телеграма со сочувство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/telegrama-so-sochuvstvo/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Mar 2024 16:43:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png телеграма со сочувство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/telegrama-so-sochuvstvo/ 32 32 Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан испрати телеграма со сочувство до рускиот патријарх г.г. Кирил https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arhiepiskopot-na-mpts-oa-g-g-stefan-isprati-telegrama-so-sochuvstvo-do-ruskiot-patrijarh-g-g-kiril/ Sun, 24 Mar 2024 16:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=758225

Архиепископот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија г. г. Стефан испрати телеграма со сочувство до неговата светост, патријархот Московски и на цела Русија, г.г. Кирил за загинатите во терористички напад во концертната сала „Крокус сити холл“ во близина на Москва.

Ваша светост, Длабоко сме нажалени од веста за грозоморниот терористички напад во концертната сала „Крокус сити холл“ во близина на Москва каде животот го загубија многу невини луѓе помеѓу кои и деца. Сострадувајќи со болката на семејствата на постраданите, од Свое, како и од името на клирот и на верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, искажуваме најискрено сочувство, молејќи се за спасение на душите на починатите, а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување, се посочува во телеграмата.

Вооружени напаѓачи во петокот вечерта влегоа во концертната сала во Красногорск, кај Москва, и почнале да пукаат кон посетителите, а потоа фрлиле запаливи средства, што предизвикало пожар.

Бројот на жртвите од масовното пукање во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва достигна 137, а меѓу нив има и три деца, соопштија руските денеска власти.

The post Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан испрати телеграма со сочувство до рускиот патријарх г.г. Кирил appeared first on Република.

]]>

Архиепископот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија г. г. Стефан испрати телеграма со сочувство до неговата светост, патријархот Московски и на цела Русија, г.г. Кирил за загинатите во терористички напад во концертната сала „Крокус сити холл“ во близина на Москва.
Ваша светост, Длабоко сме нажалени од веста за грозоморниот терористички напад во концертната сала „Крокус сити холл“ во близина на Москва каде животот го загубија многу невини луѓе помеѓу кои и деца. Сострадувајќи со болката на семејствата на постраданите, од Свое, како и од името на клирот и на верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, искажуваме најискрено сочувство, молејќи се за спасение на душите на починатите, а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување, се посочува во телеграмата.
Вооружени напаѓачи во петокот вечерта влегоа во концертната сала во Красногорск, кај Москва, и почнале да пукаат кон посетителите, а потоа фрлиле запаливи средства, што предизвикало пожар. Бројот на жртвите од масовното пукање во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва достигна 137, а меѓу нив има и три деца, соопштија руските денеска власти.

The post Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан испрати телеграма со сочувство до рускиот патријарх г.г. Кирил appeared first on Република.

]]>
Советот на Амбасадори изразува сочувство до семејството на Рамадан Назифи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetot-na-ambasadori-izrazuva-sochuvstvo-do-semejstvoto-na-ramadan-nazifi/ Sat, 03 Sep 2022 14:46:10 +0000 https://republika.mk/?p=547115

Советот на Амбасадори на Република Македонија изразува сочувство до семејството на Рамадан Назифи.

Назифи, беше амбасадор на Македонија во Берлин од 2019 година.

– Советот на Амбасадори со голема болка и тага ја прими веста за прераната смрт на нашиот поранешен колега досегашниот амбасадор на Република Македонија во Германија Рамадан Назифи, со кого неколку години тесно сме соработувале и сме ги споделиле искуствата во развојот на дипломатската пракса и афирмација на земјата во меѓународни рамки, се вели во телеграмата со сочувство од Советот на Амбасадори.

По овој тажен повод, се вели во телеграмата со сочувство, Советот на Амбасадори на неговото блиско семејство, на неговите колеги со кои тој соработувал како раководител во дипломатската служба и потоа амбасадор им упатуваме искрени сочуства.

The post Советот на Амбасадори изразува сочувство до семејството на Рамадан Назифи appeared first on Република.

]]>

Советот на Амбасадори на Република Македонија изразува сочувство до семејството на Рамадан Назифи. Назифи, беше амбасадор на Македонија во Берлин од 2019 година.
– Советот на Амбасадори со голема болка и тага ја прими веста за прераната смрт на нашиот поранешен колега досегашниот амбасадор на Република Македонија во Германија Рамадан Назифи, со кого неколку години тесно сме соработувале и сме ги споделиле искуствата во развојот на дипломатската пракса и афирмација на земјата во меѓународни рамки, се вели во телеграмата со сочувство од Советот на Амбасадори.
По овој тажен повод, се вели во телеграмата со сочувство, Советот на Амбасадори на неговото блиско семејство, на неговите колеги со кои тој соработувал како раководител во дипломатската служба и потоа амбасадор им упатуваме искрени сочуства.

The post Советот на Амбасадори изразува сочувство до семејството на Рамадан Назифи appeared first on Република.

]]>
Претседателот на ФИФА испрати телеграма со сочувство за смртта на Кирил Дојчиновски https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pretsedatelot-na-fifa-isprati-telegrama-so-sochuvstvo-za-smrtta-na-kiril-dojchinovski/ Fri, 12 Aug 2022 10:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=539528

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, упати телеграма со сочувство за смртта на еден од најголемите македонски фудбалери во нашата историја, големиот Кирил Дојчиновски.

Во телеграмата до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и целото македонско фудбалско семејство, првиот човек на светскиот фудбал изразува длабоко сочувство до семејството, истакнувајќи дека Кирил Дојчиновски е вистинска легенда на југословенскиот фудбал и еден од најголемите во неговата генерација.

Ќе ни недостасува неговата фудбалска големина, лидерството, но уште повеќе човечката и хуманата величина на Кирил Дојчиновски, напиша меѓу другото Инфантино.

Дојчиновски почина на 78-годишна возраст, а тој ќе остане запаметен и како прв Македонец кој заиграл на Светско првенство, во 1974 година.

The post Претседателот на ФИФА испрати телеграма со сочувство за смртта на Кирил Дојчиновски appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, упати телеграма со сочувство за смртта на еден од најголемите македонски фудбалери во нашата историја, големиот Кирил Дојчиновски. Во телеграмата до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и целото македонско фудбалско семејство, првиот човек на светскиот фудбал изразува длабоко сочувство до семејството, истакнувајќи дека Кирил Дојчиновски е вистинска легенда на југословенскиот фудбал и еден од најголемите во неговата генерација.