue, 31 May 2022 14:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=509329

Универзитетскиот професор Темелко Ристески ја потврдува автентичноста на извештајот што деновиве се појави на социјалните мрежи, а во кој тој до државниот секретар на Министерството за одбрана реферира што сработил во јули 2020 година.

Професорот, во разговор за БИРН, вели дека бил ангажиран со договор за дело во текот на 2019 и на 2020 година, како советник за правни работи за стратегиски одбранбен преглед.

Ристески нагласува дека има „уставно право да има свои лични уверувања“ и дека тоа што го напишал е согласно таквите уверувања.

Јас не кријам дека имам симпатии кон социјалдемократијата, вели професорот.

Ристески е дециден дека „добиените пари од Министерството се исклучиво за стручно сработеното“, кое е содржано во првите две точки наведени во извештајот.

Во нив професорот објаснува за активностите и контактите поврзани со законите за одбрана и за служба во армијата. За следните четири точки вели „мислев дека не е лошо да ги споменам“.

Според податоците објавени на трезор, Министерството за одбрана 14 пати му исплатило на професорот Ристески по 30.000 денари, двапати по 45.000 денари, трипати по 15.000 денари, еднаш 20.460 денари и уште неколку помали исплати.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски рече дека во време кога државата тоне во криза, се нема пари за наставниците и за негувателките во градинки, партиски ботови се плаќаат од министерствата да пишуваат постови и да лајкуваат на Фејсбук.

Ова е повеќе од срамно и ја покажува сета беда на партизацијата на институциите. Затоа имаме можеби повеќе од 30.000 нови вработени во администрацијата, да стискаат лајкови и да земаат плата од буџетот за партиски активности. ВМРО-ДПМНЕ ќе почне правна процедура за случајот со Темелко Ристовски во министерството за одбрана, рече Стоилковски.

The post Јас не кријам дека имам симпатии кон социјалдемократијата, вели Ристески за неговата „работа“ appeared first on Република.

]]>

Универзитетскиот професор Темелко Ристески ја потврдува автентичноста на извештајот што деновиве се појави на социјалните мрежи, а во кој тој до државниот секретар на Министерството за одбрана реферира што сработил во јули 2020 година. Професорот, во разговор за БИРН, вели дека бил ангажиран со договор за дело во текот на 2019 и на 2020 година, како советник за правни работи за стратегиски одбранбен преглед. Ристески нагласува дека има „уставно право да има свои лични уверувања“ и дека тоа што го напишал е согласно таквите уверувања.
Јас не кријам дека имам симпатии кон социјалдемократијата, вели професорот.
Ристески е дециден дека „добиените пари од Министерството се исклучиво за стручно сработеното“, кое е содржано во првите две точки наведени во извештајот. Во нив професорот објаснува за активностите и контактите поврзани со законите за одбрана и за служба во армијата. За следните четири точки вели „мислев дека не е лошо да ги споменам“. Според податоците објавени на трезор, Министерството за одбрана 14 пати му исплатило на професорот Ристески по 30.000 денари, двапати по 45.000 денари, трипати по 15.000 денари, еднаш 20.460 денари и уште неколку помали исплати. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски рече дека во време кога државата тоне во криза, се нема пари за наставниците и за негувателките во градинки, партиски ботови се плаќаат од министерствата да пишуваат постови и да лајкуваат на Фејсбук.
Ова е повеќе од срамно и ја покажува сета беда на партизацијата на институциите. Затоа имаме можеби повеќе од 30.000 нови вработени во администрацијата, да стискаат лајкови и да земаат плата од буџетот за партиски активности. ВМРО-ДПМНЕ ќе почне правна процедура за случајот со Темелко Ристовски во министерството за одбрана, рече Стоилковски.

The post Јас не кријам дека имам симпатии кон социјалдемократијата, вели Ристески за неговата „работа“ appeared first on Република.

