Телеком Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/telekom/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 19:39:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Телеком Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/telekom/ 32 32 ЈО отвори предмет по пријава од Александар Николоски за спорната пресуда за Телеком https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jo-otvori-predmet-po-prijava-od-aleksandar-nikoloski-za-spornata-presuda-za-telekom/ Wed, 04 Sep 2024 19:50:32 +0000 https://republika.mk/?p=813239

Јавното обвинителство отворило предмет и го распределило кај јавен обвинител од ОЈО Скопје по пријавата која до нив ја достави вицепремиерот Александар Николоски за спорната пресуда за Телеком.

Од Oбвинителството потврдуваат, но велат дека во оваа фаза не можат да откријат повеќе детали за постапката која ја водат.

Според информации на Прес24, и Судскиот совет веќе изготвил извештај и за него ќе расправа на утрешната седница откако до нив со претставка се јави Макеоднски телеком.

Компанијата бараше судиите да утврдат нестручност и несовесност кај судиjка од скопска Апелација која ја преиначила пресудата на Граѓанскиот Суд и која и наложила на компанијата да плати 4 милиони евра штета на човек-фирма од Штип за спор кој трае повеќе од една деценија.

Македонски Телеком во претставката тврди дека врз судот имало недозволени влијанија, дека пресудата е донесена без факти и докази и дека во неа се наведуваат елементи кои воопшто не биле изведувани како докази во постапката и кои веруваат дека до судот се доставувани по поинакви канали на комуникација.

За случајот осамна и соопштение на веб страната на Апелациониот суд во кој се бранеше донесената пресуда за неколку часа подоцна судот да се огради од објавеното соопштение и да посочи дека тоа е личен став на судиите кои ја носеле пресудата.

The post ЈО отвори предмет по пријава од Александар Николоски за спорната пресуда за Телеком appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство отворило предмет и го распределило кај јавен обвинител од ОЈО Скопје по пријавата која до нив ја достави вицепремиерот Александар Николоски за спорната пресуда за Телеком. Од Oбвинителството потврдуваат, но велат дека во оваа фаза не можат да откријат повеќе детали за постапката која ја водат. Според информации на Прес24, и Судскиот совет веќе изготвил извештај и за него ќе расправа на утрешната седница откако до нив со претставка се јави Макеоднски телеком. Компанијата бараше судиите да утврдат нестручност и несовесност кај судиjка од скопска Апелација која ја преиначила пресудата на Граѓанскиот Суд и која и наложила на компанијата да плати 4 милиони евра штета на човек-фирма од Штип за спор кој трае повеќе од една деценија. Македонски Телеком во претставката тврди дека врз судот имало недозволени влијанија, дека пресудата е донесена без факти и докази и дека во неа се наведуваат елементи кои воопшто не биле изведувани како докази во постапката и кои веруваат дека до судот се доставувани по поинакви канали на комуникација. За случајот осамна и соопштение на веб страната на Апелациониот суд во кој се бранеше донесената пресуда за неколку часа подоцна судот да се огради од објавеното соопштение и да посочи дека тоа е личен став на судиите кои ја носеле пресудата.

The post ЈО отвори предмет по пријава од Александар Николоски за спорната пресуда за Телеком appeared first on Република.

]]>
Малчески: Треба да почнеме да прашуваме која била улогата на Ковачевски како директор на Телеком за време на прислушкувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/malcheski-treba-da-pochneme-da-prashuvame-koja-bila-ulogata-na-kovachevski-kako-direktor-na-telekom-za-vreme-na-prislushkuvaneto/ Wed, 18 Oct 2023 19:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=692622

Треба да почнеме да прашуваме која била улогата на Ковачевски како директор на Телеком за време на прислушкувањето. Дали Ковачевски директно бил вклучен во прислушкувањето? Клучното прашање е токму тоа, изјави универзитетскиот професор Самоил Малчески за „Само вистина“ на Канал 5.

Тој посочи дека клучниот предмет заврши за кој беше целата хистерија.

Зошто беше Шарената револуција, зошто одеа по улици, зошто беше цела таа хистерија? Тој предмет не само што е завршен ние ќе треба да ги платиме адвокатските трошоци, од данокот кој го плаќаме, истакна тој.

Малчески посочи дека оваа влада дојде со ветување дека ќе прави генерален реизбор на сите обвинители и судии во Македонија, на крај завршивме со судии и обвинители во нечие ново тефтерче.

Полни им беа устите, а на крај на денот Јовески е предлог на власта за уставен судија и го немаат повлечено. Смешно е кога ќе излезе Ковачевски дека судиите или обвинителите се криви. Со последниот конкурс за судии и обвинители еден куп скандали имаше со луѓе поврзани од власта. Проблемот е посложен. Не може политичка гарнитура на која устата и полна со ЕУ, да постапува спротивно од европските правила, изјави тој.

Малчески нагласи и дека ЕК и вика на власта дека законските измени ќе влијаат на голем дел случаи на корупција на високо ниво.

The post Малчески: Треба да почнеме да прашуваме која била улогата на Ковачевски како директор на Телеком за време на прислушкувањето appeared first on Република.

