телеграма Влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/telegrama-vlada/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Sep 2022 09:42:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png телеграма Влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/telegrama-vlada/ 32 32 Kуп грешки во телеграмата со сочувство по повод смртта на Елизабета Втора која ја испрати Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kup-greshki-vo-telegramata-so-sochuvstvo-po-povod-smrtta-na-elizabeta-vtora-koja-ja-isprati-vladata/ Fri, 09 Sep 2022 21:47:34 +0000 https://republika.mk/?p=549290

На Фејсбук профилот „Академија за протокол“, објавен е статус кој се однесува на телеграмата за сочувство по повод смртта на Елизабета Втора која ја испрати владата.

Во врска со телеграмата за сочувство испратена од нашата влада по повод смртта на Елизабета Втора, само ќе порачам до владиниот протокол дека кралица/крал се ословуваат со величество, а не височество.

 

Околу стилот на телеграмата, светлите факели, планетарните освестувања и трезвените моменти, и сето тоа нелекторирано, оставам секој сам, почитувани пријатели, да процени.

 

Се надевам дека барем верзијата на англиски јазик е подобра, стои во објавата.

Кралицата Елизабета II беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот, напиша меѓу другото Владата во соопштението.

Во продолжение ви го пренесуваме владиното соопштение во целост:

Во името на граѓаните и Владата на Република Македонија оддаваме почит и длабоко сочувство до Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиниот народ по повод смртта на нејзиното величество Кралицата Елизабета II.

Кралицата Елизабета II беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот.

Истовремено во овие трезвени моменти даваме почит и поддршка за нашиот долгогодишен пријател, Кралот Чарлс III, заедно со новата Влада предводена од нејзината екселенција Лиз Трус, со надеж за понатамошна уште поинтензивна соработка помеѓу нашите пријателски народи, наведено е во соопштението.

The post Kуп грешки во телеграмата со сочувство по повод смртта на Елизабета Втора која ја испрати Владата appeared first on Република.

]]>

На Фејсбук профилот „Академија за протокол“, објавен е статус кој се однесува на телеграмата за сочувство по повод смртта на Елизабета Втора која ја испрати владата.
Во врска со телеграмата за сочувство испратена од нашата влада по повод смртта на Елизабета Втора, само ќе порачам до владиниот протокол дека кралица/крал се ословуваат со величество, а не височество.   Околу стилот на телеграмата, светлите факели, планетарните освестувања и трезвените моменти, и сето тоа нелекторирано, оставам секој сам, почитувани пријатели, да процени.   Се надевам дека барем верзијата на англиски јазик е подобра, стои во објавата.

Кралицата Елизабета II беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот, напиша меѓу другото Владата во соопштението.

Во продолжение ви го пренесуваме владиното соопштение во целост:
Во името на граѓаните и Владата на Република Македонија оддаваме почит и длабоко сочувство до Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиниот народ по повод смртта на нејзиното величество Кралицата Елизабета II. Кралицата Елизабета II беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот. Истовремено во овие трезвени моменти даваме почит и поддршка за нашиот долгогодишен пријател, Кралот Чарлс III, заедно со новата Влада предводена од нејзината екселенција Лиз Трус, со надеж за понатамошна уште поинтензивна соработка помеѓу нашите пријателски народи, наведено е во соопштението.

The post Kуп грешки во телеграмата со сочувство по повод смртта на Елизабета Втора која ја испрати Владата appeared first on Република.

]]>