]]>
Божиновски: Со наши пари плаќаме луѓе за врз нас да ни вршат пропаганда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bozinovski-so-nashi-pari-plakjame-lugje-za-vrz-nas-da-ni-vrshat-propaganda/ Sun, 29 May 2022 10:40:03 +0000 https://republika.mk/?p=508250

Пазете што читате и со што се согласувате, некогаш сте само мегафон на платена пропаганда, вели активистот и писател Божидар Божиновски, коментирајќи го Извештајот за завршена работа на проф. д-р Темелко Ристески, кој како вработен со договр на дело во Министерството за одбрана имал задолжение да пишува текстови, статуси и јавно да дава поддршка за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/napishav-10-objavi-za-partijata-dva-agitacioni-teksta-kje-dade-li-mo-odgovor-za-bivshiot-dekan-i-negovata-rabota/

Да не биди дека не е кажано дека со наши пари плаќаме луѓе за врз нас да ни вршат пропаганда. И не е само Темелко и не е само од сдсм. Пазете што читате и со што се согласувате, некогаш сте само мегафон на платена пропаганда, вели Божиновски.

Бесно реагираше и лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев.

Гнидава ја викаа на Телма, да дава изјави за референдумот. И оваквите ни се „професори" кои креираат јавно мислење (а тајно праќаат рапорти до министерот, оти се на платен список да пишуваат постови на мрежите). И не е само Темелко! Цел СОРОС сектор работи вака, пишува тој.

The post Божиновски: Со наши пари плаќаме луѓе за врз нас да ни вршат пропаганда appeared first on Република.

]]>

Пазете што читате и со што се согласувате, некогаш сте само мегафон на платена пропаганда, вели активистот и писател Божидар Божиновски, коментирајќи го Извештајот за завршена работа на проф. д-р Темелко Ристески, кој како вработен со договр на дело во Министерството за одбрана имал задолжение да пишува текстови, статуси и јавно да дава поддршка за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ. https://republika.mk/vesti/makedonija/napishav-10-objavi-za-partijata-dva-agitacioni-teksta-kje-dade-li-mo-odgovor-za-bivshiot-dekan-i-negovata-rabota/
Да не биди дека не е кажано дека со наши пари плаќаме луѓе за врз нас да ни вршат пропаганда. И не е само Темелко и не е само од сдсм. Пазете што читате и со што се согласувате, некогаш сте само мегафон на платена пропаганда, вели Божиновски.
Бесно реагираше и лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев.
Гнидава ја викаа на Телма, да дава изјави за референдумот. И оваквите ни се „професори" кои креираат јавно мислење (а тајно праќаат рапорти до министерот, оти се на платен список да пишуваат постови на мрежите). И не е само Темелко! Цел СОРОС сектор работи вака, пишува тој.

The post Божиновски: Со наши пари плаќаме луѓе за врз нас да ни вршат пропаганда appeared first on Република.

]]>
„Напишав 10 објави за партијата, два агитациони текста“: Ќе даде ли МО одговор за бившиот декан и неговата „работа“? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/napishav-10-objavi-za-partijata-dva-agitacioni-teksta-kje-dade-li-mo-odgovor-za-bivshiot-dekan-i-negovata-rabota/ Sun, 29 May 2022 10:28:41 +0000 https://republika.mk/?p=508245

Напишав десет објави на социјалната мрежа „Фејсбук“ за поддршка на коалицијата „Можеме“ во предизборната кампања, напишав два агитациони текста на профилот на Партијата на пензионерите.

Ова се само две од точките кои проф. д-р Темелко Ристески ги напишал во својот Извештај за извршената работа доставен до Државниот секретар во Министерството за одбрана, каде бил ангажирал со договор на дело.

Скандалозниот Извештај за неговата „изцрпна“ работа во Министерството во текот на јули 2020 година, беше објавен вчера, по што следеа остри критики од јавноста, но засега министерката Славјанка Петровска и институцијата со која раководи останаа глуви и слепи на прозивките и не најдоа за сходно да го искоментираат овој скандал.