]]>

Треба да почнеме да прашуваме која била улогата на Ковачевски како директор на Телеком за време на прислушкувањето. Дали Ковачевски директно бил вклучен во прислушкувањето? Клучното прашање е токму тоа, изјави универзитетскиот професор Самоил Малчески за „Само вистина“ на Канал 5. Тој посочи дека клучниот предмет заврши за кој беше целата хистерија.
Зошто беше Шарената револуција, зошто одеа по улици, зошто беше цела таа хистерија? Тој предмет не само што е завршен ние ќе треба да ги платиме адвокатските трошоци, од данокот кој го плаќаме, истакна тој.
Малчески посочи дека оваа влада дојде со ветување дека ќе прави генерален реизбор на сите обвинители и судии во Македонија, на крај завршивме со судии и обвинители во нечие ново тефтерче.
Полни им беа устите, а на крај на денот Јовески е предлог на власта за уставен судија и го немаат повлечено. Смешно е кога ќе излезе Ковачевски дека судиите или обвинителите се криви. Со последниот конкурс за судии и обвинители еден куп скандали имаше со луѓе поврзани од власта. Проблемот е посложен. Не може политичка гарнитура на која устата и полна со ЕУ, да постапува спротивно од европските правила, изјави тој.
Малчески нагласи и дека ЕК и вика на власта дека законските измени ќе влијаат на голем дел случаи на корупција на високо ниво.  

The post Малчески: Треба да почнеме да прашуваме која била улогата на Ковачевски како директор на Телеком за време на прислушкувањето appeared first on Република.

]]>
Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Македонски Телеком во фамилијарна фирма- обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/soprugot-izvrshen-direktor-soprugata-menadher-kovachevski-go-pretvora-makedonski-telekom-vo-familijarna-firma-obvinuvaat-od-vmro-dpmne/ Mon, 18 Sep 2023 07:46:12 +0000 https://republika.mk/?p=682756

Македонски Телеком, фирма во која дел од сопственоста има и државата, стана дувло на непотизам. Димитар Ковачевски и СДС мислат само како да ги наградат и унапредат луѓето блиски до нив на грбот на граѓаните, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Љушев кој важи за близок до Димитар Ковачевски, како директор на Македонски Телеком, најпрвно си ја вработува својата сопруга, Наташа Љушева во 2020 година во Телеком, за сега да ја унапреди во главен менаџер за секторот дигитализација.

Сопругот Љушев извршен директор, сопругата Љушева во првите 10 менаџери во Телеком. Класичен непотизам.

Фамилијата Љушеви не беа задоволни со директорската плата од над 11 500 евра месечно, сега ќе си земат уште неколку илјади евра месечно на својата сметка од менаџерската функција на сопругата, додека граѓаните не можат да го поминат месецот ни со две просечни плати.

Овој случај не е единствен во Македонски Телеком. Сите блиски соработници од времето кога беше Ковачевски директор изминатите години си ги вработија своите сопруги.

Главниот директор за финансии, Славко Пројкоски си ја вработил својата сопруга Гордана Пројкоска, додека пак главниот комерцијален директор за приватни корисници Бранко Станчев, си ја вработил сопругата Драгана Станчева.

Ги повикуваме надлежните институции да ги проверат овие случаи и да покренат постапка – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Македонски Телеком во фамилијарна фирма- обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Македонски Телеком, фирма во која дел од сопственоста има и државата, стана дувло на непотизам. Димитар Ковачевски и СДС мислат само како да ги наградат и унапредат луѓето блиски до нив на грбот на граѓаните, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Никола Љушев кој важи за близок до Димитар Ковачевски, како директор на Македонски Телеком, најпрвно си ја вработува својата сопруга, Наташа Љушева во 2020 година во Телеком, за сега да ја унапреди во главен менаџер за секторот дигитализација. Сопругот Љушев извршен директор, сопругата Љушева во првите 10 менаџери во Телеком. Класичен непотизам. Фамилијата Љушеви не беа задоволни со директорската плата од над 11 500 евра месечно, сега ќе си земат уште неколку илјади евра месечно на својата сметка од менаџерската функција на сопругата, додека граѓаните не можат да го поминат месецот ни со две просечни плати. Овој случај не е единствен во Македонски Телеком. Сите блиски соработници од времето кога беше Ковачевски директор изминатите години си ги вработија своите сопруги. Главниот директор за финансии, Славко Пројкоски си ја вработил својата сопруга Гордана Пројкоска, додека пак главниот комерцијален директор за приватни корисници Бранко Станчев, си ја вработил сопругата Драгана Станчева. Ги повикуваме надлежните институции да ги проверат овие случаи и да покренат постапка – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Македонски Телеком во фамилијарна фирма- обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Oд изутрина цела Македонија има проблем со интернетот https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-izutrina-tsela-makedonija-ima-problem-so-internetot/ Thu, 17 Aug 2023 07:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=672872

Од утрово цела Македонија има проблем со интернет. Мрежата е слаба или пак воопшто го нема што создаде многу нервоза кај корисниците.Ова посебно се однесува за претплатниците на мрежата на Телеком.
Оттаму ни одговорија дека се работи за генерален проблем на сите услуги на ниво на Македонија и оти работат на отстранување на проблемот.

The post Oд изутрина цела Македонија има проблем со интернетот appeared first on Република.

Адвокатот Игор Милев, близок до Заев, ќе добива по 2500 евра месечно во одборот на Телеком https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/advokatot-igor-milev-blizok-do-zaev-ke-dobiva-po-2500-evra-vo-odborot-na-telekom/ Sun, 23 Jul 2023 19:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=664532

Новиот претставник на Владата во Одборотна директори на Македонски Телеком, Игор Милев, за извршувањето на функцијатапретседател на одборот од редот на неизврши членови, ќе добива месечен наместок од 2.500 евра, одлучи Собранието на компанијата.

„Собранието на Друштвото определува нов месечен надоместок на Претседателот на Одборот на директори во нето износ од155.000 денари.

Членови на Одборот на директори се и Садула Дураки, кој минатата година имал надоместок од 93.000 нето, како и Нина Ангеловска, со надоместок од 62.000 денари нето-износ, колку што добивале и Бардул Насуфи, Шкодране Дарлишта и Аќиф Медиу.

Милев доаѓа од Царината каде беше советник на генералниот директор.

