телефонски разговоро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/telefonski-razgovoro/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 16:21:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png телефонски разговоро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/telefonski-razgovoro/ 32 32 Телефонски разговор Сиљановска Давкова- Вучиќ: Благодарност за укажаната помош за пожарите и подготвеност заеднички да го посетат Св. Прохор Пчински по повод 80. години од одржувањето на првото заседание на АСНОМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/telefonski-razgovor-silanovska-davkova-vuchik-blagodarnost-za-ukazhanata-pomosh-za-pozharite-i-podgotvenost-zaednichki-da-go-posetat-sv-prohor-pchinski-po-povod-80-godini-od-odrzhuvaneto-na-prvoto-z/ Tue, 23 Jul 2024 16:21:14 +0000 https://republika.mk/?p=799625

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова попладнево оствари телефонски разговор со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.

Во разговорот беа потврдени одличните билатерални односи и беше истакната подготвеност за натамошно унапредување на македонско - српското пријателство, за конкретизирање на соработката во повеќе области и јакнење на меѓусебната поддршка во однос на европските перспективи и процесите на евроинтеграција на двете земји.

Во пресрет на државниот празник 2 Август – Илинден, а во духот на добрососедските односи и заложбите за продлабочување на пријателските врски меѓу двата народи, претседателката Сиљановска Давкова и претседателот Вучиќ, изразија подготвеност заеднички да го посетат манастирот Св. Прохор Пчински и да ја одбележат 80. годишнината од одржувањето на првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).

Во разговорот, претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност до претседателот Вучиќ за укажаната помош во справување со актуелните шумски пожари во земјава и ја потенцираше неопходноста и важноста од засилена регионална соработка во справување со природните катастрофи.

The post Телефонски разговор Сиљановска Давкова- Вучиќ: Благодарност за укажаната помош за пожарите и подготвеност заеднички да го посетат Св. Прохор Пчински по повод 80. години од одржувањето на првото заседание на АСНОМ appeared first on Република.

]]>