Полковникот Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека овде се отвораат многу прашања, за кои очекува одговор од МО.

Додека ја чекаме Министерот за одбрана Славјанка Петровска да се произнесе за криминалот од 90 милиони со резервните делови за оклопните транспортери (платени по цена за транспортери, а примени делови со многу послаби карактеристики т.е. за камион), ќе објавам уште еден Извештај како доказ за злоупотреба на државни пари кои овој пат се исплатени на угледен професор по право (бил и Декан на ФОН) за неговиот ангажман за потребите на Министерство за одбрана, односно на СДСМ, вели Ковачки, повикувајќи ја јавноста да го погледне документот што „угледниот професор и договорец на дело, не се срамел да го напише и потпише и сè ќе ви биде јасно“.

Ковачки понатаму објаснува дека Министерството за одбрана, за потребите на партијата СДСМ, по Договор за дело си ангажирало извесен професор доктор на правни науки кој имал ЗАДОЛЖЕНИЕ да пишува текстови на социјалните мрежи со поддршка за нивната коалиција „Можеме", да ја следи изборната кампања и да заедно со генералот во пензија Илија Николовски вршат агитација во АРМ за потребите на нивната коалиција. За неговите активности, ангажираниот договорец на дело, си составил извештај и го доставил до Државниот секретар на МО. Секако, продолжува Ковачки, за тоа што ги фалел СДСМ на мрежите, а го омаловажувал ВМРО-ДПМНЕ, си земал народни пари.

Устите на неспособните од СДСМ им се полни со департизација на АРМ, вели Ковачки, потенцирајќи дека го прават токму спротивното. Знаат дека не ги бива, вели тој, а толку се бескрупулозни што од угледен професор и доктор на науки направиле класичен бот за социјални мрежи (!!!).

Ковачки додава дека се отвораат многу прашања, но еве само 5:

1. Колку такви „професионални“ договорци на дело - ботови има во МО?
2. Колку такви има во другите институции?
3. Колку пари од буџетот се испумпани на овој начин?
4. Има ли друга држава-членка на НАТО во која се случуваат вакви злоупотреби на службената позиција од страна на раководните лица?
5. Нормално ли е во држава-членка на НАТО, после ваков скандал Министерот да остане на позиција?

Ковачки бесно додава дека додека генералите на АРМ за службените возила си плаќаат од џеб за промена на масло, а старешините собираат пари за хартија за печатење, раководството на Министерството тоа не го интересира, туку има друг приоритет - тотално да ја партизира институцијата и во услови на криза да си ги наградува своите.

Ова е дрскост и ова е забеганост!
За ова мора да има одговорност, потенцира Ковачки.

The post „Напишав 10 објави за партијата, два агитациони текста“: Ќе даде ли МО одговор за бившиот декан и неговата „работа“? appeared first on Република.