Тој беше член на Државната изборна комисија по предлог на СДСМ, а беше и раководител на правната служба на акционерското друштво „Јака 80“ од Радовиш од каде потекнува. Во 2013 година, Милев беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Радовиш и изгуби. Милев е близок човек на поранешниот премиер Зоран Заев.

The post Адвокатот Игор Милев, близок до Заев, ќе добива по 2500 евра месечно во одборот на Телеком appeared first on Република.

]]>

Новиот претставник на Владата во Одборотна директори на Македонски Телеком, Игор Милев, за извршувањето на функцијатапретседател на одборот од редот на неизврши членови, ќе добива месечен наместок од 2.500 евра, одлучи Собранието на компанијата. „Собранието на Друштвото определува нов месечен надоместок на Претседателот на Одборот на директори во нето износ од155.000 денари. Членови на Одборот на директори се и Садула Дураки, кој минатата година имал надоместок од 93.000 нето, како и Нина Ангеловска, со надоместок од 62.000 денари нето-износ, колку што добивале и Бардул Насуфи, Шкодране Дарлишта и Аќиф Медиу. Милев доаѓа од Царината каде беше советник на генералниот директор. Тој беше член на Државната изборна комисија по предлог на СДСМ, а беше и раководител на правната служба на акционерското друштво „Јака 80“ од Радовиш од каде потекнува. Во 2013 година, Милев беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Радовиш и изгуби. Милев е близок човек на поранешниот премиер Зоран Заев.

The post Адвокатот Игор Милев, близок до Заев, ќе добива по 2500 евра месечно во одборот на Телеком appeared first on Република.

]]>
Советникот од Царина близок на Заев, Милев ќе зема 6.000 евра месечно од Македонски Телеком https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetnikot-od-tsarina-blizok-na-zaev-milev-ke-zema-6-000-evra-mesechno-od-makedonski-telekom/ Mon, 08 May 2023 15:39:16 +0000 https://republika.mk/?p=638467

Собранието ги констатираше оставките на Андреас Мајерхофер и Зоран Китанов од позицијата Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото со примена почнувајќи од 30 мај 2023 година, стои во Предлог Одлуката на Македонски Телеком АД Скопје објавена на Македонска берза.

Владата ги предложи Германката Данијела Брујиќ и aдвокатот Игор Милев.

Тој на позицијата во Телеком доаѓа откако на почетокот на годинава го напушти советничкото место на диркеторот на Царинска управа, каде што помина пет години и важеше за „директор во сека“. На позицијата дојде веднаш по формирањето на првата влада на Зоран Заев, на кој своевремено му беше и бранител. Тој е сопруг на апелациската судијка Тања Милева, член на СДСМ, градоначалник во обид на Радовиш, а бил и член и на Државната изборна комисија.

Милев ќе заработува надомест од 372.000 денари или околу 6.000 евра колку што заработуваше Зоран Китанов како неизвршен член на ОД.

Китанов, кој исто така е близок човек на Заев, на функцијата беше назначен во декември 2020 година, но сега најверојатно ќе се посвети на својата нова компанија за проектирање, изградба и одржување на фотоволтаични системи, „К-Пауер Дооел“.

The post Советникот од Царина близок на Заев, Милев ќе зема 6.000 евра месечно од Македонски Телеком appeared first on Република.

]]>

Собранието ги констатираше оставките на Андреас Мајерхофер и Зоран Китанов од позицијата Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото со примена почнувајќи од 30 мај 2023 година, стои во Предлог Одлуката на Македонски Телеком АД Скопје објавена на Македонска берза. Владата ги предложи Германката Данијела Брујиќ и aдвокатот Игор Милев. Тој на позицијата во Телеком доаѓа откако на почетокот на годинава го напушти советничкото место на диркеторот на Царинска управа, каде што помина пет години и важеше за „директор во сека“. На позицијата дојде веднаш по формирањето на првата влада на Зоран Заев, на кој своевремено му беше и бранител. Тој е сопруг на апелациската судијка Тања Милева, член на СДСМ, градоначалник во обид на Радовиш, а бил и член и на Државната изборна комисија. Милев ќе заработува надомест од 372.000 денари или околу 6.000 евра колку што заработуваше Зоран Китанов како неизвршен член на ОД. Китанов, кој исто така е близок човек на Заев, на функцијата беше назначен во декември 2020 година, но сега најверојатно ќе се посвети на својата нова компанија за проектирање, изградба и одржување на фотоволтаични системи, „К-Пауер Дооел“.

The post Советникот од Царина близок на Заев, Милев ќе зема 6.000 евра месечно од Македонски Телеком appeared first on Република.

]]>
Немарна грешка е што беше пуштена серија со бугарски превод, велат од „Телеком“ откако граѓани бесно реагираа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nemarna-greshka-e-shto-beshe-pushtena-serija-so-bugarski-prevod-velat-od-telekom-otkako-gragani-besno-reagiraa/ Fri, 03 Mar 2023 15:10:19 +0000 https://republika.mk/?p=615614

Изреволтирани граѓани кои го следеа каналот „Пикбокс“ преку мрежата на „Телеком“ вчера реагираа на социјалните мрежи дека серијата „Валандер“ беше пуштена со бугарски превод, без можност тој да се отстрани или промени.

https://republika.mk/tvitovi/sluchajno-blgarski-za-site-shto-gledaat-pikboks-vo-makedonija/

Од „Телеком“ велат дека веројатно станува збор за немарна грешка, за која сè уште се испитуваат причините.

Македонски Телеком врши реемитување на ТВ канали за кои има договори за соработка со радиодифузерите. Радиодифузерите се целосно одговорни за содржината на каналите, вклучително и нивната локализација на еден или повеќе јазици. Достапноста на одредени јазични верзии на превод за секој од каналите е исклучива одговорност на радиодифузерот. Македонски Телеком врши реемитување на каналите со или без одредени преводи согласно нивната достапност и законските одредби и регулативи во Македонија. Појавувањето на преводи на друг јазик, конкретно бугарски наместо македонски јазик на каналот Pick box е настанат најверојатно поради ненамерна грешка, за што сè уште се испитуваат причините. Веднаш откако беше увидена ваквата состојба, беше реагирано кај радиодифузерот и истиот го корегираше своето работење, велат во одговорот за „Република“.

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги објаснуваат дека употребата на титл кај странските сервиси е уредена со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно со член 64 став 2 во кој јасно е дефинирано дека „Доколку програмските сервиси што се реемитуваат преку јавни електронски комуникациски мрежи се титлуваат на јазик различен од јазикот на кој оригинално се произведени, мора да бидат титлувани на македонски јазик, или на јазикот на заедницата која не е во мнозинство, а го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, освен телешопингот и рекламите“.

Во конкретниот случај со „Пикбокс“, станува збор за програмски сервис за којшто дозвола за емитување издало хрватското регулаторно тело, што значи дека овој сервис, во контекст на погоре цитираниот член од ЗААВМУ може да се реемитува со титл на хрватски, македонски или на јазиците на заедницата која не е во мнозинство, а го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, но не и со бугарски титлови.

Агенцијата ќе ја следи состојбата со титлувањето на странските програмски сервиси кои се реемитуваат и писмено ќе се обрати до сите оператори на јавни електронски комуникациски мрежи и ќе им укаже дословно да ја почитуваат ваквата законска одредба, во спротивно ќе следат санкции од страна на регулаторното тело, велат од АВМУ.

The post Немарна грешка е што беше пуштена серија со бугарски превод, велат од „Телеком“ откако граѓани бесно реагираа appeared first on Република.

]]>

Изреволтирани граѓани кои го следеа каналот „Пикбокс“ преку мрежата на „Телеком“ вчера реагираа на социјалните мрежи дека серијата „Валандер“ беше пуштена со бугарски превод, без можност тој да се отстрани или промени. https://republika.mk/tvitovi/sluchajno-blgarski-za-site-shto-gledaat-pikboks-vo-makedonija/ Од „Телеком“ велат дека веројатно станува збор за немарна грешка, за која сè уште се испитуваат причините.
Македонски Телеком врши реемитување на ТВ канали за кои има договори за соработка со радиодифузерите. Радиодифузерите се целосно одговорни за содржината на каналите, вклучително и нивната локализација на еден или повеќе јазици. Достапноста на одредени јазични верзии на превод за секој од каналите е исклучива одговорност на радиодифузерот. Македонски Телеком врши реемитување на каналите со или без одредени преводи согласно нивната достапност и законските одредби и регулативи во Македонија. Појавувањето на преводи на друг јазик, конкретно бугарски наместо македонски јазик на каналот Pick box е настанат најверојатно поради ненамерна грешка, за што сè уште се испитуваат причините. Веднаш откако беше увидена ваквата состојба, беше реагирано кај радиодифузерот и истиот го корегираше своето работење, велат во одговорот за „Република“.
Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги објаснуваат дека употребата на титл кај странските сервиси е уредена со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно со член 64 став 2 во кој јасно е дефинирано дека „Доколку програмските сервиси што се реемитуваат преку јавни електронски комуникациски мрежи се титлуваат на јазик различен од јазикот на кој оригинално се произведени, мора да бидат титлувани на македонски јазик, или на јазикот на заедницата која не е во мнозинство, а го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, освен телешопингот и рекламите“. Во конкретниот случај со „Пикбокс“, станува збор за програмски сервис за којшто дозвола за емитување издало хрватското регулаторно тело, што значи дека овој сервис, во контекст на погоре цитираниот член од ЗААВМУ може да се реемитува со титл на хрватски, македонски или на јазиците на заедницата која не е во мнозинство, а го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, но не и со бугарски титлови.
Агенцијата ќе ја следи состојбата со титлувањето на странските програмски сервиси кои се реемитуваат и писмено ќе се обрати до сите оператори на јавни електронски комуникациски мрежи и ќе им укаже дословно да ја почитуваат ваквата законска одредба, во спротивно ќе следат санкции од страна на регулаторното тело, велат од АВМУ.

The post Немарна грешка е што беше пуштена серија со бугарски превод, велат од „Телеком“ откако граѓани бесно реагираа appeared first on Република.

]]>
Хајредини до премиерот: Се правиш или не знаеш за митото од по 2,5 милиони евра од Телеком за државни функционери? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hajredini-do-premierot-se-pravish-ili-ne-znaesh-za-mitoto-od-po-2-5-milioni-evra-od-telekom-za-drzavni-funkcioneri/ Sun, 04 Dec 2022 15:28:39 +0000 https://republika.mk/?p=581687

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини го прашува премиерот дали се прави, или не знае за митото од 2,5 милиони евра од Телеком за државни функционери – случај за кој судот во Њујорк ги казни директорите на Маѓар Телеком, а овдешниот суд чека делото да застари.

Се прави или не знае Ковачевски за митото од по 2,5 милиони евра што директорите на Телеком го исплатиле на нашите државни функционери? За ова дело судот во Њујорк директорите на Маѓар Телеком ги казнил, а во Македонија се чека делото да застари, иако Врховниот Суд, по нивна жалба, одлучи дека сведокот за овој предмет не клеветел, пишува Хајредини.

The post Хајредини до премиерот: Се правиш или не знаеш за митото од по 2,5 милиони евра од Телеком за државни функционери? appeared first on Република.