]]>

Напишав десет објави на социјалната мрежа „Фејсбук“ за поддршка на коалицијата „Можеме“ во предизборната кампања, напишав два агитациони текста на профилот на Партијата на пензионерите. Ова се само две од точките кои проф. д-р Темелко Ристески ги напишал во својот Извештај за извршената работа доставен до Државниот секретар во Министерството за одбрана, каде бил ангажирал со договор на дело. Скандалозниот Извештај за неговата „изцрпна“ работа во Министерството во текот на јули 2020 година, беше објавен вчера, по што следеа остри критики од јавноста, но засега министерката Славјанка Петровска и институцијата со која раководи останаа глуви и слепи на прозивките и не најдоа за сходно да го искоментираат овој скандал. Полковникот Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека овде се отвораат многу прашања, за кои очекува одговор од МО.
Додека ја чекаме Министерот за одбрана Славјанка Петровска да се произнесе за криминалот од 90 милиони со резервните делови за оклопните транспортери (платени по цена за транспортери, а примени делови со многу послаби карактеристики т.е. за камион), ќе објавам уште еден Извештај како доказ за злоупотреба на државни пари кои овој пат се исплатени на угледен професор по право (бил и Декан на ФОН) за неговиот ангажман за потребите на Министерство за одбрана, односно на СДСМ, вели Ковачки, повикувајќи ја јавноста да го погледне документот што „угледниот професор и договорец на дело, не се срамел да го напише и потпише и сè ќе ви биде јасно“.
Ковачки понатаму објаснува дека Министерството за одбрана, за потребите на партијата СДСМ, по Договор за дело си ангажирало извесен професор доктор на правни науки кој имал ЗАДОЛЖЕНИЕ да пишува текстови на социјалните мрежи со поддршка за нивната коалиција „Можеме", да ја следи изборната кампања и да заедно со генералот во пензија Илија Николовски вршат агитација во АРМ за потребите на нивната коалиција. За неговите активности, ангажираниот договорец на дело, си составил извештај и го доставил до Државниот секретар на МО. Секако, продолжува Ковачки, за тоа што ги фалел СДСМ на мрежите, а го омаловажувал ВМРО-ДПМНЕ, си земал народни пари. Устите на неспособните од СДСМ им се полни со департизација на АРМ, вели Ковачки, потенцирајќи дека го прават токму спротивното. Знаат дека не ги бива, вели тој, а толку се бескрупулозни што од угледен професор и доктор на науки направиле класичен бот за социјални мрежи (!!!). Ковачки додава дека се отвораат многу прашања, но еве само 5:
1. Колку такви „професионални“ договорци на дело - ботови има во МО? 2. Колку такви има во другите институции? 3. Колку пари од буџетот се испумпани на овој начин? 4. Има ли друга држава-членка на НАТО во која се случуваат вакви злоупотреби на службената позиција од страна на раководните лица? 5. Нормално ли е во држава-членка на НАТО, после ваков скандал Министерот да остане на позиција?
Ковачки бесно додава дека додека генералите на АРМ за службените возила си плаќаат од џеб за промена на масло, а старешините собираат пари за хартија за печатење, раководството на Министерството тоа не го интересира, туку има друг приоритет - тотално да ја партизира институцијата и во услови на криза да си ги наградува своите.
Ова е дрскост и ова е забеганост! За ова мора да има одговорност, потенцира Ковачки.

The post „Напишав 10 објави за партијата, два агитациони текста“: Ќе даде ли МО одговор за бившиот декан и неговата „работа“? appeared first on Република.

]]>
Се додека Бугарите не се помират дека македонска нација постои, не треба воопшто да разговараме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-dodeka-bugarite-ne-se-pomirat-deka-makedonska-nacija-postoi-ne-treba-voopshto-da-razgovarame/ Fri, 20 May 2022 13:38:58 +0000 https://republika.mk/?p=504865

Бугарија го негира македонескиот идентитет за да си ја исперат својата совест и децениските тврдења дека Македонците не постојат и дека Македонија е нивна територија. Се додека Бугарите не смогнат сили и не се помират со тоа дека македонската нација е како и секоја друга нација во Европа, не може заеднички да чествуваме дејци, настани или да воопшто да разговараме. Секоја дискусија е абсурдна и непотребна, изјави професорот Илија Ацески, на трибината наречена „Глобализација, идентитет и евроинтеграции“ организирана од здружението на ветерани и резервисти од областа на одбраната.

– „Она што го бара Бугарија од Макеоднија, никаде неможе да го најдете во светот. Одговорот е краток. Се надевам ќе се покаже како излез. Бугарите мора да го исперат тоа што стотици години наназад го тврдат за нас. Дека македонците не постојат, дека ова е нивна територија. Дека ние сме биле вештачка нација. Сите нации се вештачки. Ние сме биле во 44 од комунистите. Не сме постоеле. Да си ја исперат својата совест и свест. Еден обичен граѓанин на Бугарија, кој е мариниран во тие наративи. Ако Бугарија смогне сили и се согласи, се сложи со тоа дека има македонци на почетокот на 20тиот век и дека македонската нација се формира како и секоја друга нација во Европа и поширроко. Тогаш ние може да разговараме и да чествуваме некој од заедничките дејци. Да чествуваме неастани. Но се до тој момент, дур тие не се помират со тоа, не би трербало воопшто да се разговара. Секоја дискусија е апсурдно за нас и непотребно.
Нација не се прави со декрет од друг народ, како што не се прави ни дете со извод од матична книга на родени.“ – истакна проф. Илија Ацески