Томовски: Китанов од СДС како претседател на одборот на директори на Телеком за еден мандат зема 300.000 евра, јавноста го памети само по чочекот во тунелот кај Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tomovski-kitanov-od-sds-kako-pretsedatel-na-odborot-na-direktori-na-telekom-za-eden-mandat-zema-300-000-evra-javnosta-go-pameti-samo-po-chochekot-vo-tunelot-kaj-demir-kapija/ Sat, 19 Nov 2022 10:31:49 +0000 https://republika.mk/?p=575789

Аферата „Паразити“ метастазира во Телеком, каде државата има сопственост.

Илјадници евра месечно земаат функционерите во Телеком именувани од Владата. По Никола Љушев кој зема 560.000 евра за еден мандат, односно месечно 11.500 евра, одиме со анализа на останатите членови на Одборот на директори.

Зоран Китанов од Струмица, поранешен директор на ЈП Државни патишта во време на Заев, како претседател на Одборот на директори на Телеком именуван од Владата на СДС зема месечна плата од над 6.200 евра.

Китанов за еден мандат ќе наплати 300.000 евра.

Китанов беше еден од најблиските соработници на Заев и Ковачевски, како директор на ЈП Државни патишта нема направено ниту еден проект, а јавноста ќе го памети само по чочекот во тунелот на автопатот Демир Капија - Смоквица кој го изгради Владата на ВМРО-ДПМНЕ, додека Китанов само го изигра првиот чочек.

Исто како во Државни патишта, така и во Телеком, Китанов нема никаков придонес.

Зошто зема плата од 300.000 евра за еден мандат Китанов и кој е неговиот придонес за државата?

Kако заменик претседател на Одборот на директори е Садула Дураку од ДУИ. Дураку за еден месец зема 1.500 евра плата, што за една година е 18.000 евра. Тој за еден свој мандат ќе наплати речиси 80.000 евра.

Плата од 1.000 евра зема и Шкодране Дардишта од ДУИ која за еден мандат во Телеком, како неизвршен член на Одборот на директори ќе наплати безмалку 50.000 евра.

Дардишта е политичар од ДУИ која се закануваше со војна, и ги подгреваше тензиите во општеството пред нецела година.

На линија на паразитите од Телеком е и Васко Ковачевски од ЕЛЕМ и Орхан Муртезани од МЕПСО кои месечно земаат и по 1.700 евра, односно за една година над 20.000 евра, што за еден мандат се 80.000 евра.

Ова се функционери, од кои јавноста не видела никаков бенефит. Тие се паразитите во ова општество.

Во најтешка економска криза земаат илјадници евра плата, а нивниот придонес за државата е нула.

https://www.youtube.com/watch?v=Y2j9lgh_bPY

The post Томовски: Китанов од СДС како претседател на одборот на директори на Телеком за еден мандат зема 300.000 евра, јавноста го памети само по чочекот во тунелот кај Демир Капија appeared first on Република.

]]>

Аферата „Паразити“ метастазира во Телеком, каде државата има сопственост. Илјадници евра месечно земаат функционерите во Телеком именувани од Владата. По Никола Љушев кој зема 560.000 евра за еден мандат, односно месечно 11.500 евра, одиме со анализа на останатите членови на Одборот на директори. Зоран Китанов од Струмица, поранешен директор на ЈП Државни патишта во време на Заев, како претседател на Одборот на директори на Телеком именуван од Владата на СДС зема месечна плата од над 6.200 евра. Китанов за еден мандат ќе наплати 300.000 евра. Китанов беше еден од најблиските соработници на Заев и Ковачевски, како директор на ЈП Државни патишта нема направено ниту еден проект, а јавноста ќе го памети само по чочекот во тунелот на автопатот Демир Капија - Смоквица кој го изгради Владата на ВМРО-ДПМНЕ, додека Китанов само го изигра првиот чочек. Исто како во Државни патишта, така и во Телеком, Китанов нема никаков придонес. Зошто зема плата од 300.000 евра за еден мандат Китанов и кој е неговиот придонес за државата? Kако заменик претседател на Одборот на директори е Садула Дураку од ДУИ. Дураку за еден месец зема 1.500 евра плата, што за една година е 18.000 евра. Тој за еден свој мандат ќе наплати речиси 80.000 евра. Плата од 1.000 евра зема и Шкодране Дардишта од ДУИ која за еден мандат во Телеком, како неизвршен член на Одборот на директори ќе наплати безмалку 50.000 евра. Дардишта е политичар од ДУИ која се закануваше со војна, и ги подгреваше тензиите во општеството пред нецела година. На линија на паразитите од Телеком е и Васко Ковачевски од ЕЛЕМ и Орхан Муртезани од МЕПСО кои месечно земаат и по 1.700 евра, односно за една година над 20.000 евра, што за еден мандат се 80.000 евра. Ова се функционери, од кои јавноста не видела никаков бенефит. Тие се паразитите во ова општество. Во најтешка економска криза земаат илјадници евра плата, а нивниот придонес за државата е нула. https://www.youtube.com/watch?v=Y2j9lgh_bPY

The post Томовски: Китанов од СДС како претседател на одборот на директори на Телеком за еден мандат зема 300.000 евра, јавноста го памети само по чочекот во тунелот кај Демир Капија appeared first on Република.

]]>
Ако директорот на Телеком Љушев зема плата од над 700 илјади денари месечно, колку земал Ковачевски како десетгодишен директор во Телеком? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-direktorot-na-telekom-ljushev-zema-plata-od-nad-700-iljadi-denari-mesechno-kolku-zemal-kovachevski-kako-desetgodishen-direktor-vo-telekom/ Sat, 19 Nov 2022 09:58:00 +0000 https://republika.mk/?p=575775

Ако директорот на Телеком Љушев зема плата од над 700 илјади денари месечно, колку земал Ковачевски како десетгодишен директор во Телеком?

Функционерите на власта, па и Ковачевски се паразити кои ги цицаат парите на граѓаните.

Додека граѓаните и со две минимални плати не можат да го прехранат своето семејство, луѓето на Ковачевски земаат енормни плати без притоа никој да не знае и што работат.

Еден од паразитите на власта е и Фестим Халили, пак, од позиција директор на ФИТР зема 1.000 евра месечно и скоро 50 илјади за мандат, за нешто за кое граѓаните немаат апсолутно никаква корист.

Уште еден пример за неразумна плата е и Миѓен Селмани член на Управен одбор и директор во М-НАВ кој зема 3000 евра месечно или 144 илјади за мандат.

Тука е и Кире Наумов од СДС, директор на Македонска банка за обнова и развој, е уште еден во низата функционери дел од аферата Паразити. Наумов,  кој беше допопнителен заменик министер за финансии на СДС, денес месечно зема над 2.500 евра плата, за една година тој наплаќа над 30.000 евра, а за еден мандат дури 120.000 евра. Значи додека владата им зема оброк на студентите, Наумов заработува на грбот на државата 2.500 евра секој месец.

Додека пак директорот на АЕК, Јетон Акику, зема плата од 132.000 денари, поточно над 2.000 евра месечно или за една година околу 30.000 евра.

Уште еден во низата функционери со високи плати, е и Славко Пројковски, финансиски директор во Телеком, каде сопственост има и државата, е со плата од над 6.000 евра месечно. Тој, за една година зема 72.000 евра, а за еден мандат од 4 години дури 288.000 евра.

Тоа е исто, како директорот на Телеком Љушев, кој за само еден месец зема 11.500 евра, тоа за една година се над 138.000 евра, додека за еден четири годишен мандат над 552.000 евра.

Но исто така и Ковачевски го граба народот. Имено, соларниот картел почнува со доаѓањето на СДС на власт, од тогаш до денес бизнисот е тежок 26 милиони евра.

Дезертерот Ковачевски ја основа „Пиксел Груп“ 5 месеци по доаѓањето на СДС на власт.

„Пиксел Груп“ е централната фирма во аферата „Броило“, и таа сега е содружник со бугарска фирма, со која заедно градат фабрика во Тетово од 54 милиони евра.

„Пиксел Груп“, основана од Ковачевски добивала и државна помош, и тоа во време кога тој е и заменик министер, но и мандатар за состав на влада.

Функционерите на СДС наместо да работат за граѓаните, тие се грижат колку повеќе да грабнат пари и да склучат договори во четири очи.

The post Ако директорот на Телеком Љушев зема плата од над 700 илјади денари месечно, колку земал Ковачевски како десетгодишен директор во Телеком? appeared first on Република.

]]>

Ако директорот на Телеком Љушев зема плата од над 700 илјади денари месечно, колку земал Ковачевски како десетгодишен директор во Телеком? Функционерите на власта, па и Ковачевски се паразити кои ги цицаат парите на граѓаните. Додека граѓаните и со две минимални плати не можат да го прехранат своето семејство, луѓето на Ковачевски земаат енормни плати без притоа никој да не знае и што работат. Еден од паразитите на власта е и Фестим Халили, пак, од позиција директор на ФИТР зема 1.000 евра месечно и скоро 50 илјади за мандат, за нешто за кое граѓаните немаат апсолутно никаква корист. Уште еден пример за неразумна плата е и Миѓен Селмани член на Управен одбор и директор во М-НАВ кој зема 3000 евра месечно или 144 илјади за мандат. Тука е и Кире Наумов од СДС, директор на Македонска банка за обнова и развој, е уште еден во низата функционери дел од аферата Паразити. Наумов,  кој беше допопнителен заменик министер за финансии на СДС, денес месечно зема над 2.500 евра плата, за една година тој наплаќа над 30.000 евра, а за еден мандат дури 120.000 евра. Значи додека владата им зема оброк на студентите, Наумов заработува на грбот на државата 2.500 евра секој месец. Додека пак директорот на АЕК, Јетон Акику, зема плата од 132.000 денари, поточно над 2.000 евра месечно или за една година околу 30.000 евра. Уште еден во низата функционери со високи плати, е и Славко Пројковски, финансиски директор во Телеком, каде сопственост има и државата, е со плата од над 6.000 евра месечно. Тој, за една година зема 72.000 евра, а за еден мандат од 4 години дури 288.000 евра. Тоа е исто, како директорот на Телеком Љушев, кој за само еден месец зема 11.500 евра, тоа за една година се над 138.000 евра, додека за еден четири годишен мандат над 552.000 евра. Но исто така и Ковачевски го граба народот. Имено, соларниот картел почнува со доаѓањето на СДС на власт, од тогаш до денес бизнисот е тежок 26 милиони евра. Дезертерот Ковачевски ја основа „Пиксел Груп“ 5 месеци по доаѓањето на СДС на власт. „Пиксел Груп“ е централната фирма во аферата „Броило“, и таа сега е содружник со бугарска фирма, со која заедно градат фабрика во Тетово од 54 милиони евра. „Пиксел Груп“, основана од Ковачевски добивала и државна помош, и тоа во време кога тој е и заменик министер, но и мандатар за состав на влада. Функционерите на СДС наместо да работат за граѓаните, тие се грижат колку повеќе да грабнат пари и да склучат договори во четири очи.