– „Нација не се прави со декрет од друг народ, како што не се прави ни дете со извод од матична книга на родени. Нацијата се ствара пртеку долг процес на еволуција, на одреден геогрфски простор, на одредени карактеристки. Процес на еволуција. Актуелни проблеми во врска со македонскиот национален идентитет. Македонската нација е автохтона нација, со развој, потекло и карактеристики. Осопорување на тоа преставува абсурд. За жал на тие абсурди тврдења ги слушаме од политичари и од науката.“ – вели проф. Темелко Ристески, актуелен претседател на здружението на ветерани и резервисти

Главен фокус на настанот беше Македонскиот идентитет во услови на процес на евроинтеграција, како локален сегмент на процесот на глобализација и каде се наоѓа македонија во овие расправи и дискусии.

The post Се додека Бугарите не се помират дека македонска нација постои, не треба воопшто да разговараме appeared first on Република.

]]>

Бугарија го негира македонескиот идентитет за да си ја исперат својата совест и децениските тврдења дека Македонците не постојат и дека Македонија е нивна територија. Се додека Бугарите не смогнат сили и не се помират со тоа дека македонската нација е како и секоја друга нација во Европа, не може заеднички да чествуваме дејци, настани или да воопшто да разговараме. Секоја дискусија е абсурдна и непотребна, изјави професорот Илија Ацески, на трибината наречена „Глобализација, идентитет и евроинтеграции“ организирана од здружението на ветерани и резервисти од областа на одбраната.
– „Она што го бара Бугарија од Макеоднија, никаде неможе да го најдете во светот. Одговорот е краток. Се надевам ќе се покаже како излез. Бугарите мора да го исперат тоа што стотици години наназад го тврдат за нас. Дека македонците не постојат, дека ова е нивна територија. Дека ние сме биле вештачка нација. Сите нации се вештачки. Ние сме биле во 44 од комунистите. Не сме постоеле. Да си ја исперат својата совест и свест. Еден обичен граѓанин на Бугарија, кој е мариниран во тие наративи. Ако Бугарија смогне сили и се согласи, се сложи со тоа дека има македонци на почетокот на 20тиот век и дека македонската нација се формира како и секоја друга нација во Европа и поширроко. Тогаш ние може да разговараме и да чествуваме некој од заедничките дејци. Да чествуваме неастани. Но се до тој момент, дур тие не се помират со тоа, не би трербало воопшто да се разговара. Секоја дискусија е апсурдно за нас и непотребно. Нација не се прави со декрет од друг народ, како што не се прави ни дете со извод од матична книга на родени.“ – истакна проф. Илија Ацески
– „Нација не се прави со декрет од друг народ, како што не се прави ни дете со извод од матична книга на родени. Нацијата се ствара пртеку долг процес на еволуција, на одреден геогрфски простор, на одредени карактеристки. Процес на еволуција. Актуелни проблеми во врска со македонскиот национален идентитет. Македонската нација е автохтона нација, со развој, потекло и карактеристики. Осопорување на тоа преставува абсурд. За жал на тие абсурди тврдења ги слушаме од политичари и од науката.“ – вели проф. Темелко Ристески, актуелен претседател на здружението на ветерани и резервисти Главен фокус на настанот беше Македонскиот идентитет во услови на процес на евроинтеграција, како локален сегмент на процесот на глобализација и каде се наоѓа македонија во овие расправи и дискусии.

The post Се додека Бугарите не се помират дека македонска нација постои, не треба воопшто да разговараме appeared first on Република.

]]>