The post Ако директорот на Телеком Љушев зема плата од над 700 илјади денари месечно, колку земал Ковачевски како десетгодишен директор во Телеком? appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Соопштението на Телеком не е соодветно објаснување за платите тешки неколку илјади евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-soopshtenieto-na-telekom-ne-e-soodvetno-objasnuvanje-za-platite-teshki-nekolku-iljadi-evra/ Thu, 17 Nov 2022 18:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=575077

Партизираност на институцијата, треба да одговорат дали истото соопштение го пишувале Нина Ангеловска поранешна министерка за финансии од владата на Заев, во време кога Ковачевски и беше заменик, а сега член на одборот на директори на Телеком. Или пак тоа е пишувано од Зоран Китанов кој исто е член на одборот на директори на Телеком, а поранешен директор на Агенцијата за патишта. Или пак од Шкодране Дардишта која исто е член на одборот на директори на Телеком, а како кадар на ДУИ беше 12 годишен директор на службите на државна клиника и позната по заканите за етничка војна во државава. Или пак истото соопштение го пишувал Садула Дураку како сегашен член на одборот на директори на Телеком, а поранешен министер на ДУИ за животна средина.

Ваквите автоголови на партизираното раководство на Телеком не се соодветно објаснување за аферата „Паразити” и платите тешки неколку илјади евра кои ги земаат членовите на раководството на Телеком како што е Никола Љушев, туку тежок блам за компанијата и владата на СДС.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Соопштението на Телеком не е соодветно објаснување за платите тешки неколку илјади евра appeared first on Република.

Телеком за аферата „Паразити“: Не сме државна институција, туку дел од Дојче телеком https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/telekom-za-aferata-paraziti-ne-sme-drzavna-institucija-tuku-del-od-dojche-telekom/ Thu, 17 Nov 2022 18:05:13 +0000 https://republika.mk/?p=575101

Македонски Телеком денеска реагира на наводите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ околу аферата „Паразити“ во која се изнесуваат плати на директори и ги отфрла како обид јавноста да се доведе во заблуда. Пред сѐ, затоа што Телеком не е државна институција, ниту директорите таму ги назначува Владата, туку е дел од Дојче телеком, соопштија од компанијата.

Ова е соопштението на Македонски Телеком:

Македонски Телеком не е јавно претпријатие, ниту државна институција, туку една од најуспешните компании со странски капитал во земјава, која уште од 2001 година е дел од интернационалната групација Дојче телеком. Компанијата, повеќе од 20 години функционира во конкурентно опкружување со други интернационални брендови.

Позициите главен извршен директор, на која е Никола Љушев и главен директор за финансии на која е Славко Пројкоски не се позиции на јавни службеници назначени од Владата, туку високи деловни функции кои носат одговорност за целокупното работење на компанијата. Овие позиции подразбираат поседување на соодветно искуство, докажана експертиза и преземање деловни активности за постигнување резултати согласно плановите и стандардите на Дојче телеком групацијата.

The post Телеком за аферата „Паразити“: Не сме државна институција, туку дел од Дојче телеком appeared first on Република.

]]>

Македонски Телеком денеска реагира на наводите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ околу аферата „Паразити“ во која се изнесуваат плати на директори и ги отфрла како обид јавноста да се доведе во заблуда. Пред сѐ, затоа што Телеком не е државна институција, ниту директорите таму ги назначува Владата, туку е дел од Дојче телеком, соопштија од компанијата. Ова е соопштението на Македонски Телеком:
Македонски Телеком не е јавно претпријатие, ниту државна институција, туку една од најуспешните компании со странски капитал во земјава, која уште од 2001 година е дел од интернационалната групација Дојче телеком. Компанијата, повеќе од 20 години функционира во конкурентно опкружување со други интернационални брендови. Позициите главен извршен директор, на која е Никола Љушев и главен директор за финансии на која е Славко Пројкоски не се позиции на јавни службеници назначени од Владата, туку високи деловни функции кои носат одговорност за целокупното работење на компанијата. Овие позиции подразбираат поседување на соодветно искуство, докажана експертиза и преземање деловни активности за постигнување резултати согласно плановите и стандардите на Дојче телеком групацијата.

The post Телеком за аферата „Паразити“: Не сме државна институција, туку дел од Дојче телеком appeared first on Република.

]]>
На Телеком му дојде до долгови од 20, 50 и 100 денари за еден ден доцнење: Цел ден ми вртат од кол центарот, па уште и дрски! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/na-telekom-mu-dojde-do-dolgovi-od-20-50-i-100-denari-za-eden-den-docnenje-cel-den-mi-vrtat-od-kol-centarot-pa-ushte-i-drski/ Wed, 21 Sep 2022 17:18:50 +0000 https://republika.mk/?p=552966

Корисници на услугите на Телеком денеска биле сардисани од оператори на кол центарот кои ги известувале до утре да го подмират долгот од еден ден. Читателите кои се пожалија во Република се сложија дека операторите биле дрски, а ѕвонеле и по неколку пати во денот.

Цел ден ми вртат од кол центарот, па уште и дрско се оснесуваат, без да се претстави операторот. Имате долг од 126 денари, да го платите до утре, ми вели дрско, сведочи наш читател.

Не ти кажувам, ми рече кога прашав кој се јавува и дали може да ме поврзе со одговорни во кол центарот за да се разбереме, додава изреволтиран читателот на Република, кој се јави во нашата редакција за да се пожали од односот на Телеком.

Нашиот читател вели дека е корисник на услугите во фиксната и мобилната телефонија, но и на интернет услугите на компанијата 25 години, од самиот почеток на мобилната телефонија во Македонија.

Сум одел на одмор, па сум закажувал да се реализираат плаќањата за да не задоцнам. Сите телефони дома, во фирмата, интернетот дома и на работа, телефоните и интернетот кај родителите - се е на Телеком и никогаш не сум задоцнил со плаќање ни минута. Сметката за која ми се јавија е интернет од викендичка. Почнав таа услуга да ја користам од пролетта, но бидејќи не го користиме тој интернет често, а паушалот е 99 денари, колку што е и провизијата во банка. Плаќам за неколку месеци одеднаш. Но, тоа можат да го видат. По толку години користење исклучиво на нивните услуги и јас научив кои се податоци им се достапни со внесувањето на мојот број, вели корисникот на услугите на Телеком.

Друг читател имал слично искуство. Вели, секако ќе ми пресметаат камата.

Можат да ме исклучат, каматата нема да ми ја простат. И се случувало да задоцнам, но досега не се јавиле на 21. во месецот за да ми наредат да си го платам долгот од еден ден. Замислете, на 21. ми се јавуваат да го платам до утре! На Телеком ли му дојде до долговите од 20, 50 и 100 денари, прашува читателот, чијшто долг бил помал од 100 денари.

Македонски Телеком е една од малкуте компании кои остваруваат неколку десетици милиони евра профит годишно и покрај ковид кризата и енергетската криза. Телеком оствари позитивни резултати во 2020 и 2021 година. Приходите од продажба во 2020 година се зголемени за 2,3 отсто и изнесуваат 11,085 милиони денари, односно 200 илјади евра.

Во првата половина од 2022 година, пак, приходите од продажбата на компанијата се зголемени за 8,9 отсто во споредба со претходната година и изнесуваат 100 милиони евра.

The post На Телеком му дојде до долгови од 20, 50 и 100 денари за еден ден доцнење: Цел ден ми вртат од кол центарот, па уште и дрски! appeared first on Република.

]]>

Корисници на услугите на Телеком денеска биле сардисани од оператори на кол центарот кои ги известувале до утре да го подмират долгот од еден ден. Читателите кои се пожалија во Република се сложија дека операторите биле дрски, а ѕвонеле и по неколку пати во денот.
Цел ден ми вртат од кол центарот, па уште и дрско се оснесуваат, без да се претстави операторот. Имате долг од 126 денари, да го платите до утре, ми вели дрско, сведочи наш читател. Не ти кажувам, ми рече кога прашав кој се јавува и дали може да ме поврзе со одговорни во кол центарот за да се разбереме, додава изреволтиран читателот на Република, кој се јави во нашата редакција за да се пожали од односот на Телеком.
Нашиот читател вели дека е корисник на услугите во фиксната и мобилната телефонија, но и на интернет услугите на компанијата 25 години, од самиот почеток на мобилната телефонија во Македонија.
Сум одел на одмор, па сум закажувал да се реализираат плаќањата за да не задоцнам. Сите телефони дома, во фирмата, интернетот дома и на работа, телефоните и интернетот кај родителите - се е на Телеком и никогаш не сум задоцнил со плаќање ни минута. Сметката за која ми се јавија е интернет од викендичка. Почнав таа услуга да ја користам од пролетта, но бидејќи не го користиме тој интернет често, а паушалот е 99 денари, колку што е и провизијата во банка. Плаќам за неколку месеци одеднаш. Но, тоа можат да го видат. По толку години користење исклучиво на нивните услуги и јас научив кои се податоци им се достапни со внесувањето на мојот број, вели корисникот на услугите на Телеком.
Друг читател имал слично искуство. Вели, секако ќе ми пресметаат камата.
Можат да ме исклучат, каматата нема да ми ја простат. И се случувало да задоцнам, но досега не се јавиле на 21. во месецот за да ми наредат да си го платам долгот од еден ден. Замислете, на 21. ми се јавуваат да го платам до утре! На Телеком ли му дојде до долговите од 20, 50 и 100 денари, прашува читателот, чијшто долг бил помал од 100 денари.
Македонски Телеком е една од малкуте компании кои остваруваат неколку десетици милиони евра профит годишно и покрај ковид кризата и енергетската криза. Телеком оствари позитивни резултати во 2020 и 2021 година. Приходите од продажба во 2020 година се зголемени за 2,3 отсто и изнесуваат 11,085 милиони денари, односно 200 илјади евра. Во првата половина од 2022 година, пак, приходите од продажбата на компанијата се зголемени за 8,9 отсто во споредба со претходната година и изнесуваат 100 милиони евра.  

The post На Телеком му дојде до долгови од 20, 50 и 100 денари за еден ден доцнење: Цел ден ми вртат од кол центарот, па уште и дрски! appeared first on Република.

]]>
Недостапни се: Корисници на мобилната телефонија на Телеком со денови имаат проблеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nedostapni-se-korisnici-na-mobilnata-telefonija-na-telekom-so-denovi-imaat-problemi/ Tue, 12 Apr 2022 08:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=487163

Им ѕвонат, но недостапни се. Корисници на мобилната телефонија на Македонски телеком со денови се соочуваат со проблеми.

Пријатели ми велат, со денови ти ѕвониме, но не можеме да те добиеме. Или ѕвони до крај или се уклучува мејли - се жалат многу граѓани, на кои овие денови им се делумно ускратени услугите на мобилната телефонија на Телеком.

Оттаму за „Република“, тврдат дека проблемот е краткотраен и набрзо ќе биде надминат.

Во текот на месец  април, Македонски Телеком интензивно работи на надградба на мобилната мрежа со опрема од најнова технологија, со која значително ќе се зголеми капацитетот на мрежата. За таа цел, на терен се врши замена на опремата со нова, во градот и околината на Скопје, при што може да се појават повремени прекини или намалување на квалитетот на сервисите кај мал дел од корисниците. Работата на терен се врши етапно, по реони, за што сите корисници претходно се информираат (преку СМС пораки), како и Агенцијата за електронски комуникации. Се надеваме на разбирање, имајќи предвид дека се работи за надградби на мрежата за подобро корисничко искуство - велат од компанијата.

The post Недостапни се: Корисници на мобилната телефонија на Телеком со денови имаат проблеми appeared first on Република.